build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Гаражни објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 37>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Гаражни објекти (општо)
    Posted: 19-May-2022 at 13:41
ОПШТИНА ВЕЛЕС БАРА ПАРИ ЗА ДА ИЗГРАДИ ПОДЗЕМНА ТРИКАТНА ГАРАЖА ВО ЦЕНТАРОТ

Велес ќе добие подземна гаража во центарот, спроти судот. Дел од стручните лица подолго време посочуваат дека во централното подрачје не треба да се гради ниту катна, ниту подземна гаража, оти така нема да се намалат сообраќајната гужва и загадувањето.

Градоначалникот Марко Колев вели дека сите технички работи за подземната гаража се завршени.

„Постапката е отидена предалеку и не се можни никакви измени. Имаме проект, ревизија, издадено решение за градба, сообраќајно решение, значи имаме сè“, изјави Колев.

Засега не е обезбедена финансиската конструкција за гаражата, која би имала три ката под земја.

„Не можам да се врзам со рокови. Во преговори сме со ЕУ, Владата, со донатори. Пресметките велат дека би чинела 90 милиони денари или 1,5 милиони евра. Општина Велес е подготвена да финансира со свој дел. Во рок од 3-6 месеци би знаеле поконкретно. Ваква подземна катна гаража има во неколку европски градови. Над неа е предвиден современ плоштад, чија изградба ќе ја финансира ЕУ“. кажа Колев.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-veles-bara-pari-za-da-izgradi-podzemna-trikatna-garazha-vo-tsentarot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 01-Apr-2022 at 16:56
ПРОЕКТ за ПОДЗЕМНА КАТНА ГАРАЖА ВЕЛЕС

Следствено на проектот за реконструкција на плоштадот во централно градско подрачје во Велес, следи подземна паркин гаража која се наоѓа под еден дел од предвидениот плоштад. Ослободување на локацијата од високи елементи и од надземни паркинг простори, проектирана е подземна катна гаража со пристап на возилата од улицата Гоце Делчев. На дадената градежна парцела предвидено е едно интегрално тело со трапезоидна (неправилна) форма површина од 1508м2.
Објектот се предвидува да се изведува под кота на теренот, во чијшто габарит по вертикала се распоредени три нивоа, сите под котата на теренот. Во рамките на ниво на терен на последното ниво предвидено е плато, партерно уредено, поплочено со имплементирање ниско и високо зеленило интегрирано со урбана опрема- во корелација со реконструкција на плоштадот.
Бројот на обезбедени паркинг места е вкупно 100 возила, од кои три возила се за лица со посебни потреби и две се предвидени за електрични возила. Соодветно на тоа внатрешниот сообраќај во објектот е предвиден со периметрално поставена рампа за влез и излез наменета за   качување и симнување на возилата низ катовите.
Скалишното јадро со лифтот, тоалетите, наплатниот пункт со просторијата за мониторирање се сместени во еден волумен кој постои на сите три нивоа и директно води до нивото на плоштадот.











https://www.facebook.com/LINEA-III-818422388244507/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Jan-2022 at 16:41
ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Монтажната гаража во Расадник се градела на диво, некој ќе одговара



На темели остана монтажната катна гаража во скопски Расадник, Кисела Вода. Жителите се жалат дека шест месеци, откако почнала изградбата, тие немаат каде да паркираат оти и она малку што го имале им е одземено за изградба на гаражата

https://a1on.mk/macedonia/video-gjorgjievski-montazhnata-garazha-vo-rasadnik-se-gradela-na-divo-nekoj-kje-odgovara
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Sep-2021 at 07:09
Пацоли доаѓа во Чаир да ги гради гаражите, Ганиу вели дека доцнат поради бирократски процедури



Катните гаражи беа во “договорот“ на Висар Ганиу што го претстави пред 4 години. Ги доби гласовите со ветувањето дека овие гаражи ќе се изградат за време на мандатот, но не се изградија. Сега на крај на мандатот, кога не останаа ни два месеца до локалните избори, градоначалникот Ганиу се сретна со Беџет Пацоли, директор на компанијата Мабетекс за потпишување меморандум за соработка за изградба на катните гаражи.

Но дали е запознаен Пацоли дека овој проект еднаш пропадн, а не е прв пат ова ветување да го слушаат граѓаните.

Прашање: Овој проект за катна гаража граѓаните на Скопје го слушнаа и пред четири години. Со што уверувате вие дека овој пат проектот нема да пропадне?

Пацоли: Јас верувам дека луѓето не се исти, јас сум познат како човек кој ги исполнува своите ветувања секогаш. Убеден сум дека оваа средба и мојот потпис апсолутно ќе се реализираат во предвидениот рок.

Ганиу рече дека гаражите не се изградени до сега заради бирократски процедури.

„Јас спомнав неколку пати дека гаражите до сега беа заборавена работа, доколку навремено поминеа ДУП-овите, што не зависеше само од работата на Чаир туку и од Град Скопје како и Министерството за транспорт и врски и не случајно во тој правец јас не спиев, постојано се боревме за постигнување на таа цел“, рече Ганиу.

Според Ганиу, проблем со гаражи имале и други градови а не само општина Чаир. Инаку Пацоли рече дека оваа инвестиција ќе чини 50 милиони евра и дека работите ќе траат две и пол години.

https://mk.tv21.tv/patsoli-doaga-vo-chair-da-gi-gradi-garazhite-ganiu-veli-deka-dotsnat-poradi-birokratski-protseduri/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Sep-2021 at 07:08
КОСОВСКА ФИРМА НА 12 ЛОКАЦИИ ВО ОПШТИНА ЧАИР ЌЕ ГРАДИ КАТНИ ГАРАЖИ И ПОДЗЕМНИ ПАРКИНЗИ

Општина Чаир денеска потпиша меморандум со косовската фирма „Мабетекс“ за изградба на катни гаражи и подземни паркинзи во Општината. Според меморандумот, кој го потпишаа градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и сопственикот на фирмата „Мабетекс“ Беџет Пацоли, ќе се градат катни гаражи и подземни паркинзи на 12 локации, за да се реши проблемот со паркирањето во Општината.

„Ќе се добијат 3.000 нови паркинг места низ Општината. Една од локациите каде се обезбедат нови места е и паркинг под Плоштадот Скендербег. Инвеститорот е глобалата фирма ‘Мабетекс’, која секој договор досега го има завршно со најголема сериозност во предвидено време, без никакво задоцнување и во големо ниво на квалитет“, рече градоначалникот Ганиу.

Вкупната инвестиција е 50 милиони евра. Инвеститорот откако ќе ги изгради паркиралиштата ќе стопанисува со нив.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kosovska-firma-na-12-lokatsii-vo-opshtina-chair-ke-gradi-katni-garazhi-i-podzemni-parkinzi/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Sep-2021 at 17:26
Има само едно објаснување, нема да биде катна гаража.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Sep-2021 at 17:01
На кој начин е исплатливо толку многу пари да вложи приватна фирма во градење паркинг-места? На кој начин ова се исплаќа на инвеститорот итн.? Ако може некој поупатен да објасни.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Sep-2021 at 16:30
Беџет Пацоли ќе гради катни и подземни гаражи во Чаир, вели дека ќе вложи 50 милиони евра

Познатиот косовски бизнисмен Беџет Пацоли најави дека ќе инвестира над 50 милиони евра за изградба на катни и подземни гаражи во Општина Чаир.

– Денеска почнуваме со едно историско поглавје за општина Чаир, затоа што токму денеска го отвораме патот на една стратешка инвестиција и многу важен за градење на катни и подземни гаражи во повеќе локаци на нашата општина. Една од тие локаци е и Плоштадот „Скендербег”, изјави градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Според него уште поважно е дека стратешки партнер во изградба на овие катни гаражи ќе биде светската позната фирма „Мабетекс”, на познатиот бизнисмен Беџет Пацоли. Сумата на инвестицијата е повеќе од 50 милиони евра.

Градоначалникот Ганиу истакна дека гаражите ќе бидат модерни и по светски стил.

– Гаранцијата на овие гаражи е во рацете на глобалата фирма „Мабетекс”, која секој договор до сега го има завршно со најголема сериозност во предвидено време, без никакво задоцнување и во голем ниво на квалитет. Новите гаражи ќе обезбедат над 3000 илјади нови места за паркирање, изјави Ганиу.

На прашањето дали оваа инвестиција ќе се реализира без оглед на тоа кој ќе биде следниот градоначалник на Чаир, Ганиу истакна дека гаражите се приоритет на Општина Чаир, и без разлика кој ќе дојде на чело на општината, тоа е реален проблем и треба да се реши.

Бизнисменот Пацоли, при потпишување на Меморандум со Општина Чаир и Град Скопје, рече дека е задоволен што ова инвестиција ќе се реализира во Скопје и дека само преку проекти и работа може да се смени животниот стандард.

– Јас во Косово имам отворено над 6000 работни места. Со два огромни проекти моментлано сум во Албанија и сум презадоволен што сум во Скопје, исто така со еден проект многу голем за изградба на модерни гаражи на еден сосема различен прицип. Инвестиција е над 50 милиони евра и секогаш внимавам работата да се прави со достоинство и резултатите на таа работа да бидат во функција на градење на Северна Македонија, рече Пацоли.

Тој додаде дека е познат како човек кој секогаш ги исполнува своите ветувања и дека е уверен ова средба и потпис ќе се реализира во предвидено време.

Инаку, прашањето за изградба на катни гаражи во Општина Чаир беше еден од главните ветување на Висар Ганиу, кој со одлука на ДУИ е повторно кадидат за нов мандат во Чаир. Причина за нереализирање на ова ветување од Општина Чаир го гледат во неусвојување на Деталните урбанистички планови предложени од нив.

https://www.slobodenpecat.mk/bedzhet-pacoli-kje-gradi-katni-i-podzemni-garazhi-vo-chair-veli-deka-kje-vlozhi-50-milioni-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Aug-2021 at 10:14
Вистиномер: Во Охрид не е изградена ниту една катна гаража

На 24 април 2019 година во предизборната кампања, Константин Георгиески како кандидат за градоначалник на Охрид вети изградба на две катни гаражи.

Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, во соопштение до јавноста вели дека години наназад Охрид се соочува со недостиг на соодветен број на слободни паркинг места во шпицот на туристичката сезона, но и со недостиг на паркинг простор во урбаната зона, во текот на целата година што ја наметнува потребата од изградба на современи Катни гаражи. Георгиески информира дека во тек е подготовка Физибилити студија за изградба на Катна гаража на предвидената локација во близина на Градскиот пазар. Исто така во согласност со урбнистичките планирања предвидена е и изградба на Катна гаража и на просторот во близина на Спортско Рекреативниот Центар „Билјанини Извори“ на улицата АСНОМ.

[Извор: Телевизија ТВМ; датум: април 2019 година]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ова ветување на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески може да се оцени како неисполнето. Главниот туристички центар во земјава сè уште нема ниедна катна гаража, пишува Вистиномер.мк.

Имено, од општината информираат дека започнале со реализација на проектот уште во ноември 2019 година. Изработиле идејно решение и физибилити студија за изградба на катна гаража и започнал процес на експропријација на земјиштето на локацијата кај градскиот пазар.

На 2 ноември 2019 година градоначалникот повторно најави дека Охрид ќе ја добие првата катна гаража.

Физибилити студијата е готова, гаражата ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство.

За да се изгради катната гаража се работи на експропријација а потоа ќе се пристапи кон оглас за јавно приватно партнерство. Физибилити студијата за гаражата е веќе завршена и сметаме дека јавното приватно партнерство е најповолен начин. Ќе ја завржиме постапката за експропријација на тие деведесет квадрати земјиште и да го објавиме огласот, изјави градоначалникот Константин Георгиески.

После година и половина, на 7 мај 2021 градоначалникот во емисијата „Прашалник“ образложи дека катната гаража како капитален проект е закочена поради Планот за управување со Охридскиот регион, заедно со уште два капитални проекти кејот и марината.

Проектот катната гаража на пет ката во градскиот пазар засега не може да се реализира. Проектот е изработен и чини 4 милиони денари, но спорна е висината на објектот.

Тоа е одличен проект на околу 8 000 квадрати ќе биде катната гаража согласно ДУП е П плус 5 но тука имаме проблем со Планот за управување. Проблемот со катната гаража е што согласно планот за управување тука е предвидено П плус 2, а ние имаме објект од јавен интерес. Се надевам ќе имаат слух надлежните во Управата за културно наследство , образложи Георгиески.

Во моментов се чека дозвола од Управата за заштита на културното наследство, за да продолжи тој проект. Доколку се добие одобрение ќе биде објавен оглас за јавно приватно партнерство и ќе може да се изгради првата катна гаража, информираат од општина Охрид.

Факт е дека имало обид за реализација на проектот, формално правни препреки, но исто така факт е дека до денес не е изградена ниедна катна гаража во Охрид. Со оглед на состојбите таа не може да биде изградена ниту до крајот на мандатот на градоначaлникот Георгиески. Затоа ова ветување го оценуваме како неисполнето.

Инаку, Георгиески беше избран за градоначалник на Охрид во мај 2019 година, откако претходинот градоначалник Јован Стојаноски, ненадејно почина. Георгиески, пред да биде избран на оваа позиција речиси пет месеци ја вршеше функцијата в.д. градоначалник на Охрид.

https://meta.mk/vistinomer-vo-ohrid-ne-e-izgradena-nitu-edna-katna-garazha/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 28-Jul-2021 at 09:32
Рамиз Мерко ја вети за изборите во 2017 – сè уште ништо од подземната гаража во Струга



Во предизборната програма на Рамиз Мерко од 2017 беше ветена подземна гаража во центарот на Струга. Но и по 4 години, на терен се уште ништо не е направено за овој проект кој им е потребен на стружани. Гаражата беше предвидена со 500 паркинг места и со тоа би се решил долгогодишниот проблем на градот, особено во текот на летната сезона. Во 2018, Рамиз Мерко рече дека ја подготвуваат документацијата.

„Ветивме подземна гаража во центарот на градот со приватно- јавно партнерство. Значи ја подготвуваме документацијата и потоа ќе ја претставиме. Ќе објавиме меѓународен тендер за 35 години кој може да го искористи некој но по 35 години тоа ќе биде богатство на Општината“, посочи Рамиз Мерко.

Но и сега кога се ближат локалните избори оваа година, овој проект се уште не е започнат да се реализира. Во април беше избушено земјиштето за да се проучи местото каде ќе се гради гаражата. Во мај оваа година, во општинскиот совет на Струга беше презентиран идеен проект за подземна гаража со инвеститорот Ас Инвест во кој се вели:

Изградбата на подземната гаража ќе ја олесни големата преоптовареност , особено во текот на туристичката сезона. Предвидени се и објекти како амфитеатар на отворено над влезот и излезот на гаражата. Друг посебен елемент е носењето на Саат Кулата која постоела во минатото и кој секако треба да се врати. Исто така како дел од идејниот проект е и Мозаикот, споменикот на Мајка Тереза. Предложената идеја за изградба на подземната гаража е уредена на две подземни нивоа како и уредување на градскиот плоштад на Струга, “Мајка Тереза“.

Подземната гаража која е предвидено да се гради, започнува од плоштадот Мајка Тереза во центарот на градот до Хотел Дрим. Иако Мерко оваа гаража ја имаше предвидено да се изгради за време на неговиот мандат, до денес не е направено ништо на терен, а до локалните избори остануваат уште само два месеца.

https://mk.tv21.tv/ramiz-merko-ja-veti-za-izborite-vo-2017-se-ushte-nishto-od-podzemnata-garazha-vo-struga/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Apr-2021 at 13:26
Летово ќе се раскине договорот со „Никофон“ за катна гаража кај „Аутомакедонија



Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ очекува летово да има судска разрешница со раскинување на договорот за купопродажба на земјиштето со инвеститорот „Никофон“ кој е сопственик на паркингот кај „Аутомакедонија“. На овој простор „Никофон“ кон крајот на 2019 година планираше да изгради катна гаража висока 29 метри, но по реакциите на станарите од околните згради, како и по повикот на градоначалникот Богдановиќ до истражните органи да постапат по кривичните пријави поднесени од станарите, како и по пријавите од Општината, инвеститорот се согласи договорот да се раскине

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ очекува летово да има судска разрешница со раскинување на договорот за купопродажба на земјиштето со инвеститорот „Никофон“ кој е сопственик на паркингот кај „Аутомакедонија“.

На овој простор „Никофон“ кон крајот на 2019 година планираше да изгради катна гаража висока 29 метри, но по реакциите на станарите од околните згради, како и по повикот на градоначалникот Богдановиќ до истражните органи да постапат по кривичните пријави поднесени од станарите, како и по пријавите од Општината, инвеститорот се согласи договорот да се раскине.

– Конечно е почната судска постапка за раскинување на тој договор бидејќи земјиштето за таа катна гаража беше продадено според ДУП кој е донесен 2012 година. Продажбата на земјиштето е завршена за само 8 до 10 дена од моментот кога е донесен планот. Значи некој однапред знаел дека ќе има продажба на таа локација. Продадена е за катна гаража која сосе габаритите треба да има влез и излез. На тоа место само физички да излезете на терен имате само еден влез и тоа одзади на зградата на „Макпетрол“ – објаснува Богдановиќ.

Ова земјиште е продадено на јавна лицитација во 2012 година од тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, со намена за изградба на катна гаража на донесен ДУП од 2011 година, а потоа менуван или усогласуван заради потребите на самите инвеститори и за усогласување на сите овие градби што се никнати потоа.

Богдановиќ тогаш објасни дека во согласност со уредбата за продажба на јавно земјиште цената се формира во согласност со намената. Тука имаме 70 отсто катна гаража и 30 отсто деловен објект. Ако се земат цените што се во уредбата за продажба на јавното земјиште, се доаѓа до цена од 5.000 денари почетна цена, а овде таа е 1.800 денари.

Со самото тоа целиот јавен повик треба да биде ништовен, со тоа не треба да има ни договор, а паѓа и одобрението.

– Ние тогаш започнавме правна битка, сега сме дојдени до судската постапка за раскинување по што на тоа место нема да има катна гаража. Ни требаше време за да се дојде до раскинување на договорот бидејќи нешто било порано продадено, потоа се вцртало во планот и сега треба да го вратите во првобитна состојба. Ако министерството и општината земале пари и се издадени одобренија за градење, морате работите едно по едно да ги решавате за да не направите штета. Имаше исто таков предмет каде е продадено државно земјиште во време на ВМРО-ДПМНЕ, потоа му е направена смена, му е направено нешто со сила, и до ден-денес државата плаќа огромни штети – дециден е Богдановиќ.

Во разговорите со „Никофон“ на маса била ставена и опцијата за размена на таа парцела со друга, но Богдановиќ вели дека добро е што инвеститорот сам побарал раскинување на договорот.

– Тоа беа разговори кои можат да се направат со експропријација и со смена на земјиште, но на крајот рече дека се откажува бидејќи ќе се јавеа многу недостатоци при самото водење на постапка. Се водат и одредени истраги, претпоставувам дека можеби тоа е и целта, но ме радува доколку дојде до тоа раскинување по што станарите на зградите околу „Аутомакедонија“ ќе можат да здивнат бидејќи ќе се реши тој горлив проблем, кој за жал го наследивме – нагласува Богдановиќ.

„Никофон“ доби одобрение за градење во 2014 година кога градоначалник на општина Центар беше Андреј Жерновски.

https://www.vecer.press/летово-ќе-се-раскине-договорот-со-ни/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Apr-2021 at 12:35
СТРУГА ЌЕ ГО РЕШАВА СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС ВО ГРАДОТ СО ИЗГРАДБА НА ПОДЗЕМНА ГАРАЖА

Општина Струга започнува постапка за изградба на подземна гаража во самиот центар на градот. Според најавите, таа ќе се гради со јавно-приватно партнерство, а ќе биде со капацитет од 500 места. Со новиот урбанистички план, предвидено е паркинг објектот да биде на два ката, лоциран на просторот пред зградата на Општината, од плоштадот Мајка Тереза под градското шеталиште до хотелот „Дрим“.

Според градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, со овој проект ќе се намали метежот низ градот и ќе се реши долгогодишниот проблем со недостиг на паркинг места.

„Ова ќе биде еден вреден објект кој ќе остане за граѓаните на Струга. Приватниот партнер ќе го користи толку време колку што дозволува Законот за јавно-приватно партнерство во земјава“, вели Мерко.

Во тек се разговори со заинтересирани инвеститори, а се работи и на терен, каде што со помош на специјализирана дупчалка треба да се испита тлото. Сѐ уште не се знае вредноста на целата инвестиција.

„Сега се дупчи до длабочина од 13 метри, иако паркингот нема да оди подолу од шест метри. Ќе видиме какви ќе бидат резултатите од дупчењето и продолжуваме со проектна документација за овој капитален објект“, вели Мерко.

Паркинг просторот со години е главен проблем во Струга. Мерко вели дека во неговиот последен четиригодишен мандат обезбедил нови 1.000 паркинг места со зонското паркирање на една коловозна лента од струшките улици. Засега наплата се врши на само дел од улиците. Во тек е постапка за целосно определување зони, каде што цената за паркирање е 40 денари во екстра зона за првиот час, а 30 денари за вториот, додека во прва зона се наплаќа 30 денари за првиот час, а за вториот 20 денари. Од полноќ до седум часот не се наплаќа. Цените за периодот надвор од туристичката сезона се намалени за 10 денари.

Граѓаните се поделени во мислењата. За едни наплатата по јавните површини е неприфатлива, за други е оправдана, со оглед на тоа што се намалил метежот на градските улици.

ЈП „Еко“ од Струга стопанисува со четирите паркинзи во градот, кои бројат околу 500 места. Цената за паркинг таму изнесува 50 денари.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/struga-ke-go-reshava-soobrakajniot-haos-vo-gradot-so-izgradba-na-podzemna-garazha/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14157
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Nov-2020 at 10:23
Ех, уште кога би се изградила...
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Nov-2020 at 08:55
Второ награден труд на конкурсот 2017г за изработка на идејно решение за изградба на катна гаража во Охрид.





https://www.facebook.com/Vektor-90-
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Nov-2020 at 14:51
Шилегов најавува катни гаражи во Чаир за да нема непрописно паркирани автомобили

Прашан за проблемот на пешаците и велосипедистите во Чаир, кои немаат каде да поминат затоа што тротоарите се полни паркирани автомобили, а неретко ги има и на првата коловозна лента, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, вели дека се трудат да ги отстраната урбанистичките аномалии, на пример со изградба на катни гаражи.

– Во Градот Скопје поминаа два урбанистички плана од страна на Општина Чаир во коишто се предвидуваше изградба на катни гаражи, дел во населените места, дел позади „Пластичарска“, така што јас верувам дека со таквото добро урбанистичко планирање коешто го воведуваме како стандард, полека ќе почнеме да го надминуваме проблемот со недозволено паркираните возила, особено во оној дел што е дефиниран како јавен простор, простор за алтернативен сообраќај, не автомобилски, значи велосипеди и пешаци. За жал, аномалиите во урбанистичкото планирање во нашиот град се присутни повеќе од триесет години – рече Шилегов на денешната прес-конференција, по повод засадувањето дрворед на булеварот „АСНОМ“ во Аеродром.

Како пример го наведе и потегот во Аеродром, од „Цементарница“ кон „Железара“, по булевар „Србија“, каде има булевар без тротоар од десната страна, а тоа нова е населба која би требало од почеток да биде урбанистички добро поставена.

– Лошата изведба придонесувала некои стандарди да бидат сериозно намалени. Сега полека ги исправаме тие аномалии, но само три години се во прашање – рече Шилегов.

Инаку улицата „Пластичарска“ или „Никола Карев“, неодамна беше реконструирана. Веднаш по асфалтирањето и бележењето, неколкупати полицијата поминуваше и отстрануваше непрописно паркирани автомобили, но навиките тешко умираат.

Со оглед на тоа што улицата е полна продавници за теписи, бела техника, опрема за кујни и бањи, купувачите кои пазаруваат таму, автомобилите ги оставаат на тротоарот пред продавницата, со што тротоарот е непрооден за велосипедисти и пешаци, кои мора да се симнат на коловозот. Слична е сликата и покај Бит пазар. Но, проблемот не е сегашен. Дали оваа градска гарнитура ќе успее да го реши, останува да видиме.

https://nezavisen.mk/shilegov-najavuva-katni-garazhi-vo-chair-za-da-nema-nepropisno-parkirani-avtomobili/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 20-Nov-2020 at 10:10
освоена ВТОРА НАГРАДА НА КОНКУРСОТ ЗА КАТНА ГАРАЖА во ОХРИД 2020







https://www.facebook.com/Studio-lelelele
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Jul-2020 at 16:51
Originally posted by user8642

Бог да чува со архитектурава за катни гаражи во Скопје! Грдо у пичку матер е ова! Оној хотелот со ебола во мавровка, незнам како се викаше, поубаво изгледа! Па ќе се угуши бре некој од издувни гасови. Зашто има прозорои на затварање и изолација објекотв, освен ако нема некоја задна намера тоа нагоре све да стане преку ноќ деловен простор? Катна гаража треба да биде гол бетон конструкција со минимален естетски допир, инраструктура е тоа, не со стиропор.     
добредојде во Скопје... седни сега да ти ја раскажеме приказната за пренамена на катни гаражи во деловен простор
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Jul-2020 at 14:00
Па намената на тој објект и не е катна гаража туку да го покрие комплексот позади, така да веќе е во функција зградата.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 13-Jul-2020 at 13:03
Бог да чува со архитектурава за катни гаражи во Скопје! Грдо у пичку матер е ова! Оној хотелот со ебола во мавровка, незнам како се викаше, поубаво изгледа! Па ќе се угуши бре некој од издувни гасови. Зашто има прозорои на затварање и изолација објекотв, освен ако нема некоја задна намера тоа нагоре све да стане преку ноќ деловен простор? Катна гаража треба да биде гол бетон конструкција со минимален естетски допир, инраструктура е тоа, не со стиропор.     

Edited by user8642 - 13-Jul-2020 at 13:04
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Jul-2020 at 12:19
ремек дело.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 37>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.