build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Демографија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Демографија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 30-Apr-2022 at 17:25
Евростат: Очекуваниот животен век во Македонија изнесува 74 години - а просекот во ЕУ е над 80

Македонија е далеку под Европскиот просек за животен век од 80 години. Споредено со предпандемиската 2019 година, просекот е паднат за над две години, односно најголем пад во регионот, вели анализата на Евростат за очекуван животен век во Европа. Животниот век во земјава е 74,4 години, што ја прави Македонија подобра само од Бугарија која пак е најлоша во регионот. Покрај многуте причини, најголем удел во ваквата негативна стапка во последниве две години има пандемијата, смета екс-директорот на ДЗС Дончо Герасимовски.

„Секако има силно влијание на намалување на населението, каде што процентот на умрени лица е доста пораснат во последниве две години, но треба да имаме во предвид дека како Македонија имаме и негативен природен прираст. Тоа значи дека бројот на населението се намалува во природен пад, односно имаме повеќе умрени, отколку што имаме број на родени.

Сепак, доколку се изземат последниве две години, иселувањето од Македонија, најчесто на младите, е главниот фактор што земјава е толку далеку под европскиот просек, смета Герасимовски. Причина за тоа е барањето подобра образовна или економска средина за живеење, вели тој, додавајќи дека тоа може да се промени со добра стратегија.

Со една стратегија, како и голем број на земји кои што се соочуваат појави, имаат направено стратегија за популациона политика и подобрување на сите оние параметри кои треба да се преземат со еден акционен план. Стратегија која што ќе даде стимулс на младите, стимулс за подобар животен стандард, стимулс на вработување, стимулс на подобри плати

Единствена земја од регионот која е над европскиот просек е Грција со 81,4 години. После нејзе следуваат Хрватска со 77,8, Албанија со 77,4 и Црна Гора со речиси со 76 години. Во Србија очекуваниот животен век изнесува 74,5 години, а на дното е Бугарија со 73,6 години.

Најдолг животен век според Евростат имаат Норвежаните со 83,3 години во просек, а потоа следуваат Финска и Швајцарија со 83,1 година.

Очекуваниот животен век при раѓање е просечниот број на години што едно лице може да очекува да ги живее при раѓање доколку е подложено на моментални услови на смртност во текот на остатокот од својот живот. Помеѓу 2002 и 2020 година очекуваниот живот век во ЕУ е зголемен за речиси три години.

https://kanal5.com.mk/evrostat-ochekuvaniot-zhivoten-vek-vo-makedonija-iznesuva-74-godini-a-prosekot-vo-eu-e-nad-80/a527863
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 15-May-2022 at 10:53
(ВИДЕО) Општините што повеќе немаат доволно луѓе за да изберат градоначалник



https://360stepeni.mk/video-opshtinite-shto-poveke-nemaat-dovolno-luge-za-da-izberat-gradonachalnik/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 15-May-2022 at 11:45
Три работи:

1. Централизација на Скопје,

2. Враќање на старите општини од пред 1996-та! 30-тина града во 30-тина општини! И да ги нема повеќе овие (етно)-сателити во форма на општини, како Центар Жупа, Липково, Новаци, Карбинци, Јегуновце, Кривогаштани, Конче, Петровец, Василево, и слични будалаштини. Доста ни се овие инкубатори на корупција. Еден град - Една општина!

3. 2-степена админситративна поделба, како што доликува на нормална држава. Едни ингеренции наедно ниво, други на други. За правилен, логичен и нормален регионален развој!

Edited by user8642 - 15-May-2022 at 11:48
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7808
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 15-May-2022 at 23:03

сите го сакаме тоа, ама за жал, поради нивото на партизираност на државата, ова никогаш нема да се случи, или барем не во најблиска иднина, никој нема интерес во тоа од тие на врвот
да не збориме што расштрканост на администрација општо гледано (не само општинската, туку во сите сектори, како полиција, здравство, образование, судство и т.н.) е најповолната клима за гаење на криминал
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 17-May-2022 at 08:18
Тешко да се спроведе такво нешто. На пример Липково ако се припои кон Куманово, етничката структура комплетно ќе се смени. Дури и Скопје тешко ќе проголта припојување на Арачиново и Студеничани. Да немавме етно национализми и тензија можеби, иначе ефектот ќе биде Кичево-Струга. Тие два града комплетно се уништени во секоја урбанистичка смисла...
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2476
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 22-May-2022 at 14:38
Во 200 најуспешни компании, Куманово има само 2, и тоа како 131. и 158.

https://www.club200.mk/analyzes/most_successful_companies/

Во 200 најголеми компании, според број на вработени, најголемата компанија од Куманово, Детоил се наоѓа на 75. место, а во клуб 200 влегуваат само уште 2 компании од овој град.

https://www.club200.mk/analyzes/largest_companies/
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 28-May-2022 at 13:04
Во 2021 уште поголем број на починати во Македонија, само од негативен прираст загубени 10.000 жители за една година

Во Македонија минатата година имало 18.580 живородени, додека починале рекордни 28.816 лица. Негативниот природен прираст изнесува минус 10.236, сумира Државниот завод за статистика.

Пандемијата негативно се одрази и минатата година по бројот на починати, исто како и во 2020, кога 25.775 лица го загубија животот.

Во годините пред пандемијата на коронавирус, во Македонија годишно умираа по околу 20 илјади лица - редовно нешто повеќе или помалку од оваа бројка.

Позитивен наталитет имало само во општините Василево, Липково, Студеничани, Сарај , Чаир, Шуто Оризари, Арачиново и Долнени.
Загрижувачки е тоа што во првото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 009 живородени деца, додека умреле 7 427 лица.

Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

https://faktor.mk/vo-2021-ushte-pogolem-broj-na-pochinati-vo-makedonija-samo-od-negativen-prirast-zagubeni-10000-ziteli-za-edna-godina
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 30-May-2022 at 08:24
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 01-Jun-2022 at 16:58
Статистика: 1,2% од луѓето над 15 години се неписмени, две третини од нив се жени

Во 21 век, во 2021 година 18.897 лица од резидентното население во земјава постари од 15 години, се неписмено, што е 1,2 проценти од населението. Ова го покажа новиот сет податоци од пописот на населението спроведен минатата година кој денеска го објави Заводот за статистика, а според кои поразителен е и податокот за соодносот на неписменоста меѓу мажите и жение, односно од нив 5.517 се мажи, а 13.380 се жени. Не е поразличен ни соодносот и кај оние без образовени. Од вкупно 23.192 македонски граѓани над 15 години кои се без образование што е 1,5 проценти од вкупното население во земјава, околу 7.000 се мажи, а над 16.000 се жени.

Со незавршено основно образование се 4,1 процент од населенито во Македонија односно малку повеќе од 62.000, додека само основно образовение имаа речиси една третина од жителите во земјава, однсоно 27,8 проценти или изразено во бројки 423.456 лица, од кои над 240.000 се жени. Со средно образовение се над 670.000 граѓани, додека високо образование имаат 263.000 граѓани, од кои 122.000 мажи и над 140.000 жени. Во Македонија само 0,4 проценти од граѓаните над 15 години имаат докторат како степен во образованието односно 6.037 лица.

Од оние со високо образование најбројни се оние со диплома во областа инженерство, производство и градежништво, 18,7 проценти, а само 1,9 проценти или малку на 19.000 лица имаат диплома од информатичко-комуникациски технологии.

Статистика денеска ја објави бројката и на работоспособно на населението во земјава, 1.525.366 лица од кои вработени се повеќе од 608.000 граѓани постари од 15 години и тоа најмногу од нив со диплома од средно образование. Според дејности, најмногу вработени има во преработувачката индустрија, над 123.000 македонски граѓани. Повеќе од 109.000 македонски гражани активно бараат работа.

Поразителен е податокот кој го покажува пописот дека половина од работоспособното населениет во земјава или над 768.000 е неактивно односно не бара работа, од кои 440.000 се жени.

Податоците од пописот во 2021 година покажуваат и дека дури 450.000 лица во земјава се издржувани, од кои повеќе од 250.000 се жени.

Статистика во денешниот сет податоци ги објави и бројките за лицата со попреченост. Па така во земјава како лица со некакво вид попреченост се изјасниле повеќе од 94.000 македонски граѓани од кои речиси половината се на возраст меѓу 15 и 64 години. Според видот на попреченостод најголем број од лицата имаат проблеми со движењето односно над 38.000 од нив, додека со видот попреченост пријавиле над 12.000 македонски граѓани.

