![]() |
![]() |
![]() |
Нова фасада и ограда на објектот на Владата |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 64> |
Author | ||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
не ми е јасно зошто, секогаш кога ќе се постават вистинските проблеми за кои треба да се дискутира, дозволувате темата се оддалечува во дискусии за стилови, општества, филозофии во празно кои не соодветствуваат на природата на форумов и најлошо, препукувања во празно?
„Објектот е македонско архитектонско-градежно наследство, толку е едноставно, се работи за елементарна етика дека истото треба да се сочува и да се негува а не со истото да се постапува како со статуите на буда, само затоа што на некој не му се допаѓа или зошто нема капацитет да го разбере.“ единствено нешто разумно што го прочитав во последниве десет страни е ова, и не знам зошто е толку тешко да се разбере нешто толку едноставно |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
воопшто не е точно ни тоа дека стиловите кои се појавуваат во 20-ти век не се поминати како културно наследство и дека не се прифатени, ниту пак некој има проблем со нив... и ова можам да ти го демантирам со примери од разни региони историската дистанца е најмал проблем, може и објект кој е изграден вчера да биде прогласен како заштитен, бидејќи постои вредност во разни негови сфери, меѓу кои и инжињерингот на објектот, неговата намена, содржина и значење за културата на регионот покрај се, и сам напоменуваш каде е најголемиот проблем кај нас околу вреднувањето на архитектурата, поради тоа што некој го дезинформирал народот и проширил одредена пропаганда, денес по дифолт се плукаат објекти кои треба да се почитуваат, а се плаче по објекти кои имаат само историска вредност и ништо друго, и што е најтрагично, никој не знае ни кога и од кого се изградени објектите, во кој стил и кои се нивните иновации и придонеси за културата и функционирањето на општеството и сето тоа само поради тоа што некој или раскажувал погрешна приказна, или пак воопшто не се потрудил да раскаже приказна на фактички архитектонски неписмен народ инаку, народот никогаш не одлучувал дали да влезе некој објект во културно насаледство и да ли да се вреднува, туку за тоа си постои соодветно образован кадар и разни прописи со кои сеуште не сум запознаен (се разбира, на широко, од кога постои такво нешто е манипулирано од политика, тоа е јасно и постои во секоја земја)... а се друго останува на промоцијата на објектот која се извршува со медиумите и индустриите... поради пропустот во промоцијата, можно е и објект кој вреди злато, утре да се сруши без проблем и сите да го заборават... затоа и ти имам болдирано со огромни букви што е најбитно кај врската меѓу народот и архитектурата на нашите простори како нешто највистинито и најважно во постот а и кај нас народот воопшто не е запознаен со тоа како вредноста на било кој материјал се проценува и чува, а ти очекуваш народот и одредени групации да ја штитат... а поистоветувањето на архитектонските стилови со политиката кај нас, е чисто политичка манипулација, има само неколку стилови во светот кои се произлезени од политичка пропаганда, се друго е слобода на уметноста, било каде во светот истовремено, нема ништо лошо доколку авторот е инспириран од моментални општествени движења, баш напротив, дозволува објектот да говори за сопственото време и да биде уште поголем споменик на тоа време п.с. Скопје никогаш го нема доживеано класицизмот, ама баш никогаш, се она што се напоменува како класицизам во Скопје е баш предвесник на модернизмот на 20-ти век и тоа е факт, не е секоја градба со декорации, пластики и скулптури класицизам... |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Фоткиве се направени буквално на 100 метри од владината зграда. Се надевам не е нејасно зошто ги постирам токму во оваа нишка...
Не навлегувајќи воопшто во потребноста и исправноста на потегот со новата „фасада“ на владата, уште помалку во нејзиниот изглед, еве како бонус добро е да се знае и дека приоритетите по обичај ни се баш правилно распоредени. 1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() 4 ![]() 5 ![]() 6 ![]() . . . . . . . . . . . ![]() |
||
![]() |
||
Block ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 18-Dec-2011 Location: Карпошово Online Status: Offline Posts: 377 |
![]() ![]() |
|
Добро е кога човек си ги знае приоритетите...
|
||
![]() |
||
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
|
ovoj debilen proekt, kako i proektot na menuvanje na zgradata na postata(mepso) skapo ke gi cini kaj site onie koi znaat sto znaci avtorski prava i sto ne bi sakale eden den toa da im se sluci na nivnite dela....
|
||
![]() |
||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|
Од кога владата ја има надлежноста за поправање на дупки по малите ''улички''?! Тоа треба да е приоритет на општината, а не на владата. |
||
![]() |
||
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
А од кога тоа државата има право да одлучува што ќе се гради во градовите? Исто ти е, затоа што на крајот на денот Владата како тело е таа која што одлучува каква ќе и биде околината. Сигурно не може да се очекува Општина Центар да ја коси тревата во склоп на Владата како објект. |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
нешто погрешно сте го разбрале постот... еве сепак да објаснам, се работеше за тоа што всушност треба да е приоритет, кога веќе се интервенира на изгледот на градот а и ако повеќе сакате да се дискутира за влада... од кога тоа обврска на владата била да менува фасади по градови? најпрво не бидете контрадикторни сами на себе, а после тоа и убаво размислете што ви збори некој Edited by zabegan - 23-Mar-2012 at 18:41 |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
|
Читајќи за Љубљана наидов на зградата Металка направена во 1963 инспирирана од (Seagram зграда во њујорк) која што ми е надворешно доста слична со на Владата. Дали има некоја поврзаност или јас сум во грешка и сличноста е случајна со оглед на тоа дека во ток период така се градело на овие простори?
![]() ![]() Посебно е интересно да се прочита како била направена Seagram зграда во њујорк |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
само ќошовите се различни,кај нас се од малтер,друго две е исто
|
||
![]() |
||
kenzo_fan ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
|
И во Атина има зграда со истите Х-панели, чисто да ја исклучиме можноста некој да заклучи дека вака се градело само во “комунизмот“.
|
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
Зградата на Владата ќе се шири?петок, 18 мај 2012, 18:38Освен нова фасада зградата на Владата можеби ќе добие и проширување. Во новиот нацрт детален план кој го опфаќа седиштето на извршната Власт, градежната линија дозволува плус по барем неколку метри од секоја страна на објектот. Во оваа фаза сепак, велат од надлежната општина, не можат да одговорат на прашања врзани со планот.- „Наша практика е да не ги коментираме деталните урбанистички планови во нацрт фаза, односно пред тие да бидат усвоени од Советот. Подетални објаснувања ќе може да дадат планерите и урбанистите при јавната презентација на деталниот план.“- изјави портпаролот на општина Центар, Јовица Ацковски Конкретен одговор немаа и од надлежната служба за општи и заеднчки работи при Владата. Нејзиниот прв човек, Васе Доневски, одговори дека не е во тек со новиот Детален урбанистички план а се уште било во тек и проектирањето на зградата. Седиштето на Владата на Македонија беше актуелно во периодот околу Нова година. Причината беше изборот на ново идејно решение за излгедот при реконструкцијата на фасадата за објектот. Тендерската комисија одлучи зградата да добие нео- класичен лик, откако имаше и јавна интернет анкета за предложените решенија. Авторот на објектот, Петар Муличкоски, се спротиставуваше на идејата и поради авторските права но и поради наградите кои своевремено ги добил за објектот. Александар Димитриевски http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=50074#.T7aCSVjkit0.facebook Edited by N23 - 18-May-2012 at 19:37 |
||
23ka.wordpress.com
|
||
![]() |
||
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
|
"Барокното решение кое го изгласаа граѓаните..." ne mi se veruva deka falsifikuvaa anketa mrtvi ladni za posle vo sekoja prilika da ne pravat maloumni deka graganite ustvari se tie sto odlucuvaat... ma nemoj
http://www.time.mk/read/7e9728d2ea/c382ac0269/index.html Одложена реконструкцијата на владината фасада Фасадата на владината зграда и во наредните неколку месеци ќе остане со стариот препознатлив лик. Барокното решение кое го изгласаа граѓаните се најавуваше дека ќе започне со реализација за време на летните одмори, но како стојат работите стартот ќе почека уште неколку месеци. Надлежните тврдат дека средствата за почетните фази се спремни, но треба да се припремат уште неколку работи како, дозвола од Општина центар, изнаоѓање на привремени простории за работа, довршување на основниот проект за менувањето на ликот на објектот. Но, тоа не значи дека проектот е заборавен, вели Васил Доневски, директор на владината служба, „Навидум ништо не се случува. Но, се прават анализи за тоа дали ќе има потреба од привремена преселба на вработените, а во меѓувреме на готовс сме да поднесеме барање за одобрение до Општина Центар, имајќи предвид дека општинарите го менуваа урбанистичкиот план. Авторите, пак, на идејното решение, кои го работат и основниот проект, деновиве привршуваат со својата обврска“, вели Доневски за Утрински Весник. Тој дополнува дека нема никакви измени во идејното решение, кое беше избрано како урнек за обнова на фасадата на владината зграда, а чии автори се Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Нивниот предлог беше избран за најдобар по пат на онлајн-анкета во која граѓаните имаа можност да гласаат и за уште четири предлози, дел од нив модернистички, изведени во стакло, налик на постојната зграда, а дел изведени во мешани стилови. Edited by xnx - 30-Jul-2012 at 11:26 |
||
![]() |
||
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
|
ne sakam da mesam politika, no mislam deka ova so interpelacijata na vladata bese posledna sansa da se spasi ovoj objekt od toa sto go ceka
![]() http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=03D4657FFD5CE44E919580244CC94AD6 НОВА ФАСАДА, НО И ПРОСТОРИИ ЗА ИЗВРШНАТА ВЛАСТ Владата ќе се проширува и доградува Советот на Општина Центар на вчерашната седница ја ослободи Владата од комуналии во износ од околу 82.800 евра, додека за останатите 124.000 евра допрва ќе се изјасни градската власт Новиот архитектонски облик на зградата на Владата нема да се однесува само на измена на надворешноста со барокна фасада, напротив, објектот ќе се прошири и догради и со нови канцеларии, работни простории, а можеби и сали за извршната власт. Тоа значи дека освен интервенција во надворешноста, зградата набрзо и ќе се реконструира. Поради ваквата намера, на Владата ~ стасала сметка со вкупни трошоци за комуналии и тоа во износ од 207.000 евра. Од оваа сума 40 отсто треба да одат во касата на Општината Центар, а 60 отсто за Градот, но на вчерашната седница на Советот на Центар беше донесена одлука за ослободување од оваа давачка во износ од околу 82.800 евра. Согласно донесената одлука, тие трошоци паднаа на грбот на инвеститорот. Иако во образложението во материјалите за седницата немаше никакво објаснување за новопланираните делови на поранешна Це-ка, градена во современ стил, сепак од Министерството за транспорт и врски вчера потврдија - таа ќе се доградува во делот на приземјето. - До Министерството за транспорт и врски е поднесено барање за издавање одобрение за градење од Службата за општи и заеднички работи при Владата. И тоа за „доградба на делови од приземјето и реконструкција на целата фасада на објектот на Владата на Македонија“ и во моментов стручните служби постапуваат по истото - одговорија од Министерството. Поради нецелосното образложение во материјалите за седницата на Советот, забелешка на предлогот имаа советниците од СДСМ. Дончо Герасимовски од оваа советничка група рече дека за нејаснотиите реагирале уште на Kомисијата за урбанизам поради тоа што од нив била скриена вистинската намера за проширување на објектот. Од Службата за општи и заеднички работи не можеа да кажат кога ќе почнат планираните активности. - Откако ќе биде издадено одобрението за градба, ќе распишеме тендер, на кој ќе се избере фирма со најповолна понуда која ќе ја обнови фасадата - потенцира директорот Васе Доневски. Новата фасада, во неокласичен стил, беше избрана како идејно решение пред неколку месеци. Автори се Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Изгледот, како што тогаш соопштија владините официјални извори, бил избран како најдобар со гласови од граѓаните од неколкуте пријавени автори на интернет-страницата на Владата. Исто така, и со одлука на владината Kомисија за избор на решение за реконструкција на надворешноста. Kако главна причина за иницијативата за обнова на фасадата беа наведени застарената изолација и застарената дрвенарија. Обновата на надворешниот лик на објектот ќе биде прва интервенција откако е изграден објектот, во 70-тите години на минатиот век. Досега единствено се интервенирало во внатрешноста на владиниот дом. Дополнителни 2.000 квадрати простор Ако се земе предвид дека пресметката за комуналии за реконструкцијата на Владата изнесува околу 207.000 евра, а изграден квадрат во Центар е 100 евра, тогаш простата математика зборува дека Владата со новиот зафат планира да добие нови 2.000 квадратни метри простор. Од Министерството за транспорт и врски, од каде што ќе го издадат одобрението за градба, изјавија дека поранешна Це-ка ќе се проширува во делот на приземјето, без да појаснат во кои делови точно, имајќи предвид дека Владата се состои од шест поврзани објекти - приземје и кат. Анела Петрова |
||
![]() |
||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
|
Објавен тендерот за реконструкција на фасадата на ВладатаСлужбата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија го објави тендерот за реконструкција на фасадата и на осветлувањето на објектот на Владата. Градежните работи ќе се вршат по зададен проект, кој е интергален дел од тендерската документација. За да можат да учествуваат, компаниите треба да имаат доставено ревидирани и објавени завршни сметки според законите на Македонија за изминатите 3 години. Минимален критериум за одредување на економската и финансиска подобност е компаниите да имале минимален промет од 5 милиони евра годишно исто во изминатите 3 години. Од заинтересираните компании се бара и потврда дека имаат извршено барем две зделки кои вклучуваат градежни работи во кои е употребена не помалку од 3 илјади метри квадратни челична арматура. Покрај останатите услови потребна е и банкарска гаранција во износ од 5 отсто од вредноста на градежните работи, како и банкарска гаранција во износ од 2 отсто во текот на гарантниот период. Тендерот ќе се одвива по патна електронска аукција, а документите треба да се достават до 24 декември во 10 часот. http://www.plusinfo.mk/vest/66535/Objaven-tenderot-za-rekonstrukcija-na-fasadata-na-Vladata |
||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Владината фасада ќе стаса по изборите
Четири фирми се подготвени да ја реконструираат зградата на Владата и сите се домашни компании Владината зграда ќе почне да го менува ликот во стилот на „Скопје 2014“ набрзо по изборите. Проектот ќе продолжи со ваква динамика доколку овој пат биде успешен актуелниот тендер за избор на изведувач. Владината служба деновиве ги разгледува стасаните понуди и очекува за најмногу еден месец постапката да биде комплетно завршена. Надлежните веќе ја имаат потребната градежна дозвола, а наводно, обезбедени се и парите. „Овој пат пристигнаа четири понуди, сите од македонски компании. Деновиве ги отвораме и наскоро ќе се одржи аукција. И во случај да има жалби, очекуваме целата постапка да заврши за еден месец и да се продолжи со конкретни теренски работи“, вели Васе Доневски, директор на владината Служба за општи и заеднички работи. Тој не открива колку пари се издвоени за оваа намена, ниту, пак, може да прецизира дали при реконструкцијата на зградата владините административците ќе треба привремено да работат на друга адреса. „Дали ќе има потреба од привремена дислокација на вработените, ќе зависи од фирмата која ќе биде ангажирана да ја реконструира зградата, од тоа како таа ќе го организира градилиштето, а ќе зависи и од динамиката и фазите на изведба“, дополнува Доневски, кој потврди дека владината служба уште пред неколку месеци ја добила потребната дозвола која во случајов ја издава Министерството за транспорт и врски. Инаку, ова е втор обид на надлежните да изберат фирма што ќе ја реконструира препознатливата зграда од „Илинденска“. Во првиот обид тендерот беше неуспешен бидејќи понудените цени и услови беа понеповолни од актуелните на пазарот. Владиниот објект ќе добие стилски изглед по предлог на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, чие идејно решение беше избрано по пат на онлајн-анкета. Главната причина за промена на фасадата на зградата на Владата, како што тврдеа надлежните, е застареноста и недоволната функционалност. (Дс.Т.) Izvor: Utrinski vesnik, http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=FBBA7670B4F481418F518AD2FDED3A20 |
||
![]() |
||
strumica arch ![]() Newbiе ![]() Joined: 23-Mar-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Mi se dopaga sto "pobednickata" opcija na avtorite Zarko Causovski i Filip Bogatinov ima ime i prezime... Slucajno utre da ne iskoci deka nekoj tamu negde pravel nesto.... Istorijata mora da gi zapomni site.. i dobrite i losite....
|
||
![]() |
||
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
|
R.I.P. za avtorskite prava
Владата со нов изглед - започна реконструкцијата на фасадата Македонија 23. април 2013 - 15:07 Започна реконструкцијата на фасадата на Владата на Република Македонија. Проектот ќе опфати целосна реконструкција на старата и дотраена фасада, и очекувањата се дека во зависност од временските прилики ќе се реализира во наредниот едногодишен период. -„Реализацијата на целиот проект ќе се одвива во три фази, првата која ќе биде конструктивниот дел, втората е нанесувањето на фасадата и третиот дел е самата илуминација, односно осветлување на објектот. Целокупните градежни активности ќе чинат 9 299 052 евра, со вклучен ДДВ“, стои во соопштението од Владата. - „Фирмата изведувач е избрана на тендер распишан на 04.01.2013 година, а отворен на 22.02.2013 година. Во тендерската постапка се пријавија 4 фирми, по што следуваше електронска аукција која се одржа на 14.03.2013 година. Одлуката за избор на најповолниот понудувач беше направена на 27.03.2013 година“, се додава во соопштението. http://maxim.mk/vladata-so-nov-izgled-zapochna-rekonstrukcijata-na-fasadata |
||
![]() |
||
kenzo_fan ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
|
|
||
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 64> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |