Археолошки Музеј / Архив / Уставен Суд |
Post Reply | Page <1 5859606162 75> |
Author | |
Watson
Newbie Joined: 23-Mar-2013 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 33 |
Quote Reply #1181 Posted: 11-Sep-2013 at 20:51 |
можда ти шипките на кругот со зеленило се за да се прицврстат клупи ...
|
|
Z|evzek
Senior Member Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
Quote Reply #1182 Posted: 12-Sep-2013 at 00:11 |
Знае некои кога ќе се отвори археолошки ама за сигурно ?
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #1183 Posted: 13-Sep-2013 at 22:03 |
инаку, за сите тие дегенски влезови во гаражи, лифтови и вентилации, веќе имам дадено мислење... не треба да знаеш квантна физика за да знаеш дека плоштадот и просторот под камени мост беа последното место каде што требаше да ги позиционираат Edited by zabegan - 13-Sep-2013 at 22:03 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
makonix
Senior Member Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
Quote Reply #1184 Posted: 28-Sep-2013 at 01:35 |
Александровиот саркофаг ќе стаса во Скопје пред Нова година
Копија од монументот Александров саркофаг кон крајот на декември од Истанбул ќе допатува во Скопје и ќе биде поставена во новата зграда на Археолошкиот музеј во Скопје, која иако со незавршено внатрешно уредување, премиерот Никола Груевски ја пушти во употреба на 8 септември. Идејата за внатрешната поставеност на спомениците во музејот беше на директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман, кој ја вршеше и нарачката на грандиозниот саркофаг од Истанбул. Кузман сега е во куќен притвор, обвинет како дел од злосторничка група за шверц на артефакти, а обвинителството го товари дека ја злоупотребил службената положба. Но, и без насоките на Кузман, работата во музејот не трпи, директорката Весела Честова во телефонски разговор ни потврди дека се работи динамично. - До крајот на декември поставките треба да бидат во целост готови. Две фирми работат на изготвување на витрините, инсталирање струја во нив, а се врши и селекција кој споменик каде ќе биде поставен. Дел од поставките се веќе позиционирани. Александровиот саркофаг од Истанбул, каде што се прави ќе биде донесен кон крајот на декември - потврди Честова за Плусинфо. На почетокот од годината, Кузман објави дека успеал од Турција да издејствува да ѝ дозволат на Македонија да направи копија од Александровиот саркофаг кој е изложен во Археолошкиот музеј во Истанбул. - Деновиве ми бараa податоци колкав е влезот во музејот, за да знаат дали да го прават монолитен или во два дела, па тука на самото место да го монтираат. Иако е копија, таа ќе биде драгоцена. Станува збор за навистина репрезентативен објект, редок во светот. Со сите релјефи и битки, многу е атрактивен. Тоа е драгоцена копија. Турците првпат ни дозволија изработка на копија, имајќи ги предвид нашите културни и пријателски односи – изјави Паско Кузман за „Дневник“ во февруари годинава Александровиот саркофаг потекнува од IV век пр.н.е. украсен со барелјефни резби со Александар Македонски и направен е од полихромен мермер. Копијата што ќе пристигне во Македонија ќе биде направена од мермер. Како што објаснуваше Кузман, саркофагот ќе биде изложен во приземјето на Археолошкиот музеј, простор наменет за лапидариум - место каде што ќе бидат изложени камени споменици. Уредувањето на новиот Археолошки музеј го координираше Паско Кузман, но поради сплет на околности тој најверојатно нема да биде во можност да ја пресече црвената панделка пред монуметотот, на кој Александар Македонски е качен на коњ, со лавовска кожа на главата. Сепак, името на Кузман како преговарач за изработка на Александровиот саркофаг стои овековечено на Википедија на македонски јазик. http://images.plusinfo.mk/medium_pics/2013/09/26/sarkofag_1.jpg http://www.plusinfo.mk/vest/107362/Aleksandroviot-sarkofag-kje-stasa-vo-Skopje-pred-Nova-godina |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #1185 Posted: 28-Sep-2013 at 08:59 |
грешка-премиерот го пушти уставниот суд а не археолошкиот музеј.тоа после ќе биди(пак)
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #1186 Posted: 29-Sep-2013 at 11:31 |
by AthaPana пренесено од Mosaic74 na SSC |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #1187 Posted: 06-Oct-2013 at 22:17 |
ИНТЕРВЈУ СО ВЕСЕЛА ЧЕСТОЕВА, ДИРЕКТОР НА НАЈНОВИОТ МУЗЕЈ ВО МАКЕДОНИЈА Ексклузивно: Восочните фигури на Александар Македонски и Крали Марко пристигнаа во Археолошкиот музеј! Директорката за ВЕЧЕР открива дека копијата на саркофагот на Александар Македонски ќе биде изложена до крајот на оваа година По грандиозните објекти на Музејот на револуционерната борба и Стариот театар се очекува и отворањето на новиот Археолошки музеј. До каде се активностите на овој објект? - Објектот како објект е готов и ние веќе се вселивме во новите канцеларии. Во тек е изведбата на ентериерното уредување на музејската поставка, што според договорот треба да заврши до крајот на годината. Во моментот се работи и на партерното уредување пред објектот и овие работи исто така треба да завршат до тогаш. Уникатниот изглед на новиот музеј е посебна атракција за граѓаните. Како вие го коментирате како директор? - Уникатноста на овој објект е по два основа, по својата архитектонска грандиозност и раскошната архитектура (станува збор за неокласицизам) и по местоположбата. Имено, лоциран е на најдоброто место во строгиот центар на градот покрај кејот на реката Вардар, со што Археолошкиот музеј на Македонија конечно го добива вистинското место репрезентативно да ја претставува нашата држава. Кажете ни нешто повеќе за внатрешното уредување на Музејот. - Поставката е организирана хронолошки. Во изложбен простор на 3 ката и на површина од 6000 метри квадратни пред јавноста ќе бидат претставени над 6000 артефакти од сите историски периоди, од праисторијата до средниот век. Ентериерот во сите оддели е осмислен на најдобар можен начин и концепциски и виртуелно според сите светски стандарди и со најсовремени музејски технологии. Ова се однесува и на условите за чување и за презентација на артефактите. Во музејот ќе бидат застапени оддел за праисториска археологија, оддел за античка и одделот за средновековна археологија, кабинетот за нумизматика, лапидариум, антрополошката поставка и уште многу изненадувања за кои со сигурност може да потврдиме дека ќе бидат не само ултра модерно вклопени во целата поставка, туку дека овој музеј ќе претставува репрезент на македонската археологија. Кои од експонатите според вас ќе привлечат големо внимание? - Во музејот ќе можат да се видат оригиналните мозаици од ранохристијански базилики, сместени под стакло, реконструкции на археолошки локалитети, амбиентални ситуации кои ќе бидат мошне атрактивни за публиката. За да биде сето тоа прикажано на најдобар начин, ќе има интерактивни лед подови и екрани кои, надополнети со амбиенталната музика поавтентично ќе го доловат нашето богато културно наследство. Од артефактите ќе ја споменам ритуалната кочија, вреден експонат стар 18 века, претставен во во природна големина, дијатретата, луксузна стаклена чаша од 4 век, која е една од десетте пронајдени во светот, а која ќе биде уникатен експонат во новиот музеј, мермерната статуа на Венера Пудика од 2 век, и уште многу за кои мислиме дека ќе бидат изненадување за целокупната јавност. Различните археолошки периоди во новиот музеј ќе бидат претставени и низ слики и скулптури. Дали се тие веќе изработени? - Амбиенталните уметнички слики кои се 84 на број, а кои беа работени во Македонија, Русија и Украина се завршени и пристигнати во Македонија и во моментот се работи на нивно врамување. Од кога ќе заврши оваа постапка тие ќе бидат донесени и сместени во депото на Археолошкиот музеј се до нивно распоредување низ поставката. Веќе пристигнаа и 15-те восочни фигури, меѓу кои на Аристотел, Филип Втори, Александар Трети, Јустинијан, Крали Марко... Сите тие ќе бидат поставени во зависност од периодот на кој припаѓаат. До каде е најавената изработка на копија од мермерниот саркофаг со ликот на Александар Македонски? - Копијата на саркофагот на Александар Велики како еден од скапоцените репрезентативни артефакти кои ќе бидат дел од постојаната поставка во музејот е при крај, и тој ќе биде донесен и изложен до крајот на годината. Преговорите течат во координација со Управата за заштита на спомениците на културата и турската организација Тика со посредство на Министерството за култура. Дали се изработуваат и копии на вредните артефакти најдени во Македонија, а кои се во музеите надвор од државата? - Изработката на сите тие копии на артефакти кои ќе бидат изложени во новиот Археолошки музеј, а кои се наоѓаат надвор од Македонија, нормално за оние за кои се склучени договори, се одвива непречено и на нив се работи. Ние како установа сме во постојана комуникација со музеите. Кога можеме да очекуваме отворање на новиот музеј? - На музејот се работи интензивно и ние се надеваме дека работите ќе се завршат по договорот што го имаме со изведувачот, до крајот на годината. Даниела ТРАЈКОВСКА http://www.vecer.com.mk/?ItemID=EEC945AEA71BC347A99CBBE4D2D15AA3 |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #1188 Posted: 07-Oct-2013 at 00:36 |
објектов упорно на сите им се пика во врат како музеј, кога всушност не е тоа... всушност ни сам не знае што е
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Gradinarot
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 369 |
Quote Reply #1189 Posted: 07-Oct-2013 at 10:05 |
Како не знаеш што е?!! Па Археолошки суд е...или Уставен музеј беше?!~ |
|
..... .......
|
|
marko.kostoff
Senior Member Joined: 10-Oct-2013 Online Status: Offline Posts: 104 |
Quote Reply #1190 Posted: 17-Oct-2013 at 22:10 |
Edited by marko.kostoff - 29-Jan-2014 at 19:50 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #1191 Posted: 21-Oct-2013 at 18:26 |
деновиве се ставаат мермерни постаменти(ако можи така да се наречат) на канделабрите пред судот
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #1192 Posted: 22-Oct-2013 at 18:40 |
by Fotogaleria Przemka od SSc
|
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #1193 Posted: 02-Nov-2013 at 00:28 |
Објавено во новиот број на Дневник, вели отворање за најдоцна три месеци.
ПОСТАВKАТА ВО НОВИОТ МУЗЕЈ ПРИ KРАЈ ВЕНЕРА ПУДИКА СЕ УДОМИ ВО АРХЕЛОШКИОТ МУЗЕЈ Модерни стаклени витрини со челична конструкција, 15 восочни фигури и 83 уметнички слики, видеоанимации, гробови како амбиентални ситуации, реконструкција на неолитски куќи, мозаици под стакло врз кои ќе може да се шетаат посетителите, современа музејска технологија, специфично светло. Вака ќе изгледа поставката во новиот Археолошки музеј на Македонија. Таа ќе тече низ времето, низ минатото, слично како во Музејот на македонската борба. Во некои делови, посетителите ќе се движат по патека од штици, која ќе се вклопува во целокупниот амбиент. Секој период ќе биде сместен на две нивоа, што треба да им ја разбие монотонијата на посетителите, за во еден здив да ја минат музејската маршрута. На простор од околу 6.000 квадратни метри ќе бидат изложени 6.000 артефакти пронајдени на територијата на Република Македонија. Некои од нив се ремек-дела, вистински реткости во светот. Модерна презентација Според Весела Честоева, директорка на Археолошкиот музеј на Македонија, за околу три месеци институцијата ќе ги отвори портите за македонската и за светската јавност. - Веќе се вселивме во новиот објект на кејот на Вардар. Ги преземавме вработените од археолошкиот оддел во рамките на Музејот на Македонија - 24 археолози-кустоси. Следува преземањето на дел од конзерваторите и на технички персонал. Се изработуваат витрините, подот, таванот. Археолозите го селектираа материјалот кој беше конзервиран и ќе почне распоредувањето по витрини - објаснува Честоева. Музејот ќе има оддел за праисториска, античка и за средновековна археологија. Следува одделот за нумизматика и за антропологија во чии рамки првпат во Македонија ќе работи и одделот за археозоологија. - Досега не постоеше археозоологија како посебен оддел, а во Македонија веќе има луѓе кои дури и магистрирале на оваа тематика. Се наметна прашањето зошто ние како современа институција во областа на археологијата не би вклучиле и еден таков оддел. Во Македонија има палеонтолошки материјали кои излегуваат на археолошките ископувања и досега немаше институција која го третираше тој дел. Луѓето работеа во тешки услови за да ги обработуваат животинските коски. Решивме да формираме нов оддел за археозоологија кој ќе расте и ќе се развива - објаснува директорката. Современа конзерваторска лабораторија Во рамките на музејот ќе работат и оддели за техничка документација, за музејски маркетинг, за општи работи и оддел за музејско водење и едукација. Археолозите научници ќе продолжат со научноистражувачката дејност. - Но, ќе вработиме водичи, млади археолози и историчари на уметноста кои зборуваат неколку странски јазици и на посетителите ќе можат да им ја раскажат македонската археолошка приказна. Ќе има и аудиопрезентација - со мобилен аудиоводич кој ќе комуницира преку инфрацрвени зраци со апликација на шест странски јазици - вели Честоева. На приземјето ќе биде сместен лапидариумот, каде што ќе бидат изложени и дел од скулптурите што се пред Владата. Проектанти на концепцијата на поставката се Натка Христоманова и Валентин Светозарев. Ентериерното уредување, пак, го изведуваат „Бетон“ од Штип и „Дизајн фантазија“. Во музејот ќе се удомат и ремек-дела што ги создале нашите предци. Со Музејот на град Скопје веќе е договорено да ја отстапи оригиналната скулптура на Венера Пудика пронајдена на Скупи, но ќе си го задржи оригиналот на Адам од Говрлево. При крај е изработката на александрискиот саркофаг, на стаклената чаша „дијатрета“ од римски период, на ритуалната кочија од Штип. Заводите и музеите од земјата ќе отстапат дел од артефактите (оригинали или копии) кои сметаат дека треба да бидат дел од поставката каде што ќе биде собрано целокупното наследство на Република Македонија. С` уште се преговара за златните предметите од Горна Порта и од Требеништа. Музејот ќе располага и со современа конзерваторска лабораторија. Италијанска фирма треба да изработи проект за опремување на лабораторијата, која ќе содржи најсофистицирана конзерваторска опрема. Во нејзините рамки ќе функционираат четири оддели за конзервација - на керамика, стакло, метал и на камена пластика. - Идејата е да прерасне во централна конзерваторска лабораторија која ќе даде одговор на многу дилеми и прашања поврзани со археолошкото богатство на нашата земја - објаснува Честоева. Археолошкиот музеј на Македонија во 2014 година најмногу ќе се посвети на музејскиот маркетинг и на промоција на новата институција. За две недели тим од музејот ќе патува во Англија каде што ќе го посети „Ашмолијан“, еден од најстарите музеи во светот. Од нив ќе се преземе моделот на работењето на сувенирницата која годишно остварува голем профит. - Изработуваме и еден проект што ни го одобри Министерството за култура, во делот на креативни индустрии. Станува збор за видеоигра „Археологика“ која ќе биде вметната во постојаната поставка. Така најмладите посетители преку видеоигра ќе можат да осознаат што е тоа археологија - објаснува Честоева. Весна И. Илиевска ВОСОЧНИТЕ ФИГУРИ ПРИСТИГНАА Од 15 восочни фигури, седум се пристигнати во Археолошкиот музеј на Македонија. Станува збор за македонски владетели што го одбележале овој регион - Филип Втори, Александар Трети Македонски, неговата мајка Олимпија, Јустинијан, Самуил, до последниот македонски владетел, Kрали Марко. На прашањето како изгледаат ликовите, Честоева одговара: - С` уште се запечатени. Kомисијата по пристигнувањето на останатите ќе се собере и ќе направи записник за секоја фигура за да можеме во текот на неделава да ги отвориме. Ме информираа дека целосно се обработени, сосе облека - вели Честоева. http://www.dnevnik.mk/?ItemID=80C274D811ECD2439186DAB0F2BC485C |
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #1194 Posted: 08-Nov-2013 at 01:35 |
Дур да го отворат музејов се што треба да се изложи ќе се украде. (повод најскорешната кражба на експонати од депото на стариот археолошки музеј)
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #1195 Posted: 08-Nov-2013 at 22:19 |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #1196 Posted: 08-Nov-2013 at 23:23 |
Стварно ли? Значи еве денес да нагрнат туристи ќе останат без прошетка на ова поле.
Не дека којзнае колку туристи има и дека и да работеше некој ќе ги упатеше кон него (оти туристичките мапи низ Скопје повеќе се сконцентрирани да насочуваат кон објекти како АЕК, МНР и еден куп неизградени како СРДФ, МЕПСО и сл. ). Edited by fichot - 08-Nov-2013 at 23:24 |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #1197 Posted: 08-Nov-2013 at 23:36 |
а мене исто така ме интересира што планираат со просториите на овој музеј откако ќе го испразнат edit: малце сум претерал со фазата на изградба на објектот, сепак објектот беше изграден во тој период Edited by zabegan - 08-Nov-2013 at 23:48 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #1198 Posted: 09-Nov-2013 at 03:01 |
Веројатно ќе го поклонат на коалиционите партнери. |
|
Еден Дечко
Senior Member Joined: 24-Nov-2013 Online Status: Offline Posts: 277 |
Quote Reply #1199 Posted: 24-Nov-2013 at 21:34 |
Едит.
Edited by Еден Дечко - 08-Apr-2014 at 20:33 |
|
Danndy
Senior Member Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
Quote Reply #1200 Posted: 25-Nov-2013 at 09:35 |
Па ваљда никој не мислеше дека Археолошки музеј ќе го има оригиналниот сакрофаг на Александар Македонски, на пример? |
|
Traveling.
|
|
Post Reply | Page <1 5859606162 75> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |