build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Сообраќајна врска Аеродром - Кисела Вода
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајна врска Аеродром - Кисела Вода

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Сообраќајна врска Аеродром - Кисела Вода
    Posted: 15-Sep-2010 at 10:16
Нишкава ја отворам за да направам една опсервација на еден долго-најавуван проект за сообраќајно поврзување на Аеродром со Кисела Вода со подземна улица под железничкото депо. Неколку пати, дури и минатите години беше неофицијално спомнуван овој проект, па нека биде нишкава некое потсетување. Го имаме и ние тука разгледувано (http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=49772&SID=z23zeezz446affa89d7c9c63ee2a4ba7#49772).

Се работи за исклучителен краток сегмент од 1100 метри предвиден како булеварско решение со профил 2||2, спој од улиците Фрањо Клуз од страна на Аеродром и Народни Херои од страна на Кисела Вода. Повеќето (700 метри) веќе функционираат како маалски улици во Аеродром и Кисела Вода и индустриската зона во Аеродром како полуизградени со профил 1|1.

Трасата речиси и да не е запоседната со објекти од времен карактер. Има малку вакви објекти, за разлика од други траси за други предвидени сообраќајници каде што работите се прилично заплеткани и со судски постапки и со времени објекти. Тука има се на се еден објект препумпна станица на Водовод и еден руиниран монтажен авто-сервис во Кисела Вода и од страната на Аеродром неколку поситни објектчиња и најголемиот може би, бензинска на макпетрол прилично стара. Тука е оној мал дел од 50 метри што недостасува во трасата од делот над земја. Во однос на расчистување нема нешто што би претставувало голем проблем. Прилично лесна траса од овој аспект.

Најголемиот предизвик тука е изградбата на подземна улица под железничкото депо. Се на се, се работи за потег од 250 метри што би требало да се изведе dig&cover. Според слободна проценка мислам дека вакво нешто би се одвивало во неколку фази.

I. Изградба на подземната улица под меѓународната пруга при што железничкиот сообраќај би се пренасочувал преку железничкиот прстен на Скопје од кај Трубарево, или па преку самото депо во Кисела Вода со тоа што од железничка станица возовите би се движеле низ колосеците на депото се до депото во Охис каде би се вклучувале на меѓународната пруга. Нормално, доколку треба и тросменско работење за да се заврши тој сегмент (41°58'47.06"N 21°26'52.64"E  -  41°58'50.70"N 21°26'55.53"E) што проаѓа под идниот Јужен Булевар и меѓународната пруга.

ΙΙ. Етапно dig&cover на колосеците во депото во координација со железничките претпријатија да не се наруши нивната функционалност. Тука мислам дека би имало можност и да се остават процепи помеѓу колосеците колку што тоа дозволуваат железничките стандарди. Нешто што од надвор ќе личи на жардињера, а ќе биде тавански отвор на тунелот што значително ќе придонесе за вентилација и некои мали количини дневна светлина, а земајќи во предвид дека тунелот е малку косо поставен во однос на колосеците, доле во тунелот ќе се добие интересен светлински ефект.

ΙΙΙ. Асфалтирање, поплочување, сигнализација на тунелот и истовремено проширување на другиот дел од трасата (750метри = 700 постојни и 50 кај Макпетрол) до полн 2||2 профил. Меѓувремено може да се пропуштаат возила колку што дозволуваат условите, иако не е тоа ништо нужно кога веќе толку години прошле без оваа сообраќајна врска.

За оправданоста мислам дека нема што детално да се кажува само ако се земе во предвид колку ќе се намали гужвата кај Булевар србија, а особено кај Тутунски Комбинат што сега е едно од потесните тесни грла низ Скопје. Оваа улица не е долга воопшто, но должините што ги премостува се големи и заштедува огромни количини гориво и време на граѓаните.

За Финансирањето треба да се вклучат двете општини како и Град Скопје, но не треба да се исклучи можноста да се бара дополнителни средства од Владата или од стопанството што има директна корист од ваква сообраќајна врска. Ако Град Скопје ја нема како приоритет, Аеродром и Кисела Вода можат да ја туркаат како сопствен приоритетен проект. Ако Илинденска и Србија се реконструкции, доградби и изградби на коловоз каде што цената е 1км~1мил. евра, тука би требало 750 метри надземно да се покријат со 750.000 евра и цената за тунелот што стварно немам ориентација ни оддалеку колку би чинела, но не ми изгледа дека би било повеќе од 1,5 до 2 милиони евра. Се на се, не би требало целава траса да надмине 3 милиони, по слободна проценка.

