build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонско (етно) село во Нерези

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7056
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 08-Nov-2010 at 21:45
Previous
инаку туристите не одат подалеку од Скопје и Охрид бидејќи немаат никакви информации за било што друго во земјава и не им е понудена никаква програма

и навистина не ја гледам потребата на градење етно села и вештачки туристички локалитети и места покрај толкав неискористен туристички потенцијал во целата земја, ако ништо друго, барем (етно) села имаме во голем број и во секое има по нешто да се види!

Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 08-Nov-2010 at 22:12

Незнам дали ја поддржувам идејава или не.. од една страна е добра но од друга не...

Тоа што ќе биде пресудно е самиот проект и изведбата... Се сомневам дека куќите од различни краишта споени во едно село ќе даваат хармонија. Мислам дека тоа ќе биде малку збунувачки за туристите кои можеби нема да можат да ја почувствуваат магијата на вистинското македонско село. Но веројатно тоа и не е целта  на проектов  јас го доживувам како еден музеј  а за оние кои сакаат автентичност ќе мора малку да си ги искршат колите низ македонијава... 
 
Она што сум сигурен е дека таму некаде меѓу живописните ридови пропаѓа непроценливо архитектонско богатство  додека се трошат пари на проектов.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 09-Nov-2010 at 00:29
Mene ovoj proekt mi e slicen so nakolnata naselba , koja kolku sto slusam ima dobra posetenost. a i so vremeto se zbogatuva so ponuda...
E sega prasanje e : zosto drzavata ne investira vo nekoe veke postoecko selo?
Moe mislenje e deka nikade vo svetot drzavata ne investira direktno vo izgradba i restavracija na postoecki sela , toa e sepak inicijativa na opstinite i mesnoto naselenie...Ona sto moze drzavata e da gi podrzi proektite i da investira vo infrastruktura...
Tuku koga sme kaj proektot imav moznost pred nekoe vreme vo Porto da vidam eden mnogu interesen trgovski centar cija vnatresnost bese uredena vo stil na Portugalski kuki od razni kraista na Portugalija...navistina ubav bi rekol i orginalen nacin da se pretsavat stilovite na gradba vo razlicnite delovi na drzavata...
Od linkot mozete i da videte del od vnatresnosta:

http://www.google.de/imgres?imgurl=http://imgpe.trivago.com/uploadimages/45/32/4532337_l.jpeg&imgrefurl=http://www.trivago.co.uk/porto-51096/shopping/via-catarina-880267/picture-i4532337&usg=__uNNYs8r1_bjmHcmBOeFwjNUiiZE=&h=360&w=480&sz=58&hl=de&start=7&zoom=1&um=1&itbs=1&tbnid=wVX4smLvb1Q1XM:&tbnh=97&tbnw=129&prev=/images%3Fq%3DVia%2BCatarina%2BShopping%2BCenter%26um%3D1%26hl%3Dde%26sa%3DN%26rlz%3D1C1_____enDE370DE371%26tbs%3Disch:1
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 09-Nov-2010 at 15:40
Кога веке ја отвориле нишката да се префрлат останатите постови од оваа тема или?

Инаку идејата на Скопје за етно село е добра во еден простор ќе ги збере сите краишта од Македонија, така ако некој би сакал да го посети Мариово, поедноставно ке му биде да ја виде та архитектура во Скопје од колку во непристапното Мариово...
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 09-Nov-2010 at 15:53
Originally posted by Makedonij

Кога веке ја отвориле нишката да се префрлат останатите постови од оваа тема или?

Инаку идејата на Скопје за етно село е добра во еден простор ќе ги збере сите краишта од Македонија, така ако некој би сакал да го посети Мариово, поедноставно ке му биде да ја виде та архитектура во Скопје од колку во непристапното Мариово...


A mozebi pa tokmu toa ke go zainteresira da go poseti Mariovo...sto sekako e popovolna varianta so ogled na toa deka drzavata poprilicno ja koncentrirame vo Skopje...

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 10-Nov-2010 at 08:23
http://www.tvoeinfo.com/images/proizvodi/pic5c9ee5adbb629d1e1177df81fb780efed5cdc7db4b7d4b335d0d2.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 10-Nov-2010 at 14:16
Selo bez crkvicka ne ide
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 10-Nov-2010 at 14:36
А џамија? :-) Црква плус 25% од големината на црквичето и една џамија :-). Шала на страна добра идеа, инаку нема врска тоа со одвлекување туристи, јас ако сакам да одам во Мариово сигурно нема да се задоволам да гледам реплика на една куќа во Скопје. Може да размислуваме во поглед на тоа дека ваква работа плус ќе привлече човек да отиде во тие краишта.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 10-Nov-2010 at 15:09
Јас мислам дека нема апсолутно никаква потреба од црква, пред се бидејќи тука е Св.Пантелејмон, а и плус, црквата служи на локалното население, кое во случајов го нема (се работи за музеј на отворено).

И колку само да надополнам со коментар на предхотниот пост, не се само албанците муслимани. Има и македонци, турци, бошњаци, роми муслимани. Повеќе се од 25%.


Edited by alexgizh - 10-Nov-2010 at 15:10
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 10-Nov-2010 at 15:27
Алооо попис во Април , сега keep to the topic.

Па селото се прави ради црквата што е тука и веќе го има актуелизирано местото. Не е селото тоа што родила потреба од црква, туку обратно.

Има една работа која треба темелно да се разгледа. Ова некој го видел некаде во форма на Шпанско, Германско, Француско или незнам какво село. Само што има една мноху битна работа тука. Тие села се од држави релативно поголеми од Македонија кои внатре имаат самоуправни региони кој по хоризонтала се од рангот на Македонија како држава. Незнам дали ме сваќате што кажувам, ова би имало смисла да речеме Југославија да опстоела па да имало проект за село со куќа од секој дел. Или на пример во Шпанија тоа е мешавина од Каталонско, Андалузијско, Баскијско, Алмеирско, Мадеирско и незнам какво село. Тоа се проекти што стварно приближуваат селото наместо да се патува стотици километри и друга цел е политичка кохезија во рамки на нацијата која е регионализирана во културата. Македонската нација е хомогенизирана културата и различноста во архитектурата е незабележлива освен за професионални архитекти, не за туристи. Ова е некако како да го формулирам, копирање амбалажа од друга европска држава, без притоа да се размисли што е суштината и зашто тоа село таму некаде постои.


Edited by lslcrew - 10-Nov-2010 at 16:48
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 10-Nov-2010 at 22:01
Apsolutno ne se soglasuvam deka Makedonija e homogenizirana tuku naprotiv, dovolno e da se zemat dialektite, tradicionalnite nosii ili hranata za sporedba...A sto se odnesuva do arhitekturata i tuka ima golema razlika pomegu stilovite ne e isto Mariovska, Ohridska, Kratovska, Galicka,Berovska, Bitolska ili Veleska kuka...Sekoj region vo Makedonija si ima specifika i za da se razlikuvat ne treba da si ekspert...
Konkretno za proektot dobro e sto vo sekoja kuka ke ima zanaetciski rabotilnici so muzej i sobi za spienje...Edinstveno spored mene nedostasuvat (ili ne e navedeno vo novainarskite tekstovi) mali tradicionalni meani koi ke nudat lokalni specijaliteti a personalot ke bide oblecen vo tradicionalna nosija i ke zboruva na dijalekt karekteristicen za toj kraj...Isto taka e dobro sekoja kuka da ima i turisticka ponuda od svojot kraj so cel da se promovira konkretniot region, so toa mislam deka bi se animirale na mnogu interesen i slikovit nacin turistite...
Kako i da e mislam deka proektot nudi mnogu potencijal za ponatamosno razvivanje i dopolnuvanje na ponudata so sto samiot proekt e isklucitelno aktiven...

Patem se izvinuvam za latinicata no kompjuterot od koj pisuvam ne podrzuva kirilicen font...

Edited by kultuzin - 10-Nov-2010 at 22:02
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7056
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 10-Nov-2010 at 22:57
добро, никој не мисли дека е малце ексцентрично да се расфрламе со посебно вештачко село, само за тоа да го привлече туристот во вистинското село? и згора на тоа кога ќе отиде во вистинското село туристот ќе нема што да види освен напуштено село и самата архитектура на селото!
и зошто упорно се форсира целиот туризам во државата да биде во Скопје, никој нема да се заинтересира за остатокот од Македонија ако истиот му го ставиш на 100 метри квадратни, мешањето на целата култура на Македонија во едно место плус придонесува само за поголема збунетост на посетителите, но тоа е веќе дискутабилно

и за ваков начин на развивање на туризам си постојат музеи како објекти, во кои можеш да сместиш фотографии, макети, материјали и планови од објектите, не мора да се прави цел комплекс за да му се долови поентата на посетителот, особено во наши и денешни услови
музеј на македонска архитектура anyone? според мене тоа е подобра идеја и дава простор да се смстат сите елементи од македонската архитектура и целосната нејзина историја
а за носии и општо македонската култура си имаме музеи, на кој никој не ни помислува за жал...
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 469
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 11-Nov-2010 at 01:02
Originally posted by Makedonij

http://www.tvoeinfo.com/images/proizvodi/pic5c9ee5adbb629d1e1177df81fb780efed5cdc7db4b7d4b335d0d2.jpg
Dali ova e originalen render na seloto koe treba da se postroi.?
Namiram idejata za interesna ,no ona ne e nova i originalna
Naverno ne znaete no vo Bulgaria vo 1964 godina ,na nekolko kilometra od grad Gabrovo vo Centralen Balkan e otkrit  vakuv etnogravski muzei -,,Etura,,
Od cela Bulgaria sa preneseni i restavrirani na edno mesto stari gradbi,kuki i rabotilnizi ,koi funkzionirat.
Tova e edno od najpopulernite turistichki destinazii vo Bg i godishno se poseshtava od iljadi bulgarski i chujdi turisti..
Ke se potrudim da namerim sliki od ,,Etura ,, da vidite kak e napraveno i izglejda
PS Ne razbrav -kukute vo ova selo ke bidat novopostroeni vo starinen stil ili ke bidat preneseni i restavrirani originalni kuki?
Pozdrav
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 11-Nov-2010 at 01:16
Originally posted by Galileo

Namiram idejata za interesna ,no ona ne e nova i originalna
Се разбира дека идејата не е оригинална, како што не е оригинална ни за бугарското село што го спомна и уште за ред такви примери. Оригиналната идеја е прилично стара:

http://en.wikipedia.org/wiki/Poble_Espanyol


Originally posted by Galileo

PS Ne razbrav -kukute vo ova selo ke bidat novopostroeni vo starinen stil ili ke bidat preneseni i restavrirani originalni kuki?
Првото




Edited by Cloverstack - 11-Nov-2010 at 01:16
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 469
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 12-Nov-2010 at 21:45
vakuv proekt sekogash ima podrujnizi i protivnizi. Spored mene voprosot ne e DALI da bide postroen , a KAK ke bide postroen.. Sekogash koga se strojat novi sgradi i kuki vo starinen stil ima opasnost da se poluchi kicheria.
Za primer - restavriranata krepost Carevez vo Veliko Turnovo vo Bg i Samuilovata krepost vo Ohrid.
Sekogash koga gi vidim tia dva obekta me izbiva jad -od 1000 kilometra se vijda deka sa novopostroeni , polna butaforia kako dekori na nekoi eftin holiwood film.
 
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 469
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Nov-2010 at 21:05
Reportaj od bulgarskoto veshtachko selo-Arhitekturno-etnografskiot kompleks,,Etara,,
Otkrito e 1964 godina , site gradbi i kuki sa preneseni  od razlichni delovi na Bulgaria i restavrirani na mesto. Site rabotilnizi sa raboteshti i vo teh se proizveduvat predmeti na bitit i suveniri
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 469
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Nov-2010 at 21:18
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 469
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Nov-2010 at 21:29
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 25-Feb-2011 at 12:23
Владата ќе плати 800.000 евра за етноселото на Водно

Роза Петкова

Осумстотини илјади евра одвоило Министерството за економија за градбата на етносело на Водно, чиишто камен-темелник ќе се постави спроти манастирот „Свети Пантелејмон“, најавуваат од Министерството за економија. Надлежните велат дека е во тек втората фаза од тендерот за избор на градежна фирма во која треба да се направи конечната селекција, а во меѓувреме се чека и одобрението за дозвола за градба од Општина Карпош. - На тендерот имаше неколку пријавени фирми за изведувач. Наскоро очекуваме тендерот да заврши, па напролет, со почетокот на градежната сезона, ќе почне изградбата на селото - вели Селвет Барути, портпарол на Министерството.
Според неа, во буџетот на Министерството за годинава се предвидени нешто повеќе од 800.000 евра за овој проект. Колку вкупно ќе чини етноселото и кога може да се очекува да заврши изградбата, надлежните велат ќе се знае по завршување на тендерот. Од 2007 година наваму, откога се најавува македонското село, Министерството на конкурс избра идејно решение, а потоа и фирма за да направи идеен, основен и изведбен проект. Подоцна Министерството направи и експропријација на земјиштето.
За локацијата, надлежната општина Карпош веќе усвои детален урбанистички план во кој го вцрта комплексот замислен како музеј на отворено, кој треба да привлекува туристи. Селото ќе биде комбинација од автентични македонски куќи, како обележје на различните региони во земјава. На површина од 15.000 квадратни метри една до друга ќе се најдат охридска, галичка, крушевска, малешевска, кратовска и други куќи. Во комплексот ќе има и занаетчиски работилници, меѓу кои ковачница, ткајачница, грнчарница, бакалница, ќе се изгради и ан, потоа ресторани, меани, продавници за сувенири, фонтана со мини-плоштад, мал музеј и амфитеатар. Замислено е да има и воденица, фурна, трло и бачило. Сите содржини ќе бидат достапни за посетителите и за туристите, кои ќе можат да преноќат во селото, а по примерот на слични вакви проекти што се веќе реализирани во соседните земји тие ќе можат непосредно да видат како се изведуваат традиционалните македонски занаети. Во меѓувреме, и од Општината најавија дека ќе го уредат просторот околу манастирот. Тие предвидоа да се изгради паркинг со поголем капацитет и хортикултурно да се уреди околината. Исто така, општинските власти планираат да го поправат и да го прошират патот од Карпош до Горно Нерези, како и да го осветлат со соларни светилки.


http://www.time.mk/read/NONE/4787986987/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3629
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 25-Mar-2011 at 12:08

ЗА ЕТНОСЕЛОТО НЕМА ГРАДИТЕЛ, А СЕ БАРА НАДЗОР


Иако дури на крајот на месецов ќе се знае дали тендерот за изградба на македонско село ќе биде успешен, од Министерството за економија распишаа конкурс за избор на фирма што ќе врши надзор на изградбата

 
 
%20  

Приватната сопственост на земјиштето е една од причините поради кои не е изградено македонското село

Министерството за економија бара фирма што ќе врши надзор за изградба на македонското село, иако сé уште не е завршен конкурсот за избор на фирма што ќе го гради. Етноселото што е предвидено да се наоѓа до манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ досега требаше да се гради, па дури и да биде изградено и ставено во употреба. Изградбата на македонското село властите ја најавуваа уште од 2007 година, но тоа досега не е изградено затоа што пет илјади квадратни метри од земјиштето и припаѓаа на Македонската православна црква, па стручните служби на министерствата за економија, транспорт и врски, култура и финансии не можеа да се договорат кој да го организира откупот на земјиштето. Втората причина е тоа што општината Карпош на чија територија требаше да се гради со години не го усвојуваше деталниот урбанистички план. Од Министерството за економија тогаш објаснија дека кога ќе се решат сите проблеми ќе се распише конкурс за изведувач и за фирма што ќе врши надзор на изградбата. Но иако конкурсот за изведувач е сé уште во тек и дали е успешен ќе се знае на 31 овој месец, Министерството распиша конкурс за надзор. Заинтересираните фирми што планираат да учествуваат имаат уште неколку дена да ги испратат финансиските понуди и рокот до кога планираат да ги изградат македонските автентични куќички.

Од Министерството за економија објаснија дека не се сигурни дали тендерот за изведувач ќе биде успешен, но дури и да не се потпише договор со фирма-изведувач, тие ќе си имаат фирма за надзор.
- Договорите за надзор се потпишуваат врз основа на процент на понудата, но во случај да имаме неуспешен тендер за изведувачи, ние ќе потпишеме договор врз основа на проценетата вредност на проектот. Ако не избереме изведувач сега, наредниот пат нема да имаме потреба да распишуваме тендер за надзор - објаснија од Министерството за економија.

Автентичното македонско село ќе се гради на површина од 15.000 квадратни метри. Општината Карпош лани го усвои деталниот урбанистички план со кој се предвидени маркички за изградба на куќи со изглед од охридскиот, галичкиот, крушевскиот, малешевскиот и кратовскиот крај. Во комплексот е предвидено да има и ковачница, ткајачница, грнчарница, дуќани во кои ќе се прават бочви, меана, бакалница, фурна и анови во кои ќе може да се преноќува.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32511924447&id=14&prilog=0&setIzdanie=22240
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.