build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Црна хроника

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 25>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 701
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 30-Jun-2010 at 07:48
Mislam deka vo site ucebnici vo koi se obrabotuva temata "Soobracaj" stoi deka sinskite vozila imaat prednost nad ostanatite vozila.
Glavniot faktor e nemoznosta za brzo zapiranje na nekolkutonskata kompozicija kako i mnogu podolgoto vreme potrebno za nejzino povtorno trgnuvanje i
postignuvanje na potrebnata brzina.
Iskljucok e tramvajskiot gradski prevoz kade sto prvenstvoto se odreduva so svetlosni signali ili eventualni znaci.


Edited by mon - 30-Jun-2010 at 07:48
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 30-Jun-2010 at 12:42

Каменуван воз

Непознати лица каменувале патнички воз завчеравечер, во близина на железничката станица Скопје Север. Инцидентот се случил околу 21 часот, кога на мета на насилниците бил возот што сообраќа на релација Кичево-Скопје. Од каменувањето бил скршен еден од прозорците на вагон во кој имало патници, но никој не бил повреден.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C74E02BAA8B24A40B043A045FD4AB3E6
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 30-Jun-2010 at 13:49
Originally posted by mon

Mislam deka vo site ucebnici vo koi se obrabotuva temata "Soobracaj" stoi deka sinskite vozila imaat prednost nad ostanatite vozila.
стои и дека секој премин мора да биде соодветно обележан!
сепак фактор или не, ако преминот е поставен а не е соодветно обележан тогаш имаш право да тужиш доколку преживееш! истово беше и во хрватска, и таму мака мачат со премините бар така беше лани, и јасно се зависи од ситуацијата, логично дека преку ден би бил виновен, но навечер што ако сум залутан патник и влетам на необележам премин а прекасно сконтам!? значи не смее да нема сообраќајна сигнализација на ваквите премини!
и да, ако нема, а настрадаш, имаш право да тужиш, само сега по подвојувањето се наметнува прашањето, кој да сефтосаш во основен-2, мж-транспорт или мж-инфраструктура!?!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 30-Jun-2010 at 15:19
Секаде на премините постојат и се обезбедуваат со сообраќаен знак дека наидува пруга, односно „андриев крст“, потоа знак „стоп“, ѕвоно, светла што трепкаат, полу-рампа, а на некаде целосна рампи. Друго е дали тоа кај нас се почитува.

Најголем проблем се дивите премини кој кај нас ги има со илјадници.

А одговорнос ако некаде се уништени е на МЖ Инфраструктура
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 01-Jul-2010 at 12:36
Воз прегази жена во Ѓорче Петров
Воз прегази жена во непосредна близина на железничката станица Ѓорче Петров.

Несреќата се случила вчера околу 21 часот, кога патнички воз кој сообраќал на релација Кичево – Скопје со кој управувал машиновозачот С.Н. (46) од Скопје удрил во педесет и двегодишната скопјанка Јелица С.

Поради тешките повреди жената починала на лице место.

За сега не е познато дали станува збор за несреќен случај или самоубиство.
01.07.2010, 12:43


Преземено од Канал5.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=62273
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 14-Jul-2010 at 18:40
Две несреќи еден воз - Удрил во автомобил во тетовско, па прегазил човек кај Зајас

71 годишниот Душан Божиноски од Кичево загина откако на него налетал патнички воз кој се обраќал на линијата Кичево Скопје.Несреќата се случила околу 6 часот во близина на кичевското село Трапчин Дол.

Два часа претходно истиот воз кој тогаш возел во обратен правец во близина на тетовското село Фалише налетал на возило.Во оваа несреќа нема повредени и жртви туку само материјална штета.
Од првичните наоди на истрагата Душан се обидел да ја премине пругата која на тоа место
влегува во кривина.По ударот починал на самото место.Издаден е налог за обдукција починатиот,а на 52 годишниот машиновозач од Скопје земени му се крв и урина.

Додека траел увидот железничкиот сообраќај на линијата Кичево Гостивар бил во прекин околу три часа.

Илчо Цветаноски
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=62729
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 20-Jul-2010 at 09:05
И повторно .....

Каменуван воз

Tоварен воз бил каменуван завчеравечер кај железничката станица во скопската населба Ѓорче Петров. Според МВР, од каменувањето било скршено стакло на возот што сообраќал од граничен премин Волково - железничка станица Трубарево.

Полицијата трага по каменувачите.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=60091B776D4FF94C8F4575EAB5143337
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 20-Jul-2010 at 20:05
Многу полесно е да имавме домашна култура.

А коренот на сето ова е да се тргне траспортната мафија со минибусите која е генератор на сето.

П.С. Помислете зашто нема организиран автобуски превоз а да не спомнам LRT превоз од аеродром.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 20-Jul-2010 at 20:13
Сосотојбите во транспортот во Македонија во сите домени е најнесреден сектор можеби. Заедно со некоои организирани форми, ако може да се нарече транспортна мафија, макар што премногу заинтересирани страни има и не е толку централизриана. Но во огромна мера цел транспортен сектор се користи како средство за купување социјален мир и како социјално-згрижувачка гранка повеќе одколку како задоволување потреба за транспорт. Дополнително локални моќници ги опседнуваат возните редови и тоа е резултатот.

Ако го средуваме некогаш овој домен, дури тогаш може да видиме квалитетен меѓуградски превоз, градски такси превоз, железнички. Може и некоја ефтина авио компанија случајно да долета, од кај да бидам сигурен дека може би досега некој и одвратил таква за локални профити. Можеме слободно на се да помислиме.

Така да железницава е ќоше од една поголема слика и секој поедини камен фрлен во воз не е никаков обичен вандализам или детска игра, најмалку изблик на некултура.


Edited by lslcrew - 20-Jul-2010 at 20:17
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 20-Jul-2010 at 21:20
потпис lslcrew

Edited by Vladimir P - 20-Jul-2010 at 21:21
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 30-Jul-2010 at 09:15
Воз удрил во автомобил, тројца повредени
29.07.2010

Три момчиња од тетовското село Шипковица се повредени кога рано утрово на премин кај фабриката Тетекс патнички воз удрил во нивниот автомобил, соопшти полицијата.

Момчињата со автомобил “опел вектра“ со австриски ознаки утрово околу 3,50 часот го преминувал железничкиот премин кај фабриката Тетекс кога во нив директно удрил патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Кичево.

Во судирот тешко е повреден сопатник во автомобилот Д.Х. (20), кој по првичната помош во Клиничкиот центар во Тетово поради сериозноста на повредените пренесен на Ургентниот центар во Скопје. Возачот И.Љ. (22) и другиот сопатник А.Б. (22) минале со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/voz-udril-vo-avtomobil-trojca-povredeni
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 30-Jul-2010 at 18:04
Четворица повредени во железничка несреќа кај Неготино


Четворица работници на Mакедонски Железници се повредени во судир на воз и на работна машина на која повредените се возеле.

Несреќата се случила синоќа во близина на неготинското село Црвени Брегови кога воз кој од Гевгелија сообраќал кон Скопје се удрил во тешка моторна дризла на Македонски Железници со која работниците се враќале од терен. Сите четворица повредени се однесени во болница каде им се утврдени телесни повреди и се надвор од животна опасност.

Се истражуваат околностите на несреќата- познато е само дека во моментот кога настанала несреќата машината се движела по пругата зад возот.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=63298
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 02-Aug-2010 at 13:56

Вандали каменувале два воза

Возовите на мета на вандали. Два воза на различни локации синоќа биле каменувани од засега непознати лица, соопштија од МВР.

Меѓународниот воз кој сообраќал на релација Скопје – Приштина бил каменуван во недела околу 17 часот на влезот на железничката станица Ѓорче Петров во правец на Волково. Неколку малолетници со камења скршиле едно прозорско стакло, но за среќа нема повредени патници.
На шините на пругата по која сообраќал возот на релација Кичево – Скопје синоќа околу 20 часот биле поставени камења, со што бил загрозен железничкиот сообраќај. Возот поминал без оштетување. И во двата случаи се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=63377


Edited by Danielbtmk - 02-Aug-2010 at 13:57
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 02-Aug-2010 at 17:01
Преку глава веќе. Сега имаше прилог и на Алфа за оваа вест. Полицијата вели дека децата се забавувалеWallbash!!! Од овие кретени ниту еден Шпанец нема да ни остане здрав.
Од МВР нека им дадат бар некоја шок-бомба за забавата да биде поинтересна најмногу на патниците во возот. Да ти е страв да седнеш до прозор во возот, не знаеш од кога и од каде може камен да ти летне.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 02-Aug-2010 at 18:41
Дали веке еднаш некој ќе биде изнесен пред суд и соодветно казнет.

П.С. Админ, ова веќе е зрело за посебна нишка бар да некој види и ја чукне главата
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 08-Aug-2010 at 01:00
Повредени патници и машиновозачи во каменување од забава
сабота, 07 август 2010

Ова е меѓународниот воз од Косово до Македонија, кој секој ден по двапати сообраќа на релација Приштина-Скопје. Патниците во него, денеска имаа среќа. Возот безбедно ја мина делницата од Сарај до Ѓорче Петров. Ниту еден прозор не настрада од камењата кои деца од овие две населени места секојдневно ги фрлаат по возот.
Кондуктерите и машиновозачите на популарно наречениот Шпанец – велат дека – да останеш неповреден во овој воз, е вистинска среќа.
Возовите најмногу се каменуваат кога ќе влезат на македонска страна – почнувајќи од Кондово, преку Сарај и Скопје Север, се до Ѓорче Петров. Освен возот за Косово, истата судбина ја има и возот од Скопје до Кичево кој минува низ истите овие станици.
Покрај патниците, од каменувањето страдаат и машиновозачите, на кои каменуваните возови им се секојдневно работно место.
А полицијата, со апсурден одговор. Дека децата ги каменувале возовите од забава и дека секогаш наоѓала кои се. Вработените во железницата, пак, објаснуваат дека станува збор за поголеми деца, на возраст од 15-тина години. За каменувањето знаат сите во критичните населби.
Наспроти тврдењето дека ги открива сторителите, полицијата сепак не ги најде малолетните хулигани кои оваа недела каменуваа дури 4 возови. Забавата продолжува.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=26062
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 08-Aug-2010 at 23:59
Вчера „убави“, денес уште „поубави“ вести...

Ова со саботирање свртници ми се чини дека е нов „спорт“ или се лажам? Барем ние на форумов досега го немавме евидентирано...

Абе има ли оваа држава министерство за внатрешни работи или нема?!?!?!?!?!?

Wallbash  Wallbash  Wallbash  Wallbash  Wallbash


Што се чека за да се преземе нешто? Трагедија ли се чека?



 
Четврти пат во последните дваесетина дена, овој пат пред влезот на Гостивар, бил каменуван патнички воз, кој се сообраќал од Кичево за Скопје. За среќа, и овој пат немало повредени патници, но затоа настрадал еден прозорец од вагоните  

 
%20  
Завчера бил регистриран многу поопасен инцидент, кога деликвенти пред железничката станица во населбата Ѓорче Петров поставиле камења на свртницата и со тоа за малку ќе пренасочеле возови на друга линија, што би можело да доведе до директен судир на возовите. За среќа, надлежните благовремено забележале дека свртницата не функционира, отишле во обиколка и ги тргнале камењата.

Каменувањето на возовите и поставувањето прачки на пругите очигледно им стануваат омилена игра на деликвентите, кои не се свесни дека, покрај материјалната штета, можат да предизвикаат и човечки жртви. За среќа, совесното работење на вработените во „Македонски железници“ ги елиминира овие закани. Досега „најбаксузен“ се покажа возот што патува на релацијата од Кичево за Скопје, бидејќи, покрај редовното каменување, три пати бил огнено пречекан на влезот во Скопје, во населбата Скопје Север.
 
   
Автор: М.Ш.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8710955566&id=12&prilog=0&setIzdanie=22053


Edited by Cloverstack - 09-Aug-2010 at 00:02
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 16-Aug-2010 at 13:58

Воз удрил старец и продолжил за Скопје

Воз удри во 75 годишен скопјанец пред железничката станица Рајко Жинзифов. Возот кој го удрил продолжил да сообраќа кон Скопје. Машиновозачот не го забележал старецот.

75- годишниот скопјанец Т.З. се движел покрај железничката линија кон Скопје. Несреќата се случила утринава околу шест часот на 300 метри пред станицата Рајко Жинзифов.

Според првичните информации на полицијата, старецот требало да се качи во патничкиот воз кој сообраќал на релацијата Битола - Скопје.

Возот го удрил старецот и го исфрлил покрај пругата. Машиновозачот не го забележал тоа, па продолжил кон Скопје.

Неколку минути по несреќата, машиновозач на воз за превоз на вработени во македонски железници го забележал старецот покрај пругата.

Го зел со себе и го префрлил во Градската болница во Скопје. Од велешката полиција велат дека 75 годшниот скопјанец бил контактибилен, но од ударот на возот се здобил со скршеници на рамото и клучната коска.

Полицијата направила увид на местото на несреќата и побарала да се испита машиновозачот на патничкиот воз кој удрил во старецот.

Истрагата треба да утврди зошто старецот се движел покрај пругата и како машиновозачот не го забележал.



Edited by Danielbtmk - 16-Aug-2010 at 14:02
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 16-Aug-2010 at 14:04

Од каде е веста !?

Патем станица Рајко Жинзифов е на некои 10 минути од станица Велес и нема врска со градот.. како тоа на 300 метри, информацијава е попара, едно со друго врска нема..
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 17-Aug-2010 at 18:07
Убаво си стои напишано...300 метри плед влез во станица Рајко Жинзифов...стариот си одел по пруга за да дојде до станицата за да го фати 4900 од Битола за Скопје...

Edited by zookisk - 17-Aug-2010 at 18:08
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 25>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.