![]() |
![]() |
![]() |
Споменици и скулптури (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3738394041 209> |
Author | |
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
Според сликава на пбанкс, GOOD CALL lsl!!! ![]() |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Ќе да е, постаментот се обложува со мермер
![]() 03-05-2010 |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Забрзано се довршува
![]() 03-05-2010 Големо интерес од страна на граганите со своите апарати ![]() 03-05-2010 |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Сега приметив, спомениците се обратно од тоа како што беа на визуелизацијата, односно сменети им се местата меѓусебно.
|
|
![]() |
|
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
Точно. Меѓутоа вака се правилно поставени. Ако приметувате, коњите гледаат кон надвор, а Гоце и Даме гледаат кон минувачот преку Камениот мост.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
А што има ли некоја стандардизација за коњаници на мост или?! Стварно не ми е јасно зашто се сменети местат, не дека е нешто битно, ама не ми е јасно.
|
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Стотина споменици во центарот на градот Најголема бронза ќе „натежне“ на двата пешачки моста преку Вардар. Таму ќе се постават дури 58 триметарски скулптури Деспина Трајковска Околу сто се врти бројката на споменици предвидени да се постават во централното градско подрачје. Тони бронза, а наместа и мермер ќе се разлее на плоштадот од засега планираните дваесетина споменици, од оние од левата страна на Вардар, од неколкуте предвидени во паркот „Жена-борец“, од шеесетината скулптури што ќе ги красат двата пешачки моста на Вардар, од скулптурите во самата река, од четирите по десетици тони тешки лавови на мостот „Гоце Делчев“... Од три па до шестметарски скулптури ќе има речиси на секој чекор во централното градско подрачје познато како Мал ринг. |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Гоце и Даме атракција на плоштадот Спомениците на револуционерите Гоце Делчев и Даме Груев качени на коњи, кои завчера беа поставени на плоштадот Македонија, вчера беа вистинска атракција за граѓаните. Немаше минувач кој не застана да ги погледне или да ги фотографира двата споменика, кои се извишуваат од обете страни пред Камениот мост. Најмногубројни на плоштадот беа пензионерите, кои се собираа во групи и мотивирани од спомениците коментираа и за историјата и за политиката, но имаше и многу помлади граѓани, кои паузата во работниот ден ја искористија за да ги видат новите обележја. Се среќаваа и такви што специјално дошле од другите градови за да видат „како излегле“ Делчев и Груев. Анела Петрова
Авторот задоволен од делата Авторот на коњаниците Гоце Делчев и Даме Груев, Жарко Башевски, вели дека е задоволен од она што е направено. Ако претпоставиме дека 23-4ти могуче е да ги стават просветителите од страната на стоун бриџ на камени, а следни според статијава се лавовите и ченто, значи секој викенд нови споменици ќе имаме месецов.. имам чувство дека баш недела ќе го одберат за ден, ко по-тапа ден.. заради поедноставен транспорт и монтажа.. епа дечки ако сабајлечки одите некаде (се прибирате
![]() ![]() ![]() ![]() Edited by SkyBoy - 04-May-2010 at 01:49 |
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Изгледа дека допрва ќе расте нишкава
![]()
|
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
И јас така мислам... тек ќе расте, а што е со спомениците кои ќе бидат поставувани на мостовите, пред се мислам на око и м. на уметноста, нив каде ќе ги коментираме ?
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
![]() Edited by SkyBoy - 05-May-2010 at 00:03 |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Што се однесува до споменициве, денеска разбрав дека наводно ќе се поставувале 3-4 споменици на истакнати Албанци во центар како дел од проектот ск 2014 и најверојатно уште 5 на мостот на уметноста. Мене ваквата идеја ми е сосема прифатлива, и сметам дека кон било која ЛИЧНОСТ од македонската турбулентна историја, која придонела за нејзино опстојување и развој треба да се оддаде признание. Ако тоа е со поставување на споменик - моја поддршка.
Исто така разбрав дека до крајот на месецот или почетокот на следниот, ќе биде поставен и споменикот на Ченто изработен во мермер (пред Тренд).
Edited by SkyBoy - 05-May-2010 at 00:03 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
SkyBoy, ај што сум против некои од спомениците, да го оставиме тоа настрана. Значи во сите 1000 испишани страници досега, (скоро) никој не се бунел против тоа да се оддаде признание преку споменик, туку сите што се бунеле се бунеле против тоа да се оддаде признание преку theme park со 100 споменици на километар квадратен. Тоа е смешно. Ни во СССР го немаше тоа. Друго е 100 скулптури на купче како во Рим (кој на сите ви е омилен за споредба), друго се 100 споменици/паметници на купче. Не е ова учебник по историја. За тоа има музеј (кој btw ќе биде на само 100 метри отспротива, и ќе има неколку од овие батки и во восочна форма).
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
гитар се согласувам, затоа реков (сакав да кажам) ако веќе мора да е споменик, нека биде.. би го прифатил.. ако пак има други алтернативни решенија - сум за, натрупаност и мене не ми се свиѓа особено без никаква поврзаност..
ако не се лажам на мостот на уметноста ќе има од поновата историја на македонија (19/20 век), а на око - антика.. така да, колку год чудно да изгледаат мостовиве, се фомираат некои засебни целини, themes
![]() Да не забегуваме, проектот во целина е специфичен..
|
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
Крени го копитото, спушти ја расправатаДали коњот на Даме Груев требало да биде кренат на две нозе или мирен се прашањата од новата расправа за проектот „Скопје 2014“, кои припаѓаат на семиотичкото толкување на скулптуралната композиција, кое наеднаш ја поклопи и досега јалово спроведената расправа за балансот како најважен елемент на јавната политикаТребало ли Гоце Делчев, кој бил учител, визионер и идеолог, да биде претставен на коњ? И дали коњот на Даме Груев, кој бил борец и револуционер, треба да биде мирен или скулпторската композиција морала да предвиди повеќе движење и да го претстави кренат на задните нозе?
Овие прашања од областа на семиотиката на уметноста деновиве отворија ново поглавје во расправата за новопоставените скулптури на Делчев и на Груев на градскиот плоштад. Да, точно е, секоја скулптура со начинот на кој е поставена нејзината композиција испраќа порака до публиката, но за разлика од прецизните средновековни правила и канони, новата уметност, не само скулптурална, е ослободена од нив и препуштена на индивидуалната релација што се воспоставува или не меѓу авторот, делото и публиката. - Тоа не се ликовни правила, туку канони позајмени од историјата на уметноста, кои му припаѓаат на некое друго време. Во новиот век не постојат такви правила - вели Беди Ибраим, професор по скулптура на Факултетот за ликовна уметност. Поставеноста на секоја скулптура претставува семиотички код, кој се толкува во согласност со кодексот на толкувања на уметноста, почитуван низ историјата. Коњаникот на коњ во мирна позиција или во кас испраќа друга порака, различна од јавачот на коњ, кренат на задните нозе, како што обично се претставувани воините, кои загинале во битка. Кренатата лева рака испраќа еден значенски код, а кренатата десна - друг. - Да, познати ми се тие правила, но сметам дека делото, пред сé, треба да е авторско видување на настанот или на личноста, па затоа не сакам да размислувам во рамките на тоа дали скулптурите на Делчев и на Груев исполнуваат дадени скулпторски правила, туку дали се авторски издржани - вели сликарот Коле Манев. Тој и самиот е исправен пред сериозна државна нарачка. За Музејот на жртвите на револуцијата веќе го изработи портретот-фигура на Ѓорѓија Пулевски, а сега работи на сликата со димензии 5 х 4 метри, што треба да го претстави Кресненското востание. - Овие правила што биле кодекс во средновековното творештво сега слободно се интерпретираат. Ако сакате да прикажете бунт, енергија - претставувате движечка фигура, ако сакате да постигнете контемплација - претставувате мирна фигура. Иако, би рекол дека таквите промислувања се своевидни изговори за прашањето дали е изведбата добра или не е - вели Манев. Како и многумина скопјани, и тој деновиве дошол на плоштадот да ги види новопоставените скулптури на својот колега Жарко Башевски. - Се ослободив од тежината. Би рекол, добро се направени и може да стојат без да се срамиме - вели Манев. Естетската расправа за евентуалните семиотички превиди на скулптурите на Делчев и на Груев е изненадувачка нова епизода, која ги продолжува досегашните доста јалови расправи за проектот „Скопје 2014“. Проектот за уредување на централното градско подрачје, кој почна да се реализира без претходна јавна расправа, разви дополнителна дискусија, која и натаму не дава здрава аргументација, зашто се одвива како своевиден разговор на глуви. При тоа еднакво се гласни двете страни - и поддржувачите и бранителите. На економските аргументи на противниците на „Скопје 2014“ од типот за несреќното темпирање на почетокот на проектот во време на рецесија, поддржувачите одговараат со историската, досега дури и задоцнета, нужност да им се изградат споменици на значајните личности од историјата. - Кому му пречи Гоце Делчев - е противаргумент, кому тешко може да му се најде соодветен одговор, без при тоа да биде засегнато прашањето за патриотизмот на „противникот“. На обвинувањата од противниците за споменична мегаломанија во услови на неподносливи и недозволени услови за лекување во психијатриските клиники, на пример, поддржувачите одговараат со неопходноста Македончето да го исправи ‘рбетот. Но тоа е, сепак, артилерија од различен калибар, која е некомпатибилна за иста битка. Прашањата од неостварената јавна расправа за проектот „Скопје 2014“, сепак, не се во семиотичкиот код на скулптуралната композиција (иако сосема легитимна е и таа расправа), туку во балансот како најважен елемент на јавната политика. Како што велат познавачите, прашањето на политиката не е „или(клиники)-или(скулптури)“ туку „и(клиники)-и(скулптури)“, во балансирана пропорција што ќе овозможи непречено функционирање на системите во општеството и исправање на евентуалните историски грешки со просторното уредување и историското одбележување, направени во меѓувреме. Кога и како ќе се гради, конечно, е легитимен избор на актуелната власт, врз чија основа потоа се проценува нејзината успешност или неуспешност во одминатиот мандат. Недостига само конзистентност во концептот, што може да се препознае и во најновава т.н. естетска расправа. Или ако веќе се работи во духот на класичарските традиции, што иако е анахроно е сосема легитимен избор на секоја власт, тогаш барем нека се почитува тоа докрај. Зашто за традиционално изработени скулптури треба да важат и сите класични канони при нивната изработка, во согласност со строгите правила на епохата од која е позајмен стилот. - Рамките, очигледно, се прецизно зададени од Владата. Тоа што го нарачала - тоа го добила. Но ако се почитувал класицизмот, тогаш тоа не е сторено докрај, пренебрегнато е нешто што одело во тој пакет - вели Анета Серафимова, византолог. Резимирајќи ја сета оваа ситуација, културната теоретичарка Сузана Милевска во интервју за „Нова Македонија“ неодамна изјави: - Дихотомскиот приод кон уметноста, кој на едната страна ги разгледуваше прашањата за формата и стилот како естетички категории, а на другата прашањата на содржината, историско-општествениот контекст и етиката како вонестетски прашања е ограничен и ирелевантен. |
|
![]() |
|
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
Има многу убав израз за ова - тапани после свадба, што ако му е левата нога крената, а умрел во постела или се чеша со десна рака, веќе кога се ставени на постамент...
|
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Осамна една чудна ко недовршена скулптура пред гимназијата Ј.Б.Тито
![]() 05-2010 Edited by Vladimir P - 06-May-2010 at 12:15 |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Macedonian ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 25-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 78 |
![]() ![]() |
Оваа ја направија пред 1 месец ама незнам што значи ![]() |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
За споменикот на Ченто 850.000 евра Мермерниот споменик на Методија Андонов Ченто најверојатно ќе биде поставен во првата недела од следниот месец, на 6 или 7 јуни, на плоштадот Македонија. Како што неофицијално дознаваме, изработката на овој споменик чини околу 850 илјади евра, колку што заедно чинат неодамна поставените бронзени паметници на револуционерите Гоце Делчев и Даме Груев. Освен обележјето на Ченто, готови и донесени во Скопје се два од четирите лава, кои наскоро ќе бидат поставени на мостот „Гоце Делчев“.За сите овие споменици се готови бетонските делови од постаментите, исто како и за спомениците на светите Климент и Наум Охридски, како и на нивните учители, светите Кирил и Методиј, кои ќе се поставуваат на другата страна од Камениот мост. Се шпекулира дека споменикот на браќата Кирил и Методиј ќе биде поставен на 24 Мај - Денот на просветителите, затоа што постаментите веќе се обложуваат со мермер. Во исчекување сме на споменикот на Никола Карев, кој качен на коњ ќе биде поставен пред Собранието, а за негово леење ќе бидат исплатени 715.000 евра. По овие, следни за поставување ќе бидат споменикот на цар Самуил, кој ќе биде вториот паметник во мермер, обележјето на гемиџиите, за кое имаше информации дека чини милион евра и на Јустинијан Први. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3738394041 209> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |