build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од регионот - Софија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 26>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 12-Oct-2013 at 14:15
Изградба на линијата М1-југ, отсек Младост I - Младост IV/Бизнес Парк Софија P+R





Како што веќе неколку пати е пишувано, овој отсек на кој има три подземни станици низ населбите Младост започна да се гради во април годинава, а веќе се извршени 27% од вкупните предвидени работи. Се гради по методите на отворен коп и Миланскиот метод. После завршувањето главниот булевар низ Младост бул. Александар Малинов ќе се реконструира и прошири од 2x2 на 2x3. Рокот за завршување на работите е 22 месеци, или во првиот квартал на 2015 година. Набавката на 10те нови воза за овие два отсека веќе се исполнува при што неколку воза се забележани низ руските пруги да патуваат кон Софија (ги товарат на  фериботот за возови Варна-Илчовск). 












"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 12-Oct-2013 at 14:16
Изградба на линијата М1-југ, отсек Младост I - Младост IV/Бизнес Парк Софија P+R






















Edited by Andrej_LJ - 12-Oct-2013 at 14:16
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Sifon123 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 29-Jul-2013
Online Status: Offline
Posts: 20
  Quote Sifon123 Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 12-Oct-2013 at 15:24
Па ова да си градоначалник на град Скопје да ти е срам да отидеш во Софија и да им се пофалиш колку ленти булевар си проширил :/
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 664
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 12-Oct-2013 at 18:30
Андреј може да ми кажеш дали третата линија ќе се гради или не?
На бугарски сајт за архитектура читав дека е под прашање?

И зошто цената на изградба на продолжетоците на 1М и 2М е волку ниска,8 км = 150 милиона???

Edited by kiriOK - 12-Oct-2013 at 18:32
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 12-Oct-2013 at 18:52
Originally posted by kiriOK

Андреј може да ми кажеш дали третата линија ќе се гради или не?
На бугарски сајт за архитектура читав дека е под прашање?

И зошто цената на изградба на продолжетоците на 1М и 2М е волку ниска,8 км = 150 милиона???


Според вчерашните изјави на директорот на Метрополитен Стојан Братоев, идната година (кон крајот) треба да започне со изградбата на централниот дел на линијата М3. Тоа значи 9 станици и исто толку километри. Ќе се градат по подземен метод, т.е. со тунелно пробивна машина бидејќи се работи за минување во центарот на градот каде не смее да се затвораат булевари и бидејќи ќе треба да се изградат најдлабоките станици во Софија на околу 35 метри под земја. Ова ќе биде на трансферните станици со М1 кај Орлов мост/Софијски университет и со М2 кај НДК/бул. Витоша. И двете трансферни станици ќе треба да бидат изградени под постоечките и работечките метро станици на М1 и М2.

Колку што имам чуено под знак прашање е стартот на целата линија М3 следната година, а не изградбата ан централниот дел. Веројатно двата периферни и надземни делови ќе ги почнат малку подоцна. Ова е логично и од гледна точка што централниот подземен дел е предвидено да се гради 4 години, додека периферните само две.
Само да нагласам дека централниот дел е од станицата Градски театар Зад канала на северо-исток (пресечка на булеварите Христо и Евлоги Георгиеви и Генерал Данаил Николаев), се до станицата Красно село на југо-запад (пресечка на улиците Житница и бул. Цар Борис 3) ако сакаш да ги најдеш на Гуугл Мапи.

Релано парите за инфраструктура во следниот програмен период до 2020 се многу малку, т.е. само 2,5 милијарди евра заедно со националното финансирање. А има многу приоритети, од кои основен е Лот 3 на Струма кој се очекува да голтне 750 милиони евра. Инаку проектот за М3 е најспремниот од сите други во областа на инфраструктурата и би можел веднаш да добие финансирање, но за жал ќе треба да се одвои и за патишта и железници. Ќе видиме како ќе биде, но со сигурност пред да се отвори централниот дел ќе мора да се изгради барем источниот дел на линијата кој води до депото.

Што се однесува за проширувањата на М1 цената е ниска бидејќи Софија се научи да прави многу конкурентни тендери со што фирмите се навистина приморани да се натпреваруваат. Второ е што секаде се работи доста плитко и по отворен ископен метод. За крај веројатно затоа што околу 2 километра од овие 8 се надземни делови на ескади.

За продолжението на М2 за една станица кон Хладилника баш пред некој ден се објавија резултатите од тендерот. Победи фирмата која веќе работи на М1 кон Аеродромот со цена од 21 милиони евра за 1,3 километри и една подземна станица, но доста длабока и комплицирана (има 7-8 излези). Треба да почне да се гради до крајов на годинава и иако е мал сегмент сепак многу ќе помогне на тој дел на градот бидејќи ќе стигне до локалниот транспортен јазол (бул. Черни врх и идниот бул. Тодор Каблешков).


Edited by Andrej_LJ - 12-Oct-2013 at 18:57
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 365
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 12-Oct-2013 at 18:56
Ме интересира, додека се градат овие дополнителни линии на метрото, оние линии кои се веќе изградени во минатото дали се во функција или од безбедносни причини се затворени?
ಠ_ಠ
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 12-Oct-2013 at 18:59
Originally posted by Macedonicus

Ме интересира, додека се градат овие дополнителни линии на метрото, оние линии кои се веќе изградени во минатото дали се во функција или од безбедносни причини се затворени?


Се е отворено, не смее да се затвори никој дел, особено не централните станици на линиите. Мислам дека Софија тотално ќе колабира ако за подолго време се затвори метрото и 400 000 луѓе ќе треба да се извозат на друг начин. Така како што додека се градеше Сердика 2 на линијата М2 под станицата Сердика 1 на линијата М1, така ќе се градат и овие две станици на Орлов мост и НДК.


Edited by Andrej_LJ - 12-Oct-2013 at 19:00
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 664
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 12-Oct-2013 at 22:54
Знаат во Софија што прават,јас искрено се восхитувам и дури ми е нетипично за овие простори што тие на власт гледаат толку далекусежно.
Градот ќе го разтоварат со метрово,центарот посебно.
А во Скопје цела администрација ја насочија во централното јадро,во радиус од 500 метри со СК2014,проблемот со сообраќајот го ''решија'' на фантастичен начин со градење катни гаражи и тоа-ПАК ВО ЦЕНТАРОТ!
Многу сме далеку ние од ова,пред се во мислењето.

Инаку Андреј функционираат ли сите буферни паркинзи што се отворија во Софија,јас колко од тебе тука што разбрав барем знам по сликите,отворија само два од повеќето што беа во изградба?

Edited by kiriOK - 12-Oct-2013 at 22:57
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 12-Oct-2013 at 23:02
Тоа со паркирањето во центар и мотивацијата за користење на автомобили за сметка на јавниот транспорт во Скопје не сакам ни да го коментирам. Толку длабоко сум разочаран од се. што сум дигнал раце дури и да коментирам и да споделувам примери од добри пракси, затоа што едноставно нема кој да ги чуе. Нашите градски власти немаат ни умствен ни идеен капацитет да осмислат одржлива стратегија за транспорт во Скопје, чиј стожер би бил јавниот транспорт.

Инаку сите 3 буферни паркинзи кои лани беа пуштени во употреба работат. Тоа на М1 е оној на станицата Цариградско шосе, а на М2 на север кај станицата Бели Дунав и на југ на Лозенец. Незнам со каков капацитет функционираат. Други паркинзи освен овие не биле во градба. Имаше план да се гради голем паркинг над станицата Сердика 2, но заради обемните археолошки откритија ова отпадна за да се запази археологијата.
Инаку Софија нема други буферни паркинзи во склоп на метро станиците, има само релативно пали паркинзи кои не може да се наречат буферни бидејќи се поблиску до центарот. Такви има неколку, јас ги знам на станиците нац. стад. Васил Левски и Сердика.

Edited by Andrej_LJ - 12-Oct-2013 at 23:03
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 16-Oct-2013 at 18:00
Софија добива 126 нови MAN Lion's City GL двојни автобуси на природен гас!


Инвестицијата се изведува како дел од проектот за обнова на градскиот транспорт во Софија, во чиј склоп веќе беа нарачани 20 нови трамваи PESA, 50 нови тролејбуси Škoda и 10 нови метро возови од Метровагонмаш.

Проектот за набавка на овие 126 автобуси е вреден 34 милиона евра или по околу 268 000 евра по возило. Секој автобус може да вози по 165 патници (од кои 55 седечки) и е најновиот и модерен градски модел на МАН со Евро 6 мотор. Првите 20 возила треба да пристигнат во рамките на 6 месеци (значи до почетокот на следното лето), а останатите 106 во рамките на една година (значи до крајот на 2014). Еве уште технички карактеристики:

















Edited by Andrej_LJ - 16-Oct-2013 at 18:02
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 16-Oct-2013 at 18:42
Е не, кинески срања ќе купуваат...
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 16-Oct-2013 at 19:01
Originally posted by Teglarot

Е не, кинески срања ќе купуваат...


Јутонг (кој ги достави автобусите во Скопје) учествуваше на конкурсот, но достави далеку послаба техничка понуда (која носеше 40% од поените), но исто така и послаба ценовна понуда (60% од поените на тендерот). Така МАН понуди цена од 66 милиони лева, а Јутонг 76 милиони лв.

Инаку најверојатно јас не догледав и нема да бидат долгите 18,75 метри автобуси, туку малку пократките MAN Lions City G кој има 4 врати и е долг 18 метри.










Инаку точно овој модел го има веќе две години во Љубљана. Моите впечатоци се дека се многу робустни и цврсти автобуси. Мерцедесите Цитаро возат погладко и се доста нежни, но овие некако ми се чинат поиздржливи и поздраво склопени.

Edited by Andrej_LJ - 16-Oct-2013 at 19:04
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 16-Oct-2013 at 20:05
На Скопјево му фалат најмалку едно 10 вакви за само 2 автобуски броја: 57 и 2.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 664
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 16-Oct-2013 at 20:16
Мановиве се петка.
Андреј кои се роковите на доставка на автобусите,трамваите,тролеите,метро возовите?

Вчера се вратив од Софија,после ќе пуштам мои импресии.
Трамваите во центарот се многу бучни,лупаат до бесвест,посебно трамвајот до халите.
Ќе треба да ја дотераат трамвајната инфраструктура во ред пред да ги пуштат,а предпоставувам дека ќе ги насочат за да го покријат комплетно центарот.Но колку што забележав реновирање на централните траси не е во план туку ќе одат со изградба на нови делници,а ќе се реновира само трамвајот долж булевар Бугарија?

Edited by kiriOK - 16-Oct-2013 at 20:35
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 16-Oct-2013 at 20:17
Originally posted by mitatos

На Скопјево му фалат најмалку едно 10 вакви за само 2 автобуски броја: 57 и 2.

Na Skopje mu falat najmalku 100 vakvi. Namesto 200 dvokatni, trebase da kupat 150 vakvi!?
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 16-Oct-2013 at 20:47
Originally posted by kiriOK

Мановиве се петка.
Андреј кои се роковите на доставка на автобусите,трамваите,тролеите,метро возовите?

Вчера се вратив од Софија,после ќе пуштам мои импресии.
Трамваите во центарот се многу бучни,лупаат до бесвест,посебно трамвајот до халите.
Ќе треба да ја дотераат трамвајната инфраструктура во ред пред да ги пуштат,но колку што забележав тоа не е во план туку ќе одат со изградба на нови делници,а ќе се реновира само трамвајот долж булевар Бугарија?


Е со радост би ги чул!

Лупаат оти се стари бугарски кочини произведени во периодот 1980-1988 (повеќето де) и фактот што шините се прават многу неквалитетно, дури и новите делници. Зборувам за шините кои одат по улиците, а не за оние кои одат на трева или во средината или страните на булеварите кои се значително подобри. На овие првиве им прават само некаква бетонска стабилизација, ги заваруваат шините и асвалтираат одозгора. Нема поставено правилни бетонски прагови и подлоги, нема гумени заглушители итн.

- 20 трамваи ПЕСА, договор потпишан на 21 Јуни 2013, рок за доставка 7 месеци: Јануари/Фербуари 2014.
- 50 тролејбуси Шкода, договор потпишан 24 Јуни 2013, рок за доставка 15 месеци, но ќе се доставуваат по етапи. Првите десетина треба да пристигнат исто во првиот квартал на 2014.
- 10 метро воза МВМ веќе се доставуваат (мислам дека три се на пат за Софија). Комплетно договорот треба да се исполни до крајот на 2014 кога треба да се отворат новите отсечки на линиите, но веројатно ќе стигнат во првата половина на 2014. Дали ќе го згуснат интервалот пред да бидат отворени осумте нови станици не се знае сеуште.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 17-Oct-2013 at 09:45
Софија е вистински пример за тоа како во континуитет се развива јавниот превоз во еден главен град. Морам да им честитам за купувањето на нови превозни средства. За разлика од нив, кај нас се купува еднаш во неколку децении, од тоа се крева галама и бука како да сме направиле космодром и на крајот повторно имаме проблеми со нивната преоптовареност во однос на превозот на патници во најфреквентните периоди од денот.
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 17-Oct-2013 at 22:28
Originally posted by Macedonicus

Ме интересира, додека се градат овие дополнителни линии на метрото, оние линии кои се веќе изградени во минатото дали се во функција или од безбедносни причини се затворени?

Абсолутно не е замисливо да се прекине функционирането на линиja 1 или линиja 2  зарад понатамошната изградба.
Преди около неколко недели имаше проблем со смазката,коja се трупа по шините(от изградбата па до денес) и сабале около 8 саати запре дел от линиja 1, за около 30 минути само.
Немаш си представа што се деси...jaс требаше да одам со друг транспорт до работа, голем дел от лугето каснеха за работа,другиот транспорт се преполни.. беше кошмар.
Метрото е реално 'рбетот на градскиот транспорт во моментот во Софиja.
Во наредните денови ке ви сликам каков е обичниот трафик во работен ден сабаjле на линиja 1 и линиja 2.


Edited by ink - 17-Oct-2013 at 22:29
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7368
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 18-Oct-2013 at 02:25
Originally posted by BOJAN

Софија е вистински пример за тоа како во континуитет се развива јавниот превоз во еден главен град. Морам да им честитам за купувањето на нови превозни средства. За разлика од нив, кај нас се купува еднаш во неколку децении, од тоа се крева галама и бука како да сме направиле космодром и на крајот повторно имаме проблеми со нивната преоптовареност во однос на превозот на патници во најфреквентните периоди од денот.
ама....ама... ние сме добиле награда!
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 18-Oct-2013 at 18:28
Еве както веке обештав ви направив неколко слики от денес сабаjле по моjaта маршрута.
8:20 сабале на станица Мусагеница -дел от  M1


После 10 минути слизам на Сердика I


Одам да сменал линиите и еве Сердика II. Тоа е некаде 8:35 часот

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.