Во прилог скица и извадоци од деталните урбанистички планови што ја опфаќаат оваа улица.











Edited by lslcrew - 15-Sep-2010 at 10:39
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 15-Sep-2010 at 13:14
Previous
Одлична анализа!
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Sep-2010 at 13:40
Рачунај прво ќе треба Првомајска да се изгради па после да се нафатат за ова и тоа е големо прашање дали ќе биде некогаш. 
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Sep-2010 at 14:02
Originally posted by alexgizh

Previous
Одлична анализа!
lsl, за советник на Миле Јанакиевски!!! Applause
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 15-Sep-2010 at 17:09
Bow
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 15-Sep-2010 at 17:45
Јас би рекол Миле, како советник на lslcrew, ако веќе мора Миле да биде вклучен

Edited by Cloverstack - 16-Sep-2010 at 16:53
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 15-Sep-2010 at 17:47
Previous
 
Rollin
 
Ќе го исели пола Аеродром и четврт Кисела вода додека ја направи Врскава Big%20smile Веднаш после Илинденци Big%20smile


Edited by Swimmer - 15-Sep-2010 at 17:49
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 15-Sep-2010 at 18:05
@Swimmer Кога сме веќе кај селење може да да се јави потреба на ќошевите од три од оние двокатните бараки на Фрањо Клуз. Smile

@Andrej LOL
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12199
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-Sep-2010 at 17:06
lsl, нема потреба за специјална вентилација на тунел долг 120 метри, а тоа со светлинскиот ефект може да биде и незгодно при возење, доколку би се правеле процепи на кровот мислам најдобро би било светлината да биде дифузна

Во однос на функционирањето на железничкиот сообраќај, би било добро да се изјасни некој од познавачите на железницата, но и да не може фазна изградба на dig&cover, во крајна линија може класичен тунел да се ископа, па дури ако има потреба и со замрзнување на земјиштето за обезбедување на стабилност на тлото под пругите. Тунелот е краток и мислам трошоците не би биле многу поголеми дури и ако сме принудени на таква варијанта, но се разбира се зависи од тоа какви потреби има железничкиот сообраќај и какви финансиски оптоварувања би претрпела железницата во различни сценарија на изведба. Во секој случај работата е изводлива без никаков сци-фи и оваа врска треба да се изведе што побргу, бидејќи како што и сам кажа, ќе биде огромно скратување на патот помеѓу овие две големи урбани средини кои се раздвоени со железничкиот коридор, а со тоа меѓудругото ќе има и огромни заштеди, со што верувам овој зафат секако би се исплател многу бргу.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-Sep-2010 at 17:15
Е сега овде пошто треба и Јужен Булевар да поминува паралелно со пругата треба и тоа да го имаат во предвид. Значи да се планира и во однос на тунелот изградбата на Јужен Булевар.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12199
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-Sep-2010 at 17:19
Во право си. Всушност, иако просторот е малку кнап, би било одлично да се испланира и да се остави простор за една клучка, за да може Јужен Булевар да биде многу подостапен и покорисен за добар дел од Аеродром и Кисела Вода.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 16-Sep-2010 at 17:20
Originally posted by Cloverstack

...тунел долг 120 метри...
Не го заборавај јужен булевар. Тунелот треба да почнува од кај Кисела вода триесетина метри порано, уште од самата раскрсница со Михаил Чаков почнува понирањето. И кога ќе излезе од друга страна со се нагибот, го земав како некоја најприближна вредност од 250 метри.

Во секој случај тоа со светлинскиот ефект со природна светлина и вентилацијата го пишав само како интересна идеја. Можно е да има и проблем при возење од Аеродром према Кисела Вода на пладне кога сонцето е право над Водно на југ и да се создава чуство како кога се вози покрај дрворед и трепкање во очите на возачите што значително може да намали безбедност. Но сепак само го архивирав како идеја, не е ништо посебно да се залагам.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-Sep-2010 at 17:28
Originally posted by Cloverstack

Во право си. Всушност, иако просторот е малку кнап, би било одлично да се испланира и да се остави простор за една клучка, за да може Јужен Булевар да биде многу подостапен и покорисен за добар дел од Аеродром и Кисела Вода.


Јужен Булевар не е булевар што треба да ја опслужува Кисела Вода. Тој треба да ја премости Кисела Вода. Првомајска е таа што треба да ја опслужува Кисела Вода и врската со центар. А кога треба жителите од Кисела вода го користат јужен булевар има клучка кај Булевар Србија и за на према запад, таа клучка кај Зелено Пазарче.

Овдека кај што предлагаш клучка и да сакаме да ја сместиме има проблем со близината пругата. Всушност затоа и кај булевар Србија е она благо свртување на јужен Булевар да се одвои од пругата да има простор за клучка.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Sep-2010 at 17:42
1. Не мора да се изведува тунел во профил 2/2, вообичаено се изведуваат 1/1, со посебни мерки за безбедност и континуирано движење, при што се подразбира дека брзината ќе се намали на 40-50 км/ч. Се оставаат можности за затварање на тунелот навечер или при сервис.
2. Ако има проблеми со сончева светлина на почетокот/крајот на тунелот, се изведува „лажен тунел“, односно 50-тина метри се покриваат со полно/празно, заради приспособување.
3. Пешачки и велосипедски сообраќај не се дозволуваат. За нив ќе се бараат други решенија - лесни надмини преку колосеците.

Инаку, во ДУП-ов од Аеродром не гледам нивелман? Во Кисела Вода е околу 243,67 м.н.в. (тоа е ниво на Јужен булевар?)Не мислам дека може да биде проблем, но дали има особена висинска разлика?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 16-Sep-2010 at 18:00
Originally posted by mladen_s

1. Не мора да се изведува тунел во профил 2/2, вообичаено се изведуваат 1/1, со посебни мерки за безбедност и континуирано движење, при што се подразбира дека брзината ќе се намали на 40-50 км/ч. Се оставаат можности за затварање на тунелот навечер или при сервис.
1|1 профил, ама два вакви паралелни тунела. . Никаква оптимизација со било какви мерки неможе да замени две изградени ленти. Штета е за таква кратка делница да екпериментираме со глупости. И никакво затварање ниту навечер, ниту било кога.

2. Ако има проблеми со сончева светлина на почетокот/крајот на тунелот, се изведува „лажен тунел“, односно 50-тина метри се покриваат со полно/празно, заради приспособување.
Ова е добра идеја. Ми се допаѓа.

3. Пешачки и велосипедски сообраќај не се дозволуваат. За нив ќе се бараат други решенија - лесни надмини преку колосеците.
И ова ми падна на памет да се скрати на трошок. Но таква е ситуацијата, да нема простор да се бара алтернативно решение. Подобро барем од една страна да се обезбеди некаква патека да опслужи велосипедски и пешачки сообраќај, одколку воопшто да не се обезбеди.

Инаку, во ДУП-ов од Аеродром не гледам нивелман? Во Кисела Вода е околу 243,67 м.н.в. (тоа е ниво на Јужен булевар?)Не мислам дека може да биде проблем, но дали има особена висинска разлика?
Нема некоја висинска разлика. Максимум да има некој пола метар до метар.

Уште еднаш, не постои аргумент на светот што може да докаже дека една таква ултра кратка делница од помалку од 250 метри да не биде изградена во целосен полн профил. Разбирам да се работи за некоја долга траса па пробиваме полу-профил па тоа не служи со децении, па после тоа иде целосен профил. Има многу такви случаи во Скопје. Но овој премин не е нешто такво.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Sep-2010 at 18:29
Па не е работата во должината на самиот тунел туку во колосеците и насипот, а потоа и двата наклона. Кога тунелот ќе биде под Јужен булевар, во следната секвенца тој е под целиот насип, а потоа под колосеците. Значи, има баш сложени товари. Дополнително, ќе има големи ископи на двете страни, кои повторно би се намалиле, бидејќи треба да се додадат и 100+100 метра за влез-излез    
Аргументот кој не постои не е еден:

1. таа врска ја нема и не е примарна врска - било каков тунел би завршил работа

2. во Скопје се нема изградено ниедна ваква врска и сигурно би ја изградило побрзо како 1/1, како и многу други градови во светот.

3. дали може да се изведе со природна вентилација, бидејќи отварање под депо и не е така едноставно (дали е можно?), бидејќо би ја нарушило функцијата горе - ова веднаш ги загрозува пешаците и велосипедистите заради довод на свеж воздух (воедно, просторот што ќе треба да се копа за нив е навистина премногу - мора да има велосипедисти на две страни или поголема патека)

Всушност, третово е најбитно - тоа решава за каков тип на тунел се работи, а мое мислење е дека е затворен тунел со големи падови и сложени структури над него.
Ако направиме споредба со подвозникот на Бихачка, може и стоковната куќа Мост, ќе се види за колку подолго растојание се работи плус насипот на пругата.

Во секој случај, профил 2/2 е најдобро решение (за пешаците и велосипедистите навистина се сомневам)за сообраќајот, но и тунелите 1/1 се сосема ефикасни и доста практикувани, дури и при поголем обем на сообраќај и сообраќајници од повисок ранг.

А затварањето навечер е многу честа практика - ова и мене не ми изгледаше логично од прва, но гледајќи колку големите градови тоа го прават и штедат енергија, ја зголемуваат безбедноста итн. помислив дека и тука би било добро да се спроведе.


Edited by mladen_s - 16-Sep-2010 at 18:32
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 16-Sep-2010 at 18:45
Ова што ти е под 1 и делумно под 2 воопшто неможам да се сложам. Ако не па да направиме 1 лента само и наизменично да пропуштаме возила, ако веќе до сега го немало, па сега дај што даш. Да не ја унаказиме шансата во иднина да неможе воопшто било што да се прошири со некоја таква импровизација со две ленти. А кога веќе се отвараат пругите, редно е да се заврши комплетно, да не треба пак некогаш да треба да го отвараме. Да се искористи шансата порано додека јужен булевар сеуште не е направен и додека железницата нема некој којзнае каков сообраќај. Потоа ќе биде многу потешко.

Не е тунел од двесте метра никаква научна фантастика ниту треба да измислуваме ние сега топла вода, па да изводиме со по една лента, да создаваме тесни грла. Светот видел многу пошироки тунели и далеку далеку подолги. Еве отвори го само Лион и види што има низ среде град.

Толку метроа низ свет се изградени со толкави товари врз нив и цели линии на столбови и сега ние се мислиме тука за товарот од депото. А се работи и за веќе со децении легнато земјиште што го поминуваат возови секој ден, нема потреба од страв за некои накнадни нерамнини, последици.


Edited by lslcrew - 16-Sep-2010 at 18:52
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 16-Sep-2010 at 20:13
Добро, го видов Лион. Само што ова е железница над градското ниво (како во Берлин), така да приказната е малку поинаква, бидејќи се работи за премини под пруга - ситуација како Транспортниот центар во Ск. Во нашава ситуација имаме колосеци во ниво на град, мег.пруга над ниво и потоа примарна сообраќајница во ниво, и треба да преминеме под сите нив (што значи и самата мег.пруга би морала да премине преку мост (не би било логично пак да се става насип, нели?).

Секако дека решение има и истото би вклучило поголема реконфигурација на теренот и дополнителни работи и секако, подобро е да се направи одеднаш, но јас искрено од твојата анализа (која е многу добра) заклучив дека бараш брзо и најевтино решение. Ова е сепак малку пообемно и на некој начин би морало, исто како Транспортниот центар, со децении да го чека градот да се развие околу него, за конечно да ја покаже својата ефикасност (освен ако не е веќе густо изградено, но овде тоа не е случај).

Дилемата помеѓу овие два пристапи постои секогаш и градските управи се секогаш пред избор. Јас во случајов мислам дека 1/1 навистина би ги преполовил потребните средства.

И нешто што го проверив дури сега, (ама ајде да не ми пропадне напишаново погоре ) во ГУП е вцртан профил 1/1, а има голем надмин преку депоата. Ова секако, ако јас не го гледам тоа што сакам да го видам .
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Sep-2010 at 21:35
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 16-Sep-2010 at 22:24
Младен на извадоков се гледа убаво ширината на улиците. Првомајска е планирана со 4 ленти по цела должина, 3-та Македонска Бригада, Фрањо Клуз исто така. Таа е таа истата ширина што е и кај тунелот, барем така ми изгледа од извадоков. Всушност и ме збунува малку што профилот е различно нацртан од двата влеза на тунелот. Да не го имаш текстуалниот дел од ГУП-от, најдобро ќе каже. Или може би поширокиот дел од страна на Аеродром е поради раскрницата е престројувањето е уште под земја? А збунувачки е и профилот на Народни Херои.


Edited by lslcrew - 16-Sep-2010 at 22:38
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.