Вардарска Долина |
Post Reply | Page <1 56789 14> |
Author | |||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #121 Posted: 31-Oct-2011 at 00:08 | ||
Несомнено, српскиот политичар се занимава со беден предизборен маркетинг. Се обидува типот да ќари некој ефтин поен...
Но настрана Тома Николиќ, на каналот Дунав-Морава-Вардар-Егеј не треба да гледаме со потсмев. Се работи за сериозно поткована замисла која долго опстојува и еволуира, која е сосема во рамките на технички изводливото, и чија реализација би резултирала со огромни регионални економски бенефити, а ефекти би се осетиле и глобално. Проблемот лежи во огромната инвестиција (грубо се калкулира со 30 милјарди евра) и ризикот со периодот на поврат на средствата. А богами и регионот со своите геополитички специфики е прилично ризичен за инвестиција од толкав обем. Но битно каналот не е ниту неизводлив, ниту е по дифолт неисплатлив. Ако се поклопат некои околности, можеби ќе го дочекаме и тоа чудо, пловен пат Дунав-Морава-Вардар-Егеј. Можеме само да се молиме за таков исход, бидејќи не верувам дека некој се сомнева во огромните бенефити кои Македонија ќе ги има на многу полиња.
Пред се во контраст со западните економии, Кинезите имаат голем вишок слободни пари кои брзаат да ги вложат ширум светот, концентрирајќи се токму во инфраструктурни проекти кои им овозможуваат ширење на економското и политичкото влијание. Купувањето на грчките пристаништаа, заинтересираноста за купување на грчките, македонските и српските железници, како и заинтересираноста за реализација на енергетскиот дел од Вардарска Долина, прилично јасно ги отцртува кинеските цели во регионот, особено желбата да ги искористат околностите за да создадат база за нивната економија во Грција и моќен и сигурен транспортен коридор од таму до срцето на Европа. Дали и за што ќе најдат Кинезите сметка, тоа е прашање. Исто така прашање е дали и колку ќе бидат на слична фреквенција и дали ќе договорат заеднички интерес (или да се наметнат) пред се со ЕУ па и со други големи сили, за да такво крупно геополитичко поместување стане можно. Равенката е со премногу непознати, но поволен резултат не е исклучен, дури ниту оној најповолниот - реализација на пловниот пат. Се разбира, цела среќа што оваа работа не зависи од Тома Николиќ ниту од останатите балкански племенски водачи. Да зависеше од нив, шансите ќе беа токму нула.
Edited by Cloverstack - 31-Oct-2011 at 00:15 |
|||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #122 Posted: 31-Oct-2011 at 01:01 | ||
Ова и се нарекува Европскиот Суец кој како единствен можен и наејвтин пат по вода да се поврзе и да има комплетна линија од север до југ низ Европа. Се споменува за прв пат уште од Французите во лигата на народи во првата половина на минатиот век, така да е сосема изводливо. Европа сега има фонд од еден трилион за спас на пропадната валута, ама нема 30 милијарди за вакви проекти кои директно ќе ја вратат во врвот на светските економски текови. Кој што дроби тоа и ќе срка, така си одбрале. Јас сум апсолутно оптимист и верувам во можна реализација.
|
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #123 Posted: 31-Oct-2011 at 01:06 | ||
ЕУ има фонд од еден трилион евра кој воглавно се состои од „креативни“ финансиски инструменти и финансиски хокус-покус. Кинезите имаат вистински кеш. Edited by Cloverstack - 31-Oct-2011 at 01:07 |
|||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #124 Posted: 03-Nov-2011 at 12:11 | ||
Ќе се прави предфизибилити студија за Вардарска долинаМинистерот за економија, Валон Сарачини, најави дека се интензивираат активностите за реализација на големиот енергетски проект по течението на Вардар, Вардарска долина. “Во Владата имавме состанок со хрватскиот експерт Горан Граниќ од институтот Хрвое Пожар за проектот Вардарска долина, кој порача да се подготви предфизибилити студија и прецизно да се утврдат сите карактеристики на проектот. Потоа треба да се изработи физибилити студија и на крај Владата треба да одлучи на кој начин ќе ја продолжи соработката со институтот Хрвоје Пожар, па потоа да ги дефинира конкретните чекори што би ги презеле со Кинезите со кои беше потпишан Меморандум за соработка за Вардарска долина“, изјави министерот Сарачини. Во април
годинава претстатвници на Владата, на кинеската компанија CWE и на
Кинеската развојна банка уверуваа дека деценискиот проект - 12 мали и
средни хидроцентрали, треба да се реализира во следните 10-15
години. Вардарска долина е проценет на околу 1,5 милијарди евра.
Владата најави дека како инвеститор во проектот ќе учествува со 15% од
вкупната сума, а за останатите 85% ќе се позајми кај Кинеската развојна
банка. |
|||
Goran
Senior Member Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
Quote Reply #125 Posted: 24-Apr-2012 at 00:55 | ||
Ќе се градат само четири од 12 хидроцентрали во „Вардарска Долина“?!Катерина ПопоскаПоследните неофицијални информации од Владата до кои дојде „Капитал“ кажуваат дека исплатливи за изградба се само две до четири мали и средни хидроцентрали, наместо сите 12 од проектот „Вардарска долина“. Сега Министерството за економија повторно бара фирма која ќе изработи студија за потенцијалите на Вардар, иако од 1998 до 2003 година Владата изработи четири физибилити-студии за уредување и развој на сливот на оваа река Од проектот „Вардарска Долина“ најверојатно ќе се градат само две до четири од вкупно 12 мали и средни хидроцентрали. Последните неофицијални информации од Владата до кои дојде “Капитал“ се дека досегашните анализи покажале исплатливост само на неколку хидроцентрали. „Врз основа на анализите што се направени во изминатиот период беше заклучено дека е потребно да се преиспита концептот на бројот на електрани што се предвидени со „Вардарска Долина“. Се работеше за 12 електрани, но некои анализи покажуваат дека во денешно време би бил пооптимален можеби нешто помал број со поинаква конфигурација. На тоа прашање сакаме да дадеме одговор пред да пристапиме кон реализирање на самиот проект“, изјави вицепремиерот Пешевски кон крајот на март, кога неговиот конески колега Хуеј Лиангју беше во неколкудневна посета на земјава. Знае ли Владата што сака од „Вардарска Долина“?!Иако ниту Пешевски, ниту министерот за економија, Ваљон Сараќини, откриваат детали за проектот „Вардарска Долина“, Министерството за економија на почетокот од месецов преку јавен повик бара компанија која ќе направи претфизибилити-студија за повеќенаменско искористување на реката Вардар. А во април минатата година токму претседателот на кинеската корпорација CWE (China International Water & Electric Corp.), Ванг Ју, вицепремиерот Пешевски и тогашниот министер за економија, Фатмир Бесими и претставникот на Кинеската развојна банка, Фан ли Xин, во Владата потпишаа меморандум за соработка. CWE вети дека за 18 месеци ќе изработи физибилити-студија за хидроенергетското ползување на Вардар, која треба да покаже колку од водата ќе биде за производство на електрична енергија, а колку за наводнување и за пиење. Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник Капитал од 20.04.2012 |
|||
Danielbtmk
Senior Member Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
Quote Reply #126 Posted: 02-Jun-2012 at 15:15 | ||
Edited by Danielbtmk - 02-Jun-2012 at 15:19 |
|||
SJCF
Newbiе Joined: 10-Nov-2009 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #127 Posted: 05-Jun-2012 at 02:14 | ||
Даниел од каде мапава?
Има ли легенда ме интересира што значат линииве црна, црвена, полна, испрекината. Исто и жолтите и зелените области ме интересира што значат. |
|||
toasumjas
Senior Member Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
Quote Reply #128 Posted: 05-Jun-2012 at 11:48 | ||
Ваљда е патна и железнича линија.?, испреќинатите делови ваљда се незавршени.
|
|||
makonix
Senior Member Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
Quote Reply #129 Posted: 11-Aug-2012 at 15:55 | ||
Бачивиќ: Каналот Дунав-Морава-Вардар најголем стратешки проект
11.08.2012 - 14:29 | Бизнис Пловниот канал Дунав-Морава-Вардар е најголем стратешки проект на Србија, вреден 17 милијарди долари, изјави српскиот министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање Милан Бачевиќ. Тој истакна дека станува збор за огромна работа за која се потребни сериозни подготовки и додаде оти за проектот владее голем интерес. Бачевиќ рече дека е реално првата етапа од работите да биде завршена во рок од пет, а комплетната работа за седум-осум години. - Од петни жили ќе го туркаме овој проект. Со прокопување на каналот Србија со еден удар ќе реши два проблеми, сушата и поплавите. Морава на тој начин од поплавување ќе штити од 70.000 до 80.000 хектари најквалитетно обработливо земјиште. И исто толку ќе ги наводнува во сушниот период попречните канали. Земјоделското производство ќе биде утростручено, вели Бачевиќ. Според него, ќе работат пет до седум хидроелектрани со инсталирана моќност од 200 и 400 мегавати електрична енергија, а ќе биде покус патот од Северна Европа до Егејот за 1.200 километри. Што се однесува до финансискиот удел на Србија во проектот, Бачевиќ рече дека тоа зависи од моделот за кои ќе се определи државата. - Ќе предложиме стратешко партнерство или концесија, кредити никако. Во оваа приказна нема да влегуваме додека не се обезбеди финансиска логистика, а политичка веќе имаме. Инаку, ова не е значаен проект само за Србија, туку и за сите подунавски земји, истакна министерот. http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/bachivik-kanalot-dunav-morava-vardar-najgolem-strateshki-proekt |
|||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #130 Posted: 11-Aug-2012 at 19:33 | ||
премногу романтика за еден проект,само незнам кој е тој што би дал пари за ова,ако се знае дека Дунав е веќе пловен
|
|||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #131 Posted: 11-Aug-2012 at 20:00 | ||
Кина кој друг, само ќе биде греота да се запусти Македонија, односно по Вардар да пловат баржи! иако економски е исплатливо вакво нешто, сепак еколошки би било катастрофа по нас, евентуално да се изведе во туристички цели што нема логика, лично не би се согласил со ваква идеја која само ќе ја нагрди земјата, не дека ние ко држава ќе имаме особен бенефит, дури ни макстил нема лимот да го транспортира со бродои, окта си има нафтовод, кој ѕинго може сунгер ќе извезува во кина битно некој ќе се оБогати штом стаи параф на ваква ујдурма! е да гранит ќе кубури со поарен буџет, таман да го продадат полезет утре то директорите!
|
|||
ink
Senior Member Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
Quote Reply #132 Posted: 11-Aug-2012 at 21:49 | ||
И што, сакат да обратат Морава да тече от Дунав ком Вардар?! Па тоа е катастрофа. |
|||
Dexter26
Senior Member Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
Quote Reply #133 Posted: 11-Aug-2012 at 22:03 | ||
Српските власти велат дека засега не се откажуваат од
таканаречениот проект Пловен Балкан, што не значи дека нема да се откажат од истиот тој проект во иднина, но додека планираат да туркаат негова реализација, прво ќе треба на своја
територија да ја направат Морава пловна и да ја започнат изградбата на
тој канал се до Македонија, што несомнено би било огромен предизвик
најверојатно и за светски познатите професионални инженери, а не само за балканските инженери.
По поплавите во 1954 година предизвикани од реката Јангцекјанг во Кина, Мао Це Тунг во својата поема Пливање ја опишал својата визија за "ѕидови од камен" кои ќе се издигнеле од дното на речното корито на реката Јангцекјанг. Визијата на Мао Це Тунг станала реалност дури 52 години подоцна кога во 2006 година завршила изградбата на браната Три Клисури, во 2008 година истата била официјално пуштена во употреба, во 2012 е пуштена во употреба последната од планираните 32 големи турбини за производство на електрична енергија, секоја со капацитет за производство на електрична енергија до 700 MW, но дури во 2014 година, после 60 години од поплавите во 1954 година, кога се очекува официјално да биде пуштена во употреба пловната рампа која ќе овозможи бродовите да продолжат да пловат низ реката Јангцекјанг и пред и после браната Три Клисури, конечно овој проект ќе биде целосно завршен. Визијата на Мао Це Тунг почнала да се реализира во декември 1994 година, цели 40 години после поплавите од 1954 година, неофицијално истата е станата реалност веќе во 2008 година, односно 54 години подоцна, а официјално се очекува да стане реалност во 2014 година, односно цели 60 години подоцна. Од друга страна, таканаречениот проект Пловен Балкан датира уште од далечната 1967 година, помлад е од визијата на Мао Це Тунг за "ѕидови од камен" кои ќе се издигнеле од дното на речното корито на реката Јангцекјанг, за цели 13 години, истиот проект е стар веќе 45 години и ништо не е превземено околу неговата реализација. Не знам за населените места низ кои поминува српската река Морава, уште попозната како Велика Морава, исто како што не знам за населените места низ кои поминуваат реките Западна Морава и Јужна Морава, чиишто води всушност ја формираат Велика Морава, но знам дека македонската река Вардар не може и не смее да биде пловна река низ населените места низ кои поминува, како што се Скопје, Велес и Гевгелија, бидејќи едноставно не можеме како Кинезите да си дозволуваме присилно иселување на стотици илјадници граѓани за да можеме да си дозволиме Вардар да поминува како пловна река низ тие места. А за последиците по околината па да не правиме муабет, тоа ќе не чини многу поскапо од било која присилна преселба, бидејќи едно се присилно иселени луѓе, а друго е уништена околина и уништени растителни и животински видови. Најверојатно таканаречениот проект Пловен Балкан ќе остане само сон на српските власти и најверојатно така и треба да остане, освен ако мајката природа си ги вмеша прстите и не натера да постапиме во правец кон реализација на овој проект, но за нешто такво ќе треба некоја сериозна и радикална природна промена, а јас не помнам кога последен пат нешто такво се случило на овие македонски простори. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/bachivik-kanalot-dunav-morava-vardar-najgolem-strateshki-proekt Српските власти не се откажувааат од пловен пат Дунав-Морава-Вардар
|
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #134 Posted: 16-Aug-2012 at 04:08 | ||
Момци искрено сум малку разочаран од негативниве коментари. Овој проект би бил благодет за сите нас и би било корисно подобро да се запознаеме што тој всушност значи, пред да го напаѓаме со замерки кои навистина не држат.
Пред се ова не е локален проект, туку пловен пат кој би имал и глобално значење. Тоа значи дека од Суецкиот канал и од источниот Медитеран воопшто, ќе има краток пловен пат до срцето на континентов и до развиената мрежа на внатрешни пловни патишта во западна и централна Европа. А чисто како попатен резултат на тоа, и Македонија ќе добие ем воден пат до отворено море ем врска со развиената мрежа на внатрешни пловни патишта во западна и централна Европа. За значењето на водениот транспорт се надевам нема потреба особено да елаборирам. Те молам за пример погледни мапа на Европа, ваљда нема да е премногу тешко да се воочи дека со мали исклучоци најразвиените региони се оформени или околу битни морски пристаништа, или се наоѓаат долж внатрешните пловни патишта (пловни реки и канали). Неоспорен факт е дека околу ваквите пловни патишта има далеку подобри услови за развој, поради редица фактори. Покрај овие стимулативни фактори, Македонија би имала голем бенефит и од средствата кои ќе се влеваат во државниот буџет (транзитот на баржи сигурно нема да биде бесплатен, ниту пак правото за оперирање со каналот ќе му биде дадено на некого за џабе.). Изградбата на пловниот пат автоматски би значела реализација и на другите компоненти на проектот Вардарска долина. Тоа значи дека практично успат би добиле неколку нови хидроелектрани (вкупно над 1000 GWh годишно), нова двоколосечна пруга со сите предуслови да биде пруга на која ќе може да се постигнуваат високи брзини, нови мостови, нови наводнувани земјоделски површини... Еколошка штета несомнено ќе има, но секој проект прави помала или поголема еколошка штета. Ваљда работите треба да се ставаат во перспектива. Прашањето е колкава ќе биде штетата и колкави ќе бидат бенефитите од комплетно реализирање на проект како Вардарска Долина. Мислам дека огромните бенефити неспоредливо ќе ги надтежнат еколошките штети. И со право... Еве земи на пример колкава еколошка штета ќе се направи со ХЕ Бошков Мост (иако можеби оправдано), за апсолутно неспоредливо помал бенефит. Е сега ајде да претпоставиме дека Вардарска Долина штотуку се реализирала. Дали ќе имаше резон да размислуваме за Бошков Мост во такви услови? Не поради тоа што Вардарска Долина би произведувала далеку повеќе електрична енергија, туку поради фактот што оваа држава би била финансиски далеку посилна па би можела сериозно да се посвети на поскапите еколошки извори на енергија и на далеку потемелни мерки за енергетска ефикасност. Слично на Бошков Мост, ист ќе биде случајот и со други помали проекти ширум државава, со потенцијал да нанесат значителна еколошка штета. Едноставно би имале економска основа која би ни овозможила значително да го спуштиме прагот на толерантност кон таквите проекти. Исто така би имале економска основа како држава да направиме чекори кон поголеми еколошки стандарди во сите сфери, затоа што верувал или не, овие 2 милиони жители на ова парче земја, со самото свое присуство и активност, веќе прават неспоредливо поголема еколошка штета и од 20 Вардарски долини. Всушност од Вардарска долина во одредена мерка можеби би имало и директни еколошки бенефити, не само индиректни бенефити и директни штети. Како прво ставањето под контрола на толку големи водени ресурси не значи само голем економски потенцијал, туку веројатно и позитивни еколошки ефекти, особено во иднина со непредвидливи и опасни климатски промени кои полека веќе стапуваат на сцена. Како второ, пловниот пат ќе преземе значително количество товарен сообраќај кој инаку би се одвивал по патиштата и пругите, а водениот транспорт е енергетски далеку поефикасен. За геопостратешката тежина на пловниот пат Егеј - Вардар - Морава - Дунав и потенцијалните огромни придобивки за Македонија нема премногу да навлегувам, иако на ова поле има навистина широк простор за дискусија. За жал постои опасност таа дискусија да забега во несакан правец. Само ќе спомнам дека: - Пловниот пат би ја направил Македонија држава со далеку поголема тежина и важност отколку сега. - Србија и Грција би биле упатени на добри односи со нас. - Внатрешниот проблем кој си го имаме со сепаратистички и федералистички идеи значително ќе биде намален. Ако не поради друго, тогаш поради фактот што пловниот пат и пределите непосредно долж него би биле златна кокошка на државата, а нели не би било многу паметно некој што живее во други делови од државава да сака да се откаже од тие златни јајца. Камо среќа проектов навистина да види бел ден и тоа што поскоро. За жал тоа не е ниту лесно ниту едноставно ниту извесно. А српските најави (под услов да се коректно пренесени) делуваат прилично несериозно и воопшто не влеваат надеж.
Декстер, какво присилно иселување на стотици илјадници граѓани??? - Скопје воопшто не е засегнато со планот. Поврзувањето На Вардар со Морава би се остварило преку Пчиња и преку вештачки канал кој би ја поврзал Пчиња со Морава во делот каде што недостасува поголем природен воден тек. Пловниот пат не доаѓа ни во близина на Скопје. - Гевгелија исто така не е засегната. Вардар тече значително поисточно од градот. По пловниот пат нема да се движат прекуокенаски бродови туку баржи, што значи не станува збор за којзнае колкави негови димензии. Такви пловни реки и канали има еден куп низ светов. - Во Велес ќе треба да се дислоцираат поголем број на жители, еве преку сила нека се и 2 илјади, но зошто на тоа гледаш како на трагедија, ако бидат адекватно обештетени? А на Велес како град веројатно не ни може нешто подобро да му се случи од реализацијата на овој пловен пат. Во врска со последиците по околината веќе му пишав на Мах, но еве накратко уште една поента - и во западните земји се градени вештачки канали и се приспособувани реки да бидат пловни, па не гледам дека таму настанала некаква еколошка катаклизма. Зошто ние би биле специјален случај? Edited by Cloverstack - 16-Aug-2012 at 04:14 |
|||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #135 Posted: 16-Aug-2012 at 06:40 | ||
во право си за еконосмкиот бенефит Кло јас тоа не го спорам, а екологијата ја гледам само ко куршлус но не и хаварија, односно ако цел транспорт биде условен пример со модерни пловила и контролни мерки ваквата непозната ко ништо може да се дерогира! иако ко што вели Џакомо ди Стефано преку реките доаѓаат и добри но и зли работи [1] а за наши услови и многу тешки грдосии кои тешко дека ние некако би ги условиле со посебни дозволи, битно нели парата да тече а што неминовно си повлеквит и хаварии!
исто и за централите се сложувам, повеќе од добредојден момент се истите, се додека морава не се врзува со вардар, бидејќи: - мене ме ремети тоа транспортната појава т.е. нема да биде сеисто Македонија да е пловна, а во случајов ќе стане и главна европска рута, што за мала земја утре значи масовна индустијализација, е тука го јадеме стапот, доаѓаат брзо "филантропи" се инсталираат и експлоатираат се и сешто и на крај јасно или патот под нозе или не купуваат со се гаќи, бидејќи ние нели лакоми за развој спремни сме да си продадеме и очите само да кренеме некое облакодерче плус минус! кратко речено - мирот ќе ни го земат, и буквално и фигуративно! но не ми мери по моите метафизички инсинуации, кои те уверувам дека и да бидам премиер тешко би ги профурал доколку неокј во еу или кина реши да инвестира во проектов! да фрлам уште тро сарказам абе за некое време ќе има потоп та што фајде сега за 50 години да се брзаме, ќе си дојде егејско кај гевгелија и ето ни море |
|||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #136 Posted: 16-Aug-2012 at 11:54 | ||
Кловер,јас сум негативно настроен кон ова бидејќи сум навикнат да се зборува за огромни проекти,а на крај една шупа не се направило.Дај боже да се направи овој проект,ако треба и лично би помогнал ако треба и со копач и лопата би работел без пари.ова за нас би претставувало како државата да добила џек Пот,но скептик сум.
околу техничките решенија за проектот мислам дека би се одело со канал околу Скопје,центарот и камени мост се премногу далеку од трасата. А и Велес би се решил со длабење на коритото,а ако терба и водостојот би се нивелирал према потребите. Ама јунак да го изгради и плати ова се бара |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #137 Posted: 11-Nov-2012 at 02:52 | ||
Следејќи ги потезите на новиот српски претседател Томислав Николиќ во врска со Македонија, оставам простор сето тоа да е поврзано со неговата верба во пловниот пат Дунав-Морава-Вардар-Егеј и желбата да се создадат услови за негова реализација. Николиќ и предизборно го најавуваше проектот: http://www.alo.rs/politika/42093/Toma_gradi_kanal_od_dunava_do_Egejskog_mora Со оглед дека се работеше за предизборна најава, јас тоа го сфатив многу несериозно, но човекот веќе почна и отворено да зборува за создавање на оска Србија-Македонија-Грција. Дури и во самата Грција штотуку даде ваква изјава:
Нормално, овие изјави се пренапумпани, но сепак кога ќе се соберат потезите и изјавите на Николиќ, можеби се обидува да постави темели за нешто покрупно. Да не заборавиме дека работата почна со една чудна понуда во врска со МПЦ, која беше прилично асиметрична во полза на Македонија и која значеше губење на политички поени на Николиќ внатре во Србија, а потоа следеше и реално или наводно недоразбирање со Грција, кога коментираше Македонско-Грчки теми кои исто така се бариера за речиси било каква соработка. Не ми се верува дека е до толку наивен па без причина да влегува во минско поле. Мислам дека фактот што уште на самиот почеток од мандатот покажа голема заинтересираност за односите помеѓу трите држави е исклучително индикативен, но ќе мора да почекаме времето да ги искристализира вистинските намери. Edited by Cloverstack - 11-Nov-2012 at 03:14 |
|||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #138 Posted: 11-Nov-2012 at 12:52 | ||
сепак мислам Кловер дека Вардарска долина е премногу голем залак за нас.Ние(па и Србите) неможиме да изградиме електрани од типот на Чебре,па камоли Вардарска Долина.скептик сум,ама потајно се надевам дека сум во грешка
|
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #139 Posted: 11-Nov-2012 at 13:09 | ||
Таман работа да ја градиме ние со соседите, не сум луд
Ама ако некој друг многу посилен е заинтересиран да ја гради, сепак во регионов треба да има предуслови на политичко ниво кои во моментов ги нема. Тоа ми беше поентата, дека Николиќ повлече неколку можеби чудни потези, кои ако се стават во контекст на неговите предизборни најави, оставаат простор да се протолкуваат дека значат некаков обид да се створат такви предуслови. Edited by Cloverstack - 11-Nov-2012 at 13:09 |
|||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #140 Posted: 11-Nov-2012 at 17:19 | ||
да,мене многу ме изненади човекот.се докажува дека многу зборуваат тукатака дури дојдан на власт,после си тераат многу добро.
за жал мислам дека само Кина има капацитет да влезе во ваков проект,но бидејќи на европјаните им се тресат гаѓите од самата помисла на нив и нивно влегување во инфраструктурни проекти на тлото на Европа,мислам дека ќе чекаме да заздрават економоски поголемите ЕУ држави,па некои од нив да инвестира(Франција,Италија или Германија) |
|||
Post Reply | Page <1 56789 14> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |