build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиосообраќај (статистики)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиосообраќај (статистики)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 58>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 12-Jun-2008 at 14:37
Originally posted by pbanks



Убаво е ко ќе прочита човек текст со волку плусеви
 
 
Така е само што најважниот "плус" ми е некако мал Smile
 
Во периодот јануари - мај се превезени вкупно 232 468 патници со зголемување од 9.8% во однос на минатата година. 
 
 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 12-Jun-2008 at 14:42
Originally posted by pbanks



Само што го изедитирав постот а ти веќе си искоментирал
 
 
Big%20smile  LOL
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 18-Jul-2008 at 15:10

Се надевав на поголем број патници али тоа е....само 8.5%

 

ПРЕГЛЕД НА ОБЕМОТ НА СООБРАЌАЈ ЗА ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2008 ГОДИНА
11 Јули 2008 година

Кумулативно за период ЈАНУАРИ-ЈУНИ:  На аеродромот “Александар Велики” Скопје во периодот јануари - јуни се реализирани вкупно 6407 операции на воздухоплови, односно 4.8% повеќе од истиот период минатата година. Со почетокот на Летниот Ред на летање (започна од 30 март), бројот на неделните фреквенции со нови редовни линии ги зголемија  Adria Airways за Љубљана (+3 во споредба со минатата година), Turkish Airlines за Истанбул (+1), МАТ за Рим и Виена, а во текот на мај и  Croatia Airlines воведе нова линија за Загреб. Како нови во однос на  периодот јануари-јуни 2007, се и летовите на BH Airlines (3 пати неделно за Сараево) и на Bulgaria Air (3 неделни фреквенции за Софија и 3 за Тирана) кои започнаа да оперираат во втората половина на 2007 година. Во споредба со лани, намалување на неделните фреквенции има за Цирих , германските дестинации Дизелдорф и Хамбург/ Берлин (МАТ и Helvetic Airways) .
Бројот на операции на воздухоплови во комерцијалната авијација е зголемен за 0.5% во споредба со истиот период 2007, а некомерцијалната авијација (воените летови, генералната авијација и останатите) има зголемување од 21.5% во однос на лани. Според бројот на операции, најфреквентни типови на воздухоплови во комерцијалната авијација се Canadair 900 и Airbus 320.
Во периодот јануари-јуни се превезени вкупно 291 918 патници со зголемување од 8,5% во однос на минатата година.  Кај сите дестинации има зголемување на патничкиот сообраќај во споредба  со истиот  период лани, освен кај Цирих и германските дестинации Дизелдорф и Хамбург/Берлин. Најфреквентна дестинација и понатаму е Виена, а најзебележителен пораст има кај Љубљана, Истанбул и Загреб.
Обемот  на  карго во  периодот  јануари-јуни со вкупно  прифатени/отпремени 1453,25 тони  карго  пратки  има  зголемување  од  34,8%.  Пораст  има  кај  сите  категории карго (кај обемот на  превезена  стока, пошта,  на редовните линии, на  камионскиот  сервис врз база на Air Waybill),  а  најмногу  на  карго линиите.  Најголем   пораст  имаше  во  февруари  a зголемувањето во однос на минатата година изнесува 20.6%.  Најголем обем на карго од редовните линии пристигнува од карго хабовите Виена, Истанбул и Софија (за авиопошта).

 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 18-Jul-2008 at 15:14


Ти го фати ритамов со статистикава

Да бидеме реални статистиката не е лоша иако сите би сакале и треба да е многу подобра. Не се случило ништо спектакулрано што би го забрзало растот (вистински раст на странските туристи или на бизнисмени, поголем број на Македонци кои патуваат како резултат на либерализиран визен режим итн.)

Реално мислам дека треба да сме задоволни ако бројката е >=10% треба да е ОК. Сепак тоа би била рекордна бројка ако ги изземеме годините на косовската криза или кога аеродромот се реконструираше па се леташе преку Охрид.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 18-Jul-2008 at 15:32
Ми тргна Big%20smile 
 
Во периодот јануари - мај се превезени вкупно 232 468 патници со зголемување од 9.8% во однос на минатата година.
 
На ова мислев, до мај бевме многу блиску до 10% што е ок со оглед на моменталната ситуација (со визи итн кои ти ги наведе) но некако јуни послабо.
Интересно е од месец до месец колку варира....на пример јануари само +0.6% а Март +17.4% во однос на 2007, сега незнам дали е ова нормално или не али интересно во секој случај.
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 23-Sep-2008 at 08:39
пошто vardar заебава.... Poke 

растов дефинитивно опадна...

ОБЕМ НА СООБРАЌАЈ ЗА АВГУСТ 2008 АЕРОДРОМ “АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ” - СКОПЈЕ
10 Септември 2008 година

Со вкупно 84 180 превезени патници, Август е најфреквентен месец оваа година според бројот на патници, од кои 52 000 (62%) беа во полетување. Во однос на истиот месец минатата година бројот на патници е зголемен за 5.0%, а кумулативно за периодот јануари-август 7.2%.

                                   

Во текот на август беа опслужени вкупно 1329 операции на воздухоплови со пораст од 2.6% во споредба со истиот месец минатата година, а кумулативно за периодот јануари-август вкупниот број на операции е зголемен за 3.9%.

 

Исто како и во јули, карактеристични за август беа чартер линиите на кои имаше најголем пораст во однос на минатата година (24.6% во бројот на операции на воздухоплови  и 32.2% во бројот на патници) што најмногу се должи на туристичките чартери. Од почетокот на годината заклучно со крајот на август (претежно во летните месеци јуни, јули, август)  на директни чартер летови за туристичките дестинации во Турција, Египет, Шпанија, Тунис и Сицилија беа превезени 26 767 патници (75.3% повеќе од лани), а за разлика од минатите години, тие продолжуваат и во септември. Најфреквентни се Анталија и Шарм ел Шеик.

 

Кај дестинациите со редовни линии, во периодот јануари-август, најфреквентни се Виена и Цирих, а најголем пораст на бројот на патници во однос на минатата година има кај Љубљана, Истанбул, Будимпешта  и Загреб.  Вкупниот ОБЕМ на КАРГО (од авионските линии, како и од камионскиот сервис врз база на Air Waybill) во текот на август изнесува 20.38 тони со зголемување од 6.8% во споредба со истиот месец минатата година и 31.9% кумулативно за периодот јануари-август. На 31 август пристигна  Boeing 747-200, кој во иднина би требало да оперира на карго линии.


http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=127
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 23-Sep-2008 at 12:21
Shifty  LOL
 
Не да се правдам али баш пред некој ден сакав да постирам апдејт али страницата не отвараше нешто и го баталив, иначе како шо викаш растот е минимален....  Unhappy
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 28-Nov-2008 at 10:14
 
 
Реализиран сообраќај 1990 - 2007


Операции на воздухоплови

Година Вкупно Индекс во однос на претходна година
1990 3466 /
1991 7158 106,5
1992 7079 -1,1
1993 10681 50,9
1994 10843 1,5
1995 11692 7,8
1996 8618 -26,3
1997 8995 4,4
1998 10321 14,7
1999 23912 131,7
2000 24234 1,3
2001 16673 -31,2
2002 13725 -17,7
2003 12428 -9,4
2004 10940 -12,0
2005 12101 10,6
2006 12637 4,4
2007 13085 3,5


Број на патници

Година Вкупно Индекс во однос на претходна година
1990 312492 /
1991 397660 27,3
1992 390025 -1,9
1993 577425 48,0
1994 603447 4,5
1995 590144 -2,2
1996 427267 -27,6
1997 431112 0,9
1998 503563 16,8
1999 965697 91,8
2000 1019905 5,6
2001 495204 -51,4
2002 508258 2,6
2003 494247 -2,8
2004 494611 0,1
2005 521339 5,4
2006 542319 4,0
2007 626644 15,5


Карго (во тони)

Година Вкупно Индекс во однос на претходна година
1990 1872.4 /
1991 1088,3 -41,9
1992 1022,9 -6,0
1993 4338,5 324,1
1994 6936,3 59,9
1995 10605,3 52,9
1996 3209,5 -69,7
1997 4880,7 52,1
1998 5239,9 7,4
1999 11681,5 122,9
2000 4335,4 -62,9
2001 3262,2 -24,8
2002 3271,2 0,3
2003 2316,2 -29,2
2004 2382,1 2,8
2005 2305,4 -3,2
2006 2334,64 1,3
2007 2546,68 11,0

 

Реализиран сообраќај 2007 - 2008

Операции на воздухоплови

Месец
2007
2008
% промена
Јануари
984
888
-9,8
Февруари
890
946
      6,3
Март
976
1035
6,0
Април
985
1114
12,9
Мај
1068
1256
17,5
Јуни
1212
1168
-3,4
Јули
1402
1423 
 1,4
Август
1295
 1329
 2,6
Септември
1188
 1159
 -2,4
Октомври
1089
 
 
Ноември
1000
 
 
Декември
994
 
 
Вкупно Јан - Јун        
10002
10310
3,2


Број на патници

Месец
2007
2008
% промена
Јануари
41972
42226
0,6
Февруари
33964
38048
12,0
Март
41573
48813
17,4
Април
45558
48277
6,0
Мај
48605
55125
13,4
Јуни
57447
59452
3,5
Јули
78748
 82591
 4,9
Август
80142
 84180
 5,0
Септември
57824
 59457
 2,8
Октомври
49279
 
 
Ноември
42581
 
 
Декември
48951
 
 
Вкупно Јан - Јун
485833
518183
6,7


Карго (во тони)

Месец
2007
2008
% промена
Јануари
165,52
225,06
36
Февруари
173,14
304,10
75,6
Март
185,86
221,50
19,2
Април
174,61
232,97
33,4
Мај
186,47
244,34
31,0
Јуни
192,86
225,28
16,8
Јули
181,20
 262,15
41,5 
Август
192,29
 205,38
 6,8
Септември
202,25
 185,17
 -8,4
Октомври
220,21
 
 
Ноември
313,75
 
 
Декември
358,52
 
 
Вкупно Јан - Јун
1658,26
2105,95
27,0

 


Edited by vardar - 28-Nov-2008 at 10:16
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 28-Nov-2008 at 14:40
Од ова може да се каже дека 2000 била најуспешна година за аеродромите?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 28-Nov-2008 at 14:45
Originally posted by maestro13

Од ова може да се каже дека 2000 била најуспешна година за аеродромите?


па не, 2007 била најуспешна. 1999 и 2000 воопшто не се референтни бидејќи се резултат на косовската криза и неработењето на аеродромот во Приштина.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4408
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 28-Nov-2008 at 14:52

Исто така, во 1995 каргото има најголема бројка од сите години (освен 1999). Дали тоа е нешто последица од грчкото ембарго, па сите работи кои нормално доаѓале со брод, дошле со авион? Мал бев тогаш, не знам
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 11-Dec-2008 at 23:23

Во ноември превезени 41.334 авиопатници


Во текот на ноември беа превезени вкупно 41.334 патници што е за 2,9 проценти помалку од истиот месец лани. Како што соопштуваат од скопскиот аеродром, бројот на патници на редовните лини има зголемување од 4,4 проценти во однос на истиот месец 2007 година, а на чартер линиите намалувањето е 81,4 отсто.

Кај патничкиот сообраќај по дестинации продолжува истиот тренд. Топ дестинација е Виена, но и натаму најголем пораст има кај Љубљана (53%), Истанбул (21,3%), Будимпешта (19.2%) и Загреб (16.%). Најголем пад на бројот на патници има кај Цирих (-16.6%), помал пад има кај Белград и кај Хамбург/Берлин

Од 22 ноември започна да оперира кон Македонија новиот превозник Germania Fluggesellschaft (СТ) со една неделна фреквенција за/од Дизелдорф. Поради тоа, за прв пат од почетокот на годинава, во ноември кај дестинацијата Дизелдорф има зголемување на бројот на авиооперации и патници во споредба со истиот месец 2007 година.

За периодот јануари-ноември, превезени беа вкупно 607.746 патници што е зголемување од 5,2 проценти во однос на истиот период лани.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4EF9746201E35442A6B3829678A33475


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 09-Jan-2009 at 06:23

ЗА НОВОГОДИШНИОТ И БОЖИКНИОТ ШПИЦ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ


Гастабајтерите не долетаа од страв од кризата


Глобалната финансиска криза се повеќе го зема данокот во прометот на патници во авиосообраќајот кој е во опаѓање. Ова ни го поврдија и од скопскиот аеродром Александар Велики, од каде не информираа дека оваа зима во периодот од 20 декември 2008 до 7 јануари 2009, биле превезени најмалку патници во последниве години - 26.700.
- Ова е последица на позабавениот тренд во авиосообракајот на глобално ниво во последните неколку месеци, а е предизвикан од глобалната економска криза - коментираат од аеродромот Александар Велики.

Во изминативе години, во зимскиот период најмногу се патуваше во периодот меѓу католичкиот и православниот Божиќ, кога луѓето ги користеа празниците да отпатуваат некаде или да се видат со своите роднини и пријатели. Бројките кажуваат дека овој пат, притиснати од кризата, нашите гастабајтери ги одложуваат патувањата за подобри времиња. Најмногу патници пристигнале од традиционалните Швајцарија, Германија и Италија на директните линии, но и како трансферни патници преку хабовите Виена, Љубљана, Загреб, Будимпешта и Прага. Директни специјални чартер летови за Новата година имало многу малку.
- Фреквенцијата на патници на Александар Велики за време на божиќниот и новогодишниот шпиц вообичаено се зголемува во просек за околу 10 до 15 проценти. За разлика од летниот шпиц, кога во периодот јуни-септември фреквенцијата се зголемува просечно за 55 до 60 проценти. Сепак, во зимски услови луѓето потешко се одлучуваа да патуваат - истакнуваат аеродромските власти.

Во споредба со последните две години, најдобра година во однос на бројките за божиќниот и новогодишниот шпиц, била минатата година. Во периодот од 20 декември 2007 до 7 јануари 2008, биле превезени 31.400 патници, а во истиот период претходната 2006/2007 година биле превезени 28.000 патници.

И покрај забавениот тренд во последно време, аеродромот Александар Велики има пораст на бројот на патници за цела 2008 година за 4,1 проценти во однос на претходната година.
Од домашниот авиопревозник МАТ се пожалија дека ги чувствуваат последиците од светската економска криза преку намалување на бројот на патници. Како пример, од МАТ ја посочуваат дестинацијата Цирих кон која, од Скопје единствено тие летаат.
- Досега не се случило да имаме дневно и по педесетина патници помалку на летовите кон Цирих. Деловните патувања се повеќе се намалуваат, а ги нема ниту гастабајтерите кои порано ни ги полнеа авионите - велат од МАТ.

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 12-Jan-2009 at 19:07
Штета колку амбициозно почна годинава а растот на крај искочи маргинален.

Еве интересна статистика за Балтичките аеродроми. Талин, Вилниус и Рига се прилилно слични градови по големина со Скопје а и балтичките земји се слични по големина на Македонија така да може да ги искористиме како пример што евентуално може да не очекува кога регионов колку толку ќе се стабилизира. Мислам дека во нашата констелација Тирана ќе стане балканската Рига додека Скопје и Приштина ќе бидат во рангот на Вилниус и Талин. Прашањето е само за колку време.

Riga
2000 - 574 000
2001 - 622 000
2002 - 628 000
2003 - 712 000
2004 - 1 059 000
2005 - 1 872 000
2006 - 2 493 000
2007 - 3 160 954
2008 - 3 691 000 (+530k)

Vilnius
2000 - 521 529
2001 - 584 171
2002 - 634 991
2003 - 719 850
2004 - 994 164
2005 - 1 281 872
2006 - 1 451 000
2007 - 1 717 222
2008 - 2 048 000 (+330k)

Tallinn
2000 - 559 658
2001 - 573 493
2002 - 605 697
2003 - 715 859
2004 - 997 461
2005 - 1 401 059
2006 - 1 541 832
2007 - 1 728 430
2008 - 1 811 536 (+83k)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 12-Jan-2009 at 19:52


Тирана сама по себе може да предњачи, но Скопје ја има можноста да се истурка како регионален мини-хаб, така да ако правилно се работи среднорочно ситуацијата може да е сосема подруга. Во прилог на тоа одат и турските амбициозни планови.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 12-Jan-2009 at 22:22

pbanks прогнозиве ти се ептен сликовити, можно е секакво сценарио, но бројката на патници незначи и поголем профит, бидејќи ако влетаат кај нас авио такси компаниите, мислам дека само може да трпи последици само профитот на постојниве компании, иако во очите на патниците ова  би било  и повеќе од добредојдено, сепак мое мислење е дека зголемениот број патници заедно со  дампинг цените нема да донесе нешто многу повеќе профит во авио бизнисот. така да и во двата случаи овој сектор нема да покаже поголеми финансиски резултати од постојниве. ова зборувам исклучиво за патничкиот авиотранспорт, додека околу каргото за тоа не можат ништо да кажам со оглед дека истиот кај нас минимално се експлоатира, што значи сигурно ќе има поголем профит во иднина но колку и како не би нагаѓал! 

во секој случај подобро ефтини него изгор карти. но се плашам дека целта на овие авио такси компании не им е правење пари, туку рушење на конкуренција, бар од оние сознанија што ги имам сите говорат дека од милосрдие никој не пушта некаде авион со смешни цени како што кажа минатиот пат Кире со 1 евро карта...

незнам зошто но имам чувство дека доколку не влезе најавуваниот странски капитал во мат, или пак ако владата не им излезе во пресрет сигурно на културен начин ќе ја заглават работата! е дури тогаш ќе видиме дали и како ќе влетуваат компании кај нас доколку целосно се либерализира авиосообраќајот, што лично мене баш и не ми се верува, но Грујо и се е можно, иако по се изгледа дека ТАВ и компанија во таков случај ќе понудат флота која ќе биде македонски знаменосец!   

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 12-Jan-2009 at 22:49


Па добро овие три града ги одбрав освен по критериумите кои ги набројав и по тоа тоа дека си бивши кандидати и сегашни членки на ЕУ. Убаво може да видиме како влезот во унијата се одразил кај нив на авиосообраќајот. Доколку би ги имале бројки од 1991-2000 веројатно сликата би ни била комплетна. Како и да е НЗС е дека во 2000-2001 овие аеродроми имале малтене идентични бројки како скопскиот а и растот им се движел со темпо на желка како кај нас.

Значи независно од сето ова што го велиш ако претпоставиме дека во следниве 10на години теоретски можеби ќе влеземе во таа ЕУ (настрана политичките препреки кои нема да ги дискутираме тука) можеме да очекуваме барем бројки како во Талин ако не од друго од инерција. А ако се потрудиме можеби ќе биде и подобро.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 12-Jan-2009 at 23:44

види не е спорно дека ќе се зголеми прометот, но велам дека ќе биде ист обртот доколку се зголеми бројот на патниците а тоа зголемување се случува исклучиво доколку постојат атрактивни цени, плус сметај дека во еу не влегуваме брзо, а оној момент кога ќе влеземе истата многу веројатно е и дека нема да постои онаква како што сега ја познаваме, односно се повеќе верувам дека оваа досегашна благосостојба и безрезервно субвенционирање на се и сите нема да поминува, како до сега што беше тоа пракса. затоа се повеќе мислам дека како најдобра алтернативна варијанта за патниците во иднина евентуално ќе биде брза К10 пруга, со оглед дека и нафтата ќе расте а и моменталнава криза ќе наметне темпо на штедливи авио патувања, што значи дека дури и потенцијално и доколку влеземе во еу за брзо време тешко е да се предвиди колку и како ќе се развива авио бизнисот кај нас!

премногу непознати има за човек да може да прогнозира посмело, останува да се надеваме дека позитивно ќе влијаат паѓањето на визната бариера и интерконекцијата на турските компании  кои тераат кон еу и заедно со влезот на авио таксистите(и комерцијалните и приватните) и бројката и профитот да фатат нагорна линија!



Edited by beTon - 12-Jan-2009 at 23:48
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 09-Feb-2009 at 20:06

Бројот на патници на скопскиот аеродром зголемен за 4,1%

Скопје /09/02/ 13:49

Бројот на патници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ лани се зголемил за 4,1 насто во однос на 2007 на вкупно 652.339.

Според соопштението на аеродромот лани биле реализирани 13303 операции на воздухоплови односно 1,7 насто повеќе од 2007.
 
Лани биле прифатени и отпремени 2777.06 тони карго пратки, што е растеж од 8,9 насто во споредба со претходната година.
 
Најфреквентен период бил јуни-септември, со туристичките чартери, на кои биле превезени околу 30 илјади патници, што е за 62 насто повеќе од 2007 година.
 
На Аеродромот Александар Велики, покрај домашната авиокомпанија МАТ оперирале уште 12 странски превозници на редовни линии, шест превозници оперирале на чартер летови, а карго операции биле ангажирани три превозници.
 
Новите превозници кои започнаа да оперираат во втората половина на 2007 -BH Airlines, German Wings и Bulgaria Air ги продолжија своите летови и во 2008 година за новите дестинации Сараево, Келн и Софија, а Bulgaria Air од февруари ја воведе и Тирана како нова дестинација.
 
Во ноември започна да оперира и новиот превозник Germania Fluggesselschaft со редовни летови од/за Дизелдорф еднаш неделно.
 
Околу 47.5% од вкупниот број на патници во полетување трансферирале до своите крајни дестинации. Најчести втори дестинации биле во Америка, Германија, Велика Британија и Франција, Холандија, Белгија, Скандинавските земји и Арапските Емирати./крај/со/мп


http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=140409&NrIssue=894&NrSection=10
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 25-May-2009 at 20:22
Македонија на трето место во Европа по бројот на прелети

Македонија се наоѓа на  трето место во Европа, по бројот на прелети, со зголемување од 11, 5 отсто за месец април 2009, во споредба со април минатата година, според официјално објавените податоци од ЕУРОКОНТРОЛ за остварени единци од прелети, информира  македонската Агенција за  цивилно воздухопловство.

По негативниот тренд, како и во останатите земји од континентот, а како последица на рецесијата, во првите три месеци од годинава, со отпочнувањето на летниот ред на летање од 29 март,  Македонија бележи значителен пораст на прелетите. Зголемувањето на прелетите низ македонскиот воздушен простор се должи на превземените мерки и остварената соработка со соседните земји и пошироко во регионот, преку имплементација на нови воздушни патишта и оптимизација на граничните коридори, се вели во соопштението од Агенцијата.

Понатаму во истото се наведува дека како резултат на менаџирањето со воздушниот простор во изминатиот период се очекува трендот на зголемување на прелетите во Македонија да продолжи и во текот на летната сезона и покрај рецесијата и предвиденото намалување на воздушниот сообраќај на европското и светско ниво.

Поголем процент на зголемување на прелети имаат остварено само   Босна  Херцеговина со 14, 2 отсто  и Молдавија со 11,6 отсто. Во истиот период просекот на европско ниво е со намалување од - 4,5 отсто.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=56390&kategorija=2
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 58>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.