build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градско-приградска железница во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Feb-2011 at 05:48
Decki ovaa super ideja na nekoj da mu tekni da go iskoristi toa sto postoi.
Na cela drzava i treba brza zeleznica kaj i da zivees vo Makedonija ne podaleku od 150KM od Skopje da se napravi brza zeleznica.
Da se povrzi Ohrid so Kicevo i Bitola Krak kon Albanija i isto vo istocna Makedonija Krak do Bugarija ako ima brz voz so proescna brzina od 150KM na cas kaj i da si za okolu eden cas ke si vo Skopje taka graganite ke mozat da ziveat vo pomali gradovi a da rabotat duri i 150Km od svoeto zivaliste a vo isto ke se namli potrebata od patuvajne so avtobus ili avtomobil sto znaci pomalku uvoz na avtomoboli i gorivo i poevtin transport ekonomijata ke zazivee.
Samo ova treba da stigne do usi od politicari so vizija.
Bravo na idejata samo treba lobirajne kaj politicari prostirajte na facebook na nivnite strani.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 01-Mar-2011 at 02:51
Originally posted by Dexter26

А од неодамна дознав дека во Виена на секои 2 години го обновувале возниот парк со нови автобуси, па пред неколку години градот одлучил да ги подари, наместо да ги продаде, 2 до 4 години старите градски автобуси на градот Скопје.
Но кога дошле, нашинциве ги почастиле типична доза на македонска бирократија и на крајот ништо не биднало од планираниот подарок на автобуси од Виена.

Кај нас вакви муабети се шират премногу лесно. Македонската бирократија ми е одлично позната и често сум ги чуствувал нејзините способности на свој грб... Но дека Виена се отарасува од автобуси стари помеѓу 2 и 4 години и тоа не ги продава туку сакале да ги подарат на Скопје, а дека нашиве со доза бирократија успеале да упропастат дури и таква зделка, прилично е тешко да се поверува. Мене ми звучи како мит.


Edited by Cloverstack - 01-Mar-2011 at 02:51
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 01-Mar-2011 at 06:06
A zasto ne se napravi proekt za gradska zeleznica i tender i da go dadat na koncisioner.
A isto i cela zeleznica vo Makedonija da se napravi proekt za brz voz i da se dade pod koncesija pa ina 30 godini.Na toj nacin drzavata ne ke mora da se zaborcuva.
Zosto ne se podeli Skopje na poveke reoni i da se napravi vozen red da se dade pod koncesija na privatnici i drzavata da subsidira po km a i da ima odnapred napraven pravilinik za frekfrentonst i tocnost i kavalitet na vozen park sto ke go kontrolira ispekcija a isto i graganite vo slucaj na ne pridurzuvajne po pravilnikot da se kaznuva pod odnapred opredelna kazna vo kraen slucaj da se odzeme licenca. Na ovoj nacin e organiziran javniot sobrakaj vo poveke zapani drzavi.

Na ovaj nacin ke mu se stavi kraj na bolkata so javni preprijatia i javni nabavki.Drzavata ke bidi vo kontrola a drugi ke se sekira za vozniot park mnogu e polesno da konrtoliras i da sakconiras ako ne si toj sto go sproveduva servisot.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3827
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-Mar-2011 at 11:53
Супер е текстот!Браво!!
Зар не е можно да се појави некаде по весниците барем кај еден весник!Навистина штета ако останува текстот и идејата меѓу нас овде во буилд!
Кога и да е кје им падне на политичариве овај текст во око!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 01-Mar-2011 at 12:01
Би сакал во овој контекст да ја излинкувам студијата на Андреј која е неприкосновено најобемното нешто што е некогаш постирано на овој форум

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=794

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 01-Mar-2011 at 13:10
Originally posted by Cloverstack

Кај нас вакви муабети се шират премногу лесно. Македонската бирократија ми е одлично позната и често сум ги чуствувал нејзините способности на свој грб... Но дека Виена се отарасува од автобуси стари помеѓу 2 и 4 години и тоа не ги продава туку сакале да ги подарат на Скопје, а дека нашиве со доза бирократија успеале да упропастат дури и таква зделка, прилично е тешко да се поверува. Мене ми звучи како мит.

 
Иако е off-topic, сепак за да ти одговорам, ќе ти кажам дека и на мене ми беше прилично тешко за да поверувам, но до овие информации дојдов од некој од нашинците кој директно учествувал во разговорите помеѓу нашинциве и виенските градски советници.
За да не ја оптеретувам темава со off-topic муабет, слободно прашај ме на соодветната тема Возен парк (ЈСП - ЛАЗ), за дополнителни информации, доколку те интересира.


Edited by Dexter26 - 01-Mar-2011 at 13:10
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 01-Mar-2011 at 13:25
Originally posted by Goran

A zasto ne se napravi proekt za gradska zeleznica i tender i da go dadat na koncisioner.
A isto i cela zeleznica vo Makedonija da se napravi proekt za brz voz i da se dade pod koncesija pa ina 30 godini.Na toj nacin drzavata ne ke mora da se zaborcuva.
Zosto ne se podeli Skopje na poveke reoni i da se napravi vozen red da se dade pod koncesija na privatnici i drzavata da subsidira po km a i da ima odnapred napraven pravilinik za frekfrentonst i tocnost i kavalitet na vozen park sto ke go kontrolira ispekcija a isto i graganite vo slucaj na ne pridurzuvajne po pravilnikot da se kaznuva pod odnapred opredelna kazna vo kraen slucaj da se odzeme licenca. Na ovoj nacin e organiziran javniot sobrakaj vo poveke zapani drzavi.

Na ovaj nacin ke mu se stavi kraj na bolkata so javni preprijatia i javni nabavki.Drzavata ke bidi vo kontrola a drugi ke se sekira za vozniot park mnogu e polesno da konrtoliras i da sakconiras ako ne si toj sto go sproveduva servisot.

 
Одлична ти е идејата.
Всушност, приватен инвеститор, по можност странски, се има докажано како најдобар пример за инвестирање во општествената инфраструктура во Македонија.
Еден пријател мој вели дека им се восхитува на ЕВН, бидејќи од кога го купија ЕСМ, ако не плаќаш ќе те исклучат, ако не им дозволиш да те исклучат, ќе ја исклучат целата зграда, или целата улица, или можеби дури и целата населба или целото село, додека кога ЕСМ беше во државна сопственост никој не се осмелуваше на вакви потези.
 
Кај приватните градски превозници, нема мавање по врата за да некој влезе од средна или од задна врата, туку само од предна може да се влезе, додека кај ЈСП Скопје секој си влегува во автобусот од каде сака, иако со слободен билет, сепак спротивно е на кодексот, треба да му го покажеш билетот на возачот, а нашинциве кои влегуваат од средна или задна врата, не се баш толку многу по кодексот.
 
Во 2001 јас воопшто не ни верував дека тогашен Македонски Телекомуникации, денешен Т-Хоум, 10 години подоцна, во 2011 ќе нуди Интернет телевизија, оптички Интернет, бесплатен безжичен Интернет на одредени места итн.
Можеби во сето ова ќе уживавме и ако Македонски Телекомуникации останеше во државна сопственост, можеби не, но сепак многу повеќе им верувам на приватните странски инвеститори отколку на приватните домашни инвеститори.


Edited by Dexter26 - 01-Mar-2011 at 13:40
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 01-Mar-2011 at 14:30
Originally posted by Dexter26


 
Одлична ти е идејата.
Всушност, приватен инвеститор, по можност странски, се има докажано како најдобар пример за инвестирање во општествената инфраструктура во Македонија.
Еден пријател мој вели дека им се восхитува на ЕВН, бидејќи од кога го купија ЕСМ, ако не плаќаш ќе те исклучат, ако не им дозволиш да те исклучат, ќе ја исклучат целата зграда, или целата улица, или можеби дури и целата населба или целото село, додека кога ЕСМ беше во државна сопственост никој не се осмелуваше на вакви потези.


Воопшто не би се сложил со тебе.

Многу често странски инвеститор/концесионер излегол како лоша солуција кај нас од причина што најчесто не знаеме да си ги заштитиме нашите интереси при договарањето на концесија.

Воедно, и јас сум задоволен од начинот на кој ЕВН се справува со неплаќачите, но е жално е што главниот аргумент за концесионер е фактот дека сме неспособни да извршиме основни задачи како наплата поради дневна политика или корупција (патарините??)


Кај приватните градски превозници, нема мавање по врата за да некој влезе од средна или од задна врата, туку само од предна може да се влезе, додека кај ЈСП Скопје секој си влегува во автобусот од каде сака, иако со слободен билет, сепак спротивно е на кодексот, треба да му го покажеш билетот на возачот, а нашинциве кои влегуваат од средна или задна врата, не се баш толку многу по кодексот.


Ова е одличен пример дека концесијата/приватизацијата не се солуција доколку претходно нема строги регулативи кои се спроведуваат.

Имено приватните градски превозници се синоним за хаос. Влегувањето само од предна врата е случајно работа на место водено од нивната трка за профит, но во иста категорија спаѓаат и застанувањата каде ќе стигнат, излегувањето на патници каде ќе стигнат итн итн... Приватниците се прави каубојци по скопските улици.


Во 2001 јас воопшто не ни верував дека тогашен Македонски Телекомуникации, денешен Т-Хоум, 10 години подоцна, во 2011 ќе нуди Интернет телевизија, оптички Интернет, бесплатен безжичен Интернет на одредени места итн.
Можеби во сето ова ќе уживавме и ако Македонски Телекомуникации останеше во државна сопственост, можеби не, но сепак многу повеќе им верувам на приватните странски инвеститори отколку на приватните домашни инвеститори.


Македонски телеком под капата на Т-Хоум беше синоним за пљачкаш во привте 4-5 години од приватизацијата. Мислам дека во копродукција со неколкуте владеачли гарнитури неговата монополска позиција свесно се одржуваше за што ние плативме огромни суми пари. Дополнително мислам дека свесно се одложуваше влезот на некои технологии во Македонија (стартот и перформансите на АДСЛ на пример) долги години додека навистна не се создаде колку толку конкурентен пазар на тоа поле.

Да потсетам дека претходно МТ под државна капа работеше одлично, дигитализацијата веќе беше во тек, интернет имавме уште од 1995 итн итн... Сето тоа по доста подостапни цени.

На пример основната претплата за телефон во тоа време беше 50 денари, додека денеска без 400 денари + ДДВ нема муабет со нив.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 01-Mar-2011 at 14:46
Previous
И јас му го наведов сето ова што ти го наведе на пријателот мој за кој спомнав дека им се восхитува на ЕВН уште пред неколку месеци кога правевме муабет за ова, а тој ми одговори:

" За профит или за било што друго, важно е тоа дека тоа е функционален систем, додека кога ЕСМ беше во државна сопственост немавме таков функционален систем за наплата ".
 
Во целост се согласувам со тебе околу тоа дека сето ова што се случува околу концесијата и приватизацијата е чисто за профит, а не за подобрување на стандардот на живеење.
Но јас не познавам некое подобро решение, во случај кога станува збор за јавно претпријатие (како ЈСП Скопје и неговите возила), нашинциве ќе го упропастат и тоа нешто што го имаме под изговорот "ова делумно ми припаѓа и на мене" или "и мои пари се дадени за ова", додека кај приватните фирми за било каква штета се плаќа обештетување и надоместок, а за нередовно плаќање на сметките следува исклучување.
Од друга страна, кај јавните претпријатија, штетата и нередовното плаќање на сметките многу ретко наидуваат на ригорозни казни од типот обештетување и надоместок, како и исклучување поради нередовно плаќање на сметките.
 
Дека сите се занимаваат исклучиво со профит и крадење, тоа е факт, профитери и крадци ни ги водат и државата и фирмите (и државните и приватните).
И од ова следува фактот дека можеме да бираме помеѓу поголемото и помалото зло.
Можеби грешам, но за мене помалото зло се приватњаците, иако се поголеми крадци од државата, сепак инвестираат повеќе во нивните фирми.
 
Ќе повторам, можеби грешам, ова е мое мислење, не значи дека и другите мислат исто како мене.


Edited by Dexter26 - 01-Mar-2011 at 14:51
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 01-Mar-2011 at 15:34


Декстер... Мене воопшто не ми пречи тоа дека на концесионерот приоритет му е да заработи. Не само што не ми пречу туку тоа е сосема логично, зошто тогаш би влегол во целата работа.

Понетата ми е дека ниту со концесиите нема да ја амнестираме нашата неспособност да ги штитиме сопствените интереси и да раководиме со ресурсите за општо добро.

Значи во било кој случај, независно дали некое претпријатие ќе остане државно (во контекстов на дискусијата приградската железница), ќе биде јавно приватно партнерство, концесија или било што... мора да се научиме како народ, како влада, како јавна администрација.... да сносиме одговорност за своите акции и совесно да работиме.

Како народ пред се треба да се научиме да го казнуваме неодговорното работење, нешто што премногу често не ни оди заслепени од ситните лични интереси и партиската ориентација.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 01-Mar-2011 at 15:53
Originally posted by pbanks

Значи во било кој случај, независно дали некое претпријатие ќе остане државно (во контекстов на дискусијата приградската железница), ќе биде јавно приватно партнерство, концесија или било што... мора да се научиме како народ, како влада, како јавна администрација.... да сносиме одговорност за своите акции и совесно да работиме.

Како народ пред се
треба да се научиме да го казнуваме неодговорното работење, нешто што премногу често не ни оди заслепени од ситните лични интереси и партиската ориентација.

 
Секоја ти чест, pbanks.
Кога барем 5% од нашиов народ би размислувал вака, никогаш повторно нема да има потреба да дебатираме на вакви теми.


Edited by Dexter26 - 01-Mar-2011 at 16:29
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 813
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 01-Mar-2011 at 16:37
Originally posted by Dexter26

Originally posted by pbanks

Значи во било кој случај, независно дали некое претпријатие ќе остане државно (во контекстов на дискусијата приградската железница), ќе биде јавно приватно партнерство, концесија или било што... мора да се научиме како народ, како влада, како јавна администрација.... да сносиме одговорност за своите акции и совесно да работиме.

Како народ пред се
треба да се научиме да го казнуваме неодговорното работење, нешто што премногу често не ни оди заслепени од ситните лични интереси и партиската ориентација.

 
Секоја ти чест, pbanks.
Кога барем 5% од нашиов народ би размислувал вака, никогаш повторно нема да има потреба да дебатираме на вакви теми.


5% razmisluvaat taka problemot e deka 50% treba minimum da razmisluvaat taka za da pochne neshto da funkcionira kako shto treba. Opütesetvena evolucija e baven proces pomiri se so toa, vakvi opütestveni promeni so revolucija ne se menuvaat.  Iako ovie fakti ne treba da te obeshrabrat i ponatamu da go shirish ovoj nachin na razmisluvanje na shto e mozhno povekje lugje.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 01-Mar-2011 at 16:51
Originally posted by mirakuliks


5% razmisluvaat taka problemot e deka 50% treba minimum da razmisluvaat taka za da pochne neshto da funkcionira kako shto treba. Opütesetvena evolucija e baven proces pomiri se so toa, vakvi opütestveni promeni so revolucija ne se menuvaat.  Iako ovie fakti ne treba da te obeshrabrat i ponatamu da go shirish ovoj nachin na razmisluvanje na shto e mozhno povekje lugje.


Со сложувам. За жал. Се работи за процес чија цена ќе треба да ја плати нашата генерација... минимум
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 01-Mar-2011 at 17:01
Вака така пак проблемот го барате кај што не се бара во памет во размислување во менталитет. Само ќе се изнервирате и пак нема да најдете решение. А решенијата може да потегнат од еден човек. Така да ако се има воља и средства ќе се направи макар и со население без грам совет да сме.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 01-Mar-2011 at 17:09
Originally posted by lslcrew

Вака така пак проблемот го барате кај што не се бара во памет во размислување во менталитет. Само ќе се изнервирате и пак нема да најдете решение. А решенијата може да потегнат од еден човек. Така да ако се има воља и средства ќе се направи макар и со население без грам совет да сме.


вакво нешто не постои никаде во свет... и никој не се нервира, само разговараме...


Edited by pbanks - 01-Mar-2011 at 17:10
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 03-Mar-2011 at 05:00
Originally posted by pbanks


Originally posted by Dexter26

 Одлична ти е идејата. Всушност, приватен инвеститор, по можност странски, се има докажано како најдобар пример за инвестирање во општествената инфраструктура во Македонија. Еден пријател мој вели дека им се восхитува на ЕВН, бидејќи од кога го купија ЕСМ, ако не плаќаш ќе те исклучат, ако не им дозволиш да те исклучат, ќе ја исклучат целата зграда, или целата улица, или можеби дури и целата населба или целото село, додека кога ЕСМ беше во државна сопственост никој не се осмелуваше на вакви потези.
Воопшто не би се сложил со тебе. Многу често странски инвеститор/концесионер излегол како лоша солуција кај нас од причина што најчесто не знаеме да си ги заштитиме нашите интереси при договарањето на концесија. Воедно, и јас сум задоволен од начинот на кој ЕВН се справува со неплаќачите, но е жално е што главниот аргумент за концесионер е фактот дека сме неспособни да извршиме основни задачи како наплата поради дневна политика или корупција (патарините??)
Кај приватните градски превозници, нема мавање по врата за да некој влезе од средна или од задна врата, туку само од предна може да се влезе, додека кај ЈСП Скопје секој си влегува во автобусот од каде сака, иако со слободен билет, сепак спротивно е на кодексот, треба да му го покажеш билетот на возачот, а нашинциве кои влегуваат од средна или задна врата, не се баш толку многу по кодексот.
Ова е одличен пример дека концесијата/приватизацијата не се солуција доколку претходно нема строги регулативи кои се спроведуваат. Имено приватните градски превозници се синоним за хаос. Влегувањето само од предна врата е случајно работа на место водено од нивната трка за профит, но во иста категорија спаѓаат и застанувањата каде ќе стигнат, излегувањето на патници каде ќе стигнат итн итн... Приватниците се прави каубојци по скопските улици.
Во 2001 јас воопшто не ни верував дека тогашен Македонски Телекомуникации, денешен Т-Хоум, 10 години подоцна, во 2011 ќе нуди Интернет телевизија, оптички Интернет, бесплатен безжичен Интернет на одредени места итн. Можеби во сето ова ќе уживавме и ако Македонски Телекомуникации останеше во државна сопственост, можеби не, но сепак многу повеќе им верувам на приватните странски инвеститори отколку на приватните домашни инвеститори.
Македонски телеком под капата на Т-Хоум беше синоним за пљачкаш во привте 4-5 години од приватизацијата. Мислам дека во копродукција со неколкуте владеачли гарнитури неговата монополска позиција свесно се одржуваше за што ние плативме огромни суми пари. Дополнително мислам дека свесно се одложуваше влезот на некои технологии во Македонија (стартот и перформансите на АДСЛ на пример) долги години додека навистна не се создаде колку толку конкурентен пазар на тоа поле. Да потсетам дека претходно МТ под државна капа работеше одлично, дигитализацијата веќе беше во тек, интернет имавме уште од 1995 итн итн... Сето тоа по доста подостапни цени. На пример основната претплата за телефон во тоа време беше 50 денари, додека денеска без 400 денари + ДДВ нема муабет со нив.

Decki ova ne moja ideja ova sto mene mi tekna otpament e ispitana i provereno raboti super kaj sto ze naogam vo Melbourne i super fukcionira.
Melbourne e podelen na reoni Privatnici si imaat garazi i svoj vozen park i svoi linie sto gi opsluzuvaat i strog parvilnik na koj sto mora da se pridrzuvaat.
A biletite se vo sopstvenost na drzavata tie se prodavat po prodazni punktovi a i vo avtobisi parite se slivaat vo drzavna kasa a drzavata gi plaka privatnicite po km opsluzen a drzavata si ima svoja ispekciona sluzba koja gi kontrolira liniete za tocnost i za frekfrencija a isto i patnici koi sakaat da se svercuvaat i da ne platat potocno dadeno na privatna firma sto gi kontrolira bileti so motivacija kolku poveke patnici kaznat sto ne plakaat bileti procent od kaznata odi zanif a kaznite se rigorzni.Vo isto vreme gi kontrolirat i soferite dali prodavat karti ili profitiraat.

A toa sto se protivi nekoj na privatizacia treba se preispita sebesi.
Ako socializmot bese podobro opstestvo nema da propadnese nasekade. Samo uste 2 drazavi ostana komunisticki a Kina odi kon kapitalizam po poleka se transformiara svatija deka ako se inatat eden den ke bidat smenati so sila ko se sluci nasekade so pament ja trasormiraat svojata ekonimija i stanaa vtora ekonomska sila na svet a za brzo vreme ke bidat i prva.

A za ova da se sluci e lesno edna strucna poseta od vlada vo Melbourne ke i im objasnat kako funkcionira samo trebat da si prilagodot istiot pricip sprema svoi potrebi a koj rece mora da bidi stranska investicija ako Skopje se podeli na reoni ima luge so pari i vo makdonija sto bi zele licenca.

Ne sakam da zboram brojki na avtobusi ama za toa mozi da se razraboti studia i da se deli na reoni.
No ne na mnogu mali reoni pa drzavata da se rasprava so privatnici so 10 avtobisi.

Tie priavtrnicite imaat moznost da si ja prodavaat licencata a nekoj od posteckite ke ja kupi i ke stanat pogolemi.

Taka i ovde se sluci. Od pocetok vo Melbourne bea lokalni privatnici koj postanaa pogolemi a na kraj niv gi kupi setrinska firma na sinagapure Airways no ne da go imaat celosen pazar monopol.

Koga ke se vovedi nova linija se dava na tender sekoj privatnik se nadava toj sto ke dade najpovolna ponuda ja dobiva linijata.

Ke mu bide kraj na javni nabavki i javni preprijatija.
Polesno e da kontroliras nekogo ako ne si vo funkcija na dvatel na usluga.

A so Javni prepriatia ti davas usluga a nikoj ne te kontrolira.

Na drzavat ja kosta isto zatoa sto privatnik ke gi minimizira site davacki i ke vovede pogolema produktivmost.
Profitot e delot od nesposbnost na javo prepriatie i birokratija.
Na toj nacin bugetot nema da trpi a graganite dobivaat podobra usluga.


Edited by Goran - 03-Mar-2011 at 09:59
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 04-Mar-2011 at 11:26
Се вжештила дебатата по ова прашањеBig%20smile!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 04-Mar-2011 at 18:52
Previous
 
Па и треба да се вжешти, бидејќи со ќутење ништо нема да постигнеме.
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 16-Apr-2011 at 03:45
Dobro so stana so ovaa vest zavrsi ovde samo.
Kako ni eden novinar ne objavi vo vesnik za da mu dojde vo usi na vladata.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 17-Apr-2011 at 19:24
Previous
 
Презафатени се со известување за новите автобуси, како да демек проблемите околу транспортот се веќе решени со речиси 300 нови автобуси, од кои што досега се пристигнати само 33, од кои еден е двокатен. Big%20smile


Edited by Dexter26 - 17-Apr-2011 at 19:26
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.