build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонско (етно) село во Нерези

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Македонско (етно) село во Нерези
    Posted: 27-Feb-2009 at 15:41

НОВО МАКЕДОНСКО СЕЛО


Музеј спроти Пантелејмон


Спроти манастирот "Свети Пантелејмон" во селото Горно Нерези, наскоро ќе се гради грандиозен објект на површина од околу 2.100 ха. Одлуката за уредување на овој простор на вчерашната седница ја усвои и донесе Советот на Општина Карпош. Станува збор за објект кој ќе се протега на падините на Водно а ќе го зафати и паркингот спроти манастирот Св.Пантелејмон. Во него се предивдени разни објекти од јавен интерес меѓу кои музеј за снимања, отворен мал амфитеатар, пешачки улици, продавници на сувенири, винотеки, бакалници и слично. Инаку, овој проект ќе биде финансиран од Владата на Македонија, општината Карпош, како и дел од странски донации.

(Д.С.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D9E6920A9158694888EE3DFD35599501
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-Feb-2009 at 09:02
Originally posted by La Linea

НОВО МАКЕДОНСКО СЕЛО


Музеј спроти Пантелејмон


Спроти манастирот "Свети Пантелејмон" во селото Горно Нерези, наскоро ќе се гради грандиозен објект на површина од околу 2.100 ха. Одлуката за уредување на овој простор на вчерашната седница ја усвои и донесе Советот на Општина Карпош. Станува збор за објект кој ќе се протега на падините на Водно а ќе го зафати и паркингот спроти манастирот Св.Пантелејмон. Во него се предивдени разни објекти од јавен интерес меѓу кои музеј за снимања, отворен мал амфитеатар, пешачки улици, продавници на сувенири, винотеки, бакалници и слично. Инаку, овој проект ќе биде финансиран од Владата на Македонија, општината Карпош, како и дел од странски донации.

(Д.С.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D9E6920A9158694888EE3DFD35599501


Мое видување

Добро бе дали се нормални?!?!?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Jul-2009 at 16:26
Нема пари за македонско село

Од Министерството за економија велат дека тие како координатор на владиниот проект немаат стручни служби кои ќе го организираат откупот на парцелата за македонското село на падините на Водно, ниту пак имаат пари предвидени за тоа

Виртуелното македонско село, туристичката атракција што треба да се гради на падините на Водно над комплексот "Свети Пантелејмон", заглави на експропријација на земјиштето, кое е во сопственост на Македонската православна црква. Интервенирала и Владата, бидејќи министерствата за финансии, за економија и за транспорт и врски не можеле да се договорат чии стручни служби да го организираат откупот и кој на МПЦ да $ го плати земјиштето.
Од Министерството за економија велат дека тие како координатор на владиниот проект немаат стручни служби кои ќе го организираат откупот на парцелата, ниту пак имаат пари предвидени за тоа. Поради тоа Владата на нивно барање формирала специјална меѓуресорска комисија со претставници од министерствата за финансии, за економија, за култура и за транспорт и врски.
"Комисијата ангажираше проценител кој треба да се изјасни околу вредноста на земјиштето, а парите за експропријација на владина седница е договорено дека ќе ги обезбедат министерствата за финансии и за култура", информираат од Министерството за економија.
Од Министерството за транспорт информираат дека за реализацијата на проектот, годинава дале согласност за урбанистичкиот план вон населено место - Горно Нерези, што го донесе Советот на Општина Карпош.
Од Министерството за финансии не потврдуваат дека ќе го финансираат откупот на земјиштето, туку објаснуваат дека за делот што е во сопственост на Македонската православна црква, парите треба да ги обезбеди организаторот на проектот.
Министерството за економија во 2007 година најави дека на падините на Водно, на 15 илјади квадратни метри ќе се гради виртуелно македонско село, кое треба да биде комплекс од повеќе маала, секое специфично по изгледот на објектите кои ќе бидат со карактеристична и автентична градба за регионот од каде селската куќа е позајмена. Во селото ќе има ковачница, ткајачница, грнчарница, дуќани во кои ќе се прават бочви, меана, бакалница и фурна, анови за преноќување, воденица и трло со овци, а ќе се произведуваат вино и млечни производи.
Лани во септември Министерството информираше дека селото ќе го градат концесионери.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=5E908D9962389C45AD4CFF6DD1716620
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Jan-2010 at 15:48

Македонското село кај „Пантелејмон“ ќе се гради годинава





 

Биле решени сите проблеми што ја оневозможувале изградбата на комплексот од традиционални куќи од разни краишта на земјава, па се очекува камен-темелникот да се постави во мај, откако ќе се направат подготвителните административни работи

 
 
%20  
Селото со автентични македонски куќи што требаше да биде изградено уште пред неколку години во близината на манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ ќе почне да се гради во мај. Од Министерството за економија, кое го спроведува овој проект, велат дека имало неколку проблеми поради кои тој постојано се одложувал. Прво, пет илјади квадратни метри од земјиштето на кое требало да се гради и припаѓале на Македонската православна црква, па стручните служби на министерствата за економија, транспорт и врски, култура и финансии не можеле да се договорат кој да го организира откупот. Потоа, и општината Карпош го немала внесено комплексот во деталниот урбанистички план за Горно Нерези. Во Министерството додаваат дека преговараат со фирмата што го изработила идејното решение и дека очекуваат за пет-шест месеци да ги завршат сите подготвителни работи пред да почне изградбата.

- Се направи експропријација на земјиштето на МПЦ и се вметнаа маркички во урбанистичкиот план, па тие проблеми се решени. Откако ќе ги завршиме преговорите со фирмата, планираме да почнеме да работиме на основниот и на изведбениот проект. Се надеваме дека таа процедура ќе заврши брзо за веднаш потоа да побараме градежна дозвола од општината Карпош - рекоа надлежните од министерството.

Општинските власти во Карпош велат дека направените измени во урбанистичкиот план треба да се разгледаат на некоја од наредните седници на советот.

- Предвидовме градежни маркички за овој комплекс, бидејќи мислиме дека е навистина убаво такво нешто да се направи на подрачјето на нашата општина - додаваат оттаму.

Селото со автентични македонски куќи ќе се гради на површина од 15 илјади квадратни метри. На просторот ќе се направат десет куќи од сите традиционални македонски стилови. Освен тоа, во комплексот ќе има и ковачница, ткајачница, грнчарница, дуќани во кои ќе се прават бочви, меана, бакалница, фурна и анови во кои ќе може да се преноќува. Од Министерството велат дека селото ќе го градат двајца архитекти заедно со фирмата која била избрана на тендер, но се уште не откриваат од кои краишта ќе бидат куќите, колкави ќе бидат, од каков материјал ќе се градат, ниту какви било детали за целиот проект. Само велат дека наскоро на прес-конференција ќе дадат детални информации.

Македонското село треба да биде комплекс со едукативна и со туристичка намена, по примерот на Шпанското село на ридот Монжуик во Барселона, каде што секоја уличка потсетува на различен крај во Шпанија. Сличен Парк на куќите има и во Букурешт, Романија.
 
   
Автор: Александра Денковска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=18101034295&id=14&prilog=0&setIzdanie=21879
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Jan-2010 at 18:30
Wow ова е одлична идеја. Се надевам и проектот ќе биде толку добар колку и идејата.
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Jan-2010 at 12:01
Originally posted by Cloverstack


Македонското село треба да биде комплекс со едукативна и со туристичка намена, по примерот на Шпанското село на ридот Монжуик во Барселона, каде што секоја уличка потсетува на различен крај во Шпанија. Сличен Парк на куќите има и во Букурешт, Романија.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=18101034295&id=14&prilog=0&setIzdanie=21879


