![]() |
![]() |
![]() |
Привремени и напуштени објекти |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 14> |
Author | |
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Уште е така. Ама бар улицата е реконструирана. |
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
ПРИВРЕМЕНО ОДЛОЖЕНО УРИВАЊЕТО НА ЛЕГЕНДАРНАТА СЕНДВИЧАРНИЦА
Центар се смилува за „Чичко Стоилко“ ![]() Тргањето на 72 привремени објекта на територијата на Центар ќе се врши етапно, со чувство за луѓето што работат во нив, објасни градоначалникот Владимир Тодоровиќ Александар Арсовски Иако Општина Центар лани најави отстранување на сендвичарницата „Чичко Стоилко“ од добропознатата локација во центарот на Скопје, сега за сега нема никаква конкретна најава за такво нешто во блиска иднина. Всушност, тоа не важи само за наведената сендвичарница, туку и за сите други на тој потег, со објаснување од Центар дека просторот ќе се уредува во сооднос со околината - порта „Македонија“ и други нови објекти во околината. Законски, кога такво нешто е во прашање, реализација на нацрт-решенија од урбанистички план, државата не е должна да им обезбеди нова локација на привремените трафики. Градоначалникот Владимир Тодоровиќ појасни дека тргањето на 72 привремени објекти на територија на Центар ќе го прават согласно со утврдена динамика, односно етапно. Kако причина за неизвршување на планот за уривање, го наведе немањето програма. Одговарајќи на советничко прашање зошто таква програма не е донесена, Тодоровиќ рече дека тоа не е направено за да се излезе во пресрет на интересите на граѓаните вработени во киосците. - Ќе ги отстрануваме само тие објекти што пречат во реализација на конкретните детални урбанистички планови, односно нема да се уриваат сите наеднаш. Сметам дека тоа е исправно. На тој начин се покажува чувство за луѓето што работат таму - рече тој на последната седница на Советот. Притоа беше дециден дека на местото на отстранетите нема да се поставуваат нови. Вработените во „Чичко Стоилко“ исто така немаа конкретни информации. - Нема никаква најава дека ќе нè урнат наскоро ниту, пак, со нас некој контактирал од локалната власт. Kога го најавија уривањето пред повеќе од една година, имаше информации дека тоа ќе се прави за реализација на проектот „Скопје 2014“. Сепак, оттогаш нема ништо ново или конкретно за тоа прашање - рекоа вработени од оваа сендвичарница. Истото го рекоа и другите газди од привремените објекти на тој потег. - Ние имаме муштерии и немаме време да размислуваме за тоа - рекоа од „Бака“. Од „Стар мост“ се помирени со состојбата. Велат дека не им одговара да ги уриваат, но ако решиле, нека го сторат тоа. Акции за отстранување трафики од населбите во Скопје немало. Поголемите што се паметеа се спроведоа лани. Во неколку наврати беа тргнати трафиките на автобуските станици кај Градежниот факултет на „Партизанска“, кај „Ловец“, кај комплексот банки или кај Домот на градежниците. Во мандатот на градоначалникот Ристо Пенов, поради обнова на плоштадот Македонија, беа тргнати неколкуте киосци спроти „Пелистер“. Некои од акциите предизвикаа и незадоволство, а и жестоки реакции од сопствениците. Викање, отпор и судски постапки ја карактеризираа одлуката за тргање на киосците кај Воената болница во првиот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Портата ќе ја чуваат Шатев и Татарчев Деновиве интензивно се работи на изградба на постаментите за спомениците на Павел Шатев и на Христо Татарчев. Ќе бидат поставени од двете страни на портата „Македонија“. Автор на обележјето на Татарчев е Миле Брцески и тој ќе биде поставен од левата страна, а на Шатев, кој ќе се издигне од десната страна, е Валентина Стевановска. Спомениците се леат во леарницата „Гуастини“ во Виченца. Современи трафики за сендвичи и за весници Старите зелени киосци ќе ги заменат нови во наредната 2013 година. Градот избра идејно решение за нови привремени објекти наменети за продажба на весници, сендвичи, пијалаци и друго. Автор на решението е архитектот Жарко Чаушевски, кој досега доби на неколку конкурси - за зградата на ЕЛЕМ спроти „Бристол“, новиот изглед на Владата, но и за идното почивалиште на македонската музичка ѕвезда Тодор Проески во Kрушево, што ќе го финансира Владата. Од Градот не соопштија детали каде точно ќе се поставуваат киосците - дали во сите населби или само во централното подрачје. Исто така, и колку средства ќе издвојат за нивна изработка, а и дали оние што ќе конкурираат, ќе мора и да платат за објектот. - Ова е само идејно решение. Сè уште нема конкретни податоци - потенцираа од одделението за односи со јавност во Градот. Останува неизвесно дали и оваа идеја ќе заврши неславно како онаа на Општината Аеродром. Надлежните оттаму пред две години самоиницијативно решија да го менуваат изгледот на постојните киосци. Избраа идеен изглед, но наидоа на отпор кај сопствениците на старите трафики. Тие во неколку наврати протестираа против локалната власт, која ги принудуваше да платат околу 10.000 евра за новите трафики. На крајот општинските власти попуштија и се договорија со газдите единствено старите киосци да ги пребојадисаат во сива боја. (A.П.) # http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9A90615FCD5E4D4A816E7FBFD06A25DA Edited by HugoGoulding - 28-Dec-2012 at 16:49 |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Правилно! Прекрасни паркови и кејови да се срамнат со земја без око да им трепне, но вакви "легендарни" ќумези кои на ништо не личат, создаваат смрад и смет околу себе и се магнет за бездомните кучиња да се амнестираат! Толку од нашите приоритети и вистински заложби за поубав и покомфорен град!
Edited by Andrej_LJ - 28-Dec-2012 at 17:14 |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
CenterCityKid ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
Ne znam sto se podgotvuva okolu vesnikarnicite, no edni od najubavite sto gi imam zabelezano bea vo San Francisco, koi se praveni vo 'barok' stil (mrzam da go upotrebuvam zborot zaradi toa sto e pogresen, ama nejse). Eve par primeri:
![]() |
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Еве какви сендвичарници ќе има во Скопје
![]() Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно градежно земјиште во општина Центар за изградба на катна гаража и мали комерцијално-деловни единици. Станува збор за една градежнапарцела со површина од 2.455 m², со намена за изградба на комунална инфраструктура – катна гаража со компатибилни класи на намени. Почетната цена на јавно наддавање изнесува 1.850 денари од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 13.02.2012 година. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 50.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата. ![]() Локацијата се наоѓа во близина на Собранието на Република Македонија, во центарот на Скопје и со реализација на оваа катна гаража се очекува да се овозможи поголем простор за паркирање на возилата што дополнително ќе придонесе кон растеретување на сообраќајот во централното градско подрачје. Исто така, денес е распишана јавна објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија во општина Центар по пат на електронско јавно наддавање со намена мали комерцијално-деловни единици – сендвичарници. Станува збор за 6 локации во централното градско подрачје на Скопје, кои се со површина од 8 m² на кои најповолните понудувачи објектите ќе треба да ги изградат во согласност со понуденото идејно решение за истите. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а рокот за доставување на понудите за учество во јавното наддавање е 13.02.2013 година. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 30.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата. http://evesti.mk/2013/01/10/eve-kakvi-sendvicarnici-kje-ima-vo-skopje/ Edited by HugoGoulding - 10-Jan-2013 at 14:43 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ова не е премало за сендвичари??? Кај во 8 метри квадратни ќе сместат скари, фрижидери, роба, пијалоци.
|
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Хм, во право си за ова. Но не се и така мали како што изгледаат. Ете спореди ги со луѓето покрај нив, ако е прикажано ова во приближно реален размер. А инаку ништо чудо да се работи и за погрешно пласирана информација и овие да се оние "штандови" за продавање весници.
Edited by HugoGoulding - 10-Jan-2013 at 15:39 |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
А на визуализацијата нема ни 2 метри квадратни...
|
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
нема теоретски шанси да сместиш сендвичарница во вакво нешто, најверојатно се работи за весникара/тутунара а нашите брилијатни медуми си направиле сопствена сторија од сето тоа, сепак, дури и за весникара ова е премало инаку, која е поентата да дислоцираш привремени објекти, само за на нивно место да поставиш нови? |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
![]() Според формата се работи за типични киосци/штандови како што има низ многу градови. Вообичаено за продавање весници/магазини/сувенири и останати ситнурии, мастики/цигари евентуално, не верувам дека се сендвичари... Edited by HugoGoulding - 10-Jan-2013 at 22:53 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Да се изостават златните капители и орнаментиката на долниот дел во златна боја ќе делуваат далеку попристојно.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ипак се работи за задоволителни 8 м2
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ НУДИ ШЕСТ ЛОКАЦИИ ВО ЦЕНТАР Хамбургери ќе се продаваат од тајландски сендвичарници Локациите се со површина од осум квадратни метри, а услов за купувачите ќе биде објектите да ги изградат во согласност со понуденото идејно решение од фотографијата ![]() На шест локации во централното градско подрачје ќе се постават сендвичарници со специфичен изглед, којшто по малку потсетува на објектите карактеристични за азиските земји. Министерството за транспорт и врски вчера објави јавен повик за продажба на атрактивните локации на кои ќе бидат поставени сендвичарниците. Локациите се со површина од осум квадратни метри, а услов за купувачите ќе биде објектите да ги изградат во согласност со понуденото идејно решение од фотографијата на текстот. Една од сендвичарниците ќе се постави кај хотелот "Холидеј ин", втората локација ќе биде до Жена-парк кај ресторанот "Национал", третиот објект е планирано да се постави на улицата "Македонија" кај Спомен-куќата на Мајка Тереза. Останатите три сендвичарници ќе се постават една спроти Градски ѕид, другата малку подолу кај зградата на Т-мобиле на автобуската станица, а последната ќе се наоѓа кај Собранието на РМ. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а рокот за доставување на понудите за учество во јавното наддавање е 13 февруари 2013 година. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 30.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата. Истовремено Министерството за транспорт и врски распиша конкурс за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија во општина Центар по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на катна гаража. Станува збор за една градежна парцела со површина од 2.455 квадратни метри, со намена за изградба на комунална инфраструктура - катна гаража со компатибилни класи на намени. Почетната цена на јавно наддавање изнесува 1.850 денари од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 13 февруари. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 50.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата. Локацијата се наоѓа во близина на Собранието на Република Македонија, во центарот на Скопје, поточно на паркингот веднаш зад Собранието. Од Министерството велат дека со реализација на оваа катна гаража се очекува да се овозможи поголем простор за паркирање на возилата што дополнително ќе придонесе кон растеретување на сообраќајот во централното градско подрачје. Висината на катната гаража ќе биде 9 метри. Под оваа катна гаража веќе е планирана изградба на подземна катна гаража. Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. (С.М.) вечер |
|
![]() |
|
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
Копенхаген стилизирани сендвичарници со антички столбови 2013
![]() Скопје стилизирани сендвичарници со антички столбови 2014 ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Слабо некако инспирација имаат.
|
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Квадрат за трафика во Скопје- 6350 евра!
Земјиштето за барокните киосци во Скопје постигна рекордни 6350 евра за м2. Лицето Селим Муше понудило вкупно 50 000 евра за да ја добие парцелата од 8м2 на улицата Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза, на денешната аукција во Министерството за транпорт. 17.06.2013 19:47:27 Share on facebook Share on twitter Share on email Share on print More Sharing Services Земјиштето за барокните киосци во Скопје постигна рекордни 6350 евра за м2. Лицето Селим Муше понудило вкупно 50 000 евра за да ја добие парцелата од 8м2 на улицата Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза, на денешната аукција во министерството за транпорт. Освен рекордната, од понудините шест, продадени се уште две парцели за оваа намена. Истиот понудувач, Селим Муше, победил со 5 400 евра за квадрат за парцела на кејот до хотелот Холидеј Ин. За околу 110 евра од квадрат пак фирмата Супрема ДОО се избори да ја откупи парцела за киоск на аголот на Жена паркот, спорти трговскиот центар Соравија. - „ Во однос на градежните парцели кои не беа отуѓени на денешното јавно наддавање, Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски ќе објави повторна објава во најкраток временски период.“ - одговорија меѓу другото од Министерството за транспорт и врски Откако ќе бидат известени, победниците на аукциите имаат 15 дена да ги уплатат парите во Министерството за транспорт. Доколку го направат тоа, добиваат право на купените парцели да изградат сендвичари, но со изглед кој го избра Градот Скопје. Рекордните суми постигнати денеска доаѓаат по силна конкуренција од неколку заинтресирани фирми за сендвичарите но и отстранувањето на досегашните вакви или слични привремени објекти низ центарот на Скопје. Почетната цена на аукциите беше нешто помаку од 100 евра од метар квадратен или околу 780 евра по парцела. Александар Димитриевски http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=58432#.Ub9N0j5K1EY |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Третата продавница за сувенири ќе биде отворена во ноември
На улицата „Македонски просветители“ во тек е поставувањето на третата продавница за сувенири. Како што информира директорката на Завод и музеј- Охрид, Тања Паскали- Бунташеска, монтирањето на продавницата се очекува наскоро да заврши и да започне со работа во текот на месец ноември. ![]() Останатите две продавници за сувенири во Охрид, кај чинарот и на градското пристаниште, свечено беа отворени во средината на септември. Како што тогаш истакна министерката за култура Елизабета Канческа- Милеска, одбраните локации за поставување на објектите се одлични ,и тие ќе имаат големо значење за гостите кои во нив ќе можат да купат автентични сувенири кои го отсликуваат нашето богато културно наследство и она што го поседуваме како држава. ![]() Во продавниците може да се најдат копии од артефакти од сите археолошки локалитети во Охрид и Македонија . Меѓу нив се охридскиот бисер, копии од икони, фрески. http://www.ohridnews.com/vesti/61834 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Избрано идејното решение за типски трафики во Штип
Општина Штип избра типско решение за тоа како ќе изгледаат киосците кои приватни лица ќе ги поставуваат низ градот. Оваа идејно решение е на штипската фирма „Алмонт“, избрана согласно условите од конкурсот кои беа објавени од општина Штип. Тоа значи, дека во иднина, по претходно одобрена локација за поставување на ваква урбана опрема, сите сопственици на киосци ќе треба да ги набават овие типски траифики од фирмата „Алмонт“, со што ќе се унифицира изгледот на објектите во кои ќе се врши продажба на весници и друга стока. Унифицирањето на продажните траифики е дел од заложбите на градоначалникот и локалната самоуправа за уредување на локациите каде се поставени и ќе се поставуваат вакви објекти. ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Баш се убави , ми се допаѓаат ,не се воопшто нападни и изгледаат доста едноставно.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ПОДНИ РЕКЛАМИ И ПОВИСОКИ КИОСЦИ
„Подниот маркетинг“ не смее да пречи на слободното движење на пешаците и на лицата со посебни потреби Градскиот Совет утврди нови прописи за поставување привремени објекти и урбана опрема како клупи, канти, сплавови, билборди, автобуски постојки, монтажни и демонтажни објекти. Скопските киосци ќе станат повисоки и пошироки, а донесени се новитети и за светлечки видео екрани и за подни реклами. Ваквиот „поден маркетинг“ не смее да пречи на слободното движење на пешаците и на лицата со посебни потреби. Рекламите не смеат бидат трајно прицврстени за партерот ниту, пак, да ја оштетат подлогата, туку да се дизајнирани за полесно „стави-вади“. Во иднина храна ќе се продава и на површините каде досега се продаваа единствено билети, сувенири, весници и сладолед и тоа на површина од најмногу 16 квадратни метри, додека весници и сувенири во киоск не поголем од 10 квадрати. Со измените, привремените објекти добиваат поголема висина. „Пораснаа“ од 3,5 на 4,5 метри. Сплавовите се дефинирани како површини поставени на вода поврзани со копно со максимално дозволена површина до 100 квадрати. За сплавови на речни корита, површината може да се уреди со посебна програма, проект или елаборат. Сплавовите можат да се поставуваат и користат на подолги временски период или краткотрајно сезонски, за одредени манифестации или дејност. Се менува и проодниот простор пред автобуските стојалишта т.е. растојанието меѓу постојката и рабникот на коловозот. Минималното растојание од 1,5 метри се намалува на половина метар, а максимумот останува ист - 2,5 метри. (Б.Ш.) http://www.utrinski.mk/?ItemID=EB2E0B48EA27E14180B8BE633EB73B1D Edited by Џоле - 30-Sep-2014 at 12:57 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 14> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |