build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фудбалски стадиони во Македонија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 01-May-2010 at 08:28
оној малиот објект има врска со игралиштево? соблекувална да не е?

не можам да се орјентирам баш спрема урбанистичкиот план горе ама треба да има нешто позади трибината, а овој објект е на друго место
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 01-May-2010 at 11:31
Знаењето е сила, знаењето е моќ.... Влада на Р.М.
 
 
(фотка бр.2 од последниот пост на Fossil)
Back to Top
MKballer View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Nov-2007
Location: Detroit
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKballer Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 01-May-2010 at 19:26
Jas ovaa nemozam da razbiram kako moze odma do kejot igraliste da se gradi.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-May-2010 at 20:28
зашто, што смета? Па и аква паркот (спортски центар) на пеце ако не се лажам е до кеј во Аеродром. Мислам дека во Велес има такво игралиште со трибини, мислам имаше слика на форумов.. 
Back to Top
MKballer View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Nov-2007
Location: Detroit
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKballer Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 05-May-2010 at 04:45
Problemot e sto ovaa zemja ke stane mnogu baran zemjiste vo nekolku godini (za sto bilo- biznis, manufacturing, etc.) i mislam deka e nepotrebno bas tuka da se nagradi igralistevo.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 05-May-2010 at 09:23


Не е местото баш прикладно за manufacturing
Ем се работи за кеј, ем се работи за голема станбена населба на која и недостасуваат содржини, а за производни капацитети дефинитивно има предоволно простор во новите индустриски зони, покрај обиколницата итн.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 20-May-2010 at 02:10

На фудбалските терени ставале глина наместо дренажа

Целосно се неупотребливи игралиштата во Штип, Радовиш, Пробиштип и во Чешиново

Иван Бојаџиски

ШТИП - На четири фудбалски игралишта во Штип, Радовиш, Чешиново и во Пробиштип, изградени од Агенцијата за млади и спорт, кои се покажаа како неупотребливи, ќе бидат направени корекции. Спортските терени се со иста мана затоа што изведувачот заборавил да направи дренажа, а наместо водопропустен хумус, послал глина, која не пропушта вода. Обилните дождови ги претвориле центрите за фудбал во отворени базени, а тревата на нив сосема се проретчи.

Од Агенцијата за млади и спорт велат дека тие го детектирале проблемот. На изведувачот на работите „Конструктор“ од Сплит, Хрватска, му наложиле во најкус можен рок да ја поправи грешката и игралиштата да ги доведе во функционална состојба.

„Владата донесе одлука за изградба на 50 фудбалски игралишта во државава. Шест терени се изградени, а другите се во фаза на изградба. Изведувачот не ја завршил добро работата на игралиштата во Штип, Радовиш, Пробиштип и во Чешиново. Во источниот дел на Македонија без проблеми функционираат само терените во Карбинци и во Василево. Имавме состанок со одговорните во ‘Конструктор‘ и тие ветија дека летово ќе ги поправат грешките. Оваа сплитска фирма ја доби работата на тендер, бидејќи имаше најдобра понуда, а според договорот, игралиштата треба да бидат завршени до крајот на септември годинава“, вели Диме Спасов, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Спасов упатува и на одговорност на општините каде што се терените за спортување. Имено локалните самоуправи презеле обврска да ги уредат системите за довод и одвод на вода. Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип, изјави дека кај нив веќе се започнало со преуредување на теренот.

„Работите почнаа пред некој ден и очекуваме да бидат завршени во еден разумен рок. Точно е дека добивме фудбалски терен со грешки. Но, реагиравме и за проблемот го информиравме министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и директорот на Агенцијата за млади и спорт. ‘Конструктор‘ е на терен. Очекуваме од оваа есен младите да играат фудбал на новото игралиште“, вели Тоневски. Фудбалскиот терен во рударскиот град е изграден на старото јаловиште што практично значи и реализација на идејата за култивирање на простор, која зафаќа површина од над 60 хектари.

Игралиштето во Радовиш во октомври минатата година го предаде во употреба премиерот Никола Груевски, но веднаш се покажа дека таму е невозможно да се игра фудбал. Новото игралиште е правено на теренот на постојниот стадион. Локалниот клуб ‘Плачковица‘, кој игра во трета лига, од минатата есен се натпреварува во приградската населба Раклиш. „Пред две недели изведувачот работи на поправање на грешката. Сосема сме сигурни дека Радовиш наскоро ќе има убав терен за фудбалската игра“, изјави градоначалникот, Роберт Велков.

Во Штип, на игралиштето лоцирано на Суитлакот моментално работат екипи на ЈП „Исар“ и на „Штип проект“. Општината, всушност, го реализира својот дел од задачата, да обезбеди водоводна и канализациона мрежа. Градоначалникот Зоран Алексов изјави дека до завршување на зафатот таму нема да се игра фудбал. „Со сите надлежни во државава се договоривме изведувачот да ги поправи грешките. Општината го работи својот дел од задачата. Сигурен сум дека во еден оптимален рок ќе имаме нов терен на кој младите ќе спортуваат“, вели Алексов.

Според нашите информации, вредноста на едно вакво фудбалско игралиште е околу 200.000 евра.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AD6A9BEDF8725D45921FB6BFA32EB974

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 13-Jul-2010 at 23:45
Еве го и напредокот кај фудбалското стадионче кај салата Јане Сандански

1
овде се гледа и соблекувалната


2
ова ќе биде трибината...

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-Jul-2010 at 00:41
Очекувам Аеродромци да формираат клуб кој ќе биде стабилен второлигаш, најмалку. Во некоја подалечна иднина можеби и да се направи вистински стадион овде.

Ќе повторам, би сакал да го видам реформиран ФК Југ од Мичурин, еден од најстарите и култни скопски клубови. Ракометниот огранок беше јак суперлигаш до пред само неколку сезони...
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 21-Jul-2010 at 17:35
Фудбалско игралиште во Кадино

Општина Илинден почна со изградба на помошно фудбалско игралиште во селото Кадино. Спортскиот терен ќе се гради во соработка со Агенцијата за млади, а во тек се работите за расчистување на теренот. Едно вакво игралиште веќе е изградено во селото Марино. Општината комплетно ќе го уреди пристапниот простор до игралиштето, ќе обезбеди водоводен приклучок и ќе изгради паркинг. Веднаш до спортското игралиште ќе има хортикултурно уредена површина. До постојниот фудбалски терен на фудбалскиот клуб „Кадино“ во план е да се изгради и игралиште за мал фудбал и кошарка со што ќе се оформи спортски комплекс. Средствата за неговата изградба се обезбедени од буџетот на Општина Илинден. (Сн.К.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8607A6F49096D64185BC0845E17A02EA
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 21-Jul-2010 at 22:46

   
 
   

17.07.2010 - Тетово во септември ќе добие ново фудбалско игралиште по сите меѓународни стандарди

Во септември годинава Спортскиот центар во Тетово ќе добие ново фудбалско игралиште по сите меѓународни стандарди. Игралиштето го гради агенцијата за млади и спорт како дел од проектот 50 нови фудбалски игралишта.

Тетовци го поздравуваат овој проект, но сметааат дека владата треба да се заангажира за постоечките спортски објекти кои со години остануваат запуштен и неискористени. Како пример ја посочија спортската сала која се наоѓа на само десетина метри од фудбалското игралиште кое во моментов се гради.

Според директорот на агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, проблемот е во Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти кое раководи со салата.

“Во минатото направени се многу штетни договори со концесионерите кои ја имаат земено салата на користење. Тие договори мора да се раскинат и да се најде инвеститор која ќе ја догради салата и ќе ја пушти во употреба исклучиво за спортски активности изјави првиот човек на агенцијата за млади и спорт Диме Спасов

Додека салата на спортскиот центар останува на забот на времето, владата интензивно работи на предвидените проекти од областа на спортот. Од планираните 35 спортски сали во Македонија направени се 27. Се работи на тениски терени но и на мултифункционални игралишта кои ќе бидат наменети за различни спортови.

Зоран Димовски
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 21-Jul-2010 at 22:47

16.07.2010 - Мештаните од општина Желино ќе имаат можност да се рекреаираат на ново фудбалско игралиште

Општина Желино доби фудбалско игралиште по сите меѓународни стандарди. Вчера свечено игралиштето го пуштија во употреба градоначалникот на општината Фатмир Изаири директорот на агенцијата за млади и спорт Диме Спасов и вицепремиерот Абдилаќим Адеми. Ова е 8 по ред фудбалско игралиште од предвидените 50 кои треба да се изградат во Македонија.

Градоначалникот на општина Желино Фатмир Изаири задоволен од соработката со Агенцијата за млади спорт кои овозможија преку отворањето на ова фудбалско игралиште младите од општината да се отргнат од пороците и повторно да се вратат на спортскиот живот.

Свеченото отворање на игралиштето продолжи со пријателски натпревар помеѓу екипите на фудбалските клубови Шкендија и Лирија. Во наредниов период се очекува и изградба на мултифункционално игтралиште во село Добарце а градоначалникот на општина Желино истакна дека се во преговори со владата за изградба на спортска сала во основното училиште во Желино.

Зоран Димовски
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 21-Jul-2010 at 22:55
Originally posted by Makedonij


   
 
   

17.07.2010 - Тетово во септември ќе добие ново фудбалско игралиште по сите меѓународни стандарди

Во септември годинава Спортскиот центар во Тетово ќе добие ново фудбалско игралиште по сите меѓународни стандарди. Игралиштето го гради агенцијата за млади и спорт како дел од проектот 50 нови фудбалски игралишта.

Тетовци го поздравуваат овој проект, но сметааат дека владата треба да се заангажира за постоечките спортски објекти кои со години остануваат запуштен и неискористени. Како пример ја посочија спортската сала која се наоѓа на само десетина метри од фудбалското игралиште кое во моментов се гради.

Според директорот на агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, проблемот е во Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти кое раководи со салата.

“Во минатото направени се многу штетни договори со концесионерите кои ја имаат земено салата на користење. Тие договори мора да се раскинат и да се најде инвеститор која ќе ја догради салата и ќе ја пушти во употреба исклучиво за спортски активности изјави првиот човек на агенцијата за млади и спорт Диме Спасов

Додека салата на спортскиот центар останува на забот на времето, владата интензивно работи на предвидените проекти од областа на спортот. Од планираните 35 спортски сали во Македонија направени се 27. Се работи на тениски терени но и на мултифункционални игралишта кои ќе бидат наменети за различни спортови.

Зоран Димовски

Затоа таа голема пустина е направаена значи ќе се гради фудбалско игралиште, тоа е супер во целос ќе се олесни натпреварите на градскиот стадион,  3 екипи играат во прва лига Ренова Шкендија и Тетекс, сега подобро би било Ренова ако сака ќе си ги играа утакмиците на тој стадион а Тетекс и Шкендија ќе играат на стариот стадион Smile
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 21-Aug-2010 at 09:49
Фудбалското Игралиште Ресен

Aктивностите околу изградбата на Фудбалското игралиште одвиваат со зацртаната динамика.

Во овој момент се работи на полнење на теренот и порамнување на основата по што следи изградба на соблекувалните и поставување на монтажните трибини кои ќе бидат во должина од 102 метри и висина околу 3 метри . Според изведувачот во Фудбалското игралиште треба да е комплетирано кон крај на месец Септември или почеток на месец Октомври.

http://www.resen.gov.mk/images/stories/2010/10_08_2010_igraliste/1.jpg
http://www.resen.gov.mk/images/stories/2010/10_08_2010_igraliste/2.jpg
http://www.resen.gov.mk/images/stories/2010/10_08_2010_igraliste/3.jpg
http://www.resen.gov.mk


Edited by Makedonij - 21-Aug-2010 at 09:50
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 01-Sep-2010 at 16:52

Наскоро во Миравци ќе биде предадено новото модерно фудбалско игралиште со соблекувални и рефлектори, како и со трибина за 1000 гледачи, кој проект се реализираше со средства од Агенцијата за млади и спорт на РМ.

Изградбата на игралиштето, како и неговото целосно, осветлување чибеше 4 милиони денари.
http://gevgelija.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 23-Sep-2010 at 17:16

Пуштено во употреба новото фудбалско игралиште во општина Чешиново-Облешево

Чешиново, 22 септември


Капиталните проекции и инвестиции за развој на македонскиот спорт што Владата ги спроведува продолжуваат со несмален интензитет, истакна премиерот Никола Груевски при пуштањето во употреба на ново фудбалско игралиште во општината Чешиново-Облешево.


- Со ова ќе им овозможиме на младите времето да го поминуваат во спорт и рекреација наместо во нешто што им го загрозува животот. Тука потрошеното време на секој млад човек ќе биде од корист за неговото физичко и ментално здравје. Ќе биде од корист за оние што имаат поголем талент и кои можеби тргнувајќи од овој терен еден ден ќе ги бранат боите на македонската фудбалска репрезентација, рече Груевски.


Тој посочи дека инвестирањето во спортските терени не завршува тука. Покрај изградбата на спортската сала „Никола Карев“ во Облешево, Владата за следната година планира изградба и на уште едно повеќенаменско игралиште како дел од проектот за изградба на 100 повеќенаменски игралишта.

За фудбалското игралиште со капацитет од 500 гледачи, соблекувална за играчите и судиите, дренажен систем и осветлување, Владата издвои околу 12 милиони денари.


Изградбата на фудбалското игралиште во општината Чешиново-Облешево е дел од владиниот проект за изградба на 50 помошни фудбалски игралишта низ државата.

http://vlada.mk/?q=node/5893
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 03-Oct-2010 at 13:23
Се реновираат трибините на градскиот стадион - Гостивар

По пласирањето на ФК “Риниа“ во втората фудбалска  лига и значителниот пораст на бројот на навивачи кои ги следат фудбалските натпревари, по рамнењето на теренот и други извршени интервенции, деновиве започна санирањето на трибините.
“Со средства обезбедени од  Општина Гостивар и со помош од разни донатори, ќе се обидеме да обезбедиме подобри услови за подобрување на  квалитетот на играта. Иако немавме почеток со кој би можеле да се гордееме, по последните две засилувања и оние кои планираме да ги направиме во иднина, се надеваме дека ќе ја постигнеме целта за оваа сезона, а тоа е опстанок во втора лига“, тврди претседателот на клубот Весел Мемеди.

Градскиот стадион е изграден во шеесеттите години од минатиот век, а речиси никогаш не е обновен. Од Фудбалскиот клуб “Риниа“ до Агенцијата за млади и спорт имаат поднесено барање за обезбедување на 2000 пластични столчиња, но до сега не добиле никаков одговор.

http://www.gostivari.gov.mk/images/stories/rprmshkllrn-1.jpg
http://www.gostivari.gov.mk/images/stories/rprmshkllrn-2.jpg

http://www.gostivar.gov.mk


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Паметњаков View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2010
Location: /
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Паметњаков Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 08-Oct-2010 at 12:37

Нема тема за стадиони па морав тука да ги ставам сликиве се надевам нема да ми ги избришете вреди да се види!

Стадион Борис Трајковски, Маџари Солидарност 3 лига
 
1. Лево ресторан, десно клубски простории и соблекувални (Во изградба се Ресторанот и клубските простории)
2. Трибината е 70-80% покриена незнам точно
3.
4. Има најубава трева! Smile 
 
5.
6.
7.
8.
9.
 
Трибината има капацитет од 2500 седишта а се планира уште една трибина позади гол! 
 
И уште еднаш ке ве замолам НЕ МИ ГИ БРИШЕТЕ СЛИКИВЕ
Ултрас!
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 08-Oct-2010 at 13:31
јас колку што знаем за стадионов Борис Трајковски од пред 3-4 години(а може и порано) се најавуваше  изградба на уште една трибина, али како што гледам стадионов е истиот, со цигли, заграден со плехови
Back to Top
Паметњаков View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2010
Location: /
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Паметњаков Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 08-Oct-2010 at 18:05
Originally posted by Dragan

јас колку што знаем за стадионов Борис Трајковски од пред 3-4 години(а може и порано) се најавуваше  изградба на уште една трибина, али како што гледам стадионов е истиот, со цигли, заграден со плехови
Имаше некој спор заради земјиштето, се реши па пред едно 2-3 месеца почна да се гради ресторанот и ставија покрив на трибината али се стопира изградбата зашто клубот нема скршен денар. Мислам дека стадионов е солиден за 3 лига Smile  Трибината неможе да се изгради зашто како што наведов погоре клубот нема пари! Со што да се загради ако не со плех? Кога тогаш ке се заврши и ке биде одма позади градски во убавина... капацитетот не го спомнувам Big%20smile
Ултрас!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.111 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.