Капиталниот аргумент.... Аман веќе со примериве од други градови. Дај некој нека има три чисти да објасни зошто мораме и ние да имаме Шапнско село, освен доа дека туристите ќе се искршат од доаѓање баш во Нерези да гледаат фушерајски изведени куќи во неавтентична средина.... Не ми се верува дека сеуште го туркаат срањево. Немам што повеќе да додадам Suicide
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3629
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Apr-2010 at 12:14

 

 

 

 

     

Полјаната во Нерези три години чека етносело


Проектот што треба да биде нова туристичка атракција ќе почне да се гради најрано во септември, иако беше планирано камен-темелникот да се постави во мај

 
 
%20  
Проектот „Македонско село“ на Водно најверојатно ќе почне да се гради по цели три години откако првпат беше најавен, во октомври 2007 година. Иако во почетокот од годинава се најавуваше дека камен-темелникот ќе се постави во мај, сепак од Министерството за економија информираат дека тоа нема да се случи пред септември.

- Заврши постапката за изработка на основниот изведбен проект и сега треба да се распише тендер за да се избере фирма што ќе ги изведува градежните работи. Очекуваме наесен да почне изградбата - велат во Министерството за економија.

Македонското село е замислено како парк од околу 15 илјади квадратни метри, во кој би се изградиле десет автентични куќи од разни македонски краишта, односно охридска, галичка, крушевска, малешевска, кратовска и други куќи. Ќе има и други објекти, како ковачница, грнчарница, ткајачница, меана, бакалница, како и анови во кои ќе може да се преноќува. Во комплексот би се влегувало преку изградена порта, а во средината треба да има плоштад. Сепак, сé уште не се откриваат детали како точно ќе изгледа овој комплекс со едукативна и со туристичка намена.

Уште од својот почеток проектот постојано совладува административни и други пречки, поврзани со земјиштето, со урбанистичкото планирање, но и со јавните повици за идејни решенија. Екологистите уште веднаш ја отфрлија идејата, нарекувајќи ја продолжение на злосторничката градежна офанзива во парк-шумата Водно и нарушување на „белите дробови“ на главниот град. Тие особено потсетуваа дека до таканареченото македонско село веќе постои и шпанско село од дивоизградени луксузни куќи, кои опстанаа по неуспешните акции за уривање.

Првиот конкурс за избор на идејно решение заврши кон крајот на 2007 година, но не се избра победнички проект, бидејќи сите понудени биле мешавина од стара македонска архитектура и од модерни градби. Три труда беа второнаградени, а четири се откупија, па остана Владата да го утврдува изгледот на селото, правејќи комбинации од решенијата што и беа на располагање.

Цели две години беа потребни за да се создадат законски услови селото да биде изградено. Советот на општината Карпош лани во февруари го усвои деталниот урбанистички план „Горно Нерези - македонско село“, со тоа овозможувајќи за комплексот да се извади градежна дозвола и да почнат работите. Но тоа не се случи. Останаа да се решат и имотноправните проблеми, бидејќи поголем дел од земјиштето беше црковно, па МПЦ требаше да и го префрли на државата. Во почетокот од годинава од Министерството за економија рекоа дека сите административни пречки се решени и останало да се додефинираат само уште некои детали за проектот, па во мај ќе почне изградбата. Но мај ќе дојде за десетина дена, а допрва треба да се чека тендерскиот рок за изведувач, кој трае два месеца, а потоа и рокот за жалби, па ако овие постапки не бидат проблематични, наесен ќе има камен-темелник.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=420101443393&id=10&prilog=0&setIzdanie=21964
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Apr-2010 at 08:56
Кога станаа Охрид, Крушево и Кратово села, стварно не ми е јасно...и ако е идејата да се опфатат куќи од сите краеви на Македонија, како планираат да вметнат струмичка или скопска рамничарска куќа на брдото и како ќе се оправда...или треба да гледаме камени ѕидови, дрва и керамиди и да глумиме глупи туристи....многу покултурно ќе беше во секој од тие региони да се среди барем по едно село, па да се носат туристи на лице место...вака опасна работа - ти доаѓаат гости и ти ги носиш да видат крушевска куќа на падините на Водно - може и добро е, зошто ако ги возиш до Крушево, ќе истурат црева по патиштана наши.....на кого му текнуваат овие малоумни работи???
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Apr-2010 at 13:44

Previous

Се согласувам. Претерано ми е вештачки проектов, нема никаква логика. Ама они барок аплицираат у 21 век па што остана за ова. Подобро ќе беше да подсредеа некое од селцата низ Македонија, бар ќе биде автентична "атракција" отколку ова. Жива глупост. Ако овде ги сублмираат заштитините знаци на секој поедин крај, тогаш никој и нема да оди во оригиналните места со дотичната специфична архитектура. Навистина, ама навистина џабе фрлени пари, више аман! Има доволно материјали на форумов од рурални места низ Македонија, каде кај некои од нив само пат фали за да бидат туристички валоризирани.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Apr-2010 at 15:25
Јас не се согласувам. Барем не во потполност. Ќе ги изнесам моите причини про и контра:

ПРО:
1. Ова е некој вид на Архитектонски музеј на отворено.
2. Никому нема да му се одземе оригиналната куќа, туку ќе се градат нови.
3. Директна споредба на стиловите во живо, не само на слика.
4. Никако не мислам дека ќе ги одвлече туристите. Ако нешто направи, може само да помогне да се поттикне љубопитноста на луѓето да ги посетат оригиналните куќи во нивните оригинални краишта.

КОНТРА:
1. Се сомневам во квалитетот на автентичноста.
2. Спомнатото, рамничарски тип на куќи во планина.
3. Финансиската страна, дали ова ни е потребно (сега)?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Apr-2010 at 18:58
Не измислуваме топла вода и нема да бидеме првите во регионов што го направиле вакво нешто. И мене ми е многу мило што конечно Македонија ќе го добие својот прв open air museum! Критиките мислам дека не се на место, а тоа со куќата-рамничарка што ќе била на брдо да се земе како вистински аргумент против проектов....Roll%20eyes
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Apr-2010 at 19:19
Previous
 
Па за да бидеш ЗА ова, е исто како да бидеш и за барок и антика сега, во денешно време (читај Скопје 2014). 
 
Во однос на  КОНТРА
 
1. Токму автентичноста е најголем проблем перципирано од туристички аспект (што се друго руши). Автентичноста е најдобро изразена во веќе постојни села, каде дотичната цел може далеку подобро да се постигне, а и да се заживеат тие делови кои се слабо населени и бедни. 
2. Ај реши се, ако наводно треба да бидат автентични неможе да си ги мењаат само затоа што пределот бил планински.
3. Од финансиски аспект и тоа како, не ни е потребно патешествиево.
 
Во однос на ПРО
 
1. И сегашните рурални средини се (можат да бидат со помали инвестиции) архитектонски музеј на отворено (особено ако се средени).
2. Подобро е да се подсреди отколку да се гради од ново (особено од аспект на автентичност).
3. Смешно до степен на трагедија.
4. За тоа постои брошура, флаер, каталог... Можеби заради невообичаеноста, ама секој во суштина бара квалитет т.е. издржаност, традиција итн. Моќта на куќата не е во нејзината надворешност колку во нејзинато минато. Јас мислам дека на туристите им е побитно да влезат во куќа стара 50, 100 години, отколку нова која нема никаква "душа".
 
Земи го за пример Крушево и проектот етноград. Зашто не изградија нов град туку се зафатија со делумни модификации на постојните атрибути на градот.
 
~
 
Мислам дека се залетаа по музејот на вода (наколна населба) во Градиште, па си рекоа што да не и ова. Ама меѓу тие две работи има голема разлика. Колибите таму не постојат во денешно време (се одраз на многу подалечно минато, па и интересни) и инвестицијата за нив е многу помала (логична претпоставка) во однос на оваа со куќиве.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4401
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Apr-2010 at 19:42
Сите твои ПРО се всушност КОНТРА човече

Инаку и јас мислам дека ова е срање во боја и е тотално непотребно. Би можело да се каже дека сега кога сите села целат кон привлекување на туристи заинтересирани за алтернативен (селски) туризам, ова може да им ги замрси сметките. Сепак, да бидеме реални, факт е дека кој си сака селски туризам, сигурно не оди на село само за ги види куќите, така што ова нема воопшто да се одрази на селскиот туризам.
Ама зошто побогу ни треба open air музеј за селски куќарки начукани една додруга? Може слободно да се отвори музеј на архитектурата каде што ќе се обработува една многу поширока тематика!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Apr-2010 at 20:17
Па тоа ми е поентата гитар, јас не гледам воопшто про на проектов, споменав и погоре..
 
само дадов свое мислење во однос на про (и контра) забелешките на alexgizh - кое е нормално, контра..
 
 
EDIT: Инаку тоа беше класично протнување меѓу редови на La Linea Big%20smile , додека јас да реплицирам, он постирал, па излезе дека на него се однесува CrazyBig%20smile


Edited by SkyBoy - 22-Apr-2010 at 20:38
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-Apr-2010 at 20:23
Originally posted by La Linea

Не измислуваме топла вода и нема да бидеме првите во регионов што го направиле вакво нешто. И мене ми е многу мило што конечно Македонија ќе го добие својот прв open air museum! Критиките мислам дека не се на место, а тоа со куќата-рамничарка што ќе била на брдо да се земе како вистински аргумент против проектов....Roll%20eyes
...баш тука е недоразбирањето меѓу архитектите и неархитектите (ова не е со цел да навредувам) - не сум од тие што уживаат во стварање некаква мистика околу нашите божествени градителски способности (па во последно време уште и антички) ама колку и да се оспорувани теориите за некаква „македонска куќа“(што може е и вистина, архитектурата ја условуваат повеќе географските карактеристики отколку некакви други, посебно национални),според мене куќите во овие градови имаат свој некаков концепт кој е одраз, одговор на условите - пр. стрмните брда околу Вардар во Велес наметнале еден начин на конципирање на христијанските цркви (муслиманите си се групирале на рамно, нормално), нешто слично е со куќите во Прилеп-Варош, барањето да се создаде што почиста глетка кон езерото наметнало друг принцип на конципирање на Охрид, сосема се други приказните за другите македонски градови и тие се автентични сами за себе. Живееме во држава во која од едно до друго место се стига за 3-4 саати и не е никаков проблем некој да сврти круг и да помине во 2-3 града во еден ден, наместо да се тапосува по некакви новопроектирани стари села...посебно што во некаква тура до Охрид на пример, може да се посети св. Јован Бигорски, Галичник...и нормално кога во Охрид ќе се искачите најгоре, ќе го видите до крај Охридско езеро, што не знам, каков би бил погледот од „новата“ куќа на Робевци - Влае и Карпош 4!!???
Аргументи ПРОТИВ проекти од ваков тип се: малата територија на државава, можноста да се заживеат фантастични идилични и што е најважно автентични македонски села што се на умирање за жал и најголем аргумент - приоритет во денешно време ни е ИНФРАСТРУКТУРА, кога ќе се зафати некој да гради патишта, железници, акумилации итн.????
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Apr-2010 at 17:21
Еве уште една работа што мора да се среди пред воопшто да дебатираме дали ни треба или не етно село. Не зборам само за овој објект, туку воопшто за базично одржување на она што веќе го имаме во функција. Ова е катастрофа:

Музејот плива во вода



 
Девастираниот покрив на Музејот на Македонија и влагата што се слева по ѕидовите и стигнува дури и до депоата не е само грда слика за посетителите, туку и сериозна закана за вредните артефакти што се чуваат во археолошкиот, историскиот и етнолошкиот оддел. На таванот во холот на Етнолошкиот музеј зјаат дупки, а во секој момент може да пламнат и дотраените инсталации  
 
%20  
Сезоната на поројни дождови дополнително ја влоши ситуацијата со дотраениот покрив на Музејот на Македонија. Влагата и мувлата што со години можат да се видат на дел од ѕидовите се сериозна опасност за вредните артефакти, не само во рамките на изложбените поставки туку и за оние во депоата.

- Во целиот објект буквално течат потоци вода. Ние одамна чекаме решение. Влагата допира и до депоата каде што се чуваат вредни збирки на музејот - предупредува директорката на Музејот на Македонија, Мери Аницин Пејовска.

Проблемот е најизразен и најочигледен во Етнолошкиот музеј, каде што на три нивоа е поставена постојаната етнолошка поставка, која буквално плива во вода. Влагата се слева по излупените ѕидови и по подот на кој се забележуваат големи дамки.

- Најпроблематичен е овој дел од музејот. Ѕидот на кој се поставени големите килими е прокиснат, па во неколку наврати бевме принудени да ги отстрануваме и повторно да ги враќаме назад - вели Аницин Пејовска.

%20Влагата од покривот се слева дури и до влезниот хол на Етнолошкиот музеј, чиј таван е распаднат и од него зјаат дупки.

-Влагата и дотрајаните инсталации се фатална комбинација, која може да резултира со катастрофа - предупредуваат од музејот.

Уште од минатата година од Владата беше донесена одлука за реконструкција на целиот објект, но поради рецесијата работите се одложија. Годинава од музејот се очекува да го подготви тендерот, а од наредната година да се почне со обемниот зафат на комплетна реконструкција на целиот објект. Тоа е обемен зафат, кој би траел околу две години, и освен покривот, би ги опфатил подовите, инсталациите, осветлувањето, климатизацијата.

Во првата фаза, како најургентни би се работеле покривот на Музејот на Македонија и платото, кое претставува покрив на депоата. Целиот зафат би чинел околу два милиона евра. Инаку, во изминатиот период се направени две интервенции на дел од покривот, но без никаков ефект.

Во лоша состојба е и партерот на кој му треба подновување, осмислување и средување на тревните површини, како и соодветно осветлување.

Музејот поседува збирки од национално значење и важност, па оттука и ургентноста за што поскоро санирање на проблемот пред да настане поголема штета на артефактите и опремата.

Негрижата за одржувањето на објектите на културните институции е проблем што се провлекува со години. Во изминатиот период со вакви проблеми се соочија и објект на МОБ, Музејот на современата уметност, а во катастрофално лоша состојба се и речиси сите домови на културата во државава.




Заживувањето на чаршијата поволно за музејот

И старата болка на музејот - лошиот пристап е нешто за што вработените велат дека е проблем со кој би требало да се позанимаваат градот и општината. Дури и во годините кога чаршијата живееше со полни гради, Музејот беше некако отпат и со нелогични и лошо означени приоди. Тие се надеваат дека новонастанатиот бран на заживување на чаршијата поволно ќе се одрази и врз музејот.

- Заживувањето на чаршијата многу нé допира и нас. Во моментов соработуваме на еден проект на италијанската амбасада наречен „Заживување на културната патека“, кој подразбира анимирање на публиката и враќање на содржините на чаршијата и музејот. Се надеваме дека со овој процес повторно ќе станеме дел од случувањата на чаршијата - категорична е Аницин Пејовска.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=424101012409&id=16&prilog=0&setIzdanie=21967

Edited by Cloverstack - 25-Apr-2010 at 17:23
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3629
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Jun-2010 at 15:06
НА ТЕНДЕР ЌЕ СЕ БАРА ФИРМА-ИЗВЕДУВАЧ
„Македонско село“ ќе се гради наесен

Роза Петкова

Изградбата на долгонајавуваното „Македонско етносело“ на падините на Водно, најверојатно, ќе почне кон крајот на септември. Иако идејата е многу стара, а како конкретен проект се најави пред три години, изведбата на терен никако да почне. Во Министерството за економија, кое е носител на проектот, се уште се работи на техничката документација, а дури потоа ќе се распишува тендерот за фирма-изведувач. - На конкурсот за изработувач на идеен, основен и на изведбен проект ја избравме фирмата „Боград“ од Струга, од вкупно седум понуди. Изборот за проектантски надзор е во тек и во моментов се врши евалуација. Тендерот за изведувач ќе го распишеме откако ќе се завршат проектните документации и откако ќе добиеме алокациско решение од општината, за кое постапката веќе тече, така што изградбата очекуваме да почне до крајот на септември - велат од Министерството. Оттаму додаваат дека за годинава имаат предвидени 800.000 евра, но можно е тие да се скратат со ребалансот на Буџетот на државата. Надлежните не откриваат колку време ќе трае изградбата и колку ќе чини вкупно. Македонското село е предвидено да се гради на просторот над манастирот „Св. Пантелејмон“, во Горно Нерези. За локацијата надлежната општина Карпош веќе усвои детален урбанистички план во кој го вцрта комплексот замислен како музеј на отворено, кој треба да привлекува туристи. Селото ќе биде комбинација од автентични македонски куќи, како обележје на различните региони во земјава. Така на површина од 15.000 квадратни метри една до друга ќе се најдат охридска, галичка, крушевска, малешевска, кратовска и други куќи. Во комплексот ќе има и занаетчиски работилници, на пример ковачница, ткајачница, грнчарница, бакалница, ќе се изгради и ан, потоа ресторани, меани, продавници за сувенири, фонтана со мини-плоштад, мал музеј и амфитеатар. Замислено е да има и воденица, фурна, трло и бачило. Претходно Министерството направи и експропријација на земјиштето и го откупи од Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Во меѓувреме, и од општината најавија дека ќе го уредат просторот околу манастирот. Во нивната програма за работа е предвидено да се изгради паркинг со поголем капацитет и хортикултурно да се уреди околината. Исто така, општинските власти планираат да го поправат и да го прошират патот од Карпош до Горно Нерези, како и да го осветлат со соларни светилки.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2037&ArticleID=142113
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Nov-2010 at 18:18
НА ПОЧЕТОКОТ ОД НАРЕДНАТА ГОДИНА

Етно селото конечно ќе почне да се гради

Министерството за економија вчера распиша јавен оглас за избор на фирма која треба, во рок од три години, дел од Горно Нерези да го уреди во типично македонско село

На почетокот од наредната година, конечно ќе почне да се гради етно село. Министерството за економија вчера распиша јавен оглас за избор на фирма која треба дел од Горно Нерези да го уреди во типично македонско село. Тендерот за избор на најповолниот понудувач треба да заврши до крајот на годинава, по што, според најавите од Министерството за економија, веднаш би се почнало со градба.
"Потребно е време да се среди целокупната документација за добивање на градежна дозвола, како и за изработка на идеен и изведбен проект. Фирмата која ќе биде избрана на тендерот ќе има рок најдоцна за три години комплетно да го изгради селото онака како што превидува проектот", велат од Министерството за економија.
Оттаму не кажуваат колку пари ќе чини овој проект оти во тек бил тендерот за избор на фирмата. Кога ќе биде избран изведувачот, ќе се знаело и колку пари ќе бидат потрошени.
Според проектот, на површина од 12.000 квадратни метри, во населбата Горно Нерези треба да никнат десет традиционални македонски куќи, сите од различни региони во земјава. Куќите ќе бидат на два ката, долниот ќе биде претворен во занаетчиски дуќани во кои ќе се произведуваат сувенири и предмети. Овие работилници ќе функционираат како жив музеј каде што туристите ќе можат да видат како се изработуваат некои традиционални македонски работи. Горниот кат, пак, ќе се уреди во простории за спиење каде што, освен туристи, ќе се сместуваат и владини делегации. Освен занаетчиските работилници, во етно селото ќе се направат и бачила, трла, фурни, воденица, меана, амфитеатар, како и други атракции кои се автентични за Македонија, а ќе бидат интересни за туристите.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=A4236447E058A24095310796109FDA72
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 07-Nov-2010 at 23:58



ВО СКЛОП НА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН


Ќе се гради типично македонско село


Селото е замислено да има 20 куќи, етно музеј, работилници, дуќанчиња во кои ќе се продаваат македонски сувенири, како и мал амфитеатар и ноќевалиште


Во делот на манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон" над Нерези, на површина од 15 хектари ќе се гради типично македонско село со куќи што ќе имаат карактеристики од неколку региони од земјава (Крушево, Кратово, Охрид). Според министерката за економија, Вера Рафајловска по чија иницијатива селото ќе се гради на оваа локација, замислено е да има 20-тина куќи, етно музеј, работилници и други занаети што се карактеристични за Македонија. Јавниот оглас за избор на идејно решение за изградба на македонското село заврши на четврти овој месец. Од пристигнатите шест-седум понуди, во текот на неделава ќе биде избрано првонаграденото и второнаграденото идејно решение што потоа ќе се разработи и подготви главен проект.

- Замислено е во долниот дел на куќите да се претстави процесот на производство на некои типични македонски производи. Во горниот дел на куќите ќе бидат сместени ресторани што на посетителите ќе им нудат карактеристична храна за поднебјето од каде потекнува куќата - појаснува Рафалјовска.

На јавна лицитација ќе се избираат приватни лица или фирми кои со сопствени средства ќе учествуваат во изградбата на куќите што ќе бидат предвидени со проектот.

- Во средината на селото ќе има плоштад и меана, а на почетокот ќе стои голема порта, како и дуќанчиња во кои ќе се продаваат сувенири од Македонија - фрески, резба, филиграни, ѓумчиња, грнчиња и сл. Ќе се изгради и мал амфитеатар во кој ќе се одржуваат музички манифестации, како и ноќевалиште во кое туристите ќе можат да престојуваат. Во ова село што верувам ќе биде интересно покрај за домашните, туку пред се за странски туристи, сакаме да направиме виртуелно прикажување на Македонија во мало - нагласува Рафајловска.

Во селото ќе се влегува од два приода, преку Нерези или преку Водно. Рафајловска вели дека државата ќе инвестира во изградба на патот што води до Свети Пантелејмон" со цел ова место да стане големе атракција.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=745EB187B5B7EF4096A31EE1353DBCF5

Vesta e prilicno stara no se aktualizra ovie denovi so najavi deka definitivno vo 2011 ke pocne da se gradi ovaa zamisleno Makedonsko selo...
Ne uspeav da ja najdam temata na forumot , pa mislam deka bi bilo interesno da prodiskutirame odkolu ovoj proekt...So ogled na toa deka mislenjata se podeleni okolu opradanosta i potrebata od eden vakov proekt...Sekako od korist ke bide ako nekoj znae nesto poveke za ovoj proekt...

Drugi linkovi:

http://vest.com.mk/?ItemID=A4236447E058A24095310796109FDA72

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=420101443393&id=10&setIzdanie=21964




Edited by kultuzin - 08-Nov-2010 at 01:55
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Nov-2010 at 08:05
Интересно.

+ Убаво што ќе се гради вакво нешто.
- Треба нашите села со автентичните градби да се поправат; Како се да е веќе во Скопје, изгледа голем процент од посетителите на МК не одат подалеку од Скопје.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.