build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4950515253 66>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1001 Posted: 10-Sep-2020 at 15:38
Жителите од Дексион не дочекаа одговор од Општината, излегуваат на протест

Тие реагираа веднаш по усвојувањето на планот и бараа од Општината да го ревидира, да се намали градежниот габарит и катноста на зградите, но како што информираат, ниту откако изминаа две недели од нивното барање, нема одговор од локалните власти.

Жителите од населбата Дексион, в сабота точно напладне, со мирен протест и блокирање на главната улица кај Јурија, во Општина Ѓорче Петров, ќе го искажат својот револт против усвоениот ДУП СЗ 24, со кој се предвидува изградба на згради со 17 ката на овој простор. Тие реагираа веднаш по усвојувањето на планот и бараа од Општината да го ревидира, да се намали градежниот габарит и катноста на зградите, но како што информираат, ниту откако изминаа две недели од нивното барање, нема одговор од локалните власти.

– Протестот ќе биде мирен и достоинствен, ќе се почитуваат сите заштитни мерки за ковид-19, а неговата цел ќе биде праќање порака дека условите за живот на граѓаните се пред парите и урбаната мафија! Нашите барања мора да бидат прифатени и овој криминално донесен ДУП мора да биде ревидиран – се вели во повикот на граѓаните организирани во Иницијатива против урбано дивеење.

Жителите на Дексион, незадоволни од донесениот ДУП, тврдат дека Јурија ќе се претвори во бетонска џунгла доколку се изградат згради со 17 ката, високи по 58 метри. Според нив, со тоа комплетно ќе се измени демографската слика на тој дел од Ѓорче Петров, ќе се наруши комодитетот на живеење и ќе создаде огромен проблем со новите возила и потребите за живеење на тие жители, како што се градинки и училишта. Покрај тоа, тие стравуваат дека со изградбата ќе запре струењето на воздухот и ќе се зголеми загадувањето.

Од Општина Ѓорче Петров во однос на констатацијата дека станува збор за „габаритен објект од 17 ката“, посочуваат дека тоа се максимално дозволените нумерички параметри за градежната парцела, но со нив не се дозволува изградба на целата површина за градење објекти со оваа височина.

Зададена е височина од П до П+17 (од приземје до приземје и 17 нивоа), при што максимално дозволената бруто развиена површина за градење условува дека со П+17 може да биде изведен само мал дел од површината. Всушност, ова е планска одредба, со која ќе се условат архитектите да изнајдат посмели архитектонски решенија за градбите, со разиграни и денивелирани површини и волумени, односно интенцијата е да се побегне од стерилните архитектонски решенија, кои беа вообичаени во изминатиот 10-годишен период, кога се реализираа „ѕидови“ во должина на улиците – велат од Општината.

Од Ѓорче Петров тврдат дека во просторот значаен дел е одделен за зеленило и дека е планиран и јавен парк на површина од 4257 метри квадратни, во зона надвор од градежни парцели.

https://www.slobodenpecat.mk/zhitelite-od-deksion-ne-dochekaa-odgovor-od-opshtinata-izleguvaat-na-protest/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1002 Posted: 11-Sep-2020 at 11:43
За овој дел со куќите десно долго време се зборува дека ќе го пополнат со згради но деталниот е сеуште под мораториум

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1003 Posted: 11-Sep-2020 at 12:19
ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОДНЕСЕ ТУЖБА ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ЗА ЗЕМЈИШТЕ КАЈ ФРАНЦУСКИ ГРОБИШТ

Општина Центар преку Државното правобранителство поведе судска постапка за раскинување на договори за продажба на државно земјиште на Графички центар Скопје. Станува збор за парцели во близината на Француските гробишта, продадени на јавно наддавање на 10 декември 2013 за изградба на објект со намена култура.

Станува збор за склучени договори помеѓу Министерството за транспорт и врски како отуѓувач и Трговското друштво за новинско издавачка дејност и графичко производство – Графички центар ДОО Скопје, како купувач.

По преземање на предметите од Министерството за транспорт и врски, од страна на Општина Центар е утврдено дека е отворена стечајна постапка над купувачот Графички центар ДОО Скопје и следствено на тоа, поведена е судска постапка за раскинување на договорите, каде што по едниот и другиот договор, требало да биде изграден објект со намена В3 – култура, согласно извод од ДУП Тетовска трошарина, донесен со одлука на 13 ноември 2012.

„Како Општина Центар предлагаме, а јас како нејзин градоначалник апелирам прекин на извршната постапка, односно непреземање на извршни дејствија од страна на надлежниот извршител до целосно завршување на судските постапки, за да не ги загрозиме имотните права и интереси на Република Северна Македонија“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

Согласно последните проверки во судот, Општина Центар е известена дека тужбата е проследена до тужениот и се чека да се закаже рочиште по наведениот предмет.

„Очекувам позитивен исход од постапките, кои ќе бидат во интерес на жителите на Општина Центар и граѓаните во Македонија“, додава Богдановиќ.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-podnese-tuzhba-za-raskinuvane-na-dogovorot-so-grafichki-tsentar-za-zemjishte-kaj-frantsuski-grobishta/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1004 Posted: 15-Sep-2020 at 14:23
ДУП за Јурија е донесен, одобрение за градба уште не е издадено

Во информацијата за планот објавена на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров, покрај некои попрецизни дообјаснувања, нема ниту збор за она што го бараат граѓаните организирани како Иницијативата против урбаното дивеење – дали постои можност планот да се повлече и да се ревидира.

Општина Ѓорче Петров донесе Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 24, за локалитетот Јурија, со кој се овозможуваат услови за градење на овој простор, но одобрение за градење сѐ уште не е дадено. Ова го тврдат од Општината, притоа прецизирајќи дека одобрение за градба се издава врз основа на основни проекти за градбите, во постапка во согласност со Законот за градење.

Оттаму додаваат дека донесениот ДУП е изработен во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022 и Регулациски план на ГУП за четврт СЗ 24 од 2018 година. Според нив, решението на новиот план нуди современ концепт за развојните потреби на општината.

Објаснувањето за планот, Општината го даде ден подоцна откако дел од жителите на населбата Дексион излегоа на протест и ја блокираа главната улица во Ѓорче Петров незадоволни од решенијата што ги нуди новиот ДУП, пред се од изградбата на, како што велат „бетонски ѕид во Јурија“ и згради високи по 17 ката и побараа негово ревидирање.

Во информацијата за планот, објавена на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров, покрај некои попрецизни дообјаснувања за планот, нема ниту збор за она што го бараа граѓаните организирани како Иницијативата против урбаното дивеење – дали постои можност планот да се повлече и да се ревидира.

Напротив, од Општината велат дека максимално дозволените нумерички параметри за градежната парцела не дозволуваат изградба на целата површина на објекти со височина од 58 метри, односно приземје и 17 ката. Всушност, станува збор за една парцела каде што е предвидена изградба на „облакодер“.

– Всушност, ова е планска одредба со која ќе се условат архитектите да изнајдат посмели архитектонски решенија за градбите, со разиграни и денивелирани површини и волумени, односно интенцијата е да се побегне од стерилните архитектонски решенија, кои беа вообичаени во изминатиот 10-годишен период кога се реализираа „ѕидови“ во должина на улиците – тврдат од Општината.

Според локалните власти, нема да биде спречен ниту протокот на воздух, затоа што со проектирање разиграни и денивелирани површини и волумени на градбите, по целата должина ќе се појават продори во површините за градење.

Во просторот значаен дел е одделен и за зеленило, па како што објаснуваат дури 4.257 метри квадратни се планирани за јавен парк, а во секоја градежна парцела инвеститорот мора да обезбеди и најмалку 20 отсто зеленило.

Засега нема реакција на граѓаните од Иницијативата против урбаното дивеење, кои беа организатори на протестот, во однос на информацијата од локалните власти, иако најавија дека нема да се откажат од „борбата“ додека не се исполнат нивните барања.

Сепак, освен незадоволните жители од донесениот ДУП, има и граѓани што го поддржуваат и сметаат дека Ѓорче Петров треба да се урбанизира.

https://www.slobodenpecat.mk/dup-za-jurija-e-donesen-odobrenie-za-gradba-ushte-ne-e-izdadeno/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1005 Posted: 17-Sep-2020 at 11:52
Бочварски: Граѓаните нема да може да реагираат за урбанистички план, ако не дале мислење пред да биде донесен

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпишал Правилникот за урбанистичко планирање, со што се овозможува примена на новиот Закон за урбанистичко планирање.

– Ќе овозможиме вистински развој на урбаните средини преку рационално и хумано планирање на просторот – рече Бочварски на прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека законот овозможува вистинско вклучување на јавноста во креирање на реалните потреби и состојби во планирањето на просторот.

Според него, се воспоставуваат сериозни регулации во делот на донесувањето на урбанистичките планови и заштитата на зеленилото, како што е предвиденото двојно гласање во Советот преку партиципативно тело во кое ќе учествуваат граѓани, стручни лица, фелата, советничките групи, кои ќе имаат целосен увид во носењето на деталните урбанистички планови.

-Апелирам и барам вклученост на граѓаните. Ова е идеален правилник преку кој можат да се вклучат сите, но од овде натаму останува вклученоста на граѓаните да не се доведуваме во ситуација по донесени ДУП-ови да излегуваат реакциите на граѓаните бидејќи тогаш таа реакција реално е и задоцнета. Токму поради ова Правилникот беше целосно усогласен со фелата, архитектите, професорите, коморите, граѓанските здруженија. Во текот на носењето се вградени 410 ставови, во законодавно-правниот аспект 330. Правиме сериозна регулација на просторот. Можеме да бидеме уверени и убедени дека урбанизмот ќе биде вистинска алатка за вистински развој на државата, а не нешто преку кое ќе се врши узурпација на просторот – појасни Бочварски.

https://plusinfo.mk/bochvarski-gra-anite-nema-da-mozhe-da-reagiraat-za-urbanistichki-plan-ako-ne-dale-misle-pred-da-bide-donesen/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1006 Posted: 03-Oct-2020 at 14:56
СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ УСВОИ ШТЕТЕН РЕГУЛАЦИСКИ ПЛАН ЗА ПОТЕГОТ КОЗЛЕ-ТРНОДОЛ-ЖДАНЕЦ КОН ВОДНО

Документациска основа. Покажува дека неточно и набрзина е направена. Постоечки уреден парк класифициран е како девастирано земјиште.



Се гледа како заштитно зеленило од важечки ДУП-ови на Општина Карпош сега се предвидуваат за домување.



Се гледа како заштитно зеленило од важечки ДУП-ови на Општина Карпош сега се предвидуваат за домување.



Прикажани се 2 локации кои претходно не биле во опфат на ГУП (=опфат на Град до граница на град, туку надвор од град). Во документациска основа нема ни куќички по цела нивна територија, туку само во дел, а во Регулациски план цели зони се предвидени за домување.



повеќе на следниов фб профил

https://www.facebook.com/dragana.velkovska
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1007 Posted: 11-Oct-2020 at 13:58
НЕКА НЕ СЕ СЕКИРААТ ГРАДЕЖНИЦИТЕ И СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ, ЌЕ СИ ГИ ДОБИЈАТ ПЛАНОВИТЕ ШТО СЕ ПОД МОРАТОРИУМ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГДАНОВИЌ

Само пет детални урбанистички планови донесе Општина Центар за речиси три години откако беше воведен мораториумот за градба. Со одлука на Советот на Општина Центар по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, на 27 декември 2017 беше донесен мораториум на градба, со кој беше стопирана реализацијата на 31 детален план. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека 16 планови се во завршна фаза и се надева дека до крајот на неговиот прв мандат сите ДУП-ви ќе бидат донесени.

„Нека не се секираат градежниците и стопанските комори, ќе си ги добијат плановите, но преку јавна и транспарентна постапка, а не како во минатото кога планови се носеа во 5 наутро. Досега донесени се пет планови, 16 се во завршни фаза. Епидемијата на коронавирусот ги одложи работите бидејќи не можеа да се одржат јавни анкети и јавни презентации, не сум јас крив што се соочивме со таква ситуација. Јас ќе дадам сѐ од себе до крајот на мојот мандат да бидат донесени сите планови“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

Богдановиќ очекува до крајот на годинава да биде донесен ДУП-от Мал ринг, во кој се наоѓаат спомениците од проектот „Скопје 2014“, Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза, за кои од Асоцијацијата на архитекти на Македонија и од Работната група за „Скопје 2014“ бараат да се отстранат од планот и да се урнат.

„Споменикот на Мајка Тереза кој е единствен кој не е довршен е изграден се дадено одобрени. Треба да се преземат низа активности од повеќе институции за да се отстрани, во тек се тие постапки и кога ќе завршат јавноста ќе биде информирана“, вели Богдановиќ.

Мораториумот кој пред речиси три години го донесе Општина Центар, на 20 март лани беше времено укинат од Уставниот суд, додека не се донесе одлука дали тој е законски донесен и во согласност со Уставот. Иницијативата за уставноста и законитоста на мораториумот до Уставен суд ја поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на северозападна Македонија.

По ваквата одлука на Уставен суд, Општина Центар донесе нова одлука за мораториум со која Деталните урбанистички планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план на Град Скопје (ГУП), нема да се применуваат. Сите планови кои се ревидираат се спротивни на ГУП-от, па со тоа Општината не се издаваат дозволи за градба додека не бидат усогласени со Генералниот план односно не бидат донесени нови планови.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/neka-ne-se-sekiraat-gradezhnitsite-i-stopanskite-komori-ke-si-gi-dobijat-planovite-shto-se-pod-moratorium-veli-gradonachalnikot-bogdanovik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1008 Posted: 13-Oct-2020 at 08:51
Во Автокоманда зграда од три ката ќе стане десеткатница





Во предлог деталниот урбанистички план за Градска четврт ССИ 09, Општина Гази Баба е исцртана маркица со која постојна зграда со приземје и три ката, треба да се „легализира“ изградба на објект – десеткатница.

Случајот го актуализираат советници од општина Гази Баба и ги повикуваат жителите на Автокоманда, каде што впрочем се наоѓа зградата на булевар „16 Македонска бригада“, ако се против решението вцртано во ДУп-от да пополнат анкетни листови кај претседателот или секретарот на местата заедница „Автокоманда“ бидејќи рокот е до 14 октомври 2020 година.

Во ваши раце е да одлучите дали и покрај тоа што веќе населбата нема доволно чист воздух, има проблеми со канализација, места за нови ученици и паркинг за автомобилите сакате да ви се изградат нови згради со повеќе од 10 ката. Имено, некојси „урбаниста“ нацртал во предлогот на ДУП за Градска четврт ССИ 09, Општина Гази Баба – Скопје, да се „легализира” изградба на објект – десеткатница на булевар „16-та Македонска бригада“, и покрај тоа што во претходниот ДУП овој објект е планиран со висина од П+3 ката и истиот е веќе изграден со предвидената височина – велат советници од општина Гази Баба.

Оттаму посочуваат дека дел од становите се веќе продадени, а сопствениците при купопродажбата немале сознанија дека објектот ќе го менува габаритот и катноста.

– Изградбата на десеткатницата што се предводува со предметниот ДУП, ќе предизвика промена на микро-климата и ќе влијае на условите за живот на постојните објекти во околината. Ќе се спречи струењето на воздухот овозможено со близината на парк-шумата Гази Баба и ќе се спречи продор на сончева светлина заради разликата во катностите на планираната десеткатница и соседните објекти – сметаат советниците.

https://www.vecer.press
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1009 Posted: 14-Oct-2020 at 07:24
ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАТА ТЕПАЧКА ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: ГРАЃАНИТЕ КОНТРА ВЛАСТА ЗА ГРАДЕЊЕТО ВИСОКОКАТНИЦИ



https://24.mk/details/za-vlakno-izbegnata-tepachka-vo-opshtina-orche-petrov-gra-anite-kontra-vlasta-za-gradenjeto-visokokatnici
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1010 Posted: 19-Oct-2020 at 12:19
Градежна милијарда уставни порти отвора

Една недела пред Градежната комора да понуди спасоносна милијарда евра инвестиции во замена за отстранување на пречките за градење, како мораториумите во општините и други, Уставниот суд почнал да разгледува иницијатива поднесена од двајца охриѓани за да се укине одлуката за неградење во Општина Центар, покажува документ во кој БИРН имаше увид.

Градежниците го соопштија својот предлог на средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на 8 октомври, претставувајќи го како обид да помогнат во справувањето со тешките економски последици предизвикани од пандемијата со корона вирусот. Судот, пак, почнал да постапува по барањето на иницијаторите на 30 септември.

Ниту еден од подносителите не е познат во градежниот бизнис. За првиот нема никаква информација дека поседува или управува со некакво претпријатие, а вториот се занимава со трговија со пијалаци. Неуспешни беа обидите да стапиме во контакт со некој од нив за да ги објаснат мотивите зошто бараат укинување одлука во Општина Центар.

Ова е втор обид преку Уставниот суд да се отвори патот кон нова градежна офанзива во Центар, откако тој во март 2019 година донесе одлука да го запре мораториумот во оваа општина за да ја испита неговата законитост. Тогаш иницијативата ја поднесе токму Градежната комора што сега ја даде понудата за инвестирање, заедно со Стопанската комора на Северозападна Македонија. Но, општината, една недела подоцна донесе нова одлука за запирање на спроведувањето на деталните урбанистички планови, која сега двајцата жители на Охрид ја оспоруваат.

Претседателот на Градежната комора Ивица Јакимовски, за БИРН, вели дека тие во моментов ниту водат некакви постапки пред Уставниот суд, ниту размислуваат во таа насока, и дека наместо тоа, излегле со, како што рече, јасна понуда во интерес на целото општество.

