Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#161 Posted: 05-Dec-2008 at 15:02 |
14:43 Делчево со нов генерален урбанистички план-
Делчево,
5 декември (МИА) - Новиот генерален урбанистички план-ГУП за Делчево е
донесен на последната седница на Советот на општината со едногласна
одлука, а во тек е тендерска постапка за изработка на детални
урбанистички планови ... ПОВЕЌЕ
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#162 Posted: 06-Dec-2008 at 01:37 |
Со лиценци ќе се дисциплинираат урбанистите
Деспина Трајковска
Елиминирање на нелојалната конкуренција и максимално почитување на
законите при урбанистичкото планирање на просторот се само дел од
ефектите што ќе се почувствуваат во иднина како резултат на лиценците
за изработка на урбанистички планови кои на 15 овластени правни лица
вчера им ги врачи министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Лиценци добија Архитектонскиот факултет при Скопскиот универзитет
„Свети Кирил и Методиј“, Агенцијата за просторно планирање, „Зуас“,
„Инпума“, „Зум“ и „Билд“ од Скопје, како и урбанистички планери од
Куманово, Штип, Гостивар, Тетово, Штип, Прилеп, Гостивар и од
Кавадарци. Иако планерите и досега работеа со лиценци, сепак, како што
истакна министерот Јанакиески, тие не ги задоволуваа потребните
критериуми согласно со новите и изменетите закони што се однесуваат на
планирањето на просторот и градењето воопшто. Новите лиценци се со
ограничена важност од пет години со можност за нивно одземање доколку
субјектите при извршувањето на своите обврски доследно не ги почитуваат
законските прописи и правилници.
„Лиценците ќе придонесат за
уредување на пазарот за проектирање. Досега проектантските фирми
работеа со лиценци издадени пред повеќе од десет години. Лиценците
значат одделување на квалитетните од неквалитетните компании, бидејќи
во минатото често имавме случаи кога изготвените планови не беа во
согласност со законите“, истакна министерот.
Од новите лиценци
за урбанистичко планирање на просторот задоволни се и директно
засегнатите планери. Сметаат дека со лиценците ќе се стави крај на
аматеризмот на одредени субјекти.
„Лиценцата овозможува да
учествуваме на тендери за изработка на урбанистичка документација, на
кои нема да може да учествува фирма што не поседува лиценца“, изјави
Јанко Јовановски, претседател на УО на АД „Зуас“ од Скопје. http://utrinski.com.mk/?ItemID=15557CC4388FA0429ACA45BD74ED5567 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#163 Posted: 06-Dec-2008 at 04:20 |
Originally posted by lslcrew
Лиценци добија Архитектонскиот факултет при Скопскиот универзитет
„Свети Кирил и Методиј“, Агенцијата за просторно планирање, „Зуас“,
„Инпума“, „Зум“ и „Билд“ од Скопје |
 Шала на страна, не верувам дека лиценциве ќе донесат поквалитетни ДУП-ови. ДУП-овите се исполитизирани & прилагодени на лични интереси до немајкаде, а лиценциве ми личат само на систем за зацврстување на таа пракса. Без вистинска политичка воља за некаков квалитативен скок (која очигледно ни недостасува) сите овие паради се само мачкање очи.
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#164 Posted: 06-Dec-2008 at 04:38 |
kako ne ke nemalo amaterizam,kogo lazat samite sebe ili narodot.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#165 Posted: 24-Dec-2008 at 00:54 |

Две третини од Скопје немаат ДУП
Над 60 проценти од Скопје воопшто немаат урбанистички план, додека во некои општини се' уште важат плановите од 1982 година, кои немаат ниту измени согласно со актуелните промени во урбаното живеење.
Ниедна од десетте скопски општини целосно ја нема покриено својата територија со планови, а во некои општини се донесуваат ДУП-ови и со големина од само 1 хектар. Во Ѓорче Петров, пак, има ДУП за површина од 226 хектари. Овие податоци се дел од студијата што ја изработи Архитектонскиот факултет, а беше презентирана на вчерашната трибина „Урбанистичкото планирање и местото на Градот Скопје во системот на локалната самоуправа“.
Според Студијата, Општина Шуто Оризари нема ниту еден детален план. Најмногу имаат Центар и Кисела Вода, кои во последните години направиле и најмногу измени. Општините кои се побогати изработката на ДУП-овите ја финансираат од своите буџети, додека во останатите рамноправно учествуваат и средства од централниот буџет.
Интересен е податокот дека најурбанизираните општини во Скопје, Центар и Кисела Вода, пријавиле само еден вработен во Секторот за урбанизам, за разлика од Карпош, каде што има целосно функционален сектор со 25 вработени. Ниедна од скопските општини не се вклучила во изработката на Просторниот план за регионот ниту, пак, меѓусебно соработуваат на полето на урбанистичкото планирање. (С.Н.)
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#166 Posted: 24-Dec-2008 at 11:18 |
Дечки кој може да стигне деновиве.... Јас веројатно ќе можам дури другата недела. ___ Врз основа на член 24 и член 26 став 8 од Законот
за просторно и урбанистичко планирање (пречистен текст) /“Службен
весник на РМ” бр.24/08/, Градоначалникот на Општината Центар, го издава
следното С О О П Ш Т Е Н И Е Се
известуваат граѓаните и правните лица од централно градско подрачје
дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Решение за
организирање ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог-Изменување и дополнување на Детален урбанистички план
за централно градско подрачје на Град Скопје “Мал Ринг” Блок Б1, Блок
Б3, Блок Б4, Блок Б6 и Блок Б7 Општина Центар – Скопје. Границите на опфатот се :
- На север Булеварот “Гоце Делчев” - На Исток Булеварот “Војвода Васил Аџиларски” - На Југ Булеварот “Даме Груев” - На Запад Булевар “Даме Груев” и Булевар “ВМРО” Јавната презентација Предлог-Изменување и дополнување на Детален урбанистички план
за централно градско подрачје на Град Скопје “Мал Ринг” Блок Б1, Блок
Б3, Блок Б4, Блок Б6 и Блок Б7 Општина Центар – Скопје ќе се одржи во
просториите на Урбаната заедница Роберт Гајдиќ на ден 23.12.2008 година
во 10,00 часот. Предлог-Изменување и дополнување на Детален урбанистички план
за централно градско подрачје на Град Скопје “Мал Ринг” Блок Б1, Блок
Б3, Блок Б4, Блок Б6 и Блок Б7 Општина Центар – Скопје ќе биде изложен
во просториите на Урбаната заедница Роберт Гајдиќ, 10 работни дена
сметано од денот на објавувањето на Соопштението секој работен ден од
10-17 часот. Контакт телефон 3203605 Во
определениот рок заинтерисираните правни и физички лица од конкретното
подрачје опфатено со Планот можат да доставуваат забелешки, предлози и
мислења на анкетните листови.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#167 Posted: 26-Dec-2008 at 06:56 |
Десеткатница врз темелите на Драмски
Театарот ќе добие простории на високото приземје и во мезанинот од новата зграда, а другите катови ќе бидат со станови
 Во Општина Карпош велат дека уривањето на Драмски е предвидено со урбанистичкиот план, кој е на јавна анкета
Драмскиот
театар во Карпош 2 ќе се урива и на негово место ќе се гради десеткатна
станбена зграда. Театарот ќе продолжи да функционира и ќе биде
сместен во новата зграда. Од Општина Карпош велат дека вакво решение е
предвидено со урбанистичкиот план за овој реон, кој во моментов се
наоѓа на јавна анкета. В.д. градоначалникот Саша Димиќ изјави дека
јавната анкета ќе трае до 5 јануари, а граѓаните ќе може да ги дадат
своите забелешки и сугестии.
- На местото на театарот е
предвидена изградба на објект со висина од 30 метри, но не мора да
значи дека инвеститорот ќе изгради зграда со десет ката. Претходната
висина беше 90 метра, но ја смаливме - изјави Димиќ. Тој објасни дека
театарот ќе биде сместен на високото приземје и во мезанинот, а
останатите катови ќе бидат со станови. Земјиштето е државно, а зградата
се очекува да ја гради приватен инвеститор - објаснија од Општината.
Што се однесува до најавената изградба на Улицата на славните, што лани
беше најавено дека ќе се гради во близина на театарот, в.д.
градоначалникот кажа дека нејзината реализација ќе почне во февруари.
-
Градежните работи на зградата нема да пречат на изградбата на улицата -
изјави тој. Улицата, како што беше најавено, требаше да почне да се
гради во април годинава, но беше одложено на неодредено време поради
парламентарните избори. Според проектот „Улицата на славните“, која ќе
личи на Булеварот на славните во Холивуд, ќе се простира околу
Драмскиот театар. Ќе се гради од бетонски плочки со отпечатоци од
рацете на познати личности, под кои ќе стојат и нивните имиња.
Општинарите објаснуваат дека средства за реализација на проектот има, а
изградбата ќе биде во соработка со агенцијата „Априори комуникации“.
Оваа агенција ја има лиценцата за изградба на улици на ѕвездите како
што има во Холивуд, Франција, Австрија и Хрватска и други земји. На
годишно ниво предвидено е да се ставаат по четири ѕвезди на личности
што со својата работа придонеле за афирмација на земјата. Политичарите
не може да добијат своја ѕвезда на оваа улица, ниту пак да бидат
номинирани.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3F40BAB8E9CF8E49AC09300589023E88 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#168 Posted: 03-Jan-2009 at 01:59 |
Хотелскиот комплекс под Калето на јавен увид |
|
|
|
|
Деталниот
урбанистички план со кој се предвидува изградба на хотелски комплекс
под Калето до реката Вардар е изложен на јавна презентација во
општината Центар. Со него треба да се урбанизира овој со години
запуштен простор во северниот дел на општината.
Според планот,
по текот на Вардар треба да се направат пет хотелски објекти, во чиј
состав ќе има и кафулиња, ресторани, минитрговски центри,
административни делови, спортско-рекреативни центри и паркови.
Објектите ќе бидат со височина од 11 до 14,5 метри, односно ќе имаат
приземје и два до три ката. Се планира да се гради и катна гаража, која
треба да собира 1.960 возила. Карактеристично за неа е што ќе има два
влеза, од кои едниот ќе биде на најнискиот, а другиот на највисокиот
кат. Од страната на улицата 2 покрај Вардар ќе се влегува на
приземјето, а откај улицата Лазар Личеноски, која се искачува на ридот,
ќе се пристапува на седмиот кат преку мост.
Во деталниот план
се опфатени и постојните црковни објекти, односно седиштето на
Архиепископот г.г. Стефан, заедно со црквата „Свети Ѓорѓи“, конакот,
резиденцијалниот објект и други верски градби од затворен тип.
Има
и посебен дел наменет за спортисти, каде што ќе се градат објекти за
разни спортови. Таму треба да има и посебни згради за нивното
сместување.
- Основната намена на овој дел се хотелските
комплекси, кои зафаќаат околу 70 отсто од вкупната површина на
земјиштето. Овој детален урбанистички план се во согласност со
генералниот план и опфаќа површина од 20 хектари - изјавија општинарите. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=279&ArticleID=14953 |
Прилично голем опфат за урбанистички план. Дали во овој опфат спаѓа и тунелот под Кале?!
п.с. Досега имавме Кинески Ѕид. Од сега ќе имаме Grand Canyon!! 
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#169 Posted: 03-Jan-2009 at 02:08 |
Дали во овој опфат спаѓа и тунелот под Кале?! |
Не можам да бидам сигурен бидејќи не се кажани границите, ама не верувам - изгледа планов опфаќа до СРЦ Кале на таа страна, а тунелот (или во тој дел веќе мостот) е некои ~200 метри поисточно.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#170 Posted: 09-Jan-2009 at 00:43 |
 Црквата
ќе се гради според проект на архитектот Јован Стефановски-Жан и на
површина од 400 квадратни метри. Во нејзината околина е предвиден и
мини-плоштад и подземен паркинг
Генерално, проектот предвидува максимално
искористување на просторот од 1.800 квадратни метри, од кои на 400
квадрати ќе се наоѓа црквата. Во нејзината околина е предвидена и
изградба на мини-плоштад и подземен паркинг. Во целиот реон околу
салата „Партизан“ се предвидува да се изградат и два хотела, спортски
терени, комерцијални и деловни објекти, објект со намена за социјални
грижи, а планирана е и изградба на споменик. И покрај тоа што просторот
е „мртов“ и ќе заживее доколку првенствено се изградат јавните и
комерцијални содржини, тој сепак ќе почне да се урбанизира со верски
објект. Причината, велат од општината, е тоа што најголемиот дел од
земјиштето е во приватна сопственост, додека црквата ќе се гради на
државно земјиште.
Инаку, во овој реон уште пред повеќе години
требаше да почне да се гради мини град „Александрија“, проект кој
остана само на хартија, а не се изгради ниту маркет на српска „Делта“,
на која сегашната власт и' го поништи договорот за купопродажба на
земјиштето. http://utrinski.com.mk/?ItemID=62D0354108B2FD4FAEEB2995AEF5842C |
Edited by lslcrew - 09-Jan-2009 at 00:44
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#171 Posted: 12-Jan-2009 at 12:36 |
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ НОСИ ДУП "ПАРК 2"
Хотели и катна гаража под американската амбасада
Во просториите на Општина центар новиот план е изложен за јавноста од 31 декември
Општина Центар за прв пат ќе носи детален урбанистички план "Парк 2" со
кој ќе се урбанизира просторот под новата Американска амбасада, односно
просторот на левиот брег на Вардар. Во просториите на Општината во тек
е јавна анкета на планот, кој е изложен за јавноста од 31-ви декември.
Соња Шумкова, раководител на секторот за урбанизам во Општината, вели
дека само мал дел од просторот што се третира во новиот план бил
урбанизиран 1997 година, додека за останатиот прв пат се носи план, кој
е направен според намените и насоките од Генералниот урбанистички план
на Скопје од 2002 година. Таа објаснува дека со планот се предвидени
маркички за спортски центри, објекти за угостителство и туризам, верски
објекти и парковско зеленило. Со ДУП "Парк 2" се урбанизира површина од
13,59 хектари, а највисоки ќе бидат објектите на два хотелски комплекса
со максимална висина од 14,5 метри.
"Површините за градба што се предвидени со планот треба да се уредат со
посебни артхитектонски проекти, како комплекс на градби. Проектираните
висини се така поставени да не конкурираат на просторот, односно
објектите ќе имаат еден до два ката над нивелетата на улицата Лазар
Личеновски, а како што теренот се спушта кон реката Вардар одоздола ќе
имаат уште по три до четири ката во зависност од парцелата", вели
Шумкова.
Со планот се потврдува објектот Македонската правозлавна црква, каде е
сместена резиденцијата на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, а веднаш под
американската амбасада е предвидена катна гаража со 1.960 паркинг места
и пет парцели за објекти со намена за угостителство и туризам.
"Дали овие парцели ќе бидат хотели или други објекти за угостителство и
турзам тоа ќе го кажат посебните урбанистичко-архитектонски решенија, а
со планот е предвидена и комплетна сообраќајна мрежа, бидејќи тој
простор досега е неурбанизиран", вели Шумкова.
Со планот е предвидено изградба на гасоводна мрежа, како и изградба на
фекална канализација. ДУП"Парк 2" го опфаќа просторот меѓу булевар
Никола Карев на север, улиците Самоилова и Лазар Личеновски на исток,
коритото на реката Вардар на југ и администартивната граница меѓу
општините Центар и Карпош до булевар Никола Карев на запад. |
Извор: Вест
Edited by pbanks - 12-Jan-2009 at 12:38
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#172 Posted: 18-Jan-2009 at 01:20 |
Јанакиевски најавува засилени санкции за дивоградбите, Талески чека закон за легализација
Сабота, 17 Јануари 2009 17:18 |

За
конкретната проблематика, тоа е надлежност на општините, а
министерството за транспорт и врски врши надзор на работите и согласно
законот за градење даваме препораки, сугестии. Со последните измени во
законот за градење има нови нормативи кои целосно го спречуваат
дивеењето на нови дивоградби, односно зголемени се санкциите за сите
нивоа на институции. Значи, за сите нивоа на вработени, од општинскиот
инспектор до градоначалникот и до сите оние кои што учествуваат во
текот на градбата, а со измените на законот за катастар, од самиот
почеток на градба, одобрението за градење се запишува во катастар, така
да луѓето може да бидат сигурни дали еден објект има, или нема
одобрение за градба, вели Миле Јанакиевски, министер за транспорт и
врски.

- Тоа е една
наследена, навистина многу важна тема во цела држава, така и во општина
Битола. Препораките ги почитуваме, но треба да знаете дека идниов
период очекуваме нов закон за легализирање на нелегално изградените
објекти. И уште еден закон кој што се однесува на времените објекти.
Значи, дотогаш дел од она што мораме интервенираме, а она што би можело
да почека, ќе почекаме како ќе се регулира со законот. Ќе видиме какви
се можности ќе ни даде новиот закон и ќе се обидеме максимално колку
што можеме дел од тие дивоградби да ги вклопиме во новите детални
урбанистички планови, а пак условите и начинот како тоа ќе се прави, се
разбира дека ќе почекаме законот тоа да ни го каже, вели Владимир
Талески, Градоначалник на Општина Битола. |
|
Преземено од: http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3475&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#173 Posted: 22-Jan-2009 at 17:51 |
Класично жалопојки од „соседите“...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#174 Posted: 26-Jan-2009 at 12:16 |
ВИСОКОКАТНИЦА ЌЕ ГО ЗАГРОЗИ ЗЕЛЕНИЛОТО ВО КАРПОШ 1 Во паркот ќе никне огромен трговски центар
Трговски
центар со висина од 17,8 метри ќе се гради на тревникот на аголот од
улиците Никола Тесла и Партизански одреди во населбата Карпош 1. На
овој простор сега се наоѓаат колонијален простор, пошта, барака на АМСМ
и парк, па жителите жестоко се противат на планот. Со Деталниот
урбанистички план за овој реон е предвиден комерцијален објект со
продавници, на приземје, четири ката и простории под покривот. Жителите
од околните згради не се задоволни со ова решение бидејќи сметаат дека
ќе им се одземе единствениот зелен простор во близина, кој особено им
користи во летните месеци. На тревникот, велат, има и неколку реквизити
и катче за децата, каде што може да си играат, па со изградба на
објектот тоа ќе биде урнато. Тие тврдат дека не биле информирани за
јавната анкета за планот, а за трговскиот разбрале од соседите. -
Сакаат да ни го одземат и ова парче зеленило, кое во урбанизиран
простор значи многу. За важни работи како оваа властите никогаш не се
обидуваат да раскажат насекаде, како што прават кога имаат корист од
нешто. Месните заедници воопшто не функционираат и повеќето од нас не
се информирани кога се случуваат анкетите за деталните планови. Згора
на тоа, тие се секогаш во работно време и работни денови - велат
жителите. Поучени од примери во други населби и општини, жителите од
Карпош 1 се плашат дека ќе им се случи истото, па со изградба на
комерцијален објект ќе го загубат досегашниот мир. - Во близина
имаме два трговски центри - Буњаковец и Лептокарија и нема потреба за
уште еден, па нека е и мал. Не може да се гледа само на остварување
профит, а потребите на обичните луѓе да се занемарат - реагира станарка
од една од зградите. Во општина Карпош велат дека анкетата за
деталниот план завршила пред Нова година и сега тој е во понатамошна
процедура во Министерството за транспорт и врски. Тие објаснуваат дека
станува збор за урбанистички план, кој е од приоритетната програма на
Владата. Со него на местото на Драмски театар е предвидена и изградба
на десеткатница. Во објектот со висина од 30 метри, на приземјето и
мезанинот ќе се смести Театарот, а на другите катови ќе има станови.
Земјиштето на кое сега се наоѓа театарот е државно, но новиот објект
нема да го гради државата, туку приватен инвеститор, кој ќе биде
заинтересиран за тоа. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1606&ArticleID=106288 |
Пффффффффффф Пак ли жалопојкиве?!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#175 Posted: 26-Jan-2009 at 20:08 |
Аман више, па и ова ли го етикетираат како висококатница
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#176 Posted: 26-Jan-2009 at 20:49 |
шити све за какво зеленило се борат? гарант е уште некоја ливадка 
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#177 Posted: 29-Jan-2009 at 20:50 |
abe neka ne se glupiraat...zelenilo, te sonce, te ova te ona....da gi slusas ke si pomislis oni go osnovale green peace!  a kako se oddrzuva i pocituva toa dragoceno zelenilo gledame niz celo skopje!! da bese nekoj park ajde de, ama livada na koja ponekogas moze da se vidi po nekoj konj kako pase....stvarno ne mi se jasni....ako tolku se po zeleniloto i sonceto neka se iselat na selo ili vo nekoja druga skopska naselba kade sto ne se planirani stanbeni objekti, ama neka ne mrcat koga sakaat da ziveat na 1 km od strog centar na skopje!
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#178 Posted: 29-Jan-2009 at 23:29 |
Тамо и не е баш некое зеленило,а веке кога се решиле да зивеат во зграда знаеле дека сосе тоа не иде и дворно место за тоа куќа,а тие продавнички тамо од алуминиум склопени и бараки треба да се тргнат и да се изгради овој трговски сепак тоа е на главна улица и блиску до центар и треба малце да заличи.Кога го изградија хотел карпош тој дел многу доби на лик така ке биде и со ова.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#179 Posted: 29-Jan-2009 at 23:39 |
Абе добро сега, не е баш дека таму пасат коњи или е запуштена ливада (гледам има доста дрва). Бараките треба да се тргнат, ама има место за дискусија дали таму треба или не треба маркичка. А дека според планот се предвидувала висококатница, тоа нека ни го објасни новинарката која очигледно мисли дека склопила сензационалистички наслов
Edited by Cloverstack - 29-Jan-2009 at 23:41
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#180 Posted: 03-Feb-2009 at 00:35 |
Збогум на лебарките, бубашвабите и мувлата
Еве по трети пат
за нас среќен успеавме да издејствуваме зелено светло за отпочнување на
проектот во советот. Со ова се спасивме и ние и Аеродром за сивилото
кое населбата го имаше години наназад, велат претставниците од
Здружението на граѓани Црква-Б
Советниците
на општина Аеродром на вчерашната 93 седница на Советот на Општината,
од трет пат успеаја едногласно да го изгласаат и воедно да го усвојат
деталниот урбанистички план за Локалитетот Црква УЕ-Б во населбата
Аеродром.
Станува збор за новиот ДУП на таканаречениот локалитет Црква Б,
односно по старо маалото Стар Аеродром, каде сегашните трошни воени
бараки, ќе бидат урнати и на нивно место со новиот усвоен план ќе треба
да се изградат повеќе станбени згради, современ трговски центар,
спортски терени како и неколку зелени површини за рекреација.
Советниците досега на претходните две седници на општината немаа
заедничко мислење околу донесувањето на овој крупен проект во време на
предизборие, време за кое според нив, само ќе придонело за позитивни
поени кај граѓаните. Но претходната проверка од антикорупциска комисија
за издржаност за ваква одлука на советот како и молбите од жителите од
Стар Аеродром за што побрзо реализирање на овој проект, советниците
вчера решија позитивно да се изјаснат за ДУП-от на Локалитетот Црква-Б.
- Пред се сакаме да изразиме благодарност до сите пратеници на овој
советнички одбор на Општината Аеродром за позитивниот сигнал кој го
добивме денес, од името на членовите на Здружението на граѓани Црква-Б,
кое брои над 300 граѓани или повеќе од 500 семејства се заблагодаруваме
за ваквата за нас одлука од животно прашање. Со овој потег се стави
крај на лебарките, бубашвабите и мувлата проблеми со кои секојдневно се
среќававме во дотраените воени бараки во кој живееме со години наназад.
Еве по трети пат за нас среќен успеавме да издејствуваме зелено светло
за отпочнување на проектот во советот. Со ова се спасивме и ние и
Аеродром за сивилото кое населбата го имаше години наназад, велат
претставниците од Здружението на граѓани Црква-Б, Златко Бабник и Драги
Амишковски.
Инаку откако се усвои претходно Генералниот Урбанистички план а
подоцна деталниот, сега жителите на Аеродром кај локалитетот Црква-Б во
иднина ќе требаат надлежните куќни совети оттаму да изберат инвеститор
кој ќе се обврзе врз основа на ДУП-от да почне со реализација и
изградба на предвидениот тамошен станбен комплекс.
ДУП-от Скопјанка не пројде Деталниот
урбанистички план за Скопјанка актуелен изминативе денови околу
неговата контроверзност според жителите на аеродром кај Неоком, вчера
не ја доби советничката поддршка. Причината за ваквата одлука, според
советниците се многубројните приговори на граѓаните од тој реон во
врска со трговскиот центар и катната гаража која треба таму да се
гради. Тие тврдат со оваа одлука не наштетиле на граѓаните на Аеродром,
напротв со ова оставиле повеќе време да се разгледаат забелешките на
граѓаните. http://vecer.com.mk/?ItemID=904848CCEECA4E4D8705CC6671AF3CAF |
|
 |