build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 43>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 12-Jan-2010 at 10:38
Се сечат тополите од скопските булавари

Град Скопје продолжува со акцијата за отстранување на заболените, исушени и накосени тополи од просторот покрај булеварите.

Со акцијата, во оваа фаза, опфатен е булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин, на делот спроти АМСМ, каде што треба да се отстранат 40 стебла. На булеварот Теодосиј Гологанов, спроти млечниот ресторан, треба да се исечат 30 стебла, кај Алумина,  20 стебла и кај трговскиот центар Олимпик ќе бидат исечени 30 тополи, се наведува во соопштението од Град Скопје..

Акцијата ќе продолжи и во наредниот период,во градскиот парк и во населбата Топанско поле. Таа има за цел да го заштити здравјето и безбедноста на граѓаните, континуирано ќе се спроведува до 2012 година, при што, 1.400 стебла тополи треба да се отстранат и да се заменат со 2.500 - 4.200 стебла благородни дрвени насади или јасени.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=66590&kategorija=1

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 16-Jan-2010 at 12:27
topolite vo skopje samo go ogrubuvaat.topolite ne se za vo grad koga gi gledam slikite od staro skopje mn mi izgleda poubavo bez vakvi dzinovski drva go otvara likot na gradot a so vakvi drvja voopsto ne izgleda ubavo naprotiv izgleda grdo.ja sum da se sadat niski drvja gradot bi bil poubav i pootvoren
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 20-Jan-2010 at 02:51
Ајде за промена една интересна вест


Се гради ботаничка градина под Пелистер

Невладината организација „Биосфера“ ги започна работите за изградба на ботаничкиот рај што ќе се простира на 17.500 квадратни метри

Битола - Во пазувите на Баба Планина, на околу двесте метри од последната куќа во брусничко-лавчанската населба во Битола, земјен пат посипан со дробеник од асфалт ќе ве однесе во прегратките на единствената ботаничка градина во Македонија. На површина од 17.500 квадратни метри, невладината организација „Биосфера“ од Битола ги започна работите за изградба на ботаничкиот рај. Чистиот пелистерски воздух, спокојот и прекрасната панорама на Битола од оваа локација, овозможуваат директен контакт со природата. Малата ботаничка градина ќе биде од отворен тип и ќе се гради според европски стандарди. Посетителите ќе можат да ги доживеат растенијата и другите содржини во неа на автентичен начин. Првите години ќе има домашни растенија и посебен дел за лековити и отровни видови растенија. Архитектите, покрај ботаничката градина, предвиделе и градина во која ќе расте разновиден зеленчук карактеристичен за нашето поднебје, бара за одгледување домашни птици, а како особена атракција е осмислена таканаречената градина на чувствата - насади од ароматични растенија ќе ги опиваат посетителите на градината. Ќе можат да ги допрат насадените растенија и да го почувствуваат нивниот мирис, да си наберат сами од билките и да се напијат свежо подготвен чај.

„Идејата за ботаничка градина се роди пред неколку години. Земјиштето што го добивме на подарок беше запуштено и навистина е потребна многу работа за да се адаптира и да се реализира нашата замисла. Планирани се разновидни растенија од ова поднебје. Работата на проектот почна со изградба на амфитеатарот со капацитет од педесетина посетители. Камењата ги добивме од ископувањата во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис. Така театарот доби поголема вредност поврзана со нашето културно и историско минато“, раскажува Нешат Аземовски од „Биосфера“.

Активистите на „Биосфера“ го проширија и пристапниот пат што води до градината, изграден за време на Втората светска војна од бугарските војници, а го реконструираа и стариот бунар што се наоѓа на 150 метри од амфитеатарот. „Го обновивме стариот бунар и го нарековме ’бунар на среќата‘. Според кажувањата на мештаните од Потпелистерието, луѓето од селата Лавци и Брусник го користеле за починка по напорната работа во нивите и во овоштарниците. Бунарот ќе го користиме за наводнување на растенијата во ботаничката градина“, дополнува Аземовски.

Христо Димитровски, пензиониран битолски професор по математика, откако случајно ја чул идејата на екологистите од „Биосфера“ за изградба на ботаничка градина, својот имот им го подарил на младите ентузијасти. Им оставил аманет да го облагородат, да го претворат во место за практична настава во природа - за директен контакт со неа и да го остават во наследство на идните генерации. „Тука ми беше сврталиштето, на имотот доаѓав за чист воздух и спокој. Но, воодушевен сум од идејата за ботаничка градина,особено беа одушевени моите деца. Се надевам дека доколу се изгради според плановите на екологистите, ова ќе биде пријатно место за едукација и престој на нашите сограѓани. Местото е идеално за ботаничка градина и се надевам дека многумина ќе помогнат“, вели Димитровски.

Во комплексот на ботаничката градина е предвиден и детски парк. Околу три илјади квадратни метри ќе бидат наменети за спорт и рекреација. Терени за кошарка, ракомет, тенис, мини-голф и сето тоа под дебелите сенки на триесетината оревови дрвја стари неколку децении каде што ќе може да се побегне од летните горештини. Посебно интересна содржина ќе биде т.н. индијанско село, а во него ќе има социјална компонента, велат од „Биосфера“. „Децата кои не ќе можат да одат на летување или зимување тука ќе можат да се дружат, да помагаат во работата на центарот или да учат преку игра и забава. Целиот простор ќе биде така дизајниран да овозможува еднаков пристап и за лицата со посебни потреби“, вели Аземовски.

Во големите планови за ботаничката градина е и „паркот на климатските промени“, каде што ќе бидат промовирани алтернативни извори на енергија, мала ветерница и мала фонтана со пумпа за соларна енергија.

Ботаничката градина во Битола, онака како што е планирана, чини многу пари, велат од „Биосфера“. Досега се потрошени неколку десетици илјади евра, средства што ги обезбеди невладината организација преку проекти и донации. Голем дел од работите се направени со помош на локалната власт и јавните претпријатија. Азамовски вели доколку се заокружи финансиската конструкција, ботаничката градина ќе биде завршена за неколку месеци. (А.Б.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=083FBDDCCC93ED49A6710EFA1B6352F1t="uuid:C2F41010-65B3-11d1-A29F-00AA00C14882" xmlns:rs="urn:schemas-microsoft-com:rowset" xmlns:z="#RowsetSchema">
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 28-Jan-2010 at 11:53
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СО ИНИЦИЈАТИВА ДО ГРАДОТ
Иванов сака европски парк на Кале Да се изгради европски парк на лединката под Кале, на која се одржа фестивалот „Пиволенд“, побарал претседателот Ѓорѓе Иванов од градоначалникот Коце Трајановски. Во писмото потпишано од генералниот секретар на неговиот кабинет, се бара паркот да биде на скопската тврдина, спроти Балканскиот универзитет, кој е сместен до зградата на златарницата „Рубин“.
- Станува збор за создавање парк, во чиј состав амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Република Македонија и на нашите соседи ќе можат да донираат скулптури на најзначајните личности од земјите од кои доаѓаат. Идејата е овој парк да се изгради на Кале, спроти Балканскиот универзитет, на претходно определен простор, кој можете вие да ни го посочите - се вели во писмото. Понатаму е наведено дека Градот треба да се вклучи во целокупното реализирање на идејата, односно во партерното уредување и изградбата на пешачките пристапни патеки.
Град Скопје од своја страна ја поддржа иницијативата и на денешната седница на Советот, градските советници треба да ја усвојат.
Овој простор подолго време е запуштен, освен зелените површини кои повремено се средуваат, а неговата ограда е пред распаѓање.
Свое место, именувано како парк на толеранцијата имаше и претходниот претседател Бранко Црвенковски, на просторот пред „Воената болница“. Овој парк честопати е во запуштена состојба.                                                                                                                                                                                                                                                                                              http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1929&ArticleID=132540
Back to Top
shaun.r View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shaun.r Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 28-Jan-2010 at 12:11
Originally posted by axel

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СО ИНИЦИЈАТИВА ДО ГРАДОТ
Иванов сака европски парк на Кале Да се изгради европски парк на лединката под Кале, на која се одржа фестивалот „Пиволенд“, побарал претседателот Ѓорѓе Иванов од градоначалникот Коце Трајановски. Во писмото потпишано од генералниот секретар на неговиот кабинет, се бара паркот да биде на скопската тврдина, спроти Балканскиот универзитет, кој е сместен до зградата на златарницата „Рубин“.
- Станува збор за создавање парк, во чиј состав амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Република Македонија и на нашите соседи ќе можат да донираат скулптури на најзначајните личности од земјите од кои доаѓаат. Идејата е овој парк да се изгради на Кале, спроти Балканскиот универзитет, на претходно определен простор, кој можете вие да ни го посочите - се вели во писмото. Понатаму е наведено дека Градот треба да се вклучи во целокупното реализирање на идејата, односно во партерното уредување и изградбата на пешачките пристапни патеки.
Град Скопје од своја страна ја поддржа иницијативата и на денешната седница на Советот, градските советници треба да ја усвојат.
Овој простор подолго време е запуштен, освен зелените површини кои повремено се средуваат, а неговата ограда е пред распаѓање.
Свое место, именувано како парк на толеранцијата имаше и претходниот претседател Бранко Црвенковски, на просторот пред „Воената болница“. Овој парк честопати е во запуштена состојба.                                                                                                                                                                                                                                                                                              http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1929&ArticleID=132540



aman so ovie skulpturi AMAN!!!!!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 28-Jan-2010 at 13:11
Извини вака што ќе бидат малку груб, ама ако кажеш "аман од скулптури" не те прави ништо попаметен или нешто поелоквентен или поавангарден. Класично критизерство, сега вака во очите на многу граќани покрај сувото гори и сировото, односно покрај оние склуптури што беа за малр ринг, сега се ствара општа одбиност кон скулптури, па ај сега и добрите идеи ако не да ги фрлиме. Ваквото погрешно мислење точно се знае од каде доаѓа и кој го создава намерно, ама за да можам со прст д го покажам ќе треба да почнам за политика да зборам, па затоа и нема да кажам.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 29-Jan-2010 at 01:49

Иванов ќе гради парк со скулптури

Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата на кабинетот на претседателот да се гради Европски парк на Кале, спроти Балканскиот универзитет, во кој амбасадорите ќе поставуваат скулптури на личности од земјите од каде што доаѓаат

Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата на кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да се гради Европски парк на Кале, спроти Балканскиот универзитет. Замислата на Иванов е амбасадорите во паркот да поставуваат скулптури на личности од земјите од каде што доаѓаат.

Отворањето паркови стана еден вид помодарство. Црвенковски во Карпош 3 го отвори Паркот на толеранцијата, а Виолета Аларова во Градски парк оформи катче Парк на франкофони. И едниот и другиот не може да се пофалат со изгледот, зашто на моменти изгледаат запуштено. „Паркот на толеранцијата“ требаше да биде поделен на 5 дела, со фонтана, езерце, несекојдневна вегетација, но се' остана пуста желба.

Иницијативата од претседателот Иванов е доставена до Градот од неговиот кабинет на 15 јануари.

„Станува збор за парк во чиј состав амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија и нашите соседи ќе може да донираат скулптури на најзначајните личности од државите од каде што доаѓаат“, се вели во дописот. Од Кабинетот сметаат дека на тој начин во еден природен амбиент ќе се промовира европското културно богатство, а ќе се унапредат и пријателските односи меѓу европските земји и Македонија.

Членот на Советот, Александар Ивановски, изрази сомнеж дека и во овој парк ќе се поставуваат антички скулптури, имајќи предвид дека претседателот Иванов е поддржувач на програмата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Ако се случи тоа, според него, повторно ќе предизвика негативни извештаи од европските институции.

Опозициските советници сметаат дека идејата е целосно нерационална, имајќи предвид дека ќе се трошат дополнителни средства, бидејќи Иванов бара Градот целосно да биде вклучен во реализацијата. Тоа значи да го осмисли и да го уреди партерно, со целата потребна опрема и пешачки патеки. Истовремено апелира наместо да се гради нов, да се искористи Паркот на толеранцијата, кој се наоѓа во Карпош 3, до Воената болница.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D56CF297E27FDE429C38A20328985184
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 30-Jan-2010 at 13:56

Ниту снегот не го крие срамот во Паркот на толеранцијата

Додека се подготвува изградба на нов претседателски парк, по иницијатива на Ѓорге Иванов, тој што го отвори неговиот претходник Бранко Црвенковски и понатаму се распаѓа, а ниту поранешниот, ниту сегашниот претседател не излегле со идеја што да се прави со него

Беше инициран од претседател на државата. Беше замислен како замена на дипломатскиот лов, за да се даде силна порака кон зачувувањето на животната средина и кон подобрувањето на меѓународната соработка. Но пет години по неговото отворање, Паркот на толеранцијата личи на заборавена нива во некое одамна иселено село, наместо на урбана зелена површина што ја уредуваат шеф на држава и дипломати.

Паркот, кој се наоѓа веднаш до Воената болница, се отвори на Денот на пролетта, на 21 март 2005 година, кога тогашниот претседател Бранко Црвенковски го засади првото дрвце. Идејата е дипломатите во него да засадуваат растенија карактеристични за нивните земји, откако ќе се испита дали тие можат да успеат на оваа почва и во овие климатски услови. Досега има 87 дрвја од 57 земји и организации.

Но денес во него има само неколку дрвца кои не се одржуваат и се повеќе се сушат. Наместо просторот да биде беспрекорно уреден, низ него се оставени купчиња паднати суви гранки. Не е отворен ниту за посетители. Пишува дека работното време му е од 9 до 19 часот, но портите се заклучени, а до него се пристапува преку урнатата ограда од страната на поликлиниката „Букурешт“. Дури ниту снегот што падна деновиве не успеа да ја скрие тажната слика за овој парк. Честите минувачи велат дека просторот е жален за гледање и дека наместо да претставува симбол за соработка на Македонија со другите земји во светот, тој е само собиралиште на десетици улични кучиња, кои ги одвраќаат и оние малкумина што сакаат да разгледаат што има во него.


МОЛК ВО КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ


Иако беше направен по идеја на Црвенковски, ниту за време на неговото претседателствување грижата за паркот не беше подобра. Пред две години од неговиот кабинет тврдеа дека местото изгледало запуштено затоа што проектот не бил довршен како што бил замислен, односно требало да се постави уште една ограда, па да се подели просторот на пет дела што ќе ги претставуваат петте континенти и секое растение да се смести на својата територија. Тогаш се најавуваше дека целосна обнова ќе почне за кратко време, но тоа се уште не се направи.

Ниту од кабинетот на сегашниот претседател Ѓорге Иванов, кој деновиве иницираше Европски парк на скулптури на Кале, не одговараат на прашањето дали ќе бидат потолерантни кон Паркот на толеранцијата или, исто како и во времето на неговиот претходник, ќе го заборават. Градските советници, пак, пред се тие од владејачката партија, ја поддржаа идејата на Иванов и се очекува во наредниов период на просторот до улицата Самуилова пред главниот влез на тврдината да се направи партерно уредување и да се поканат дипломатските претставништва да донираат скулптури од значајни личности од нивните земји. Во барањето што од кабинетот на претседателот го упатиле до советот се вели дека на овој начин треба да се унапреди европскиот дух и соработката.


ЗГРАДА ВРЗ ИЛИ ДО ПАРКОТ?


Со најновиот детален урбанистички план за просторот околу Воената болница, кој неодамна беше усвоен во советот на Карпош, се предвидуваат и две нови згради на тој простор, кои исто така ќе имаат здравствена намена, а ќе бидат високи колку веќе постојната болница. Меѓу овие објекти треба да има и улица. Како што беше објаснето од општинските урбанисти кога се гласаше за планот, маркичката за еден од објектите морало да се помести кон Паркот на толеранцијата, за сообраќајницата да биде доволно широка за да им служи на здравствени институции.

%20Ранко Петровиќ, советник во општината, смета дека на овој начин ќе се уништи дел од паркот и тоа токму местото каде што дрвјата се најразвиени, а тоа било и причина што дел советници не сакале да гласаат за планот. Но општинарите гарантираат дека ниту педа од претседателското зеленило нема да се претвори во градежен објект. Но и самата изградба на толку високи згради ќе ја затвори источната страна на паркот и тој нема да добива сончева светлина се до попладневните часови. Сé уште е нејасно како тоа ќе се одрази врз растот на сегашните и на идните дрвца.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=13010956433&id=14&prilog=0&setIzdanie=21897
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 03-Feb-2010 at 00:32
Засадени елките донација од Т-Мобиле
Деновиве беа засадени десетината новогодишни елки што ја разубавуваа Општина Аеродром за време на новогодишните празници, кои беа донација од Т-мобиле.

Сезонските работници се потрудија акцијата да биде успешна, засадувајќи ги на различни локации низ општината. Елките од по 2.5 метри кои служеа за анимација на децата и за разубавување на општината за празниците, сега ќе ја збогатат природата.

http://vecer.com.mk/?ItemID=80BF450424E00148ACB1CEC43757E254
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 03-Feb-2010 at 00:55


Толку помпа за десет дрвца, па уште и реклама? Со вакви вести во медиумите Т-мобиле може прилично да си го рационализира буџетот за маркетинг, ама тешко дека градов нешто особено ќе се раззелени...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 09-Feb-2010 at 14:22

Цветни влезови во главниот град

Влезовите на Скопје од автопатиштата годинава ќе се уредуваат хортикултурно, за да се подобри првиот впечаток при доаѓањето во главниот град


Ова се предвидува во програмата за одржување и уредување на јавното зеленило за 2010 година. Цветни аранжмани ќе се прават кај Маџари, Сарај и кај Визбегово, односно на влезовите во градот од автопатиштата што доаѓаат од Петровец, Тетово и Блаце. Како точно тие ќе изгледаат дополнително треба да се утврди.

Ова не е единствената новина во програмата. Со неа се предвидува и хортикултурен проект со кој ќе се направат грб и знаме на Скопје од цвеќиња, како и да се уредат некои површини што одамна биле заборавени или никогаш не биле формирани како паркови. Од градската управа велат дека се уште не знаат каде ќе има цветни грбови и знамиња, бидејќи времето за садење е во мај.

- До тогаш стручни екипи од нашата администрација и од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ќе ги изработуваат проектите - рекоа од градот.

Освен одржувањето на јавното градско зеленило, со програмата се предвидува и грижа за Водно, Гази Баба, езерото Треска и СРЦ „Сарај“. Станува збор за вкупна површина од 48,6 квадратни километри, но од неа само 1,3 квадратни километри се градско зеленило, а останатите 47,3 се околните шуми и рекреативни центри. Исто така, се планира да продолжи и сечењето на дрворедите од тополи покрај булеварите, поради нивната старост и опасноста самите да се урнат, како и поради алергиските реакции што ги предизвикуваат кај дел граѓани. Годинава ќе се исечат 450 стебла. Извршувањето на сите овие активности се финансира со 17,5 отсто од парите што се собираат од сметките за вода, но за поголема ефикасност градот најавува дека ќе купи дополнителна опрема, како кипер, трактори, возила за собирање лисја, косилки и друго.




Зелени површини што треба да се уредат годинава

По должината на улицата Теодосие Гологанов
По должината на булеварот Србија
Реонски парк кај Француски гробишта, до Американска амбасада
Културно-историски парк на улицата Самуилова
Покрај булеварот Трета македонска бригада
Кај хелиодромот на улицата Илинденска
Двете страни на булеварот Војводина, кај мостот Близнак
Покрај Булеварот АСНОМ
Покрај улицата Првомајска
До булеварот Македонска војска

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2910104938&id=14&prilog=0&setIzdanie=21905
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 09-Feb-2010 at 14:51
Ова е веќе одлична најава. Постојната состојба е очајна Cheers
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 13-Feb-2010 at 23:41
НАБАВЕНИ НОВИ ВОЗИЛА ЗА ЈП „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“

Градот Скопје набави две возила кои се наменети за подобрување на работата на ЈП „Паркови и зеленило“. За набавка на двете возила Градот Скопје издвои 5,8 милиони денари.

Станува збор за едно возило-цистерна кое што ќе се користи за полевање на зелените површини и на дрворедите во чија близина нема хидранти за наводнување, како и за миење на патеките во Градскиот парк. По потреба, ова возило може да се користи и за гасење на евентуални пожари во парк-шумата Водно.

Второто возило–кипер е од марката „ивеко“ и е со носивост од 2,5 тони. Товарното возило е со механизам за утовар и растовар и служи за транспорт на шест лица. Двете возила во голема мера ќа ја подобрат работата на ЈП „Паркови и зеленило“ во делот на подигање на ново зеленило во градот.

Претходно, Градот Скопје за ЈП „Паркови и зеленило“ набави и ровокопач и едно возило со платформа за поткастрување високи гранки.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3153&mid=24&tabId=&tabindex=0
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 13-Feb-2010 at 23:59

да се пофали коцето, о треба далеку поголем возен парк, ајде ко за почеток и обновата на стариот е добедојдена, особено е за поздравување  купувањето на ровокопачот и тамчето со корпа, но ето и овие новиве!

а за цветните влезови, добра идеја, но треба и зеленилото по главните булевари од тие пристапни влезови да се среди, особено автокоманда и маџари!   

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 27-Feb-2010 at 10:35

ЈП "ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО''


Уредување на градското зеленило


Град Скопје во соработка со ЈП Паркови и зеленило" ја продолжува акцијата за уредување на градското зеленило.
- Деновиве 1 000 парчиња цветен расад од видот јаглика се засадени во две рундели во блоковското зеленило пред Градската болница. Зеленилото дополнително е збогатено со зимзелени дрвја. Екипите на ЈП Паркови и зеленило" деновиве ги чистат јавните зелени површини од паднати гранки, лисја и отпадоци - се вели во соопштението.

Во вториот дел од Градскиот парк, на потегот од забавниот парк Луна" кон хотелот Александар Палас", се отстрануваат паднатите лисја и се чисти зеленилото од отпадоци. За безбедно движење на посетителите на паркот на пешачката патека покрај кејот на Вардар, на истиот потег, се поткаструваат грмушките и наведнатите гранки.

Во жардиниерите низ градот се кројат грмушките, дрвцата и розите. Во жардиниерата на булеварот Александар Македонски", кон излезот на Скопје, се засејува трева и се поставува систем за наводнување капка по капка.                                                                                                                                                http://www.time.mk/read/cda2759d7d/8c9af374f1/index.html  

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 04-Mar-2010 at 14:46
АКЦИЈА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА СТАРИТЕ ТОПОЛИ

Градот Скопје ја продолжува акцијата за отстранување на старите, заболени и накосени тополи од дрворедите по должината на булеварите. Акцијата треба да ја зголеми безбедноста на минувачите и да го заштити здравјето на граѓаните коишто се жалат на алергиски реакции во сезоната на цветањето на тополите.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ќе исечат десетина стари тополи на булеварот Србија.

Во план за сечење се и 55 тополи во Градскиот парк, во населбите Топанско поле и во Маџари, 20 тополи на булеварот Александар Македонски, како и 60 тополи на булевар Србија.

Оваа акција континуирано ќе се спроведува до 2012 година, до кога треба да се отстранат 1 400 стебла тополи и да се заменат со 2 500- 4 200 стебла благородни насади од дрвја. Според стручните проценки, најдобро би било да се засадат јавори, платани или јасени.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3188&mid=24&tabId=&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 09-Mar-2010 at 12:54
ПРОГРАМА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКОТО ЗЕЛЕНИЛО
Ќе разлистаат булеварите

Роза Петкова


Довршување на булеварското зеленило, разубавување на главните влезови во Скопје, кај Визбегово, Сарај и кај Маџари, како и реконструкција на првиот и на вториот дел од Градски парк, се дел од активностите на ЈП „Паркови и зеленило“ за годинава. Во нивната програма за работа се предвидува да се подигне ново зеленило на повеќе локации. Тоа се средишните жардиниери на булеварот Јане Сандански, од „Мајчин дом“ до раскрсницата со булеварот Србија, делови од Видое Смилевски-Бато, Св. Климент Охридски и Партизанска, од мостот „Обединети нации“ до Порта Влае. Претпријатието и за годинава најавува дека ќе го обнови и дооформи постојното зеленило во Градски парк, а ќе ги реконструира и зелените парковски површини до булеварите и останатите улици, како и локациите реонски парк „Кале“, „Паркот на толеранцијата“ и кејот на Вардар од двете страни. Екипите ќе се ангажираат да ги уредат и парковите долж булеварите Теодосие Гологанов, Србија, реонскиот парк „Француски гробишта“ со косината под американската амбасада, како и новопланираниот парк на претседателот Ѓорге Иванов, кој е спомнат во програмата како културно-историски парк долж улица Самоилова. Покрај овие, ќе се средуваат парковите на улиците Трета македонска бригада, Илинденска со хелиодромот, Војводина од двете страни од раскрсницата со улица 808 до мостот „Близнак“, АСНОМ од страната на Вардар кај последната автобуска постојка на 5 и на 15 до спортската сала МЗТ, Првомајска и Македонска војска. Нови дрвца со кои ќе се пополнат постојните дрвореди ќе се садат на плоштадот „Македонија“, булеварите Кочо Рацин, Партизанска, Илинденска, Благоја Стефковски, Теодосие Гологанов, Орце Николов, Трета македонска бригада, Јане Сандански, Македонска војска, Србија, Никола Карев на потегот од крстосницата кај касарна „Илинден“ до крстосницата кај пластичарските продавници, потоа Крсте Мисирков, Кузман Јосифовски Питу, Лука Геров и 11 Октомври. Според програмата, канадските тополи ќе се сечат и во текот на 2010 година, и тоа околу 450 стебла. Ќе се негува и зеленилото во кањонот Матка и Зоолошката градина, а претпријатието и годинава го најавува хортикултурниот проект од лани за изработка на цветен грб и знамиња. Покрај ова, „Паркови и зеленило“ имаат задача редовно да ги одржуваат шумските комплекси Водно, Гази Баба и рекреативните центри СРЦ „ Треска“ и СРЦ „Сарај“. Јавните зелени површини за одржување во нивна надлежност се протегаат на вкупна површина од 48.643.940 квадратни метри, од кои градско зеленило се 1.300.000, а вонградско останатите 47.000.000. Во редовно одржување спаѓаат рачното и машинското косење, полевање на тревници и чистење од лисја, собирање трева, окопување и кроење на дрвја и грмушки, фитозаштита, хортикултурно збогатување и други активности. Секојдневното одржување на јавното градско зеленило ќе се врши со пари од сметките за вода, од кои 17,5 проценти одат за оваа намена, додека новото зеленило ќе се подига со пари од буџетот на Град Скопје.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1962&ArticleID=135751
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 09-Mar-2010 at 13:33
Еве едно денеска сликано...


Edited by lslcrew - 09-Mar-2010 at 13:34
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 09-Mar-2010 at 13:36
Дрвјата попуштија под тежината на снегот

Десетици паднати дрвја и гранки вчера и денеска им направија еден куп проблеми на скопјани блокирајќи им ги автомобилите, улиците и влезовите.

Екипите на Јавното претпријатие “Паркови и зеленило“ од вчера имаат полни раце работа расчистувајќи ги паднати дрвја и гранки низ целиот град. Од претпријатието информираат дека досега интервенирале на 24 локации низ Скопје за отстранување на дрвја и гранки кои паднале под тежината на снегот што наврна вчера и во текот на минатата ноќ.
 

Вчера биле пријавени 14 паднати дрвја и гранки, а до денеска напладне се пријавени 10.

“Снегот е тежок и мокар и може лесно да дојде до кршење на гранките и дрвјата. Претпријатието максимално ги има ангажирано работниците и механизација во расчистување на снегот, но поради големиот број на дрвја во градот не може да стигне да го истресе сите, така што неопходно е и граѓаните самите да се вклучат во расчистувањето, како би се спречиле несакани последици“, велат од “Паркови и зеленило“.

Голем број од паднати дрвјата и скршени гранки утрово низ Скопје можеше да се видат и врз автомобили, при што кај некои е направена и материјална штета.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=69227&kategorija=1

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 15-Mar-2010 at 16:41
Шест илјади садници за институциите од градот
 
Градот планира да издвои два милиони денари од својот буџет и со нив да купи 6.000 садници од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кои ќе им ги подели на училиштата, здравствените установи, урбаните и верски заедници, куќните совети  

 
%20  
Според Програмата за дополнителни активности на „Паркови и зеленило“, ќе бидат набавени 2.000 зимзелени садници и исто толку листопадни дрвја и грмушки. Од Градот најавија дека садниците рамномерно ќе ги распределуваат во два наврати, за пролетно и за есенско садење.

Сите оние што ќе сакаат да добијат садници ќе треба да поднесат барање во Секторот за комунални работи во градот.
 
   
Автор: А.М.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31510104111&id=14&prilog=0&setIzdanie=21934

Edited by Cloverstack - 15-Mar-2010 at 16:52
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 43>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.