build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 09-May-2010 at 22:03

СО ИЗГРАДБАТА НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ И ПЕШАЧКА ПАТЕКА


Езерото Младост се поблиску до туристите


Патеката, долга 5,7 километри и широка 2 метри, не само што ќе го поврзе целиот брег на езерото, туку ќе претставува вистинска атракција за посетителите


Езерото Младост кај Велес последниве години станува се попримамливо место за одмор. Со продажбата на 38 плаца на кои покрај семејни куќи за домување, изградени се и неколку угостителски и стопански објекти, езерото е се попосетено од домашни и странски туристи. Минатата година Младост го посетиле 15-тина илјади транзитни домашни и странски гости, а угостителите велат дека нивниот број годинава ќе биде далеку поголем. Најавената реализација на проектот на Владата "Изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување околу езерата во Република Македонија", велешкото езеро уште повеќе ќе го приближи до туристите. Патеката, долга 5,7 километри и широка 2 метри, не само што ќе го поврзе целиот брег на езерото, туку ќе претставува вистинска атракција за посетителите. Министерството за транспорт и врски веќе објави повик за доделување на договор за јавна набавка за изградба на пешачката патека, а Општината Велес ја презеде обврската за поставување на урбаната опрема и нејзино хортикултурното уредување. Патеката на езерото Младост, според проектот, треба да биде изградена до крајот на јуни годинава.

Во исто време, Општината донесе одлука за изработка на уште два урбинистички плана.
-Првиот ќе ги опфаќа површините во близина на објектот на "Урбан Инвест банка" и двата мотели. Овие плацеви ќе бидат за изградба на викендички. Со другиот план, ќе биде урбанизирана десната страна на езерото, на која планираме плацеви за изградба на хотели, мотели, плажи и други угостителски објекти - вели Зоран Мецанов, раководител на одделението за урбанизам во општина Велес.

За целосно уредување на езерото Младост, на една од последните седници советниците на Велес донесоа одлука преку странски кредит, езерото со здрава вода за пиење да биде поврзано со градскиот водовод. Покрај ова, со новите 50.000 садници, што на манифестацијата "Ден на дрвото, засадија својата иднина", ги засадија велешани, езерото Младост ќе стане уште поубаво .

Сопствениците на угостителските објекти, пак, чиј што број е се поголем, истакнуваат дека се додека не биде асфалтиран патот, што го поврзува езерото со автопатот Скопје-Велес и не биде изграден пристапен пат до езерото и понатаму ќе биде далеку, пред се за странските туристи, чиј што број во летните месеци е се поголем. Тие велат дека за реализацијата на овие зафати, покрај Општината, помош им е потребна и од Владата.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=031779F9D6A7B3469A51EE4F5E16EDE3
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 11-May-2010 at 23:49

Карпош воведе комуналии за Бардовци

Идните градители во Бардовци ќе мора да плаќаат комунална такса, во висина од 45 отсто од цената што важи за населбите

Атрактивноста на Бардовци доби своја цена. Општина Карпош по долги години воведе комунална такса, која ќе мора да ја плаќаат сите што во иднина имаат намера да градат во овој реон. Претходно за градење во Бардовци не се наплаќаше ништо, бидејќи селото и ден-денес не влегува во урбаниот опфат на општината, а исто така и на Скопје.

Цените за градење, како и потребната документација, се уредени со Одлука усвоена на априлска седница на Советот на Општина Карпош. Таа нема да важи ретроактивно, за старите градби, туку само за новите градители. Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека цените се разликуваат, во зависност од градбата, но од тоа дали станува збор за правно или физичко лице. генерално, тие се пониски и изнесуваат околу 45 отсто од цената што сега се плаќа како комунална давачка во урбаниот дел од општините, во населбите, и која изнесува околу 100 евра за квадрат.

- На седницата, опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ имаше став таксата да биде поголема, околу 70 отсто од цената на комуналиите во урбаниот дел, односно барем 3.400 денари за квадратен метар. По разни договарања е предвидено да се наплаќа 1.800 денари по квадрат за физички лица, 2.500 денари за фирми. За изградба на јавни установи комуналиите ќе изнесуваат 1.500 денари, а за изградба на штали 300 денари за квадрат - објасни градоначалникот.

На прашање што ќе добијат жителите на Бардовци за цената што е одредено да ја плаќаат како комунална такса, Јакимовски одговори - „она што го добиваа и сега“.

- Општина Карпош во изминатите 15 години, откога Бардовци стана атракција за градење, има вложено дури и премногу во ова населено место. Без разлика што тоа не беше наша законска обврска, ако се земе предвид дека градителите не плаќаа никаква давачка. За 10 години изградивме канализација, водовод, патишта, и сето тоа како израз на добра волја на Карпош. Сега со таксата ќе се полни општинскиот буџет, а потоа ќе се вложува во уште подобра инфраструктура - потенцира Јакимовски.

Воведувањето на комуналната такса, доброупатени извори ја коментираат како сериозна намера на Општината да почне со предвиденото проширување на Бардовци со стопански објекти. За таа цел, предвидено е ширење и асфалтирање на улицата, која сега служи за колски сообраќај, и која поминува во средишниот дел на селото. Ќе биде долга 1.800 метри и ќе излегува на Качанички пат во Визбегово. Новата урбанизација со стопански објекти е предвидена од двете страни на новата улица. Од Карпош објаснуваат дека станува збор за рурален дел, па градењето нема да биде уредено со урбанистички планови, туку со урбанистички проекти за населени места.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0D3BD81C80A47443873EEDD62DAC6454
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 17-May-2010 at 16:34
ДОДЕКА НАДЛЕЖНИТЕ СЕ ДОГОВАРААТ ЧИЈА Е НАДЛЕЖНОСТА ВРЗ ОБЈЕКТИТЕ
Обновените јавни тоалети под клуч

Роза Петкова

Трите реновирани јавни тоалети, два во Градски парк, а еден под мостот „Гоце Делчев“, останаа заклучени, затоа што Град Скопје и општина Центар се уште не си направиле официјално примопредавање. Тоалетите ги реновираше Град Скопје со пари од Министерството за транспорт и за врски, но додека траеше поправката градските власти не знаеја кој ќе ги стопанисува објектите. Сега тие велат дека тоа може да бидат само општините, затоа што така налагал Законот за Градот Скопје. - Јавните санитарни јазли, кои се реконструирани со средства од Министерството за транспорт и за врски, се готови и само преостана делот на утврдување кој ќе се грижи за нивното одржување. Според законите, ние немаме ингеренции да стопанисуваме со јавните тоалети, ингеренциите се на општините. Останува тоа правно да го решиме. Инаку, на приватен инвеститор не можеме да ги дадеме, затоа што се јавни објекти - вели Неделчо Крстевски, портпарол во Град Скопје. Во Општина Центар се подготвени да ги преземат тоалетите, само чекале Градот официјално да им ги предаде. - Штом ќе ни бидат предадени од страна на Град Скопје, ќе ги преземеме јавните санитарни јазли и притоа Општина Центар ќе ги одржува и стопанисува - вели Јовица Ацковски, портпарол на Општината. Оттаму не дадоа повеќе информации како планираат да ги стопанисуваат тоалетите, дали нивното користење ќе се наплаќа, дали ќе бидат отворени 24 часа, ниту дали ќе вработат луѓе за нивното одржување. И додека властите чекаат правно да ги разрешат работите, вандали веќе ја ишараа влезната врата на вецето под мостот, која во реновирањето беше премачкана. Во Градот велат дека не можат да преземат ништо и останува само да се апелира на свест кај граѓаните. Јавните тоалети во Скопје станаа апстрактна именка бидејќи и оние малку што ги има во централното подрачје останаа на немилост. Градот и Општина Центар долго време се расправаа кој треба да ја преземе грижата околу вецињата, па така, на пример, за тоалетот до Пасошкото одделение кај полициската станица „Беко“ редовно одговараа дека не е во нивна надлежност. Општина Центар тврдеше дека нема обврска да се грижи за него, затоа што Градот не направил официјално примопредавање, а градските власти инсистираа дека одговорноста е општинска. Во меѓувреме, во Скопје популарни станаа монтажните тоалети „тој фор“, кои можеби се покажаа практични за настани и за манифестации во траење од неколку часа, но никако и за постојано користење. Каде и да се поставени овие тоалети, најчесто шират непријатна миризба, а скопјани избегнуваат да ги користат затоа што не се практични и просторот во кабината е премногу мал. Како обврска од Законот за јавна чистота Скопје требаше да добие повеќе јавни тоалети и да се реновираат постојните. Поради тоа, Министерството за транспорт и за врски лани распиша конкурс за реновирање и за изградба на јавни санитарни јазли. Интересот беше мал, па така Министерството додели три милиони денари за трите тоалети што ги изреновира Градот и 800.000 денари за тоалет во паркот „Жена-борец“, кој требаше да го санира Општина Центар. Откако установи дека тоалетот е комплетно урнат и руиниран, Општината се повлече од проектот.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2023&ArticleID=140913
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 19-May-2010 at 00:14
Битола: Јавните тоалети за мерак
 
 
Долги години битолчани природните потреби мораа да ги задоволуваат во катастрофални јавни тоалети со искршени врати, неподнослива смрдеа, без тоалетна хартија и без хигиенски услови.

Таа слика се избриша, сега сме за пофалба, од пред Нова година во градот има тоалети по најнова мода, чешми со сензор, автоматски сушач за раце, тоалетна хартија на претек и wc шолји луксузни корпи за отпад, сензорско пуштање вода на писоарите, високопрофилни ПВЦ врати и огледала, ѕидни и подни плочки по последна мода, вака изгледаат тоалетите  за кои опозиционата ЛДП во саботата го пофали градоначалникот, кој за реновирањето потрошил 40 илјади евра.

„Пред претходно да се реновираат тогаш беа во катастрофална состојба сега се многу добри, хигиената се одржува на високо ниво“, вели Томислав Марковски човекот, што се грижи за тоалетите.

Новата опрема во тоалетите на мета на незнајковците, за само неколку месеци пет до шест од 10-те чешми не работат или не се пуштаат или не се запираат.

„Сега бргу една врата таа кај канцеларијата ми ја искршија ми бараат 50 евра кај да најадам јас со 250-300 денари што ги вадам дневно од тука“, вели Марковски.

Тој во Општина ги известил за состојбата, па секојдневно чека на потребните поправки, а инаку за сегашната состојба на тоалетите до него стигнувале и признанија.

„Досега што имаат идено и луѓе од странство велат во Америка нема сензори во Битола има“, вели Томислав Марковски.

Посетеноста е иста со порано како и цената,10 денари, има и такви вели Марковски, кои по своја воља оставаат и повеќе. Но не е задоволен од културата на граѓаните, сензорите ги расипале зошто незнаеле како да си пуштат вода, нужда вршеле врз шолјите а не каде треба тоа да се прави. Неговиот работен статус не е решен живее од 250 денари дневна заработка во изминативе девет и пол години, од кои и ја набавува тоалетната хартија и сапунот а плаќа и стражар кој го поставил од страв да не биде украдена новата санитарија.
 
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 25-May-2010 at 13:36
Досега мислам дека не сме третирале бандери и каде и како може да се поставуваат и некои стандарди и висини до каде можат да висат кабли и колку тоа се почитува од оние што поставуваат инсталации, а од друга страна и колку се почитува максималната висина на возилата што се движат. Пред неколкку саати бетоњерка собра жици за кабелска и се откорна цела бандера. Е сега неможам ништо да кажам каде мислам дека била грешката, дали од кабелската се пониско поставени каблите или пак бетоњерката би со несобрана до крај пумпа. Среќа што имам интернет.




Edited by lslcrew - 25-May-2010 at 13:38
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 27-May-2010 at 13:40

Оплеменет просторот кај Машинскиот факултет

Нови жардиниери, пролетен расад, патеки и клупи „никнаа“ на подзапуштениот простор кај Машинскиот, Технолошко-металуршкиот и Факултетот за електронски и информатички технологии, во населбата Карпош 2




Партерното уредување и изведбата на паркиралиштето на оваа локација ја чинеше општината Карпош 1.723.554 денари.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52710937278&id=14&prilog=0&setIzdanie=21992
Back to Top
kostadincole View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-May-2010
Location: Vatasa
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kostadincole Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 31-May-2010 at 00:49
Браво за градоначалникот Александар Панов, убаво од него што признал дека има дивоградба на браната Моклиште, но зошто не каже дека најголемата дивоградба која е изградена, е изградена од него. Да бидам појасен, браната е сега целата цементирана и комплетно е реновирана, но сето тоа што е изградено лежи врз приватен имот. И после сите тужења кои траат веќе 5 години, покрај сите подадени документи и докази пред суд, дека земјата врз која е изградена браната ми припаѓа мене, никако неможам да ги убедам градоначалникот и судот да ми ја исплатат земјата или доколку веќе не сакаат да ми ја исплатат, да ми ја вратат земјата како таква. Земјата е одземена одамна, присилно, при што беше притворен мојот татко поради давање на отпор. Во тоа време земјата беше обработлива и на неа садевме сено за да ја храниме стоката која ја чувавме, од која што заработувавме за живот, подоцна на таа земја беше изградена браната.
 Пробав кај многу адвокати, но на сите потеклото му беше од Кавадарци и не го водеа делото до крај поради страв да не го изгубат работното место. Затоа сакам да го замолам некој кој познава добар адвокат или некое друго лице кое ќе може да ми ја заврши работата за ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО да ми каже или да ми пише на мејл kostadincole@yahoo.com. Благодарам однапред.
Back to Top
kostadincole View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-May-2010
Location: Vatasa
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kostadincole Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 31-May-2010 at 00:55
Ги чувам сите документи со кој докажав дека браната ми припаѓа мене, скица, турска тапија напишана на турско писмо, која и ја преведив на македонски и други документи кои се потребни, но само неможам да најдам човек кој што може да ми ја заврши таа работа, да ја исплатам земјата или да ја вратам.
 Доколку може некој да ми помогне нека ми пише на мејл kostadincole@yahoo.com и ќе му ги покажам сите документи што ги имам.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 02-Jun-2010 at 13:36
БАВНО СЕ ЗАМЕНУВА НАДЗЕМНАТА СО ПОДЗЕМНА ИНСТАЛАЦИЈА
Скопје се уште е град на бандерите

Роза Петкова


Дрвените бандери од кои висат по неколку дебели кабли се уште се секојдневие за Скопје, иако веќе одамна во употреба влегоа посовремени техники за спроведување струја или за телефонска линија. Столбовите високи по неколку метри, кои обично се измешани меѓу дрворедите, ги има и во центарот на градот, онаму каде се уште се зачувани пониски згради и куќи, но и по пофреквентните магистрални улици од кои градските власти претендираат да направат булевари. На скопјани честопати им пречат висечките кабли што им минуваат под прозорец или пред балкон, но реагираат и на самите бандери, затоа што се стари десетици години и лесно може да паднат при силен ветер. - Во дворот ни стои стара дрвена бандера, која веќе воопшто не се користи. Веројатно сите од околината си имаат други приклучоци за струја и оваа останала како вишок, токму во нашиот двор. Сега ни е проблем, затоа што не служи за ништо, а и никој не доаѓа да ја тргне. Сами не смееме да ја отстрануваме, па затоа се обративме во Општината, но не добивме помош - вели Анета, жителка на општина Центар. Со бандерите проблем имаат и општинарите, а тоа го потврдија од една скопска општина, каде сакале да ги заменат дрвените столбови при реконструкција на улица. Иако било предвидено улицата да добие нови канделабри за осветлување, асфалтиран коловоз и пешачки патеки, сепак, Општината не можела да се спогоди со надлежната „ЕВН Македонија“ да се сменат и дрвените бандери, затоа што улицата се уште не им била предвидена во програмата за работа. Во „ЕВН Македонија“, напротив, велат дека дрвените бандери редовно ги заменуваат со бетонски. - Во Скопје, во изминатава година сменивме 200 нисконапонски и 80 среднонапонски дрвени столбови со бетонски. Со секоја реконструкција ги менуваме бандерите од дрвени со бетонски, кои се поиздржливи и се еколошки. Инаку, никаде во светот не се забранети дрвените бандери туку оние кои се премачкани со еден вид масло и тие не се еколошки - вели Ленче Карпузовска, портпарол на компанијата. Таа објаснува дека секаде немаат можност да ја спроведат струјата под земја, особено онаму каде средината е густоурбанизирана и затоа што дозволата за ископите им ја дава друг орган. - Инаку, најбезбедно е под земја, зашто така каблите не се под влијание на временските услови, но потоа потешко е за интервенции. На пример, далекуводот за манастирот на Тоше го завршивме под земја, затоа што таму имаше услови - објаснува Карпузовска. Во „Македонски телеком“, исто така, велат дека вршат замена на телефонските кабли и ги спроведуваат под земја. - Во последните неколку години техниката се менува и целата инсталација оди под земја, како, на пример, оптиката, која е најновиот метод кој го користиме. Имаме тренд преносот на кабли да го правиме под земја, наместо воздушно - велат од компанијата.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2035&ArticleID=141949
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 14-Jun-2010 at 17:25
Не знам дали го погодив местово за вакво прашање....ме интересира дали оваа година прскаа авионски против инсекти во Скопје или јас сум го преспал тој настан!?!
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 14-Jun-2010 at 17:28
Ни јас ги немам чуено, а богами тешко е тоа да се пропушти.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 14-Jun-2010 at 17:53
Епа јас не го преспав и класика ме извадија од памет. Пред 2 недели беше некаде прскањето. 
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 14-Jun-2010 at 18:14
Originally posted by Dave Gahan

Не знам дали го погодив местово за вакво прашање....ме интересира дали оваа година прскаа авионски против инсекти во Скопје или јас сум го преспал тој настан!?!
си ги пропуштил, ја намерно станав за да ги гледам, ги обожавам Big%20smile
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 14-Jun-2010 at 18:27
Не ми беше муабетот гледањето...комарциве ме мачат...
А и на кеј гледам створови што не верувам дека инсектицид делува врз нив...затоа имав таков впечаток и прашав....инаку не станувам, туку рипам од спиење, дека тој лета на 5м над зградава
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 15-Jun-2010 at 23:37
Чешми има, вода нема

Но, сепак во градот има и други чешми од кои не капе ни капка вода. Од оние што работат, пак, прска преголем млаз вода, па кога ќе се наведнете да се напиете, задолжително добивате освежување со туширање, или, пак, водата тече толку малку што ќе морате буквално да ја излижете чешмата


Водата во летните горештини ни е најпотребна за пиење и за освежување. Но, за жал, чешмички за вода во центарот на градот кои работат има се помалку. Една од најчесто користените чешмички во строгиот центар на градот, онаа до Рекорд", веќе подолго време не е во функција. Жедните минувачи со чудење ја гледаат чешмата и не можат да разберат зошто не работи за да им се најде токму сега среде лето, кога најмногу им треба.
- Секој ден поминувам оттука и ми е мака кога ќе видам дека нема чешма од спротивната страна за да ја преминам улицата и да се напијам неколку голтки вода да ме разладат. Сега кога во летниот периот автобусите ги нема толку често и кога подолго време чекаме на постојката, станува ужасно. Не знам како досега никој да не се сети да ја поправи, да помисли дека некому тоа му е многу потребно, вели еден средновечен скопјанец. Но, сепак, во градот има и други чешми од кои не капе ни капка вода. Од оние што работат, пак, прска преголем млаз вода, па кога ќе се наведнете да се напиете, задолжително добивате освежување со туширање, или, пак, водата тече толку малку што ќе морате буквално да ја излижете чешмата. Грда е сликата за градот, бидејќи има чешми од кои не тече вода. На некои граѓани чешмите за вода им служат и како корпа за отпадоци, па така во минување си ги празнат џебовите и фрлаат ѓубре во нив, додава скопјанецот.

Се обративме до одговорните во Град Скопје и ги прашавме зошто поголем број чешми низ централното градско подрачје не работат. Оттаму ни одговорија дека чешмите за пиење вода ги одржува ЈП "Водовод и канализација", а постојат и некои кои се нови и не се во надлежност на прептријатието, а се одржуваат постојано.
- Сезонски се активираат во март и работат до септември. Сите чешмички се пуштени во употреба и тековно се одржуваат. Постојат одредени ситуации кога поради несовесно користење некои чешми се уништуваат, одводите се затнуваат со ѓубре, или се манипулира вентилот. Во сите овие случаи екипите на ЈП Водовод и канализација" интервенираат веднаш штом ќе дознаат. Поради временските услови претпријатието ги засили контролите во врска со функционирањето на сите чешми под нивна надлежност и доколку се забележат проблеми, се интервенира веднаш - велат од Град Скопје.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FCF8FE389E1A0F459896DF89FD629D25
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 19-Jun-2010 at 09:07
Не а најдов оваа информација, и незнам каде да ја ставам....

На брегот на езерата ќе има пешачки патеки

Во првата фаза ќе се уредуваат Дојранско Езеро, Мавровско Езеро, Габелово Езеро и езерото Младост

Крајбрежјата на Дојранско Езеро, Мавровско Езеро, Габелово Езеро и на езерото Младост ќе се урбанизираат. Ќе се изградат пешачки патеки, околината ќе се уреди хортикултурно и ќе се осветли. Реализацијата на овој проект има цел да ја подобри езерската туристичка понуда.

Министерството за транспорт и врски веќе објави повик за доделување договор за јавна набавка за изградба на патеките околу овие езера во општините Дојран, Маврово-Ростуше, Велес и Крушево. Патеките ќе ги гради Министерството, додека поставувањето урбана опрема и хортикултурното уредување ќе биде обврска на општините.

Ова претставува прва од предвидените четири фази на проектот, со чија реализација, според министерот за транспорт Миле Јанакиески, во согласност со туристичките стандарди ќе се создадат места за спорт и рекреација на туристите.

„Реализацијата на овој проект ќе овозможи повеќекратни придобивки, меѓу кои и создавање алтернативен простор за минување на слободното време на граѓаните во општините во кои има природни езера и вештачки акумулации. Но, уште поважно е тоа што ќе се создадат простори што ќе бидат во согласност со туристичките стандарди, места што ќе им служат за спорт и рекреација на домашните и на странските туристи. На тој начин, ќе се зголеми интересот за посета на езерата и ќе се подобрат условите за туристичката дејност, што ќе влијае позитивно врз подобрувањето на целокупната економска слика на Македонија“, рече вчера на прес-конференција министерот Јанакиески.

Планирано е првата фаза, со која се опфатени четирите езера, да трае околу три години. За реализација на проектот, од буџетот на Министерството за годинава се издвоени 14 милиони денари, за 2011 година се предвидени 42 милиона денари, а за 2012 година 34 милиони денари. Овие суми се проектирани според проектите, додека конечните цени ќе бидат познати по завршување на тендерот.

Проектите предвидуваат пешачката патека крај Дојранското Езеро да биде долга 3,5 километри, а широка шест метри, онаа кај езерото Младост во Велес да има должина од 5,7 километри и широчина од два метра, а патеката кај Мавровското Езеро да биде два километра долга и два метра широка. Пешачката патека, пак, кај Габеловото Езеро во Крушево ќе се гради еден километар долга и 2,5 метри широка патека.

Како што појасни Јанакиески, во втора фаза ќе се уредуваат крајбрежјата на Дебарско Езеро, Беровско Езеро и Прилепското Езеро. Третата фаза ќе ги опфати крајбрежјата на Охридско Езеро, Преспанско Езеро и езерото Глобочица, а четвртата крајбрежјата на езерата Водоча, Мантово, Турија, Калиманци, Матка, Треска, Гратче, Паљурци, Тиквешко Езеро, Липковско Езеро, Козјак и Мавровица.

Министерот Јанакиески најави дека наредната недела ќе бидат склучени договори за концесии на пет плажи на Дојранско Езеро. (Б.А.)


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 19-Jun-2010 at 09:27

Струшкото крајбрежје летната сезона ја дочекува со несредени плажи

Нина Кепеска  
18.06.2010 17:26
 
 

Четврта година откако Министерството за транспорт почна да ги издава плажите на Охридското Езеро на концесионери, кои во Охрид понудија средени и добро опремени плажи, Струга се уште кубури со издавањето на плажите под кирија.

Откако Струшката локална самоуправа пред неколку години не ја прифати одлуката за враќање на плажите на државата, со која се спореше на суд, и годинава Струшкото крајбрежје летната сезона по неколкугодишниот хаос ја дочекуваат со несредени плажи.

На ова денес реагираше и Струшката СДСМ, која обвини дека пет години Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не можел да најде слух со централната власт иако биле коалициски партнери во владата, а проблемот кој се влечел по судовите за да се докаже сопственоста на плажите, бил на штета на Струшкиот туризам.

„Згора на сето тоа кога конечно проблемот беше надминат, започнаа процеси на политички пазарења и поништување на тендерите. Се знае меѓу коалиционите партнери, меѓу претставниците на ДУИ, локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ. Никој друг не можеше да влезе во тоа“, вели Александар Попоски, претседател на СДСМ Струга.

И капачите на плажите во центарот на Струга реагираат на нивната несреденост.

„Не е средено, ама ќе го средат наводно, така е кажано, па не знам“, вели девојка од Струга.

„Убаво би било да се среди да се расчисти малку ѓубрево, ќе биде подобро и за децата и за сите нас“, вели гостин на популарната „Женска плажа“ во Струга.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се брани дека издавањето на плажите не е негова туку надлежност на министерството транспорт, што до сега на јавни огласи има издадено под закуп седум Струшки плажи, за три наскоро пак ќе се распише тендер, а две ќе им се издадат под кирија со директна спогодба на хотелите.

 
 
Понеспособен од овој градоначалник не верувам дека има во државава !!!
 
Инаку Струга мислам дека има далеку поубави услови за градски плажи од Охрид,ќе спомнам само 2 "критериуми".
 
Прво плажите се на самиот брег на градот што не е случај со Охрид и се далеку попристапни од охридските.
 
Второ местоположбата на плажите (југо-исток,мојот омилен правец Big%20smile) овозможува сонце на брегот уште  наутро,што повторно не е случај со охридските плажи.
 
Но кога имате толку "способна"локална самоуправа останува сето ова во бездна.


Edited by Buliwyf - 19-Jun-2010 at 10:47
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 21-Jun-2010 at 17:40
Во недостаток на посоодветно место, оваа вест нека оди тука
СО ОДЛУКА НА ГРАДСКИОТ СОВЕТ
Водно, Сарај и Матка ќе се штитат заедно

За трите природни подрачја, Водно, Сарај и Матка, како заштитен коридор во иднина ќе се грижи еден управител. Ваква одлука донесе Советот на Град Скопје на последната седница, со која предложи Министерството за животна средина и за просторно планирање како надлежно да спроведе постапка за прогласување еколошки заштитен појас Водно &“8211; Сарај &“8211; Матка. Воспоставувањето на оваа заштитна зона треба да овозможи да не дојде до нарушување на природата. Според секторот за животна средина при Градот, во пределите на Водно и на Матка с* уште се зачувани природни или полуприродни екосистеми. Станува збор за природни или изменети шуми, со петна од населени места и од туристички објекти. Тие забележале дека некои екосистеми се расцепкани, особено во пониските делови, но тоа не било критично за опстанок на дивите животни и на растенијата. - Коридорите се с* уште континуирани. Според анализата на севкупниот простор на локалитетите Водно и Матка и нивното опкружување, можат да се издвојат низински рурален предел со меѓи од овошни дрвја и природна шумска вегетација, ридест рурален предел во дабов шумски појас, предел на листопадно &“8211; иглолисни шуми и предел на карпи и отсеци &“8211; се вели во одлуката. Од четирите предели, од аспект на заштита, значајни се деловите на костеновите шуми, а од големо конзервациско значење е пределот со листопадно &“8211; иглолисните шуми, кои се основно живеалиште на голем број крупни цицачи и на други значајни диви видови. Пределот на карпи и отсеци, кој ги зафаќа површините на крајниот запад на планината Водно и источните делови на Матка, е исклучително значаен од аспект на заштита и на зачувување на големиот растителен и без‘рбетен диверзитет. Во одлуката на Градот се вели дека управителот што ќе биде одреден за управување со локалитетите, по нивната презаштита, ќе биде должен да се грижи и да презема мерки во заштитната зона за да се намалат заканите за природните подрачја.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2049&ArticleID=143025
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 24-Jun-2010 at 14:22
Што треба да е ова (41°59'51.25"N 21°26'2.61"E)?!


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 24-Jun-2010 at 15:25
Ти текнува на тоа обележјето со партизаните едно три метри потаму? Епа идентично е со ова То ест кога ќе биде готово ова, ќе биде идентично со тоа.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.973 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.