Квалитет на воздухот во Скопје |
Post Reply | Page <1 3233343536 41> |
Author | |||||||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #661 Posted: 31-Aug-2018 at 17:19 | ||||||
Знаеш како е во Македонија, кога едните сечеа дрвја низ цело Скопје и протестираа пет души, се собраа еден куп поддржувачи на таквото лудило, така и сега, се смени власта, повторно протестираат пет души, и повторно има еден куп поддржувачи на таквото лудило. Во меѓувреме на социјалните мрежи се прави изглед дека илјадници се против тоа. Се е исто, ништо не е сменето. Да беше сменето, нашата нова власт ќе организираше јавни дебати, кампања за објаснување на гасоводот, мерки за заштита, обележување и исцртување на самата патека каде ќе поминува гасоводот, колку ќе биде широк, колку шума ќе се исече, што ќе биде потоа, колку ќе се вложи по ископот и ред друго. Бидејќи ништо од ова не се случи, да јас сум жестоко против изградбата на Водно, макар чинело и повеќе милиони евра самата изградба. Изградбата преку Водно ми смета бидејќи тоа е единственото парче вистинска шума во градот Скопје, една од преостанатите зелени оази во градското подрачје и ако го изгубиме и него и го пуштиме и овој гасовод, тогаш само се остава простор и за други слични вакви проекти, кои исто може да се спроведуваат под кампањата, ама преку Водно е најевтино. Извини, ама однесувањето на властите и те како е аргумент поврзан со оваа изградба и токму нивното однесување е спорно, па еве гледаме дека ниту имаа табли за изградба, ниту нешто друго, додека не им дојдоа екологистите таму и не прикажаа дека градот без никој да ги знае. Според мене е невкусно да се обвинуваат граѓани (организирани во здруженија) дека не реагирале во 2010, бидејќи тие граѓани имаат свои животи, работат, и со ова се занимаваат од хоби и љубов. Ако се тие виновни, тогаш и ти си виновен за сечата во Скопје, како и јас и илјадниците жители на Скопје што не ги браневме. Само во Македонија, екологистите се обвинети од самите граѓани, а поддржана е власта во необјаснетите и недоречените проекти. Патем, информативно, Скопска Црна Гора каде што би поминувала рутата (на пр. по текот на Обиколницата) јас не гледам нигде да има шума и додека траеја препукувањава можеше власта да излезе со целосно нова студија за животната средина и на јавност да и ги претставеше сите можни рути, со кост-бенефит анализа и со заштитни мерки за секоја рута, но не, битно е да се тера една и крај. |
|||||||
Dexter26
Senior Member Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
Quote Reply #662 Posted: 31-Aug-2018 at 18:06 | ||||||
“На Водно зеленилото ќе биде неприкосновено и во заштита на Град Скопје” #НеНизВодно #JoNëpërVodno #VodnoÜzerindenOlmaz #ГоСакамВодно #EDuaVodno #VodnoyuSeviyorum
Водно треба да е бушаво, а не со патец
|
|||||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #663 Posted: 04-Sep-2018 at 01:11 | ||||||
а едно друго масакрирање на Водно, за изградба на пат кој и скоро воопшто нема важност за целосната инфраструктура на градот, пат кој не го доградија и сега е затворен, а доколку беше отворен по него ќе врвеа возила кои дополнително ќе загадуваат, а зеленилото нема никаква шанса да се регенира, плус тоа некои дополнителни мистериозни плацови и раскопани ридови... наспроти ова го имаме гасоводот, кој дополнително го снабдува градот со алтернативен енергенс, има помал профил од патот, зеленилото околу него може да се регенерира, и нема загадување од возила
за едното од овие се галами на велико, а за другово се преќуте и помина испод радар |
|||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||||
Dexter26
Senior Member Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
Quote Reply #664 Posted: 04-Sep-2018 at 06:06 | ||||||
Незавршениот автопат е веќе направена штета, која сепак може да биде контролирана во сегашниот облик - наједноставно нека го пренаменат во велосипедска патека и проблемот е решен, никогаш да не поминуваат моторни возила низ истиот. Од друга страна, ова што се планира за на сртот на Водно е штета која сеуште не е целосно направена и може да биде спречена, наместо да биде контролирана во иднина. А идејата за гасовод низ Скопска Црна Гора и тоа како само држи вода - Скопјево може да се шири само на север и на исток, западот и југот се веќе преполни и пренатрупани, а Скопска Црна Гора и онака не е национален парк како Водно.
Edited by Dexter26 - 04-Sep-2018 at 06:07 |
|||||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #665 Posted: 04-Sep-2018 at 08:10 | ||||||
Водно не е национален парк, но независно, многу е битно за градот. Инаку потполно си во право, различен е муабетот заз штета која веќе е направена, и штета која допрва треба да се направи. Занимавање со вој пат сега би било дефокусирање.
|
|||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #666 Posted: 04-Sep-2018 at 08:30 | ||||||
До „Алфа“ и „Офф.нет“ стигнавме да ни бидат релевантни референци за кампањата да се стопира изградбата на гасоводот. Убаво е тоа што се кажува дека ќе се исечат големи пространства шума, но овие навидум екологисти НЕ кажуваат дека ќе се засадат дрвја на Водно со кои ќе се надомести штетата од исеченото зеленило.
НИТУ патот за Сопиште, НИТУ зградите над Водњанска, НИТУ жичарата на Водно, НИТУ дивоградбите над Козле, не одвоија некакви средства за засадување на зеленило на оваа планина, а направија непоправлива штета. Она што е најинтересно овие квази екологисти тогаш никаде ги немаше да се бунтуваат против изградбата на Водно, а ги немаше ниту кога се започна со овој проект пред 2-3 години, а токму тогаш требаше да се реагира против проектот - пред да се потпише договорот за изведба. И на крајот, вчера стигна информацијата дека досега се издвоени 10 милиони евра за овој гасоводот. Молим лепо, нека ги вратат во буџетот овие пари „екологистите“ од свој џеб, па после тоа ќе цртаме траса онаму каде што им одговара да биде гасоводот. |
|||||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #667 Posted: 04-Sep-2018 at 08:33 | ||||||
влегуваш во нивната клопка. Да ги коментираме нив, наместо да го коментираме проблемот.
со овој дел не се согласувам. Ако има подобар начин, подбро е да чини повеќе пари. Ако нема подобар начин, одоносно ако аргументацијата на ПРО страната е надмоќна, тогаш нека тера како што е. |
|||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #668 Posted: 04-Sep-2018 at 10:04 | ||||||
Еве да ја земам во предвид како веродостојна нивната изјава дека требало да се гради гасоводот преку Скопска Црна Гора и Жеден. Молам? Па кај Жеден се наоѓа изворот Рашче, а кој гарантира дека питката вода за Скопје нема да биде загрозена од еден ваков проект. А за да се гарантира, ќе треба да се изработат дополнителни студии и документација... едно 2-3 години ново чекање до изградбата.
Од друга страна, северната траса на овој гасовод би минувала исклучително блиску до косовската граница. Ние имавме случај во 2001 година кога возовите кон Кичево не можеа да сообраќаат преку Радуша поради фактот што селото се наоѓа на 1 километар од самата граница. Кој од екологистите ќе гарантира дека во иднина не може да се случи некој инцидент и да се спречи снабдувањето со гас на цел Полошки регион, плус на термоелектраната „Осломеј“ (овој гасовод треба да заврши токму до РЕК „Осломеј). Трето, гасоводот на север ќе минувал низ ниви што привремено ќе се откупеле за изградба на гасоводот. А кој нормален може да гарантира дека тука нема да излезат проблеми околу купувањето на земјиштето? Како пример ја давам пругата Куманово-Бељаковце, која петта година се гради поради проблемите со експропријацијата на земјиштето, а да не говориме за булевар Трета Македонска бригада во Аеродром. И финално, знаат ли овие квази екологисти дека главната цевка на гасоводот треба да минува надвор од градска средина, дури и надвор од тие ниви што ги замислиле. Подножјето на Скопска Црна Гора е густо населено со села, а на север од Скопје треба да се градат новите населби на градот. Не може да минува на исто место и магистрален гасовод и да се урбанизира таа локација. |
|||||||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #669 Posted: 04-Sep-2018 at 13:45 | ||||||
Груевизам пуштен на најјако. Квази екологисти, исмевање на медиуми, “каде бевте вие пред X години“, парите да ги врателе. Интересно како за Клинички не беше проблем да се стопира готов проект, а за гасоводов онака јако интерпартиски се турка. 2-3 години за студија ќе се чекало, мислиш мрежата во Тетово и Гостивар е веќе направена, па во секој момент чекаат гасот да им стигне. „Аргументиве“ некако слаби ви се. Од индиферентен, почнав накај против да влечам. |
|||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #670 Posted: 05-Sep-2018 at 00:57 | ||||||
Се согласувам дека јавна дебата недостасуваше во време кога беше потребна и во вистинска суштинска форма (мада за недостатокот на јавна дебата голем дел од вината сноси и другата страна која предоцна се разбуди, иако трасата се знаеше минимум 7 години наназад). Во секој случај овие тековниве дебати не се тоа во вистинска смисла на зборот. Јас со тоа не спорам. Но ветените мерки (доколку се спроведат, а според мене во даденава ситуација притисокот треба да биде насочен токму кон нивно доследно спроведување до секој детал) воопшто не се за потценување: - скратена и корегирана траса - стеснет коридор - пошумување на Водно на површина 5 пати поголема од шумата што ќе се исече (оваа информација ја прочитав денес) Патем, мислам дека треба да се инсистира на уште поголемо пошумување, и тоа да се спроведе при првата поволна прилика, претпоставувам дека тоа би било есенва. Од аспект на тоа што е реално во даденава ситуација, веројатно на ова поле можат да се обезбедат дополнителни концесии.
Трасата воопшто не беше тајна, како што кажав дури и по медиумите се објавуваа мапи. Ако тие што сега се бунат не можеле да се замараат со гасоводот во изминатите 7+ или повеќе години, со кое право сега се нарекуваат екологисти и ме „бранат“ мене од гасоводот?
|
|||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #671 Posted: 05-Sep-2018 at 01:34 | ||||||
Можам да коментирам конкретно за мене, не знам дали Бојан го дели моето мислење. Оние што сега протестираат јас не ги прозивам за тоа кеде биле кога се градел патот до сончев град, или кога се сечела шума за изградба на згради на Водно, или кога се уништувало зеленило во центарот на градот, итн... Нивно право е да си изберат кауза. Но најлегитимно е да се праша каде беа пред х години конкретно за овој проект! Значи за истиов овој проект, за истава оваа траса, никој не мрдна со мал прст толку долго време, никој ни глас не пушти, ама сега кога буквално помина и замина времето за реагирање, кога буквално почна изградбата на гасоводот, одеднаш протести и одеднаш се испорачуваат нереални и нерационални барања. И дополнително, се поствува прашањето дали во протестите се вклучени само некакви групи и соло активисти, или и невладини организации кои располагаат со буџети и ваљда би требало нешто да работат, освен пост-фестум да глумат некакво дејствување, експлоатирајќи некаква ситуација.
Edited by Cloverstack - 05-Sep-2018 at 02:05 |
|||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #672 Posted: 05-Sep-2018 at 08:52 | ||||||
Наспроти Груевизмот пуштен на најако, се некои јаки типчиња ко тебе што мислат дека се над државата. Учествувале на протести и сега се обидуваат да покажат дека оние се појаки од државниот апарат, ете они можат да сопираат проекти ако им се може. Тоа е пракса во демократија без искуство, предводена од бивши навидум освестен лумпен-пролетаријат. Кредитот за изградба на Клинички центар јас не велам дека требаше да се врати. Тој требаше да се издејствува за да се пренамени во новиот објект кај Злокуќани. Тоа што го врати оваа влада, јас сметам дека е одраз на несериозност што скапо ќе не чини при барањето средства за идни проекти пред европските банкарски институции. И не е само овој кредит, во Битола беше сопрен кредитот за топлификационен систем од РЕК „Битола“ до градот, кредит земен од германската КфВ банка. Сега бараат некои квази-екологисти да се сопрел и овој кредит за гасоводот на Водно. Извинете молам, самиот кредит е одобрен врз основа на оваа траса на Водно и затоа кредиторот ќе бара да се вратат парите ако не се работи по изработениот проект. Ако има некој пари за дополнително да работи проектна документација и да ги подготвува студиите за животна средина, слободно нека ги плати. И повторно потоа нека ја плати изградбата на гасоводот по нова траса. |
|||||||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #673 Posted: 05-Sep-2018 at 09:10 | ||||||
Чест случај е тоа, да се реагира кога нешто ќе стане видливо. Не викам дека така треба, едноставно луѓето не пратат се можно што се случува во државава уште од фаза на идеја. Да те потсетам само дека поради протестите “квази екологистиве“ успеа да издејствуваат намалување на појасот што треба да се сече и промена на трасата. Треба фала да им кажеме.
Не ставам равенство, повеќе во контекст на тоа дека ми личи дека бизнис интереси на политичкиот дуопол се задолжени за вака храброто туркање на трасава. Како и тоа дека Бојан претставува 2-3 години за студија како којзнае каков период, а за новиот Клинички.. јасно е.
Кажав дека бев ок со трасата (или индеферентен). Но сега сакам да видам детална cost-benefit компаративна анализа со другите траси (како што бараа и екологистиве, а не им доставија). Инаку тоа што ме испровоцира не е самата траса, туку односот на властите и Бојан, кој веројатно има добри намери, но не сфаќа дека односот кон тие што се против „неговите“ политики е тажен и во ништо различен од претходните. |
|||||||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #674 Posted: 05-Sep-2018 at 09:17 | ||||||
.