„Оваа понуда не е во интерес само на инвеститорите, затоа што во рамките на градежниот сектор високоградба учествуваат дополнително уште 26 индустриски гранки“, рече Јакимовски.

Новата иницијатива, како што дознава БИРН, се надоврзува на старата. Во неа се споменува дека Уставниот суд веќе еднаш го запрел мораториумот, но општината не го испочитувала тоа и донела нова одлука. Таа се повикува на истите членови, ставови, алинеи и амандмани на Уставот, како и иницијативата од 2019 година, и на истите закони.

Во двете иницијативи, со речиси истите зборови, се укажува на правото на сопственост како уставно загарантирано право и на правото на градење што произлегува од него согласно важечки урбанистички документи. Се вели и дека со оваа одлука, Општина Центар ги доведува во нееднаква положба граѓаните што имаат имот на нејзината територија во однос на другите граѓани, бидејќи тие не можат да располагаат со својата сопственост.

Главната разлика меѓу нив е што во новата иницијатива се цитира и Законот за урбанистичко планирање донесен во февруари 2020 година, со кој се уредуваат начините како се суспендира урбанистички план.

Непристојна понуда?

Понудата на градежниците, како и новата иницијатива за уривање на мораториумот, доаѓаат во време кога се појавуваат сѐ повеќе иницијативи за запирање или за намалување на градењето во најгусто изградените делови на главниот град. По граѓаните на Центар, кои го издејствуваа мораториумот, слични иницијативи водат и жители на Карпош, Аеродром и Кисела Вода, во врска со различни подрачја што се интересни за инвеститорите, како Расадник или фабриката Треска. Некои формираат здруженија, а други остануваат неформални, организирајќи се преку социјалните мрежи.

Дел од експертите и активистите сметаат дека градежниците се обидуваат да ја искористат кревката економска состојба наметната од пандемијата на ковид 19 за во јавноста, но и кај властите, да ги наметнат своите тези над ставовите дека каде што е преизградено, веќе не треба да се гради.

„Гледам најбескрупулозно користење на ситуацијата со економската криза. Притисокот да се гради над капацитетите на просторот постои пред пандемијата, а заложбите тоа да се стави под контрола се од пред повеќе години. Но, сега го користат моментот и се претставуваат како спасители. Ова е крајно неодговорно и навредливо“, вели професорката од Архитектонскиот факултет Дивна Пенчиќ, една од поборниците за ограничување на градењето за да се овозможат похумани животни услови.

Активистите од иницијативата „Расадник на можности – за похуман живот во Кисела Вода“, пак, велат дека градежните инвеститори би си ја вратиле инвестираната милијарда само од деталниот урбанистички план за Расадник против кој тие се борат, а секое друго градење би им било профит.

Квадратурата за домување што ја предвидува овој план, која четирикратно ги надминува параметрите од Генералниот урбанистички план, изнесува 943.771 квадратен метар. Ако се одземе 15 отсто за комуникации и лифтовски јадра, остануваат 802.205 квадрати. По најмалку 1.000 евра од квадрат, тоа се 800 милиони евра. Уште 200 милиони од деловен простор, и ете ја милијардата“, објаснуваат за БИРН активистите на „Расадник на можности“.

Во одговорот на овие тврдења, претседателот на Градежната комора, Ивица Јакимовски (сосопственик и директор на фирмата Голден Арт), го става фокусот на две нешта – сопственост и облагородување. Вели дека желбите и забелешките на одредени субјекти и здруженија не можат да го ограничат ниту правото на сопственост, ниту правото на изградба на објект со одредена вредност, предвиден со детален урбанистички план.

„Бараме да инвестираме на сопствени локации што постојат. Не бараме да инвестираме на државен имот, туку на имот што е во стопроцентна приватна сопственост“, нагласува Јакимовски.

Тој додава дека не му е јасно зошто има толкав отпор кон градењето во центарот и во зоните околу него, кога таму постојат руинирани локации, депонии, стари фабрики и различни објекти на кои им поминала вредноста.

„Ние како градежна комора нудиме обнова, а со тоа и ново руво на градот, да се понудат модерни станбени и деловни објекти, кои ќе бидат во функција на општеството, а и директно да се помогне на економијата“, вели Јакимовски.

Што кога ќе снема место за градење?

БИРН веќе анализираше колку локации сѐ уште се кријат низ ДУП-овите и го чекаат својот инвеститор во подрачјата од Скопје, каде што високоградбата беше најинтензивна во изминатата деценија.

Анализите што ги направија граѓанските движења како „Здравје пред профит во Центар“, „Расадник на можности“ и други покажуваат дека во централните подрачја веќе не може да се гради со исто темпо без да се деградираат условите за хумано и безбедно живеење.

Предупредуваат на недостиг од простор за образовни и здравствени услуги, зеленило и рекреативни зони, но и на неисполнување на стандардите за заштита и спасување ако се случат несреќи. И тие се повикуваат на Уставот и на заштитата на правото на здрава животна средина.

Здруженијата укажуваат дека на местата каде што е пресметано дека може да живеат 8.000 жители се планираат згради што може да сместат 29 илјади луѓе (Расадник), а во местата каде што се преоптоварени училиштата и градинките се предвидуваат нови згради и неколку илјади жители (Треска).

И покрај тоа, градењето продолжува најинтензивно во центарот на главниот град и во неговото непосредно опкружување, односно на местата што се лесно поврзани со него.

Според податоците од Државниот завод за статистика, од 2010 до 2019 година, во земјава се изградиле над 57 илјади станови. Од нив, 19 илјади, или една третина, се направени во општините Центар, Карпош, Аеродром и Кисела Вода, а другите две третини се во преостанатите 76 општини.

Но, просторот е најограничен ресурс, не може да се создаде повеќе отколку што го има. Еден ден секако и физички ќе се потрошат локациите за градба во централните зони. Дали тоа ќе значи дека градежните компании ќе стават клуч, или ќе го откријат она што сега им го укажуваат активистите – дека може да градат, но на други места?

Професорката Пенчиќ вели дека постојано се прави замена на тези, па барањето контрола врз градењето за да се спречи понатамошно згуснување на Скопје се толкува како целосна забрана за градење. Според неа, градежната индустрија нема да пропадне и ќе може и натаму да инвестира и да вработува ако, наместо во Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Центар, гради во периферните делови на Скопје и во другите 33 градови низ Македонија.

„За градење има каде, но прашање е зошто е атрактивно во центарот на Скопје“, вели Пенчиќ.

Претседателот на комората, Јакимовски вели дека за компаниите да вложат во недвижности некаде треба да се решат два услова – сопственоста и урбанистичките планови.

„Згради се градат и во Општина Илинден, Гази Баба, Хиподром, во периферните делови на Општина Ѓорче Петров. Имаме изградено згради и во Сопиште. Не може да ни се припише дека исклучиво финансираме градење во центарот“, вели Јакимовски.

Како што додава тој, градежните компании се свесни дека не може секој да си дозволи стан во централното подрачје, па и самите бараат алтернативи, но потребно е да има понуда. Поточно, потребно е општините да направат планови со кои ќе се создадат услови за современо живеење – училишта, трговски објекти и друго.

„Како ќе поминува времето, потребата за живеење на периферија ќе се зголемува, но само ако се подобруваат условите“, смета Јакимовски

За позначително ширење на градежните инвестиции од Скопје кон внатрешноста, пак, претседателот на комората е донекаде скептичен. Вели дека таму прво треба да се создадат економски услови, луѓето да имаат причина да останат наместо да се иселуваат, и да вложат во нови недвижности во родните места. Само тогаш градежната оператива може да види шанса за инвестирање.

Во меѓувреме, Скопје ќе остане мегдан каде што со прашањето дали и колку ќе се гради ќе се занимаваат, не само општините, фирмите и граѓаните, туку и највисоките судски и државни власти.

https://prizma.mk/gradezhna-milijarda-ustavni-porti-otvora/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1011 Posted: 20-Oct-2020 at 14:38
(ВИДЕО) Мораториумот за градење во Општина Центар повторно пред Уставен



https://360stepeni.mk/video-moratoriumot-za-gradene-vo-opshtina-tsentar-povtorno-pred-ustaven/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1012 Posted: 21-Oct-2020 at 16:01
ДВАЈЦА ОХРИЃАНИ ПОДНЕСОА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН ЗА УКИНУВАЊЕ НА МОРАТОРИУМОТ ЗА ГРАДБА, БОГДАНОВИЌ БАРА ДА СЕ ОДБИЕ

Деталните урбанистички планови (ДУП) кои се под мораториум се штетни и директно и индиректно ќе влијаат врз загрозување на животот и правата на граѓаните, се вели во одговорот на Општина Центар до Уставен суд, откако повторно беше поднесена иницијатива за укинување на мораториумот за градба. Иницијативата за укинување на мораториумот за градба во Центар до Судот ја поднеле двајца граѓани од Охрид.

Градоначалникот Саша Богдановиќ денеска достави одговор до Уставниот суд во кој покрај образложение зошто е стопирана реализацијата на ДУП-те, бара поднесената иницијатива да биде отфрлена.

„Деталните урбанистички планови кои што се опфатени во Одлуката за начиниот на применување на деталните урбанистички планови од 27.3.2019 година, не се усогласени по ниту еден основ со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје од 2012 до 2022 година. Донесувањето и спроведувањето на деталните урбанистички планови претставува дел од двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање. Ако генералните урбанистичките планови служат за да ја одредат намената на земјиштето и функционалната организација на просторот, примарните инфраструктурални мрежи и основните услови за изградба, деталните урбанистрички планови служат за разработка и спроведување на ГУП-от, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Според тоа, ниту едно право, вклучувајќи го и правото на сопственост, не смее да биде исклучиво над друго право. Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 до 2022 и деталните урбанистички планови, не смеат и не ги третираат поединечните права како исклучиви над преостанатите поединечни права“, се вели во одгвоорот на Општина Центар со Уставен суд.

Лани, Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на мораториумот до Уставен суд беше поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на северозападна Македонија. Потоа, на 20 март Уставниот суд времено го укина мораториумот додека не се донесе одлука дали тој е законски донесен и во согласност со Уставот.

По ваквата одлука на Уставен суд, Општина Центар донесе нова одлука за мораториум со која Деталните урбанистички планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план на Град Скопје (ГУП), нема да се применуваат. Сите планови кои се ревидираат се спротивни на ГУП-от, па со тоа во Општината не се издаваат дозволи за градба додека не бидат усогласени со Генералниот план, односно не бидат донесени нови планови.

Советот на Општина Центар по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, на 27 декември 2017 донесе мораториум на градба, со кој беше стопирана реализацијата на 31 детален план. Досега се донесени само пет планови.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dvajtsa-ohrigani-podnesoa-initsijativa-do-ustaven-za-ukinuvane-na-moratoriumot-za-gradba-bogdanovik-bara-da-se-odbie/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1013 Posted: 24-Oct-2020 at 12:36
ДУП за „Треска“: Сопственик на земјиштето, во име на Општината, самиот црта што да се гради








Планерската компанија „Ин-пума“, која е најмена од Општината Центар за да го нацрта деталниот урбанистички план кој до скоро ја опфаќаше и фабриката „Треска“, во својата сопственичка структура има градежни фирми и физички лица кои се сопственици на парцели на истата локација.

Тоа е едно од сознанијата до кои дојде „360 степени“ во серијата обиди да дојдеме до одговори – зошто се влечкаат корекциите на замрзнатите детални урбанистички планови во Општината, каде што локалната власт тврди дека притиска за повеќе зеленило и помали згради од претходно, додека бизнисот инсистира на зачувување на т.н. стекнато право.

Ем планираат во име на Општината ем се подготвуваат да градат во свое име
Планерската компанија „Ин-пума“ е етаблирано име во јавноста и во своето портфолио има голем број детални урбанистички планови (ДУП). Еден од нив е и ДУП „Буњаковец“, кој го уредува и просторот на некогашната фабрика „Треска“. Тоа е можеби најголемото парче земја во центарот на Скопје кое не е развиено.

Во моментов, парчето за „Треска“ е издвоено од ДУП „Буњаковец“ поради идејата на општината за просторот да распише конкурс. Но, за локацијата еднаш беше донесен ДУП, изработен од „Ин-пума“, а по нарачка на едно од претходните раководства во оваа локална самоуправа, во 2012 година. Решението беше – на земјиште на поранешната фабрика да „никнат“ 30 нови згради,

Тој план беше дел од групата детални урбанистички планови кои Општината Центар ги стопираше на крајот на 2017 година. Според локалната власт, стопираните детални урбанистички планови не беа во согласност со Генералниот план на градот и/или беа во спротивност со други закони кои ја уредуваат материјата на планирањето на просторот. Конкретно за „Треска“, Општината се обидува „ослободениот простор“ да биде планиран за зеленило или за други јавни намени. Во принцип, работа на Општината е да кажува што да се смени, но планерската куќа најмена со јавни пари од општинскиот буџет е таа што ги „впишува“ промените во планот

Апсурдот во случајот со „Треска“ е што меѓу сопствениците на планерската компанија „Ин-пума“ е градежната компанија „Ремис“ од Охрид. Меѓу сопствениците на „Ремис“, пак, е фирмата „Градежник“. А еден од сопствениците на фирмата „Градежник“ е лицето Предраг Виќентијевиќ.

Името и презимето Предраг Виќентијевиќ добиваат на значење ако се проверат податоците за сопственоста на земјиштето кај „Треска“ во Агенцијата за катастар. На тоа име и презиме се водат десетици парцели на локацијата, земјиште кое ова семејство го добило со денационализација.

Свежа „инвестиција“
Доколку се погледне временската низа на случувањата околу „Ин-пума“, „Ремис“, „Градежник“ и Виќентијевиќ, станува јасно дека формалниот влез на градежниците и сопствениците на парцели кај „Треска“ во планерот на ДУП „Буњаковец“ се случил летово, но на тоа му претходеле низа други бизнис-зделки.

Првиот чекор за кој има трага се случил во октомври 2019 година, кога првично лицето Александар Виќентијевиќ се појавува во сопственичката структура на охридската градежна компанија „Градежник“. Само неколку недели подоцна, во декември 2019 година, неговото место го зазема лицето Предраг Виќентијевиќ. Партнер на Виќентијевиќ во „Градежник“ е Тони Илоски.

Градежната компанија „Градежник“ до тој момент е позната во јавноста како фирма-ќерка на градежната компанија „Ремис“.

Во февруари 2020 година, според достапните електронски податоци од Централниот регистар, се случува вториот чекор кога компанијата ТДПТУ „Божо Илоски – РЕМИС“ од Охрид влегува во сопственичката структура на „Ин-пума“ од Скопје. Со други зборови, тогаш се формализирани бизнис релациите меѓу планерот на ДУП, сопственик на парцели и градежна компанија.

Веројатно сосема случајно, општина Центар токму во февруари 2020 година ја носи одлуката за просторот кај „Треска“ да се издвои од ДУП „Буњаковец“ за да се распише конкурс, кој патем се уште не е објавен. Со тоа, барем од февруари до сега, „Ин-пума“ нема улога во планирањето на просторот на поранешната фабрика.

Но, сепак, претходните врски меѓу сопственици на парцелите и градежни компании во јули 2020 година формално се зацврстуваат, кога во „Ин-пума“ прво влегува член на семејството Виќентијевиќ. Василики Виќентијевиќ станува член на надзорниот одбор на планерската компанија, во која „Ремис“ веќе има дел од сопственоста.

Последниот чекор е направен пред неполн месец, кога во сопственичката структура на фирмата „Ремис“ (инаку косопственик на „Ин-пума“) влегува фирмата „Градежник“ (каде што косопственик е Предраг Виќентијевиќ). Со тоа и газдата на парцели кај „Треска“ и градежни фирми, кои потенцијално би граделе на локацијата, го завршуваат влезот во компанијата која до февруари добиваше пари од Општината за да го планира и тој простор.

„Ин-пума“: Нема судир на интереси
„360 степени“ ги побара за став сите инволвирани во низата. Единствени што до овој момент одлучија да одговорат на нашите прашања се од „Ин-пума“.

Управителката Николина Шандевска во телефонски разговор ни објасни дека таа не гледа нешто спорно ниту, пак, некаков судир на интереси. Според нејзиното образложение, точно било дека „Ремис“ има сопственички удел кај нив, но вели дека не станувало збор за ист правен субјект и дека компаниите извршуваат различна дејност. Таа додаде и дека плановите поминуваат низ многу филтри и дека ако имало нешто спорно деталните урбанистички плановите не би поминале низ стручните комисии во локалната и во централната власт.


Просторот кај „Треска“ – актуелен изглед
Сопственикот на земјиштето кај „Треска“, кој е и косопственик на фирмата „Градежник“, Предраг Виќинтијевиќ, на прашања на „360 степени“ за неговата поврзаност со другите фирми, одби да одговори со образложение дека нема време.

Од компанијата „Ремис“ побараа прашањата да им ги доставиме електронски, што и го сторивме вчера претпладне, но до објавувањето на овој текст не добивме одговор.

Центар: Некои планови се заглавени

„360 степени“ пред неколку дена објави дека на почетокот на месецов до Уставниот суд стигнала нова иницијатива со која се бара укинување на т.н. мораториуми во Општината Центар. Со други зборови, се бара да се прекине обидот – дел од деталните планови да се усогласат со Генералниот план и со законите и да може да се гради според претходно донесените деталните урбанистички планови.


Подносители на иницијативата се две физички лица, Александар Илиоски и Игор Влакевски. Случајно или не, двајцата подносители се од Охрид, градот каде што е регистрирана компанијата „Ремис“, односно градежната компанија која има поврзаност и со сопственикот на земјиштето кај „Треска“ и со планерската компанија која го црта планот „Ин-пума“.

Меѓу прашањата што „360 степени“ ги достави до „Ремис“, се и дали компанијата стои зад најновата иницијатива и дали лицата се нивни вработени.

Како и да е, Општината испрати одговор до Уставниот суд. Доскорашната претседателка на Советот на Општината Центар, Јана Белчева, која и претходно како граѓанска активистка ги туркаше измените на плановите, веќе изјави дека очекува Уставниот суд да одлучи во име на јавниот интерес. А за текот на измена на плановите, без да посочи на кои точно планерски фирми мисли, кажа дека некои од нив едноставно не постапуваат по барањата на Општината.


„Некои планови се заглавени зашто очигледно е немањето волја на некои од планерите да постапуваат по забелешките на стручните тела и стручната комисија на Одделението за планирање, кои совесно си ја работат својата работа останувајќи на принципите што треба да се коригираат во плановите“

оценува советничката во Општина Центар, Јана Белчева.
Мораториумот во Центар еднаш веќе беше предмет на иницијатива до Уставниот суд. Тогаш локалната власта направи трик со тоа што ја поништи обжалената одлука и веднаш донесе нова, за чие запирање би била потребна нова иницијатива до Уставниот суд со бројот на новата одлука.

Градежната комора и тогаш и сега реагира дека тоа што го прави Општина Центар е против Уставот. Првиот човек на Градежната комора, кој и самиот има интерес за градба кај „Треска“, вели дека градежниците не се тие што ги попречуваат деталните урбанистички планови. Но, истовремено, цврсто стои на ставот дека не смее да дојде до промена во однос на т.н. стекнато право – што значи дека ако некој добил големина на маркица на одредена парцела со еден ДУП, таа не може да му биде ускратена или намалена со следниот план.


„Во моментот не постои барање од ниту една компанија да бара да ѝ се зголеми повеќе од тоа што го има во моментот, никој не бара. Доколку постојат услови и општината процени дека треба да се зголеми, ние нема да кажеме ‘не зголемувај’, зголеми го. Но, претходно тоа што си го имал како сопственост, да го намалиш, тоа е недозволиво и тоа не може да помине“,
вели претседателот на Градежната комора, Ивица Јакимовски.


https://360stepeni.mk/dup-za-treska-sopstvenik-na-zemjishteto-vo-ime-na-opshtinata-samiot-tsrta-shto-da-se-gradi
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1014 Posted: 25-Oct-2020 at 22:39
Нови законски решенија во градежниот сектор, за да се спречи спрегата со градежните фирми

14/09/2020

Нови законски решенија во градежниот сектор, промени во постапката за избор на надзорот на градбите за да се спречи спрегата со градежните фирми, градење по план, инвестиции во комунална инфраструктура. Тоа се дел од ветувањата на Владата во новата Програма за наредните четири години.

Целта е целосно усогласување на системските закони што ја регулираат областа на градежништвото и урбанизмот, јакнење на инспекцискиот надзор и надлежностите на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам преку воведување регионални урбанистички инспектори, како и подобрување на квалитетот на градбите.

– За да го зајакнеме квалитетот на градбите кои ги финансира државата и да обезбедиме поголем интегритет при тендерите за градба и нивната реализација, ќе воведеме централизирано спроведување на избор на компании за надзор над градба на проектите. Потоа, за секој проект по случаен пат ќе се распределува надзорот, со што ќе се оневозможат спрегите помеѓу градежните фирми и надзорот кои секогаш се на штета на државата и граѓаните, ветува Владата.

(...)

plusinfo.mk

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1015 Posted: 26-Oct-2020 at 18:10
Велевски: Во Скопје не вирее био-светот, туку пробисветот



https://respublica.edu.mk/mk/intervju/2020-10-23-20-17-20
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1016 Posted: 07-Nov-2020 at 15:22
Еве што е предвидено со планот за Тафталиџе во делот кај ГУЦ и Архивот што се запали



https://www.facebook.com/groups/168386496689872/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1017 Posted: 09-Nov-2020 at 18:15
ДКСК: Изработка на ДУП по цена од еден денар за квадратен метар отвора можност за коруптивни зделки

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) му препорача на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и на членовите на Советот на Општината да внимаваат на квалитетот на плановите и да има поголема вклученост на граѓаните и стручната јавност во процесот на нивно донесување.

Реакцијата на ДКСК доаѓа по анализа на јавната набавка, со која Општина Центар ја ангажираше планерската фирма „Билд урбан“ ДООЕЛ за изработка на детален урбанистички план во строгиот центар на Скопје, по цена од еден денар за квадратен метар.

Антикорупционерите не нашле слабости во спроведување на постапката, но посочуваат дека поради ниската цена Општината нема како да наплати штета.

„Предвидени се одредби со кои е потребно економскиот оператор да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во износ од 10 отсто од вкупната вредност. Исто така, предвидено е договорна казна во износ од 1 промил од вкупната договорена цена на услугите кои се предмет на договор за секој ден задоцнување. Имајќи ја предвид вредноста на договорот од 1 денар, произлегува дека во овој случај Општината не располага со адекватни, ефикасни и правни механизми за наплата на штета и постои ризик од ненавремено и неквалитетно извршување на договорот без посериозни и финансиски последици по економскиот оператор, дотолку повеќе што се доведува во прашање квалитетот на уредувањето и хуманизацијата на просторот. Оваа состојба, Комисијата за јавни набавки требала да ја има предвид и да ја согледа при оценувањето на прифатливоста на образложението за невообичаено ниската цена доставена од економскиот оператор“,

„360 степени“ уште минатата година објави дека ДУП во строгиот центар на Скопје, кој го опфаќа просторот околу „Холидеј ин“, се црта по рекордно ниска цена. Станува збор за планот Ц 08, кој во 2012 година е изработен од ист планер, но е ставен под мораториум поради неусогласеноста со Генералниот урбанистички план. Фирмата што го изработила претходното, а го работи и новото решение по рекордно ниска цена е во сопственост на Бојан Муличковски, син на доајенот на македонската архитектура Петар Муличковски. Кога лани го побаравме, Муличковски тврдеше дека не се борел за материјална корист туку за референција – неговата фирма да изработи план во строгиот центар на Скопје.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, тогаш кажа дека Општината го набљудува процесот, дава насоки и не би усвоила нешто што отстапува. Но, професорката Дивна Пенчиќ, како членка на Комисијата за урбанизам во Општина Центар, тогаш сведочеше дека планирањето е на примитивно ниво, а планерските куќи одбиваат да поправат суштински забелешки од комисиите за урбанизам. Се случува дури и да речат дека ги внеле забелешките, а по проверката Комисијата да заклучи дека не е така, по што плановите постојано ги враќаат на корекција и не можат да се ослободат од мораториумот.

Фактот дека планот се изработува по исклучително ниска цена, го зголемува ризикот од коруптивно однесување, односно вклучување зделки меѓу планерот и сопствениците на земјиштето кои се идни инвеститори. Од увидот во документацијата, утврдивме дека забелешките што Комисијата за урбанизам, која е формирана од градоначалникот, во повеќе наврати ги упатувала до планерот, не се прифатени во целост, а Општината како нарачател на услугата не го искористила правото да не ја прифати извршената услуга која е предвидена со договорот со економскиот оператор“,

Ивановска рече и дека градоначалникот на Општината не постапил согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, со кој е предвидено обезбедување инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање.

„Препорачуваме, градоначалникот и советот да водат сметка за квалитетот на плановите што ќе ги донесат, притоа имајќи ги предвид и почитувајќи ги одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање, дека ДУП, како план од понизок ранг, мора да е усогласен со Генералниот урбанистички план и дека е задолжително формирање партиципативно тело и обезбедување инклузивност и јавност на процесот. Органите на Општината и сите институции што учествуваат во одобрувањето на плановите, особено да водат сметка за стандардите и нормативите со кои се обезбедува зголемување на степенот на хуманоста на живеењето, хармонизацијата и хуманизацијата на просторот со плански одредби кои ќе ја штитат и стимулираат приватната сопственост, но на начин со кој нема да го повреди јавниот интерес. Законите на природата не признаваат ниту корупција ниту трпат амандмани, а за оние што се упорни во намерата да ја извитоперат животната средина, природата казнува со катастрофи од кои страдаме сите“,

https://360stepeni.mk/dksk-izrabotka-na-dup-po-tsena-od-eden-denar-za-kvadraten-metar-otvora-mozhnost-za-koruptivni-zdelki/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1018 Posted: 10-Nov-2020 at 11:10
Новиот ДУП не е во интерес на жителите на Општина Карпош

Предлогот за нов Детален урбанистички план за Градска четврт 3 06, Блок 3 не е во интерес на Карпошани и не е согласно реалните потреби на Општина Карпош.
Со овој ДУП, во четвртот кај СГГУГС Здравко Цветковски се предвидува две нови станбени згради. Едната со приземје + шест спратови и поткровје со вкупна висина од 21,80 метри, а другата со приземје + пет спратови и поткровје со вкупна висина од 18,80 метри.
Загрижува и тоа што на парцелата 09.02, на местото на Заводот за урбанизам и архитектура и Институтот за социолошки и правни истражувања се предвидува објект со приземје и девет спратови со вкупна висина од 41.70 метри.





https://www.facebook.com/LevicaKarpos

овој се гласа за 2 дена





Edited by stef4o - 10-Nov-2020 at 11:11
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1019 Posted: 10-Nov-2020 at 14:27
ЗА ДВА-ТРИ ДЕНА ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ КОНКУРСОТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ ФАБРИКАТА „ТРЕСКА“, ВЕЛИ БОГДАНОВИЌ

Конкурсот за уредување на просторот кај фабриката „Треска“ во Скопје ќе биде објавен до крајот на оваа недела. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели сè е подготвено за објавување на конкурсот, само чекаат да бидат доставени ажурирани податоци од геодетската фирма.

„За два-три дена ќе биде објавен конкурсот за тоа што да се гради на просторот кај фабриката ‘Треска‘. Формирана е комисија која го подготви конкурсот и жири комисија за оценување на пристигнатите решенија. Во комисиите има претставници на стручната фела, на сопствениците на земјиштето и од невладиниот сектор“, вели градоначаникот Богдановиќ.

Во комисијата за спроведување на конкурсот се Мирко Андоновски од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), професорката од Архитектонскиот факултет Дивна Пенчиќ, Оливар Бојковски претставник на сопствениците, Снежана Митовска од Град Скопје и Биљана Насковиќ од Општина Центар.

Комисијата која ќе ги оценува пристигнатите решенија е составена од професорката Јасмина Силјановска од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), професор Михајло Зиновски од Архитектонскиот факултет, Миодраг Радоњиќ-Бато од Архитектонската академија на ААМ, Ивана Драгшиќ, претставничка на невладиниот сектор, Предраг Виќентиевиќ, претставник на сопствениците, Жаклина Ангеловска од Комората на овластени архитекти, Марјан Иванов од Градежната комора, Наташа Тодоровска-Пренк од Општина Центар и Виктор Михајлов од Град Скопје.

Во јануари годинава, професори, архитекти членови на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти, како и граѓанските здруженија „Здравје пред профит во Центар“, „О2 коалиција“ и „Транспарентност Македонија“, поднесоа иницијатива до Општина Центар за распишување Архитектонски урбанистички конкурс за локацијата на фабриката „Треска“. Ваквото нивно барање дојде откако во јавноста почна да се зборува дека со новиот план „Буњаковец 2“ , кој во моментов се прави во рамките на мораториумот, а во кој влегува и просторот на фабриката, се превидуваат нови згради во центарот на градот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-dva-tri-dena-ke-go-objavime-konkursot-za-ureduvane-na-prostorot-kaj-fabrikata-treska-veli-bogdanovik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1020 Posted: 12-Nov-2020 at 17:15
Попладнево го усвоиле деталниот за овој потег на Илинденска





https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4950515253 66>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.631 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.