![]() |
![]() |
![]() |
Универзална сала |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 29> |
Author | |
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Околу прашањето дали со реконструкцијата ќе се зголеми и капацитетот на салата, досега информациите беа контрадикторни, во едни изјави се најавуваше дека ќе се додадел уште некој ред, во други дека зголемување на капацитетот било невозможно, што ако има подготвен проект веќе би требало да биде сосема јасно и многу прецизно колкав ќе биде капацитетот, ама господ ги знае што прават... А за решавање на паркирањето најпрвин нели беше планирано тоа да биде со катна гаража: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=589 ...ама откако и оваа катна гаража магично се трансформираше во деловен објект, сега се труби дека паркирањето ќе се решело со подземна гаража под платото околу салата. Edited by Cloverstack - 24-Feb-2013 at 20:46 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ранко на Бубамара спомна некој си 3000 места за после реновирањето. Дали од глава ги извади или има некој точни информации незнам.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Ранко бил секогаш од тие што знаат што се дешава,верувам дека има некои инсајдерски информации
|
|
![]() |
|
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 638 |
![]() ![]() |
како не, Ранко го збори тоа на еври факинг бубамара
![]() |
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
МАКЕДОНИЈА | 15. MARCH 2013 - 13:29
Ќе се гради нов објект на Универзална сала ![]() Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, како и министрите за финансии и култура, Зоран Ставрески и Елизабета Канческа-Милевска денеска /15.03.2013, петок/ го промовираа проектот за изградба на нов објект на Универзалната сала во Скопје. Министерот за култура Канческа-Милевска објасни дека бројните анализи и испитувања од страна на Градежниот факултет укажале дека стариот објект не е погоден за реконструкција. Дополнително, реконструкцијата би подразбирало задржување на истиот капацитет од околу 1500 седишта, а не би се решил ни проблемот со паркинг просторот и администацијата на ЈУ "Универзална сала". Од тие причини, Владата на Република Македонија донела одлука на истото место да се гради целосно нов објект, каде во него би биле сместени и сала со капацитет од 2500 до 3000 седишта, паркинг простор и простор за администрацијата на ЈУ "Универзална сала". Според Канческа-Милевска, Владата на Република Македонија за реконструкцијата на стариот објект предвидела средства во висина од околу 11 милиони евра, додека за изградбата на новиот објект се проценува дека ќе бидат потребни 25 до 30 проценти повеќе средства. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски изрази задоволство и благодарност до Владата на Република Македонија и министерството за култура за помошта при изградбата на овој нов објект, бидејќи истиот е еден од најзначајните културни центри во Скопје. - Овој објект веќе не може да ги задоволи потребите на Градот Скопје за манифестациите коишто се планираат во него, така да со изградбата на новиот објект ќе добиеме Универзална сала која ќе може да одговори на потребите на граѓаните - изјави Трајановски. Извор: http://sitel.mk/kje-se-gradi-nov-objekt-na-univerzalna-sala Edited by HugoGoulding - 15-Mar-2013 at 14:38 |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Полесно ќе го прифатев ова после 24 март 2013, а вака ми е тешко да верувам.
Цела 2012 година ја поминавме слушајќи секакви приказни дека Универзална сала ќе се обновува, па ќе се надоградува, па ќе се руши делумно со цел реконструкција и надградба на веќе постоечкиот објект, а сето тоа се очекува да започне во текот на 2013 година, за да сега не општина Центар, не град Скопје, туку Владата на Република Македонија донесе одлука за целосно уривање на веќе постоечкиот објект и градење од темел на целосно нов објект. Под претпоставка дека на 24 март 2013 не би биле реизбрани актуелните градоначалници на општина Центар и на град Скопје, дали идните градоначалници би можеле да спречат било какви градежни активности на локацијата на која сега се наоѓа Универзална сала ? Претпоставувам дека би можеле бидејќи претпоставувам дека Универзална сала се наоѓа на земјиште кое е во сопственост на општина Центар или на град Скопје, или грешам ? Но ајде да дискутираме за идниот објект, под претпоставка дека истиот навистина ќе биде изграден. Според официјалните веб сајтови на Метрополис Арена и на СРЦ Борис Трајковски, Метрополис Арена има капацитет до 5.000 посетители, додека СРЦ Борис Трајковски има капацитет од 4.000 до 10.000 посетители. Дали мислите дека уривање на веќе постоечката Универзална сала до темел и изградба на целосно нова Универзална сала со капацитет до 3.000 посетители ќе ги задоволи потребите на скопјани ? Факт е тоа дека Универзална сала не може да се споредува со СРЦ Борис Трајковски, кој е повеќенаменски објект, но јас лично мислам дека новата Универзална сала треба да има капацитет барем до 5.000 посетители, барем колку за да и конкурира на Метрополис Арена, уривање на веќе постоечки објект со капацитет до 1.500 посетители со цел изградба на објект кој ќе има само двојно поголем капацитет, иако локацијата е доволно голема за изградба на поголем објект со поголем капацитет, на мене лично ми делува на фрлање пари во магла. ЕРА Сити, за кој само Бог знае дали воопшто и кога ќе почне да се гради, предвидено е да има забавен центар, кој можеби ќе ја опфаќа веќе постоечката Метрополис Арена (ова е моја лична претпоставка), која би можела да помине низ процес на надградба, или целосно уривање до темел и изградба на нов и поголем објект со поголем капацитет, па од тука ми делува сосема нормално и логично новата Универзална сала да има капацитет од барем 5.000 посетители, ако не и повеќе, за да може да и конкурира на Метрополис Арена. На крајот на краиштата, станува збор за објект до кој се пристапува преку еден од најфреквентните булевари во Скопје, се наоѓа во централното градско подрачје и нормално и логично е да има поголем капацитет од Метрополис Арена. http://www.alfa.mk/News.aspx?id=52606 Изградба на нова Универзална сала наместо реконструкција на старата
|
|
![]() |
|
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
Без разлика на сите глупости досега, тотално се согласувам дека е потребна изградба на нов објект, што значи и најверојатно поголем габарит, наместо сегашниот. Но, сакам уште еднаш да напоменам дека не би сакал да биде исфорсирана во СК2014 фазон на фасада, исто како што не ни сакав да биде задржан сегашниот изглед.
|
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
После 6 години перманентни најави и одложувања на проектот, сега на една недела пред избори одеднаш се предомислиле и наместо да објаснат што бидна со 6 години старото и безброј пати рециклирано ветување, одеднаш ја менуваат темата, па сега ние како малоумни треба да се прешалтаме на новата?!?
После 6 години трубење дека ќе се реконструира универзалната сала, и којзнае колку пари фрлени за проекти и слично, сега на крај им текнало да направат анализа дали воопшто треба да се реконструира?!? За кого се овие приказни? ![]() Па уште имаат дрскост да се повикуваат и на решавање на проблемот со паркингот. Извинете што ќе се повторам, но морам да потсетам како требаше уште одамна тоа да биде решено, бидејќи некој изгледа мисли дека имаме ептен краткотрајна меморија:
Edited by Cloverstack - 15-Mar-2013 at 17:11 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Објектот е доволно далеку од центарот за да нема буквално никаква потреба да се форсира некој си неокласичен стил. Според мене слата треба да биде ултрамодерна, функционална и со неприкосновена акустика. На овој објект треба да се остават архитектите да ја покажат сета своја футуристички иновативна енергија. Со оглед дека буџетот за изградба е повеќе од солиден мислам дека има простор да се направи навистина супер квалитетен објект. |
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Ова новиов конкурс за идејно решение за Универзална сала ми мириса на барок... не уствари... не мириса... смрди... го осеќам дури од Аеродром...
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Нов објект да, но ако испадне да биде барок...лелеее
А за паркирање нека не се секира власта зошто веќе тоа одамна го решија со катната гаража нели! ![]() |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Таман е местово за бледа копија на Паришката Опера.
![]() |
|
![]() |
|
ArchAngel ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 11-Jul-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Конкурсот за идејно решение за нов објект на Универзалната сала е распишан на 7 јули, 2013 година, а до вчера (петок, 14 јули) конкурсната и проекната документација не беше подготвена од Министерството за култура и не можеше да се подигне за да се учествува. Нели е симпатично тоа што веќе ништо не ги спречува сите да не прават луди и да си играат мајтап и со архитекти и граѓани, и со градот и со институциите. А парите биле од буџет...
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Jas pak mislev deka sme Juni mesec
![]() |
|
![]() |
|
Watson ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 23-Mar-2013 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 33 |
![]() ![]() |
сеа за јуни е,или за јули?
![]() ![]() |
|
![]() |
|
ArchAngel ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 11-Jul-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Секако, се работи за јуни (ненамерна грешка)
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Министерството за култура ќе „диригира“ со Универзална сала
Градот го предава правото за градење на Министерството кое ќе биде задолжено за идејно осмислување и финансиска конструкција на новиот објект Бојан Шашевски Изградбата на новиот објект на Универзална сала е во рацете на Министерството за култура. Градскиот совет вчера се изјаснуваше за одлуката за пренесување на правото на градење на центарот за приредби на Министерството, со што Градот, практично, се ослободи од обврската да го изгради на своја сметка. По градежните зафати, носителот треба повторно да ја предаде Универзална во владение и сопственост на Град Скопје. Градоначалникот Коце Трајановски во образложението до советниците вели дека согласно со ДУП „Буњаковец 2“, на местото на монтажниот објект на Универзална сала е предвидено да се изгради репрезентативна тврда градба, што е објект од јавен интерес за Градот и за државата. „Бидејќи се работи за стар монтажен објект кој со својата долгогодишна експлоатација веќе ја става во прашање сигурноста на посетителите, а Градот Скопје не може да обезбеди средства за негова изградба, потребно е да се донесе ваква одлука каде Министерството за култура ќе го изгради со средства од буџетот на Македонија“, предлага Трајановски. Директорката на Универзална сала, Вера Бошковска, потврдува дека со предавањето на ингеренциите, со сите натамошни процеси ќе „диригира“ Министерството за култура. „Тоа значи дека Министерството ќе биде надлежно и за градежниот процес, за сите понатамошни известувања околу проектот, но и за конкурсите за идејно решение и за финансиска конструкција на новата сала. Не можеме да прецизираме, ниту, пак, знаеме колку време и на кој начин ќе се гради објектот“, вели Бошковска. Инаку, главната одлука за изградба на нов, а не за реконструкција на петдеценискиот објект „падна“ уште во март. Владата ја негираше можноста за доградба и зголемување на сегашните 1.500 седишта на дотраениот објект. Проектанти пресметаа дека реконструкција на старата Универзална би изнесувала до 11 милиони евра, а изградбата би била поскапа за 20-30 отсто. Како главна причина за подигнување на целосно нов концертен објект беа наведени резултатите од анализата на Градежниот факултет, според кои реконструкцијата нема да реши важни прашања околу функционалноста и самата конструкција. Со новата градба ќе има и решение за паркирање, кое ќе биде во самиот објект. Министерството за култура од годинашниот буџет ќе ги покрие трошоците за конкурс и проектирање по што, на крајот на годината, се очекува тендер. Објектот ќе се гради во следните години. Рокот не е прецизиран, бидејќи, како што соопшти Министерството, концертните сали се специфични во ентериерот поради сценската технологија и акустиката. Конкурс за ново идејно решение Министерството за култура веќе објави конкурс за избор на идејно решение за нов објект на местото на постојниот. Новата Универзална сала ќе има капацитет за 2.500 до 3.000 гледачи, паркинг и канцелариски простор. Конкурсот е отворен до 12 јули, а за најдоброто решение е предвидена награда во вредност од 250.000 денари. Парични награди ќе добијат и второ и третопласираните трудови и тоа по 200.000, односно 150.000 денари. Од архитектите се бара во идејното решение да применат оригиналност, иновативност и изводливост, да ги почитуваат мерките за енергетска ефикасност и економичност и објектот да се обезбеди функционална организација на просторот и квалитет на релациите меѓу предвидените содржини со непосредното опкружување. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0A19F51C3F6C2346B01D1EA9CE5E04FE |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
bowie ![]() Newbiе ![]() Joined: 06-Nov-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
ЗАВРШИ КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНОТО РЕШЕНИЕ ЗА КОНЦЕРТНАТА САЛА
Десет проекти за новата Универзална Во моментов тече постапката на евалуација на пристигнатите проекти, а по изборот на идејното решение ќе се започне со сите останати фази од реализацијата на овој проект Десет идејните решенија стигнале на конкурсот за изградба на новата Универзална сала. Откако Владата одлучи да се гради комплетно нова концертна сала, а старата да се урива, Министерството за култура во јуни распиша конкурс за избор на идејно решение. "Во моментов тече постапката на евалуација на пристигнатите проекти. По изборот на идејното решение, ќе се започне со сите останати фази од реализацијата на овој проект, односно ќе се пристапи кон целосно комплетирање на проектната документација, по што ќе се започне и со постапките за градење, обезбедување на одобрение за градба, избор на изведувач, надзор и други потребни активности", велат од Министерството за култура. Реновирањето на Универзална сала се најавува години наназад, но никако да почне. Најпрво требаше само да се реконструира постојниот објект, но анализата на стручни лица и на Градежниот факултет утврди дека реконструкција на Универзална сала нема да реши некои битни прашања околу функционалноста на објектот, администрацијата и околу армиранобетонската конструкција на објектот. Анализите покажаа дека доколку при реконструкција се врши зголемување на количеството на челичната и бетонската конструкција, објектот не ќе може да ја прифати тежината, затоа што е изграден пред 47 години. Такви дополнителни количини на арматура и бетон, според општите параметри, може да се поставуваат на објекти стари до 50 години. Освен тоа, ако се оди со реконструкција, не ќе може да се зголеми бројот на седишта во салата кои, според потребите, се планира да бидат од 2.500 до 3000. (А.А.) http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=7751EB9768CF4B42B7320A68135A9862 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Изгледот на Универзална чека одлука од Министерството за култура
По изборот на идејното решение, ќе почнат постапките за градење, собирање одобренија и избор на изведувач Новиот изглед на Универзална сала ќе исплива на површина откако Министерството за култура ќе ги разгледа пристигнатите визии за објектот. Во моментов тече постапката за евалуација на доставените проекти од конкурсот за избор на идејно решение, иако Министерството го објави уште во јуни. „По изборот на идејното решение ќе се започне со сите останати фази од реализацијата на овој проект, односно ќе се пристапи кон целосно комплетирање на проектната документација, по што ќе почнат и постапките за градење, обезбедување одобрение за градба, избор на изведувач, надзор и други потребни активности“, соопштуваат од Министерството за култура. Од таму не прецизираат рокови за градежните зафати, како би изгледала новата сала, ниту ги коментираат иницијативите што кружеа низ јавноста за можното преименување на објектот. Единствено информираат дека Универзална сала е локална установа под надлежност на Градот и за неа заеднички донесуваат програма за работа. „Во соработка со Министерството за култура во следниот период ќе се направи и план за одржување одредени настани и во објектите кои ги користат националните установи од областа на културата кои се во надлежност на Министерството за култура“, велат од Министерството. Инаку, главната одлука за изградба на нов, а не за реконструкција на петдеценискиот објект беше донесена уште во март. Владата ја одби можноста за доградба и зголемување на сегашните 1.500 седишта на дотраениот објект. Проектанти пресметаа дека реконструкција на старата Универзална сала би чинела околу 11 милиони евра, а изградбата би била поскапа за 20-30 отсто. Како главна причина за изградба на целосно нов концертен објект беа наведени резултатите од анализата на Градежниот факултет, според кои реконструкцијата нема да реши важни прашања околу функционалноста и самата конструкција. Новата тврда градба ќе има и решение за паркирање во самиот објект. Министерството за култура од буџетот ќе ги покрие трошоците за конкурс и за проектирање. Конкурсот предвиде сала со капацитет за 2.500 до 3.000 гледачи и дополнителен канцелариски простор. За најдоброто решение следува награда во вредност од 250.000 денари. Од архитектите се бараше оригиналност, иновативност и изводливост, да ги почитуваат мерките за енергетска ефикасност и економичност. Објектот да обезбедува организација во просторот и релации со опкружувањето. http://www.utrinski.mk/?ItemID=BE54A67F88422C4991D21BD1632AE9E4 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Еве го новиот изглед на Универзална
![]() ![]() ![]() ![]() Edited by HugoGoulding - 23-Nov-2013 at 18:18 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |