![]() |
![]() |
![]() |
Сончева енергија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678> |
Author | ||||||||||||
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Во Порече ќе се градат четири соларни електрани
Четири соларни електрани ќе се градат во близина на село Инче бродско, секоја со инсталирана сила од еден мегават. Комплетното завршување на овој проект и почетокот на работа на електраните треба да се случи во 2015 година. ![]() За оваа намена Општината Македонски Брод ќе продаде 100.000 метри квадратни земјиште во близина на село Инче, по цена од 2,3 евра од квадратен метар. - Имаме објавен нов јавен повик за нивна финализација. За оваа намена нашата општина ќе продаде 100.000 метри квадратни површина, по цена од 2,3 евра за еден квадрат. Инвеститорот има обврска до 2015 година да ги стави во употреба соларните електрани, секоја со јачина од еден мегават-рече градоначалникот на Македонски Брод Милосим Војнески. Во старт од продажбата на земјиштето општината ќе инкасира 176.000 евра, бидејќи 80 проценти од парите од продажбата ќе одат во општинската каса. Исто така, во текот на изградбата на овие електрани ќе бидат работно ангажирани 300 лица, а по завршувањето на целиот проект постојана работа ќе добијат 20 невработени лица. Целиот проект ќе чини 6 милиони евра, а од претходно е познато дека голем интерес за изградба на овие електрани пројавија компании од Полска и Израел. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=23790 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Пуштена во употреба најголемата соларна електрана на светот, лоцирана во Калифорнија, САД.
http://gizmodo.com/the-worlds-largest-solar-plant-started-creating-electr-1521998493 Edited by daci92 - 13-Feb-2014 at 23:07 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|||||||||||
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Фотоволтаична централа ќе се гради во Порече
Кон крајот на август се очекува да започне изградбата на првата фотоволтаична централа во општина Македонски Брод, кај село Инче. ![]() Германска компанија, која се занимава со изградба на соларни електрани, купи 25.000 квадратни метри површина, на која ќе ја изгради соларната електрана. -Германска компанија од градот Немихен, купи земјиште со површина од 25 илјади метри квадратни кај село Инче, каде во наредните 12 месеци ќе биде изградена првата фотоволтаична електрана, со инсталирана сила од 1 мегават. Иако според договорот Германците за ова земјиште средствата требаше да ги уплатат за 15 дена, тие одлучија да уплатат веднаш, а ние како општина во наредните 15 дена ќе бидеме обврзани да изготвиме одобрение за градба, по што се отвора можноста за почеток на изградбата на првата фотоволтаична електрана во нашиот регион - рече Милосим Војнески, градоначалник на општина Македонски Брод. Цената на купеното земјиште за еден квадратен метар изнесува 165 денари, инветститорот за целата површина ќе плати вкупно 4.125.000 денари или околу 67.000 евра. Според договорот инвеститорот во изградбата на соларната електрана ќе вложи околу 1.000.000 евра. -Во изградбата на новата електрана ќе бидат ангажирани околу 50 работници од нашиот крај, додека трајно вработување ќе најдат шест лица. Од страна на инвеститорот има најави дека ако бидат позитивни искуствата од првата соларна електрана, ќе изградат уште три соларни електрани со ист капацитет на преостанатата површина од 75.000 метри квадратни, која при денешната аукција не беше продадена - додаде Војнески. Инаку во близина на село Близанско продадена е и површина од 2.000 метри квадратни за изградба на деловно-трговски објект. Цената на земјиштето за овој објект изнесува 370 денари по квадратен метар. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=37981 Edited by jyvation - 31-Jul-2015 at 12:46 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Попова Кула прераснува во соларен парк
![]() На 21 градежна парцела во индустриската зона Попова Kула кај Демир Kапија, кои беа продадени по пат на електронско јавно наддавање, никнаа фотоволтаични централи, кои започнаа со производство и дистрибуција на електрична енергија од сончевата енергија. - Големата заинтересираност за изградба на овие централи токму на овој простор се должи на поволните климатски услови, односно на големиот број сончеви денови и интензитетот на сончевото зрачење – велат од локалната самоуправа на Демир Kапија. Оттаму додаваат дека во градежните парцели инвестирале компании од цела Македонија, а на секоја од нив е инсталиран капацитет од 50 kW. Робин Бојчевски од Скопје е управител на фирмата што врши инсталација на овие централи и нагласува дека се работи, всушност, за цела индустриска зона, во која има најголема концентрација на вакви централи на едно место не само во Македонија туку и пошироко на Балканот. http://www.porta3.mk/popova-kula-prerasnuva-vo-solaren-park/ |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Овде негде отприлика се изградила сончева електрана.Мислам дека не сме ја сретнале оваа вест некаде по порталите.Се наоѓа во близина на селото Црнобуки,на патот Битола-Демир Хисар од десната страна
41.144096, 21.288650 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Dej ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|||||||||||
KOLKU BI CENELA ELEKTRANA ZA SONCEVA ENERGIJA? I SO KOGO MOZE DA SE SKLUCI DOGOVOR ZA DISTRIBUCIJA?
![]() ![]() |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|||||||||||
50kw околу 60к евра. А по која цена, која е постапката и со кого...
|
||||||||||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Неделава треба да излезе новиот закон за енергетика во кој како што вели Кочо Анѓушев ќе се укинат сите пречки поврзани со производство и продажба на електрична енергија од фотоволтаици.
Државата ќе даде земја и ќе плати за приклучок, а квоти за производство нема да постојат во прв план. Просто изгледа многу и вреди да се истражи и по можност инвестира. Дали има некој повеќе инфо на оваа тема? |
||||||||||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||||||||||
На Македонија ѝ се доволни 0,6 отсто од површината за да се снабдува со соларна енергија
Потребно е 160 квадратни километри да бидат прекриени со соларни панели за целосно да се задоволат потребите за струја на македонските граѓани, оценува британската веб-страница Finder.com. Тоа значи 0,6 отсто од површината на државата. ![]() Од Finder.com проценуваат колкава површина секоја држава треба да одвои за поставување на соларни панели за да ги исполни своите енергетски потреби. Според нив, постојат два главни фактори: количината на сончева енергија што земјата ја добива и количината на енергија што ја користи. „87 отсто од државите можат да се снабдат со електрична енергија користејќи помалку од 5 отсто од нивната територија“, покажува нивното истражување. На само три места од нивната листа им се потребни повеќе соларни панели од површината што ја имаат: Сингапур (830 отсто), Хонг Конг (213 отсто) и Бахран (156 отсто), бидејќи како што наведуваат од Finder.com, станува збор за мали и густо населени држави. „Во целост, би ни требале околу 1,1 милиони квадратни метри соларни панели за напојување на целата земја, што е помалку од површината на Јужна Африка. Иако, се разбира, не можеме да ја покриеме Јужна Африка со соларни панели, ако се прошири оваа површина низ светот изгледа како нешто што би можело да се постигне во иднина“, велат од Finder.com. https://www.radiomof.mk/finder-na-makedonija-%D1%9D-se-dovolni-06-otsto-od-povrshinata-za-da-se-snabduva-so-solarna-energija/ |
||||||||||||
За сè има вторпат
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|||||||||||
https://tv21.tv/mk/potpishan-dogovorot-za-izgradba-na-fotonaponska-tsentrala-oslomej/ Edited by mirakuliks - 06-Jan-2019 at 02:44 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Бектеши: Почнува нов инвестициски циклус во обновливи извори на енергија, потпишани договори со 23 инвеститори за изградба на фотоволтаици на приватно земјиште со вкупна инсталирана моќност од 21 мегават
vlada.mk |
||||||||||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Ах бе со кирилицата, таму каде што треба не ја користат, во мерни единици ја користат. 200 мегабајти? Мегаволти или мегавати? Нека си се држат до 200 MW.
Туку огласов е само уште еден начин на се дадат пари на луѓе кои веќе имаат многу пари. Сите луѓе блиски до властите, со веќе договорени цени. |
||||||||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Исто ко ,,либерализацијата на сончевиот пазар". Плукни-залепи квази корупција, без добра стратегија за затворање на ТЕЦ, стопирање нови ХЦ, придружување кон Белене и премин кон обновливи извори.
|
||||||||||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||||||||||
|
||||||||||||
За сè има вторпат
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Субвенции за поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија
Електричната енергија од фотоволтаичните панели кои што ќе ги постават граѓаните на крововите од куќите и на зградите, ем ќе може да се користи за домашна употреба, ем ќе може да се продава на слободниот пазар на струја Вишокот струја, граѓаните ќе може да ја продадат на снабдувачот на електрична енергија со кого ќе потпишат договор. Потоа компанијата на домаќинството ќе им ја намали сметката во висина на вредноста на струјата која е пуштена во оптек. Постои и опција граѓаните да ја продаваат струјата за пари, но искуствата од странство велат дека најдобро е да се калкулираат сметките на месечно или годишно ниво, во зависност од струјата која домаќинството ја пушта на пазарот. „Електичната енергија која ја произведува овој фотоволтаичен панел на домаќинството треба да биде земено во предвид при изготвување на сметката за електрична енергија од страна на снабдувачот. Односно, само во делот на набавката на електрична енергија“, рече Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Регулаторот вели дека во летните месеци домаќинствата можно е во оптек да пуштат повеќе струја на пазарот, отколку што ќе искористат од снабдувачот од кој добиваат електрична енергија. Инаку, инвестицијата се движи од 600 до 700 евра по киловат, што значи за да се инсталираат максималните четири киловати потребни се близу три илјади евра. А, пред два дена од владата објавија дека ќе покриваат дел од трошоците на граѓаните кои ќе постават панели на домовите. „Надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година“, наведоа од Владата. За оваа мерка обезбедени се вкупно 8.000.000 денари за субвенции. Бислимовски смета дека со 1.200 до 1.500 часа работење на фотоволтаикот на годишно ниво за неколку години ќе се отплати инвестицијата. Во станбени згради регулаторот вели дека не е исплатливо поставување на фотоволтаици бидејќи становите се на посебни броила и инвестицијата би била многу поголема. Но, постои можност да се намести фотоволтаик на станбена зграда, но струјата да се користи за заедничките простории, како влезот, лифтовите, подрумот. https://alsat.mk/mk/subventsii-za-postavuvane-na-fotovoltaitsi-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/ |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Тргнува од почеток проектот за изградба на фотонапонски електрани во РЕК Осломеј, ЕСМ го реобјави тендерот
Голем интерес од домашни и од странски инвеститори, но засега слаби резултати во врска со проектот за изградба на две фотонапонски електрани на местото на РЕК Осломеј, кои поточно треба да бидат лоцирани на местото на стариот рудник за јаглен, а да се градат како јавно приватно партнерство (ЈПП). На тендерот кој беше распишан лани во февруари, а траеше до мај 2020, интерес покажаа многу компании од земјава, регионот и светот. Над 40 компании беа поканети да учествуваат на онлајн презентацијата за овој проект кон крајот на септември минатата година, а кои требаа потоа своите понуди да ги достават до крајот на октомври 2020. После тоа, Владата требаше да го избере најповолниот понудувач и изградбата на електраните да започне во текот на оваа година. Сепак, само две компании од многуте кои учествуваа на презентацијата, доставиле и конкретна понуда. Но, поради тоа што имало грешки во нивната апликација, нивните понуди не биле прифатени. Имињата на компаниите, не се објавуваат, одговорија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), на прашањето на Мета.мк. „Комисијата задолжена за конкретната јавна набавка, ги разгледа пристигнатите понуди. И кај двата понудувача имаше грешка-недостатоци во постапката за аплицирање. Комисијата го извести Управниот одбор на АД ЕСМ, по што тој ја информираше Владата на РСМ, а потоа Владата го задолжи АД ЕСМ да го реобјави тендерот, кој сега е со скратен рок, до 12 март 2021 година“, рекоа од ЕСМ за Мета.мк. Од овие причини, односно поради грешките во апликацијата, како што посочија од ЕСМ, оваа државна компанија на 4 февруари годинава објави нов оглас за јавна набавка за договор, по принципот на ЈПП, за изградба на една фотонапонска електрана со инсталирана моќност од 2×40 мегавати (максимум 2×50 мегавати) во кругот на стариот рудник РЕК Осломеј, за што крајниот рок на доставување на понудите е 12 март годинава, со период на важност на понудата од 150 дена. Според Огласот за јавна набавка, договорот за проектирање и изведување на градежни работи за електрични централи има времетраење од 420 месеци. Сега, постапката за доделување на договор за јавна набавка е со скратени рокови, а критериум е најниската цена. Изборот ќе се прави по пат на електронска постапка. Економскиот оператор треба да достави гаранција на понудата од 3 отсто од нејзината вредност и гаранција за квалитетно извршување на договорот од 15 отсто од вредноста на договорот. „Висината на гаранцијата на понудата се утврдува врз основа на моќноста на фотонапонската електроцентрала и изнесува 20 евра по киловат, ако гаранцијата на понудата ја доставува странско правно лице, или 1.200 денари по киловат ако гаранцијата е од домашно правно лице“, стои во Огласот на Министерството за финансии, каде се наведува и дека периодот на важност на договорот е 35 години (420 месеци) што условува детално и во фази да се предвиди начинот и вредноста на банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот. Економскиот оператор кој ќе го добие тендерот за изградба на фотоволтаична централа кај ТЕК Осломеј, меѓу другото, треба да достави документи за економска и финансиска состојба, кумулативно во последните три години да има вкупен приход од најмалку 30.000.000 евра, а просечниот годишен приход во последните три години да му изнесува 10.000.000 евра. Понатаму, да инвестирал во изградба, да изградил или да бил подизведувач во изградба на електроцентрала/и од обновлив извор на енергија со вкупна инсталирана моќност од најмалку 25 мегавати во последните 10 години и/или да управувал со електроцентрала/и од обновлив извор на енергија со вкупна инсталирана моќност од најмалку 25 мегавати во последните 10 години. Инаку, како што соопштија од ЕСМ минатото лето, на површини во рудникот на РЕК Осломеј, предвидена е изградба на две фотоволтаични централи, а таков капацитет од ОИЕ треба да се гради и во РЕК Битола. Тој нов енергетски капацитет треба да произведува струја за 2.000 домаќинства во Кичево, да обезбеди транзиција на производството на струја од јаглен, во зелени извори на енергија, како и работни место за сега вработените во РЕК Осломеј. https://meta.mk/trgnuva-od-pochetok-proektot-za-izgradba-na-fotonaponski-elektrani-vo-rek-oslomej-esm-go-reobjavi-tenderot/ |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Сончевата енергија недоволно ја користат домаќинствата, потребни се повеќе субвенции за фотоволтаици
Со околу 280 сончеви денови во текот на годината во земјава, домаќинствата сѐ уште малку ја искористуваат бесплатната, чиста енергија од сонцето за добивање на електрична енергија во домовите, со што сметките за струја можат да се намалaт и до 50 отсто, особено во зимските месеци. Иако има интерес кај граѓаните за поставување на фотоволтаични панели на покривите на домовите, досега реализацијата на оваа инвестиција во најголем дел е на нивна сопствена иницијатива со пари од џеб, а помалку со помош на субвенции од државата. Ова се случува и покрај гласната промоција за поголема искористеност на чистите извори на енергија, со цел намалување на загаденоста на воздухот, проблем со кој се соочуваме секоја грејна сезона. Фотоволтаичните панели кои ја претвораат сончевата енергија во електрична за потребите во домаќинствата, можат да се приклучат на мрежата на ЕВН, или на друг избран снабдувач со струја, посочуваат од ЕВН за „Мета.мк“. Оваа компанија нуди комплетни услуги, од проект до монтажа и приклучување кон дистрибутивната мрежа и одржување на панелите. „Електричната енергија што ќе се добие од овие панели може да се користи за секаква домашна употреба, но може и да се продава на слободниот пазар на струја, ако има вишоци. Тие се продаваат на снабдувачот на електрична енергија со кого ќе се потпише договор“, велат од ЕВН. Најдобра опција за домаќинствата е доколку вишоците на струја ги има, тие да се вкалкулираат во сметките за струја, посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ). Според РКЕ, електричната енергија која ја произведува фотоволтаичен панел на домаќинството, треба да биде земена во предвид при изготвување на сметката за струја од страна на снабдувачот. „Можно е во летните месеци домаќинствата во оптек да пуштат повеќе струја на пазарот, отколку што ќе искористат од снабдувачот од каде ја добиваат електричната енергија. Инвестицијата за поставување на фотоволтаичен панел на покрив се движи од 600 до 700 евра по киловат. За да се инсталираат максималните 4 киловати, колку што се потребни во просек за одвоена куќа, потребна е инвестиција од близу 3 илјади евра“, вели за „Мета.мк“ Марко Бислимовски, претседател на РКЕ. Тој додава дека со 1.200 до 1.500 часа работење на фотоволтаикот на годишно ниво, за неколку години ќе може да се отплати инвестицијата. Според него, понеисплатливо е да се поставуваат фотопанели во станбени згради, освен во заедничките простории кои се користат, влез, подруми и лифтови, затоа што и броилата се одделни за секое домаќинство. Односно дека е поедноставна и поисплатлива оваа инвестиција за домаќинства како една станбена единица. Голем интерес, а досега малку реализирани фотоволтаични проекти има кај домаќинствата со субвенциите на државата. Тоа го покажуваат податоците од Министерството за економија, надлежно во делот на енергетиката и активностите за промоција на обновливи извори на енергија. Од таму посочуваат дека за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства (топла вода за греење), заклучно со 2019 година, субвенционирани се 7.301 домаќинства, од вкупно 17.435 апликанти и за тоа се исплатени приближно 106.000.000 денари (1,7 милиони евра) од буџетот на РСМ. „Оваа година за прв пат се предлага мерката за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 киловати, за сопствена потрошувачка за домаќинствата, во износ од 30 отсто, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство. Вкупните средства за реализација на оваа мерка за 2021 година изнесуваат 8.000.000 денари“, велат од Министерството за економија. Тие додаваат дека интересот кај граѓаните за субвенциите расте од година во година, а аплицираат баратели од речиси сите градови во државата. Критериумите за аплицирање за субвенции ќе бидат дефинирани во јавните огласи кои треба да се објават во периодот мaрт-април 2021 година. Според анализите на „Еко-свест“ за можностите за инсталирање на фотонапонски панели, ако од 700.000 домаќинства во државава, 300.000 се во куќи и кај нив се инсталираат 4 киловолтни фотоволтаични панели, тоа е инсталирана моќност од 1.200 мегавати. Годишното производство на електрична енергија од нив би изнесувало 1,8 милиони мегават часови, а намалените емисии на јаглерод диоксид ќе бидат 3,2 милиони тони годишно. За ваквата инвестиција, субвенциите од државата би изнесувале околу 10 милиони евра. „Ако државата сака да го развие овој дел од пазарот на енергетската ефикасност и да им даде можност на граѓаните да имаат корист од ОИЕ, освен субвенции, потребни се и измени во подзаконските акти и овозможување на потрошувачите кои се снабдуваат од универзален снабдувач, да можат да преминат во категоријата потрошувач-производител, како и да се олеснат сите административни процедури“, велат за „Мета.мк“ од „Еко-свест“. https://meta.mk/sonchevata-energija-nedovolno-ja-koristat-domakjinstvata-potrebni-se-povekje-subvenczii-za-fotovoltaiczi/ |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Во Теново пуштена во употреба фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата
Втората фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата, која е дел од триделниот фотоволтаичен парк со 2,2 мегавати, денеска беше пуштена во употреба во селото Теново во Општина Брвеница. Таа е една од вкупно 27-те централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост на јавниот повик што беше објавен во 2019 година. Првата централа од 0,6 мегавати, како што истакна инвеститорот Владе Самарџиевски од „Енергоер груп“, веќе работи неколку години, а третата од 0,4 мегавати е веќе изградена и е подготвена за технички преглед. Трите централи се изградени на вкупна површина од 20 илјади квадратни метри, неплодно и некорисно земјиште кое е откупено од државата, каде се поставени 6.170 фотоволтаични панели со различен капацитет и три трафостаници. Вкупната вредност за изградба на овој парк изнесува 1,6 милион евра. – Трите централи ќе дадат вкупно производство од околу 3,1 гигават часови што би ја задоволиле потрошувачката на електрична енергија за приближно околу 450 станови и домаќинства. Горди сме што централите ги изградивме во најкраток рок на тежок и непристапен терен на неупотребливо земјиште за други намени. Се надевам дека ова ќе биде добар пример и поттик за нови инвестиции во зелена енергија како на фирмите, така и на Владата, рече Самарџиевски и се заблагодари на Владата која, како што рече ги охрабрила да инвестираат во овој вид на објекти и им овозможила при продажбата на произведената електрична енергија да добијат премиум тарифа. Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека ова е четвртата фотонапонска централа која се гради на приватно земјиште во нашата држава и потсети дека во 2017 година Владата го смени моделот и наместо фидин, сега нуди премиум тарифи за нивна изградба. – Во континуитет се градат и другите локации и кон крајот на годинава ќе има над 10 фотонапонски централи кои ќе бидат изградени на приватно земјиште. Ако ги вклучиме и фотонапонските централи кои се градат на државно земјиште согласно првиот тендер преку јавно приватно партнерство и го објавивме за две години, иако во договорите е предвидено да се градат за три години, ќе имаме вкупна инсталирана моќност од над 60 мегавати со што за три години го надминуваме целосниот капацитет за трипати повеќе отколку што беше изградено до 2017 кога не надминуваше повеќе од 20 мегавати, рече Бектеши. Со тоа, потенцира тој, покажуваме дека ги поттикнуваме сите инвестиции во делот на обновливи извори за енергија, го зголемуваме домашниот капацитет за производство и ја намалуваме зависноста од увоз на електрична енергија. – Преку нашите јавни претпријатија, преку акционерските друштва во државна сопственост, но и преку Законот за стратешки инвестиции веќе сме во финални преговори за дополнителни капацитети кои ќе надминат над 300 мегавати инсталиран капацитет во нашата држава само од фотонапонските централи, истакна Бектеши. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини истакна дека фактот што фотоволтаичната централа се пушта во употреба токму на 22 април – Денот на планетата земја покажува како се грижиме за земјата, за декарбонизација и за намалување на емисијата на стакленички гасови во атмосферата. Премиерот Зоран Заев посочи дека за новите 60 мегавати фотонапонски централи што се градат по принципот на јавно приватно партнерство премиумите што ги доделува државата ја чинат 450 илјади евра годишно, а наплатила три милиони евра од инвеститорите за нивната изградба. Тој најави дека веќе завршил и огласот за изградба на 100 мегавати фотонапонски централи на местото на поранешниот рудник во Осломеј и оти локациите од по 50 мегавати ги добиле една турска и една бугарска компанија кои наместо предвидените 10 проценти од приходите за ЕСМ понудиле 18,5 отсто – турската и 18 отсто бугарската. Во завршна фаза е, додаде, и изградбата на 10 мегаватната фотонапонска централа во Осломеј што ја инвестира АД ЕСМ. Како што истакна Заев на локацијата од 477 хектари во Штип каде требаше да се гради транспортен аеродром сега се предвидува да се градат фотоволтаични централи со инсталирана моќ од 300 до 350 мегавати, во Битола треба да се градат 120 мегавати, во Кавадарци 100 мегавати, а веќе изградени има во Кочани 8 мегавати и две од по 15 мегавати во Дебрца. Дадени се и три лиценци на приватни компании за изградба на ветерни електрани во Богданци, Демир Капија и Свети Николе со вкупна инсталирана моќ од околу 100 мегавати, а интерес за изградба на ветерен парк од околу 400 мегавати во вредност од 520 милиони евра во Старо Нагоричане искажа и германската компанија WPD. Со тоа земјава е лидер во регионот во обновливите извори на енергија кои за една година ги има зголемено за 10,1 отсто, а просекот на развиените земји е 10,3 отсто, рече Заев. Премиерот најави дека очекува во јуни успешно да заврши и повикот за изградба на хидроцентралата Чебрен во вредност од 600 до 800 милиони евра со инсталирана моќ од 300 до 330 мегавати по пат на јавно приватно партнерство и додаде дека првата фаза од 10-те пријавени ја поминале девет заинтересирани компании и конзорциуми. https://nezavisen.mk/vo-tenovo-pushtena-vo-upotreba-fotovoltaichna-centrala-so-mokjnost-od-12-megavata/ |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||||||||||
Congratulations to the management of Energo R company, who for a short time built and operated the photovoltaic center in Tenovo, the municipality of Brvenica.
![]() ![]() https://www.facebook.com/MinisterKreshnikBekteshi |
||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |