![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6263646566 69> |
Author | |
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Има неколку примери на поделба на две компании за товарен и патнички превоз при реформирање, но мислам дека во нашиов случај е најдобро само една компанија за патнички превоз да има. Ниту еден приватен инвеститор нема да е заинтересиран за патнички превоз при помалку од 500.000 патници годишно, ни плата за чистачки не се вади со толку. А за товарниот нема потреба од фирма бидејќи сме премногу неспособни за водење државни фирми, ќе продолжиме и понатаму во дупка да сме, па така најдобро е да се либерализира за влез на приватни фирми и да се формира регулаторна комисија за поставување цени за транспортот додека не се развие пазарот и готово.
|
|
![]() |
|
S.P.Q.R. ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 212 |
![]() ![]() |
What if I told you дека постои со години веќе регулаторно тело за железницата и се вика Агенција за регулирање на железничкиот сектор http://arpz.mk/ . Со оглед на фактот дека постои повеќе од 10 години, а немаме напреднато воопшто кон либерализација и реформирање на секторот, кажува многу за вољата и системските слабости кај нас.
|
|
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Не знаев дека постои, но посекако реформите не зависат од регулаторните тела. Ист е случајот со Пошта каде имаме Агенција за пошти што 10 години предлага либерализација на пазарот, но освен да предлага нема никакви други надлежности. Реформите мора да ги потегнат властите, но сакав да речам реформите да бидат во стилот на тие од енергетскиот сектор (со либерализација и регулаторно тело).
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Ама ние на хартија, имаме регулаторни тела/агенции за сите полиња на општеството
![]() |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
регулатор пластично фанато треба да е во случајов нешто налик Скретничар значи има и смее да прави што сака во однос на постојниот Закон за Желенички Транспорт, но за промени ниту Власта е толку кабает колку Собранието каде ако владата нема мнозинство нек се слика, а доколку пак го има без критична опозициона мисла меѓу самите коалициони партнери она што неретко завршува на хартија е недоносенче, во најмала рака од аспект на имплементација, пр. во однос непушењето во новите Возои, хм не се пуши вонив точно, но се пуши на врата на секоја Станица што е и поризично од повеќе аспекти, Комедија ноу, Кома јес, уште да е дозволено оние ои се покултурни па излегле на Перон да пушат а им скубне Возо да си фатат следниот со извињење зошто не биле пуш-мајмуни на врата, што морам да признаам и мене ми се има случено, нејсе, не ви го читнав муабетот само прокоментирав околу аберот колку регулаторите се тапа, јас пак ќе речам тапа е што Народ нема контролен механизам преку Невладините за да директно и постојано ги удира по уши Властите, а што единствено ќе биде возможно доколку профункцинира поозбилно еОпштество [1] |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Крвоток полн со триглицериди
Македонскиот железнички транспорт е многу значаен, но целосно запоставен Здравствената криза е вистинскиот момент и за решавање на долгогодишните проблеми и на кочниците на македонската економија, смета првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Според него, токму во овие моменти, кога земјата, како и поголем дел од светот, се соочува со здравствена и економска криза, мора да се најдат решенија за проблеми што со години се одложувале. Едно од клучните прашања што во овој период треба да бидат разгледани, според него, е проблемот со железничкиот транспорт во земјава, со чие надминување ќе им се овозможи на компаниите полесно да ја надминат кризата наметната од ширењето на ковид-19. – Стратегиските прашања што долги години седат, сега е момент да се расчистат. Слушнав повеќе такви иницијативи, а во една од моите колумни напишав дека тие треба да го здогледаат светлото на денот затоа што се работи за крупни прашања, кои се ставени настрана. Тоа е прашањето за активирање на гасоводот, кое е многу голема инвестиција, а која стои десет години. Второ прашање е состојбата на железницата во Македонија, која е двојно поскапа од камионскиот превоз, што никаде во светот го нема. Треба да се направи нешто на планот на либерализацијата за да се поттикне тој процес, а со тоа да им се олесни на компаниите да станат поконкурентни – вели Бранко Азески, претседател на СКМ. Тој прашува дали треба да страда целата економија во државата за да се спаси „Македонски железници“, истакнувајќи дека превозот на еден контејнер со нашата железница чини двојно поскапо отколку со камионскиот превоз, што, според него, го нема никаде во светот. – Што штитиме ние? Штитиме партиски претпријатија. Тие се крвотокот на една држава. Нели пред три години купивме вагони, каде се сега тие, тие треба да обезбедат поевтин превоз во ваква кризна ситуација. Имаме регулаторно тело во државата за железнички сообраќај и имаме монополска организација. Ако веќе е донесен заклучок дека до влезот во ЕУ нема да се либерализира пазарот, зошто не го укинаа регулаторното тело? Што ќе ни е регулаторно тело за една фирма? Може да дојдеме за 15 дена во состојба на тешка неликвидност, може да дојдеме во ситуација на блокади, треба сите максимално да ги искористиме ресурсите. Внатрешните ресурси треба да го намалат внатрешното задолжување, затоа што секој долар што ќе се земе тешко ќе се врати – истакнува Азески. Претседателот на Комората истакна дека ако сега не се искористи моментот за решавање на проблемите што со години сме ги одложувале, никогаш нема да ги решиме. – Ние 30 години не сме ги решиле прашањето и проблемот со железницата, и токму затоа сега е вистинскиот момент. Да се донесе одлука што ќе се спроведе во некоја постапка што е нормална. Тоа ќе овозможи за стопанството зголемување на конкурентноста. Јас не знам земја во светот што нема регулирано железнички сообраќај – истакна Азески. Претставниците на компанијата „Макстил“, кои се корисници на овој тип превоз, посочуваат дека во минатото се соочувале со голема неефикасност во работењето со железница, но додаваат дека денес ситуацијата е значително подобрена. – Железничкиот сообраќај по својот габарит има многу големи фиксни трошоци и поголем број вработени од транспортните компании. Најчесто камионскиот превоз превезува стока во двете насоки, додека железничкиот транспорт во Македонија, поради слабата искористеност, носи стоки во еден правец, најчесто кон Солунското пристаниште. Стопанството треба поинтензивно да разговара со „ МЖ транспорт“ и да се обиде да го пронајде својот интерес, особено во денешните услови, со тешкотиите што ги донесе ковид-19. Во минатото се соочувавме со голема неефикасност во работењето со железницата, поради немањето доволен број вагони и локомотиви за пренесување на нашите суровини и готови производи. Денес ситуацијата е значително подобрена, бидејќи раководството на „МЖ транспорт“ ја препозна потребата од дополнителна набавка на локомотиви и ревизија на вагоните што со години стоеја неискористени. „Макстил“ како еден од најголемите корисници на железнички транспорт поради затворањето на многу граници за камионски транспорт успеа да ја надмине кризата предизвикана од ковид-19 благодарение на партнерскиот однос со МЖ – објаснуваат од компанијата „Макстил“. Оттаму додаваат дека во изминатиот период, квалитетот и обемот на услуги што се добиваат од железницата се на задоволително ниво и од аспект на времето за транспорт до финалните дестинации. – Соработката на нашите железници со земјите од опкружувањето е подигната и денес транспортот на стоки на Балканот се завршува за речиси 50 отсто побрзо од времето што беше потребно пред неколку години. По дефиницијата државата е лош менаџер на јавните добра, но поради малиот обем на транспорт на стоки не веруваме дека сериозни приватни оператори ќе го најдат својот интерес за инвестирање во либерализиран пазар – додаваат од „Макстил“. И претседателот на Здружението на металургијата, Ацо Попоски, смета дека има простор за подобрување на услугите што ги обезбедува „Македонски железници“ и упати апел да се пуштат повеќе товарни возови до пристаништето во Солун за да се растовари увозот. Првиот човек, пак, на Македонската асоцијација на рударство, Николајчо Николов, посочува дека за компаниите од металургијата во овој период најбитно е да се обезбеди слободен проток на возила, за навремено да ги добиваат суровините и материјалите и, секако, навремено да ги испорачуваат продуктите. https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/крвоток-полн-со-триглицериди/?fbclid=IwAR2J-my1CnjHcVOS3c4nsdYMovlZkLDcAwXo2NXrTvSoe7GxAKxn4tKaqOc |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Извадок од колумната Јавно размислување во услови на криза - ТРИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ од Стопанска комора на Македонија РЕАКТИВИРАЊЕ НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КАКО ТРАНСПОРТНА ОПЦИЈА Уште едно прашање кое постојано се покренува периодов е прашањето за оптимизација на можностите за поголема искористеност на железничкиот транспорт, посебно во околности кога пандемијата донесе сериозни застои на патните гранични премини и километарски колони.
Бизнис-заедницата со години апелира да не се чека влезот во ЕУ за да се дозволи влез на приватни оператори во железничкиот сообраќај – всушност, некои од примерите од соседството укажуваат дека процесот на либерализација на железничките услуги е најдобро да се започне уште пред отворањето на поглавјето транспорт во пристапните преговори, а аргумент плус е фактот што приватни оператори има во сите држави од нашето опкружување. Всушност, од сите земји низ кои минува железничкиот Коридор 10, Република Северна Македонија во моментов е единствената што нема либерализиран железнички пазар, а со оневозможувањето на сообраќањето на приватни оператори по пругите, нашата земја е главен кочничар за развојот на овој паневропски коридор. Јасно е дека либерализацијата на железницата не е прашање што може да се разреши веднаш, но преземањето на дејствија за започнување на тој процес би упатило јасна порака до извозниците дека тој конечно се забрзува. Прашањето на либерализацијата и застарената инфраструктура доведуваат до тоа железницата да биде далеку понеповолната транспортна опција за македонското стопанство (иако за некои индустрии, како металургијата, и не постојат други алтернативи освен железнички транспорт), а и бројките тоа го покажуваат - во 2018 година реализиран бил патен товарен сообраќај од 10.637 тонски километри, а железнички товарен сообраќај од 305 тонски километри, при што проценките се дека превоз на еден контејнер со железница чини двојно повеќе отколку истиот да се превезе со камион. Сето ова говори за потребата што побрзо да се спроведе процесот на либерализација во железницата, но и да се продолжат инвестициските активности во железничката инфраструктура. П.С. Извозот е основа на опстанокот на секоја мала економија. Во услови на ваква криза тој може да ја определи и нашата иднина, бидејќи е јасно дека постои консензус по ова прашање. Еве можност на дело да се покаже како треба да се работи – но не претендираме тоа да биде без широка расправа и размена на различни мислења. д-р Татјана Штерјова, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори Стопанска комора на Македонија http://www.mchamber.org.mk/default.aspx?mId=3&evid=38211&lng=1 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во меѓуградскиот превоз десет пати повеќе се патува со такси отколку со воз (инфографик)
Наместо со возови и автобуси како што се патува низ цела Европа, нашата земја е меѓу ретките во која такси-превозот пополека постанува главно средство за превоз во меѓуградскиот превоз. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат дека возовите и автобусите се сè помалку атрактивни за патниците, па така таксистите го земаат приматот и во превозот меѓу градовите. Со такси-превоз во меѓуградскиот сообраќај лани биле превезени дури 5.102.000 патници. За разлика од нив, со меѓуградски автобуски превоз во 2019 година патувале 5.827.000 патници, додека железничкиот сообраќај лани го користеле само 549.000 патници. Статистичките податоци за целата измината деценија покажуваат дека превозот со такси возила меѓу градовите вообичаено се движел меѓу 2 и 4 милиони патници годишно, за драстично да се зголеми во текот на 2018 и 2019 година. Зголемената доверба во такси-превозот може да се објасни со континуираното намалување на бројот на патнички возови во домашниот железнички сообраќај, како и опаѓањето на квалитетот на автобускиот превоз. Поради неатрактивноста на железницата и неразвиената инфраструктура, патниците се приморани да бираат меѓу автобускиот и такси-превозот. Минатата година се случи автобуската несреќа кај Ласкарци, која пак доведе до зголемување на недовербата кај патниците во автобускиот превоз што веќе беше присутна и претходно поради преполните автобуси на одредени линии и стариот возен парк. Од друга страна, зголемениот број на патници во такси-превозот придонесува за намалување на неговите цени, кои постепено стануваат конкурентни на другите видови превоз. Таксистите секогаш ги возат патниците до крајната дестинација и за најбрзо време, проблем за којшто „Мета.мк“ веќе има пишувано во неколку наврати. Споделувањето на такси возилата за патувања меѓу блиските градови е пракса која што сè почесто ја користат нашите граѓани. Сепак, ваквиот тренд во нашата земја е далеку од искуствата во земјите-членки на ЕУ, каде што се стимулира користењето на масовниот превоз за јавен транспорт. Такси-превозот превезува мал број на патници, поскап е, при што бројот на превезени патници во еден воз е еквивалентен на бројката на граѓани кои можат да патуваат во десетици такси-возила. Како резултат на ова, се зголемува аерозагадувањето, расте сообраќајниот метеж низ градовите и ризикот од сообраќајни несреќи, додека се намалува и бројот на достапни паркинг места во населените места. https://meta.mk/vo-megjugradskiot-prevoz-deset-pati-povekje-se-patuva-so-taksi-otkolku-so-voz-infografik/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Таксистите кај нас се социјална категорија. Никакви лиценци, никакви безбедносни стандарди. Да имаше некој малку храброст и визија во градовите како Тетово, Битола, Охрид, Штип и Куманово (Прилеп е на пола пат), ќе се воведеше солиден градски превоз под општинска капа (јавно претпријатие), а такси превозот ќе се одвиваше со многу ограничен број на лиценци, со повисока цена, и со многу поквалитетни возила. Тогаш ем општината ќе вади пари од лиценците, ем такси возилата ќе бидат на многу повисоко ниво и во многу помал број. Ако таксито постане скап луксуз, а не основна форма на јавен транспорт, тогаш градовите ќе имаат помал број на возила на улиците (и со тоа растеретување на сообраќајот), ќе имаме подобра услуга за оние кои можат да си го дозволат тоа, а и за државата ќе значи помала потрошувачка на увозно гориво, што е во превод помал одлив на девизи. Секако, ова подразбира воведување на квалитететен јавен превоз, и подразбира држава која не зависи во толкава мера од акцизите на горивото за полнење на својот буџет.
Edited by гитардемон - 12-May-2020 at 10:34 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Студијата изработена, владата на потег за одлука за преструктурирање на железницата
Италијанската консултантска куќа „Pricewaterhouse Coopers Advisory S.r.l“ ја изработи Студијата за бизнис сегментација на Железници на РСМ – Транспорт, во која се понудени моделите за идно преструктурирање на државното железничко транспортно претпријатие во земјава, потврдија за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Консултантите изработиле неколку сценарија за преструктурирање на Железница – Транспорт, но засега нема одлука за понатамошните чекори. – До овој момент, Министерството за транспорт и врски ја информира Владата на Република Северна Македонија за изготвената анализа – информираат од ова министерство. Конкретните сценарија за преструктурирање на ова претпријатие не ги откриваат од Министерството за транспорт и врски, но искуствата од соседните земји кои се понапред од нас со либерализацијата на железничкиот транспорт се познати. Примерот на Грција нуди приватизација на државната железница и влез на дополнителни приватни компании што ќе сообраќаат по пругите. За разлика од нашиот јужен сосед, Бугарија, Србија, Хрватска и Романија извршија сегментација на државната железница на посебни претпријатија за товарен и патнички железнички сообраќај, при што го укинаа монополот што го има државата во транспортот на стоки по пругите, преку влез на дополнителни приватни оператори. Во Црна Гора беше поделено железничкото претпријатие на две посебни компании за товарен и патнички превоз, но засега не е дозволен влез на приватни оператори што ќе сообраќаат на нивната железничка инфраструктура. Од сите земји по кои минува паневропскиот Коридор 10, Македонија остана единствена во која не е создаден либерализиран железнички пазар и конкуренција меѓу неколку превозници кај транспортот на стоки со возови. Како резултат на ова, економските субјекти се жалат на високите тарифи за превозот на стока со возовите, обемот на превезена стока во товарниот железнички сообраќај е мал, додека јавното претпријатие за железничка инфраструктура трпи загуби поради неискористениот максимален капацитет на пругите за проток на возови. Железници на РСМ – Транспорт подолг период наназад е најголемиот државен должник, кој според податоците на Министерството за финансии, до крајот на минатата година акумулирало долгови од речиси 54 милиони евра. https://meta.mk/studijata-izrabotena-vladata-na-poteg-za-odluka-za-prestrukturiranje-na-zhelezniczata/ |
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Хахахахха на кои дроги се Интегра
Ја видов нивната реклама, човече проект од 9 милијарди, цел круг Скопје - Охрид - Струмица - Велес и пак Скопје. https://www.facebook.com/integraconservatives/videos/194588605247334/?d=null&vh=e Еве видете си. Вака убаво осмислиле ама реално неостварливо. Како што вика еден у коментарите на постот, баби ли ќе се возат кога целиот народ побега. Подобро ќе е да ја средат трасата Куманово - Гевгелија, оти тој е главен коридор и е од голема важност. Потоа нека се замараат со Скопје - Охрид, и Скопје - Крива Паланка оти тие се други коридори по важност, особено за товарен транспорт. Кој им го правел видеото, очигледно не се разбира. Шибнале некој си шинкансен, се умислуваат 220 km/h а не ни зимаат у обзир кривини, планини и ридови, а на самата снимка се гледа дека самиот воз се движи и запира далеку побрзо. Но сепак, не ме чуди оти предизборна кампања, се е можно. Имаат утнато во целост, ако сакаат соодветно железничко поврзување, ене го мојот модел што го нацртав (ќе направам нов со дополнителни 2 коловоза за градски / приградски возни линии) далеку по реалистичен, и подобар. Главните коридори да се решат, да се воведе јавно - приватно партнерство, да има конкуренција, итн итн... е тогаш ќе се среди ситуацијата со железницата во нашата држава, и можеби ќе се повратат луѓето да се возат пак на возови. Никој нема да сака со воз да оди од Скопје до Охрид, па макар и 220 km/h, ајде да речеме дека ќе сака, ама станицата ќе биде на влез или да кажеме во близина на центар во Охрид. Ако сака некој да отиде на плажа? Да, постои такси, можеби ќе треба и автобуски линии да се воведат во Охрид, или некој друг вид на јавен престап, или пак градски / приградски возни линии. Сево ова уште толку зголемува на цена, а има и 300 други работи што нема да ги објаснам зошто е нелогично ова они што го имаат објавено. Скопје - Гевгелија брза железница, па дури и со 160 km/h vmax е сосема доволно, со соодветни возови секако. Ајде да речеме се изгради брза железница Скопје - Гевгелија, и се користи доста. Тоа ќе значи дополнително олеснување на A1. Скопје - Крива Паланка не гледам дека би се користело толку многу, туку повеќе за транзит кон Бугарија и за товарни возови. Скопје - Охрид 80 km/h vmax ќе е доста колку за товарни возови со 1 коловоз, и електрификација на пругата до Скопје. Скопје - Прилеп - Битола. И оваа рута би можела доста да се користи, пруга преку Бабуна, vmax 160 - 200 km/h сосема доволно, и ќе е од голема корист за замена на веќепостоечкиот магистрален пат, и иден автопат. И можеби, пруга Скопје - Велес - Штип - Радовиш - Струмица. vmax 120 - 180 сосема доволно, и овде исто така би се користело оваа делница доста, но кај Велес ќе треба и нова железничка станица да се изгради, бидејки од овде ќе се делат Велес - Гевгелија, и Велес - Прилеп - Битола. Голема и важна разделница во Велес. Друга алтернатива е преку Свети - Николе, паралелно по трасата на веќепостоечкиот автопат, ама нема да е од голема корист, освен пократко поврзување со Србија, и Скопје. Од Струмица, нова траса до Петрич, највеќе како корист за товарни возови, а исто од овде може Струмица - Гевгелија да се поврзат, исто така за корист на товарните возови. Освен тоа, други потреби за модернизирање и нова желеница не гледам. Нека се средат Македонски Железници првин, да не фрлаат пари на алхохол, и 300 непотребни глупости, после ќе се чудат зошто биле во минус. Епа ќе бидат. Нека се воведе јавно приватно партнерство, со конкуренција, и ќе се поттикне компаниите и претпријатија да на некој начин се натпреваруваат кој ќе даде повеќе од себе.Што поголем избор за нас граѓаните, тоа подобро. Имаше едно видео мислам, зборуваа за тоа колку опаднала железничка инфраструктура во Македонија, и колку тоа се намалил бројот на корисници, и како да се спаси железничкиот сообраќај во Македонија, објаснето беше убаво. Земете ја Романија како пример, за време на комунизмот, исто како кај нас се користело доста железницата, и Романија се има доста развиено. Заради тоа кога ќе видите на мапа, Романија има далеку повеќе km желеница наместо автопат. Кај нас е обратно, бидејки Тито сакал, и приоритет му бил автопатот Братсво и Единство. По падот на комунизмот во Романија, бројот почнал да се намалува но не толку. Сеуште се користела железницата во 90 - те, но дури периодот 2000 - 2005 користењето на железницата драстично опаднало, и поголемиот дел од инфраструктурата била во распаѓање. Но подоцна власта во Романија воведува јавно - приватно партнерство, конкуренцијата се зголемува, исто така и инфраструктурата, а и они веќе имаат брза железница со vmax 160 km/h (во план им е да ја надоградат до 200 km/h vmax) од Букурешт до Константа, главна туристичка дестинација во Романија. И еве сега резултатите се гледаат, бројот на корисници на железница во Романија драстично се зголемува. И они си имаат еден главен коридор од Букурешт до границата со Унгарија, и моментално се врши реконструкција и надоградување ![]() На сликава убаво се гледа, по доведување на системот со јавно - приватно партнерство, и со доведување на конкуренција како се намалил бројот на патници во компанијата marfa, а како се зголемил во компанијата calatori. Ама романците не трошат пари на алхохол, пијачки и 300 глупости. Они купуваат нови возови, ја надоградуваат и реновираат веќепостоечката пруга. Повеќето напуштени пруги и линии кои што порано не беа во корист, сега се спасени, бидејки си има приватни компании кои што си возат возови низ тие линии. И после Романија била напредна држава, кога станува збор за железницата. Епа ќе биде. Ние ова што ни останало уште од времето на Југославија ништо се нема сменето. Само неколку "модернизирани пруги" и тоа е се. Edited by The Wild Boy - 02-Jul-2020 at 23:23 |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Сега ветуваат македонски сателит до 2030
![]() „ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија. Аманет за Македонија!“ а програмата им е футуристичко-прогресивна. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() НАЈДОБРА КАМПАЊА ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
До крајот на јули ќе се комплетира проектот за заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија
Проектната документација за изградба на заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце ќе се комплетира до крајот на јули. До овој датум, консултантите се очекува да ја достават документацијата за идниот пристапен пат кој треба да го поврзе железничкиот со патниот премин кај Табановце, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Веќе е изработен проектот за изградбата на идниот граничен објект со планирана површина од 2.500 метри квадратни, во кои ќе бидат сместени полициските службеници, цариниците, инспекторите и железничките работници на двете земји. Од Министерството за транспорт и врски чекаат повратен одговор од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обезбедување на преостанатите 50 отсто од проценетата инвестициска вредност на проектот, по што би се започнало со постапка за избор на изведувач и надзорен инжењер за изградба на заедничкиот железнички граничен премин. Тендерската документација за изградба на самиот објект веќе е подготвена. Заедничката контрола на службениците од двете земји во железничкиот сообраќај би почнала да се применува во периодот по 2023 година. Меѓу Македонија и Србија веќе функционира системот „One Stop Shop“ за заедничко гранично управување во патниот сообраќај. Со нејзиното воведување и во железничкиот сообраќај, времето за патување со воз меѓу двете земји би се скратило за половина час кај патничките возови, како и за 90 минути во товарниот сообраќај. На тој начин, железничкиот сообраќај би постанал конкурентен со патниот транспорт во однос на брзината на превозот. Проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин кај Табановце е во вредност од 5,2 милиони евра, од кои досега се обезбедени 2,7 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ). Финансиската конструкција ќе се заокружи со планираниот заем од ЕБОР. Идниот објект ќе се гради до постојната железничка станица во Табановце, а целокупниот проект ќе го реализира македонската страна во согласност со веќе комплетирани вакви гранични премини во земјите-членки на ЕУ. https://meta.mk/do-krajot-na-juli-kje-se-kompletira-proektot-za-zaednichki-zheleznichki-granichen-premin-megju-makedonija-i-srbija/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Глупост! Сегашниот модел каде граничните служби се на последните железнички станици во секоја држава одлично си функционира, што има потреба од вакво нешто?
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Затоа што возот двапати застанува можеби
![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Сега трипати ќе застанува, двапати за патници и една на граница. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ковид-19 го преполови бројот на патници во возовите, граѓаните со воз не можат во странство
Ширењето на корона вирусот во нашата земја го преполови бројот на патници во возовите во домашниот железнички сообраќај и целосно го сопре функционирањето на меѓународните возови кон Белград, Солун и Приштина. Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека сите возови во домашниот железнички сообраќај сообраќаат по важечкиот возен ред, а до 1 јули повторно се пуштени во сообраќај возовите на релацијата Скопје – Кичево – Скопје. Сепак, епидемијата со ковид – 19 го преполови бројот на патници во железничкиот превоз. Ако лани во просек со воз патувале по околу 1.500 патници дневно, просечниот дневен број на патници сега се движи помеѓу 700 и 750 патници. Во периодот на долгите полициски часови имаше уште помал број на патници, но и промени во возниот ред како последица на забраната за движење на граѓаните. Од Железници на РСМ – Транспорт информираат дека и понатаму е во прекин меѓународниот патнички железнички превоз. Возовите кон Белград, Солун и Приштина не сообраќаат, поради честите промени со состојбата на заразени лица со ковид-19 во соседните земји. – Поради променливоста во состојбите со бројот на заразените во регионов со ковид-19, нема релевантни параметри врз база на кои би се утврдиле датумите за почеток на сообраќање на меѓународните возови – велат за „Мета.мк“ од Железници на РСМ – Транспорт. Доколку продолжи ваквата состојба со корона вирусот, извесно е дека годинава железницата ќе доживее историски неславен резултат кај бројот на превезени патници со воз. Според податоците на Државниот завод за статистика, лани со воз патувале 549.000 патници, а слични бројки од околу половина милион превезени патници имаше и во претходните 2018 и 2017 година. https://meta.mk/kovid-19-go-prepolovi-brojot-na-patniczi-vo-vozovite-gragjanite-so-voz-ne-mozhat-vo-stranstvo/ |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
![]() http://arpz.mk/анкета-за-почитување-на-правата-на-пат-3/ но не парцијална анкета ами треба на Железничкио и други еФоруми да има Дебата и константен Пол! на Владимир Форумо кај испари? овој на МЖ виа Дискус Платформа на ништо неличи! капак стаиле форум а не зеле да го подраспалат, кој им е филмот!? |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
да не се пишманија чехо-словациве, има ли абер дали почнале со терминалов, воопшто колку пари повлекле како субвенција, инвестиција која ја третираат ко за фабрика а примарно тоа и се’ [1][1][1] а според текстoиве те јет те не е!? а дека за 20m eur. ќе ет само сервис-центар тешко, но ако се надевале на К8 како Пруга која набрзо ќе дочека завршница ја промашиле локација, може со камиони ќе се помагаат за до Бугарија или орук околу Ниш ... всушност може и тука лежи зајако околу волјата за продавање на МЖ Транспорт кое веќе 2 години го најавуваше претходната Влада, колку ова е паметно ако е ваков случај незнам, но потенцијално така би ги изгубиле кинезите од џеб на кои доколку им го пуштаме Транспорт тоа може да го спакуваме и со Инфраструктура и дил за нови Пруги, а може да бркаме попусти во однос Пиреја итн. зависно која калкулација за каков дил ни е поисплатлива, прашање е колку сме кадарни го грците тоа да го спинуваме сега откако насила сме отанизирани!? http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=550&PID=114034#114034 2014 https://www.mzv.cz/skopje/en/economy_and_trade/meeting_of_the_loko_trans_company_s.html 2016 https://www.railwaygazette.com/freight/loko-trans-to-develop-skopje-rail-hub/43563.article http://investicii.prizma.mk/en/inv/Loko-Trans 2019 https://meta.mk/cheshki-loko-trans-%D1%9Ce-gradi-fabrika-za-shinski-vozila-vo-skop%D1%98e/ ~
Edited by Zelenikovo - 25-Jul-2020 at 01:21 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6263646566 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |