build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Јован Бигорски

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 30-Sep-2009 at 18:15
Манастирот ќе го изградиме пак!

А за коментарот на Gahan, и мене не ми беше јасно за што се однесува тоа... мислам дека не е нормално секогаш и сегде да се плука по своето.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 30-Sep-2009 at 18:26
Претпоставувам дека Гахан реагира бидејќи како и да ја вртиме веројатно е дека човечка негрижа е причина за ова (во смисла на застарени или неправилни инсталации за нафта, струја итн).

Не дека такви работи не се случуваат, но сепак се работи за еден од нашите највредни културни споменици и треба да се обрнува специјално внимание кон безбедноста на овие објекти од сите аспекти.

Сепак спрема мене најлошото е избегнато, она што треба да направиме е да извлечеме поука и да воведеме поголеми сигурности мерки и за Бигорски и за останатите културни споменици од ваков ранг.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 30-Sep-2009 at 18:56
Манастирот беше беспрекорно чуван како од монасите така и од постетителите! А можам да кажам едно огромно браво на монасите што изреагираа така трезвено во таква ризична ситуација, и огромно браво за брзата реакција на противпожарната служба што спречија уште поголема катастрофа Applause


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 30-Sep-2009 at 18:59


Се сложувам Линеа. Секако никој нема нив да ги окриви, макар и некој од нив да згрешиле. Живи луѓе се грешат.

Но доколку се укаже дека проблем била инсталацијата или нешто слично стандардите мора да се подигнат, треба да научиме лекција од ова. Со оглед дека се работи за објект од културата кој е под заштита, претпоставувам дека тука пред се одговорност би имале разноразните заводи кои треба да го одработат овој дел од работата.

Но напразно зборувам, сепак се ова шпекулации и претпоставки, да видиме што ќе покаже истрагата.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 30-Sep-2009 at 19:07
Јас само сакав да кажам дека сме несреќи...ништо повеќе...
Многу убаво ја познавам историјата на манастирот, се наежувам само кога ќе ми текне на иконостасот во црквата, а не кога ќе го видам и фала Богу што не беше зафатена од пожарот...не ми беше целта никого да навредам, посебно не монасите, имам посебен респект кон нивната посветеност...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 30-May-2010 at 04:13
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 30-May-2010 at 04:19
Може некој да ми објасни што е ова на 3-та (18-та) слика со столбовите како некој портал?! Каде се влегува преку портава и каде е денеска, односно на кое точно место од комплексов била и што им денес тука? На 2-ра (17-та) слика може да се примети колку каква била состојбата на манастиров пред стотина години, тогаш и се направени сликиве на почеток на 20-ти век. На левата страна од сликата се гледаат два помали објекти што исто така ме збунуваат. Едниот, полевиот колку што можам да видам е на оние тидини што се препознатливи за Бигорски. Долни палат го нема. Интересно и Галичник е град.


Edited by lslcrew - 30-May-2010 at 04:21
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 31-May-2010 at 03:32
тоа е Балдахин т.е. Цибориум http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=490&PID=39263#39263 кој најчесто се поставува пред Олтарот внатре во Храмот, но исто така се поставува и во дворот на Храмот врз Писцината за Покрстување или односно врз Фиалата, а во случајов бидејќи има извор може да се каже Балдахин врз Крине. иако крине се однесува на цилиндрична структура врз окното на бунар...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 03-Aug-2010 at 19:36

Монасите од Бигорски правеле илинденски топчиња

Манастирот „Св. Јован Бигорски“ бил стожер на сите подготвителни активности за востанието

Киро Кипроски

Бигорски - На крајот на 19 и во почетокот на 20 век во Галичник, во Мијачијата и во селата по долината на реката Радика беше присутен слободарскиот дух. Населението, неможејќи да го издржи османлискиот јарем и пљачкосувањата што ги вршеле арнаутските качачки банди од Албанија, ги прифаќале принципите на Тајната македонска одринска револуционерна организација за учество во вооружено востание, за да се изборат за национална и социјална слобода. Галичаните ја отфрлале се' поприсутната големосрпска и големобугарска пропаганда. Целосно се носочувале кон револуционерните организации, формирале комитети, поткомитети и преземале други форми на дејствување, за подобро да се подготват за големиот ден - за востанието.



Манастирот „Св. Јован Бигорски“ бил стожер на сите подготвителни активности за револуционерното Илинденско востание, при што одиграл многу значајна улога во координацијата и во организацијата на населението за нивно вклучување во сеопштото востание. Тука се одржувале голем број тајни активности на Галичко-реканскиот комитет за собирање облека, храна, оружје за востаниците. Во активностите биле вклучени монасите на чело со игуменот на манастирот, јеромонахот Партениј, кои успевале да конструираат и да изработат две топчиња, со кои беше почната вооружената борба против Османлиите во реонот на Копачка. Според професорот д-р Ванче Стојчев, илинденците имале 17 дрвени топчиња, од кои шест во Крушево, а четири топчиња Османлиите заробиле во Битола и ги однеле во Истанбул, кои се чуваат како воени трофеи.

„Низ вековите Бигорскиот манастир одиграл значајна улога во јакнењето и зацврстувањето на македонскиот дух на населението, не само во неговата околина, туку и на поширокиот регион на западниот дел на денешната територија на Македонија“, вели игуменот на манастирот, архимандритот Партениј. На почетокот на минатиот век Бигорски бил главна база за дејствување во подготовките на Галичко-реканскиот комитет и дал голем придонес населението од сите села околу реката Радика да бидат организирани и покрстени како членови на ВМРО. Документите во печатена и во електронска форма, заедно со многу книги и документи, како што рече отец Партениј, изгореле во минатогодишниот пожар што го зафати манастирот. Но, се прават напори да се обезбедат тие документи, кои се наоѓаат во архивите на соседните држави.

Во Бигорскиот манастир била создадена мајсторска работилница и складиште за оружје.

Монасите Гаврил и Гаврил Русин излеале и направиле две топчиња. Во една ноќ, неколку дена пред 2 август 1903 година, браќата Филип и Угрин Канчевски, од Галичник, кои потекнувале од угледна сточарска и патриотска фамилија, со свои коњи ги презеле топчињата и со мака низ стрмнините над манастирот, успеале да пристигнат до местото Краиште. На патот кон Крушево биле обезбедувани од галичката чета. Патот ги водел низ планината Бистра, за да пристигнат на договореното место над селото Душегубица (Кичевско). Ноќта спроти Илинден, со двете манастирски црешови топчиња беше објавено Илинденското востание.

„Скришум, да не чујат шпионите, дедо ми Филип ми раскажуваше за својот подвиг, за движењето ноќе низ планинските беспаќа, да не ги откријат непријателите, со брат му Угрин успеале да ги пренесат црешовите топчиња од Бигорскиот манастир до договореното место што им го дал Комитетот“, се сеќава осумдесетгодишниот д-р Јанко Канчески. Покрај топчињата, кои биле натоварени на еден коњ и камуфлирани, облеката и храната за востаниците биле товарени на неколку коњи, собрани од галичани. За храброста на дедовците, додава тој, ми раскажуваа и татко ми Коста и чичковците Тане, Заге и Драган.



Шеесет и тригодишниот Миле Канчески ни вели дека дедо му Угрин, на 24 години, бил многу храбар и голем македонски патриот, секогаш подготвен да го даде животот за Македонија, за македонскиот народ да се ослободи од османлиското ропство, кое било неиздржливо. За пренесувањето на црешовите топчиња од Бигорскиот манастир во Крушево ми зборувал татко му Ладе, со аманет на дедо му, приказната да се пренесува од колено на колено, на децата и внуците, а тие, исто така, да им ја пренесуваат на своите деца и внуци се' додека постои родот и породот.

„Чувствата се големи и импресивни кога сознав дека моите предци во илинденскиот период се зафатиле да ги пренесат црешовите топчиња и да бидат активни во подготовката на Илинденското востание, многу се израдував и горда сум што потекнувам од револуционерна-патриотска фамилија“, со восхитување зборува праправнуката на Филип, Елизабета Канческа-Милеска, министерка за култура, и додава: „Не дека потекнувам од семејството на моите прадедовци Филип и Угрин, кога татко ми ми раскажуваше за нивниот подвиг од очите почнаа да ми капат солзи, од нивната храброст, од подвигот што го направиле во тоа тешко време“.

Авторот Георги Трајчев својата „Книга за Мијаците”, отпечатена во 1941 година, во Софија, речиси 30 години по нејзиното пишување, им ја посветува на Галичник и на Мијаците и на Бигорскиот манастир. Авторот по потекло бил Мијак, роден во Крушево, а во Галичник престојувал како инспектор по образование.



Манастирот служел и како главна база на дејствување во подготовка на комитетите. На тој начин сите села што се наоѓале на двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО. Сите служби биле организирани од игуменот јеромонахот Партениј и од монасите Гаврил Карапела и Гаврил Руснака (кој бил добар техничар), запишал Трајчев.

Покрај мажите од Галичко-реканскиот регион, кои учествувале во подготовките на Илинденското востание, и жените активно учествувале во подготовките на Илинденското востание.

Во периодот од 15 август 1902 до 20 јуни 1903 година организацијата имала многу успешни активности во подобрувањето на организираноста, а посебно во собирањето пари, при што биле собрани 560 наполеони и големо количество облека. На Смилевскиот конгрес (23 април 1903 година) било донесено решение Галичко-реканскиот реон да остане легален орган и по објавувањето на востанието, да му биде на располагање на Кичевскиот револуционерен реон за да му доставуваат храна, облека, пушки, патрони, лекови, а во случај на напад на османлиските војски во Кичевскиот регион да можат четите да се префрлаат во Галичко, каде што ќе ги кријат.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=69B0A1E5964EEF418A8FDD5AEAB7C78B
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.