Третиот сет пописни податоци опфаќа податоци и за становите во змејава. Па така од вкупно 839.174 стан во Македонија во речиси 532.000 или во 63 проценти од нив се живее, додека повеќе од 307.187 станови или повеќе од 36 проценти се ненаселени. Од нив најголем број 59.300 се во Скопје, над 17.800 во Охрид, 16.000 се во Битола, речиси 13.000 во Ничево, над 12.000 во Гостивар и Куманово, нешто помалку, 11.000 има во Прилеп, а 9.700 во Тетово.

https://telma.com.mk/2022/06/01/statistika-12-os-lugjeto-nad-15-godini-se-nepismeni-dve-tretini-od-niv-se-zheni/
Carpe diem
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2663
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 01-Jun-2022 at 22:50
Број на лица со основно образование или помалку (+непознато), по возрасни групи, според Попис 2022:

ВКУПНО: 33.35% (36.32%)
15-19: 74.06% (77.09%)
20-24: 10.67% (15.78%)
25-29: 13.12% (19.03%)
30-34: 17.66% (24.07%)
35-39: 20.07% (24.44%)
40-44: 25.71% (28.51%)
45-49: 30.74% (33.46%)
50-54: 32.08% (34.58%)
55-59: 32.55% (34.51%)
60-64: 38.32% (38.87%)
65-69: 43.02% (43.81%)
70-74: 45.54% (46.39%)
75-79: 54.67% (55.63%)
80-84: 63.60% (64.76%)
85-89: 64.97% (66.26%)
90-94: 67.27% (69.55)
95-99: 64.06% (68.07%)
100+: 72.55% (80.39%)

Високо, магистратура или докторат:
ВКУПНО: 19.60%
15-19: /
20-24: 11.26%
25-29: 32.89%
30-34: 36.27%
35-39: 31.16%
40-44: 23.50%
45-49: 18.06%
50-54: 15.60%
55-59: 16.29%
60-64: 16.96%
65-69: 16.12%
70-74: 17.75%
75-79: 15.25%
80-84: 13.08%
85-89: 12.42%
90-94: 12.73%
95-99: 12.25%
100+: 5.88%
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 02-Jun-2022 at 17:42
Јас не ги разбирам бројкиве за основно образование, нели треба да се блиску до 100% во помладите и средовечните генмерации кајшто фатиле задолжително основно?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2663
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 02-Jun-2022 at 18:15
Тоа се бројки за лица без образование, со незавршено основно или со основно (во заграда е додаден процентот на непознато). Еве ги процентите на лица кои имаат барем завршено основно образование (+непознато):

ВКУПНО 91.45% (94.41%)
15-19: 93.94% (96.96%)
20-24: 93.30% (98.40%)
25-29: 92.22% (98.13%)
30-34: 91.42% (97.82%)
35-39: 93.18% (97.54%)
40-44: 94.43% (97.24%)
45-49: 94.32% (97.03%)
50-54: 94.29% (96.80%)
55-59: 93.81% (95.76%)
60-64: 92.75% (93.29%)
65-69: 90.26% (91.05%)
70-74: 87.81% (88.66%)
75-79: 79.79% (80.75%)
80-84: 72.77% (73.93%)
85-89: 65.27% (66.56%)
90-94: 60.17% (62.45%)
95-99: 61.65% (65.66%)
100+: 56.86% (64.71%)

Така што, речиси сите под 60 години имаат завршено основно. Лоши се бројките за млади без средно, за сите родени од 1993 средното е задолжително, а 10-15% од 19-28 годишни немаат завршено средно; но сепак се забележува големо подобрување од годините пред тоа.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 765
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 02-Jun-2022 at 23:51
3% без основно под 19 години во 21ви век во на тоцку мала држава е резил и општествен пораз
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2663
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 08-Jun-2022 at 00:00
Лица од 20-24 години без завршено средно образование. На ниво на држава процентот е 10.67%, а по региони: Источен 6.95%, Североисточен 7.77%, Пелагониски 8.06%, Вардарски 8.37%, Скопски 10.21%, Југозападен 13.05%, Југоисточен 13.08% и Полошки 15.32%. Најдобри се Вевчани (0.78%), Росоман (0.91%) и Аеродром (1.20%), а најголем број без средно има во Пласница (49.36%), Чашка (38.65%) и Желино (34.08%). Нема разлика помеѓу половите.

Процентот на лица над 15 години со завршен факултет е 19.60%, и тоа во Скопскиот регион 25.82%, Пелагониски 20.33%, Југозападен 18.61%, Источен 17.50%, Вардарски 15.90%, Полошки 14.87%, Североисточен 14.25% и Југоисточен 14.01%. Најмногу високообразовани има во Центар (54.13%), Карпош (47.29%) и Аеродром (39.43%), а најмалку во Пласница (3.26%), Старо Нагоричане (3.34%) и Чашка (3.63%)

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2663
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 08-Jun-2022 at 00:03
71% центарци од 30-34 години имаат факултет, а 24% се магистри или доктори :О Ако ги изземеме тие без податоци, бројките се 77% и 26%.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 08-Jun-2022 at 12:30
Државите каде нема ваков резил и пораз одамна ги испратија во треблинка припадниците на малцинствата кој одбиваат едукација. Јас од тој аспект не осеќам срам што нашите роми се живи и здрави. Прашањето е како да се уклуќат во општеството без образование кога веќе се знае дека истото не го прифаќаат...
Originally posted by hcitrS

3% без основно под 19 години во 21ви век во на тоцку мала држава е резил и општествен пораз
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2663
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 08-Jun-2022 at 23:06
1.7% млади (20-24) се без основно; 14% во Василево, 5-10% во Чашка, Радовиш, Центар Жупа, Шуто Оризари, Струмица и Карбинци и 3-5% во Кочани, Босилово, Прилеп, Штип и Демир Капија. Проблемот мора да почне да се решава со економска и станбена интеграција, со што би се надминала сериозната исклученост на Ромите. Штом се постигне тоа, другите работи ќе почнат полесно да се решаваат.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 12-Jun-2022 at 14:32
Анализа: Зошто меѓу невработените има и 100 доктори на науки и 1.500 магистри?

Над 1.500 магистри и околу 100 доктори на науки се невработени во земјава. Колку овој степен на образование се вреднува кај нас? Според деканот на филозофскиот факултет, заинтересираноста за надоградување на знаењето после факултет драстично опаѓа, бидејќи во земјава при вработување најчесто се бара само завршено високо образование, па затоа надоградувањето на знаењето најчесто е поради личен успех. Ако порано имало 350 лица кои запишувале мастер студии сега бројката едвај достигнува 50.

Со завршени мастер и докторски студии единствено во земјава може да се работи на некој од универзитетите, но поради немање кадровска автономија најдобрите кадри заминале да работат во европските факултети.

На факултетите има потреба од нов кадар, а деканот Дуев вели дека постојано апелираат за нови вработувања, но сепак процедурата треба да помине низ неколку министерства.

Третиот сет на податоци од пописот покажува дека во земјава има околу 110.000 невработени лица, половина од нив се со средно образование, додека пак 14% од невработените се со завршен факултет.

https://sitel.com.mk/analiza-zoshto-megju-nevrabotenite-ima-i-100-doktori-na-nauki-i-1500-magistri
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 13-Jun-2022 at 19:35
Епа добро би било да видиме според факултети/струки, кои се тие докторанти? Зашто вака едноставно нема по-погрешен начин на гледање на работите, сите на куп, собирање баби и жаби.




Edited by user8642 - 13-Jun-2022 at 19:35
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 01-Jul-2022 at 09:30
МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СО НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ, бројот на умрени е за скоро 10 илјади поголем од бројот на родени минатата година





Природниот прираст во земајва и минатата година бележи негативните тенденции. Дури 9.868 повеќе лица починале отколку што се родиле во текот на 2021 година. Притоа негативен природен прираст е забележан и во градските и во селските средини. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, каде може да се види дека минатата година сме имале 18.648 живородени, додека починале 28.516 лица.

Негативната тенденција во градските средини е поизразена отколку во руралните подрачја.

- Природниот прираст кај населението е негативен и во градските подрачја изнесува – 6.731 лице, а во селските подрачја – 3.137 лица – се наведува во анализата на ДЗС.

За споредба, Македонија негативен природен прираст прв пат регистрираше во 2019 година, кога разликата беше 601 лице. Веќе во 2020 година разликата се зголеми на 6.724 лица, односно за толкав број сме имале повеќе умрени од родени.

За професорот Илија Ацевски, многу причини придонесуваат за негативниот природен прираст, но иселувањето на младите кои одбираат да заминат во некои од развиените земји за подобар живот го истакнува како една од причините со најсериозен импакт.

- Во време на глобализација и европеизација, младите гледаат каде се живее подобро, каде е подобро образованието, каде е животот поквалитетен. Во земја како нашата, младите не гледаат перспектирва и резултатот го гледаме во иселувањето на младата популација, а веќе и на постарите генерации. Дополнително државата нема скоро никаква стратегија за овој проблем – вели Ацевски.

Податоците покажуваат дека негативен природен прираст е регистран во сите осум региони.

https://faktor.mk/makedonija-povtorno-so-negativen-priroden-prirast-brojot-na-umreni-e-za-skoro-10-iljadi-pogolem-od-brojot-na-rodeni-minatata-godina
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.