![]() |
![]() |
![]() |
Спoменик нa плoштaд Maкедoнијa |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6970717273 88> |
Author | ||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
поставив видео снимано со диг.фотоапарат од моментот на пуштање на фонтаната.снимано е од втори кат на ГТЦ
http://www.youtube.com/watch?v=MJNod8mlOu8&feature=mh_lolz&list=HL1315853465 |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Фонтаната ќе пее и ќе свети навечер
Од Општината Центар не даваат конечни информации за тоа на кој начин ќе биде програмирана работата на фонтаната бидејќи во овој период таа работи промотивно и поинтензивно Фонтаната на плоштадот Македонија ќе почнува со работа секој ден во 10 часот, кога ќе се пуштаат млазевите вода во разни комбинации, а светлосните и звучните ефекти граѓаните ќе можат да ги видат и слушнат секоја вечер од 20 часот. Последен пат светлото и музиката ќе се вклучува во 23 часот. Ова за „Дневник“ го најави авторката на скулптурата „Воин на коњ“ и на самата фонтана, Валентина Каранфилова-Стевановска. - Фонтаната со сите ефекти ќе работи од 20 часот, со тоа што половина час ќе работи, а половина час ќе има пауза. Дали така ќе остане зависи од тоа како конечно ќе одлучи Општината Центар. Засега фонтаната е на тест-проба - изјави Каранфилова-Стевановска. Парички за среќа Таа не можеше да прецизира точно каква се музика ќе може да се слуша од фонтаната, упатувајќи на одговор во Општината Центар. Од Општината, пак, с` уште не даваат никакви информации за тоа на кој начин ќе биде програмирана работата. - Сега фонтаната работи промотивно и поинтензивно. Во наредниот период, откако ќе се воведе посебен режим на работа, ќе бидете комплетно информирани - изјави вчера Јовица Ацковски, портпарол во Центар. Најновиот симбол на Скопје, фонтаната и споменикот „Воин на коњ“, и на четвртиот ден од нејзиното официјално пуштање во употреба на Денот на независноста е голема атракција и тоа не само за скопјани туку и за посетители од странство. Околу неа масовно се собираат граѓани кои не можат да се изнагледаат на богатите детали на столбот и на бронзените војници, но и на водените игри и мозаикот под водата. И вчера фотоапаратите светкаа, а граѓаните со насмевки на лицата се фотографираа и фрлаа парички во водата за среќа. - Со сопругот и двете синчиња фрливме железни десетденарки. За среќа. И не мора да има некаква симболика. Меракот е голем - вели една скопјанка. Граѓаните сметаат дека оваа фонтана требало да се направи многу порано. - Плоштадот досега беше пуст, сив, на него беа само сивите плочки. Ваква фонтана со звучни и светлосни ефекти постои во Барселона, а сега добивме и ние. Во летните месеци би требало водата постојано да прска, само така може да се доживее вистинскиот ефект - вели Душанка Чорбеска, пензионер. Цело семејство од Вуковар дошло специјално во Скопје за прославата по повод 20-годишнината од независноста на Македонија. Тие со воодушевување стоеја до фонтаната и коментираа дека толку големо нешто нема во цела Хрватска. - Јас сум роден во Македонија, но веќе 16 години живеам во Вуковар, од каде што е мојата сопруга. Овде во Скопје имам роднини, па дојдов да ги видам, но и специјално да присуствувам на прославата. Ова е нешто феноменално, просто се воодушевувам - рече Драган Димитров, кој исто така фрли паричка во фонтаната за среќа. Мора добро да се чува Дел од луѓето беа загрижени дали фонтаната ќе остане цела и како ќе се одржува. - Кај нас с` што е убаво кратко трае. Затоа некој треба добро да се грижи за нејзиното одржување. Дали тоа би била чуварска служба или обезбедување, надлежните нека решат - смета Иванка Ивановска. Забележливо беше дека белата платформа на која се качуваат посетителите беше валкана од кал, помешана со водата која прска од водоскокот. Околу фонтаната можеше да се забележи само еден полицаец, како и вработен од чуварската служба од Градот, кој во исто време е задолжен за безбедноста на Камениот мост и на целиот плоштад. Тој рече дека засега немал забележано оштетувања на фонтаната или обид некој го направи тоа. Од Општината Центар вчера не одговорија на кој начин ќе ја одржуваат и обезбедуваат фонтаната. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=274F2A5220382B45B2B8EEBE1EA53AFE |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
пошто немаме слики од мозаикот во фонтаната,ќе позајмам од Срѓан Адамовиќ неколку
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=1213587&page=32 |
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Ок, средата вечер, патот (после подолго време) ме одведе на плоштад и имав прилика да ја видам фонтаната-споменик во целиот сјај па еве, конечно, да споделам впечатоци.
Настрана тоа што не ми се допаѓа од естетска и економска гледна точка, занатски ко што реков и порано е добро сработена. Но, во целото мегаломанско лудило со амбиции за грандиозност и монументалност е направена голема утка со тоа што споменикот е ставен толку високо. Имено, кога бев во близина на фонтаната во мојот видокруг доминираше столбот и чинијата додека самиот споменик едвај се наѕираше. Тука мислам дека е изгубена хуманата димензија (за која толку многу се говори деновиве) на објектот бидејќи не постои можност во него како целина да се ужива непосредно. ИМО, многу подобро ќе беше доколку „воинот на коњ“ се издигаше некаде над главите на фалангата наредена околу столбот, дури и можеше да се избегне класичен постамент како кај повеќето споменици туку да се спои коњаникот со војниците во некаква комплексна композиција од бронза, или мермер (мислам дека мермер е поздрава варијанта со оглед на влажноста). Видливоста (од подалеку) ќе беше малтене иста со тоа што немаше во просторот да штрчи како некаква печурка. Водените ефекти што произлегуваат од чинијата ми се занемарливи и небитни, а светлата сеедно можат и од доле да го постигнат истиот ефект. Што се однесува до музиката, ок, не ми смета, иако ми се чинеше дека треба уште да се поработи на синхронизација. И на крај, сега кога знаеме (знаеме така? ![]() едит: со оглед дека е завршена тука работата, може треба да се воведе оценување? Edited by fichot - 16-Sep-2011 at 23:50 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
го делам копмплетно истиот впечаток со fichot во моментов, единствено музиката уште ја варам тешко...
исто така имам уште една забелешка, самите елементи на споменикот (освен платформата) се изведени одлично, особено фонтаната ми се допаѓа на изглед, но ми личи сеуште како вооптшо да не се потрудила авторката сите елементи на споменикот, како и самата фонтана да ги вклопи во една целина... особено фонтаната му смета на споменикот, иако сама по себе е супер, а релјефите сеуште според мене немаат некоја поголема композиција, чисто се наредени |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
јас имам предлог за венецот,а се надевам дека тоа било планот и на Валентина:
кога ќе го решиме спорот со нашиот мил и непрежален сосед,на тоа место со бронзени букви да се напише името на воинот на коњ,нешто во стилот АЛЕКСАНДАР III ВЕЛИКИ-КРАЛОТ НА МАКЕДОНИЈА и во продолжение во латинична верзија истото,така да дојде на двете споротивни страни испишано. естетски ќе биде ОК поради контарстот на бронзата со белиот мермер |
||
![]() |
||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|
Попрво бронзата ќе зарѓа, мермерот ќе се излупи, отколку што ќе го решиме спорот со ј. сосед. |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Да не беше ништо повеќе, еве најпросто решение капител на дорски столб ќе беше далеку покреативно од ова. Значи од тао да црпеа испирација.
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Тодоровиќ: Фонтаната да се крсти Фонтана на победата![]() Инспириран од тоа што победите на нашата кошаркарска репрезентација
се слават на фонтаната на плоштадот, ќе предложам до Советот на општина
Центар уште на првата наредна седница фонтаната на плоштадот Македонија
да се именува Фонтана на победата, соопшти градоначалникот на општина
Центар, Владимир Тодоровиќ.
- Победата е стремеж во секоја пора на општеството, желба на секоја индивидуа, да победи во реализацијата на своите цели со развој во бизнисот, победа во спортот, победа над пороците на денешното време, победа над глобалниот тероризам, победа на доброто над злото, победа во напорите на државата за развој, членство во ЕУ и НАТО, победа со тоа што сме создале држава, победа со реализираните проекти... - вели Тодоровиќ. http://www.plusinfo.mk/vest/15907/Todorovikj-Fontanata-da-se-krsti-Fontana-na-pobedata |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Значи само фонтаната а не и споменикот.
Инаку одкога е јавно промовиран спомеикот и фонтаната веќе неколку пати плоштадот се полни со народ. Конечно Скопје добои центар на ротација и енергија која уште повеќе не влече кон плоштадот. За разлика од порано кога ќе стапневме на бришаниот простор наречен плоштад. Исто така во вода паѓат муабетите дека на плоштадот нема каде игла да падне затоа што од 8 Септември па навака плоштадот нагости стотици илјади граѓани. |
||
![]() |
||
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
|
Знам дека е мала сликата од на Телекабел камерата ама...
![]() ... врши работа, гледам сите испоседнале. ![]() |
||
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Ајде сега да не правиме погрешни корелации. Не велам дека на многу од луѓето кои биле на плоштад не им се допаѓа споменикот и фонтаната и можеби е тоа бонус за нив, но јасно е зошто луѓето се собраа исто како што и порано сме се собирале по повод некои големи настани кои сите не тангирале, по добро или по лошо. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Неспорам дека не сме се собирае, но во волкав број и толку често никогаш. Секако причина за тоа е и поклопување на неколку настани како и успесите на репрезентацијата. Но мој впечаток е тека самата фонтана со споменикот им дава некоја друга димензија и друга симболика на овие настани. Тоа може да се забелеќи и од фотографиите кои се прават за време на вакви собири. Сепак најчест кадар е фонтаната со воинот на коњ. Edited by kultuzin - 19-Sep-2011 at 14:53 |
||
![]() |
||
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
|
Факт, сите граѓани што дојдоа на плоштадот кога ја остваривме победата против Литванија, чекаа со душа да биде пуштена фонтаната со визулените и водени ефекти за славјето да кулминира.
Се слагам со kultuzin, плоштадот доби централна точка околу која народот гравитира и се собира. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Еве го и клипот од таа прослава.
Edited by kultuzin - 19-Sep-2011 at 15:34 |
||
![]() |
||
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
|
Wow, колку не копираме и колку сме оригинални....сега ќе биде такозвани скопски Зигесзојле, кој по некоја веројатност удира во оската на триумфалната порта (триумфална е) т.е Бранденбуршката, а во позадина свири Вагнер - драми!!! Па уште овој бил инспириран по победата на кошаркарите бе...што не кажат директно и не се праат вакви лудаци...
Ова за собирањето на луѓето....каде треба да се собираат инаку луѓето!? Сега да ги соберевме кошаркариве во Пржино или во Ѓорче!? Каде се собираа претходно!? Тоа е тој истиот на кој се славеше за победата на Ѓорче Петров во лигата на шампиони или на кој се палеа свеќи за Тоше и се оддаваше почит, истиот каде што се прогласи независноста и имаше собирања по еден куп други поводи...дај не ги завлекувајте работите во правци каде што не треба... |
||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Токму така, затоа и јас искоментирав... |
||
![]() |
||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|
Само што потполно ист ефект ќе се постигнеше и без "воинот на коњ", односно фонтаната да завршуваше кај постаментот. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Тоа е индивидуално, кај мене на пример немаше да се постигне истиот ефект. Јас сум многу горд што Александар заслужено го доби своето место на централниот пиедестал во Македонија. Затоа што на кого и да му кажам дека сум од Македонија, дали тоа бил Русин, Африканец, Американец, Кинез, Монголец, Латино Американец секогаш првата асцијација му е Александар Македонски. Александар е симбол на моќ, на способност и ако се сфати без политички тегови околу вратот тогаш би требало да биде мотив за секој Македонец да верува во оваа наша Македонија. Тоа е симболот за кој зборував. Александар и татко му Филип од многу мала држава направиле империја, нашите кошаркари со многу мал тим и со многу борба, итрина и вештина за малку ќе ја покореа Европа. Европа не падна но ги освојиа нашите и европските срца. Како сакате разберете го постот но тоа е моето лично и емотивно гледиште кон енергијата која барем на мене ми ја дава овој споменик. |
||
![]() |
||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|
Александар не се ни гледа од плоштад, треба да се качиш на Кале за да го видиш, затоа реков ефектот е ист.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6970717273 88> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |