build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиосообраќај (статистики)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиосообраќај (статистики)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 59>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11973
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 25-May-2009 at 20:37
Значи се работи за трето место според порастот на бројот на прелети, не за трето место според бројот на прелети како што кажува во насловот. Крајно различни податоци... Очигледно не може ден да помине без некоја новинарска глупост.

Барем веста е добра   Cheers


Edited by Cloverstack - 25-May-2009 at 20:38
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 30-Oct-2009 at 18:38
Еве и мал апдејт за Тиранскиот аеродром за повторно да се осетиме како ѓубриња.

Albania 's Tirana airport posts 9% passenger rise in Jan-Sept

Tirana International Airport registered 1,063,393 passengers in January-September, up 9% on the year.

The airport recorded 15,260 air traffic movements, up 4.5%, and handled 1,217 tons of cargo, down 16%, manager TIA said in a statement.

Twelve operators use the facility (www.tirana-airport.com.al) with 30 direct connections to the Albanian capital.



Еве го постоечкиот нов терминал на Тирана кој е под концесија на Hochtief кој во 2000 година беше прилично сигурен играч за управување со Скопскиот аеродром, но како и обично дневната политика ја изјалови работата и тогаш. Терминалов што го гледате е предвиден за 1.5 милиони годишно.



Бидејќи бројката од 1.5 милиони е веќе реална за тиранскиот аеродром Hochtief веќе пристапи кон изведба на фаза 2 од проектот, во сличен дух со постоечкиот терминал.


Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 16-Nov-2009 at 16:43
Една многу поразителна статистика за небото над Македонија. Последни во анализата:
Авио-пасажер на глава на жител:



Од регионот најдобро котираат Хрватска, Турција и Бугарија, зачудувачки пред земји како Словенија, Полска или Словачка. Инаку како може да усвоиме за демек НАЦИОНАЛЕН превозник, компанија која: 1) Монтенегро е мала компанија. 2) ЈАТ со децении работи на изгуба и тоа голема, самата судбина на компанијата е неизвесна, поврзана со многу скандали и малверзации, рентаат авиони затоа што флотата им е неискористена и застарена...Ohno


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 16-Nov-2009 at 16:58
 

не би ги земал толку при срце овие информации. Како прво нијансите кои се менуваат од Македонија па барем до Полска (ако не и до Бугарија) се минорни (би требало да имаме околу 1 милион патници за полскиот просек).

Второ, досега визниот режим беше реална пречка за Македонија и Албанија од оваа листа. Ефектите од либерализацијата очекувам да ги осетиме уште догодина.

Трето (иако поврзано со второто), главните дестинации на македонците генеррално се соседна Грција, па потоа Бугарија, Хрватска и Црна Гора и евентуално Турција, Србија и Албанија. Освен Турција сите до една дестинации логични за земски сообраќај исто како што за Словенците е пологично да одат во Австрија, Италија, Хрватска, Швајцарија (земји каде највеќе одат) со кола (затоа и нивната статистика не е импресивна).

Земјите кои имаат подобар просек поседуваат една или повеќе од следниве специфики

- земја со изразита економска активност (пр. Австија, Холандија...)
- земја со развиен туризам (пр. Грција, Шпанија...)
- земја со зафрлена географска локација (пр. Балтичките, Скандинавските земји...)

Да резимирам, поентата не ми е дека сме супер, и дека ни цвета авиосообраќајот туку дека многу малку е потребно работата драстично да се смени (ако се работи паметно). Погледи ги статистиките за балтичките аеродроми низ годините како пример за ова.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 16-Nov-2009 at 17:09
Пбанкс мене ми е сосема јасно дека работите можат многу лесно да тргнат нагло во нагорна линија...АКО СЕ РАБОТИ ПАМЕТНО! Некакви знаци да си видел на ова поле? Затоа што јас не. Плус не е баш така малку ни треба да се стигне Литванија или Полска, затоа што тоа значи за нас двојно зголемување на патниците. Во држава со еден полу-функционурачки аеродром, и без нормална домашна компанија, тоа е малку тешко и бавно.


Edited by Andrej_LJ - 16-Nov-2009 at 17:15
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 16-Jan-2010 at 04:06
Незнам дали немаме посоодветна нишка за оваа информација. Аеродромот во Софија, за изминатата 2009 година одбележа минимално намалување на бројот на патници, заради кризата. Сепак целта од над 3 милиони опслужени патници беше постигната. Поточно бројката е над 3,1 милиона.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11973
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 18-Mar-2010 at 18:58
Точна ли е оваа бројка? Кои коридори генерираат ваков проток? И ако е точна бројката, кај се одлеваат парите? (јес да се одлеваат многу пари и да не е точна бројката)






 

 
%20  
Системот на контрола на летање лани опслужил 113.138 прелети и 11.176 полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродром. Заедно со операциите на државните воздухоплови и генералната авијација, бројот на операции во минатата година надминува 130.000, а македонскиот сервис на контрола на летање го користеле повеќе од 120 милиони патници.

Со овие податоци излегоа од М-НАВ, државна компанија за услуги во воздухопловната навигација, која од Агенцијата за цивилно воздухопловство ја доби лиценцата за работа, во согласност со европските стандарди и регулативи. За финансиските резултати на М-НАВ и за бројот на вишокот на вработени, од оваа компанија вчера не сакаа да зборуваат, поради „свечениот повод од добивањето на уверението за оспособеност“.
 
   
Автор: М.Р.Ј.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=318101025429&id=10&prilog=0&setIzdanie=21937

Странците не' прелетуваат

Контролата на летање во минатата година опслужила 10 пати повеќе прелети отколку полетувања и слетувања од аеродромите во Скопје и во Охрид

Странските патници многу почесто ја прелетуваат земјава отколку што ги користат скопскиот и охридскиот аеродром. Според последниот податоци, македонските контролори на летање во минатата година опслужиле 113.139 прелети и 11.176 полетувања и слетувања на аеродромите „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“. Ова е уште една потврда дека авиокомпаниите и понатаму го користат македонското небо само за прелетување до аеродромите во другите земји од регионот.

И покрај слабиот интерес за користењето на двата аеродрома, како и тешкотиите за организирање прелети поради затвореното небо над Косово, раководството на операторот за воздухопловна навигација М-НАВ објаснува дека компанијата работи многу успешно. Деновиве Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) на М-НАВ му издаде уверение за оспособеност за давање навигациски услуги, што практично значи дека операторот ги применува највисоките европски стандарди во работењето.

Раководството на М-НАВ смета дека добиеното уверение позитивно ќе влијае врз довербата и интересот на странските компании да оперираат од аеродромите во земјава. Но, потребно е многу повеќе од тоа.

- Атрактивноста на аеродромите во Скопје и во Охрид, како за редовните превозници, големите компании, чартерите или нискотарифните компании, многу повеќе зависи од други фактори. Тоа се либерализација на користењето на воздушниот простор, финансискиот фактор, нивото на услуги на аеродромите, финансиската моќ на локалното население, како и интересот за патувањата - рече Николет Тагарински, извршен директор на М-НАВ.

Пред сезоната на годишните одмори, македонските патници се во исчекување да добијат редовен авиопревозник, откако пред повеќе од половина година компанијата МАТ ја изгуби дозволата за летање. Засега единствено чартер-компанијата „Скај вингс“ побарала дозвола од АЦВ за редовен авиопревозник, но нејзината апликација се' уште се разгледува.

- Очекуваме позитивен одговор од Агенцијата, особено сега кога набавивме уште еден авион. Договорот за него е потпишан и се очекува од 1 април да биде во земјава - вели Ајан Џафероски, претседател на бордот на директори на „Скај вингс“.

Прогнозите на „Евроконтрол“ за годинава предвидуваат дека бројот на операции на македонската Контрола на летање ќе се зголеми од четири до осум отсто, додека до 2012 година се очекува М-НАВ да опслужи повеќе од 150.000 полетувања, слетувања и прелети.

Од Белград до Лондон за 35 евра

Додека македонските патници се надеваат дека конечно некоја нискотарифна авиокомпанија ќе влезе на нашиот пазар и ќе понуди евтини летови, на белградскиот аеродром три вакви компании ќе им нудат евтини билети во текот на летната сезона. Освен „Ники флај“, која има летови до Виена, пред извесно време влез на српскиот пазар најавија и унгарската нискотарифна компанија „Виз ер“ и шпанската „Спан ер“.

Унгарската компанија од 12 јуни ќе лета од Белград до Дортмунд по цена од 25 евра во еден правец и за Лондон за 35 евра, додека Шпанците ќе летаат до Барселона по слични цени. Интерес за влез во Србија најавија и грчката „Олимпик ер“ и нискотарифната латвиска компанија „Ер Балтик“.

Даница Тунтевска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4A50BA470AC7F5438A0A3BDC3F142D70


Edited by Cloverstack - 18-Mar-2010 at 19:24
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 20-Mar-2010 at 14:23

Благ пораст на превезени патници на македонските аеродроми

20 март 2010, 12:58
Извор: Макфакс

Вкупно 36.153 патници биле превезени во февруари на аеродромите во Македонија, што претставува пораст од 3,3 отсто во однос на истиот период лани кога биле превезени 34.883 патници.

Ова денеска го соопшти министерството за транспорт и врски додавајќи дека само на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје се регистрирани 34.481 патник што во однос на истиот месец претставува зголемување за 1,7 отсто

Зголемен е и бројот на реализирани чартер линии кои во февруари 2010 година изнесува 76 што претставува зголемување за 61,7 отсто во однос на 47 чартер линии реализирани во февруари 2009 година.

Истовремено на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во февруари вкупниот број на патници изнесувал 1.672 патници, што е зголемување за 70,6 отсто во однос на истиот месец минатата година кога на овој аеродром биле регистрирани 980 патници.

На овој аеродром се бележи и зголемување на бројот на операции на воздухоплови за 14,3 отсто во февруари 2010 година, споредено со истиот месец минатата година.

http://makfax.com.mk/_tools/article/102378/view
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3359
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 21-Mar-2010 at 00:52
Наспроти тврдењата на Министерството за транспорт и врски за февруари 2010 година, Државниот завод за статистика констатира поголемо намалување на бројот на превезени патници и стока во последното тромесечје од 2009 година.

Имено, бројот на превезени патници е намален за 32,5% во однос на последното тромесечје од 2008 година, додека превозот на стока е намален за 3,8% во однос на 2008 година. Единствено позабележително зголемување е забележано кај чартер полетувањата и слетувањата.

Извор:http://www.stat.gov.mk/pdf/2010/8.1.10.04.pdf


Edited by BOJAN - 21-Mar-2010 at 00:53
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3359
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 10-Jun-2010 at 10:47
Бројот на превезени патници во воздухопловниот сообраќај е зголемен за 10,8% во првото тромесечје од 2010 година во однос на истиот период лани. Редовниот авио сообраќај бележи намалување од околу 15%, но затоа пак бројот на патници превезени со чартер-летови е повеќе од тројно зголемен во однос на минатата година. Вкупниот број на превезени патници изнесува 127.856 соопшти Државниот завод за статистика.
Истовремено, превезената стока во воздухопловниот сообраќај бележи значително намалување во однос на првото тромесечје од 2009 година за 22,8%. 
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 08-Oct-2010 at 16:49
Некој го знае ли бројот на патници во 2009 година на аеродромите во Скопје и Охрид?
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 08-Oct-2010 at 17:36
Originally posted by Andrej_LJ

Некој го знае ли бројот на патници во 2009 година на аеродромите во Скопје и Охрид?


SKP 700.000 rast 18% najgolem rast vo region

за OHR не сум сигурен има бројка ама варира


Edited by Supervisor - 08-Oct-2010 at 17:36
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 08-Oct-2010 at 17:43
Токму заради овие твои изнесени податоци и прашувам. Ајде дај ми некаков линк, каде и официално ја има оваа информација.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 08-Oct-2010 at 17:47
Originally posted by Andrej_LJ

Токму заради овие твои изнесени податоци и прашувам. Ајде дај ми некаков линк, каде и официално ја има оваа информација.


И јас ја приметив оваа информација на Џанки (ако не се лажам напиша 750к на ССЦ) и се заинтересирав колку е релевантна.

ТАВ во својот веќе надалеку прочуен транспарентен дух, ги има тргнато тие статистики од сајтот.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 08-Oct-2010 at 18:02
http://www.anna.aero/european-airport-traffic-trends/

Тука има статистики за 2008/2009 и 2009/2010 до Август месец. Македонија е единствената земја во регионот и една од ретките во Европа која не е вклучена! Паѓа во очи дека аеродромот во Задар на база 08/09 има 36% раст, што е двојно повеќе од Скопје како што го прикажуваат за лидер во регионот. Затоа информациите треба да се проверуваат пред да се презентираат, инаку се работи за обична заблуда.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 08-Oct-2010 at 18:53
И Црна Гора ја нема во извештајот, не е Македонија единствената земја.

"Затоа информациите треба да се проверуваат пред да се презентираат, инаку се работи за обична заблуда."


The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 08-Oct-2010 at 19:02
Башка отсуството на информација не го менува показателот на 0%. 700к неможе да биде бројка. Тоа е проценка само некоја. Вистинска бројка тешко дека може да содржи пет цифри нули. Завод за Статистика не ли има нешто такво?
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 08-Oct-2010 at 19:35
Originally posted by alexgizh

И Црна Гора ја нема во извештајот, не е Македонија единствената земја."Затоа информациите треба да се проверуваат пред да се презентираат, инаку се работи за обична заблуда."


Која ти е целта на овој пост не разбрав. Знам дека не е вклучена, ниту истата ја сметам за некаков фактор. Заштитуваш нечие фрлање од ракав на бројки ли? Инаку ако имаш да кажеш нешто по темата слободно направи го. Прашањето беше колку е годишниот сообраќај на аеродромите во Македонија во последниве години.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 09-Oct-2010 at 02:14
За бројките се согласувам. Коментарот беше чисто цепидлачки, колку да те потсетам дека ниту ти не си ги проверил информациите, нешто за што ги обвини медиумите Ништо лично.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 13-Oct-2010 at 20:37
Originally posted by Andrej_LJ

http://www.anna.aero/european-airport-traffic-trends/

Тука има статистики за 2008/2009 и 2009/2010 до Август месец. Македонија е единствената земја во регионот и една од ретките во Европа која не е вклучена! Паѓа во очи дека аеродромот во Задар на база 08/09 има 36% раст, што е двојно повеќе од Скопје како што го прикажуваат за лидер во регионот. Затоа информациите треба да се проверуваат пред да се презентираат, инаку се работи за обична заблуда.


Во денешното издание на Капитал или Бизнис 24 (не сум сигурен) имаше опсежен чланак за авиосообраќајот.

Меѓу друго имаше сообраќајна статистика цитирана од ТАВ. Скопскиот аеродром имал раст оваа година од 18% или во бројки од ~420.000 на ~490.000 во првите 9 месеци од годинава.

Охридскиот аеродром пак имал раст од 40%.

Главнината на растот се должи на зголемениот број чартери  и се поврзува со визната либерализација.


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 59>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.267 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.