build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 02-Oct-2009 at 22:06
Јасно му е на некого какви се оние глупости од болдираниот дел?

СТРАНЦИТЕ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ
Не сакаат хидроцентрали без сопственост Германската енергетска компанија РВЕ, која деновиве престојува во Скопје, се уште размислува дали да учествува на тендерот за градба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Трите компании што досега се тркаа за „Чебрен“ и „Галиште“ неодамна изјавија дека не доставиле понуди, бидејќи не им одговарале тендерските услови. Според нив, една од најважните причини што пропаѓаат тендерите е сопственоста над објектот. - Условите што ги нудеше државата беа причината за пропаѓање на тендерите за изградба на хидроцентрали. Не можете да ги повикувате инвеститорите со зборовите: вложете кај нас, ама објектот што ќе го изградите ќе биде наш, а вие само ќе го имате на располагање додека трае концесијата. Под тие услови никој нема да дојде и“вели Кочо Анѓушев, претставник на енергетската компанија ЕФТ.
Со овој заклучок се согласуваат и стручњаците.
- Тој што вложува во изградбата на хидроцентралата или на кој било друг енергетски објект треба да биде нејзин сопственик и тоа не само додека трае концесијата за користење на природниот извор како вода или јаглен, туку и по завршувањето на тој период. Објектот е опрема, а ресурсот е трајно добро и само со него треба да управува државата. Таа треба со закон да го уреди начинот на управување на водите и на другите природни јавни ресурси и“вели Трајче Черепналковски, универзитетски професор. Од Министерството за економија велат дека со новиот Закон за концесии, јавнотои - приватно партнерство овозможува инвеститорот да биде сопственик на објектот што самиот го изградил, но само привремено, додека трае периодот на користење на јавното добро. По истекот на тој рок, странскиот инвеститор ја губи сопственоста над хидроцентралата и таа и припаѓа на државата.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1828&ArticleID=122996
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 02-Oct-2009 at 22:13
Да не случајно се работи за некоја конфузна дистинкција за класична концесија за ресурс и јавно-приватно партнерство. Во првиот случај концесијата е само на ресурсот за одреден број на години со тоа што после истекот соптвеникот на централата веќе нема да може слободно да го добива ресурсот туку по пазарна цена, а во вториот случај кај ЈПП објектот преоѓа во државна сопственост, а ресурсот е некако уреден на терт начин како било, без разлика дали пореку концесија или пазарно.

Барем јас вака го разбрав ова иако е конфузно до даска!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 06-Oct-2009 at 16:42

НА ПРЕДЛОГ НА ГЕРМАНСКИ РВЕ

"Чеб­рен" и "Галиште" се одлагаат за 2010

Тен­де­рот за изградба на "Чебрен" и "Галиште" се одлага до почетокот на 2010 година, нај­а­ву­ва­ат од Министерството за економија. На денешната седница Владата треба да го разгледа предлогот од германската компанија РВЕ за пролонгирање на тен­дер­ска­та процедура до 2010 година, и тоа од финансиски причини. Од Министерството за економија објаснуваат дека компанијата ги информирала дека со стартот на новата фи­нан­си­ска година, ќе можат да планираат и учество во "Чебрен" и "Галиште".
Ми­на­та­та недела претставници на РВЕ, кои во Скопје присуствуваа на бизнис сред­ба­та организирана од Македонско-германското стопанско здружение, во Влада се срет­наа и со премиерот Никола Груевски.
Прет­став­ни­кот на РВЕ Терстен Липерт тогаш изјави дека компанијата сe уште нема до­не­се­но одлука за доставување понуда на тендерот за изградба на двете хид­ро­цен­тра­ли, како и дека во идните две години РВЕ е заинтересирана само за проектот со две­те хидроцентрали, кој е и еден од најголемите енергетски проекти во земјава.
"Ние уште ја разгледуваме можноста да учествуваме со понуда на тендерот. Сe уште не­ма­ме одлука, бидејќи уште правиме анализи и пресметуваме дали проектот е еко­ном­ски исплатлив или не е. Ако се покаже дека е економски исплатлив и сите окол­нос­ти се стабилни, ќе доставиме понуда на тендерот", изјави минатата недела во Скоп­је Терстен Липерт од РВЕ.
Во втората фаза на тендерот за двете хидроцентрали се квалификуваа германски РВЕ, австриски "Вербунд" и италијанскиот ЕНЕЛ, но засега ниту една компанија не­ма доставено понуда.
Ова е втор тендер за изградбата на двете хидроцентрали на Црна Река. (Т.Ј.)


http://vest.com.mk/?ItemID=F1BB6335F14C264A92DCEF93F86CB56D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 14-Oct-2009 at 14:03
Струја од Летничките и Беличките извори в година

Првите количини електрична енергија од петте мини хидроцентрали кои ќе бидат изградени на Летничките и Беличките извори се очекува да бидат произведени во 2010 година, најави  МЈП „Проаква“.

Малите хидроцентрали кои ќе бидат изградени во јавно приватно партнерство со словенечката компанија „Турбоинститут“ ќе имаат моќност до 1,7 мегавати. Нив по 30 години кога завршува  договорот за јавно приватно партнерство, ќе ги наследи Проаква, на чија сметка годишно ќе легнува 20 отсто од профитот остварен од производство на електрична енергија.

„Се очекува годишно без никаква инвестиција „Проаква“ да инкасира помеѓу 350 и 400 илјади евра“, изјави директорот на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески. Покрај производството на електрична енергија најголема добивка ќе биде подобрувањето на водоснабдувањето  на општините Охрид и Струга, додаде Трпчески. Целокупната изградба на петте мали хидроелектрани која се проценува на околу 4,5 милиони евра, ќе ја финансира словенечкиот партнер на „Проаква“.


http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=16169


Edited by Cloverstack - 14-Oct-2009 at 14:04
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 18-Oct-2009 at 19:35
Како изгледа новата географска карта? 18.10.2009 15:06

До Луково Поле од Скопје се стигнува само со џип за околу три часа. Иако времето денеска е врнежливо, патувањето почна добро.

Но, така беше само до Мавровското Езеро. Потоа почнува непристапен терен, со тесен и неасфалтиран пат, по кој освен припадниците на Граничната полиција, поминувал само по уште некој шверцер.

Од Маврово до границата со Косово неудобното патување, дури и со полициски џип, трае околу еден час.

Откако поминавме и предел со снег, конечно стигнавме до местото наречено Луково Поле, кое стана актуелно вчера откако Македонија и Косово се договорија тука северниот сосед да го компензира отстапеното кај Дебалде.

На местото се уште стои стариот граничен премин, поставен мостот на реката Црни Камен. Токму по течението на таа река, како и на реката Шерупска која доаѓа од тримеѓето Македонија-Албанија-Косово, оддалечено околу три километри од месноста, била досегашната граница со северниот сосед.

Според плановите правени уште во '80-тите, тука е планирана акумулација Луково Поле од која би се произведувала електрична енергија.

Проектот го актуализираа македонските и косовските власти годинава, но сега, доколку се реализира во целост ќе биде на македонска територија.

Според пресметките, хидроцентралата ќе се гради најмалку 4 години, ќе чини 40 милиони евра, а ќе произведува 114 милиони киловат-часови струја.

На досегашната граница меѓу Македонија и Косово, и македонската и косовската караула во иднина ќе бидат потопени со вода доколку се изгради планираната брана.

Временските услови во месноста многу брзо се менуваат. Иако од досегашната гранична линија до новата граница со џип се стига за неколку минути, таму веќе почна да паѓа град и снег. Помошните граничните камења што ја означуваат новата граница со Косово веќе се поставени, а на нив обележани се и насоките на граничната линија.

Новата граница меѓу Македонија и Косово се наоѓа на надморска височина од 1.616 метри. Со новото разграничување меѓу двете држави, Македонија доби околу 300 метри повеќе.

Со дилемата дали Македонија некогаш ќе ја изгради планираната хидроцентрала и ќе ги искористи новите неколку стотици квадратни метри територија, или таа ќе остане само дел од пуст рид, се вративме во главниот град.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115117


Интересот ми падна на оваа реченица од репотажата?! Ако со само 300 метри поместување на граничната линија значи дека езерото целосно навлегува на наша територија тогаш всушност за колкаво езеро се работи?! Односно не е битно за колкаво езеро се работи него за колку висока брана се работи?! И дали сеуште е во важност оној споразум што пред неколку месеци министрите за економија го потпишаа околу евентуална заедничка изградба на бранава?!

п.с. Да потсетам, за коментирање на дипломатско-политичките делови нема место на форумов, текстот е постиран поради контекстот во кој ја покренувам дискусијава околу браната Луково поле!


Edited by lslcrew - 18-Oct-2009 at 19:36
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 18-Oct-2009 at 20:30
Јас колку што знам акумулацијата Луково Поле треба се спои со мавровскиот систем

Инаку можно е да се работи за акумулација која примарно би се користела за реверзибилно работење:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=131&PID=24987#24987

Па во тој случај не би било чудно да се работи и за мала акумулација, но сепак со голем учинок, особено доколку висинската разлика е голема:
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 18-Oct-2009 at 20:44
Еве ја и видео објавата на А1 каде може да ја видите локацијата


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 18-Oct-2009 at 21:01

не треба политички коментар факт е дека дури и да не бидне ништо со бранава само туристички земено луково поле е екстра момент тоа на картава ќе му дојде помеѓу кораб и враца, односно под враца

http://maps.google.com/maps?f=q&source=s_q&hl=en&geocode=&q=lukovo+pole&sll=41.86221,20.638847&sspn=0.03618,0.089006&ie=UTF8&t=p&z=14



Edited by Max - 18-Oct-2009 at 21:42
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 18-Oct-2009 at 21:58
Доколку се прецизни овие од А!, тогаш се работи за оваа локација:

41°51'10.02"N  20°37'20.35"E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 22-Oct-2009 at 01:15

„Водовод“ од Битола гради хидроцентрала

Производство на еколошка струја се очекува во почетокот на идната година

БИТОЛА - ЈП „Водовод“ од Битола почна со изградба на хидроцентрала за производство на екоструја. Инвестицијата од половина милион евра ја обезбеди претпријатието, од својот буџет. Хидроцентралата е лоцирана во населбата Довлеџик, кај старата филтерница, каде што вчера беа поставени темелите. Според најавите, хидроцентралата треба да произведува струја во почетокот од идната година.

,,Капацитетот на хидроцентралата е 360 киловат-часа. Започнавме со градежните работи, а за кусо време ќе се монтира и опремата која моментно се изработува во Словенија. Ќе се користи висинската разлика на водата за да се претвори во електрична енергија. Потоа истата вода, со натамошен третман, повторно ќе се користи за пиење“, изјави Зоран Илиоски, директор на ЈП „Водовод“ од Битола.

Со производството и продажбата на струја, ЈП „Водовод“ очекува да обезбеди шест милиони денари годишно повеќе пари во касата на претпријатието. Тие се убедени дека со продажбата на струја вложените пари ќе им се вратат за три-четири години.

„Инвестицијата е оправдана. Хидроцентралата постојано ќе работи и ќе биде ефикасна со приходот што ќе го носи. Струјата ќе се продава на ЕВН. За ваков тип хидоцентрала постои повластена тарифа. Онаа што ќе ја продаваме како екоструја ќе биде поскапа од онаа што сега им ја плаќаме на ЕВН“, додава Илиоски.

ЈП „Водовод“ веќе има одобрение од Советот на Општина Битола да ја поскапи водата за близу 120 проценти повеќе од сегашната цена. Поскапувањето тргнува од 1 јануари 2010 година. Директорот Илиоски смета дека инвестирањето во хидроцентрала не може да се меша со тековните проблеми на „Водовод“. Инвестициите во водоводната мрежа, замената на азбестните цевки од битолскиот водовод ќе се покриваат со поскапата вода.

Оваа инвестиција на „Водовод“ нема да биде единствена. Локалните власти најавуваат дека се во тек преговори за производство на екоенергија и од други извори. „Преговараме со инвеститори кои сакаат да вложат во производство на струја со сончеви панели. Се надевам дека во индустриската зона ‘Жабени‘ ќе имаме инвестиции што ќе овозможат користење на сончевата енергија“, вели Владимир Талески, градоначалник на Битола.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D1D5727FDFC52242868C01A17F75C4C0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 24-Oct-2009 at 12:49

Со Луково Поле повеќе струја и помалку рисови





 

Изградбата на новата акумулацијата ќе претставува рентабилен енергетски објект што во голема мера ќе придонесе за подобро искористување на Мавровскиот хидроенергетски комплекс, сметаат енергетичарите

 
 
%20  
„Луково Поле“ ги стопли срцата на енергетичарите, но ги загрижи екологистите во земјава. Првите се задоволни што ќе добиеме значаен енергетски објект, додека другите сметаат дека со изградба на хидроцентрала ќе се загрозат животинскиот и растителниот свет во Националниот парк Маврово. До вчера зафрлената и заборавена област на Шар Планина преку ноќ стекна голема популарност благодарение на обележувањето на границата со Косово. Со разграничувањето токму кај Луково Поле Македонија доби важен дел од косовската територија со поместување на граничната линија од најниската кота во долот, на највисоката кота. Со тоа и предвидената хидроцентрала сега целосно ќе остане во македонска територија, наместо да се дели со Косово. Нерешените гранични прашања беа главна причина што проектот досега тапкаше во место, иако е стар веќе неколку децении.

- Со акумулацијата Луково Поле предвидена е изградба на уште една хидроелектрична централа ХЕЦ Црн Камен, која треба да биде лоцирана по браната, а пред постојната ХЕЦ Врбен. Со тоа зафатените води во акумулацијата Луково Поле прво енергетски би се преработиле во ХЕЦ Црн Камен, потоа во ХЕЦ Врбен и на крај во ХЕЦ Вруток и ХЕЦ Равен. Ваквиот начин на искористување на водите од Луково Поле ќе придонесе за дополнително производство на електрична енергија во целиот Мавровски хидроенергетски комплекс - смета академикот Томе Бошевски. Тој заедно со професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електротехника и информациски технологии, подготвил симулација за Луково Поле, со цел да се истакнат енергетските придобивки од оваа акумулација. Изградбата на новата акумулација и хидроцентрала е предвидена и со енергетската стратегија на МАНУ со визија до 2030 година.

Се проценува дека инвестицијата би чинела околу 40 милиони евра и може да се реализира за четири години. Според проектот, акумулацијата треба да ги собира шарските води на кота над 1.590 метри надморска висина и потоа водата енергетски би се преработила во четирите низводни хидроцентрали. Анализите покажале дека енергетскиот ефект од изградбата на Луково Поле со ХЕЦ Црн Камен би бил голем, односно производството на електрична енергија за сува хидрологија би изнесувало 136 ГЊх, што претставува дополнително производство од околу 40 отсто од сите ХЕЦ. Најголем придонес од Луково Поле е во дополнителното производство кај ХЕЦ Вруток, поради големиот висински пад.

Академикот Бошевски смета дека изградбата на акумулацијата Луково Поле со ХЕЦ „Црн Камен“ претставува рентабилен енергетски објект.

- Иако инсталираната моќност на Мавровските ХЕЦ се зголемува само за 5 МЊ со изградбата на ХЕЦ Црн Камен, придонесот е во можноста да се користи инсталираната моќност ако има дополнително количество акумулирана вода во Луково Поле. Дополнителното производство со зафатените води од Луково Поле низ сите Мавровски ХЕЦ се движи од 120 Гњх до 190 Гњх, во зависност од хидролошката состојба - заклучува Бошевски.

И АД ЕЛЕМ го поздравува потегот за обележување на границата со кој се ослободува простор за изградба на Луково Поле.

- Во моментов се подготвува финансиската конструкција за целиот проект - велат од ЕЛЕМ. Очекувањата на експертите се дека во првата половина од следната година може да се почне и со работа на терен.

%20Како единствена пречка сега се испречија спротивставувањата на екологистите, кои се против изградба на акумулација во овој регион, кој е класифициран како Национален парк или заштитен појас од највисока категорија. Од еколошките здруженија предупредуваат дека една ваква градба ќе и наштети на природата и ќе го загрози опстанокот на македонскиот рис, кој единствено го има на овие простори. Ќе се загрози опстојувањето и на други животни, како и на над 60 ендемски вида растенија, стравуваат екологистите.

Академикот Глигор Каневче ги отфрла ваквите тврдења со образложение дека акумулацијата нема да му штети никому, туку напротив, животните ќе имаат вода за пиење.

Власта, пак, смета дека со изградба на патот целиот овој регион дополнително ќе стане атрактивен како туристичка дестинација.
 
   
Автор: Александар С. Димковски


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102491014201&id=10&setIzdanie=21819
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 25-Oct-2009 at 18:08

Експертите сугерираат македонија сама да ја гради Луково поле

недела, 25 октомври 2009, 17:58

Веќе една недела и македонската и косовската Влада молчат околу договорот – кој сега ќе ја гради акумулацијата кај Луково поле, откако овој предел, со демаркацијата на границата, потпадна целосно на македонска страна.

Според изјавите за Алфа од Приштина, експертски тим од двете влади веќе неколку денови работи на разрешување на оваа дилема. Додека се чека на обелоденување на одлуката – последната официјална информација е од косовската страна – дека без оглед на границата, останува стариот договор – Луково поле да ја градат заеднички Косово и Македонија.

Во меѓувреме, македонските експерти сугерираат дека Македонија треба цврсто да стои на ставот – сама да ја гради акумулацијата. Објаснуваат дека за тоа не требаат ниту многу време, ниту многу пари, а станува збор за стратешки објект кој ќе произведува доволно струја.

И од  Македонската академија на науките и уметностите велат дека хидроцентралата Луково поле е важна и затоа е ставена и во енергетската стратегијата на земјата. И таму било предвидено Македонија да ја гради сама.

Инаку, пред десет месеци, Македонија и Косово објавија дека конечно ќе ја реализираат идејата стара повеќе од 60 години – да ги собираат водите што се слеваат од планините на меѓуграничната линија, преку изградба на заедничка акумулација за производство на струја. Хидроцентралата требаше да се гради 4 години и ќе чинеше околу 40 милиони евра. Луково поле тогаш беше предвидено да се протега долж граничната линија меѓу Македонија и Косово.

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=14335
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 25-Oct-2009 at 21:07


Не ми е јасно зошто дилема. Се е јасно како ден. Со оглед на новите околности, тој договор за заедничко градење никако не може да се примени сега, како ништо да не се десило.

Не знам дали тоа дека стариот договорот останува сериозно се пласира од другата страна, ама ми се чини дека од тоа нема ништо.


Edited by Cloverstack - 25-Oct-2009 at 21:07
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 25-Oct-2009 at 22:20
Тој договор што се однесува за заедничка изградба всушност по некои норми во меѓународно право сега по пат на некоја, сукцесија вероватно е, треба да е во наследство на Луково поле (пошто и за него се однесува) па да е веќе вантрешно македонско прашање. Како може Косово да се повика за некој договор, не е ни договор, некој меморандум за разбирање е. Како може да се повика за договор на прокет кој веќе го нема под своја капа?! По све изгледа кога се потпишуваше овој договор некој длабоко се обиде да ја изигра Македонија и како гром од ведро небо почна да се зборува за прокет батален со децении па уште и се потпишуваа договори, со цел Косово вероватно да излезе со дупли ќар. Едноставно, вака пост фестум јасно се гледа дека проектот е изваден од прашина со неискрени намери! До тој степен е апсурдно да у нормална држава би се побарало и одговорност за потпишување договори за територија со нерешен статус и предмет на други меѓудржавни односи. Под никој услов не смее воопшто да се помисли на таков договор, ане па уште да се бара начин да му се даде легитимитет или да се примени!


Edited by lslcrew - 25-Oct-2009 at 22:26
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 25-Oct-2009 at 22:43
Воопшто не гледам таква конспиративност и не знам на што го темелиш ова што го викаш. Исто така мислам нема потреба премногу да се возбудуваме од онакви шупливи информации од косовска страна, бидејќи реално сето тоа звучи дека воопшто не држи вода и дека е само wishful thinking... have your cookie and eat it too
Со оглед на договорот за границата кој се постигна во меѓувреме, право за учество во Луково Поле имаат отприлика исто колку што имаат за учество во Чебрен и Галиште.


Edited by Cloverstack - 25-Oct-2009 at 22:47
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 25-Oct-2009 at 22:49
Со оглед на договорот за границата кој се постигна во меѓувреме, право за учество во Луково Поле имаат отприлика исто колку што имаат за учество во Чебрен и Галиште.


Гризни јазик, зашто не е чудо ако излезе и некое такво wishful thinking...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 26-Oct-2009 at 23:04

сега даваа на канал5 емисијата КОД на тема луково поле, интервјуираните енергетичари изнесоаа некои навистина фасцинантни податоци како тоа дека акумулацијата ЛП годишно ќе дава околу 120-130.000 MWh. а ќе чини 40 мил.евра, додека за споредба козјак дава 150-160 илјади мегавати годишно а изградбата чинеше 200 мил.долари... со овие параметри луково поле според нив ќе биде исплатена за 4 год

за споредба колку треба да дадат чебрен и галиште има некој абер т.е. која е конечната варијанта на турбини? според она што се пишуваше во комбинација се повеќе варијанти па и капацитетот сеуште неможе јасно да биде предетрминиран, претпоставувам истово важи и за луково поле...

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 27-Oct-2009 at 05:01
Луково Поле е доста исплатливо со оглед на тоа што водата што ќе се собира треба да пројде низ неколку хидроцентрали, а не само една како што е случај со други вештачки езера. А е релативно ефтин прокет со 40 милиони евра. Сметам дека треба да се најде стратешки инвеститор од некоја реномирана европска компанија, а да не биде ова државен проект. Исплатлив е проектов, ефтин е, инвестиори ќе се најдат и за пократки концеси, највеќе пред се што се работи за погранично подрачје, а со европска компанија сметам дека ќе си ги тргнеме од врат евентуални апетити од страна, на регионов мислам. Сите политички гомнарии што можат да произлезат на некој начин ќе ги премостиме, а евентуалне врел костен ќе гио префрлиме во европски раце, а тамо тој костен ќе биде многу поладен.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 27-Oct-2009 at 16:44

Ама зошто жежок костен? Затоа што некој неименуван извор во Приштина давал шупливи изјави? Би било тотално несериозно државава да подлегнува на такви работи.


@ Max
Дали беше прецизирано дали тие 120-130 илјади MWh се однесуваат само на ХЕ Луково Поле или кога водата од таа акумулација ќе се искористи комплетно, поминувајќи низ мавровскиот систем? Исто така дали беше спомнат податок за предвидената моќност на агрегатите?

Што се однесува до Чебрен и Галиште веројатно си во право, изгледа уште не е ништо конечно, но досега доминираа овие бројки:

Чебрен
- инсталирана моќност 333MW
- средно годишно производство 840GWh
- инвестиција вредна 338 милиони евра

Галиште
- инсталирана моќност 193MW
- средно годишно производство 262GWh
- инвестиција вредна 200 милиони евра

Но исто така многупати сум ги сретнувал како вкупна инвестиција од 600 или 700 милиони евра...

Во секој случај споредбите не се сведуваат само на инвестициона вредност и годишно производство на електрична енергија. Материјата е многу покомплексна. Ама генерално да, Луково Поле дефинитивно изгледа екстра исплатливо и не треба многу да чекаме.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 27-Oct-2009 at 17:44

според кажаното во емисијата само за луково поле станува збор

ко за изненадување канал 5 откачиле позитивно и емисиите експедитивно ги качуваат на нет браво се изненадив, не очекував дека емисијата уште денес ќе ја најдам на нет, се угледуваат на а1, еве ја емисијата http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=36&articleId=220 експертските интервјуа за ЛП се на почетокот од втората четвртина на емисијата

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.797 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.