build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонски народен театар (Стар театар)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 596061
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1201 Posted: 16-Apr-2017 at 20:14
Претпоставувам дека не бил накинџурен ко овој, мада немам видено фотки од внатрешноста на стариот театар.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1202 Posted: 10-Jun-2017 at 17:33
Настрана фактот дека станува збор за јавна установа и јавно место, сепак да прашам:
 
Дали постои законска регулатива во Македонија со која се одредува од какви материјали треба и од какви материјали не треба да бидат изградени потпорните ѕидови и оградите на објектите ?
 
И дали постојат казни за прекршување на таквата законска регулатива - ако истата воопшто постои ?
 
https://kajgana.com/oshteten-stiroporniot-dzid-kaj-mnt
 

Оштетен стиропорниот ѕид кај МНТ

 
7. јуни 2017 - 10:25 | Макфакс
 
Ѕидот околу новиот објект на Македонскиот народен театар, пред влезот од десната страна на паркингот е видно оштетен.
 

 
Од она што може да се види, станува збор за стиропорниот дел кој е над бетонскиот.
 
Новиот објект на МНТ е една од најскапите инвестиции на старата Влада и дел од проектот Скопје 2014.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1203 Posted: 02-Dec-2017 at 12:56

извор






извор

Edited by Staro Skopje - 02-Dec-2017 at 12:56
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1204 Posted: 02-Dec-2017 at 20:36
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3869
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1205 Posted: 02-Dec-2017 at 20:41
Како е ова можно? Чинеше многу!!! Мора да има казна.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1206 Posted: 02-Dec-2017 at 21:09
Фушерај, надграден и проширен.
За сè има вторпат
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 822
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1207 Posted: 04-Dec-2017 at 02:45
Ова ти е ефектот од скање да се изгради што повеќе со помалку пари. ако сите објекти од Ск2014 беа прописно спроведени и изградени целиот зафат ќе беше дупло поскап.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1208 Posted: 04-Dec-2017 at 11:03


Често го коментиравме тоа на форумот. Подобро ќе беше да се изградеа само пет квалитетно изработени згради одошто сиот овој кичерај и фушерај што сега се распаѓа. Тие пет згради барем ќе можеа да нè надживеат и да останат како спомен од едно време, а ова ќе се распадне уште пред неговиот нарачател да заврши во затвор. Освен тоа, поголемиот дел од спомениците и дел од зградите покажаа на кое ниво е градежништвото во земјава - не постоеше објект што не беше проследен со скандали и одлагања на неговото пуштање во употреба поради дилентатизмот во изведбата и во сè друго.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4900
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1209 Posted: 07-May-2020 at 10:50
Новиот МНТ: Пациент без терапија











Мораше да падне стиропорот од фасадата на зградата на МЕПСО за да се вклучи алармот кај скопското обвинителство, кое по допрен глас истражува дали има основа за кривична одговорност за изведбата или за квалитетот на материјалот.

Но, многу пред ова да се случи, во новоизградениот театар од спротивната страна на МЕПСО, кој исто како и фасадата е дел од проектот „Скопје 2014“, со години влегува вода. Освен вработените и публиката тоа никој не го гледа.

Проблемот во МНТ е стар колку и самиот објект, ама по речиси седум години сѐ уште никој не се нафатил системски да го реши, туку повремено го санира со интервенции од типот „бетонирање прозорци и кофа во фоаје“.

Нашето истражување покажа дека, иако имало крпење на штетата од водата што се собира во 37-милионскиот објект, фирмите-изведувачи си играле пинг-понг со одговорноста за системските дефекти. Надлежните ниту тогаш, ниту сега не покажале подготвеност да го лоцираат и да го решат проблемот прогласувајќи се ненадлежни.

Министерството за култура ја префрла топката во МНТ, од МНТ, пак, ќе бараат финансиска помош од Министерството. За одговорноста на оние што нарачувале, граделе и вршеле надзор никој не зборува.

Никој од соговорниците со кои разговаравме не можеше директно да впери прст во изворот на проблемот – локацијата, материјалот, некоординација на фирмите што го граделе објектот што се менувале во текот на градбата или нешто друго.

Оттаму сосема е извесно дека во перспектива санацијата на објектот стар не повеќе од седум години ќе ја зголеми сумата јавни пари потрошена за негова изградба, но исто така речиси е сигурно дека на крајот никој воопшто нема да понесе одговорност.

Вродена градежна мана

Огромна црна кофа, дупка на плафонот со изваден лустер, излупен ѕид од влага, кабли што висат и вода што капе. Оваа сценографија не е од социјална ТВ сторија, ниту театарска постановка, туку проблем што зјае од фоајето на МНТ и редовно ја пречекува публиката во објектoт на кејот на Вардар.

Зад црвената завеса во фоајето, небаре театар во театарот, најмногу се гледа дека има пропуст при градбата на објектот. Проблемот, како што тврдат вработените, e во горната тераса од каде што се собира вода, која се цеди и капе во кофата.

Овој дефект не е нов. Постои од кога е отворен театарот во 2013 година, па бидејќи со години не е решен, театарџиите направиле мала сценографија со реквизити за да го ограничат просторот заради безбедноста на публиката.

Но, далеку пред помпезното отворање, стручњаците предупредуваа дека Вардар и дождовите ќе му бидат натрапници на тогашниот новоотворен театар. До нарачателот и до изведувачите овие предупредувања, сепак, не стигнаа, како што не стигнаа ниту до фирмите што вршеа надзор.

БИРН, во рамките на истражувањето Скопје 2014 под лупа, откри дека за изградба на овој објект, пред сѐ Министерството за култура, но и она за финансии, склучиле договори со десетици компании и изведувачи.

Меѓу нив, најскапи се договорите за градење склучени со штипски „Бетон“, „Страбаг АГ“, „Ламоне Мореда“ и „Конструктор“.

Па, сепак, речиси седум години од свеченото отворање, никој сѐ уште не утврдил каде е проблемот и зошто централниот театар во земјава практично е полупоплавен, а вработените се молат да не заврне некој посилен дожд.

Бетонирани прозорци за да не влегува вода

За најавата дека ќе има проблеми со објектот сведочи и тоа што не помина ниту половина година од отворањето, а претставата „Вечната куќа“ беше прекината бидејќи по обилните дождови во мај 2014 година, во зградата влезе вода. Овој градежен дефект бил решен со тоа што прозорците биле бетонирани за да се спречи идното навлегување вода.

Сега во тие простории нема светло, но ваков проблем оттогаш не се појавил. Но, затоа објектот уште еднаш се поплави во 2017 година, кога прокисна и на сцената, па беа ставени кофи.

„Фоајето се распаѓа. Тоа е нерешен проблем од отворањето на МНТ, а состојбата се влошува“, вака Гунтер Кубе, техничкиот раководител на објектот за БИРН го опиша најгорливиот проблем со кој се соочува театарот.

Сепак, не се само терасите. Пред пуштањето на театарот се појавила вода во сценската јама, каде што се наоѓа механиката за сцената. „Австриска фирма вбризга специјална маса околу сценската јама. Дојдоа странци и го решија проблемот“, се присети Кубе.

Директорката на МНТ, Симона Угриновска, пак, тврди дека пропустот во градежната изведба не е само естетски, туку и безбедносен проблем и дека како што одминува времето, се продлабочува.

„Имаме обврска кон публиката сѐ да биде безбедно“, вели таа, коментирајќи ја опасноста од близината на електричната инсталација и водата.

Прокиснувањето ставено под тепих – одговорност нема

Во 2014 година, по поплавите во Скопје, итно биле склучени три тендери со фирмите „Страбаг“, „Светлост театар“ и „МГИ Инвест“, во вкупна вредност од 228 илјади евра, бидејќи имало потреба за итна санација на штета на сценско-технолошките системи, машинската опрема, инсталацијата и ентериерот. Но, парите не биле исплатени од буџетот, туку од осигурителна компанија, потврдија за БИРН од Министерството за култура. Други пари за вакви поправки на театарот не дале.

МНТ во минатото неколкупати се обраќал за санација и директно до фирмите-изведувачи, како и до помали фирми. Некои од нив, во неколку наврати интервенирале. Но, гарантните рокови за набавувачите и за изведувачите, кои биле меѓу 3 и 5 години, веќе истекле, а проблемот останал, објаснија од театарот.

Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за култура, за БИРН раскажа дека менувањето изведувачи најверојатно било една од причините за овој проблем. „Кога другиот продолжувал, каде што претходниот застанувал, се правеле пропусти“, смета Алаѓозовски.

Истиот аргумент веројатно важи и за прашањето дали некој вршел надзор над тоа што и како се гради. Според документите во базата „Скопје 2014“ биле склучени седум договори за надзор за специфични аспекти од градбата, на пример, само за статика, и тоа до 2011 година или надзор за изработка на водовод со траење од два месеца.

Сите седум договори за надзор се склучени во постапка со преговарање, без претходно објавување оглас, со образложение дека тоа е поради технички и уметнички причини, за што добиле и позитивно мислење од Советот.

Во едно од образложенијата за договорите се наведува дека станува збор за објект, кој првпат се работи, не само во Македонија и во регионот и дека е комбинација на повеќе активности, кои меѓу себе мора да се ускладат, вкомпонираат и да се вградат во сложени дејствија, па затоа е неопходно „поголемо учество на проектантите во работата на изведбата“.

Познавачите со кои контактиравме велат дека треба да се направи увид и детално да се испита коренот на проблемот. Сметаат дека она што на МНТ му треба е процес на „дефектажа“, односно системска постапка на утврдување на изворот на проблемот. За поведување постапка пред суд, пак, сугерираат дека треба да се изготви вештачење и да се соберат докази.

За колку точно со системските поправки дополнително би „поскапел“ објектот, кој не е стар ни седум години, засега нема прецизна пресметка. Она што е јасно е дека потребата за санација е ургентна, а за тоа повторно на помош ќе биде државната каса, бидејќи ваков трошок за национална установа, која зависи од Министерството за култура, е луксуз.

„Правиме проценка колку ќе чини тоа“, вели Кубе за големиот дефект на МНТ и додава дека и другата тераса го има истиот проблем со изведбата, но тој, за среќа, сѐ уште не се манифестира.

Oна што е јасно е дека проблемот со прокиснувањето бил ставен под тепих и постепено се продлабочувал. Техничкиот директор на МНТ, изјави дека за ова не пријавиле во обвинителството за евентуално понесување кривична одговорност и дека нема сознанија оти за тоа имаат основа.

Од друга страна, многупати испраќале дописи до Министерството за култура. „Упатени се повеќе дописи (информации, барања) во различни формати до Министерството за култура. Некои од нив се и лично мои (последниот во август 2017)“, вели Кубе.

Обвинителството за БИРН потврди дека СЈО отворило предистражна постапка, но не за МНТ, туку генерално за проектот „Скопје 2014“. Но, извори што работеа на овој случај во СЈО потврдија дека фокусот на предистрагата, која е пред самиот крај, се големите споменици, а не објектите, меѓу кои е и МНТ.

Членот на комисијата за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мартин Пановски е дециден дека пропаднала идејата за ваква проверка, бидејќи не добиле поддршка.

„Имав идеја да се прави ревизија на градбите за да се утврди дали нешто треба да се урне или да се остави. Значи откако ќе ги поминевме другите проверки, како правните и процедуралните, да се извршеше и таква проверка. Имавме капацитет, бевме тројца архитекти во петчлената комисија, но немавме поддршка. Проверки на зградите може да се направат, постои и соодветна апаратура за тоа и стручни лица“, раскажа Пановски.

Ѕирка стиропор од излупените огради

Но, и да не ги знаете сите овие „внатрешни“ проблеми со кои се соочува МНТ, само една дневна прошетка околу театарот е доволна за да се види излупена ограда од која наѕира стиропор, што говори за квалитетот на материјалот што бил употребен.

Неколку вакви поголеми блокови се потпрени едно врз друго во близина на објектот. Oвие поправки може да почекаат бидејќи се претежно од естетски карактер, но и за нив би биле потребни пари.

Вонредната состојба поради коронавирусот ги одложи претставите во МНТ. Приоритетите на државата се насочени кон справување со последиците од вирусот, кој, меѓу другото, ја остави културата и дупката во МНТ на чекање за подобри времиња.

https://prizma.mk/noviot-mnt-patsient-bez-terapija/
Back to Top
Vicks View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote Vicks Quote  Post ReplyReply #1210 Posted: 07-May-2020 at 10:53
Едно време како деца се плашевме дека оние "тањирите" во Универзална Сала ќе ни паднат на глава. Ништо чудно некој лустер да тресне на сред претстава
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1211 Posted: 07-May-2020 at 16:35
Причина плус за целосно отстранување на Скопје 2014. Подобро да се сруши отколку постојано да цица пари за одржување и исправање на ужасов.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1212 Posted: 07-May-2020 at 18:31
"причина плус"...се знаат маните на генерално сите 5-6 згради од проектот,и сега што? Не е потребно да се потенцира по 1000 пати нивната чкарт изведба за скапи пари,тоа се знае,работата е еднаш да се санира објектот и да ја продолжи својата функција,посебно ако се земе во предвид дека каков таков театаров е единствен попристоен во цела држава,што ќе правиш ќе ги избркаш сите глумци,режисери,луѓе вработени во театарот,во музејите,во администрација (ок за ова немам ништо против )од работа и ќе земеш да ги рушиш зошто не ти се свиѓаат ?

Нон сенс муабет.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1213 Posted: 07-May-2020 at 18:32
Кој спомна укинување на институцијата МНТ
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1214 Posted: 07-May-2020 at 18:40
Originally posted by Staro Skopje

Кој спомна укинување на институцијата МНТ

Па не велам ни јас да се укине МНТ,туку да се подзакрпи театаров како што треба и колку што може,затоа пари за нов сигурно се нема,а овој во меѓувреме се распаѓа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1215 Posted: 07-May-2020 at 19:47
Идеално решение е да се постави знамето на Кутлеш врз покривот од театаров за да не одбрани од сите идни дождови, стално ќе е сончево на тој начин. Не знам зошто на ниеден вистински Македонец ова не му текнало досега. Во однос на подрумските прозори што ги бетонирале -  доволно било да стават една библија на секои 33 прозори бидејќи Македонија е спомната 33 пати во библијата, па ќе сме биле спасени од потопот, но сега е веќе доцна па прозорите се осквернавени. Во случај на некакво зрачење од штекер поради вода во инсталацијата единствено што можам да препорачам е да го послушаме Зелениково како најупатен во темата.

Исто така се согласувам со Давид, како секој вистински Македонец треба да размислуваме само од денес до утре и да го закрпиме Титаник - до наредната санта мраз.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1216 Posted: 07-May-2020 at 19:56
Хахаха, сакав и јас да одговорам на неговите небулози, но си реков, сигурно некој друг ќе го направи тоа подобро од мене. И не згрешив.



Originally posted by ironm

Идеално решение е да се постави знамето на Кутлеш врз покривот од театаров за да не одбрани од сите идни дождови, стално ќе е сончево на тој начин. Не знам зошто на ниеден вистински Македонец ова не му текнало досега. Во однос на подрумските прозори што ги бетонирале -  доволно било да стават една библија на секои 33 прозори бидејќи Македонија е спомната 33 пати во библијата, па ќе сме биле спасени од потопот, но сега е веќе доцна па прозорите се осквернавени. Во случај на некакво зрачење од штекер поради вода во инсталацијата единствено што можам да препорачам е да го послушаме Зелениково како најупатен во темата.Исто така се согласувам со Давид, како секој вистински Македонец треба да размислуваме само од денес до утре и да го закрпиме Титаник - до наредната санта мраз.
   
За сè има вторпат
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1217 Posted: 07-May-2020 at 20:01
Originally posted by ironm

Идеално решение е да се постави знамето на Кутлеш врз покривот од театаров за да не одбрани од сите идни дождови, стално ќе е сончево на тој начин. Не знам зошто на ниеден вистински Македонец ова не му текнало досега. Во однос на подрумските прозори што ги бетонирале -  доволно било да стават една библија на секои 33 прозори бидејќи Македонија е спомната 33 пати во библијата, па ќе сме биле спасени од потопот, но сега е веќе доцна па прозорите се осквернавени. Во случај на некакво зрачење од штекер поради вода во инсталацијата единствено што можам да препорачам е да го послушаме Зелениково како најупатен во темата.Исто така се согласувам со Давид, како секој вистински Македонец треба да размислуваме само од денес до утре и да го закрпиме Титаник - до наредната санта мраз.

Не би да се спуштам на твое ниво очигледни ви се обидите на тебе и на другар ти да испровоцирате одредена реакција ама за жал нема да ја добиете,само би ти кажал дека не те бива за цинизам,како и за ништо во животот што не те бива,ама тоа веројатно го знаеш веќе сам.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1218 Posted: 07-May-2020 at 20:23
Не знам зошто толку лично го сфати мојот пост, повеќе е отсликување на реалноста за околу 500к граѓани отколку некаков личен напад.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12119
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1219 Posted: 07-May-2020 at 20:48
Originally posted by ironm

Идеално решение е да се постави знамето на Кутлеш врз покривот од театаров за да не одбрани од сите идни дождови, стално ќе е сончево на тој начин. Не знам зошто на ниеден вистински Македонец ова не му текнало досега. Во однос на подрумските прозори што ги бетонирале -  доволно било да стават една библија на секои 33 прозори бидејќи Македонија е спомната 33 пати во библијата, па ќе сме биле спасени од потопот, но сега е веќе доцна па прозорите се осквернавени. Во случај на некакво зрачење од штекер поради вода во инсталацијата единствено што можам да препорачам е да го послушаме Зелениково како најупатен во темата.Исто така се согласувам со Давид, како секој вистински Македонец треба да размислуваме само од денес до утре и да го закрпиме Титаник - до наредната санта мраз.




Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7232
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1220 Posted: 08-May-2020 at 01:12
не е само еден објект, туку сите објекти го имаат истиот проблем со прокиснување, еве ја може на пример да го потврдам тоа за објектот на Мериот, што не би се спомнувал толку бидејќи е приватен, ама ете најскапите апартмани прокиснуваа и мораше да се направи поголем зафат на покривот што привремено го успорува проблемот ама сепак уште е тука... плус има проблем со топење на снег од покривот и секоја зима објектот околу мора да се обезбеди, а низ цел објект нема еден асален прозор/врата од јавните простори што дихтува како што треба

знаеме дека крпењето е тешка работа, и дека проблемот ќе трае и ќе биде само дупка без дно само за да се одржува

исто така, што се однесува до изведувачите, да не заборавиме и дека при изградбата покривот се запали и погина и работник
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 596061

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.