Edited by <Fresno> - 05-Sep-2018 at 09:18 |
|||||||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #675 Posted: 05-Sep-2018 at 09:18 | ||||||
Се слагам за ова до негде, ама не генерализирај. Честа грешка е тоа. |
|||||||
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 878 |
Quote Reply #676 Posted: 05-Sep-2018 at 14:29 | ||||||
? |
|||||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #677 Posted: 02-Nov-2018 at 12:11 | ||||||
Од Твитер...
|
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
Graditelot
Groupie Joined: 17-May-2016 Online Status: Offline Posts: 77 |
Quote Reply #678 Posted: 02-Nov-2018 at 12:30 | ||||||
Тука стан кошта 1600 евра/квадрат.
|
|||||||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20752 |
Quote Reply #679 Posted: 11-Nov-2018 at 19:03 | ||||||
Со новиот закон се воведуваат еколошки налепници, еве како ќе се категоризираат возилата
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска, одржа прес конференција на која ги појасни новите измени во Законот за возила со кој се воведуваат еколошки налепници, субвенции за електрични и хибридни возила и нивното позитивно влијание врз намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух и здравјето на граѓаните. Макрадули истакна дека со предложените измени на Законот за возила, Владата на Р. Македонија започнува со координирана и интегрирана акција во борбата за здрава животна средина и справувањето со аерозагадувањето, каде урбаниот транспорт претставува важен сегмент. Согласно европските еколошки стандарди и добри практики, со предложените измени на Законот за возила, се воведуваат еколошки налепници за возилата, кои ќе бидат поделени во три еколошки категории во зависност од европските емисиони стандарди (ЕУРО 1, ЕУРО 2, ЕУРО 3, ЕУРО 4, ЕУРО 5 и ЕУРО 6) и од погонот на моторот на возилото, (на течен нафтен гас или на компримиран земјен гас, на електричен погон или хибридно возило). Согласно одлуките донесени од општините, односно од Град Скопје, во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста во градските средини, се воведува ограничено движење во заштитени еколошки зони. Возилата од првата еколошка категорија (возила со европски емисиони стандарди ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4 на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила) се означени со еколошка налепница во зелена боја, и ќе може слободно да се движат во заштитените еколошки зони, се вели во соопштението од Министерството. Возилата од втората еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со европски емисиони стандарди ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас, ќе се означуваат со еколошка налепница во жолта боја за кои ќе има ограничено движење во сообраќајот. Возилата од третата еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со европски емисиони стандарди од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови, ќе се означуваат со еколошка налепница во црвена боја и за овие возила ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот. Еколошката категоризација на возилото ја прави овластена техничка служба. Со донесување на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, согласно заклучоците на Владата на Република Македонија ќе се утврдат и одредби со кои Министерството за економија се задолжува за воведување на Програми за доделување на субвенции при купување на возило на електричен погон или поврат на дел од средствата на физичките или правните лица кои ќе купат возило на електричен погон или хибридно возило. Со Програмата за субвенционирање на купување на нови хибридни и електрични возила, се предвидуваат субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, а 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило, а во првата година се предвидува да бидат доделени субвенции за 200 возила. Со овој закон се предвидува Програма за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила. Со Програмата се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1200 возила на годишно ниво. Истовремено со овој Предлог на закон се предвидува Програма за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старо возило со цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе се влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух. Исто така, на барање на здруженијата на такси превозниците, за нив се воведуваат жолти таблици со кои ќе се воведе ред во такси услугите и со кои, од една страна, ќе се намали нелојалната конкуренција, а од друга, ќе се зголеми квалитетот на услугите што им се нудат на граѓаните. Освен тоа, законот ги утврдува и стандардите за регулирање на системот за вградување на плински уреди на возилата. Сите овие измени имаат за цел имплементација на европските еколошки стандарди и поттикнување на купувањето на електрични и хибридни возила, со што долгорочно ќе се влијае врз намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух, кој го предизвикува сообракајот. https://skopje24.mk/so-noviot-zakon-se-voveduvaat-ekoloski-nalepnici-eve-kako-ke-se-kategoriziraat-vozilata/?fbclid=IwAR1jqiUUDYqHWTK_mCoD9GkRuwoNjnXbA7HEpNZRgo9XYJg_lIXkZM5x-lA |
|||||||
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #680 Posted: 12-Nov-2018 at 07:50 | ||||||
Само субвенциите за електрични возила можеле и да ги зголемат за неколку илјади евра и да додадат поволност плус (0% царина и акциза, бесплатен паркинг, патарини...) И заборавиле да направат измена за регистрирање на возила по ист формат на пресметка како и кај лепенките (пр. зелена налепница -30%, жолта -10%) Edited by alexsend - 12-Nov-2018 at 07:52 |
|||||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|||||||
Post Reply | Page <1 3233343536 41> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |