![]() |
![]() |
![]() |
Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6364656667 90> |
Author | |||
donStefan ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 02-May-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Полната функционалност на автобусите ќе сe види по воведување на електронска наплата.
Ќе се зголеми проточноста на патници, ќе се намали задржувањето на автобусите на станици, со тоа и потрошувачката на гориво, помалку метеж и најважно - задоволството ќе се максимизира. Несфатлива ми е досегашната пракса, купување билет во автобус!?! (патници кои влегуваат во бус без ситно, а стојат 10мин на станица на која има и трафика). Да се разбудат во ЈСП и што побргу да се воведе електронската наплата. |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Крале, за воведувањето на жолта линија за јавниот превоз апсолутно се сложувам, иако до сега се пробуваше таа опција и е доста неуспешна во Скопје. Треба сериозно да се разработи овој проект, на форумов веќе го имаме дискутирано.
Дон Стефан, добре дојде на форумов. Се сложувам со тебе дека купување билет во автобус е многу го успорува превозот во Скопје, а најмногу страдаат возачите на автобусите кои треба да бидат и продавачи на билети. Електронската наплата цврсто ја поддржувам. |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
Помисливме дека кај новите двокатни градски автобуси во ретро стил, бидејќи возачот е во целост изолиран од патниците, ќе се стави крај на праксата на купување на билет во возило, но наместо тоа, работите тргнаа кон полошо - вработување на уште едно лице за секој автобус, чија што единствена одговорност е да продава билети и да внимава на горниот кат на автобусот да нема повеќе патници од дозволениот број, а истовремено никој од патниците на горниот кат да не стои.
Ова само ги зголемува трошоците за ЈСП Скопје, лицето кое ги осигурува горниот кат и ги продава билетите во автобусот треба да земе плата, истовремено тоа лице не може целото патување да го помине на нозе стоејќи, мора да седи, што го намалува капацитетот на патници во автобусот, и за крај, има две скалила кон горниот кат, а лицето кое ги продава билетите и го осигурува горниот кат ќе мора како на деца постојано да им објаснува на патниците зошто не смеат на горниот кат на автобусот додека капацитетот на горниот кат е исполнет. Ниту едно од скалилата нема електронска рампа која би се заклучувала автоматски откако капацитетот на горниот кат на автобусот би бил исполнет до последно седиште, или возачот би можел да ја заклучи електронски, на крајот на краиштата, внатрешноста на целиот автобус е опремена со камери и возачот постојано има визуелен пристап кон внатрешноста на целиот автобус. Но ништо од ова не функционира согласно со денешните европски и светски стандарди. За поништување на билетите предвиден е само еден автомат, барем по тоа што го видов кога двокатните градски автобуси беа пуштени во употреба на 6 септември 2011, иако без никакви проблеми може да бидат поставени по два автомати, односно по еден автомат на секој влез, во случајот со двокатните градски автобуси од кинески Јутонг, кај кои има по два влеза, изводливо е да се постават два автомати за поништување на билетите, а во случајот со единечните нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ, кај кои има по три влеза, изводливо е да се постават три автомати за поништување на билетите. Не знам какви се плановите на ЈСП Скопје за во иднина околу продажбата и поништувањето на билетите, помнам дека неодамна конечно одбраа некоја словачка фирма ЕМ Тест која треба да ги опреми со автомати за продажба на електронски билети, како и со автомати за поништување на електронски билети, но не знам ни дали потпишале договор со ЕМ Тест, ни кога треба да почнат да ги опремуваат возилата и станиците со новите автомати. Можеби ЕМ Тест планираат да постават по еден автомат за поништување на билети на секој влез во автобусите, но според тоа што го видов на 6 септември 2011 кога двокатните градски автобуси беа пуштени во употреба, повеќе од очигледно е дека ЈСП Скопје не планираат да ги прифатат, имплементираат и применат современите европски и светски стандарди за продажба и поништување на билети. Edited by Dexter26 - 11-Sep-2011 at 17:17 |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Абе друже, за вработување на уште едно лице во двокатните автобуси едвај чекаа да се направи такво нешто, јас не сум се возел со двокатен до сега и не знаев за ова, но ова делува запрепастувачки ако е вистина. Долговите на ЈСП треба да се намалуваат, а не да растат. |
|||
![]() |
|||
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
||
Да не си застапник за Youtong во Македонија? ![]() Најмногу ме интересира со што ќе ја поткрепиш тезата дека зглобните правеле гужва? Естетиката е работа на вкус - ретро дизајнот мене лично воопшто не ме привлекува. Втора работа каква продобивка за обичниот граѓанин е тоа што е подобрен квалитетот, ако 2 дена по ред на автобуската станица неможе да се качи во преполниот двокатен автобус и е приморан да чека и по 30-40 мин да пристигне следниот?! Ајде сега околу економската исплатливост: Потрошувачка на гориво: Стари автобуси 30-35л/100км ЛАЗ до 50л/100км Јутонг над 50л/100км (извор за информацијава е вработен во ЈСП кој е добро запознаен со состојбите, на лагата и се кратки нозете , па во скоро време се надевам дека ова ќе го пренесат медиумите) Вработени: Јавното претпријатие кое и онака редовно продуцира загуби ќе мора да вработува нови минимум 150 вработени (за 67-те двокатни) задолжени за продажба на билети. Цена: Лаз 125 илјади евра Јутонг 177 илјади евра (Ние не сме во западна европа или скандинавија - па 52 000 евра во македонија се сума за респект - или во превод би имале наместо 200 двокатни - 283 единечни автобуси, ако овде се додададат и останатите 80 ЛАЗ авотбуси стиугнуваме до бројката 363 автобуси со што речиси целосно би се заменил возниот парк) И конечно ЗОШТО во Австрија , Германија, Франција ... или речиси сите европски држави со исклучок на Британија се возат еднокатни нископодни авотбуси? Дали европејците со неколкукратно подлабок џеб од нас се можеби глупави и несакаат поквалитетен превоз - или можеби увиделе кој тип на автобуси е пофункционален и подобар избор. Виена ![]() Берлин ![]() Париз ![]() Edited by vlatko.mk - 12-Sep-2011 at 12:38 |
|||
![]() |
|||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
||
Влатко истражи прво пред нешто да постираш, вака направи само саботажа на твојот пост и му ја намали важност. Прво баш Берлин е град каде што има многу двокатни автобуси, пролистај нанзад мислам дека имам постирано податоци колку од возниот парк им се двокатни. Второ веќе понапред детално е дискутирано и заклучено дека каква и да била споредба со европските метрополи не е возможна бидејќи нивните системи за јавен транспорт содржат многу други средства освен автобуси, чии линии се во основа носечки а автобуски линии се потчинети и или во услуга на другите средства или се во употреба да покријат неповрзани реаони.
|
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Влатко,
посебно мислам дека е интересен податокот за потрошувачката. Ако 30 години стар автобус троши дупло помалце гориво од нов двокатен, тоа мора да било чудо на техниката во тоа време. Податоциве ти се од тежок ракав истресени, дури и логика си запоставил. Другите податоци ти се исто безврска, само ќе одговорам на тоа како тоа зглобните прават гужва. Дадов веќе еден пример, ќе дадам уште еден. На автобуската станица кајшто застанува зглобен, а зад/пред него уште 1-2 други автобуси, постои сериозно закрчување на претходната раскрцница. Ова се јавува кај Мавровка, Рекорд, понекогаш дури и кај Буњаковец. Должината на зглобниот прави закрчување на раскрсница, тешко менува ленти и тешко се движи низ густиот сообраќај. Затоа помалите двокатни многу побрзо и ефикасно ќе се движат низ Скопскиот метеж. |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Влатко,
многу интересни податоци изнесе во јавност. Се надевам дека поподробно ќе не запознаеш со ваквите информации, особено во поглед на вработувањето на нови лица и зголемeната потрошувачка на гориво. Би те замолил само за сериозност, т.е. се надевам дека објавуваш вистинити информации. Веќе беше дискутирано дека автобусите на ЛАЗ официјално трошат 24 литри на 100 километри, но без застанувања. Форумашите од Украина објавија дека реалната потрошувачка на овие автобуси изнесува 36 до 38 литри на 100 километри, што е лоша цифра но сепак не е над 50 литри. За двокатните автобуси немаме никакви информации сеуште во однос на потрошувачката. Edited by BOJAN - 12-Sep-2011 at 13:59 |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
Дали ЈСП Скопје дознале за муабетиве кои ги правиме по форумов, или од чиста случајност, денес кога се возев во двокатна 50-ка, немаше лице задолжено за продажба на билети и за осигурување на горниот кат во автобусот.
Па затоа, најкомотно, возачот го кркаше стапот, ем мора да вози, ем мора да гледа позади додека зема пари од патникот и му го дава билетот или билетите, и многу често и кусурот. ![]() ![]() ![]() Ова на последнава слика е некаков автомат кој изгледа води евиденција за тоа кој возач го возел возилото во кој временски период, бидејќи на дигиталниот дисплеј на автоматот пишуваше нешто како "...without driving card", најверојатно пишуваше "No driving without driving card", но кој знае, можеби планираат да го користат за издавање фискални сметки за билетите кои ги продаваат во возилото, а и да не можат да го искористат автоматот за тоа, кој знае, можеби ќе им текне да вградат таков автомат дополнително во секое возило, срам невиден. И понатаму на внатрешните електронски дисплеи, наместо која е наредната станица на која возилото ќе застане, пишува "Среќен роденден татковино!". По кој знае кој пат, ЈСП Скопје на дело ни покажува и докажува дека знае да го менува влакното, но истовремено да си го задржи кристално истиот карактер несменет. Имаше уште барем една двокатна 50-ка бидејќи ја видов како поминува од спротива додека се возев со оваа двокатна 50-ка. Исто така видов и двокатна 57-ца, 63-ка, 65-ка, 2-ка, 3-ка и не сум 100% сигурен, но мислам дека видов и двокатна 23Б. Edited by Dexter26 - 12-Sep-2011 at 16:25 |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Dexter а можно ли е детето одма да се запише во средно?
Значи мора работите да се воведуваат постепено. Шоферите одвај знаат да ги возат двокатните, па уште да се направи се пропратно е невозможно во толку краток период. Очекувам набрзо да се среди и тоа со станиците, и тоа со електронската наплата (па шоферот нема да замара) а можеби и други новитети од типот ГПС итн. Значи добро е што најкрупниот проблем се реши - сега остануваат поситните. |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Точно krale, детето не може веднаш да се запишува во средно, но од една страна возејќи и стекнувајќи искуство во возење на двокатен градски автобус, а од друга страна продавајќи билети истовремено, возачот повеќе е во градинка, односно забавиште, наместо во основно училиште, за да подоцна се запише во средно училиште. Се согласувам, најкрупниот проблем се реши, поситните остануваат за решавање, но ЈСП Скопје воопшто не го решија сами најкрупниот проблем, владата на Република Македонија им го реши најкрупниот проблем, а ЈСП Скопје можеа во меѓувреме сами да си ги решат поситните проблеми, всушност, тоа можеа да го направат уште многу поодамна со старите канти, а не да чекаат нови автобуси за да дури подоцна да почнат да ги решаваат поситните проблеми. Поситните проблеми, токму бидејќи се поситни, побрзо и полесно се решаваат, а ЈСП Скопје можеа да ги решат своите поситни проблеми многу порано, многу побрзо и многу полесно, наместо да чекаат нови автобуси да им стигнат за да се најдат вака во небрано. Edited by Dexter26 - 12-Sep-2011 at 23:14 |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Држи и тоа, но полека мислам дека ќе се менува менталитетот. Во следните 2 години ќе пристигнат и останатите автобуси, во меѓувреме треба автобускиот превоз да се направи ТИП-ТОП, за од 2013 да почне да се работи на други решенија (трамвај, лрт итн.)
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Разговор
Возењето на новите автобуси е песна ![]() Весна Најдоска, шоферка во ЈСП зборува за натпреварувачкото искуство, панорамскиот автобус, патувачката култура на скопјани... Бојан Шашевски „Порано им беше малку чудно на патниците кога ќе влезат во автобус и зад воланот ќе видат жена. Имаше секакви реакции, но веќе се навикнаа секој ден да ги пренесувам до дома. Го сакаат моето возење. Плус, не сум единствена. Во ЈСП има уште четири жени кондуктерки, од кои едната сега работи во гаража“, вели Весна Најдовска од Волково, вработена во ЈСП „Скопје“. Таа во јуни годинава ги урна стереотипите за жени-шофери и го освои вицешампионското место на европското првенство за вешто возење автобуси во Софија, Бугарија. Триесет и деветгодишната Најдовска за „Утрински весник“ раскажува како поминала на континенталното натпреварување и дека била единствениот претставник од понежниот пол меѓу 120 пријавени возачи. ![]() Од секоја земја имаше по двајца вработени возачи од локалните фирми за транспорт. Откако со ЈСП аплициравме за првенството, два пати ми ги враќаа документите бидејќи мислеа дека се работи за некоја грешка. И директорот Мишо Николов кога уплаќаше за натпреварот велеше дека е најважно да учествуваме. Сметаше дека ќе бидеме атракција доколку однесеме жена да го претставува нашето претпријатие. Но, ете, на крајот направив успех. Освоив второ место“, раскажува ведрата Весна. Гордата мајка на две женски и на едно машко дете вели дека прв на натпреварот бил Бугарин што управува меѓународен автобус. Иако временското возење низ препреките на полигонот го завршила одлично, бугарскиот натпреварувач имал предност бидејќи дополнителните тестови биле на неговиот мајчин јазик, па првото место и' го „земал“ за едно прашање. По успешниот настап на првенството и докажаните возачки перформанси, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ја задолжил да ги вози турите со новопристигнатиот двокатен панорамски кабриолет на ЈСП. „Еднаш неделно, до кога ќе не' служат временските услови, освен редовните линии со мојата 22 а, ќе правам тури и со двокатниот автобус со отворен покрив. За нив имавме неколкудневни специјални обуки на ЈСП и ’Авто Македонија’. Претходно не сум управувала ваков автобус. Овие имаат повеќе копчиња и помагала, но прилично лесно се возат. Двокатните имаат подобра амортизација од украинските, многу лесно се врти со нив. Убави се, функционални, со клима-уред и со соодветна опрема. Внатре е чисто и мириса на ново. Искусните шофери брзо учат да ги управуваат, само габаритот се разликува. Плус, ние сме навикнати на стари искршени модели, па возењето на новиве е ’песна’“, кажува низ смеа Најдовска. Со двокатниот кабриолет автобус со жолта церада досега имала неколку тури, главно низ познати градски локации. „Со странците бевме на разгледување низ градот, а се реализираше и тура до Кале. Едните беа Италјанци, а во другата тура возев и Англичани. Инаку, може да се организираат тури преку туристичката агенцијата на нашето претпријатие ’ЈСП турс‘. Патниците ќе се возат со истиот билет од градски. На пример, доколку двокатниот носи патници до Водно, ќе ја има истата карта како другите градски автобуси. Нема да се двои по ништо. Но, мислам дека се' уште е рано за една таква редовна линија со панорамскиот. Наскоро доаѓа зима, а и верувам дека само странци ќе сакаат да прават такви тури. А, кога ќе го донесат и вториот панорамски, се планира и линија до Охрид. Но, нема постојано да сообраќа Скопје-Охрид туку кога ќе замине за Охрид, ќе остане во градот покрај езерото цело лето и ќе служи за тамошно разгледување“, вели Најдовска, додавајќи дека вториот панорамски автобус ќе дојде околу Нова година, па од пролет и тој ќе биде пуштен во употреба. „Во меѓувреме ќе профункционира и пристигнатиот, односно треба да има интерес за тури низ Скопје. Треба да оди и до жичарница на Водно. Веќе има два двокатни со број 25, кои постојано сообраќаат нагоре без проблем“, додава Најдовска, тврдејќи дека има доволен простор и услови за возење по патот низ скопската планина. Весна Најдоска шест години е возач на ЈСП „Скопје“. Прв пат конкурирала кога имала 23 години, кога немало ниту една жена кондуктер. Еден од претходните директори на ЈСП, Крсте Велјановски, ја одбил нејзината пријава за работа. Му било чудно и нереално жена да вози автобус. Но, сепак, по голема упорност и по повеќе конкурси успеала да седне на шоферската позиција. „Долг период бев на договор на дело. Беше тешко, постојано се мислев да се откажам. Брат ми исто работи како возач во Словенија, па кога веќе решив да напуштам и да отидам таму да аплицирам за работа, како за беља ми дадоа решение. Имаше периоди кога возев и на линијата 56 до селото Бојане. Мораше маж ми да ме придружува до таму. Имав многу непријатни ситуации. По 150 лица се возеа во автобус. Беше неподносливо. Немаше ден да не се вратам дома нервозна. Колку од автобусиве стари толку и од народот што те нервира“, вели Најдовска и додава дека патувачката култура на луѓето е на незавидно ниво. „Секакви патници се возат во автобусите. Многу работи трпиме. На пример, во новите автобуси има копчиња на рачките што ни даваат сигнал кога ќе застанеме дека некој сака да се симне. Некои луѓе цело време го држат копчето. Бадијала се налепниците и ознаките. Навистина ни сметаат таквите работи, цело време нешто ни свири и свети, не можеш да се концентрираш и да возиш... Постојано се сечат држачите во автобусите, се демолираат седиштата, веднаш ги украдоа и противпожарните чеканчиња што се поставени во новите украински автобуси“, раскажува таа. Но, сепак, споредено со годините кога возела демолирани автобуси -антиквитети, сега чувствува дека, лека-полека, патниците почнуваат да се однесуваат поодговорно, но и контролорите се покултурни со граѓаните. „Сега, во просек има само по двајца што се шверцуваат во бројот 22. Во новите полноќни тури мораме да возиме со контролор, сами не можеме, бидејќи има секакви хулигани и наркомани. Но, сега е далеку подобро отколку кога почнавме да работиме. Не е веќе толку ’дива лига‘. Посмирени сме. Работат образувани и коректни контролори. Има казни и за нив, а има и за нас. Мораме да ги облекуваме униформите со светлосините кошули. Беше редно време да живне јавниот градски сообраќај. Во украинските и во кинеските автобуси се возиш како господин“, смета шоферката Весна Најдоска. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=309293F5A803F14FA5BC1EE93A7175B4 |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
не знам зошто упорно се дискутира и се составуваат нелогични оправданија
за двокатниве автобуси, уште одамна се потенцирани сите лоши страни на
двокатниве автобуси и упорно се изнаоѓаат некакви оправданија што
автобусиве воопшто функционираат на нашиве улици... и ако треба да се
потенцира сето тоа повторно, слободно прашајте што не ви е јасно
и ве молам не правете нелогични споредби и склопувате логика која нема врска со реалноста, бидејќи никој разумен не може тоа да го разбере... еве конкретно крале, сам си го саботира коментарот, прво труби за тоа како зглобните автобуси правеле гужва, па одма потоа го потенцира вистинскиот проблем позади тоа... и дефинитивно не може да се прават споредби меѓу скопскиов виц од автобуси и Берлинските, како и други двокатни автобуси низ светов... повеќе од очигледно е дека двокатните автобуси не беа понудени како сообраќајно решение за развој на јавниот превоз, туку беа лек за нечии хирови и фантазии, еве и да речеме дека целта им била веродостојна, зошто тогаш, зошто побогу се избра ваков кретенизам од ретро дизајни и автобуси во кои ни кинези не собира, наместо вакво нешто... ќе го објасни ли некој тоа? едит: и не знам зошто се заборава фактот дека во другите градови низ светот, каде што се користат двокатни автобуси, се користат и огромен број на други автобуси, зглобни и единечни, во повеќе големини во зависност од потребите каде што се користат, а нашиот јавен превоз ќе биде заснован на 80 единечни автобуси и 300 и кусур двокатни автобуси со смешен капацитет и ограничени својства... така да, влатко не си го саботира коментарот, тоа што тој го потенцира постои, a двокатните автобуси се користат во најмал број, еве конкретно, во Берлин, од 1300 автобуси, само 400 се докатни... Edited by zabegan - 13-Sep-2011 at 00:28 |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
||
![]() 1. Во светските меторполи каде се корисат двокатни тие не се основата 2. НИКАДЕ ама БАШ НИКАДЕ се немаат занесено со некаков си НЕФУНКЦИОНАЛЕН ретро дизајн како нашиов Околу големата потрошувачка и вработувањата времето најуваво ќе покаже - мислам дека тешко ќе се затскриваат овие податоци - особено што драстично ќе влијаат врз цената на билетите - освен ако не се реши владата да го плаќа долгот на јсп... |
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
1. Во Скопје и досега беше основа автобускиот превоз, така да ништо тука катаклизмично не се менува со двокатните. Проблемот е друг.
2. Дизајнот не е нефункционален, напротив капацитетот е многу солиден, а уште озгора има место за седење за сите. Квалитет пред квантитет. Иначе ако беше обратно, ај да пуштиме товарни вагони па ќе имаме ептен зголемен капацитет.... хахаха.... |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Точно, и зошто да се малтретираме да градиме трамвајска мрежа, кога најкомотно можеме да ги пуштиме товарните вагони да поминуваат низ веќе постоечката железничка инфраструктура во Скопје ? Па на кого му е блиску дестинацијата ќе си заврши работа побргу, на кого му е подалеку ќе си шета повеќе, а шетањето е добро за здравјето. ![]() Исто како што Мирјана Најчевска кога се кандидираше за градоначалник на Скопје на локалните избори 2009 како кандидат на ЛДП, велеше дека ќе ги промовира велосипедите како главно превозно средство, не ни требал автобускиот превоз, па тие кои бркаат 50-ка до државна болница нека се качуваат со велосипедите по онаа угорницана на Водњанска, без разлика дали се 20, 30, 40, 50, 60 или повеќе годишни луѓе, а да не правиме муабет па за велосипедската вожња на линиите 2-ка и 57-ца. Edited by Dexter26 - 13-Sep-2011 at 11:42 |
|||
![]() |
|||
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
||
1. Мислам на бројот на двокатни во однос на нископодни 2. Дизајнот е нефункционален и тоа на сите ни е јасно - доволно е да го споменам безпотребно изгубениот простор до возачот ![]() 3. Подобро во “товарни вагони“ навреме отколку со “удобни лимузини“ доцна(барем така ги претставуваш - небаре нудат некаков си луксуз) Ај уште еднаш ќе повторам - каква продобивка за обичниот граѓанин е тоа што е подобрен квалитетот, ако 2 дена по ред на автобуската станица неможе да се качи во преполниот двокатен автобус и е приморан да чека и по 30-40 мин да пристигне следниот?! Edited by vlatko.mk - 13-Sep-2011 at 12:42 |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Мое гледиште. Двокатниве направија хаос во градскиот превоз. Да. Како што рече влатко.... пример...15 од Ново Лисиче до Бисер веќе е 95% полна, ако може само уште неколку луѓе да влезат.... Внатре... превртување... иако горе е забрането стоење, а исто така и забрането стоење кај вратите... луѓе има низ цел автобус што стојат... и не еден-двајца... цел автобус... дури и по скалите има луѓе што стојат... незнам, некој спомна насмевка се појавила на скопските граѓани откако се пуштиле двокатните... да може, но на луѓе кои во шетање ќе ги видат, од кола, или нешто слично... но не и на луѓе кои чекаат автобус, кој кога ќе видат колку е полн не им се ни качува, или пак, ќе се качат со мисла ај некако ќе издржам.... а да не зборувам за луѓе кои се возат... џабе климата (освен горе каде се осеќа, за доле исто ко без клима да си)... внатре топло, на пот мириса... ко да си се бањал во пот.... се гужваат еден до друг... незнам колку тие се среќни што се возат во автобус... иако пак... еден парадокс, па сите сакаат во двокатните да се возат, а овие обичните сега па празни се... ама тоа ти е... глуп народ... гледаат дека нема место и упорно влегуваат во автобус... на едно девојче и се слошило денес на враќање од школо во 15ката двокатна... ми кажа другарка... Од друга страна па... пензионерите... уште тие фалат во вторниците и петоците... е тогаш 40 минути до школо и 40 минути назад ми се пекол во денот... како на пример денес... Стави им сабота и недела.... не преку недела... зар толку мозок да се немало... Значи јас не ги сфаќам одговорните.... значи толку да не се знаело да се организира оптимално градскиот превоз во Скопје.... па јас можам да им кажам како... а не они кои дали некад се возеле во автобус, со своите (службени) коли се движат и им е гајле дали тоа функционира или не... само да може од кола да го види и да му се радува... А со двокатниве.. уште тие требаа.... сега имаме уште полош градски превоз... како некој или намерно или е доволно незапознаен па го става во хаос целиот градски превоз... Наместо работите да одат кон подобро.... тие кон полошо ги водат... Катастрофа... Edited by FoSsiL - 13-Sep-2011 at 13:11 |
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Ахаха.... леле луѓе дај средете се.
„Ми кажа другарка, на едно девојче и се слошило во двокатен“... абе ај од вакви анегдоти више... Погоре беше поставена по стоти пат сликата со „изгубениот“ простор до возачот. Тоа не е изгубен простор, бидејќи таму и не треба да има седишта, никој не треба да го блокира видикот на возачот. Пошто си ја знаеме „културата“ ова е идеално решение. И уште една „анегдота“ дека 2-3 дена чекале автобус, затоа што бил двокатен, и чекал следен. Епа знаеш шо другар, да не пуштам сега видо снимки од метро станици, од Лондон (не мора од азијатите) кајшто 2-3 пати не можеш да влезеш во метро, па го чекаш следното. НОРМАЛНО е да има ситуации во кои треба да се почека следен автобус. Доброто е што чекале само 30 минути, зашто ако бил автобусот зглоен, ќе чекале дупло повеќе, и ќе оштетеле по пат и други учесници во сообраќајот ,правејќи дополнителна гужва. |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6364656667 90> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |