build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблем со диви депонии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 28-Mar-2022 at 15:37
ЈП Комунална хигиена расчистува голема дива депонија во општината Шуто Оризари
Во координација со Градот Скопје и Општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена во текот на изминатиов викенд започна активности за расчистување на голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари.
Станува збор за голема дива депонија во непосредна близина на спортската сала во општината што досега на повеќе наврати била расчистувана, но поради несовесното однесување на жителите повторно се создава. Депонијата е составена од мешан отпад, односно кабаст, градежен и комунален отпад.
Екипите на ЈП Комунална хигиена расчистувањето ќе продолжат и во текот на оваа недела, а очекуваат до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 400 кубни метри несовесно одложен отпад.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 23-May-2022 at 17:28
Кичево има дива депонија во центарот на градот, општината молчи



Дивата депонија во Кичево е извор на зарази со години и ги загрозува основните човекови права на граѓаните во општината. Депнијата со години менува локација под претпоставка дека проблемот се решава, но се уште отпадот од целиот град живее во центарот на градот, се вели во јавното обраќање на група граѓани.

Тие велат дека Општината Кичево и натаму е без решение за оваа депонија од која во топлите денови од годината се шири непријатен мириса и чад од палење на отпадот. Веќе многу граѓани имаат проблеми со дишењето.

„Со години граѓаните и невлаадиниот сектор информираат дека опасноста од инфекции е голема, а нус ефектите од распадот на ѓубрето, сметот и шутот ги трпат жителите, чии дворови и градини се на неколку чекори од дивата депонија. Последиците од непостапување на локалните власти на ова прашање отцртуваат црна иднина за граѓаните, а и за животната средина. Локалната власт само ветува, а конкретни планови и решенија сеуште нема", изјавуваат граѓаните.

Кичево, велат тие е рекордер - единствен град во 21 век без улично осветлување и единствен град со огромна депонија во центарот на градот.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/kichevo-ima-diva-deponija-vo-centarot-na-gradot-opshtinata-molchi
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 31-Jan-2023 at 13:31
Мета факт: Нема абер од чистење на дивите депонии во Скопје, кој му текне фрла ѓубре кај ќе стигне [фото]

Екипа на Мета.мк во текот на јануари 2023 година излезе на терен за да провери што од дивите депонии во Скопје е исчистено изминатиов период. На 9 јануари 2023 година бевме на терен на локацијата Вардариште, општина Гази Баба, каде што на терен утврдивме дека е расфрлан отпад околу рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“, но и на неколку места покрај самиот кеј на Вардар на Вардариште. Од нашите снимки направени со дрон јасно се гледа дека на дивата депонија на оваа локација се гори отпад, бидејќи видливи се црни траги од изгорени материјали, а со ваквиот потег незаконски се загадува воздухот во Скопје.





На 23 јануари, Мета.мк направи обиколка на дивите депонии коишто пред точно една година веќе ги посетивме. За тоа што откривме од расфрлано ѓубре на локациите во јануари 2022 година, може да прочитате во објавениот текст лани.

Една година подоцна, нашето патување го започнавме од населбата Визбегово. Патот што ги поврзува населбите Визбегово и Шуто Оризари е преполн со ѓубре од двете страни на патот. Отпад се фрла уште на излезот од Визбегово, каде што забрзано се издигнуваат нови објекти. Оваа популарна локација за фрлање отпад е на границата помеѓу општините Бутел и Шуто Оризари.





На терен забележавме најразлични видови на отпад, од остатоци од храна, текстилен отпад, стари кревети и столици до градежен шут и измешан комунален отпад. За волја на вистината, пред влезот во дивата депонија во Визбегово е ставено предупредување дека е забрането фрлање отпад, но и дека казната за овој прекршок изнесува 50 евра. Сепак, на терен не забележавме дека некој врши контрола за тоа кој-што прави на ова место. Додека нашата екипа беше на терен, можевме да забележиме камион што истураше земја на ова место.

Веднаш до дивата депонија во Визбегово може да се забележи дека граѓани засадиле житни култури, односно на едно место се фрла отпад и се сади храна која што во иднина ќе се најде на домашните трпези на граѓаните.

Како што го продолживме патот кон општина Шуто Оризари, количеството на незаконски расфрлан отпад се зголемуваше. Во еден момент, пред првите куќи во населбата, колите минуваат низ невообичаен пејсаж. Огромни ридови од ѓубре се рафрлани од двете страни на патот и не дозволуваат поглед кон околната средина од висината на натрупаното ѓубре. На терен има буквално најразличен отпад, а околу нас се слушаше и лаеж на неколку кучиња. Од натрупаниот отпад, возилата тешко се разминуваат по патот.





За разлика од лани, на оваа локација наидовме на табли поставени од скопската општина Шуто Оризари, со предупредување дека постои видео надзор на ова место и дека се снима секој што незаконски ќе фрла отпад на терен. Сепак, од целокупниот “пејсаж” можевме да утврдиме дека на несовесните граѓани воопшто не им пречи да бидат снимени во чинот на расфрлање на ѓубрето.

Откако се уверивме дека дивата депонија постои и во Бутел, екипата на Мета.мк премина во општина Центар, на локацијата под Амбасадата на САД во Скопје. Некогашниот авто-полигон под Скопското Кале си останува локацијата каде што може незаконски да се фрла отпад без никакви последици. На терен забележавме расфрлан отпад барем на четири локации на полигонот, и тоа од остатоци од изгорен мебел, измешан комунален отпад, па сè до градежен шут.





https://meta.mk/meta-fakt-nema-aber-od-chistenje-na-divite-deponii-vo-skopje-koj-mu-tekne-frla-gjubre-kaj-kje-stigne-foto
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 23-Feb-2023 at 18:49
Дивата депонија во Долно Лисиче повторно полна со градежен шут



Секаков вид градежен шут повторно ја наполни дивата депонија во Долно Лисиче. Во голема акција, организирана од општина Аеродром, лани во септември беше исчистен просторот, но сега е повторно акутен комунален проблем, бидејќи и во овој случај се потврди дека чистењето самото по себе не го решава овој проблем. Советниците од Левица во Општина Аеродром бараат да се изнајде трајно решение за дивата депонија. Велат дека проблемот ќе се реши со поставување банкина со што пристапот до локацијата би се оневозможил за камионите кои тука го истураат градежниот шут

Секаков вид градежен шут повторно ја наполни дивата депонија во Долно Лисиче. Во голема акција, организирана од општина Аеродром, лани во септември беше исчистен просторот, но сега е повторно акутен комунален проблем, бидејќи и во овој случај се потврди дека чистењето самото по себе не го решава овој проблем.

Советниците од Левица, во Општина Аеродром, бараат да се изнајде трајно решение за дивата депонија. Велат дека проблемот ќе се реши со поставување банкина, со што пристапот до локацијата би се оневозможил за камионите кои тука го истураат градежниот шут.

– Чистењето беше моментално и сега една година потоа истата дива депонија е повторно преполна со отпад, а градоначалникот Муцунски никаде го нема – нагласија од Левица.

Од Општината Аеродром информираа дека станува збор за депонија која во изминатиот период темелно било исчистена во повеќе наврати, за што биле ангажирани голем број вработени лица и различна механизација.

– За жал, посочената депонија, како и други диви депонии на различни локации низ општината се создаваат од несовесни физички и правни субјекти кои различниот шут, отпад и други материјали ги оставаат на несоодветни места, со што предизвикуваат огромна штета врз животната средина, здравјето на граѓаните и животните, а истовремено претставуваат и грда слика за Аеродром – велат од општината.

Притоа, додаваат дека инспекциските служби се постојано на терен и имаат мандат да изрекуваат парични казни доколку на лице место затекнат неовластено фрлање отпад на недозволени места. Оттаму апелираат на совесно однесување од страна на сите чинители затоа што, како што велат само на тој начин сите заедно ќе можеме да го зачуваме на високо ниво сјајот и чистотата на општината.

Општинските служби не одговорија дали имаат во план трајно решение за депонијата, за на ова место повторно да не се исфрла се и сешто, ниту пак дали имаат намера да го прифатат решението на Левица да постават банкина, со што пристапот до локацијата би се оневозможил за камионите кои тука го истураат градежниот шут.

Граѓаните бараат да се постави видео надзор, при што камерите би ги снимале комбињата и камионите кои нелегално одлагаат отпад. Исто така, бараат да се постават бетонски бариери и столбови, со кои ќе се оневозможи движењето по земјените патишта до местата каде што досега се фрлаше ѓубрето.

[https://www.vecer.press/дивата-депонија-долно-лисиче-повто
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 23-Feb-2023 at 23:56
Никаде не можам да прочитам "отпадот се фрла тука, наместо да се фрли во...". Кое е правилното место за депонирање на градежен отпад во општина Аеродром? Ако ја споделуваат информацијата јавно и многу често можеби и некој ќе фрла каде што треба.
А Левица-Аеродром под итно за Нобелова да се кандидираат со иновативното и трајно решение. Да ти е ќеф какви се мозоци земаат плата од даноците наши.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 27-Jun-2023 at 12:07
Вардариште постојано гори, а надлежните немаат „лек“



Секојдневните објави од фотографии на граѓани по социјалните мрежи со црн чад што се издига од Вардариште, не се доволни за да се реши деценискиот проблем.

Последните неколку дена, постојано има вакви објави и повици од граѓани кои го забележуваат црниот чад, а надлежните како да немаат решение.

Под една од објавите на Фејсбук, се одговара дека: „Цел ден инспекцијата на општина Гази Баба е на терен заедно со Противпожарна служба и МВР. Поранешната депонија Вардариште е жешка точка во поглед на спалување отпад. Прекршители не се затекнати поради тоа што го палат отпадот и заминуваат а штом догори се враќаат по металите“.

Граѓаните им сугерураат дека и инспекциите и полицијата треба да се вратат кога ќе догори, за да се најдат оние кои сакаат да ги соберат металите, заради кои и се палат каблите, или пак таму да има 34 часа служба која нема да дозволи воопшто да се запали оган.

Но, и покрај секојдневните објави и ваквите парцијални интервенции, оваа локација, особено летно време е извор на загадување. Проблемот не го реши ниту едналокална самоуправа досега, а и ова лето дел од Гази Баба и на другата страна преку Вардар, накај Ново Лисиче, црниот чад го труе воздухот.

https://nezavisen.mk/vardarishte-postojano-gori-a-nadlezhnite-nemaat-lek/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 19-Jul-2023 at 11:37
ПАК ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КАЈ САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ВО СКОПСКИ КАРПОШ



Денеска повторно гори депонијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ во скопски Карпош. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита со неколку возила од утрово го гасат пожарот, кој поради топлото време брзо се шири.

Од Општина Карпош велат дека тие пријавиле оти гори депонијата, која се пали постојано и покрај сите преземени мерки.

„Влезовите од каде што влегуваат камиони се затворени и навистина не знаеме како влезгуваат возила и трупаат ѓубре. Ние не можеме 24 часа на ден на дежураме таму. Интервенираме, се чисти ѓубрето, но пак се таложи, а кога ќе дојде лето се пали“, велат од Општина Карпош.

Веќе неколку години во текот на зимата овој простор се трупа со ѓубре, а потоа не лето се пали и депонијата гори со денови. Ексградоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев организираа акција за чистење на депонијата, но само неколку месеци потоа повторно почна да се трупа ѓубре. Се постави и врата и рампа за да се затворат влезовите, но тие се оштетуваат од несовесни граѓани.

Полицијата досега нема ниту една пријава за палење на депонијата, а Општината не фатила ниту казниле некој што фрла ѓубре.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pak-gori-deponijata-kaj-salata-boris-trajkovski-vo-skopski-karposh/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 19-Jul-2023 at 11:40
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 22-Jul-2023 at 14:39
Повторно гори во Скопје: Црн чад се крена над градот (Фото)

Денеска повторно е забележан густ црн чад од страната кај Вардариште.

На ова место постојано се палат кабли од кои потоа се вади бакарот се продажба, а надлежни инспектори веќе неколку пати излегоа на терен, но ретко ги наоѓаат сторителите.

На социјалните мрежи беа објавени неколку фотографии на кои може да се забележи црниот чад.





https://skopjeinfo.mk/povtorno-gori-vo-skopje-crn-chad-se-krena-nad-gradot-foto
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 31-Jul-2023 at 17:19
Депонијата кај „Борис Трајковски“ ги задуши карпошани, ниту се направи парк, ниту се исчисти како што треба

По големиот пожар во 2019 година тогашниот градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека по расчистувањето на просторот на оваа локација ќе се подигне парк на површина од над 90.000 квадратни метри, но тоа досега не се случи, а по чистењето на депонијата не се најде начин просторот да се сочува чист.

После тони потрошена вода за гаснење пожари кои избувнуваат на депонијата кај салата „Борис Трајковски“, после многу планови, ветувања и чистења таа и понатаму си опстојува и сега за сега се чини за неа нема конечно и трајно решение. Депонијата на која недозволено со децении се фрлало шут и кабаст отпад, се чистеше, па дури и рампи се ставаа, но сепак несовесни граѓани наоѓаат начин да се „протнат“ со камиони или колички и да истураат шут.

Станува збор за голем простор, кој според надлежните тешко е да се контролира со физичко присуство, ниту пак може комплетно да се огради. Во меѓувреме, граѓаните кои живеат во близина на депонијата, всушност сите од населбите Карпош од 1 до 4, се принудени да живеат во чад и смрдеа кои се шират поради честите палежи на депонијата, а немаат веќе кому да се пожалат, затоа што сите нивни досегашни реакции останале без резултат.

Живеам во Карпош 3, каде веќе цела недела се пали ѓубре во текот на денот и ноќта. Во лето не е многу актуелна темата за загадувањето, но оваа нелегална депонија во среде населено место, поточно веднаш позади спортскиот центар „Борис Трајковски“ ни е добро позната и очигледно активна и во зима и во лето. Се разбира пријавувано е во полиција безброј пати и се разбира никој не мрда со прст а ние продолжуваме секојдневно да го дишеме црниот чад низ цел Карпош (можеби и пошироко) па дури и внатре во домот – вели граѓанин кој реагираше во „Слободен печат“, затоа што како што тврди веќе не знае кому да се обрати за овој проблем.

Во изминативе три години, секоја година има по неколку големи пожари на оваа локација. Во април 2019 пожарникарите со часови се бореа да го изгаснат огнот на депонијата, кој избувна на неколку места истовремено. Во 2020 во септември неколкупати гореше и се гаснеше депонијата, а смрдеше и чадеше со денови. Пред десетина дена, пожарникарите повторно се бореа со оган во ѓубриштето. И притоа, освен сомнежи за потпалувања, ниту е фатен некој од потпалувачите, ниту пак некој од оние кои недозволено истураат шут на овој простор

По големиот пожар во 2019 година тогашниот градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека по расчистувањето на просторот на оваа локација ќе се подигне парк на површина од над 90.000 квадратни метри, но тоа досега не се случи, а по чистењето на депонијата не се најде начин просторот да се сочува чист.

После тони потрошена вода за гаснење пожари кои избувнуваат на депонијата кај салата „Борис Трајковски“, после многу планови, ветувања и чистења таа и понатаму си опстојува и сега за сега се чини за неа нема конечно и трајно решение. Депонијата на која недозволено со децении се фрлало шут и кабаст отпад, се чистеше, па дури и рампи се ставаа, но сепак несовесни граѓани наоѓаат начин да се „протнат“ со камиони или колички и да истураат шут.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Станува збор за голем простор, кој според надлежните тешко е да се контролира со физичко присуство, ниту пак може комплетно да се огради. Во меѓувреме, граѓаните кои живеат во близина на депонијата, всушност сите од населбите Карпош од 1 до 4, се принудени да живеат во чад и смрдеа кои се шират поради честите палежи на депонијата, а немаат веќе кому да се пожалат, затоа што сите нивни досегашни реакции останале без резултат.

Живеам во Карпош 3, каде веќе цела недела се пали ѓубре во текот на денот и ноќта. Во лето не е многу актуелна темата за загадувањето, но оваа нелегална депонија во среде населено место, поточно веднаш позади спортскиот центар „Борис Трајковски“ ни е добро позната и очигледно активна и во зима и во лето. Се разбира пријавувано е во полиција безброј пати и се разбира никој не мрда со прст а ние продолжуваме секојдневно да го дишеме црниот чад низ цел Карпош (можеби и пошироко) па дури и внатре во домот – вели граѓанин кој реагираше во „Слободен печат“, затоа што како што тврди веќе не знае кому да се обрати за овој проблем.

Во изминативе три години, секоја година има по неколку големи пожари на оваа локација. Во април 2019 пожарникарите со часови се бореа да го изгаснат огнот на депонијата, кој избувна на неколку места истовремено. Во 2020 во септември неколкупати гореше и се гаснеше депонијата, а смрдеше и чадеше со денови. Пред десетина дена, пожарникарите повторно се бореа со оган во ѓубриштето. И притоа, освен сомнежи за потпалувања, ниту е фатен некој од потпалувачите, ниту пак некој од оние кои недозволено истураат шут на овој простор.

По големиот пожар во 2019 година Општина Карпош и Град Скопје почнаа да ја чистат дивата депонија, а тогашниот градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека по расчистувањето на просторот на оваа локација ќе се подигне парк.

Оваа дива депонија претставува повеќедецениски горлив проблем. Почнала да се формира со одлагање на урнатините по катастрофалниот земјотрес во Скопје уште во 1963 година. Сега, заедно со Општина Карпош конечно најдовме решение за овој проблем и со тоа почнуваме со реализацијата на уште едно од нашите предизборни ветувања. Денеска го почнуваме чистењето на оваа депонија, после што ќе следува покривање на површината. На ова место ќе подигнеме парк на површина од над 90.000 квадратни метри (над девет хектари) кој ќе го наречеме Градски парк 2 – рече тогаш Шилегов.

Најавениот парк не се случи, а по чистењето на депонијата не се најде начин просторот да се сочува чист.

Последниот пожар што се случи пред десетина дена повторно ја потсети јавноста и надлежните дека на два километри од центарот на градот постои голема депонија, која со децении ја загадува околината. Од Општина Карпош велат дека во петокот повторно со багери и камиони се расчистувал теренот за да се спречат нови пожари.

Општина Карпош уште пред извесен период на критичните места постави столпчиња и рампа со цел да се спречи пристап на камиони кои истураа шут, а при тоа реализиравме и повеќе акции за расчистување на сметот. Сепак, несовесни граѓани наоѓаат начин како да стигнат до местото и повторно да го полнат со ѓубре, особено во вечерните часови, а за жал не постои начин херметички да се затвори просторот – објаснуват од Општината.

Оттаму велат дека најголем дел од тој простор е приватно земјиште кое треба да се уреди согласно Генералниот урбанистички план.
Но, освен чистење никој не презема ништо друго. Во општина Ѓорче Петров парк се направи на местото на поранешната депонија кај Ново Село. Би било убаво не само за карпошани, туку и за цело Скопје и на просторот во близина на СРЦ „Борис Трајковски“ наместо ѓубре да се насадат дрвја, да се направи парк како што се ветуваше. Тогаш повеќе не би имало потреба ниту од огради, ниту од посочување виновници.

https://www.slobodenpecat.mk/deponijata-kaj-boris-trajkovski-gi-zadushi-karposhani-nitu-se-napravi-park-nitu-se-ischisti-kako-shto-treba/

Edited by stef4o - 31-Jul-2023 at 17:20
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 08-Sep-2023 at 13:38
СТРАЖА Е ДЕПОНИЈА, НА „ДРЖАВНИ ПАТИШТА“, „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ И ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ ШТО ПРЕВОЈОТ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ



Превојот Стража на патот Скопје-Охрид е затрупан со ѓубре. Огромна депонија стои до патот и од ден на ден се повеќе сè трупа бидејќи никој не ја чисти. Кучиња скитници го развлекуваат ѓубрето наоколу, а поради топлото време се шири и непријатна миризба.

Депонијата е толку голема што буквално патниците немаат каде да застанат. Додека редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК беше на Стража, возило се удри во оградата со која е заградена депонијата и ѓубре почна да паѓа врз колата.

Околу главната депонија има и неколку помали депонии.



И покрај ваквата ужасна слика од патот кон Охрид, на никого од власта не му текнува да ја исчисти депонијата и да ја одржува Стража сред туристичка сезона. На Јавното претпријатие за државни патишта, ЈП „Македонија пат“ и Општина Маврово и Ростуше не им пречи што превојот, кој секојдневно го минуваат стотици домашни и странски туристи, е затрупан во ѓубре. Сите тие со години меѓусебно си ја префрлаат одговорноста во чија надлежност е чистењето на ѓубрето на Стража.

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски не одговараше на нашите повици ниту смс пораки зошто редовно не се чисти Стража и зошто се дозволува да се создаваат огромни депонии.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/strazha-e-deponija-na-drzhavni-patishta-makedonija-pat-i-opshtina-mavrovo-i-rostushe-ne-im-e-gajle-shto-prevojot-e-zatrupan-so-gubre/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 10-Jul-2024 at 18:59
Вардариште повторно гори – огнот на 10 метри од далновод (видео)



Цело Ново Лисиче, вечерва е во чад, откако попладнево се запали дивата депонија кај Вардариште.

Паркот кај авиончето е целосно во чад. Жителите на Ново Лисиче сведочат за замагленост, а велат чадот штипе и пече.

Центарот за управување со кризи информира дека огнот е веќе на околу 10 метри од далноводниот столб и жиците од 110 kw мрежа, зад поранешна телевизја „А1“.

Директорот на ЦУК информира дека МВР испраќа дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата Вардариште од која, според јавувања на повеќе револтирани граѓани на 112 во ЦУК, се шири остар и неподнослив мирис.

Според информациите од скопската противпожарна бригада, пожарникарите предмалку го изгаснале оганот, но некаде на средината на депонијата на место кое во моментов е непристапно за нив сè уште има чадење.

https://nezavisen.mk/vardarishte-povtorno-gori-ognot-na-10-metri-od-dalnovod-video/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 10-Jul-2024 at 19:01
Стефковски и Митески со полиција и инспекција на „Вардариште“ – но тешко до решение

По големиот пожар синоќа на дивата депонија „Вардарише“, денеска, градоначалникот на Оштина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со заменик-градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски, командирот на полициската станица од општа надлежност Гази Баба Саше Стоилевски и припадници на МВР биле во посета на дивата депонија Вардариште.

Сепак, новинари не се сетија да викнат, но ветуваат решение за загадувачот „Вардариште“, каде на неколку дена се појавува пожар.

И повторно истите ветувања, ќе се реши проблемот, ќе патролираат полицајци и инспектори, ќе се покрене кривична против непознат сторител. Само провртете по интернет, ќе видите колку пати тоа го сориле сите досегашни челници на општини, на Градот, на инспекцијата и полицијата. И пак, ништо не се решило.

Стефковски, преку социјалните медиуми информира дека знае оти “изминатиот период во неколку наврати сведоци сме на пожар на дивата депонија Вардарише кој покрај тоа што сериозно го загадува воздухот, претставува и сериозна опасност по безбедноста на жителите од овој дел на општина Гази Баба“.

Дури и со датум за претходниот поголем пожар: „Како при пожарот на 02.07.2024 година, така и при вчерашниот пожар имав постојана комуникација со институциите надлежни за постапување при вакви состојби, но и со голем број на жители од населеното место Кирил Петрушевски. Реакциите на граѓаните се оправдани, а нивните барања се мои барања!“, нагласува градоначалникот.

„Ги прочитав сите коментари, објави и слично, но барам разбирање од граѓаните за ограничените надлежности за постапување кои ги имам јас како градоначалник, а и општина Гази Баба како локална самоуправа“, се правда тој.

Поучува дека општо познато е дека дивата депонија „Вардариште“ е во целосна надлежност на Градот Скопје за што „апелирам и барам од градоначалничката Данела Арсовска да издаде задолженија за реализација на своите надлежности“.

Од негова страна пак ги наброја задолженијата кои ги издал:

1.Секторот за инспекциски работи да продолжи да работи во две смени со зголемување на работното време во втората смена до 22:00 часот;
2.Секторот за инспекциски работи задолжително во текот на работното време и во втората смена да врши постојан надзор на дивата депонија Вардариште;
3.Секторот за инспекциски работи и Секторот за правни работи во текот на денешниот ден да изготват и до Основното јавно обвинителство Скопје да поднесат Иницијатива за покренување на кривична постапка против непознат сторител за загадување на амбиенталниот воздух, а очекувам Обвинителството преку превземање на истражни дејствија да дојде до сторителите и истите да бидат најстрого санкционирани;
4.Во текот на денешниот ден ќе биде испратено барање за постапување до инспекторатот при Градот Скопје во кое ќе побараме постојано дежурство на депонијата Вардариште и од нивна страна;
За многу скоро ќе започнат заедничките вонредни патроли на депонијата и околу неа во чии состав ќе бидат припадници на МВР и инспектори од општинската администрација.

А тоа скоро, досега не го дочекавме!

Ако се знае дека од крајот на деведесеттите години на минатиот век оваа дива депонија не се користи повеќе за таа намена, дека е под надлежност на градот, дека за неа има студија која вели за нејзино чистење потребни се 26 милиони евра ( и тоа пред 10 години, кога и е изработена студијата, а за целосно санирање дури 40 милиони евра), тогаш, какво е тоа однесување од надлежните, па градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, ко крајот на јануари годинава замина на депонијата со десетина соработници, каде присуствуваше на почетокот на расчистувањето на депонијата, од каде пак најави и мега парк?

Ако и се работеше од 27 јануари наваму, кој воопшто можеше да појде таму и да пали, макар кабли за оголување жици за да се добие металот, како што стандардно се претпоставува настанале пожарите на ова место?

И Данела како и нејзиниот колега од Општина Гази Баба за тоа соопшти преку социјалните мрежи. Новинар никако да викнат. А тие информации речиси секогаш се штури, само со оние информации со кои властите сакаат да се пофалат. Отсуствува чинењето, времетраењето, планот кога ќе заврши, динамиката и слично.

А студијата за расчистување, која сугерира трошок од 26, односно 40 милиони евра – изгледа е џабе платена. Затоа што Данела во јануари тргна си багер да го расчистува „Вардариште“, на кој веројатно не му платила милионски суми.

Од тогаш, досега, „Вардариште“ си гореше неколкупати, ама пак никој да се сети да направи студија колкумина од жителите на Ново Лисиче во Аеродром и Маџари во Гази Баба имаат последици од вдушувањето на отровниот чад кој доаѓа од таму, ниту какви се тие последици и колку пари за лекови дале. Губењето денови за да се оди по лекари и маката што ја имаат е гратис. (Б.Б.)

https://nezavisen.mk/stefkovski-i-miteski-so-policija-i-inspekcija-na-vardarishte-no-teshko-do-reshenie/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 28-Jul-2024 at 18:36
Strah za zdravlje zbog požara na makedonskim deponijama

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 08-Aug-2024 at 15:24
(Видео) Нова дива депонија во Скопје

Изминатиот период на територија на Град Скопје секојдневно никнуваат диви депонии во речиси секоја општина.

Последна таква се појави деновиве во скопската населба Топанско Поле.



https://24info.mk/2024/08/08/видео-нова-дива-депонија-во-скопје/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 08-Aug-2024 at 16:06
По прилогот на ТВ 24, околината на Куршумли ан почна да се чисти од огромниот куп ѓубриште



Ваква беше сликата пред два дена по калдрмата покрај Куршумли ан. По објавувањето на сторијата на Телевизија 24 дека улицата покрај овој објект инаку споменик на културата со заштитен статус, се дави во ѓубре, очигледно надлежните реагирале зашто комуналните служби денеска ја расчистуваа оваа мини депонија.

Местото таму е доста фрекфентно поминуваат многу наши и туристи од странство со план да ги видат историските градби но наместо тоа за добредојде ги пречекуваше огромниот куп од ѓубре што е покрај реална опасност по здравјето шири и непријатен мирис. За сето ова реагираат и намерниците кои тргнале да го посетат Куршумли Ан а е невозможно да ја избегнат оваа срам за сие нас, посебно за службите задолжени за хигиената на јавните простори и пред вакви објекти од витално значење како докази и сведоштва за културата на живеење во минатите времиња.

Од Комунална хигиена се правдаат дека на нивниот грб имаат за чистење шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини и дека работат во три смени и сепак не постигнуваат со толкав број на граѓани и фреквенција на луѓе во централното градско подрачје, настрана пак што хигиенските навики се на многу ниско ниво.

Доколку е реална желбата да бидеме град на културата треба тоа да го покажуваме и на дело и заеднички да работиме на менталитетот, но и да зачестат и да се зголемат казните за сите загадувачи на животната средина со вакво непрописно одлагање на сметот.

https://24.mk/details/po-prilogot-na-tv-24-okolinata-na-kurshumli-an-pochna-da-se-chisti-od-ogromniot-kup-ubrishte
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 09-Aug-2024 at 16:10
Од вчерашниот пожар на Вардариште,ова е поглед од балкон на новоградбите кај Мак Ауто Стар.





https://www.facebook.com/groups/145337166272043/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.459 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.