![]() |
![]() |
![]() |
Јавна чистота |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 323334 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Проблемот е покомплексен има повеќе фактори што влијаат 1.Ниска свест на населението кое буквално фрла отпад на секој чекор. 2.Недоволно контејнери(во одредени населби каде има многу нови згради поставени се помалку контејнери) 3.Не постоење посебни контејнери во кои маркетите ќе го одлагаат отпадот од амбалажа и ги полнат или фрлаат околу постојните контејнери. 4.Нередовно празнење на контејнерите од страна на КХС во некои реони од градот. 5.Неформални собирачи на отпад(претежно Роми кои најчесто собираат картонска и пластична амбалажа но прават неред околу контејнерите). 6.Уништување на канти за ситен отпад речиси низ целиот град а исто така и новите пластични контејнери се покажаа како неквалитетни механизмот и капаците се расипаа за кратко време и веќе најголем процент се нефункционални. 7.Висок надомест за одлагање кабаст отпад на официјална депонија(поради тоа стар мебел и санитарија се остава поред контејнерите) |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Мислам дека не е само тоа што Стефчо го пиша погоре, уште посложен е проблемот. Најголема вина гледам во самото комунално претпријатие, кое е преполно со партиски паразити на ДУИ, кои очигледно само примаат плата и ништо не работат. Освен тоа, мислам дека постои еден договорен бојкот на градоначалничката од двете македонски партии, бојкот што се одразува и во областа на собирање на ѓубрето. Тука би ја додал и традиционалната мрзеливост, немарност, нефункционалност на јавните претпријатија кои во последно време постигнуваат рекорди во неработење – и крајниот исход е неверојатно валкан и запуштен град.
Edited by Џоле - 18-Jun-2024 at 22:35 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Galileo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1549 |
![]() ![]() |
@stef40,@Џоле,благодарам за одговорот. Како што претпоставував, главната вина се пак има компанијата за чистота.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(ВИДЕО) Чистотата се подобри, признаваат тетовци, но сега не чинат сметките
Собирањето и одложувањето на сметот во Тетово од пред неколку месеци го презеде словенечката компанија со австриски капитал „Заубермахер“ откако со Општина Тетово потпиша договор за јавно-приватно партнерство Меѓу промените што дојдоа со договорот е и начинот на пресметка на сметката за собирање смет. Досега било по број на членови во домаќинство, а сега по станбена површина. Дел од граѓаните се незадоволни што сметката им поскапела, други пак велат има многубројни грешки што, пак, се должи на лоши бази на податоци во Катастарот и општината https://360stepeni.mk/video-chistota-se-podobri-priznavaat-tetovtsi-no-sega-ne-chinat-smetkite/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Реално со оглед на тоа колку малку плаќаме на општините за уредување на јавни површини и овој ред и поред што го имаме е повеќекратно над можностите.
Тоа е и една од причините за постоење на урбан хаос, општинските власти се наркомански зависни од еднократните уплати за комуналии од разно разните 'инвеститори'. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ОПШТИНИТЕ СЕ ЗАТРУПАНИ ВО ЃУБРЕ, ОД „КОМУНАЛНА ХИГЕНА“ ВЕЛАТ СЕ СОБИРА СЕКОЈ ДЕН
![]() Градоначалниците на скопските општини велат дека се затрупани со ѓубре и ја повикуваат градоначалничката Данела Арсовска и „Комунална хигиена“ да си ја вршат работата за која се платени од граѓаните. Од јавното претпријатие кое е под надлежност на Градот и директорот го именува градоначалничката Арсовска, пак, велат дека тоа не е точно и дека секој ден се собира ѓубрето. Вчера, градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски кажа дека состојбата во општината е алармантна, бидејќи повеќе од десет дена екипите ЈП „Комунална Хигиена“ кои се под директна команда на Данела Арсовска се немаат појавено на поголемиот дел од територијата. „Сликите се заштрашувачки, ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата. Додека не е доцна, апелирам слижбите на Комунална веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните. Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните“, рече Кoстовски. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, поднесе прекршочна пријава во износ од 1.500 евра против „Комунална хигиена“ поради ненавремено и нередовно собирање на отпадот во Општината, соопшти тој на Фејсбук. „Постапувајќи по реакција на граѓани на Општина Кисела Вода, комуналниот инспектор на Општина Кисела Вода изврши увид на целата територија на Општината при што е констатирано дека давателот на услуги кој врши собирање комунален смет и безопасен отпад, спротивно на член 13 од Законот за комунални дејности, не го врши редовно собирањето на територија на Општина Кисела Вода за што е предвидена глоба согласно член 41 од Законот за комунални дејности. Од страна на комуналниот инспектор ќе биде издаден прекршочен платен налог во висина од 1.500 евра во денарска противвредност согласно член 41 став 1 алинеја 1 за правно лице од Законот за комунални дејности“, се вели во записникот од извршениот инспекциски надзор во Кисела Вода кој Ѓорѓиевски го објави на Фејсбук. Општина Аеродром вчера објави слики од канти преполни со ѓубре и во соопштението наведe дека по пауза од две недели, од утре повторно ќе почне да го собира отпадот од кантите за домаќинства во Долно Лисиче. „Ова следува по упатената реакција од страна на Општина Аеродром до јавното претпријатие од каде што нè известија дека ќе ја активираат механизацијата и од утре ќе излезат на терен“, рекоа од Општина Аеродром. И градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу обвини дека на температури од 40 степени ѓубрето не се собира. Од „Комунална хигиена“ вчера и денес испратија соопштение во кое како што велат ги демантираат изјавите на градоначалниците Костовски и Ганиу. „На територијата на општините Бутел и Чаир, комуналниот отпад секојдневно се собира и транспортира без никаков застој, според динамиката утврдена со оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје. Само во текот на месец јуни 2024 година, од подрачјето на општината Чаир се подигнати и транспортирани вкупно 1.500 тони комунален отпад. Во Бутел пак само во текот на изминатите десет дена се подигнати приближно 100 кубни метри отпад од повеќе диви депонии, лоцирани на булеварот Босна и Херцеговина, во близина на СУГС ‘Зеф Љуш Марку’ и кај социјалните згради, на улицата Радишанска. ЈП ‘Комунална хигиена‘ во никој случај не прави селекција според политичката определба на граѓаните, туку редовно и навремено ги спроведува своите активности подеднакво во сите скопски општини“, се вели во соопштението на „Комунална хигиена“. Од претпријатиеот дека одредени граѓани намерно создаваат депонии. „Апелираме до несовесните поединци да престане тенденциозното непрописно одлагање отпад на јавни површини со коешто масовно се соочуваме во текот на последните неколку месеци, а го повикуваме и градоначалниците да ги активираат на терен инспекциските служби на Општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота“, велат од „Комунална хигиена“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopskite-gradonachalnitsi-se-zhalat-deka-opshtinite-se-zatrupani-vo-gubre-od-komunalna-higena-velat-se-sobira-sekoj-den/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Градов никогаш не бил понечист.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВИДЕО | Бит-пазар потона во ѓубре, каде се комуналците?
https://www.slobodenpecat.mk/video-bit-pazar-potona-vo-gjubre-kade-se-komunalcite/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Скопје има преполни контејнери, а покрај некои улици веќе се формираат мини-депонии
Скопје продолжува да тоне во нечистотија, состојбата низ градските улици е алармантна, пренатрупаниот смет кој изгледа како да не е собран со денови веќе се претвора во мини депонии, а од високите температури, смрдеата која произлегува од нив се чувствува интензивно долж улиците. Една од најкритичните точки е токму наспроти амбасадата на САД – стратешкиот партнер на Македонија. Мини паркот спроти нив наместо со зеленило исполнет е со ќебиња, искрешени пластични столици и секакво ѓубре, а преку улица контејнерите речиси и да не се гледаат од смет и од кабастиот отпад и автомобилските гуми кои се расфрлани насекаде. Ужаснува сликата позади мене, целиот тротоар, а и спортското игралиште во позадина се преполни со ѓубре, токму онаму каде што младите треба да се забавуваат и да спортуваат. Градот никогаш не бил повалкан, а сметот може да се забележи на секој агол, од контејнери до улици – се жалат скопјани. Хигиената во градот ја помножуваат со нула – а причината за истата пред се ја гледаат кај прептријатијата кои според нив ниту имаат ред, ниту соодветно си ја вршат работата. Но, вината ја гледаат и кај самите граѓани, кои велат, мора да си ги променат навиките, да ја променат свеста и да се грижат за околината во која и тие живеат. Упативме прашања до ЈП Комунална хигиена Скопје зошто градот се наоѓа во оваа поразителна состојба и дали сметаат дека соодветно како прептријатие си ја обавуваат својата работа, но одговор не добивме, како што не одговорија и на прашањето дали имаат доволно работници и потребна механизација да го одржуваат градот чист. https://kanal5.com.mk/vo-skopje-ima-prepolni-kontejneri-a-pokraj-nekoi-ulici-vekje-se-formiraat-mini-deponii/a654143 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ И „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ЌЕ СЕ ПОДЕЛАТ НА ОПШТИНИТЕ, СЕКОЈА САМА ЌЕ ЧИСТИ, РЕКОА СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
Ќе се одземат ингеренциите на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за чистење на градот и ќе се предадат на Општините. Ова денеска го договорија скопските градоначалници, по што сега Владата на наредна седница треба да ги одземе ингеренциите на ЈП „Комунална Хигиена“ и „Паркови и зеленило“ и да ги предавање на централната власт. Потоа Владата ќе назначи владин повереник кој ќе ги управува претпријатијата односно ќе го спроведе процесот за нивно расформирање и поделба на Општините. „Иако оваа идеја е постара сега стана повеќе од потребна, бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не си ја врши работата. Скопје на 40 степени е затрупано во ѓубре, парковите се неискосени и пожолтени. Сега секоја Општина ќе се грижи за хигиената и зеленилото на нејзнина територија“, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. Со расформирањето на овие две претпријатија вработените и механизацијата ќе бидат распределени по Општините, според бројот на жители. Парите кои Градот сега ги собира преку сметките за ѓубре и за зеленило ќе се делат меѓу Општините повторно според бројот на жители. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски кажа дека оваа идеја е стара и дека на овој начин подобро ќе се функционира, но рече дека џабе се прави оваа измена ако не се зголеми цената за ѓубретарина и вода, ако не се зголемат платите на работниците, и ако комуналните инспектори не добијат повеќе ингеренции за казнување. „Не би сакал да се сфати дека оваа потреба е само затоа што градоначалничка е Данела Арсовска. Овие јавни претпријатија функционирале лошо и во времето на сите ексградоначалниците од 2000 година до сега. Но, и ова е џабе ако не го донесеме Законот за комунална инспекција. Комуналните инспектори мора да добијат овластување, да легитимираат, да приведуваат, да побараат притвор и да анулираат. Ако нема казни нема да ја решиме работита. Исто така ако останеме со овие цени за сервисирање на услугите ние проблемот само го префрламе од едно место на друго. И цените мора да се формираат согласно порастот на цените за живот и инфлаторните движења во државата“, рече Јакимовски. Трансформација треба да заврши до декември и од први јануари Општините да се грижат за хигиената. Тие за оваа цел ќе имаат свои јавни претпријатија и тоа значи дека и во иднина и после мандатот на Арсовска, Градот нема да има јавни претпријатија за хигиена и зеленило. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/komunalna-higiena-i-parkovi-i-zelenilo-ke-se-podelat-na-opshtinite-sekoja-sama-ke-chisti-rekoa-skopskite-gradonachalnitsi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Канал 5 репортажа: Опасност од зарази-центарот на Скопје преполн со човечки измет
|
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Маалово се наполни со згради а сеуште отпадот го собираат во канти за индивидуално домување...
Секогаш има купишта отпадоци пред секоја зграда,а секоја напуштена куќа е голема депонија за кабаст и секаков друг отпад ------------------------------------------------------------- Утрово, ги исчистивме јавните површини во населбата Маџир Маало кадешто надлежност има Град Скопје. Тука долго време не беше исчистен сметот, што претставува зараза за жителите на Центар. Веднаш се мобилизиравме и спроведовме голема акција за чистење кадешто е вклучена целата механизација на општината, со цистерна за миење на улиците, две метларки за поефикасно чистење на улиците и камион за собирање на смет. ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaCentar |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 323334 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |