build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрациja / Реконструкциja

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 10-Mar-2009 at 21:39
Фасадата беше изведена цела во еден тон (светло жолта со бели орнаменти) но на барање на градскиот завод за заштита на објекти колоритно е одвоен, една боја постојниот дел а со друга боја надградбата. Покривот е од бакарен лим кој со тек на време патинира и видна е колоритната разлика од денот на монтажа до денес.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 11-Mar-2009 at 02:15
Originally posted by damjanh

Фасадата беше изведена цела во еден тон (светло жолта со бели орнаменти) но на барање на градскиот завод за заштита на објекти колоритно е одвоен, една боја постојниот дел а со друга боја надградбата.
Не гледам некаква логика во ова... Го знаеш официјалното објаснување зошто се инсистирало на тоа?

И дали може нешто подетално како се изведува ваква надградба од градежен аспект? Претпостаувам дека во не така далечна иднина и соседните објекти ќе пораснат по еден кат и ќе се добие складност во висината...

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 11-Mar-2009 at 03:03

Ќе се заштитува Симиќева кула

Музејот од Кратово изработи проект и ги почна активностите за заштита на Симиќевата кула, за која се смета дека е стара 4-5 века. Предвидено е објектот да го зачува надворешниот лик, односно ќе се работи на внатрешно фасадирање, санирање на покривот, замена на прозорците и вратите, како и поставување нова електроинсталација во внатрешноста на кулата.За градежните работи и набавката на потребните елементи, се обезбедени 808.000 денари, од кои половина милион се од Министерството за култура, а другите 308.000 денари ги донира амбасадата на Норвешка.

Симиќева кула е градена на квадратна основа, со димензии 8 на 8 метри. Ѕидовите во приземјето се дебели два метра, а ѕидот од вториот и третиот кат е дебел еден метар. Со трикатната конструкција Симиќевата кула е висока 22 метра.

- И покрај повеќевековното опстојување кулата има добра статика, но поради дотраеноста на покривот, последниве 30-ина години внатрешноста прокиснува. Долго е запуштена - изјави Драган Георгиевски, директор на Музејот во Кратово.

Симиќева кула, една од седумте зачувани средновековни градби, е посебен објект, опфатен со Законот за заштитата на културното и историското наследство. Иако сопственик на кратовските средновековни кули е Република Македонија, од 2008 година Симиќевата и Саат-кулата, за афирмација и развој на туризмот, му се доделени на Музејот од Кратово на десетгодишно користење.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B4798EAE06483145BE5972D1EFD75E73
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 17-Mar-2009 at 17:47

Реконструкција на 20 антички градби

Дваесетина репрезентативни објекти на поголемите археолошки локалитети во земјава годинава ќе бидат реконструирани, информираат од Управата за заштита на културното наследство.

Така античките порти, бањи, палати ќе го добијат изгледот што го имале во минатото.Според Паско Кузман, директор на Управата, ќе бидат реконструирани објектите кај кои има доволно податоци да бидат реизградени.

- Меѓу нив е Порта Хераклеја во Стоби. Кога ќе влегувате оттаму во античкиот град да имате чуство дека влегувате во Помпеја. Театарот може да биде целосно функционален. Има доволно материјал за реконструкција - објаснува Кузман.Предвид ќе бидат земени уште неколку објекта од античкиот град кај Градско.

Според Кузман, низ цела земја ќе бидат направени околу 20 реконструкции, главно тврдини, а една од нив е влезот на Баргала, кај Штип. Ќе бидат реизградени куќата на колекционерот и стоата (место на кое во минатото биле сместени дуќани) на Вардарски Рид кај Гевгелија. Се планира реконструкција на објектот во Хераклеја Линкестис во Битола, термата во Бања Банско, Струмичко, која е многу добро сочувана.

- Има разни начини да се конзервира и реставрира некој објект, па да се изгради. Новата градба секако ќе се разликува од старата. Така целосно може да се претстави објектот, во сите времиња и фази - вели Кузман.Во Исар-Марвинци, Валандовско, храмот на акрополата е предвиден за реконструкција, но таму се' уште треба да се истражува. На тврдината Исар кај Штип се сочувани градобраните и ќе биде лесно за реконструкција.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D05EEFB6F3C83A438527F05C092A1206
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 19-Mar-2009 at 00:58

Со турски пари ќе се реконструираат османлиски објекти во Тетово

Арабати баба теќе ќе прерасне во мултимедијален конгресен центар. Дел од мегапроектот за враќање на сјајот на Теќето веќе е подготвен, а турската фондација ИБЦ пројавила интерес да го финансира. Ова е само една од програмските активности на Националниот конзерваторски центар кои ќе се реализираат годинава во Тетово. Директорот Бехиџудин Шехапи, во Тетово ги претстави активностите на Националниот конзерваторски центар изминативе четири години и плановите за годинава. Со видеопрезентацијата што се одржа во тетовскиот амам беше претставен и проектот за адаптација на Теќето.

Изминативе четири години извршена е конзервација на внатрешните ѕидови на Шарена џамија, покривот на Беговата куќа, конзервирана е внатрешноста на црквата „Св. Богородица“ во Лешок, извршени се ископувања и истражувања на тетовското кале Балтепе, конзервирана и реставрирана е влезната порта на Арабати баба теќе и подготвени се елаборати за валоризација на три куќи, конзервацијата и реставрацијата.

- Позначајни активности се конзервацијата и реставрацијата на внатрешните ѕидови на Арабати баба теќе и негово адаптирање во мултимедијален центар, реконструкција на Саат-кулата и Мостот на казазите, конзервација на Калето и уште неколку други зафати на објекти во градот и околината - рече Шехапи.

Реконструкцијата на Саат-кулата и на Мостот на казазите, кои биле срушени во минатиот век, ќе ја финансира турскиот град Коња со кој Тетово има воспоставено блиски односи. Исто така, турски пари ќе бидат вложени и во адаптацијата на Арабати баба теќе, кој е планирано да прерасне во мултимедијален конгресен центар. Единствена пречка за реализација на овој проект е имотно-правниот спор што го водат Исламската верска заедница и Бектешката заедница. На видеопрезентација на досегашните активностите за заштита и конзервација на културно-историското наследство во Тетово присуствуваше и турска новинарска екипа. Според Шехапи, средствата за сите активности биле од Министерството за култура или донации од странци.

Со донација од американската амбасада, во периодот од 2005 до 2007 година, тетовскиот амам, кој е изграден кон крајот на 15 век, беше адаптиран во уметничка галерија. Во Тетово има 50 евидентирани споменици на културата. Цркви има четири, три се исламски објекти, 18 и' припаѓаат на староградската архитектура, 14 се споменици и спомен-обележја од НОБ и 11 археолошки споменици на културата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0EF68FA18D7392418CAF36CCE878E9C7
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 21-Mar-2009 at 04:47
Куќата на Касапови да биде уметнички резидентен центар


Во куќата на Јордан Хаџи Константинов - Џинот, да биде отворена и поставка на основоположникот на македонската драмска уметност


Куќата на Касапови да биде уметнички резидентен центар, а во куќата на Јордан Хаџи Константинов - Џинот, покрај канцеларијата на Здружението на градови со значајна македонска архитектура, да биде отворена и поставка на основоположникот на македонската драмска уметност - Џинот.

Ова е предлог на Народниот музеј од Велес, од каде, за овие две новореновирани куќи е изготвен и проект.

"За Велес, како град кој располага со исклучително интересна конфигурација на теренот и специфична староградска архитектура, од големо значење е активирањето на механизми на национално и локално ниво кои би помогнале да се заштити постојното архитектонско наследство. Заштитата на овие две куќи, кои само минатата година ги посетиле над 2.000 гости од земјава и странство, значи многу, не само за Велес туку и за Македонија", ни рече Спасе Перовски, директор на Народниот музеј.

Во минатото, со финансиска поддршка на Светската банка, Министерството за култура и Општината, а по барање на светски имиња од архитектурата, беа обезбедени сто илјади долари за реновирање на куќата на Касапови, во круговите на архитектите позната како "Куќата што лебди", и за родната куќа на преродбеникот Јордан Хаџи Константинов - Џинот.

Покрај овие две, по старата архитектура се познати и спомен-куќите на Васил Главинов и авторот на "Бели Мугри", Рацин, како и комплексот на куќите во маалото "Варналиите". Со овие објекти стопанисува Народниот музеј од Велес.

Инаку, во Велес под заштита на Законот се ставени педесетина куќи, а на дваесетина од нив под итно им е потребно реновирање.

http://vecer.com.mk/?ItemID=9BDF5A1A87BBEC4DB1963531DECD3567
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 24-Mar-2009 at 02:18
Обнова на стариот струмички театар
Стариот струмички театар е дел од агендата на Министерството за култура за реконструкција, заедно со културно-историските знаменитости, како што се Царевите кули и Римската терма во Бања Банско, како и други локалитети, за кои државата двои значителни средства. Министерката Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Управата за заштита на споменици Паско Кузман, апострофираат дека "ќе има финансиска поддршка за да се обнови Стариот театар кој треба да го добие некогашниот сјај". Со обновата и реконструкцијата на зградата, (запалена и изгорена во 2001 год.). Струмичкиот ансамбл повторно ќе биде издвоен како национална институција. Во моментов егзистира и работи под ингеренции на НУЦК "Антон Панов" и тоа како сектор за театарска дејност.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4E0C9EC7A04A86478E060C4C3A9DEFB3
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 24-Mar-2009 at 02:19
Ај ќе ве молам некој ако знае да објасни што е работата со пожарот што се десил?! На кого му сметал театар за да го запали?!
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 09-Apr-2009 at 17:20
Vo Vinica obnovena gradskata crkvata Sv.Arhangel Mihail

Avgust 2007




Avgust 2008



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 13-Apr-2009 at 12:39

"Света Петка" ќе се струполи во бездна

Управата за заштита на културното наследство и Завод и Музеј Охрид ве­ќе прават темелна анализа на степенот на загрозеност на "Света Петка", а какви мерки ќе се преземат за санација на карпата на која два века стои црк­ва­та, ќе се знае по извештајот на експертите

Еден од најубавите манастири во Охридско "Света Петка", сместен над се­ло­то Велгошти, кој е изграден кон крајот на 19 век, може да се урне во без­дна. Големата карпа, врз која е изградена црквата, е распукана на повеќе мес­та и прашање на време е кога ќе се распадне. Од ден на ден пук­на­ти­ни­те се зголемуваат, а состојбата е подраматична откако изминативе не­кол­ку месеци падна многу снег и имаше поинтензивни врнежи од дожд. Лу­ѓе­то што се грижат за манастирот се загрижени за неговата судбина и по­ра­ди тоа информирале повеќе надлежни институции во државата.
Ди­рек­то­рот на Управата за заштита на културното наследство Паско Куз­ман бил изненаден кога му кажале во каква состојба бил манастирот и мно­гу брзо презел повеќе мерки за санација на состојбата.
"Јас пред повеќе од еден месец испратив посебна стручна екипа на са­мо­то место да види во каква состојба се наоѓа манастирот. После тоа беа ан­га­жи­ра­ни стручни лица од Заводот и Музеј во Охрид, кои ја испитаа статиката на црковниот објект. Тие треба да предложат какви мер­ки ќе се преземат за заштита на црквата. Дали ќе се градат потпорни ѕи­до­ви или санацијата ќе се врши на некој друг начин, јас во овој момент не можам да кажам. За состојбата на манастирот ги информирав сите над­леж­ни служби, но во овој случај многу е битно колкави средства ќе бидат пот­реб­ни за зацврстување на црковниот објект. За да се бараат пари од Ми­нис­терс­тво­то за култура, потребно е да се подготви проект", ни изјави ди­рек­то­рот на Управата за заштита на културното наследство Паско Куз­ман.
Мит­ро­по­ли­тот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, во чија над­леж­ност е овој манастир, вели дека карпата не е распукана сега, но на­по­ме­ну­ва дека, заедно со државата, Црквата е подготвена да учествува во заш­ти­та­тата на овој црковен објект.
Во меѓувреме, претставници на Црковниот одбор од Велгошти стапиле во кон­такт со повеќемина пратеници од Охрид, кои им ветиле дека за сос­тој­ба­та со "Света Петка" ќе ги информираат сите надлежни служби во др­жа­ва­та.
Црквата, која е сместена во истоимениот манастир, е изградена во мај 1890 година со одобрение на турскиот султан Абдук Хамид во планинско подрачје на само неколку километри од центарот на Охрид. Во црквата има богат фрескоживопис и икони.
Во манастирот има конаци, каде што се сместени просториите за одмор и работа на миторполитот на Дебарско-кичевската епрахија Тимотеј. Во близина извира лековите вода, а манастирот го посетуваат голем број православни верници кои тука бараат лек за своите душевни болки.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=0F16145432BAEF458A790FDC85EF2867
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 14-Apr-2009 at 00:50
СТРУМИЦА - Реставрацијата на зградата на некогашната Турска пошта, како дел од програмата на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица, е во поодмината фаза. Овој објект претставува еден од најавтентичните и најзначајните репрезенти на староградската архитектура.
Средствата за неговата обнова ги обезбеди Министерството за култура на Македонија.Објектот е изграден во 19 век за потребите на тогашната турска администрација, а за него е зачуван само еден краток писмен запис од 1895 година во кој еден српски патописец го посочува како дел од турската административна архитектура и како комуникациски објект за поврзување на Струмица со другите градови во Македонија, како и дел од тогашната турска империја. Досега е извршена конзервација и санација на меѓукатната дрвена конструкција, како и санација на покривот и столаријата, така што објектот статички е мошне добро обезбеден. Притоа се води строга сметка за зачувување на неговите карактеристични градежни и архитектонски обележја. Како што е планирано, обновената зграда, како заштитен објект на староградската струмичка архитектура, ќе се користи за повеќе функционални намени, односно за реализација на секојдневните активности на Заводот - Музеј, а во неа најверојатно ќе биде организирана и постојана етнолошка збирка

http://vecer.com.mk/?ItemID=879A0F602F8B1642B1DCB4C2C8B773D7
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 02-May-2009 at 15:24
Штипската Саат-кула ќе го добие автентичниот изглед

По реставрацијата и реконструкцијата, објектот ќе „порасне“ за 12 метри

Иван Бојаџиски

ШТИП - За најмногу еден месец во Штип ќе почне конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата на Саат-кулата, споменик на културата од 17 век, кој е под заштита на државата. Реткиот споменик во центарот на градот ќе го добие автентичниот изглед. Се планира на кулата да се постават и три големи часовници а кои граѓаните ќе можат да видат колку е часот. Работите ќе бидат извршени благодарение на донацијата од 3,5 милиони денари кои на градот му ги даде бизнисменот Сашко Миладинов, сопственик на конфекцијата „Албатрос“.

Во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Штип велат дека проектот за овој значаен зафат веќе бил готов. Оваа институција ќе распише јавен тендер преку кој ќе се избере најповолната понуда за реставраторско-конзерваторскиот зафат и целосната реконструкција на објектот.

„Штипјани ја знаат како Саат-кула, а таа е всушност Бегова кула. Историјата укажува дека кулата била изградена од турски бег кој живеел во Штип, но неговото име не останало запишано. Тој ја направил кулата за да го заштити семејството во кризни времиња. На објектот имало и пушкарници и балкон. Еден век подоцна на кулата бил поставен часовничарски механизам и оттогаш со отчукување ги информира штипјани за времето“, вели директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Штип, Зоран Читкушев.

Враќањето во првобитната форма ќе значи издигање на Саат-кулата за 11,80 метри со што таа ќе ја има својата првобитна висина од 29,65 метри. Дел од кулата бил урнат во 1934 од тогашната власт. Според едни толкувања, уривањето било од безбедносни причини. Според други, тоа било резултат на немирот кај пошироката околина од силното отчукување на часовникот.

„Откако објектот целосно ќе се реновира, дел од етнолошката колекција на Заводот и музеј ќе биде поместена на четири нивоа. Тоа значи дека во кулата ќе има постојана етнолошка изложба, а на приземјето посетителите ќе имаат можност да купат сувенири и копии на вредни артефакти од овој дел на Македонија“, потенцира директорот Читкушев.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E26E02AB5A2F8E4CA796BBE160D5E5C5


Edited by Cartman - 02-May-2009 at 15:25
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 02-May-2009 at 18:40
зошто би го менувале изгледот на историски споменик Question
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 02-May-2009 at 18:48
Originally posted by zabegan

зошто би го менувале изгледот на историски споменик Question

... Враќањето во првобитната форма ќе значи издигање на Саат-кулата за 11,80 метри со што таа ќе ја има својата првобитна висина од 29,65 метри. Дел од кулата бил урнат во 1934 од тогашната власт. ...
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 02-May-2009 at 21:15
Originally posted by Vladimir P

Originally posted by zabegan

зошто би го менувале изгледот на историски споменик Question

... Враќањето во првобитната форма ќе значи издигање на Саат-кулата за 11,80 метри со што таа ќе ја има својата првобитна висина од 29,65 метри. Дел од кулата бил урнат во 1934 од тогашната власт. ...
како и обично, моја грешка од невнимание Doh
ако е така како што викаат, тогаш е се во ред
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 03-May-2009 at 11:36
Originally posted by Cartman

Се планира на кулата да се постават и три големи часовници а кои граѓаните ќе можат да видат колку е часот.


Еве ти ја нивната "автентична" реконструкција. Поголема глупост здравје, посебно у време кога секој носи мобилен у џеп, или има часовник на рака. Според статутот на Заводот за заштита на спомениците такви "додавки" се недозволиви и ја нарушуваат автентичноста на објектот (еркондишните на собрание и денес се нелегални). Али кај нас све поминуваWallbash
Второ: Чисто се сомневам дека ги имаат оригиналните архитектонски планови на делот што бил срушен 1934. Најверојатно имаат само фотографии (колку се добри тие фотографии е друго прашање) така да мислам дека ке импровизираат на големо. Гледајки како е изведена  ѕидаријата на Римскиот каструм кај Музејот на вода (да не зборам на куќата на М.ТерезаBash), мислам дека ке биде многу лошо! Боље да не чепкаат! Аман више и тоа малку шо вреди ке го упропастат!!!Wallbash



Edited by Cartman - 03-May-2009 at 11:53
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 06-May-2009 at 13:10

Се распаѓа портата на Учителската школа

Дел од резбата беше украдена од хулигани, а еден дел се одлепил и пад­нал. - Портата на Учителската школа беше обновена пред две години

Пор­та­та на некогашната Учителска школа, која се наоѓа во дворот на Оп­шти­на Центар, се распаѓа. Откако пред околу четири месеци беа украдени делови од резбата на новата врата, која општинарите ја поставија пред две години, не­о­дам­на се одлепило и паднало уште едно парче од портата која беше из­ра­бо­те­на од висококвалитетен орев.
"Дел од резбата беше украдена од хулигани, а еден дел самиот паднал би­деј­ќи лепилото попуштило од временските влијанија. Во тек е изработка на ук­ра­де­но­то парче резба и се надевам дека до крајот на месецот ќе ја поправиме вра­та­та. Ќе ставиме засилување за да не паѓаат парчињата. Чекавме да ни стиг­нат идентични парчиња од оревово дрво, од кое и претходно беше нап­ра­ве­на вратата", вели Дејан Зотовиќ, директор на фирмата "Еколес", која пред две години ја правеше новата врата.
Од Општина Центар се жалат дека нема начин да се справат со хулиганите, би­деј­ќи дворот на Општината не можат да го заклучуваат по завршување на ра­бот­но­то време.
"Ма­тич­на­та служба, чија барака е во нашиот двор, работи до доцна навечер и мла­ден­ци­те се сликаат пред портата. Дури и да сакаме, не можеме да го зак­лу­чи­ме пристапот до портата", вели Лидија Неделковска, портпарол на Општина Цен­тар.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=6E6F7AB4F0360540A6F1924DCB870ED5
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 06-May-2009 at 14:24
Потполна невистина

Вратата откако беше поставена - „обновена“ со квалитетот со која беше изработенапо по некоја недела почна да се распаѓа сама, очигледно дрвото од кое се изработуваше беше толку сирово да неминовно тоа мораше да се случи

Еве ви доказ на изложеното 09-08-2007 година.







И прашање е дали кратците тоа го сториле или некој собрал парчиња дрва паднати на земја


Edited by Vladimir P - 06-May-2009 at 14:24
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 06-May-2009 at 17:30
Од ова што го презентираше Владимир можам да заклучам дека „вандализмот“ веројатно не се случил и дека е најобична измишљотина со цел да се заташка работата.

Па што е она побогу? Како да го правел некој касап со сатар и без метро! Зарем не е логично дека користеле и лош лепак, а можеби и на него штеделе.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 06-May-2009 at 20:01
Originally posted by Cloverstack

Од ова што го презентираше Владимир можам да заклучам дека „вандализмот“ веројатно не се случил и дека е најобична измишљотина со цел да се заташка работата.

Па што е она побогу? Како да го правел некој касап со сатар и без метро! Зарем не е логично дека користеле и лош лепак, а можеби и на него штеделе.

Ако употребиш орев кој минимум 2-3 години е е сушен, ќе добиеш ова што е добиено.
А таквиот орев ЧИНИ мнооо..гу.
Каков и да лепак ставиш сировото дрво ќе работи и ќе одлепи на спој или ќе исука на друго место.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.480 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.