build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонски народен театар (Стар театар)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 61>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 12-May-2008 at 18:32
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 12-May-2008 at 22:45
ovie kao neso produzile so gradba ili so???neli imaa problem so proektot neso samo ne mi teknuva so bese
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 13-May-2008 at 00:08
Едно мое видување

Кога идете во Загреб (тука е спомнат) дали се шетате во Нов Загреб или стар град, кога идете во Белград дали се шетате во Нов Белград, или Скадарлија.
Дали да идам до Парис .....

Не го бранам решението на театарот но дали се треба да урнеме како што направива во `63 и да изградиме се ново и после да се чудиме што направивме.

И на кого ке ја продадеме таа нова архитекура ? На странец, го има тоа дома и тоа можда превише, на себе, погледајте го градот.

Зборувате дали ке се вклопи, дали новите згради се влопуваат помеѓу себе, прочитајте по постовите ....
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 13-May-2008 at 16:23
Previous Па таа нова архитектура, како Градски ѕид или МНТ(брутализам поконкретно така мислам дека се викаше) никогаш не внимавала на естетика или нешто слично. Сосема е оправдана омразата на луѓето кон новиот лик на Скопје.

Originally posted by Vladimir P

И на кого ке ја продадеме таа нова архитекура ? На странец, го има тоа дома и тоа можда превише, на себе, погледајте го градот.


А на кого ќе продаваме па стара архитектура? Некако ми е очаен обид да се додворуваме и да му дадеме некаков европски шмек на градов, а уствари градиме зграда од 1920-тите што е во нео стил, што и не е толку ценет колку што мислиме.

     Мислам дека проектот за филхармонијата нема конкуренција, и мислам дека театарот требаше да го има истиот карактер. Вака пак се враќаме околу тоа Старо Скопје, што ми станува се поодвратно и поодвратно.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 13-May-2008 at 18:06
@Владимир убаво што направи свој личен осврт, во последно време некако на форумов само лепиме вести а малку дискутираме така да твојот пост дојде освежувачки Thumbs%20Up

Е сега друга работа е тоа што не се сложувам баш со тебе . Последен пат кога бев во Белград направив круг во Нов Белград, бев во новиот Делта Сити, кај арената, Ушќе итн. Слична е приказната и со Загреб а кога би идел во Париз секако дека освен што би се качил на Ајфеловата кула секако дека би отишол и до La Défense. Кога веќе ја спомнав Ајфеловата кула еве што се мислело за нејзе во времето кога била изградена.

Eiffel originally planned to build the tower in Barcelona, for the Universal Exposition of 1888, but those responsible at the Barcelona city hall thought it was a strange and expensive construction, which did not fit into the design of the city. After the refusal of the Consistory of Barcelona, Eiffel submitted his draft to those responsible for the Universal Exhibition in Paris, where he would build his tower a year later, in 1889.

The tower was met with much criticism from the public when it was built, with many calling it an eyesore. (Novelist Guy de Maupassant — who claimed to hate the tower — supposedly ate lunch in the Tower's restaurant every day. When asked why, he answered that it was the one place in Paris where you couldn't see the Tower.) Today, it is widely considered to be a striking piece of structural art.


Ние не рушиме ништо денеска како што тоа се случило после земјотресот (иако загубата не е толку голема колку што ние правиме драма). Денеска имаме бришан простор на кој треба да направиме нешто модерно, убаво како што Кловерстак кажа еднашка мислам во нишката за собранието, нешто што ќе биде симбол на независна Македонија.

А што правиме ние сега? Сме се фатиле за 2-3 објекта со дискутабилна архитектонска вредност, симболи на некое друго време кои станаа национална опсесија и државен приоритет? Треба конечно да се помириме дека Скопје не може да биде "стар град" (според оној стереотип за стар град што владее кај нас). Според тој стереотип Скопје никогаш не ни бил стар град а доказ за тоа е дека целиот мит за тоа старо Скопје се базира на 10на главни објекти кои фигурираати по фотографиите, сите изградени 1920-1940.

Кога почна да се наметнува идејата за реконструкција на стариот театар во принцип бев против но сметав дека не е крај на свет ако го изградат. Впрочем една зграда (иако на многу битно место) неможе да влијае на сликата на еден цел град. Но како се развиваат работиве, Офицерски дом, Народна банка, куполи на секој чекор, цркви-дивоградби, ултракичести (а претенциозни) меморијални домови и уште многу тоа, се поубаво се гледа големата слика. Веќе не се работи за индивидуален објект туку за една матрица на размислување која има сила трајно да го осакати Скопје и да не доведе во ситуација да се молиме за уште еден земјотрес за да работите дојдат на место.

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 13-May-2008 at 20:28
Баш ми е драго да потекнав еден друг тип на дискусија

Никако не ми е потребно да се сложуваме, го отвараме размислувањето, концептите и на крај така се создава стил, (за мене стил на живеење)

За странците
- Дали странците идат во населба Аеродром, или на Битпазар, да разгледат или купат нешто ?
- Дали идат да го видат некоја нова градба или Пантелејмон
- Дали и .... , ЗНАЧИ СТРАНЦИТЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА НЕШТО ШТО ГО НЕМААТ КАЈ СЕБЕ

За нас
- Дали сакате да комшијата гледа во вашата спална, и позајмува шекер преку балкон кој е од другата зграда, (не дали е добра стилски зградата или не)
- Дали почитуваме барем во центарот градежна линија и силуета (буквално нигде ја нема)
- Дали зачувуваме зелени површини, на квадратна изградба (не, градиме на нив)
- Дали сакате да се шетате по Илинденска и дрворедите или низ Капиштец со зградурините (без циркулација на воздух)
- Дали сакате да ве опкружува зеленило или бетон и стакло (мислам онамо каде живеете)

И да не претерувам во моите дали, секаде во свет бил и е норма да центарот е бизнис а сателити ниски и зелени живелалишта, и стари квартови со забава и туризам

Скопје сето тоа го нема, урбанизам после Грчев не постои !

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 13-May-2008 at 20:51
Originally posted by Vladimir P

Баш ми е драго да потекнав еден друг тип на дискусија

Никако не ми е потребно да се сложуваме, го отвараме размислувањето, концептите и на крај така се создава стил, (за мене стил на живеење)



Апсолутно се сложувам... на остатокот ќе одговорам подоцна/утре Cheers
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 14-May-2008 at 07:28
Лично мене највеќе ме нервира тоа што работите се менуваат со невидено темпо а јавноста добива "известување" од време навреме дека дуп-от е повторно сменет по желба на неколку поединци без консултација ако не со нас обичните смртници барем со професионалците кои какви такви ги имаме.
 
Originally posted by Vladimir P

Кога идете во Загреб (тука е спомнат) дали се шетате во Нов Загреб или стар град, кога идете во Белград дали се шетате во Нов Белград, или Скадарлија.
Дали да идам до Парис .....
 
Странците идат на туристичките места без разлика на нивната "старост". Во Виена да гледаат стара архитектура во Дубај висока/модерна Big%20smile а да речеме Аљаска ради природата. Да бидеме малце реални Скопје и да ги изгради сите тие "стари" згради нема никого да привлече само поради таа архитектура, и самите знаете колку и каква архитектура имало Скопје пред 100 години.
 
Поентата е дека....
 
Originally posted by pbanks

Ние не рушиме ништо денеска како што тоа се случило после земјотресот (иако загубата не е толку голема колку што ние правиме драма). Денеска имаме бришан простор на кој треба да направиме нешто модерно, убаво како што Кловерстак кажа еднашка мислам во нишката за собранието, нешто што ќе биде симбол на независна Македонија.
 
Да нема недоразбирање и јас сум да се изградат НЕКОИ од тие објекти но само под строго дефинирани услови, например најавија реконструкција на народна банка а ова е конечното решение....
 
 
 
 
Ако изборот е помеѓу ова чудо и огромна празнина во центарот (еден странец го опиша центарот на Скопје како аеродромска писта Big%20smile  ) па нека седи празно се до оној момент кога основната/единствената цел на тие што градат нема да биде менување на дуп-от за да добијат 7 метри у висина за 10 стана или некој квадрат деловен простор повеќе.....нека седи вака се додека политичарите тераат тежок популизам без обзир за трајните последици од таквото однесување.....и на крај нека седи празно се додека немаме доволно пари да распишеме еден меѓународен конкурс како што направи Тирана мислам пред некое време.
 
 
Него очигледно е дека ни фали и градски архитект (како сакате викајте го ) некој кој што ќе има право на вето доколку проектот според нив не се вклопува со околината или едноставно не им се допаѓа (доста веќе политичари го уништуваат градот со нивните одлуки)
 
 
Ако досега центарот беше празен и грд имаше барем надеж дека во иднина во некои "подобри времиња"  ќе добиеше не европски туку ОРИГИНАЛЕН лик со кој сите ќе се гордееме а ова што сега се случува ми личи како пополнување дупки ради реда.
 
 
Originally posted by La Linea

     Мислам дека проектот за филхармонијата нема конкуренција, и мислам дека театарот требаше да го има истиот карактер. Вака пак се враќаме околу тоа Старо Скопје, што ми станува се поодвратно и поодвратно.
 
 
Театарот и офицерски ми се симпатични и едно време многу сакав повторно да се изградат но како се одвиваат работиве во последно време се повеќе се сложувам со лалинеа
 


Edited by vardar - 14-May-2008 at 07:29
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-May-2008 at 12:25
vardar i pbanks, одлични постови според мене Cheers
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 17-May-2008 at 12:14
Mislam ima mnogu taka nareceni grdi zgradi vo Skpoje, pa da se napravi mesto za "moderni" izgradbi. Jas sum "Za" izgradbata na teatarot, no mislam deka trebaa da go smenat oficerskiot dom malku. Moe mislene e ponekogas taka narecenite moderni izgradmi mozat da go izgubat svojot individualen lik mnogu brzo, i da postanat "eyesores" isto kako sezonskata moda. Ama sega ne me fakajte za eden zbor, istotaka zavisi koj gi/ke izrabotil tie objecti.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 17-May-2008 at 13:23
Originally posted by shyes

istotaka zavisi koj gi/ke izrabotil tie objecti.
 
Во право си, ако е ново не значи дека е подобро од старото  еве пример со народна банка Puke  но например филхармонија е мнооогу убава  Drool  да се сите нови објекти во центарот  квалитетни како филхармонија би бил презадоволен.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 18-May-2008 at 13:43
Така е треба да има еден баланс ново со старо. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 31-May-2008 at 12:10
Лоша фотка од камени од вчера. Се работи, полека излага над земја


Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 03-Jun-2008 at 10:46
izgradbata na stariot teatar mora vo sekoj slucaj da se zabrza,so ova tempo toj nema da bide gotov za edna ili dve godini.ne znam zosto tolku sporo odi izgradbata na teatarot?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 27-Jun-2008 at 08:42
Тазе...





Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 27-Jun-2008 at 17:46
mnogu se spori ovie
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 29-Jun-2008 at 18:16
dali nekoj ima informacija kolku ke bide pogolem od teatarot vo centar, vo smisol na kapacitet, i ako moze toa da go izrazi vo brojki? odnapred blagodaram

Edited by evolutionary - 29-Jun-2008 at 18:17
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 29-Jun-2008 at 18:25


И јас истото се прашувам (имам пост на претходната страна)

Единствено што можам да додадам од тогаш е дека една актерка ми кажа нејзино мислење дека капацитет од 700+ (каков што ќе има ново-стариов театар) е сосема доволен за наши потреби. Тоа е нејзино лично мислење...
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 29-Jun-2008 at 20:51
Se otvora sega prasanje kako go gradat teatarot odvnatre, dali spored originalniot izgled ili poradi malku informacii za originalniot izgled ke improviziraat? 
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 29-Jun-2008 at 22:13
Внатре ќе има значителни измени, не заради недостаток на информации, туку затоа што планот на стариот театар ќе беше тотално несоодветен за еден модерен театар. Меѓудругото затоа и ја зголемија маркицата (барем такво објаснување дадоа).

Ако погледнеш подобро, ќе ги видиш и надворешните разлики кои се наметнати од „издолжувањето“ на маркицата, а колку што гледам одредени делови на новиот објект се и малку повисоки.

Се на се, иако има не баш мали измени, новиов објект ќе биде архитектонски еквивалент на стариот.




Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 61>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.