build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бизнис центар „Аура“ (Дебар Маало 2, Блок 14.11)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SpaceAge View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 11-Dec-2009
Location: SWEDEN
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SpaceAge Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 31-Aug-2010 at 11:28
Se plasam deka ke vidime objekt "barok ala Turkmenistan".Mestena rabota, mrazam voopsto da pomislam na politika no ovoj forum no vistinito.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 31-Aug-2010 at 11:40
Originally posted by lslcrew

Чекај малку, ова беше некоја иронија или озбилно некој има такви намери да гради бурмали за Соборна? Ако беше иронија на мојата претпоставка за полтичка заднина, тогаш не алудирав на националната припадност на купецот туку тоа што ме чуди за толку време да се конфискува имот и да се завршат процедури и да отиде на лецитација и да биде купен од некој што прв пат му го слушам името. Тоа би беше претпоставката, за тоа мислев политичка математика не за некои коалициони ценкања, макар што и тоа е можна ситуација.
На Балканот иронијата тешко функционира. Сé што ќе се каже е потенцијална случка, хахаха... Мое искрено мислење е дека сепак се работи за реален бизнис. Теренот се наоѓа на потенцијален бизнис булевар, кој еден ден ќе биде најблиската врска на центарот со Скопјето позади Кале. Обострано, по целата негова должина, од старата зграда на (печатницата) Нова Македонија, па се до „Жабарот”, ќе се изградат приличен број на нови објекти, со подземен паркинг, енергетска ефикасност, колонадно безбедна и пространа пешачка зона... Тоа ќе привлече разни бизниси и институции, од факултети, преку осигурителни компании, мебел групации, театар, угостители, ексклузивни продавници, хотели... Мислам дека албанецов, купувајќи дел од стратешката раскрсница на тој Булевар, за себе или за нарачател, сеедно, не „ги фрлил парите низ прозорец”, напротив...
П.С. Како фино би легнал тука еден барокен „Kempinski”, па, па, па...


Edited by OKA - 31-Aug-2010 at 20:12
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 01-Sep-2010 at 08:38

И државата си направи „Бачило“



Завчерашната продажба на парцелата спроти Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје за 1,8 милион евра е нерегуларна и зад неа стои организиран криминал, ист каков што беше во случајот „Бачило“, обвинува Георги Константинов од Белград, кој тврди дека е сопственик на дел од плацот. Тој наведува дека е законски наследник на сопственоста врз парцелата од 313 квадратни метри, која до денес не може да ја врати зашто надлежните органи што решаваат во процесот на денационализацијата постапиле незаконски. Според Константинов, Министерството за транспорт и врски воопшто не смеело да ја продава парцелата бидејќи за неа се' уште се води управна постапка, а решен е правната битка за сопственоста да ја продолжи и пред меѓународните институции. Тој затоа и го одбива надоместокот од само 5.000 евра во обврзници, колку што државата решила да му даде како компензација за имотот кој „не може да биде вратен“.

- Со продажбата на земјиштето и купувачот и продавачот создадоа законски претпоставки за кривична и материјална одговорност, која е и на страната на службените лица кои на недозволен начин овозможиле да ни се одземат правата за враќање на одземеното земјиште - предупредува Константинов.

Сопственикот на фирмата „Универзал комерц“, Миљаим Сулејмани, завчера ја купи спорната парцела по цена од 3.000 евра за квадратен метар. Таму треба да се изгради станбена зграда со деловен простор во барокен стил, што беше задолжителен услов според пропозициите на огласот. Тој е обврзан да ги уплати парите во рок од 15 дена.

Пред околу три години оваа парцела со уште неколку други беше предмет на различни сопственички манипулации кои завршија во познатата афера „Бачило“, кога државата беше оштетена за најмалку 5 милиони евра. Тогаш оваа парцела беше запишана како сопственост на Гроздана Манасиевска, која беше осудена во судската постапка.

Георги Константинов објаснува дека овој имот, чии сопственици до осумдесеттите години биле неговите предци Анета Константинитис и Страмата Клеанте, прво бил незаконски одземен во 1987 година.

- Тогаш, со решение на одделението за имотно-правни работи на Општина Центар, Министерството за финансии ни го одзеде земјиштето за изградба на кулите Порта Буњаковец. Интересно е дека од 22 катастарски парцели што влегоа во состав на предвидената градежна парцела, одземена е само нашата. Но, подоцна, во 1992 година истиот орган, во дописот до тогашното Претпријатие за уредување и изградба на Скопје, признава дека експропријацијата не била извршена законски. Земјиштето ни беше одземено единствено нам, бесправно, со времен застапник, без воопшто да ни биде платена - објаснува Константинов.

Одисејата со парцелата 6617/3 КО Скопје, која во меѓувреме станала дел од парцелата 10006/1 КО Центар, почнала кога семејството почнало да ја бара во процесот на денационализацијата. Тогаш Комисијата за денационализација за општина Центар им го одбила барањето со образложение дека „парцелата е дел од јавната површина, во рамките на станбено-деловни објекти Порта Буњаковец, согласно со детаљниот план“. Аргументот на кој се повикува Константинов е во тоа што сите изводи од детаљните урбанистички планови за конкретна градежна парцела децидно ја одредуваат намената на предметното земјиште, а таа е „станбена намена“.

- Зошто тогаш општината Центар намената на парцелата ја толкува поинаку? Намената на оваа парцела е станбена и таа е рамноправен носител на право на градба со останатите сопственици врз целокупната градежна парцела, која во ниеден случај не претставува издвоена катастарска парцела и која во ниеден случај не е „јавна површина“, а со тоа ниту земјиште од јавен интерес. Тие не доставија ниту еден доказ до Комисијата за денационализација дека земјиштето е од јавен интерес - нагласува Константинов.

Според него, иако во Записникот за функционалноста на земјиштето од истата комисија од минатата година било укажано дека „одземеното земјиште претставува слободен и празен простор, а само мал дел од 6 квадратни метри е тротоар“ тоа требало да биде предмет на реално враќање, согласно Законот за денационализацијата.

- Наместо да ни го вратат, тие сега го продаваат како свое. Се прашувам само како може во промет да се стави земјиште кое не може да му се врати на носителот на правото на денационализација, а може да се продава на трети лица. Сето тоа во ситуација кога има докази за фалсификати - потенцира Георги Константинов.

За овој предмет, кој сега се наоѓа пред Второстепената владина комисија, тој најавува дека до Основното јавно обвинителство ќе покрене кривична пријава за организиран криминал и корупција. Неговото основано сомневање е дека станува збор за повеќе кривични дела со кои се поврзани повеќе овластени службени лица што дале согласност за спроведување на нерегуларни постапки, како и за нерегуларна продажба на земјиштето.

Бранко Ѓорѓевски



За министерството се' е законски

За локацијата која е продадена располагаме со имотни листови за деловите што ја формираат градежната парцела, издадени од Агенцијата за катастар на недвижности, одговори вчера Министерството за транспорт и врски.

- Добиено е и мислење од Државното правобранителство, во кое се наведува дека на предметното земјиште не се води постапка за денационализација и дека не постојат правни пречки за да се спроведе постапката за отуѓување на недвижен имот по пат на јавно наддавање. Од страна на Основниот суд Скопје 2 е донесено решение со кое е отфрлен предлогот за определување на привремена мерка за отуѓување и давање под закуп на истата градежна парцела, наведува Министерството.

Различни одлуки на ист орган

Најголем парадокс, но и дилеми, во целиот случај внесуваат различните одлуки кои за оваа парцела ги носеле токму државните органи. Имено, на 24 јуни годинава токму Министерството за финансии преку свое одделение во Општина Центар ги прифатило барањата на Константинов и го огласило за „ништовно“ решението што во 1987 година го донел ист овој, тогашен орган, со кое бил одземен имотот.

Во образложението Министерството за финансии напишало дека „не е спроведена постапка за одземање од владение на градежното земјиште“ и дека не биле доставени валидни докази дека се обезбедени средства за плаќање. Од ова произлегува дека парцелата требало да му се запише на Константинов во катастарската евиденција.

Меѓутоа, на оваа одлука Државното правобранителство на 22 јули поднело жалба, по што истиот орган донел ново решение со кое го заменува своето претходно решение и му го одзело правото на Константинов. Парадоксот да биде поголем, огласот за продажба на парцелата беше објавен во весниците на 7 јули годинава.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=457D084AE390634EBA18DBCF6D2F8CD7


Edited by La Linea - 01-Sep-2010 at 16:11
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 04-Oct-2010 at 17:49
Бачило, или не, теренот е веќе заграден и еден камион-геомашина, денес, вршеше истражувања. Фотки утре во текот на денот. Макар да, нема нешто посебно за фотографирање, камионот беше како од музеј, оградата со обични траки, табла нема...
П.С. Ми падна малку жал за паркчето и клупите кои пролетта ги поставија, на плацов, веднаш пред Grawe. Многу краток им бил животниот век. Судбина!


Edited by OKA - 04-Oct-2010 at 17:50
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Dec-2011 at 19:11
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 14-Dec-2011 at 19:14
Не е воопшто лошо.
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 14-Dec-2011 at 19:23
Мене ми се свиѓа.. а  почнато ли е да се гради ?
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 14-Dec-2011 at 21:28
Одлично изгледа. Е ова е модерен барок/класицизам, во добра смисла на зборот!

Ако околните објекти се во старински стил тогаш овој објект е полн погодок.

Која ќе му биде намената и кој е инвеститор?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-Dec-2011 at 23:18


Треба да биде станбено-деловен, а еве за инвеститорот:
(ова е од август 2010)

Победникот на денешната аукција е сопственикот на „Универзал Комерц“, бизнисменот Сулејмани.

Дали обврската за барокна фасада ќе ви ги зголеми трошоците за изградба?
- „ Може ќе ги зголеми трошоците, но се надевам дека ќе ни се исплати проектот. Засега немаме конкретен план како точно ќе изгледа“ - вели Милаим Сулејмани.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 15-Dec-2011 at 00:00
Интересен ми е тој пресекот што оди низ фасадата како тобоган. Може да испадне многу добро (но може и да го усерат ужасно).
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-Dec-2011 at 00:51
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Dec-2011 at 01:10
Многу сум пријатно изненаден од проектов. Некогаш и многу игра улога рендерот, па така ги формираме впечатоците, но ова е тој модерен класицизам.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 15-Dec-2011 at 20:33
еве еден редок пример да ми се допадне фасада на објект, одлично ги искомбинирале елементите на некои класицистички стилови, во современ објект, ова е тоа што се бара ако сакаме да следиме такви постари стилови, ова е начинот  Applause


Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 17-Dec-2011 at 01:54
Интересно изгледа, ем модерно ем класично. Само не сум сигурен со тоа настрешницата... мож добро ќе биде, ама мож е и вишок... што знам.

Ова карши Соборна на ледината е или грешка сум?
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 17-Dec-2011 at 01:56
Originally posted by fichot

...Ова карши Соборна на ледината е или грешка сум?
Тоа е. Бившото "Бачило" од времето на Владата на експремиерот Бучковски.
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Feb-2012 at 15:48
Еве една слика на која фокусот и е очигледно нешто друго, но се гледа дел од градилиштето:

Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-Feb-2012 at 11:47
Ми се допаѓа фасадата.
Навистина добро изведена. Се надеваме дека во живо ќе е исто толку интересна.

За пресекот на зградата не сум баш сигурен, очигледно дека на зградата и треба некој сличен елемент, но дали ова е најдоброто решение не би можел да кажам.
Како и да е, многу ми се допаѓа, а кога бев во СК се чудев што се гради таму.

Поз.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-Feb-2012 at 22:35



Edited by Cloverstack - 28-Feb-2012 at 00:42
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 27-Feb-2012 at 10:11
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 30-Mar-2012 at 15:18
Zato nesto mi e prazno na slikata pogore ...Zaborajv deka drvata gi isekle ..Se nadevam pak ke gi zasadat koga ke se izgradiat objektite
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.