build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиосообраќај (статистики)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 68>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 25-Jun-2012 at 17:07

Пораст на превезените патници и на карго превозот на македонските аеродроми

Од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во мај годинава се превезени 74.784 патници, односно за 13,5 проценти повеќе во однос на мај лани, кога  бројката на превезени патници изнесувала 65.871, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Порастот е најзабележителен  на „Александар Велики“, каде во мај се регистрирани 67.225 патници што, во однос на истиот месец минатата година кога биле регистрирани 59.101 патници, претставува зголемување за 13,7 проценти.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во мај се регистрирани 7.559 патници, односно 11,7 проценти повеќе  во однос на истиот период лани кога биле превезени 6.770 патници. Минатиот месец е забележано и зголемување на карго-превозот при што превезените 216,01 тони претставуваат зголемување од  3,1 процент споредено со  превезени 209.49 тони во мај минатата година.

- По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови. Имено, во текот на 2011 година, кога и заврши модернизацијата и реконструкцијата на двата аеродрома во Република Македонија биле превезени 15 проценти повеќе во однос превезените патници во текот на 2010 година. Освен во превозот на патници, забележан е и вкупен годишен пораст во карго-превозот од 9,8 проценти. Со воведувањето на предвидените нови директни дестинации од аеродромот во Скопје по нискотарифни цени, се очекува дополнително зголемување на бројот на патниците, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/porast-na-prevezenite-patnici-i-na-kargo-prevozot-na-makedonskite-aerodromi

Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 488
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 05-Jul-2012 at 11:15
TAV statistika za Juni 2012:

Passengers: Macedonia 88.092 +14%  (January-June 402.946 +19%)
Air traffic Movements: Macedonia 1.011 -6%
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 05-Jul-2012 at 11:28
Како бавно (многу малку) да се забавува растот на патници! И сепак неможам да разберам која е целта на објавување на податоци за двата аеродрома заедно? Ова може да значи и дека Охрид има енормен раст заради туристичката сезона, додека Скопје нпр. опаѓа. Сепак ова е одличен раст, кој очекувам во летниве месеци и по октомври да се засили (или да остане околу 20%)
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 05-Jul-2012 at 12:12
Originally posted by Andrej_LJ

Како бавно (многу малку) да се забавува растот на патници! И сепак неможам да разберам која е целта на објавување на податоци за двата аеродрома заедно? Ова може да значи и дека Охрид има енормен раст заради туристичката сезона, додека Скопје нпр. опаѓа. Сепак ова е одличен раст, кој очекувам во летниве месеци и по октомври да се засили (или да остане околу 20%)


Овој суров феномен се повторува од кога знам за себе Поназад во нишкава тоа е документирано.

Инаку и мене страшно ме иритира тоа што нема засебни бројки за аеродромите. Нам воопшто не ни е битна таа ТАВ центрична информација, туку не интересираат перформансите на двата аеродрома.
Back to Top
Tiveriopol View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Tiveriopol Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 18-Jul-2012 at 17:59



Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Република Македонија - 18.7.2012

Почитувани,

 

Ве информираме дека во првите шест месеци од 2012 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2011 година.

 

Во првите шест месеци од 2012, од двата патнички аеродроми во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 400.188 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 337.888 патници што претставува пораст од 18.4 %.

 

Во истиот период е забележано и зголемување на бројот на редовни линии за 8.0%, односно 3.766 редовни линии во првите шест месеци од 2012 во однос на 3.487 кои биле реализирани истиот период минатата година.

 

По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија,  континтинуирано се забележува раст на бројот на патници и летови.

 

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски



Edited by Tiveriopol - 18-Jul-2012 at 18:07
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 21-Jul-2012 at 10:39
По овие бројки за шест месеци, какви се вашите претпоставки за второто полугодие од оваа учебна годинаBig%20smile? Треба да очекуваме надминување на сумата од 900.000 патници за 2012 година, но дали би можеле да достигнеме до посакуваната цифра од 1 милион патници на македонските аеродроми по најновите статистички бројки?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 21-Jul-2012 at 13:30
Previous
 
Под сума се мисли на финансиски средства, а не на патници, дајте употребувајте културен и литературен македонски јазик, ако се зборува за патници, тогаш се употребува изразот бројка или цифра, а не сума.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 488
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 13-Aug-2012 at 12:36
TAV statistika za July 2012:

samo 1% porast vo brojot na patnici vo Juli sporedeno so lani

Passengers:
Macedonia 114.621 +1%

Air Traffic Movements:
Macedonia 1.271 -9%
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 13-Aug-2012 at 13:03
Штета.... ова се битни месеци кога голем процент би се одразил солидно на вкупната бројка. 
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 13-Aug-2012 at 13:47
Големо изненадување за мене. По месеците кога бележевме скоро 20% раст, во најоптоварените месеци немаме реален пораст. За жал веројатно вкупниот раст годинава нема да биде спектакуларен, но надежите се во новите дестинации на Уиз кои почнуваат од октомври.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 13-Aug-2012 at 14:03
Originally posted by Andrej_LJ

Големо изненадување за мене. По месеците кога бележевме скоро 20% раст, во најоптоварените месеци немаме реален пораст. За жал веројатно вкупниот раст годинава нема да биде спектакуларен, но надежите се во новите дестинации на Уиз кои почнуваат од октомври.


Вакво некако сценарио се развива скоро секоја година. Првите месеци имаат спетакуларен раст за потоа полека да опаѓа и на крај да завршиме со ~10% вкупен раст. Кој е секако за поздравување, и реално веќе се одлепивме малце од оние бројки на кои бевме зачмаени цела деценија, но сеуште изгледа не е дојдено времето за еден квантен скок каков што им се случи на многу аеродроми во Европа во минативе 20на години.

Инаку Виз ер мислам дека сигурно ќе даде квалитетен импулс, само прашање е колку за 3 месеци може да влијае на конечните бројки за цела година.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 13-Aug-2012 at 14:13
Да, мислев дека уште годинава ќе имаме спектакуларен раст од близу 20%, но ништо, верувам дека следната година ќе го видиме. Навистина бројките на Скопје се прениски, деновиве читам дека еден Тиват има 700 000 патници. Што се однесува до Уиз, неговите летови нема многу да влијаат особено што всушност месеците од годинава ќе бидат два (почнуваат со летови од самиот крај на октомври), но мислам дека барем за следната година ќе прават растур.
Тука треба да споменам дека барем Рајан или Изи ќе најдат некаква логика за отворање на летови кон Скопје следната година, иако со влезот на Уиз пазарот во голема мера се засити.

Сумирано, годинава Скопје нема да има спектакуларен раст кој е нужен во рамките на 15-20%. Моите надежи се во Охрид. Летоска кога бев на викенд, за една вечер слетаа 5 авиона, нешто што порано не можеше да се види ни во рамките на цела седмица. Затоа мислам дека Охрид годинава ќе ја заврши добро. Ако воопшто дознаеме, имајќи ја в предвид глупавата и единствена практика на ТАВ да ги објавуваат бројките групирано.

ДОПОЛНУВАЊЕ: Сега го разгледувава сајтот на Охрид. ЗАбележувам дека има денови кога има по 5-7 лета, но има и денови кога има по еден-два. Она што боде во очи се скоро сите откажани летови ан ЈАТ за Белград, на Коредон за Амстердам и на уште една компанија за Цирих. Дали знае некој зошто има волку многу откажани летови за Охрид, дали има послаб интерес на туристите отколку што очекувале?



Имено последново што го кажав ме наведе на следнава мисла. Сигурен сум дека во Охрид бројот на патниците е драстично зголемен од лани. Имаше многу повеќе странски туристи и тоа беше забележливо. Но според ТАВ растот во Македонија (Ск+Ох) е само 1%. Дали тоа значи дека Скопје има пад на бројот на превезени патници?
Нема ли начин да се дознае (да се пише на ТАВ да даваат разбиени податоци)?

Edited by Andrej_LJ - 13-Aug-2012 at 14:26
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 13-Aug-2012 at 14:50
Originally posted by Andrej_LJ



Имено последново што го кажав ме наведе на следнава мисла. Сигурен сум дека во Охрид бројот на патниците е драстично зголемен од лани. Имаше многу повеќе странски туристи и тоа беше забележливо. Но според ТАВ растот во Македонија (Ск+Ох) е само 1%. Дали тоа значи дека Скопје има пад на бројот на превезени патници?
Нема ли начин да се дознае (да се пише на ТАВ да даваат разбиени податоци)?


буквално истото го мислев прееска.

Инаку, Тиват (и сите други аеродроми во туристички зони како Дубровник, Сплит, Варна итн) не би ги споредувал со Скопје, едноставно таму се работи за сосема други типови на аеродроми.

Најкомпатибилни со Скопје во регионот се континенталните градови како Загреб, Љубљана, Сараево, Пловдив итн. 

Солун е еден хибрид во кој се соединува сообраќајот типичен за еден голем индустриски центар и сообраќајот од туристичкиот регион на Халкидики.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1995
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 13-Aug-2012 at 19:31
Мислам дека треба да го гледаме растот во сите останати месеци освен (јуни-јули-август кои се чисто туристички) и тоа од следнава причина:
Во овие 3 месеци бројот на патници е најголем токму поради туристичките понуди на домашните агенции односно чартер летовите. Тоа не се редовни линии туку луѓето со години наназат летаат исклучиво за туристички цели поточно летен одмор. Тука не се толку битни редовните линии и не очекувам драстични промени. Чартерите имаат огромен удел.

Е сега за мене битни се останатите 9 месеци каде луѓето патуваат исклучиво со редовни линии заедно со нискобуџетните во поново време. Токму растот во овие месеци ќе придонесе да стигнеме во 1.000.000 . Во овие месеци се патува или од потреба или туристички но на краток период по метрополите, не за летен одмор. Таа навика е потребно да се развие кај граѓаните.

Верувам дека токму Wizz ќе придонесе токму во овие месеци да се зголеми сообраќајот и да се роди навиката кај луѓето да користат авион и отидат на 4 дена до некоја метропола.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
buco55 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote buco55 Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 13-Aug-2012 at 22:34
Не би се надевал премногу на Wizz - барем не само со 6-те најавени линии. Wizz сигурно ќе донесе нови патници но Wizz е пред се нискобуџетна компанија која првенствено ќе ја користат туристи (а сега може и викендаши) или мигранти за да патуваат директно до Скопје. Во никој случај Wizz нема и неможе да ги замени нормалните "бизнис" авиолинии и врски кои ги нудат(нудеа) Јат, Адриа, Малев, Czech, Croatia ...

А на Скопје му требаат точно такви "бизнис" директни авиолинии, гледајќи дека најголемиот дел од економијата е и тука лоциран. А за Охрид може да се размислува и за воведување на други нискобуџетни линии. Тоа е принципот по кој се делат и аеродромите во другите западно-европски држави - принципот и зошто Wizz лета до ефтини нискобуџетни аеродроми наместо до главните аеродроми во истите држави.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1995
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 14-Aug-2012 at 08:50
Ако ништо повеќе сигурно барем дел од луѓето кои имаат навика да шетаат за празници и викенди по Балканот ќе се одлучат да посетат некоја од 8те дестинации кои се нудат за цена на такси превоз од центар до аеродром.

Со оглед на нашиот стандард како и навиката за патување токму Wizz е она што ни треба. Ретко кој во минатото одел на продолжени викенди низ Европа, од проста причина што малку се оние кои можат да платат 300 евра билет за 4 дена во некоја метропола.

Колку и да има редовни линии, 1.000.000 патници не се прават само со гастербајтери + професори + доктори + бизнисмени + музичари и политичари. Ни фали една многу битна категорија која верувам дека сега ќе се појача.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 488
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 16-Aug-2012 at 12:53
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DBE314D7F8F33C42852B50C482469AE6

Датум: 16.08.2012, 13:31
Зголемен бројот на патниците на аеродромите во однос на лани



Министерството за транспорт и врски информира дека во месеците јуни и јули на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено истиот период минатата година. Имено, во овие месеци од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 200.516 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 189.019 патници, што претставува пораст од 6.1 проценти.

Во текот на туристичката сезона, најзабележителен е порастот на бројот на патници кои полетале и слетале на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде во текот на јуни и јули оваа година се регистрирани 28.658 патници, што е за 16.5 % повеќе од 24.596 патници кои биле регистрирани во истиот период минатата година.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во јуни и јули се регистрирани вкупно 171.858 патници што во однос на истиот месец минатата година, кога биле регистрирани 164.423 патници, претставува зголемување за 4.5 %.

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 16-Aug-2012 at 13:07
Бројките за јуни веќе се објавија, сака да се затскријат податоците за јули и затоа збирно се пресметуваат за јуни и јули. Добро е што се публикувани статистичките за двата аеродрома, но ако се земе во предвид фактот дека Охрид има зголемен број на туристи, тогаш во јули почнаа да „издишуваат“ бројките.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 16-Aug-2012 at 13:16

Вкупно превезени патници на Александар Велики

Јануари 2012 - 60 911

Февруари 2012 - 47 382    

Март 2012 - 56 268    

Април 2012 - 65 938

Мај 2012 - 67 225    

Јуни 2012 - 75 968

Јули 2012 - 95 890

Вкупно: Јануари 2012 - Јули 2012 - 469 582



Edited by FoSsiL - 16-Aug-2012 at 13:26
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 16-Aug-2012 at 13:17


Извор?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 68>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.