Author |
Topic Search Topic Options
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#101 Posted: 20-Jun-2009 at 15:57 |
не излегва сликата
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Шпер
Senior Member
Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
|
Quote Reply
#102 Posted: 20-Jun-2009 at 16:07 |
|
|
 |
Шпер
Senior Member
Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
|
Quote Reply
#103 Posted: 20-Jun-2009 at 16:09 |
|
|
 |
Шпер
Senior Member
Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
|
Quote Reply
#104 Posted: 20-Jun-2009 at 16:11 |
Еве уште една.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#105 Posted: 20-Jun-2009 at 17:20 |
Шпер ќе можеш да дадеш локација, координати на google earth?!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#106 Posted: 20-Jun-2009 at 18:55 |
Објектов нависитна не е за потценување но не ми делува дека е на некој од познативе ланци, или барем не Веро. Самата логика дуќаните за изнајмување да се надвор, одделени од супермаркетот не ми делува на нешто што би го применил искусен оператор со супермаркети како Веро. Во секој случај очигледно е при крај па наскоро и онака ќе дознаеме кој стои зад ова.
|
 |
Шпер
Senior Member
Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
|
Quote Reply
#107 Posted: 20-Jun-2009 at 19:01 |
На Google Earth 41'26''39,86''' N 22'38''45,20''' E elev 754 ft
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#108 Posted: 20-Jun-2009 at 19:02 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#109 Posted: 20-Jun-2009 at 19:09 |
фина локација
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#110 Posted: 20-Jun-2009 at 19:13 |
Шпер, координатите што ги наведе не ми даваат локација. Потребните координати можеш да ги добиеш со тоа што ќе поставиш Placemark на точната локација и после едноставно ќе направиш copy/paste на координатите што автоматски ќе ди ги даде Google Earth. И помалку работа е така.
Edited by Cloverstack - 20-Jun-2009 at 19:27
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#111 Posted: 20-Jun-2009 at 19:24 |
41°26'39.86"N 22°38'45.20"E Еве ги координатите. Шпер ги има куцано вероватно на рака па има нешто утнато во синтаксата!
Edited by lslcrew - 20-Jun-2009 at 19:27
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#112 Posted: 20-Jun-2009 at 19:29 |
Гледам нешто што изгледа како голем паркинг плац. Шпер, дали знаеш во која функција и чив бил тој простор?
|
 |
Шпер
Senior Member
Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
|
Quote Reply
#113 Posted: 20-Jun-2009 at 20:06 |
Да, да. Рачно ги впишав бидејќи нема таг на гоогле. Инаку немам поим што ќе биде и чие ќе биде. Кога бев попладнево прашав неколку случајни минувачи ама и тие ништо не знаат. Ако дознаам нешто ќе ве известам.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#114 Posted: 23-Jun-2009 at 02:27 |
„Карфур“ сака да влезе во Македонија?
Нина Нинеска-Фиданска
Најголемиот европски синџир маркети француски „Карфур“ има интерес
да влезе на македонскиот пазар. Оваа информација ја објави порталот
„Проперти експрес“. Во веста на порталот се наведува дека „синџирот за
малопродажба ’Карфур‘ покажа интерес за влез на српскиот пазар, исто
како и на албанскиот и на македонскиот пазар“.
Дека овој
трговски француски гигант имал идеја да го прошири својот бизнис во
некои од балканските држави каде што досега не е распространет, меѓу
кои и во Македонија, за „Утрински весник“ потврдуваат и владини извори,
кои бараат да останат анонимни.
Според овие извори,
претставници на компанијата „Карфур“ веќе имале остварено контакти со
македонски фактори, на кои им ги изложиле своите идеи за влез на
македонскиот пазар. Овие владини извори велат и дека, наводно, луѓе на
„Карфур“ веќе имале остварено неколку посети на земјава. Но, според
нашите соговорници, тоа е работа што е во тек, па засега е рано да се
даваат какви било подетални информации.
Инаку, според
веб-страницата на овој гигант во областа на трговијата, во 2008 година
продажбата преку неговите маркети достигнала 97,6 милијарди евра, што
се смета за здрав и солиден раст. За 2008 година компанијата наведува
дека имала одличен успех на пазарите во развој. На веб-страницата на
компанијата стои дека само минатата година групацијата инвестирала дури
600 милиони евра за пораст на продажбата. „Во последните 40 години
групацијата ’Карфур‘ постојано се зголемуваше и стана една од водечките
дистрибутивни групации во светот. ’Карфур‘ е втора најголема група за
малопродажба во светот и најголема во Европа“, се вели во профилот за
оваа групација што е објавен на нејзината веб-страница.
„Карфур“
оперира со четири вида малопродажни објекти, како што се хипермаркети,
супермаркети, дисконти и продавници за секојдневни производи.
Моментно
групацијата „Карфур“ има над 15.000 продавници. Нејзините најзначајни
пазари се поделени на три сегменти, и тоа Европа, Латинска Америка и
Азија. Во нив таа е распространета во 33 држави. Над 56 проценти од
прометот на групацијата потекнува од маркетите што се надвор од
Франција. На веб-страницата на „Карфур“ стои и дека таа гледа силен
потенцијал за развој на пазарите во Кина, Бразил, Индонезија, Полска и
во Турција.
Инаку, на нашите граѓани маркетите на „Карфур“ им
се познати од соседна Грција, но и од други европски градови, како
места каде што може да се пазарува за пристојни цени, а кои располагаат
со огромен асортиман на производи.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=088FCE2FAC0A84429F4083DB0E4B756D |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#115 Posted: 25-Jun-2009 at 17:34 |
Изложбено-продажен салон на SVEA и MARLES во Ѓорче. Проектот е од 2004-та. Дали е реализиран незнам. 01.  02.  03.  04.  05.  06.  07.  08.  09.  10.  11.  12.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#116 Posted: 25-Jun-2009 at 17:41 |
Originally posted by lslcrew
Изложбено-продажен салон на SVEA и MARLES во Ѓорче. Проектот е од 2004-та. Дали е реализиран незнам.
|
Ај ѕирни ги сликите 10 и 11 
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#117 Posted: 25-Jun-2009 at 17:48 |
Ја онака генерички ги ѕитнав првите неколку слики и си викам ова рендери се, дај прво да ги постирам!  до сега не ми се десил ваков damage!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#118 Posted: 20-Jul-2009 at 23:00 |
Нови пазари ќе го спасат „Бисер“ од картонски тезги
Граѓаните се
незадоволни од грдата слика пред и зад популарниот трговскиот центар,
која ја создаваат продавачи што стоката ја нудат на картонски кутии и на чаршафи

Трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром со години е заземен од диви
продавачи кои на картонски кутии или на распослани чаршафи на земја
нудат разновидна стока со непроверен квалитет. Се нуди се' и сешто -
пиратски цедиња со најновите светски филмови и компјутерски игри, разна
текстилна стока, долна облека, цвеќиња, па дури и детски автомобили на
акумулатори. Нерегистрираните трговци го зафаќаат просторот и пред и
зад трговскиот, па таму е тешко да се помине, а ги има и на други
локации во најурбанизираната општина во Скопје.Граѓаните што живеат во
тој дел од градот се незадоволни од инертноста на надлежните
институции, кои со години не сакаат да го решат овој проблем.
-
Во име на социјалниот мир ништо не се презема. Ја разбирам потребата на
луѓето што продаваат разна стока за да заработат некој денар и немам
ништо против тоа, но имам против хаосот што го создаваат по плочниците.
Стари лица продаваат се' што им дошло под рака, дури и храна. Жално е
да се гледа дека ги продаваат и цвеќињата од дворот за да заработат.
Дали некој од државните служби зборува за оваа сива економија на улица
- вели Васил Цветановски од Аеродром.Тој смета дека местото на овие
продавачи им е на пазарите.
За оваа појава и за
незадоволството на граѓаните одамна се свесни и надлежните во Општина
Аеродром, но решенијата бавно се донесуваат. Градоначалникот Ивица
Коневски вели дека се обидува да најде решение и за продавачите и за
минувачите. Тој објаснува дека нелегалната продажба на стока од секаков
вид и пиратерија е во надлежност на Пазарната инспекција, поради што
Општината постојано ги потсетува да ги преземат законските мерки.
-
Општината Аеродром има подготвено и стратегија за дислоцирање на дивите
пазарџии преку изградба на три нови пазари, кои според деталните
урбанистички планови се предвидени на неколку локации. Еден меѓу
црквата „Свети Пророк Илија“ и амбулантата Јане Сандански, вториот е
зад „Бисер“, а третиот во Горно Лисиче. Проектот за пазарот кај црквата
е готов, а за другите два се изработуваат. Трите пазари ќе служат за
продажба на овошје, зеленчук, кондиторски производи и слично - велат во
одделението за односи со јавност во Општината. Од Државниот пазарен
инспекторат известуваат дека во овој период има засилени инспекциски
надзори на местата каде што се врши нелегална продажба. Сашо Акимовски,
директор во Пазарната инспекција, вели дека активностите ги насочуваат
кон контрола.
- Инспекторатот надлежностите ги врши во
согласност со законските прописи. Многу е сложена „борбата“ со
граѓаните што продаваат стока на црно. Акциите секогаш треба однапред
добро да се организираат зашто штом ќе отидеме на терен кај еден
продавач, другите веднаш ќе се разбегаат. Единствениот лек за
отстранување на овие трговци е инспекторите упорно и континуирано да
вршат контрола и да одземаат стока. Тие вообичаено продаваат филмови,
текстил, овошје и разна стока. Деновиве во една акција пред „Бисер“ беа
одземени 5.000 дивиди-парчиња - вели Акимовски.Тој најавува засилени
инспекциски надзори и во следниот период.
Милион евра за три пазари Општина Аеродром
планира да потроши 60 милиони денари, односно еден милион евра за
изградба на трите пазари. Во службениот гласник на Аеродром од 1 јули
се објавени измени и дополнувања на годишниот план за јавните набавки
за 2009 година, во кој е посочено дека проценетата вредност на
договорот за изведба на три отворени, наткриени пазари изнесува 60
милиони денари, без ДДВ. За изградба на пазарите Општината во септември
ќе објави отворен повик. На прашањето зошто се потребни еден милион
евра за изградба на три пазари, од општината вчера одговорија дека во
меѓувреме направиле ребаланс на буџетот и дека сега сумата за пазарите
е намалена, односно за таа намена се планира да се потрошат 10 милиони
денари.
- Буџетот на општината е проекција, па затоа ако во
касата влезат пари, општината ќе ги намени за изградба на пазарите.
Значи, станува збор за 10 милиони денари, а не за 60 милиони, како што
стои во службениот гласник. Не знам кога точно е донесен ребалансот, но
тоа може да се провери на интернет-страницата на општината Аеродром -
велат во одделението за односи со јавноста.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=587E458C0AAAF94DBB707772A28DA5F9 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#119 Posted: 04-Aug-2009 at 01:59 |
„Сити центар“ и „Маркет гетро“ дадени на користење без употребна дозвола

Двата грандиозни објекта во Гостивар ги немаат потребните одобренија
Киро Кипроски
Гостивар - Два современи и грандиозни објекта во Гостивар, „Сити
центар“ и „Маркет гетро“, сопственост на гостиварската трговска
организација „Гетро“, минатата седмица на свечен начин, но без
неопходните одобренија и без присуство на претставници на локалната и
на централната власт, беа предадени во употреба.
Гостиварци се
задоволни што добија современи деловни објекти каде што ќе можат да
тргуваат за секојдневни потреби, да се забавуваат, пред се', и што
градот се разубави со нови урбанистички достигнувања. „Сити центар“ е
изграден на аголот на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Илинденска“,
односно се наоѓа на најдобрата локација во Гостивар. Авторите на
проектот беа наградени за архитектонското решение од Асоцијацијата на
архитекти на Македонија, со Големата годишна награда за архитектура за
2008 година. Центарот располага со 8.000 квадратни метри корисна
површина, две киносали со 380 и 270 седишта, детско катче, кафетерија,
бутици, продавници и фирми што извршуваат услужни дејности, подземна
гаража со 2.000 квадратни метри со паркинг-простор за 55 возила.
Маркетот
„Гетро“ е изграден на поранешната локација на зградата на експозитурата
на Стопанска банка, на аголот на улиците „Браќа Жиноски“ и „Мајор Чеде
Филипоски“.
Во текот на градењето двата објекта ги следеа многу
контроверзи. Општинската градежна инспекција донесе решение за забрана
за продолжување на градењето на двата објекта, бидејќи инвеститорот не
ги почитувал техничките услови за градба, што ги предвидувала
градежната маркица. Исто така, и државниот градежен инспектор
констатирал недоследности. Но, и покрај констатираните недостатоци и
решението за забрана, сепак, непречено се работеше на градењето на
двата објекта. По повеќе од три години тие целосно се завршени и од
минатата седмица без потребната употребна дозвола се ставени во
функција.
„Ги имаме добиено сите дозволи и сите потврди, двата
објекта легално се изградени и непречено можат да ја извршуваат својата
дејност“, изјави Цана Апостолоска, генерален менаџер на „Гетро“ на
свеченото предавање во употреба на објектите.
Од Секторот за
урбанизам на Општина Гостивар го тврдат спротивното. Двата објекта
отстапуваат и не се изградени според одобрената техничка документација.
Во приземјето на маркетот „Гетро“ има отстапување, односно се изградени
590 квадратни метри повеќе од дозволеното. „Сити центар“ има
отстапувања во габаритот на објектот, како и во височината.
Ставот
на градоначалникот на Општина Гостивар, Руфи Османи, е дека и за овие
два објекта ќе се постапува според законот. Нема да се издаде употребна
дозвола се' додека димензиите на изградените објекти отстапуваат од
добиените услови за градба.
Во гостиварската подрачна единица на
Министерството за економија ни рекоа дека по националниот празник
Илинден ќе извршат контрола на сите бутици, продавници и кафетерии во
двата деловни објекта на „Гетро“. При тоа, ако се констатира дека
носителите на дејност не ги исполнуваат минимално техничките услови за
вршење трговија, угостителство, да почне со работа продажен или друг
деловен објект, ќе се донесе решение за нивно затворање. http://utrinski.com.mk/?ItemID=BC9B7B5929BECB4492DDA80C7CE8E4EF |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#120 Posted: 13-Aug-2009 at 01:04 |
Знае некој нешто за ова? Локација, големина, датум на отварање....
Друштвото за трговија и услуги РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО - Скопје, за својот Хипермаркет Рамсторе - Чаир има потреба да вработи... |
http://www.najdirabota.com.mk/DisplayVacancy.aspx?vacancy=542520
|
 |