![]() |
![]() |
![]() |
Урбанистички планови и парцели (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6061626364 66> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Утре презентација на ДУП за Карпош 4, ќе се градат нови згради и деловни објекти
Жителите кои живеат во Карпош 4 и на просторот кај гимназијата „Нова“ до крајот на август можат да пополнуваат анкетни листови и да ги доставуваат своите забелешки за двата предложени детални урбанистички планови кои моментално се на јавна анкета – ДУП за Градска четврт 3 02, блок 3 02.02 и ДУП за Градска четврт 3 06, блок 05. “ Жителите кои живеат во Карпош 4 и на просторот кај гимназијата „Нова“ до крајот на август можат да пополнуваат анкетни листови и да ги доставуваат своите забелешки за двата предложени детални урбанистички планови кои моментално се на јавна анкета – ДУП за Градска четврт 3 02, блок 3 02.02 и ДУП за Градска четврт 3 06, блок 05. Утре за првиот ДУП кој го опфаќа просторот помеѓу улица Никола Парапунов, булевар Партизански одреди и кејот на Вардар, односно површина од речиси 12 хектари во Карпош 4, ќе има јавна презентацијата со почеток во 13 часот, а за другиот кој се однесува за простор во Тафталиџе, јавната презентација е закажана за 24 август во 13 часот. Од „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ ги повикаа граѓаните да се информираат преку куќните совети и да се организираат за да присуствуваат во што поголем број на јавните презентации. Притоа, од граѓанската иницијатива укажаа на неколку од содржините на Предлог –ДУП за Градска четврт 3 02, блок 3 02.02. Делот околу белите кули – монтажна платформа за паркинг – со оглед на новите згради кои се градат, се сомневаме дека ќе биде доволно за нормално паркирање. Зградите кои се градат во моментов – на недоволно обезбедени градилишта, се со висини од П+5+Пк – паралелно на постоечките згради во редот на „Тинекс“, сите други што треба да се изградат и во преостанатиот дел со куќички П+6+Пк. Колку станови има во овие згради – толку паркинг простор треба да се обезбеди. Со оглед на тоа што ова е 2 Заштитна зона на бунарски систем Нерези – Лепенец, подземни паркинг нивоа треба да бидат ограничени – објаснуваат од “Независни за Карпош“. Оттаму додаваат дека во преостанатиот дел од овој блок се предвидуваат две нови згради на самиот кеј на Вардар, со катност П+4+Пк и уште една зграда со две нивоа со висина П+4+Пк и едно ниво меѓу нив со П+1. Останатите објекти во овој дел кои се со поголеми габарити се со деловна намена Б2 и висините се од 26 метри за П+6 и пониски меѓу нив П+1 до 8 метри висина. Круна на деловните објекти е огромниот квадрат на местото каде што во моментов има пазар кој е од 38 етри или 10 ката со приземје и понизок дел со „само“ 7 ката и висина од 28 метри. На Карпош му фалеле деловни објекти, паркинг нормално ќе се обезбеди – на цртежот, во реалност ќе бидеме сведоци на пренатрупани улици, нервозни возачи и дополнително загадување – велат од „Независни за Карпош“. https://www.slobodenpecat.mk/utre-prezentacija-na-dup-za-karposh-4-kje-se-gradat-novi-zgradi-i-delovni-objekti/ Edited by stef4o - 22-Aug-2022 at 16:47 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/NezavisniZaKarpos |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Северно од Влае 1 се наоѓаат т.н. Мавровски Куќи (Градска Четврт C3 26, Блок 1).
На 15.08 Општината објави дека за тој четврт ќе се организира Јавна Анкета по Предлог Детален Урбанистички План. Од она што можеме да го забележиме од синтезниот план го издвојуваме следното: 1. На постоечките куќи им се дозволени 2 ката + поткровје. Тоа не е алармантно, дури и, зависно од останати услови, може да дозволува убав маалски живот 2. Не е јасно дали се планира градинка, болница или останата јавна установа иако има можност за такво нешто. 3. Онаму каде што има „празни плацеви“ се дозволени огромни згради т.н. Наполитанки. 4. Планирани се повеќе спортски објекти меѓу станбените згради, расфрлани без концепт. На цртеж бидејќи ознаката им е зелена, делуваат како зеленило, но не се тоа. Имаат определена катност и висина на објект. Слично како во Александрија, што е преку улица од оваа населба, на просторите каде има магацини и привремени објекти, се планираат згради од 5 до 9 спратови. Најалармантниот дел е целиот ред маркици за згради од приземје + 7 ката + поткровје покрај ул. Марк Твен (северно од раскрсницата кај Лепенец) кои се градат како „линиски центар“ кој е дозволен само покрај булевари. Улица Марк Твен е продолжение на бул. Илинденска (кој така е нацртан во овој предлог ДУП, преземен од ГУП-от на Град Скопје иако техничките можности за директно поврзување со мост преку Вардар се скоро непостоечки поради бунарите во Долно Нерези (Лепенец) кои се резервни и многу битни за Скопје, а Градот нема најавено нејзино проширување и поврзување). Покрај оваа улица ќе може да се градат овие 7 згради од приземје + 7 ката + поткровје (во продолжение „9 - катници“) иако продолжението на бул. „Илинденска“ ниту постои, ниту е предвидена да се гради во следната деценија, а којзнае и дали некогаш ќе се изгради…, а сигурно населбата и улица Ацо Шопов немаат капацитет за да го издржат оптоварувањето кое би го предизвикале сите овие нови згради. Нели е логично прво да се изгради ЛИНИЈАТА-БУЛЕВАРОТ, па ЛИНИСКИОТ ЦЕНТАР? Каков е тој линиски центар без булевар? Во внатрешноста на населбата се дозволени неколку згради од 4, 5 или 6 ката + поткровје на просторите каде сега нема куќи, односно има стопански објекти на големо државно земјиште (проверете ја парцелата КП 3127/1 од КО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 4 - ВЛАЕ). Таму каде што има паркинг, тој е на државно земјиште и со тоа општината ќе плаќа од свој џеб за изведба на паркинг за згради изградени од приватници. Тој паркинг треба да биде инкорпориран во маркиците на објектите, а државното земјиште да се пренамени. Има многу прашања кои ги отвора овој ДУП. Се отвора можност да се испланира целосно нова населба од нула! ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/BorbaZaVlae/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во новите ДУП-ови на Кале, ЦС 01 и ЦС 14, намалена катност на објектите и зеленило на површина од околу 30.000 м2.
Завршија јавните презентации на предлог ДУП-овите кои го регулираат просторот околу тврдината Кале. Наместо хотелски комплекс со 6 ката и поткровје, катноста е намалена на 3 ката и добиено е зеленило на површина од 3.074 м2. На местото на објект за спорт и рекреација, во новите планови предвидено е парковско зеленило на површина од 15.980 м2. Во плановите избришана е планираната катна гаража на 8 нивоа и на нејзино место предвиден е јавен паркинг со 7.860 м2 зеленило. За децата кои живеат во околината на тврдината Кале предвидовме и изградба на прва детска градинка во овој дел на Општина Центар, со што ќе решиме уште еден долгогодишен проблем. Ова се само дел од придобивките на новите два плана. Јавните анкети траат до 16-ти септември, а граѓаните до тогаш ќе можат своите идеи, предлози и забелешки за планот на пополнети анкетни листови да ги доставуваат до општината. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=460829559390825&set=pcb.460830759390705 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КУЌИТЕ КАЈ КАЛЕ И МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ЌЕ СЕ УРИВААТ ЗА ДА БИДЕ ЗЕЛЕНИЛО ОТИ ПРОСТОРOT Е ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ
Сите куќи кои се наоаѓаат кај скопската тврдина Кале и Музејот на современа уметност (МСУ) треба да се урнат, а просторот ќе биде парковско зеленило. Ова се предвидува со новиот Детален урбанистички план (ДУП) Градска четврт ЦС 14 Кале и СРЦ Кале за кој Општина Центар денеска организираше јавна презентација. На овој простор кој е заштитено подрачје има бараки кои се направени за време на земјотресот, но во последните години наголемо се градат куќи, згради и хотели дивоградби без градежни дозволи од Општина Центар. „Со овој план, за првпат урбанистички е уреден и простор на и околу Калето за кој досега немало Детален урбанистички план. Куќите кои сега ги има, од кои дел се уште од земјотресот, со новиот план ги нема односно цел овој простор е парковско зеленило. Знаеме дека има објекти кои се и легализирани и затоа понатаму кога ќе се прави овој простор ќе бидат соодветно обештетени”, рече Билјана Насковиќ. раководителка на Одделението за урбанистичко планирање во Општина Центар. Граѓаните кои присуствуваа на јавната анкета им кажаа на општинарите дека додека тие цртаа на хартија план, во тоа што го означуваат како зеленило секој ден никнуваат дивоградби. „Вие додека цртате, 0вде хотел ви никна толкав, а никој не го виде за да спречи градба. Додека сега нам ни презентирате, овде имате багери и камион кои копаат дупка за нова зграда. Се јавуваме кај вас во Општина, но никој не интервенира“, рекоа граѓаните. Од Општината им одговорија дека инспекциските служби веднаш ќе реагираат. Од Музејот на современа уметност рекоа дека се задоволни со новиот план и со тоа што просторот од Каде до Музејот останува зелен простор, но повикаа на државен проект просторот да се среди и уреди, а не да биде темно сокаче како што е сега. „Овде навечер е темно, цело зеленило е обраснато и запуштено, никој не го одржува, често има пожари. Мора да има државен проект за да се среди цел простор, да се уреди пристап од Кале до Музејот, на тој простор да се овозможи како отворен простор за изложување“, рекоа претставници од Музејот на современа уметност. Во планот, на улицата Лазар Личеновски се предвидува да се изгради паркинг простор, а на парцелата каде имаше хотел сега има зеленило. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kukite-kaj-kale-i-muzej-na-sovremena-umetnost-ke-se-urivaat-za-da-bide-zelenilo-oti-prostorot-e-zashtiteno-podrachje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВО СКОПСКО ВЛАЕ ЌЕ НИКНЕ НОВА СТАНБЕНА НАСЕЛБА ЗА КОЈА ЌЕ СЕ ПРОБИВААТ УЛИЦИ НИЗ ДВОРОВИТЕ И КУЌИТЕ НА СТАРОСЕДЕЛЦИТЕ
Нова станбена населба ќе никне на празниот простор во Влае во близина на населбата Александрија. За изградбата на населбата ќе се пробиваат и прошируваат улици, за што ќе бидат одземени имотни од дворовите и ќе бидат урнати гаражите на староседелците чиишто куќи граничат со новата населба. Ова е предвидено со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт C3 26, Блок 1 кој опфаќа дел од населбата Влае или таканаречените мавровски куќи. На вчерашаната јавна презентација беше кажано дека мора да се пробијат и прошируваат улиците за да се обезбеди пристап на новите жители на зградите. Зградите за кои се вцртани маркички се со висина од 5 до 7 ката. „Зошто ја цртате улицата во нашите дворови кога може да биде на земјиштето каде ќе се градат новите згради, навистина нема логика кога имате празен простор, а вие цртате сообраќајница во нашите имоти. Уништувате живот на луѓе кои педесетина години живеат тука затоа што маркичките веќе ви се поделени, а на нас ни земате имот за да имате повеќе простор за нови згради“, рекоа жителите на населбата на јавната презентација на планот. „Сакате улица која сега е широка 4,5 метри да ја проширите на 10 метри за да имаат пристап жителите од новите згради и на нас буквално ќе ни ги земете цели дворови и ќе ни минува улицата до самата куќа. Вие кога го правевте планот сте мислеле само на маркичките, но не и на нас. Овој план треба да ни овозможи подобар живот, но со ова што сте ни го испланирале ќе ни го уништите целосно мирниот маалски живот. Ги уништивте сите населби со куќи низ Скопје, сега на ред сме ние“, велат револтирано жителите. Од Општина Карпош им кажаа дека овој план е многу подобар од претходните решенија, намалена била катноста на зградите, предвидени се спортски игралишта и зелени површини, како и маркичка за градинка. „Оовј план не е конечен, изложен е тука пред вас за да ги чуеме вашите забелешки. Сите вие може да пополните анкетни листови кои ќе ги разгледа комисија“, рекоа претставниците од Општина Карпош. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-skopsko-vlae-ke-nikne-nova-stanbena-naselba-za-koja-ke-se-probivaat-ulitsi-niz-dvorovite-i-kukite-na-starosedeltsite/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
По Хотел Русија па се до Хилтон има огромна површина обрасната во треви но и голема провалија поред самата пешачка патека поред кеј,со години е вака.Знае некој зошто има огромна дупка што се случувало на просторот порано?
Копале темели за нешто/ваделе песок?? Како и да е останало необезбедено,нема никакви тараби и огради од страна на пешачката патека. ![]() ![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
anna75 ![]() Groupie ![]() Joined: 16-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
Тука нели требаше да има аква парк? |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Планирано беше Дом на спортови и Олимписки дом ![]() http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3593 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Земјиштето е сопственост на
ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОТСТВО,ТРГОВИЈА И УСЛУГИ МАНД ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ ЕКСПОРТ ИМПОРТ која е фирма во стечај но во доверителскиот одбор се наоѓаат Настел и ЕВН. Ова со Олимпискиот Дом имаше варијанта да се гради и тука и под Кале но очигледно нема финансиски капацитет да се изгради или пак нешто станало спорно со земјиштето. |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Овој потег на Трета Македонска долго време стои вака запуштен како див паркинг а има и некој гостилница Три Ангели и куќарка до тротоарот.Дали е предвидено нешто да се гради?
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВО АЕРОДРОМ ИМА ПРОВАЛИЈА ВО КОЈА МОЖЕ СЕКОЈ МОМЕНТ НЕКОЈ ДА ЗАГИНЕ! Стојанче Ангелов укажува на сериозна опасност за шетачите покрај Вардар
![]() Покрај самиот тротоар на пешачката патека покрај реката Вардар во населбата Аеродром постои огромна провалија, длабока петнаесетина метри, кој претставува голема опасност за граѓаните кои се рекреираат на таа патека – изјави денеска на прес конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. – Ние поднесовме барање да се постави ограда на една голема, би ја нарекол провалија, долга дупка, покрај хотелот „Русија“ на кејот на Вардар во Аеродром. Се работи за една голема провалија каде што дете со велосипед може да падне и да загине. Ние ги информиравме и градот Скопје и општина Аеродром, но сметавме дека поради политичките збиднувања можеби е невкусно да излеземе јавно да не бидеме протолкувани во политички контекст, односно да не бидеме предмет на дневна политика, но таа дупка зјае до ден денес. Ние како Центар нема да чекаме некој таму да биде повреден или да загине за да интервенираме. Поради тоа испративме неколку ургенции до Градот Скопје и до другите надлежни институции и сега јавно апелирам, а таму ќе одржиме и посебна прес конференција, бидејќи и покрај заладувањето граѓаните овде се шетаат. Човек може да се шета пеш и да падне. Буквално, покрај самата ивица на тротоарот покрај горната патека постои дупка које е длабока петнаесетина метри, долга можеби стотина метри – рече Ангелов. Ангелов уште рече дека повеќе институции сериозно работат за проблемот со бездомните кучиња, за кои дополнително ќе излезат во јавноста со можни решенија. https://plusinfo.mk/vo-aerodrom-ima-provali-a-vo-ko-a-mozhe-seko-moment-neko-da-zagine-sto-anche-angelov-ukazhuva-na-seriozna-opasnost-za-shetachite-pokra-vardar/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Спорен ДУП претвори тивко маало во бетонски кањон
Звукот на циркуларната пила продира низ тесниот простор. Набргу ѝ се придружува чеканот, па хилтата, па мешалката за бетон, а багерот непрекинато се слуша како заднински звук. За минувачите, непријатниот концерт трае неколку минути. Но, за жителите на населбата Капиштец, на улицата Козара и на околните помали улички, овој недиригиран оркестар свири секој ден, по цел ден, веќе осум години. А сѐ почна откако стапи во сила деталниот урбанистички план за т.н. градска четврт Ј07 на Општина Центар, изгласан во јули 2014 година. Тој ги опфаќа локалитетите Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, и во дел од нив овозможи семејните куќи да се заменат со станбени згради од пет, шест или седум ката, плус поткровја. ![]() Сателитските снимки на Гугл покажуваат дека осум години се повеќе од доволно за инвеститорите да го видоизменат некогаш мирното маало во непосредна близина на центарот на градот, веднаш под Водно. Во круг со дијаметар од околу 300 метри веќе се направени триесетина згради, а има маркички за барем уште толку. Малите улички со куќи, дворови, градини и дрвја се претвораат во тесни кањони со бетонски карпи од по 20-25 метри од двете страни, низ кои сонцето продира само напладне. Но, иако во приказните за скопското градење сме навикнале да ги слушаме оправдувањата дека „сѐ е според законот“, а на надлежните им се „врзани рацете“, овде работите не се толку чисти. Уставниот суд одлучи да прифати иницијатива, поднесена од локални жители, со кои се оспорува одлуката за усвојување на ДУП-от во 2014 година, бидејќи не била донесена со мнозинство гласови во Советот на Општина Центар. Од вкупно 23 советници, 11 гласале „за“, а еден бил „против“, па, сепак, планот влегол во сила. Со тоа, според иницијаторот, се прекршил Законот за локална самоуправа. Планот познат и како „Плацови на Водно“ ![]() Планот за градската четврт Ј07 ги опфаќа и земјиштата што се дел од познатиот случај „Плацови на Водно“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше првостепено осуден во отсуство на седум години затвор поради перење пари и противправно стекнување имот, а неколкумина други, меѓу кои неговиот поранешен кум Ристо Новачевски, бизнисменот Орце Камчев и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, исто така добија затворски казни. Носењето на планот беше драматична епизода од работата на Советот на Центар по преземањето на власта од СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски во 2013 година. Тесното мнозинство во Советот од 12 советници на СДСМ наспроти 11 на ВМРО-ДПМНЕ првично го спречуваше носењето на урбанистичките решенија. Но, откако претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ, беше уапсен, па пуштен во 2014 година, неговото однесување се смени. Додека другите советници од СДСМ не учествуваа на расправата за овој и за други ДУП-ови, тој присуствуваше и гласал против. Со тоа обезбедуваше мнозинство за Советот да може да работи, а резултатот од 11 гласа наспроти 1 беше толкуван како одлука за усвојување на планот. ![]() Жерновски се обидел да го спречи планот, поднесувајќи предлог да се запре неговото објавување во општинскиот службен гласник. Во него тој посочил дека ДУП-от е изгласан спротивно на Законот за локална самоуправа, односно без мнозинство од сите советници, како и дека не е усогласен со Генералниот урбанистички план. Советот, со истиот сооднос на гласови (11 „за“ и 1 „против“), пак, одлучил планот да се објави. „Како градоначалник имав право еднаш да го запрам објавувањето, а кога Советот по вторпат ја донесе одлуката, планот стапи во сила. Ми остана само да поднесам иницијатива до Уставниот суд, но тој се прогласи за ненадлежен“, рече Жерновски за БИРН. Одлуката со која се отфрла иницијативата на Жерновски во 2014 година стои на интернет-страницата на Уставниот суд, потпишана од поранешната претседателка на судот, Елена Гошева. Придружена е со долго образложение во кое се објаснува дека при подготовката на ДУП-от биле испочитувани сите законски чекори, од цртањето, преку јавните анкети, мислењата на разни институции итн. До него стои и издвоено мислење од тогашната уставна судијка Наташа Габер Дамјановска, во која таа укажува дека судот, иако требало, воопшто не се занимавал со тоа дали ДУП-от е изгласан во согласност со Законот за локална самоуправа и се држел само до тоа дали се исполнети одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Тивко стравување меѓу гласните градежни звуци ![]() На плацовите на Водно, за кои се слушаше и во „бомбите“ што СДСМ ги објавуваше во текот на политичката криза во 2015 година, сѐ уште нема ништо изградено. Затоа, пак, подолу од нив, спорниот ДУП целосно го трансформираше просторот и ги направи неподносливи животите на многумина. Во околината на улицата Козара, именувана по славната битка од Втората светска војна на југословенските партизани против окупациските сили, сѐ помалубројни се жителите што даваат отпор против нивниот сегашен „окупатор“ – градежниот бизнис. Тој уште одамна е во офанзива, па и на оваа Козара се чини извесна победата на „окупаторот“, слично како и на босанската планина во 1942 година. Стравот е присутен низ сокаците во Капиштец. Не е видлив како бетонските ѕидови или гласен како градежните звуци, но се чувствува кај луѓето. Се обидовме да поразговараме со неколкумина што останале да живеат во куќи, но никој не сакаше да зборува јавно. Се жалат на притисоци, закани, дури и на физички напади поради различни обиди да го спречат градењето. ![]() Надежта ја гледаат во новата иницијатива што Уставниот суд ја прифати и ќе ја разгледа во следниов период. Во неа ДУП-от повторно се оспорува поради истата причина – не бил донесен со мнозинство гласови во Советот. „Немаме избор, мора некако да се бориме. Нарушени ни се основните услови за живот“, ни рече една од нив. Откако судот сега формално изрази сомнеж во уставноста на одлуката за донесување на ДУП-от, на ред е да побара мислење од Општина Центар. Потоа ќе се подготви предлог за кој ќе се гласа на некоја од следните седници на судот. https://prizma.mk/sporen-dup-pretvori-tivko-maalo-vo-betonski-kanon |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПРОВАЛИЈАТА ДЛАБОКА 30 МЕТРИ ПОЛА ГОДИНА СТОИ НЕОГРАДЕНА НА КЕЈОТ ВО АЕРОДРОМ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛИ АНГЕЛОВ
![]() Провалија длабока над 30 метри на кејот во Аеродром во Скопје пола година стои незаштитена, предупреди денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојане Ангелов. И покрај пријавата во јуни годинава од ЦУК до Град Скопје и до Општина Аеродром, никој од нив не реагира да се заштити местото односно да се постави ограда. Провалијата се наоѓа на потегот зад хотел „Русија“ во насока на мостот Близнак и претставува опасност за пешаците, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време кога видливоста е значително намалена. Порано на ова место постоела лимена ограда, но веќе подолго време е отстранета. „Поаѓајќи од начелото на ЦУК, ‘безбедноста на граѓаните на прво место’, покажувајќи одговорност и ефикасност при заштита на граѓаните, ЦУК веднаш, во средината на јуни оваа година, испрати известување со барање за отстранување на оваа нескриена опасност до Градот Скопје и до Општина Аеродром која поради ерозијата постепено се зголемува. Од страна на Градот Скопје итно беа преземени мерки за делумно намалување на опасноста со поставување знаци за забрането движење и заштитна лента со укажување дека во наредниот период ќе се постави и лимена заштитна ограда. Воедно, Градот Скопје нè извести дека самата провалија е во надлежност на Општина Аеродром“, рече Ангелов. Тој рече дека неколку дена подоцна, несовесни граѓани ја скинале заштитната лента, ги откорнале знаците за опасност и ги фрлиле во провалијата. Од ЦУК во уште неколку наврати побарале интервенција од Град Скопје, но како што вели Ангелов, поминати се шест месеци од првото известување, а провалијата сè уште е необезбедена. „Апелираме до Град Скопје и Општината Аеродром, во согласност со нивните надлежности, итно да постават соодветна заштитна ограда која ќе ја гарантира безбедноста на многубројните граѓани кои од рекреативни причини пешачат, трчаат или возат велосипед или се движат со електрични тротинети, особено ако се земе предвид зголемената опасност поради раното стемнување и слабата видливост ноќно време, како и очекуваните претстојни ниски температури проследени со снежни врнежи или појава на голомразици“, рече Ангелов. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/provalijata-dlaboka-30-metri-pola-godina-stoi-neogradena-na-kejot-vo-aerodrom-vo-skopje-veli-angelov/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
30 метри не се високи ни зградите во позадина.
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДУП-от со бензинската на Пуцко петрол на мета на уставниот суд-дали се отвора нова врата за милионска отштета од џебот на Карпошани
![]() Деталниот Урбанистички План со бензинската пумпа на Пуцко-петрол на мета на Уставниот суд поради неусогласеност со Генералниот план, отворена е постапка за да се утврди дали ДУП-от до базенот Младост и салата Борис Трајковски е уставен или не. Ова отвора нова врата за можноста да се наплати милионска отштета од џебот на Карпошани и да се измолзе општинскиот буџет. Плацот со години стои негибнат, општината Карпош во два наврати донесе Детален урбанистички план со кој предвидува бензинска пумпа,а инвеститорот Пуцко Петрол го купи државното земјиште и со години не гради и се обидува преку судски пат да извлече милиони евра од општинскиот буџет. Во целата правно-урбанистичка драма со скапа цена повторно се вклучи Уставниот суд. Едногласно одлучија да ја прифатат иницијатива за разгледување дали ДУП-от е уставен или не. -Уставниот суд досега разгледуваше само формални аспекти на иницијативите за уставност на ДУП-ови. Од приложеното се гледа дека е во ред. Но, во ДУП-от е ставена бензинска пумпа иако Генералниот урбанистички план, којшто е хиерархиски повисок, не предвидува тој тип на објект, беше став на уставен судија Осман Кадриу, известител за предметот со ДУП во Карпош. -Нема дилема дека треба да се отвори постапка. Општина Карпош на најдрзок начин со план предвидува да се гради нешто што не е планирано, водејќи се од нечиј интерес, претседател на Уставен суд. Уставниот суд донесе и времена мерка до одлучувањето со што се забранува издавање на било какви дозволи и одобренија за градба во конкретниот Урбанистички план. Во дискусијата на уставните судии се слушна дека мора да се гледа и јавниот интерес за хуманизација на просторот што е содржано и во Уставот, а не како досега ДУП-овите да се гледаат само преку форма и покрај грешки како што е оваа. Но, одлуката отвора и можност инвеститорот Пуцко Петрол да поведе нова постапка доколку планот биде поништен и како и пред неколку години да бара отштета од десетици милиони евра за изгубена добивка од бенизнска пумпа која не ја ни почнал. Еднаш веќе доби отштета од над 15 милиони евра иако за плацот платил 2,3 милиони евра. Пресудата ја доби затоа што Уставниот суд го поништи конкретниот ДУП поради технички причини од постапката. Но општината предводена од Стевче Јакимовски преку советот повторно го изгласа истиот ДУП (со исправена техничка греѓка и објавување на документ на веб страната), а Пуцко петрол со нова тужба бараше 15-тина милиони евра отштета. Но на крај (преку Граѓански суд и Апелационен суд Скопје) и доби само 2,5 милиони евра колку што платил за плацот планиран за бензинска пумпа. Инвеститорот не ни бара дозволи тврдејќи дека институциите му тврдат дека местото што го купил не е безбедно за пумпа и си бара милионска отштета. Еднаш веќе успеа, но во сегашната состојба и по конечната одлука на Уставниот суд, доколку го поништи ДУП-от ќе има нова шанса за молзење на буџетот на Карпош. Доколку пак уставните судии го укинат ДУП-от тогаш ќе нема таква можност. А слични случаи кога поради институционални грешки, инвеститорите добиваат огромна отштета полека стануваат пракса во граѓанските постапки во суд. https://telma.com.mk/2023/01/11/dup-ot-so-benzinskata-na-pucko-petrol-na-meta-na-ustavniot-sud-dali-se-otvora-nova-vrata-za-milionska-otshteta-od-dzhebot-na-karposhani/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
УСТАВНИОТ СУД ГО УКИНА ДУП-ОТ ЗА ВОДНО И КАПИШТЕЦ ДОНЕСЕН ВО 2014 ГОДИНА БЕЗ МНОЗИНСТВО СОВЕТНИЦИ
Уставниот суд денеска го укина деталниот урбанистички план (ДУП) на Општина Центар за Градска четврт Ј07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара, донесен во јули 2014 година. Станува збор за планот со кој се опфатени плацевите на Водно на семејствата Камчеви и на избеганиот експремиер Никола Груевски за кои се водeше судски процес. Како што велат од Уставниот суд, овој ДУП бил донесен иако не било обезбедено потребното мнозинство во Советот на општината. „Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон. Уставниот суд оцени дека не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа ‘за’, како што предвидува законот“, изјави портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, по денешната седница. Од вкупно 23 члена, колку што броел Советот на Општина Центар, присутни биле 12 члена, од кои за донесување на одлука за деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а еден бил против. https://sdk.mk/index.php/makedonija/ustavniot-sud-go-ukina-dup-ot-za-vodno-i-kapishtets-donesen-vo-2014-godina-bez-mnozinstvo-sovetnitsi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Укинат најголемиот ДУП, што со издадените решенија?!
Укинувањето на ДУП Ј07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара од страна на Уставниот суд и отвори голем проблем на Општина Центар. Бидејќи не е важечки и оној од 2014 година, практично тој дел од општината сега е без детален план. -Ова е најголем ДУП можеби и во државава. За сега не можеме да постапуваме се додека не добиеме одговор околу толкувањето. Има пристигнато голем број на предмети. Инвеститорите зеле кредит, направиле идејно решение , а не можат ништо да реализираат, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. За овој опфат од 1.1.2021, односно укинувањето на мораториумиот за градби од страна на Уставниот суд, Општина Центар има издадено 15 правосилни одобренија за градба, а површината која ја опфаќа планот е 136 хектари Укинувањето на ДУП Ј07, со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара од страна на Уставниот суд и отвори голем проблем на Општина Центар. Бидејќи не е важечки и оној од 2014 година, практично тој дел од општината сега е без детален план. Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар веќе започнале консултативни средби со сите засегнати страни и институции кои се вклучени во постапката за донесување на планот. Како што изјави Герасимовски, оствариле средба со судии, за да видат што понатаму. Воедно, оствариле средба и со претседателот на парламентот за да побараме толкување. Освен тоа, со Министерството за транспорт и врски се подготвуваат и официјално да достават до Парламентот за тоа како да се толкува одлуката на Уставниот суд, бидејќи, како што вели Герасимовски, не знаат на кој член од законот да се повикаат. Тој додава дека според закон треба да се почне со реализација на нов ДУП. -Бидејќи немаме планирано средства за годинава од буџетот на Општина Центар за таа намена, ќе треба тие да се обезбедат со ребаланс – наведе Герасимовски. Тој смета дека со оваа одлука на Уставниот суд се отворил голем проблем за Општина Центар. -Ова е најголем ДУП можеби и во државава. За сега не можеме да постапуваме се додека не добиеме одговор околу толкувањето. Има пристигнато голем број на предмети. Инвеститорите зеле кредит, направиле идејно решение, а не можат ништо да реализираат – истакна Герасимовски. Од Општина Центар информираат дека откако ќе се завршат сите консултативни процеси и се донесат релевантни заклучоци за натамошните чекори кои се однесуваат на овој план, Општина Центар навремено ќе ја информира јавноста. Инаку, за овој опфат од 1.1.2021, односно укинувањето на мораториумот за градби од страна на Уставниот суд, Општина Центар има издадено 15 правосилни одобренија за градба, а површината која ја опфаќа планот е 136 хектари. Уставниот суд на седницата на 25.01.2023 година ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014-та година Советот на Општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара. Тогаш судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон и оти не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа „за“, како што предвидува Законот. Тогаш портпаролка на Уставниот суд, Христина Беловска појасни дека согласно правното мислење на Судот, од вкупно 23 члена колку што броел Советот на Општина Центар присутни биле 12 члена, од кои „за“ донесување на Одлука за Деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а еден бил против. Според Судот со донесувањето на таа Одлука за Деталниот урбанистички план во Општина Центар е нарушена една од темелните вредности на уставниот поредок, а тоа е владеењето на правото. Согласно одлуката на Уставниот суд, Општина Центар нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации кои се опфатени со Деталниот урбанистички план, бидејќи тој ДУП не постои од денот кога ќе биде објавена одлуката на Судот во „Службен весник“. Подносител на иницијативата е Томе Симоновски, граѓанин од Скопје. https://www.vecer.press/укинат-најголемиот-дуп-што-со-издаден/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Поред провалијата на кеј во Аеродром од ЦУК поставиле заштитна мрежеста ограда но само делумно е заштитено повторно има оставен дел од 50-60м во правец кон Хилтон кој е необезбеден.
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
УСТАВЕН СУД ГО УКИНА ПЛАНОТ ЗА КАРПОШ 3, „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ НЕ МОЖЕ ДА ГРАДИ БЕНЗИНСКА ПУМПА
Уставниот суд на денешната седница го укина Деталниот урбанистички план (ДУП) за градска четврт 3 04 блок 04.05 на Општина Карпош, за просторот кај базенот „Борис Трајковски“. Со тоа не смее да се реализираат содржините кои се предвидени со него,па „Пуцко петрол“ не може да гради бензинска пумпа. Судот утврди дека ДУП-от е неусогласен со Генералниот урбанистички план (ГУП), бидејќи се предвидува изградба на бензинска пумпа која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти. „Поконкретно, просторот каде се планира изградбата на бензинска пума е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура. Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на Општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП не е во согласност со ГУП“, се вели во соопштението од Уставен суд. Иницијативата за укинување на ДУП-от беше поднесена на 3 април 2022 од Наташа Шурбановска. На 3 март лани, со 16 гласови „за“ од советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ И ГРОМ, Советот на Општина Карпош го усвои Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт З 04, Блок 3 04.05. Против планот беа советниците од „Независни за Карпош“ и од Левица, кои не ни присуствуваа на вонредната седница на која единствена точка на дневен ред беше усвојување на планот. Со планот, на празниот простор пред ВИП Арена „Борис Трајковски“ паралелно со булеварот 8 Септември се предвидува бензинска пумпа, како и нова улица која ќе минува покрај терасата на базенот. Земјиштето за изградба на бензинската пумпа веќе е продадено на фирмата „Пуцко Петрол“ и поради тоа градоначалникот Стевчо Јакимовски тврдеше дека мора итно да се донесе планот, во спротивно Општината ќе биде тужена. За овој план Јакимовски се скара и со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, само неколку месеци откако дојдоа на функција, велејќи дека таа не му се јавува и го кочи донесувањето на планот, а на Општината ѝ се заканува тужба. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ustaven-sud-go-ukina-planot-za-karposh-3-putsko-petrol-ne-mozhe-da-gradi-benzinska-pumpa/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6061626364 66> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |