build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонски народен театар (Стар театар)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 60>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8506
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Македонски народен театар (Стар театар)
    Posted: 08-Dec-2007 at 00:10
Најава за проектот. Вест, 26.10.2006



Рендери



Оригиналниот изглед



Локација



12.02.2007

1

2

3



Edited by pbanks - 20-Aug-2008 at 22:05
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8506
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Dec-2007 at 00:11
конечно

Култура



Започна изградбата на новиот МНТ

По речиси една година од удирањето на камен-темелникот, конечно, вчера почна изградбата на карабината на театарот

ЛИЛЈАНА МИТЕВСКА


Започна градбата на новата зграда на Македонскиот народен театар која го носи ликот на стариот скопски театар. По серија на административни процедури и одолговлекувања, откако на почетокот на годинава беше удрен камен темелникот на театарот, конечно, вчера започнаа градежните работи околу подигањето на карабината на театарот.

„Завчера попладне од градот Скопје ја добивме дозволата за градба која се однесува на новата маркица за театарот со проширени димензии и дозволата за сообраќајно решение на просторот околу театарот, со што сите пречки беа отстранети и со градежните работи стартувавме веднаш“, вели државниот секретар во Министерството за култура, Елизабета Канчева Милевска.

Подигањето на карабината на театарот доцнеше речиси цела година, што наиде на сериозни критики во јавноста. Од Министерството за култура во овој изминат период информираа дека доцнењето е резултат на превидот направен во претходната гарнитура во Министерството за култура кога било избрано идејно решение за театарот со поголеми димензии од локацијата. Поточно, во тој период, градбата на театарот беше планирана на другата страна на Вардар, а не на неговата оригинална локација спроти градскиот плоштад, на левата страна на Вардар. По смената на локацијата се покажало дека димензиите на маркицата за оригиналната локација на театарот се помали и не соодветствуваат на идејниот план. Најнапред било предложено архитектот Јован Стефановски – Жан да направи измени на идејниот план и тој да влезе во одредените димензии, но новата верзија на театарот била премала за потребите на еден национален театар. Затоа, решено е да се задржи оригиналното идејно решение на Стефановски, а да се побара измена на деталниот урбанистички план, добивање маркица со соодветни димензии и дозвола за градба за оваа проширена локација.

Инаку, Министерството за култура веќе поседуваше дозвола за градба која се однесуваше на маркицата со помали димензии, која што, како што велат од Министерството за култура, додека се чекаше на новата маркица и дозвола за градба, беше искористена за завршување на сите останати работи и објава на тендери, со цел откако веќе ќе се почне со градбата да нема застои во работењето, бидејќи поголемиот дел од фирмите кои ќе учествуваат во изградбата се веќе познати.

Подигањето на карабината на театарот го врши фирмата „Бетон“ од Штип. „Според договорот карабината треба да биде готова во рок од 9 месеци, а во меѓувреме може паралелно да се работи и на поставување на инсталациите, бидејќи тендерите се завршени. По карабината и инсталациите следи работата на сценската техника и сите оние поестетски димензии“, вели Елизабета Канчева Милевска. Таа верува дека и покрај одолговлекувањето на подигањето на карабината, првично поставениот рок за изградба на театарот, до крајот на 2009 година, нема да биде пробиен.

Изградбата на театарот, според Милевска сигурно ќе чини над 6 милиони евра. „Тогаш најавените 6 милион евра се однесуваат само на архитектонскиот дел, а во оваа сума не се влезени средствата за сценска техника, механика и акустика... Буџетот за театарот сигурно ќе биде поголем“, вели Милевска.

Инаку, иако новиот МНТ екстериерно и ентериерно ќе наликува на стариот скопски театар, од технички и просторен аспект тој ќе биде осовремен. Театарот ќе има две сцени од кои главната театарска сала ќе биде со капацитет од 756 седишта, а малата алтернативна сала ќе има 236 седишта.


Извор: Утрински весник


Edited by pbanks - 08-Dec-2007 at 00:11
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11547
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Dec-2007 at 02:15


Оптимистички најави... После онаа бламажа со маркицата (без разлика кој бил крив), би било супер да се извадат на овој начин.

Инаку мене ме става во мисла капацитетот од 756 седишта. Немам ориентација дали е тоа доволно за нашиот иден национален театар. Знае ли некој колкав е капацитетот на постоечките театри во Скопје или во други градови за да споредуваме?

Друга работа на која што сум наишол е дека сцената на стариот театар била мала и нефункционална, па не би можело на неа да се поставуваат некои модерни претстави. Ме интересира дали е тоа решено поволно во новиов проект...
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Dec-2007 at 02:37
„Овој театар претставува заживување на овој дел од градот и повторно враќање на сјајот на старо Скопје, опишано како најевропски град на Балканот од многу патеписци во тоа време.“ - Култура.гов.мк (Да, сигурно по европски од Загреб, од Букурешт, од Софија, од Белград)

Дали е до мене, или старо Скопје прераснува во кич? Онакво, типично македонско хиперболизирање?
   
    Бил мал град со архитектура типична за тој период, бил многу сличен со некои српски   градови, коритото на Вардар не било контролирано, па поплавите биле чести. Едноставно не е ништо посебно, (освен Офицерскиот дом и Народната банка) кои многу добро го пополнувале тој празен простор на плоштадот...

А, за театарот конкретно.... оф леле. Ќе го врателе сјајот. Со среќа околу тоа. Ohno

Досега немам видено никаде да се гради било каков објект по вистински модерни критериуми - ниски емисии на јаглерод диоксид, користење сончева енергија, стаклена фасада, да се добие чувство на простор, „мини градини“ во внатрешноста, wi-fi технологија...
  Скопје по 63 е замислен како Бразилија, да биде град на иднината, по современи архитектонски трендови и град со визија. Во таков град, не знам како еден театар како стариот ке се вколпи
Единствена полуостварена успешна приказна е Македонската филхармонија... niceApplause

Како за споредба

Хрватскиот театар совршено со вклопува во околината

 


4-то место на конкурсот за Филхармонијата(ништо посебно, ама сепак визионерски до некаде)

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11547
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Dec-2007 at 02:44
Originally posted by La Linea


Дали е до мене, или старо Скопје прераснува во кич? Онакво, типично македонско хиперболизирање?


Не е до тебе, тоа е факт. Јас би го окарактеризирал повеќе како фетиш. А за некои и шанса да се прават големи познавачи во сфера за која знаат многу малку. Кога самите тие би знаеле колку се провидни и колку смешно изгледаат од страна Roll%20eyes


А за твојата дилема како ќе се вклопи театарот, мислам дека уште одамна го изгубивме компасот за некаков концепт во врска со изгледот на градов. Театарот и ќе се вклопи како-така, ама има работи кои ме плашат многу повеќе... Wallbash


Edited by Cloverstack - 19-Apr-2008 at 08:06
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8506
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Dec-2007 at 12:18
@Clover ако е да им се верува на медиумите проектот кој ќе се гради ги нема техничките недостатоци на оригиналниот театар и е доволен за потребите на Скопје...

@La Linea "Старо Скопје" од една симпатична приказна е одавна прераснато во хипербола и кич. Јас лично се надевам (го напишав скоро истото во еден друг пост) дека со реконструкција на овие неколку објекти ќе се ослободиме од тој дух на старо Скопје и ќе можеме да се свртиме кон напред. Проблемот е што во последно време се зачнуваат илјадници иницијативи за некакво "враќање кон корените".

- црквата Св. Богородица која IMO е комплетна утка во просторот и се надевам дека добро ќе ја камуфлираат со добри објекти од околу
- постојани иницијативи за зачувување на Маџир маало Crazy
- имам налетано и на иницијативи за зачувување на автентичноста на адвокатската улуца, крњево и што уште не сите тие го рефлектирале животот на тоа старо непреболено Скопје.

Кај нас институционално преку ликови како Аларова и Трифка се проповеда зачувување и конзервација на фавели (или можеби блокада на одредени урбанистички планови со задни урбано-криминогени планови за во не толку далечна иднина Roll%20eyes)

Конкретно за објективе што треба да се реконструираат. Секако тие апсолутно не се ништо посебно. За некои објекти (на пример за Офицерскиот дом) имам читано и дека некои патеписци од времето пред втора светска војна го карактеризирале како тежок кичерај, ненормален микс на стилови.... Фактот дека тие неколку објекта се носители на приказната за најевропското старо Скопје доволно покажува колку таа држи вода. Реално Скопје до 1873 (пругата) го немало на мапата, до 1900 била најдолна касаба, 1900-1913 се направени одредени напори од последните Турски управители за урбанизација, 1913-1963 Скопје еволуира во нешто поразвиен град од прилика нешто повеќе од она што е денес Битола. Битола е симпатично градче но дали е најевропското на Балканот?? Nuts

Како и да е... се надевам дека изградбата на театарот ќе се движи брзо и дека за 2 години ќе го скинеме од дневен ред.

Cheers

Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 674
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Dec-2007 at 12:43
Edvaj chekam da go izgradat!

Taa predlog zgrada za filharmonijata e mnogu mnogu interesno, jas bash go sakam, toa ke bese dobro isto i toa sto pobedi.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8506
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Dec-2007 at 13:18
BTW La Linea, да не ги имаш другите предлози за филхармонијата случајно во ваква квалитетна резолуција? Јас ги имам видено само побединчкото решение и тој германскиот проект како што треба. 
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Dec-2007 at 14:55



Се скршив од барање, ама не можам да најдам еден пдф фајл не нетов, имаше невероватни рендери од 3-4 проекти како би изгледале на тоа место. Не знаете какво богатство. Сега за сега овие два
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8506
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Dec-2007 at 15:04
супер за почеток Thumbs%20Up. Јас овој вториов уште го имав видено
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11547
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Dec-2007 at 15:08
Дечки, а да отворевте посебна тема за филхармонијата а?   Bash   Big%20smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8506
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Dec-2007 at 15:10


ej da be... LOL abe kje prebacime se tamu ne e problem
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 238
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Dec-2007 at 16:44
Добро што го почна МНТ. Нјадобро ќе биде ако има мешавина на модерни и стари изградби на објекти. Еден добар баланс на дезајн. Smile

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8506
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Feb-2008 at 11:43

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11547
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Feb-2008 at 19:38
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Feb-2008 at 23:40
многу споро оди изградбата
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8506
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 19-Mar-2008 at 15:44
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ПОСТАВИ РОКОВИ
Карабината на Стариот театар готова до октомври
Следната година ќе се поставува сценската технологија, а објектот треба да биде готов и пуштен во употреба на почетокот на 2010 година

Карабината на Стариот театар, што се гради на левата страна на Вардар до Камени мост, според најавите од Министерството за култура, треба да биде готова до октомври. И покрај коментарите од скопјани дека на градилиштето на Стариот театар ништо не се работи, од Министерството за култура велат дека тоа само така изгледа, бидејќи поради специфичноста на објектот најголем дел од градежните работи во моментов се одвиваат под земја.
Елизабета Канческа-Милевска, државен секретар во Министерството за култура, вели дека театарот се гради каскадно, на повеќе нивоа се ставаат неколку слоја изолација и арматура и поради тоа работите одат побавно.
"Изведбата на самиот проект е многу сложена, бидејќи од една страна е главната сцена, до неа е малата сцена, потоа лифтовите од двете страни, што само по себе бара повеќе време", вели Канческа-Милевска.
По изградбата на карабината ќе следува фазата на поставување на потребната изолација за театарот, а потоа белградската фирма "Константа" ќе ја поставува сценската технологија.
"Во текhttp://www.vest.com.mk/default.asp?id=148920&idg=8&idb=2327&rubrika=Skopje е тендерот за избор на изведувач што ќе работи на ентериерот, кој ќе се прави откако ќе завршиме со поставувањето на сценската технологија. Со внатрешното уредување очекуваме да почнеме следната година, а на крај ќе се работи фасадата на театарот. Очекуваме објектот да биде готов и пуштен во употреба кон крајот на 2009 или на почетокот на 2010 година", вели Канческа-Милевска. (Е.А.)



Извор: Вест
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11547
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 19-Apr-2008 at 07:50
Не и ја знам математиката на Бети Канческа, ама ова дефинитивно изгледа како ептен да се завлечка.

Фотка од вчера:




Edited by Cloverstack - 19-Apr-2008 at 07:51
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 674
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Apr-2008 at 09:00
Navsitina nemozham da vidam razlika od prethodnite sliki:\
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8506
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 19-Apr-2008 at 13:39
Odlicno... postoi nadez deka so vakvo tempo nekoi mnogu postrasni proekti nema da se realiziraat
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 60>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.