build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонско (етно) село во Нерези

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 26-Jun-2011 at 11:03


Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1314
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 30-Jun-2011 at 12:25
Админи може смена на ознаката од "во наjава" во "веке започната градба"

Галичката куќа ќе биде највисока во Македонско село


Десет од куќите ќе имаат два ката, додека галичката и струшката куќа ќе се изградат на три нивоа. Во нив на приземје ќе бидат поставени елементи што ќе презентираат одредени занаети карактеристични за регионот. На вториот или на третиот кат ќе бидат сместени хотелски соби, кои исто така ќе содржат симболи од регионот што го претставуваат

Посетителите ќе го почувствуваат животот на село, за што ќе бидат изградени трло, штала, рибник, воденица и валалница

Странските туристи ќе можат да ги запознаат нашата традиција и нашата храна, но и да го доживеат вистинскиот амбиент на македонското село за една и пол година. Во тек е поставувањето на потпорните ѕидови за изградба на туристичкиот комплекс Македонско виртуелно село, кое ќе никне над селото Нерези, спроти манастирот „Свети Пантелејмон“.

Комплексот што се гради на падините на Водно ќе претставува уникатно етнолошко, културолошко и туристичко претставување на Македонија. Во него ќе бидат застапени кичевска, тетовска, охридска, дебарска и уште осум други куќи од различни региони на земјава. Покрај куќите, ќе има и придружни објекти, како традиционален ан, меана, етномузеј, амфитеатар, а предвиден е и посебен стопански комплекс во кој, пак, ќе бидат изградени трло, штала, рибник, воденица и валалница.

Целта е преку еден комплекс да се презентира животот низ селата во земјава, да се запознаат традициите и широката палета на занаети што биле или сé уште се застапени. Воедно во комплексот ќе има и административна зграда и пријавница, каде што ќе се пречекуваат гостите и туристите.

Посебна занимливост е што секоја куќа ќе биде изградена со камења, кои се автентични на реонот што го претставуваат. Десет од куќите ќе имаат два ката, додека галичката и струшката куќа ќе се изградат на три нивоа. Во нив на приземје ќе бидат поставени елементи што ќе презентираат одредени занаети карактеристични за регионот. Така, на пример, во куќата што ќе го претставува прилепскиот регион ќе биде поставена машина за нижење тутун, во некоја од преостанатите ќе биде поставена ковачница за изработка на филигран, додека, пак, на вториот или на третиот кат ќе бидат сместени хотелски соби, кои исто така ќе содржат симболи од регионот што го претставуваат.

Со ова на странските туристи, па и на домашните посетители ќе им биде овозможено да се запознаат со целокупниот живот низ селата, како и со богатата македонска традиција и различните занаети. Воедно посетителите и гостите ќе бидат послужувани со наши традиционални јадења, па покрај запознавањето со традицијата, ќе пробаат и автентична храна.

- Сакаме сите вредности што ги има Република Македонија да ги презентираме на едно место, симболично, за сите оние што немаат време да ја шетаат целата земја, да се запознаат со нашата традиција тука - изјави министерот за економија Фатмир Бесими на поставувањето на камен-темелникот на оваа локација.

Туристичкиот комплекс Македонско село е под покровителство на Министерството, но тоа ќе ги здружи и туристичките асоцијации, институции, кои се директно или индиректно поврзани со проектот и туристичкиот сектор. Туристичкото село треба целосно да биде готово за 16 месеци, а ќе зафаќа површина од два хектара. Слични градби досега има во Србија - Дрвен град, во Шпанија - Шпанско село, во Босна и Херцеговина - село Станишиќ. Надлежните очекуваат и овој проект, како и „Скопје 2014“, да стане главна туристичка атракција со која ќе се гордее главниот град.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=630111149211&id=14&prilog=0&setIzdanie=22318

Edited by ovaj_stariov - 30-Jun-2011 at 12:28
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 30-Jun-2011 at 15:12
Би сакал да изградат и куќа од Дојран, оној стариот пред да биде разрушен во војните. Не верувам дека има таква куќа останато, па би било добро да се направи една по фотографиите од некогашен Дојран.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 30-Jun-2011 at 15:25
Не е лошо малку и на Дојран да се навратат како Скопје 2014 - и таков некој проект во Дојран. Дојран од шо бил убаф, го викале сите Мал Солун.

А уништен е тотално во 1916-1918 поради Македонскиот Фронт.
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 745
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 30-Apr-2012 at 00:22




Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12247
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 03-May-2012 at 14:42
ФОТО ВЕСТ: Етно селото во Нерези готово до декември

Поради изминатата остра зима, изградбата на објектите во „Македонско село“ во Нерези, наместо во октомври како што беше првично најавено, ќе биде готова до декември. Потоа ќе следи изработка и уредување на ентериерот, за што дополнително ќе се бара проектант. Комплексот се простира на површина од 15 илјади метри квадратни и содржи копии на традиционални куќи од велешко, прилепско, битилско, струшко, кратовско, делчевско, беровско, кумановско, тетовско, Река, Галичник и Скопска Црна гора. Изградбата започна во јуни минатата година.

 

 

Градилиште:

Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези


Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези


Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези


Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези


Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези


Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези

Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези   Етно%20село%20Нерези

 

 

Мапа:

Етно%20село%20Нерези%20-%20Мапа

 

 

Пристап и околина:

Пристап%20и%20околина   Пристап%20и%20околина   Пристап%20и%20околина

Пристап%20и%20околина   Пристап%20и%20околина



#
Објавено на 01.05.2012 во категорија Вести.

Тагови: АК Инвест, Боград, Евро Консалтинг, Културни, Македонско село, Нерези, Скопје


http://www.build.mk/?p=14634
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 03-May-2012 at 14:46
добра фото сесија си направил
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 03-May-2012 at 17:49
Applause Thumbs%20Up
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 03-May-2012 at 20:34
Originally posted by Cloverstack


 


Мапа:

Етно%20село%20Нерези%20-%20Мапа

 


#
Објавено на 01.05.2012 во категорија Вести.

Тагови: АК Инвест, Боград, Евро Консалтинг, Културни, Македонско село, Нерези, Скопје


http://www.build.mk/?p=14634


Zosto gi nema na mapata Ohridskata i Krusevskata kuka?
Nema da se gradat ili se raboti za propust?


Edited by kultuzin - 03-May-2012 at 20:35
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 745
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 03-May-2012 at 23:21
I hope to see houses from these regions, however they are not on the map:

Prespansko





Ohridsko:







Krushevsko:





Pelagonsko (selo Bukovo):

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 06-Aug-2012 at 16:54

Во етно-селото секоја куќа со свој камен


 

Во секоја од куќите на приземјето ќе има простории на стари занаети карактеристични за тој крај, во велешката ќе има грнчарење, во галичката ќе има дегустација на галичко сирење, додека на вториот и третиот кат ќе има апартмани што ќе се изнајмуваат

 
 
%20  
Струшка, галичка, реканска, велешка, кратовска, беровска, прилепска, кумановска, битолска, скопска црна гора, тетовска, делчевска - куќи од овие краеви го сочинуваат етно-селото што се гради на падините на Водно, веднаш над манастирот „Свети Пантелејмон“. Основната идеја на проектот, чија реализација почна во јуни минатата година, е да се претстави традиционалното македонско село, начинот на живот, нашата култура, архитектура, историјата на занаети, спецификите на објектите карактеристични за сите етнички заедници во Македонија.
За да биде комплетно селото, како и секое друго, се градат и ан, меана, продавница, стопански двор, во кој ќе има рибник, воденица, валалница, трло, штала, каде што гостите можат да се чувствуваат баш како да се на село. За туристите секако ќе има и современи содржини како музеј, сувенирница, амфитеатар. Прекрасна панорама над градот, посвеж и почист воздух, селска идила, автентични градби го карактеризираат селото, кое се очекува да биде магнет за туристи. Етно-село ќе претставува модернизирана селска средина.

Горномаалска и долномаалска чешма


Куќите се направени со посебен стил за секој град. Какви куќи се граделе во Велес, таква една е изградена овде, за да им се доближи на туристите. Експерти, архитекти по неколкумесечни истражувања на терен, утврдиле на кој начин се изградени куќите, со каков материјал, каков камен, со какви прозорци, балкони и на тој начин сега ги градат. Фасадери, плочкари, ѕидари, сите интензивно работат на 18-те објекти.
- Секоја куќа е изградена со камен карактеристичен од тој крај. Еве, во Берово од беровски камен. Сите камења се со различна боја, рачно се прават камените коцки. Исто така секоја куќа има и различен чардак, некоја поголем, некоја помал. Прозорците им се различни. Сите куќи се разликуваат една од друга, и секоја е автентична на свој начин - вели Зеадин Деџети од градежната компанија „Арт проект“.
Во селото остануваат да се доработат музејот и анот, фасадите, па да почне партерното уредување, да се изгради водовод и канализација. Исто така се предвидени и чешми, горномаалска и долномаалска.
- Сѐ се одвива според предвидените рокови. Но овој објект е малку комплексен, специфичен, бара повеќе внимание, мислење од повеќе стручни кадри. Сега поради топлото не можеме да работиме на фасадата, затоа што веднаш ќе испука, но работиме на други работи што можат да се работат во вакви услови. Исто така треба да се направи и стопански двор, во кој ќе има рибник, воденица, валалница, амфитеатар, трло, штала, во моментов се истражува каде има вода, да се направи река, која ќе овозможи да работат воденицата, рибникот, валалницата - ни раскажа Благој Цанев, градежен инженер од „Ак инвест - Тетово“.
Стопанскиот двор всушност ја претставува стопанската дејност на селаните. Во секоја од куќите на приземјето ќе има простории на стари занаети карактеристични за тој крај.
- Еве, во велешката ќе има грнчарење, во галичката ќе има галичко сирење, односно дегустација на сирење. Додека на вториот и третиот кат ќе има апартмани. Каменот ќе одржува ниски температури во летниот период, но сепак во нив ќе има климатизери - раскажува Цанев.
Тој вели дека туристите уште сега кога ќе дојдат до манастирот, љубопитно гледаат во комплексот. Заинтересирани се за прошетка низ него. Очекувањата се дека во склоп со манастирот, етно-село одлично ќе функционира.

За проектот три милиони евра

И до Министерството за економија ни потврдија дека градежните активности во комплексот Македонско село се одвиваат во согласност со предвидената динамика. Во моментот се работи на правење на трлото, изведба на олуците на куќите и потпорниот ѕид, а следен чекор е дооформување на стопанскиот двор. Во моментов сѐ уште е отворена јавната набавка за избор на ентериерно решение, за која рокот на пријавување е 8 август.
- Куќите во комплексот ќе нудат можности и за преспивање на заинтересираните посетители и туристи, во рамките на комплексот ќе функционираат ан и неколку меани и ресторани со традиционална кујна и локални специјалитетите од одделни региони во Македонија.Стопанисувањето со објектите ќе биде уредено со посебен акт, во согласност со владина одлука, откако ќе се разгледаат сите опции што постојат и ќе се избере најдоброто решение, а во тој акт ќе бидат дефинирани и сите детали за управување и функционирање на комплексот - соопшти Сузана Прањиќ, портпаролка на Министерство за економија.
Плановите се до почетокот на идната година комплексот да биде целосно завршен. Реализацијата на проектот ќе чини околу три милиони евра, а за ентериерот се предвидени дополнителни еден милион.
 
   
Автор: Сања Јачевска


Edited by Cloverstack - 08-Aug-2012 at 20:57
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 25-Jan-2013 at 08:45
СЕ ФИНАЛИЗИРА ТУРИСТИЧКАТА АТРАКЦИЈА НАД МАНАСТИРОТ "СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН" НА ВОДНО


Македонија пред туристички бум, во 2013 ќе добие уникатно етно село


Со ова оригинално етно решение значително ќе се зајакне современата туристичка понуда не само на земјава, туку и на градот Скопје, а ќе се гордеат и идните генерации


Македонија во мај 2013 година ќе го пушти во употреба првото виртуелно село кое се гради на падините на Водно, спроти манастирот "Свети Пантелејмон", во близина на Горно Нерези. Со ова оригинално етно решение значително ќе се зајакне современата туристичка понуда, не само на земјава, туку и на градот Скопје, а ќе се гордеат и идните генерации, бидејќи на едно место во виртуелно село ќе има куќи со стара архитектура што ќе бидат атрактивни и за домашните и за странските туристи, но и за дипломатските претставници кои немаат време да ја разгледаат Македонија. Во комплексот посетителите ќе можат да ги согледаат нејзините вредности на едно место.

Од Министерството за економија потврдуваат дека во Буџетот за 2013 година се одвоени средства за финализација на овој комплекс.
- Конкретно во моментов се бара идејно решение за ентериерот на селото, така што реално најдоцна до крајот на првата половина од идната година комплексот ќе биде пуштен во употреба - велат од Економија и додаваат дека очекуваат тоа позитивно да влијае на економскиот раст на земјава, но и на девизниот прилив. Според нив, странските туристи сакаат нови атракции, особено спој на традицијата и модерното, а ова македонско село ќе биде најубавата туристичка атракција во земјата - жив музеј на отворено.

На површина од 15.000 квадратни метри во туристичкиот комплекс ќе бидат сместени 12 македонски автентични куќи од сите традиционални архитектонски стилови од различни региони, но ќе има и ковачница, ткајачница, грнчарница, дуќани во кои ќе се прават бочви, меана, бакалница, фурна, бунар, езерце и анови во кои ќе може да се преноќува. Финансиската конструкција на проектот е 3,5 милиони евра, а таа требаше да биде готова за 17 месеци, но доцнењето е поради ланската поларна зима кога не можеа да се реализира одредени градежни зафати, но и заради ребалансот на Буџетот.

Камен-темелникот беше поставен во јуни 2011 година кога премиерот на Владата, Никола Груевски виртуелното село го најави како еден од најубавите туристички локалитети во Македонија. Според него, проектот е уникатно етнолошко-културолошко претставување на нашата држава преку изградба на автентични куќи и објекти на едно место и во еден простор. Куќите ќе имаат стилски карактеристики од повеќе региони меѓу кои: Беровско, делчевскиот крај, кратовскиот крај, кумановскиот, скопскиот, струмичкиот, галичкиот, реканскиот, полошкиот, велешкиот, прилепскиот и битолскиот. Предвидено е да има и музеј каде што ќе биде изложен дел од етнолошкото наследство на Македонија, а ќе има простории и за одржување на прослави и симпозиуми.

Во комплексот ќе има и меана во стар стил, ан, ресторан, амфитеатар, воденица, чешма, валалница, трло, штала, рибник и други објекти во традиционален стил.
- Проектот ќе биде Македонија во мало, нашата култура и традиционалниот начин на живот, како и историјата на занаети од сите етнички групи - смета Ваљон Сараќини, министер за економија.
Низ просторот ќе се минува по калдрма, а посетителите ќе можат се запознаат со машини за нижење тутун, ковачница, ткајачница, грнчарница, изработка на филиграни, винска визба, дуќани за бочви што ќе бидат лоцирани на приземјето на објектите, а на останатите катови ќе бидат преноќиштата кои, иако во стар стил, ќе бидат изградени од модерни градежни материјали и ќе имаат термички и звучно изолирани.

Сите објекти ќе имаат приземје и апартмански дел на првиот кат, а единствено галичката, струшката и римејкот на куќата од селото Река ќе бидат на три ката.
Македонското село ќе биде оградено со ѕид од камења, а на влезот ќе има пријавница. Среде селото ќе тече чешма и каскаден поток.Туристите ќе можат да уживаат и во богатата и автентична храна.

Изведувач е тетовската фирма АК Инвест", а за надзорот е задолжен Евро Консалтинг". Проектот го изработи Боград" од Струга.
Во светот сличен проект на македонското село е шпанското село во Барселона, Дрвен град на Мокра Гора во Србија, село Станчиќ во БиХ и во Дубаи.

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A94C26B3C9B0814687BEDE2D53E377FB
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 17-Feb-2013 at 20:00
„Македонско село“ готово на лето

Министерството за економија веќе избра фирма од Тетово која за 121.500 евра ќе понуди идејно архитектонско ентериерно решение на комплексот кај Пантелејмон.

Иако проeктот „Македонско село“ првично требаше да биде готов до октомври 2012 година, подоцна доби пролонгирање до пролетните месеци во 2013 година, за сега да добие ново одложување. Министерот за економија Валон Сарачини за Фактор обелоденува дека 17-те куќи, кои се очекува да бидат уникатно етнолошко, културолошко и туристичко претставување на Македонија за неколку месеци ќе бидат во функција.

“Проектот ќе биде готов во јуни оваа година. Комплексот ќе има 17 објекти, од кои 12 куќи што ќе ја рефлектираат културата на сите региони во Македонија“, изјави Сарачини.

Според проектот, куќите ќе бидат со стилски карактеристики од Беровско-малешевскиот крај, делчевскиот, кратовскиот, галичкиот, полошкиот, прилепскиот и скопскиот регион.

Во рамките на комплексот е предвиден и Музеј во кој ќе биде изложено дел од етнолошкото наследство на Македонија, како и амфитеатар, традиционален ан, воденица, валалница, трло, штала и рибник, сите во стар традиционален стил. Во јавноста сè уште не е познат моделот на стопанисување со овие објекти. Од Владата неодамна изјавија дека сè уште размислуваат како ќе се стопанисува со меаната, работилниците, објектите. Дури и најавија дека најверојатно ќе дозволат на горните катови од куќите да се направат апартмани во кои туристите ќе можат да престојуваат, но сè уште нема одлука под кои услови тоа ќе може да се прави.

Избран е и ентериерот на „Македонско село“

Министерството за економија веќе избра каков ќе биде ентериерот на куќите. За 121.500 евра Друштвото за проектирање градежништво трговија и услуги Структуре ДООЕЛ експорт импорт од Тетово веќе изработува основен и изведбен проект за идејното архитектонско ентериерно решение на комплексот „Македонско село”.

Според информациите кои се достапни на Бирото за јавни набавки, Министерството за економија и Структуре ДООЕЛ се договориле со преговарање без објавување на оглас бидејќи истата фирма победи на Конкурсот за избор на архитектонско ентериерно решение за комплексот. Во конкуренција на уште четири други автори, ДПГТУ Структуре ДООЕЛ експорт импорт од Тетово победи на конкурсот за што од Министерството за економија доби награда од 400.000 денари (6.500 евра).

„Македонско село“ се очекува да биде туристичка атракција не само за домашните, туку и за странските туристи. Основната идеја на проектот е да се претстави традиционалното македонско село, начинот на живот, културата, традиционалната архитектура, историјата на занаети, спецификите на објектите карактеристични за сите етнички заедници во Македонија. Комплексот почна да се гради во јуни 2011 година.

http://faktor.mk/archives/29924
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 21-Apr-2013 at 11:06
Погледнете ја Македонија во мало на падините на Водно (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонското виртуелно село е уникатен проект во кој не само што се гради по теркот на старите македонски градители, туку е замислено и така да живее - планирано е да работат и валалница, воденица и рибник.





Македонија во мало, распослана на повеќе од 4.000 квадратни метри, наскоро ќе заживее на само дваесетина минути од центарот на Скопје. Тоа е „Македонското виртуелно село" над манастирот Свети Пантелејмон на Водно, кое со изградените 15 автентични традиционални македонски куќи се очекува да стане туристичка атракција за странските и за домашните гости.

Мајсторски се направени, нема збор – сите куќи до една велешка, прилепска, струшка, галичка, беровска, тетовска, кумановска, кратовска, реканска, скопска (Скопска Црна Гора)... За тоа се заслужни работниците на тетовската градежна фирма „АК-Инвест-Тетово".

Добрата вест за градителите на македонското село на Водно денеска ни ја кажа нејзиниот директор Агрон Нухиу, кого го затекнавме на градилиштето. „Ак–Инвест–Тетово" од завчера е добитник на наградата „Голден", која се доделува за квалитет во областа на бизнисот и иновацијата (БИД) на манифестација во Женева. Оваа тетовска фирма за околу 15 месеци изгради 20 објекти во селото. И денеска работниците ги затекнавме во работа. За покривање на галичката и за струшката куќа се носеле плочи од Албанија, инаку претежно се користел камен од македонските каменоломи.

Директорот Нухиу вели дека до 1 јуни треба да завршат градежните работи во селото и откако ќе се опреми ќе може да ги отвори вратите за туристите.

На влезот од селото (наспроти манастирот Свети Пантелејмон) ќе има пријавница за гостите и продавница за сувенири.

Македонското виртуелно село е уникатен проект во кој не само што се гради по теркот на старите македонски градители, туку е замислено и така да живее. Во таканаречениот економски двор планирано е да работат и валалница, воденица и рибник. Водата од резервоарот над селото прво ќе се слева во рибникот, па во воденицата, а потоа и во валалницата. Приземјето на куќите ќе биде резервирано за занаетчиите. Како дел од комплексот се изградени музеј во кој ќе биде изложено етнолошкото наследство на Македонија, ан и голема меана.

Денеска на мартовското сонце ударнички се работеше, ама има уште за дотерување. Откако ќе завршат сите градежни работи, ќе почне внатрешното уредување и опремување со мебелот. Изградбата чини 4,5 милиони евра, башка се опремувањето и внатрешното дотерување.

Кој и како ќе го стопанисува Македонското село на Водно сè уште нема конечна одлука. Извесно е дека меаната, занаетчиските работилници, собите за туристите ќе се издаваат под закуп, но не се знае по кои услови и по кои цени.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/poglednete-ja-makedonija-vo-malo-na-padinite-na-vodno-0#17



Edited by kultuzin - 21-Apr-2013 at 11:08
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1833
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 21-Apr-2013 at 12:44
Ke zivee li nekoj vo ovie kuki?
Back to Top
NoName View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Jan-2013
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote NoName Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 22-Apr-2013 at 07:47
Originally posted by Denko

Ke zivee li nekoj vo ovie kuki?


Да. Ќе има луѓе во народни носии кои ќе бидат таму нон стоп, а посетителите ќе смеат да им фрлаат смоки.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13434
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 18-May-2013 at 12:23
Сликиве се од март, а се преземени од Република.мк





За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 18-May-2013 at 14:34
сум посетил вакво слично село во Германија и по кажување на домаќините селото како туристичка атракција било второ најпосетено во цела земја.Не беше ништо нарочито,слично како селата во македонија од постара градба.Покажани беа кокошарници,се чудеа дека на приземјето порано ги чувале животните(кај нас е сеуште така),како приготвувале храна дирекно на огнот среде соба!!!!! и слично
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 18-May-2013 at 17:00
Јас го посетив манастирот Пантелејмон пред неколку дена и видов дека активно се работи на селото,но до отварање не верувам дека ќе стигнат на 1ви јуни.
Проектот и идеата мене многу ми се допаѓаат, доколку го менаџираат убаво за кратко време би ги вратиле парите.Заборавив дали кажаа кој ќе стопанственува со објектите?
Се надевам дека има простории за сместување на гости бидејќи би било едно од најубавите места за оддржување на семинари и други видови групни активности со престојување од по неколку дена и служење на традиционална македонска храна
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 18-May-2013 at 18:24
Мислам дека ќе има можност за сместување, но дали ќе има сали за семинари тоа незнам.До први јули беше најавено дека ќе се заврши со градежните работи додека ентериерното уредување ќе лапне уште една година.се на се бо требало некаде Мај или Јуни 2014 да биде готово (овде на билд вести има побегне текст). Околу стопанисувањето мислам дека досега немало конкретни информации, но не сум сигурен.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.