build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Турска чаршија Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12036
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 27-Sep-2009 at 13:46
21


22


23


24


25

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 27-Sep-2009 at 19:53
Малце сонцето ти идело незгодно, инаку фина серија Thumbs%20Up
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 27-Sep-2009 at 23:34
убави фотки кловер, но се гледа дека еден од главните симболи на градов се повеќе пропаѓа
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 27-Sep-2009 at 23:58


А по што тоа се гледа?
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 28-Sep-2009 at 10:02
Можеби понекои од куќичките изгледат пропаднати ама сепак се добро си изгледа, фала кловер.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 28-Sep-2009 at 10:25

еркондишн фасади во културно-историки заштитен простор! чаршијава ептен излгледа ко урбанизирано гето со тоа пластиките од еркондишни и тенди, фали уште да ја покријат со плексиглас настрешници и да завршиме работа до крај! добро не е на одмет да се распостелат и весели неонски реклами или пак уште некоја арка да се крене во близина, но така би дошло крај до коска!

но дури и строго да се постави општина чаир во однос на екстериерот, ве поздрави ентериерот! 


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 28-Sep-2009 at 20:44
Originally posted by pbanks



А по што тоа се гледа?
по работите кои милион пати ги имаме наведено како проблеми, дел од нив ги кажа макс
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9042
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 28-Sep-2009 at 20:51


Да но тоа е различно од се повеќе пропаѓа. Ситуацијата е статус кво со години, не сум видел ниту видно влошување ниту подобрување.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 12-Oct-2009 at 21:49
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 14-Nov-2009 at 20:21
Nekoja si manifestacija ima, i mi se dopaga ova objektov gore sto e rekonstruiran se na drvo.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 15-Nov-2009 at 01:22
мене всушност повеќе ми се допаѓа поранешниот изглед што е на слика 25 на странава, со дрвените капаци на прозорите, многу пооригинална беше и повеќе се совпаѓаше со имиџот на чаршијата
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 31-Jan-2010 at 22:08

Чаршијата конечно во агендата на Владата

Програмата за ревитализација на скопската Стара чаршија предвидува и отворање мали бренд-продавници, пансиони, мини-студентски резиденси, апартман-ателјеа за уметници со продажни галерии...

Зачувувањето на традиционалните занаети преку формирање центар за развој на занаети, воспоставување меѓународна културна соработка со градовите што во минатото имале трговски и друг вид врски со Скопје, како што се Дубровник, Венеција, Истанбул и формирање туристички информативен центар се само дел од активностите предвидени во Програмата за ревитализација на скопската Стара чаршија. Ја изработи Националниот совет, во согласност со Законот за прогласувањето на Старата скопска чаршијата за културно наследство од особено значење. Владата на Република Македонија, на предлог од Националниот совет, треба да донесе петгодишна програма за ревитализација на скопската Стара чаршија во рок од шест месеци по стапувањето во сила на овој закон. Законот е донесен на 13 октомври 2008 година.

Оваа програма наскоро ќе биде презентирана и пред јавноста.

- Во моментов се преземаат повеќе активности во насока на создавање на предуслови за спроведување на Програмата за ревитализација на скопската Стара чаршија и за менување и усогласување на законската регулатива. Во тек е и постапката за формирање управувачки структури во кои ќе членуваат и претставници на локалното население, на занаетчиите и на сите засегнати страни, кои по која било основа имаат интерес во управувањето со скопската Стара чаршија. Исто така, се изработува и Стратегија за развој на туризмот и занаетите од страна на Министерството за економија, а во Националниот конзерваторски центар е формирана организациска единица, надлежна за работите поврзани со скопската Стара чаршија - информира Анита Јовановска, портпарол во Министерството за култура.

Од Министерството за култура велат дека, според Програмата, е предвидено скопската Стара чаршија да заживее и со отворање мали ресторани со традиционална храна, мали бренд-продавници, пансиони, мини-студентски резиденси, апартман-ателјеа за уметници со продажни галерии...

- Активности ќе се преземат и во однос на културна ревитализација на скопската чаршија преку установување Ден на чаршијата и донесување посебна програма за културни настани, велат од Министерството за култура.

Оттаму објаснуваат дека со овој документ се опфатени сите аспекти, неопходни за зачувување на идентитетот на Старата чаршија, спречување на какви било деструкции, но и нејзината афирмација и понатамошен развој во рамките на урбанистичките планови.

Според Министерството за култура, Програмата проектира и механизми за подигање на свеста на граѓаните. На многу ниско ниво е однесувањето кон физичките вредности на просторот на Чаршијата, како и сознанијата за потенцијалот на Чаршијата од економски, културен, стопански и друг аспект.

- Тие треба да помогнат да се воспостави одговорно однесување во однос на просторот, во однос на заштитата, како и стимулирање за висококвалитетни архитектонски реализации при интерполирањето во старото ткиво во менаџментот со услугите и во квалитетот на производите (гастрономија, туризам, дизајн, анимација, култура и сл.). Едукацијата ќе мора да е насочена особено кон ресурсниот економски потенцијал на Чаршијата како културно наследство, нагласуваат од Министерството за култура.

За финансирањето на активностите, предвидени со Програмата, се планира формирање посебен фонд за ревитализација на скопската Стара чаршија од сите инволвираните страни.

Врз основа на Програмата ќе се изработуваат акциони планови што ќе овозможат трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и другите научни и културни вредности на Чаршијата.

Програмата за ревитализација на скопската Стара чаршија е изработена под раководство на претседателот на Националниот совет, Јасмина Хаџиева-Алексиевска, архитект, професор на Архитектонскиот факултет.

Во процесот на изработка на Програмата се вклучени и стручни лица од соодветни институции и истакнати поединци. При изработката на оваа програма се земени предвид странските компаративни искуства на земји што веќе донеле вакви слични акти.

Анела Петрова


Не смее да се менува урбаната структура на Чаршијата

Законот за прогласувањето на скопската Стара чаршија за културно наследство од особено значење предвидува три контактни зони за скопската Стара чаршија: кај ТЦ „Мавровка“, стоковната куќа „Мост“ и Дуќанџик, а во неа се забранети повеќе активности. Во Чаршијата не смее да се менува постојната урбана структура, односно уличната мрежа, потоа големината на блоковите и парцелите, отворените простори. Не смее да се градат или да се внесуваат индустриски и слични капацитети што загадуваат, да се подигаат меморијални споменици и спомен-обележја што не се поврзани со настанувањето и развојот на Старата чаршија, како и да се врши ископ на темели или визба, ниту да се изведуваат кој било друг вид земјени или градежни работи без претходно спроведување заштитни археолошки истражувања.                                                                                                                             http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9B68C8D78FBA9C489D95558111056CBE    

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 05-Nov-2010 at 22:33
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 05-Nov-2010 at 22:52
Аууу, чоек, Les Montmartre!

Edited by OKA - 05-Nov-2010 at 22:55
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 05-Nov-2010 at 23:23
Mitat те молам пред да поставуваш вакви слики,стави едно предупредувaње,да не добие некој срцев удар од воодушевување

Поздрав,само продолжи вака
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 05-Nov-2010 at 23:39
хахах , warning.... red alert BIIIIIPPPPP =).
Навистина тешко изводливи се нокните фотки, но ако го фатиш моментот навистина е големо воодушевување.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 12-Jan-2011 at 11:27

Скопското маало повисоко од грбот на камила

Постои во Скопје едно маало кое го викаат маало повисоко од грбот на камила. Кое е тоа необично маало и зошто така го викаат? Приказната е многу интересна и многу стара, и се протега далеку во минатото. Но и во нашата сегашност. Зошто името се поврзува со камила, и дали во Скопје некогаш имало камили?
Маалото е мултиетничко, и кога се зборува за соживотот на етникумите во Скопје, тоа е најдобриот пример, особено пред земјотресот и пред расчистувањето на тој дел од градот за отворање на булеварот кој води кон хотелот "Континентал". Го опфаќа просторот околу Иса-бег џамијата. Иса е третиот краишки војвода или заповедник на Скопје, по неговиот дедо Игит-паша, и таткото Исак-бег.
Последните истражувања укажуваат дека тој со неговата војска тргнал од Скопје и учествувал во освојувањето на Цариград во 1453 година. Бил миленик на султанот, и ги контролирал Дубровчаните кои главно, преку Скопје, тргувале со Истокот. Со ова маало и со оваа историска личност се поврзани многу значајни настани и градби. На тој простор се наоѓала една од најголемите библиотеки на Балканот во тоа време, која содржела книги од областа на граматиката и поетиката, медицината, филозофијата, на природните науки. Таа е опожарена за времето на Пиколомини, а нејзините остатоци можеле да се видат сè до почетокот на дваесеттиот век. Медресата била надалеку позната и во неа предавале познати професори.

Џамијата е подигната во 1475/6 година, а судбината на бегот е многу необична, бидејќи не се знае каде е погребан (Скопје или Сараево), и кога починал. Се смета дека загинал во крвавата битка меѓу Унгарците и Турците на Лебното Поле каде што, како еден од четворицата водачи на турската војска, се споменува и Иса-бег. Во дворот на џамијата се наоѓа многу стар чинар, кој е споменик на културата, има над петстотини години, а засаден е уште за време на изградбата на џамијата. Чинарот и денес му дава посебна убавина и патина на целото маало и на целиот тој крај. Инаку, куриозитетно е што оваа џамија има две карактеристики кои ја разликуваат од другите во градот - минарето нема темел, тоа израснува од самиот објект, и има две големи полукружни куполи. 
Ритчето што се спушта од Саат-кулата оформува едно возвишување кое потсетува на грб од камила. Тука некогаш поминувала маалската калдрма, и нејзиното искачување и спуштање низ ритчето создавало необична слика. Затоа, кога мештаните ќе ги запрашале од кое маало потекнуваат, тие одговарале: "Од маалото каде што минарето е без темел, а калдрмата повисока од камила". Инаку, маалото се нарекувало и Исакие евлери.
Спомнувањето на камили во Скопје не е случајно, бидејќи нив ги имало речиси низ целата негова историја. Како град на трговијата и град крстосница, карваните со камили биле секојдневје. Затоа ваквата споредба не е само фигуративна туку е резултат и на она што конкретно можело да се види во градот. Но посебно е интересен фактот што не станувало збор само за карвани кои попатно минувале туку и за оние кои биле формирани во Скопје и во другите македонски градови, со автентични кираџии, кои биле мештани Македонци. Како се случило тоа?

Ваквите карвани со камили се поврзуваат и со времето на Наполеон, од почетокот на деветнаесеттиот век. Во тоа време, Франција, поради разните блокади, имала големи потреби од увоз на памук. Ние знаеме сè за Патот на свилата, но малку знаеме за нашиот автентичен Пат на памукот или Белиот пат. Како што забележале постарите хроничари, извозот на памукот се организирал и од Македонија кон западноевропските земји. Карваните со кираџии се оформувале главно во градовите во внатрешноста, а нивната патека била следната: тргнувале од околината на Струмица, потоа, преку Велес, стигнувале до Скопје, а оттаму кон Запад. Подоцна, по овој Бел пат се пренесувала и друга стока произведена кај нас, со што Скопје станал доминантен трговски центар. 
Сите карвансараи во градот биле со високи влезни порти, за да можат низ нив да поминат натоварени камили. Во близината на маалото за кое зборуваме се наоѓал карвансарајот Капиџи-Баши Синан. Затоа во народот останала поговорката "Ако се дружиш со камилар, треба да имаш високи порти". Оваа традиција на карвани со камили останала многу долго во Македонија. Забележан е податокот дека последните камили од ваквите карвани му биле продадени на еден чешки циркус дури во 1937 година.

Данило Коцевски

http://www.vest.com.mk/?ItemID=CD2B2222B17EE04987B2466EA3F53E42

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 12-Jan-2011 at 19:25
Одлични интересни факти, тој дел исто така бил еден од постарите делови од Скопје, жално али после земјотресот ништо од нив не се реставрирало имало слични дрвени куќи како што ден денес ги реставрираа во охрид, баш сега ке побарам неколку фотки за да видите какви убави куки имало низ тој дел, се сеќавам дека таа сликата 2-ра по ред во оваа статија сеуште постои.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
IGrr View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote IGrr Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 21-Mar-2011 at 15:09
igorius,

Mozes li da mi kazes od koja kniga gi izvadi starite mapi?
Konkretno me interesira starata karta na Skopje (http://img43.imageshack.us/img43/6898/85717532.jpg)
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 13-Oct-2012 at 17:17
неделава прошетав низ чаршијата после доста долго време

















































Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.