build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Обнова на Офицерскиот дом

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Обнова на Офицерскиот дом
    Posted: 20-Nov-2007 at 03:51
Od Dnevnik

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ

Виолета Аларова ја блокира изградбата на Градска куќа

Со новиот урбанистички план, наместо Градска куќа, на плоштадот е предвидено да се гради комерцијален објект, велат од Градот

Со новиот детален урбанистички план за Малиот ринг, маркичката за изградба на Градска куќа на плоштадот е пренаменет за објект за комерцијални цели, па неизвесно е дали проектот ќе биде реализиран - на ова предупреди архитектката Љубица Петревска, претставничка од Градот Скопје на трибината посветена на изградбата на Градска куќа. - Градот Скопје ја изгуби моќта да одлучува за локациите откако, со децентрализацијата, надлежностите од областа на урбанизмот им се пренесени на општините. Моментно, во ниту еден детален план на територијата на Град Скопје не е предвиден простор за изградба на Градска куќа - рече Петревска на трибината што градските власти во петокот ја организираа во Музејот на град Скопје, во рамките на одбележувањето на празникот 13 Ноември.

Најновиот урбанистички план за строгиот центар на Скопје, чиј предлагач е градоначалничката Виолета Аларова, Советот на Општина Центар го донесе пред три недели. Нејасно е како Градската куќа се претворила во комерцијален објект, кога веќе се изработува главен проект за обнова на Офицерскиот дом, според конкурсот што во јануари годинава го распиша Министерството за култура. Во обновениот Офицерски дом треба да се смести кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, Матична служба за венчавање итн.

Архитектите што учествуваа на трибината заклучија дека Градската куќа треба да биде изградена на плоштадот Македонија, според примерот на многу европски метрополи и дека е срамно за Скопје што веќе 40 години не успева да го реши прашањето за објект за градската администрација.

- Јас се прашувам дали ние имаме Град, односно некаква градска функција. Можеби имаме служби и градоначалник, но градската функција едноставно како да е перманентно тргана настрана. Политиката на делење на градот на десет општини, всушност, ја растури идејата за јака градска функција - рече архитектот проф. Ѓорѓи Константиновски.

Претставничката на Градот, Петревска, истакна дека иницирале измени на Законот за Град Скопје, за да вратат некои надлежности, со што очекуваат дека состојбите ќе се сменат.

Архитектката Анета Христова потенцираше дека кај нас не постои основна стратегија на едно ниво за да се осмисли и организира просторот.

Обидите на Градот да го решат прашањето за свој објект датираат од 1966 година, кога е распишан меѓународен конкурс за урбанистичко-архитектонско решение на Градската куќа. Првонаграден бил трудот на архитектот проф. Едвард Равникар, но не дошло до реализација бидејќи, по земјотресот, приоритет имале шесте капитални објекти: Транспортниот центар, Универзитетскиот кампус, Културниот центар, Домот на спортистите - кој требало да се гради кај денешниот Олимписки базен, Поштата и зградата на ЦК, односно на Владата. Во 1978 година повторно е распишан анонимен конкурс за Градска куќа, на кој првата награда била доделена на група автори предводени од проф. Ѓорѓи Константиновски, но објектот не се реализирал.

Амбицијата за објектот стагнира до 2004 година, кога е распишан конкурс за реконструкција на Старата железничка станица, во која поранешниот градоначалник Ристо Пенов сакаше да ја смести градската администрација. Тогаш немаше прва награда. Советот на Град Скопје во 2005 година донесе Одлука за изградба на Градска куќа, за која беа понудени четири локации, од кои плоштадот е избран како најповолна. Годинава обврската за изградба на Градската куќа ја презеде државата, односно Министерството за култура.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Dec-2007 at 00:34
Еве да го ставиме и каталогот што го објави министерството за култура. Имате краток вовед со корисни информации и ги имате сите трудови, вклучувајќи го и победничкиот.





Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Dec-2007 at 15:36
Воопшто не ми значи кое место го освоил проектов, зашто изгубив секаква доверба во „жирито“ после оној испадот со Меморијалната куќа за Мајка Тереза... Вреди да се спомне, иако личи на хибрид на ајпод и random форма...






Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Dec-2007 at 15:57
Originally posted by La Linea

Воопшто не ми значи кое место го освоил проектов, зашто изгубив секаква доверба во „жирито“ после оној испадот со Меморијалната куќа за Мајка Тереза... Вреди да се спомне, иако личи на хибрид на ајпод и random форма...


Јас сепак ќе ти кажам, тоа е словенечкиот проект, кој беше откупен ради тоа што (пази го сега ова), првонаградениот труд на Мангаровски (кој е практично реплика на офицерски + една стаклена купола) немал добро решен ентериер... Па сега ќе правеле комбинација од надворешноста на офицерски и ентериерот на словенечкиов проект Nuts Мене ова никако не ми е јасно... Се сомневав дека е воопшто вистина, ама тогаш сите извори така пренесоа...

Инаку според мене словенечкиов проект е дефинитивно добар сам по себе, ама пак ги имаме старите проблеми околку неговото вклопување, зашто немаме генерален концепт како треба да изгледа ниту главниот плоштад, туку само нафрламе разноразни објекти околу. Без никаква визија... Ohno


А за мајка тереза боље не ме чепкај Suicide
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 395
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Dec-2007 at 20:41

На нет најдов еден проект.....перфектен би бил за градска куќа у Скопје. Можеби не би се вклопил во околината толку....али знаете како му пасуе на трифчо ко градски татко? уфф....милина....а башка има и патриотски бои Smile

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Dec-2007 at 20:46


LOL
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Dec-2007 at 20:46


Па навистина, Вангел Божиновски (спорниот проект за спомен куќа на Мајка Тереза), веројатно би кокурирал со нешто такво. Само малце повеќе би го накитил со разноразни детали од неговиот арсенал...

Stern%20Smile


Edited by Cloverstack - 08-Dec-2007 at 20:47
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Dec-2007 at 04:06
Дали Вангел Божиновски вклучил и WC во спомен куќата? Зошто кога ке ја видам таа наказа, ќе морам да се олеснам некаде.


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Dec-2007 at 16:08
Originally posted by La Linea

Дали Вангел Божиновски вклучил и WC во спомен куќата? Зошто кога ке ја видам таа наказа, ќе морам да се олеснам некаде.


Нејќам ни да помислам дека тој проект навистина ќе се гради. Тоа архитектонско чудовиште мора некако да се спречи!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Dec-2007 at 16:10
Ќе го пуштиме Велија Рамковски да напраи некоја нова брутална петиција, да им влезе со багер дома на луѓето и да им земе потпис. Си има он методи
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Feb-2008 at 09:07
Добра вест . Се надевам дека Министерството за култура ќе има што повеќе проблеми од овој тип па може во меѓувреме ќе ни дојде памет. Посебно држам палци за Мајка Тереза и за Црквата.

ОФИЦЕРСКИ ДОМ НЕМА ДА биде обновен ГОДИНАВА

Заглави изградбата на Градска куќа

Од Министерството за култура велат дека чекаат да заврши процесот за денационализација на мала соседна парцела, по што ќе почне изградбата

Проектот за обнова на Офицерскиот дом е готов, но никој годинава не предвидел пари за почеток на изградбата. Во буџетот на Министерството за култура нема ставка со доволно средства за воскреснување на репликата на овој објект, кој беше оштетен, а потоа урнат по земјотресот во 1963 година.  Предвидени се само два милиона денари, односно 32.000 евра. Новиот Офицерски дом, како што најави Владата, треба да биде Градска куќа, односно седиште на градската администрација, која со децении работи во бараки на „Илинденска“, кај Градски парк. Како можен датум за почеток на изградбата беше најавен ланскиот септември, но работите заглавија. Од Министерството за култура не велат дека немаат пари, туку дека целата работа заглавила кај денационализација на соседна парцела. Останаа куси за одговор до каде е предметот и дали скоро ќе заврши, а не објаснија ниту дали денационализацијата ја зафаќа и парцелата на која треба да се гради Градската куќа. Александар Ѓорѓиевски, советник за односи со јавност во Министерството изјави дека проектот според кој треба да се гради е приспособен по забелешките што лани му беа дадени на авторот.

- Сега во Министерството за финансии се решава сопственоста на мала парцела во постапка за денационализација. Изградбата ќе почне по завршувањето на постапката - кажа Ѓорѓиевски.

Проектот за изградба на Градската куќа на плоштадот Македонија лани по јавниот конкурс му беше вратен на доработка на професорот Коста Мангаровски. Објаснувањето беше дека неговиот предлог не соодветствувал доволно со намената што треба да ја има објектот, како седиште на градските власти. На конкурсот не беше доделена прва награда, затоа што Комисијата што ги разгледуваше осумте проекти оценила дека ниту еден предлог не ги задоволува барањата за автентичност и за функционалност на објектот. За проектот на Мангаровски беше кажано дека е најдобро решение кое потсетува на стариот Офицерски дом. Идејата за изградба на нова Градска куќа потекнува уште од 1966 година, кога бил распишан и првиот меѓународен конкурс. Имало првонаграден труд, но до реализација не дошло, бидејќи Градската куќа не влегла во шесте капитални објекти за кои политичките власти во тоа време сметале дека треба да се градат. Првонаградениот труд предвидувал репрезентативно здание на плоштадот Македонија. Оттогаш биле распишани уште неколку конкурси, а имаше идеја Градската куќа да се смести во објектот на Старата железничка, кој требаше да биде обновен за таа намена. Во новата Градска куќа освен кабинетот на градоначалникот на Скопје и дел од градската администрација, предвидена е и матична сала за венчавање и други содржини.

Јорданка Ивановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2518A8EB2A994843977B7C7511D3EF0D
Back to Top
JoAnS View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote JoAnS Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 18-Apr-2008 at 19:45
Puke
 Dali ima nekoj pretstava koj e genijalecot na ova delo, koj go utnal vremeto so rimskata imperija. Ovaa "unikatnost" se najde, ne znam kako na ovogodinesnoto bienale i pretstavuva resenie za gradskata kuka.
Nekako vo guzva go pominav bienalevo i ne go zabelezav imeto na avtorot, ako nekoj ima takov podatok ke ve molam da mi go prati.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11802
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 18-Apr-2008 at 19:49


Не знам кој стои зад ова дело, ама наслушнав дека всушност се работи за некој вид протест, потсмев, нешто во тој стил...

Не знам дали навистина е така.


Edited by Cloverstack - 18-Apr-2008 at 19:49
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4390
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Apr-2008 at 20:20
ај римско ама и американско е пази друго
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
JoAnS View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote JoAnS Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Apr-2008 at 20:25
Добро со оглед на тоа дека американското е од римското.......
пошо фала богу они немаат свое.....
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4390
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Apr-2008 at 20:30
е имат, ама мислам дека сенатот во форма на tepee (оние шаторчињата индијански) немаше да ги собери сите сенатори па зато римското решение...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
JoAnS View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote JoAnS Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Apr-2008 at 20:36
Rollin
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Apr-2008 at 21:02
mene mi se dopaga objektov, ali ne na toa mesto ) , obicno sum ljubitel na starata rimska arhitektura ne za drugo 
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Apr-2008 at 01:08
@Clover Мене ми личи ко типов да прави пародија. А доби 3 место хахаха

Така ми изгледа или оние столбови измеѓу само седат така колку да пополнат простор. Како да не подржуваат ништо. 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
JoAnS View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote JoAnS Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 19-Apr-2008 at 13:37
Previous
Да се надоврзам на коментарот на Митатос.......
Римската архитектура си има свои премногу големи удели во севкупната денешна архитектура, така да не ни сакам да коментирам за нејзината убавина...........сакам да кажам дека како што кажа (не на тоа место), секако се согласувам дека не треба да стои на тоа место.....туку 2000 и кусур години уназад.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.