build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на ГТЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 66>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 04-Jun-2013 at 23:24
многу голема улога имаат влезовите на еден дуќан.заедно со осветлението играт најголема улога дали некој ќе влези(нормално ако не оди со некоја цел).

консултирајте се со некој што студира менаџмент и маркетинг,па ќе ви кажи.јас сум го читал ова,не зборувам на памет.немојте да ја потцените науката во овој дел

а каква фасада ќе стават несакам да полемизирам.нема сврха од тоа.ни јас несакам да залепат барок,ама....

Edited by gjoko - 04-Jun-2013 at 23:25
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 04-Jun-2013 at 23:34
Originally posted by zabegan

многу безвезен муабет пушти сега... каква врска има ГТЦ како објект со тоа какви се влезовите во дуќаните?
и аман веќе со моловиве, по твојава логика треба и старата чаршија да ја претвориме во мол, нешто што и некој друг го пиша погоре...


тоа ми беше и поентата кога зборував погоре за црквите како пример. Неможе комерцијалните интереси да бидат реперот според кој ќе се прилагодува нашето градителско наследство. ГТЦ и останатите објекти кои сега се на отстрел треба да имаат ист третман како Пантелејмон, Бигорски, чаршијата или стариот дел на Охрид.

На сите објекти од 60те им треба освежување но никако изобличување а секако не под изговор на бизнис интересите на газдите на дуќани во ГТЦ.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1710
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 04-Jun-2013 at 23:42
Luge, neli gledate deka vlasta zapnala strogiot centar da go napravi barok i neoklasicizam, i si ja tera agendatata. Sto sega nie tuka debatirame za lanskiot sneg. GTC treba da se osvezi, no glavniot muabet mislam deka e baroknata fasada koja planiraat da ja plesnat.

Inaku, jas kako bifs skopski student se naviknav na GTC, i sekogas koga ke go posetam Skopje poveke pati sum vo nego. Ne znam dali e od navika ili nestopolozbata, no GTC ednostavno mi pravi keif.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 04-Jun-2013 at 23:45
јас се откажувам од полемиката,да не замини работата у ПМ,а поготово од погрешно сватени објаснувања
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 04-Jun-2013 at 23:55
Originally posted by gjoko

Дека прометот им е многу паднат знам од прва рака бидејќи мој прв братучед има продавница во ГТЦ а неговиот кумашин бутик и кафиќ,и знам колку им е намален прометот поради моловите.Додека не се отворија моловите(конкуренцијата) ,имаше пари да си приушти BMW X6,а сега е малку поинаку.
Originally posted by gjoko

И да се разбериме,јас не сум запнал како пијан за плот за затворање на објектот од страните.Ако сакаат газдите нека го остават уште поотворен.За ова тие си одлучуваат преку управен одбор,а за стилот дали барок или друго нешто......Мислам дека ако одат на барок,владата ќе им фрли пари

Ајде еве да речеме дека главни проблеми на ГТЦ се отворениот концепт и оригиналната фасада...

Но како може толку лесно да преминуваш преку фактот и да не ти пречи, всушност да не те извади од кожа, тоа што и самиот велиш дека владата ќе им „фрли“ пари? Со кое право некој си дозволува 80 или 100 милиони евра мои и твои пари, пари со кои треба да се гради иднината на моето и на твоето дете, да ги расфрла не само за да го преобрази ГТЦ во квази-барокно знадие по свој изопачен вкус, туку ете и да му го зголемел профитот на некој дуќанџија, за да дуќанџијата можел да си приушти да си купи нешто поново од своето BMW X6.

И тебе сето тоа ти изгледа нормално и прифатливо? Јас навистина не можам да се изначудам доволно...

Ајде барем да расчистиме во старт, дали интервенцијата врз ГТЦ е поради приватни комерцијални интереси на дуќанџиите и на акционерското друштво, или се работи за проект од јавен интерес кој владата треба да го финансира. Не може проектов да се оправдува де вака, де така.


Originally posted by gjoko

немојте да ја потцените науката во овој дел
Ск2014 и науката се скарани уште од сам почеток. Безброј многу пати досега е видено дека тие две работи се како масло и вода - не се мешаат. Со 100% сигурност можеме да се помириме со фактот дека никаков сериозен научен пристап не е применет ниту во проектот на Жарко Чаушевски, ниту во целата идеја за барокен ГТЦ. Се се сведува само на нечија желба и трговскиот центар да добие кулполи, антички столбови, скулптури... и да се украдат многу пари во процесот... и тука завршува приказната.



Edited by Cloverstack - 05-Jun-2013 at 00:15
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 05-Jun-2013 at 00:31
пак не се разбираме,јас само напишав едно мислење,а не дека го подржувам.па сто пати сум рекол дека не подржувам расфрлање на пари ама баш за ништо.јас да одлучував и александар велики ќе го направев со најмногу 10% од парите.и тоа со декрет

а за затворање на објектот па нели кажав дека треба самите да си одлучат.

тоа што реков дека владата ќе им фрли пари ако биде барок,е само мое размислување.па да не се повторума `не го убивајте гласникот`.да неможи човек да кажи што мисли дека ќе се случи
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 05-Jun-2013 at 01:00
Ама Ѓоко јас никаде не реков дека ти активно го подржуваш проектот, туку дека не можам да сфатам како можеш толку лесно и едноставно да преминеш преку сето тоа што го набројав јас и други форумаши, а исто така и преку некои работи кои ти сам ги наведе. Работи кои треба да го извадат од кожа секој грѓанин на оваа држава и самиот тој факт да придонесе да бидат спречени во корен.



Edited by Cloverstack - 05-Jun-2013 at 01:07
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 05-Jun-2013 at 01:45
Која бе наука...Ако некаде неќам да влезам тоа е Рамстор: царинска контрола на врата, климата на најјако да се смрзнеш/свариш, мириса на храна...Низ ГТЦ се осеќам слободно, шетам како низ корзо. “Ај низ Трговски“ има значење како да си рекол “Ај низ улица Македонија“. Во Рамстор никогаш нема да се најдеш на минување туку одиш исклучиво со конкретна цел.

Секако има простор ГТЦ да се унапреди, но затворање ќе биде чисто промашување од сите можни аспекти, било трговски, било комуникациски, на страна умоболниов дизајн.
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 05-Jun-2013 at 03:11
Ја па ги мразам „моловиве“ ради изолацијата од надворешната средина. Летно време влегуваш испотен од надвор, внатре 25 степени разлика, ќефои за половината. Зимно време ко во фурна да сум влегол, во една рака јакна носам, во друга џемпер.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 05-Jun-2013 at 08:29
Originally posted by fichot

Ја па ги мразам „моловиве“ ради изолацијата од надворешната средина. Летно време влегуваш испотен од надвор, внатре 25 степени разлика, ќефои за половината. Зимно време ко во фурна да сум влегол, во една рака јакна носам, во друга џемпер.


Е да моловите се како еден вид стаклена градина. Но истиот ако не и полош ефект ќе го имаш ако треба да правиш влези излези низ продавниците на пример во ГТЦ, пошто секој дуќан си има внатре клима.

Целата идеја на зтворените молови е влегуваш еднаш и го трошиш целиот ден, со шопинг, кино, јадење итн, и со тоа јасно повеќе пари да потрошиш. Има на пример цел стратегија каде ескалаторите кон горните спратови се едно до руго за да можеш брзо да се искачиш нагоре, арно ама ескалаторите за долните спратови кои ќе ти овозможат да го напуштиш молот се на растојание.

Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 05-Jun-2013 at 08:49
Инаку има доволно документувано информации и вести каде самите дуќанџии се жалат на трошоците, падот на прометот и како сите нивно потрошувачи си заминуваат кон другите нови затворени молови. Побарајте по интернет, што се однесува до робата, тука е тоа посложено, привлекување на брендови и потрошувачи е далеку посложена работа и тоа не е така едноставно. Има преку 400 дуќани во трговскиот со вкупна кирија мислам дека е сега 300000 евра, во 2010 беше 200000 месечно собрана од сите.

Инаку Лимак кога ќе го заврши нивниот мол кај стара железничка со светскте бреднови кои неофицијално се носат потенцијално може да биде сериозен удар за ГТЦ.

Не знам како не сака да се сфати дека најголем проблем за Скопје е среденоста, инфраструктурата и лошиот имиџ или немањето никаков имиџ. Се има многу малку интерес за посета и шопинг од страна во Скопје, а живееме во глобално време кога ако немаш прилив на пари и интерес од страна, градот само ќе си замира.

Ако нешто треба е идеи и позитивни критики. Идејата на СК2014 се знае, со старински фасади да се привлече интерес и пари, не може одговорот на тоа ад биде револуции и протести, туку еден паметен издржан одговор со креативни проекти и фасади што ќе преставува подобра алтернативе.

Вака имам чуство дека се сведува на една група имаат некаква визија да постигнат нешто со сите проблеми, грешки и аматеризми, и од друга страна критичари кои не нудат подобри проекти туку само се зборува за рушење, блокирање и револуции и не знам ти што веќе

Еве едно прашање има ли некој идеја како ГТЦ може да сврти 3 милијарди долари за три години и да донесе 5 светски бренда и како тоа треба да се постигне.

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 05-Jun-2013 at 08:53
Molovite celat na grupi sto pazarat,tinejgeri,zenskiot pol posebno.Od lugje kako mene i fishot nemaat korist,ama koga ke vlezam so deteto kartickata mi pregoruva.A za gtc pisuvam ramnodusno bidejki nisto ne zavisi od mene.Toa sto zavisese od mene sum go napravil
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 05-Jun-2013 at 09:21
Ја читам дискусијава околу прометот на дуќанџиите во ГТЦ. Бидејќи сум поврзан со тој бизнис моето мислење е дека основниот проблем на ГТЦ воопшто не е отворениот карактер или фасадата. Основен проблем е сопственичката структура. Бидејќи се работи за акционерско друштво, каде што голем дел од дуќанџиите се и сопственици и акционери, управувањето со трговскиот, одржувањето, хигиената се на многу ниско ниво. Видете колку често ескалаторите не работат, спуштениот плафон е прљав, искрешн, тече влага, кантите за отпадоци се преполни, тоалетите како од TrainSpotting. Тоа ама баш никако нема да се смени со затворањето на објектот, барокната фасада и сл.

Друг проблем е самата структура на продавниците. ГТЦ бил одлично осмислен во 80тите, да има големи продавници, стоковни куќи, мултибрент продавници на повеќе спратови. Поради транзицијата и сиромаштијата, а и заради брза заработка на поединци во 90тите, сите овие убаво смислени продавници се поделија и расцепкаа на продавнички со максимум 200м2 простор и се продадоа. Сега нема можност некоја Зара да отвори продавница како во Сити Мол, на повеќе катови со сите свои подбрендови на едно место. Зато имаме 3то класни турско/кинески брендови во ГТЦ во 90% од продавниците па со тоа и атрактивноста му е падната.

Трета работа е лошата финансиска состојба на граѓаните општо. По површина ГТЦ е далеку поголем од останатите молови, па со тоа и ризикот продавниците на горните катови да бидат празни и непосетени.

Инаку како концепт во светот се на мода и отворени шопинг центри. На пример во Ерусалим, најексклузивниот трговски цетар е целосно отворен (направен како улица).
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 05-Jun-2013 at 09:31
Originally posted by makonix

Инаку има доволно документувано информации и вести каде самите дуќанџии се жалат на трошоците, падот на прометот и како сите нивно потрошувачи си заминуваат кон другите нови затворени молови. Побарајте по интернет, што се однесува до робата, тука е тоа посложено, привлекување на брендови и потрошувачи е далеку посложена работа и тоа не е така едноставно. Има преку 400 дуќани во трговскиот со вкупна кирија мислам дека е сега 300000 евра, во 2010 беше 200000 месечно собрана од сите.

Инаку Лимак кога ќе го заврши нивниот мол кај стара железничка со светскте бреднови кои неофицијално се носат потенцијално може да биде сериозен удар за ГТЦ.

Не знам како не сака да се сфати дека најголем проблем за Скопје е среденоста, инфраструктурата и лошиот имиџ или немањето никаков имиџ. Се има многу малку интерес за посета и шопинг од страна во Скопје, а живееме во глобално време кога ако немаш прилив на пари и интерес од страна, градот само ќе си замира.

Ако нешто треба е идеи и позитивни критики. Идејата на СК2014 се знае, со старински фасади да се привлече интерес и пари, не може одговорот на тоа ад биде револуции и протести, туку еден паметен издржан одговор со креативни проекти и фасади што ќе преставува подобра алтернативе.

Вака имам чуство дека се сведува на една група имаат некаква визија да постигнат нешто со сите проблеми, грешки и аматеризми, и од друга страна критичари кои не нудат подобри проекти туку само се зборува за рушење, блокирање и револуции и не знам ти што веќе

Еве едно прашање има ли некој идеја како ГТЦ може да сврти 3 милијарди долари за три години и да донесе 5 светски бренда и како тоа треба да се постигне.



Немам идеја како ГТЦ да направи 3 милијарди долари за три години, ниту пак тоа може во реалноста некогаш да се случи. Да бидам попрецизен, тоа е информација слична на онаа дека во инфраструктурата во земјава ќе се вложат 4 милијарди евра, во 2008 година беше ова изјавено ми се чини.

Овде нема никакво рушење, револуции, блокирање. Овде е многу јасно, објектот да си остане таков каков што е, без никакво нарушување на неговиот надворешен изглед, со доградба на последниот спрат која нема да го промени неговиот концепт и со ВНАТРЕШНА реконструкција на некои делови од трговскиот, што е задача на раководството.

И тоа е тоа. Мислам дека надвор од ова се преминува на пропаганда. И мислам дека треба да се дејствува многу јасно, со барање до општина Центар да и се одземе градежната дозвола на раководството на ГТЦ за доградба, бидејќи тие им ја имаат дадено и да се стегне една кривична пријава од наследниците на авторските права на Живко Поповски, кои претпоставувам дека воопшто не се прашани дали смее да се чепка архитектонското дело што тој го оставил. Ова ти е човече, како некој да ти ја земе докторската дисертација и по 10 години да ти ги промени резултатите и самиот да си го запише заклучокот, без притоа да те праша.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 05-Jun-2013 at 10:00
Originally posted by makonix



Еве едно прашање има ли некој идеја како ГТЦ може да сврти 3 милијарди долари за три години и да донесе 5 светски бренда и како тоа треба да се постигне.



Одговорот е никако со сегашната финансиска состојба на граѓаните. Но ајде, да бидеме поскромни па да ја намалиме сумата на 1 милијарда. За ова да се изведе треба АД ГТЦ, да се продаде на доминантен сопственик. Тоа би значело некој инвеститор да најде најсоодветен начин (како Сити Мол, Рамстор или поголемите молови во Бугарија, Романија, Србија) да привлече странски брендови, да им понуди се што ќе бараат (квадратура на продавници, места за истовар утовар на стоки што е добро решен во ГТЦ, хигиена на ходниците, сервисирање на ескалатори, проемна повеќе на ентериерот на трговскиот и сл). Друго тој инвестиор треба и концептуално да го организира ГТЦ, како што тоа и порано било (дел за храна и ресотрани, златарска уличка, дел за детски продавници, дел за техничка стока, продавници за гардероба, обувки, дел за забава и сл).

Сето ова треба приватен инвиститор или фонд да го прави секако не централната власт, бидејќи тоа е несвојствено за економското и уставното уредување кон кое стремиме. Сето ова ќе повторам благе везе нема со барокната фасада.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 05-Jun-2013 at 10:36
Mislam deka barokot ne e ni tema na raspravava.Ne znam nekoj koj go podrzuva barokot vo gtc

Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 05-Jun-2013 at 10:55
Значи никако не ми е јасно како размислувате, од кај ги вадите ваквиите идеи. Авторското право е само на планот, а објектот си е на инвеститорот и ако сака може и зоолошка со решетки да го направи, никој освен општината, државата и заводот за заштита може да му попречат.


Па објективе не се нивна приватна сопственост, па да они одлучуваат што и како ќе биде со објектов. Архитектите имаат авторско право само на нивнта креативна идеја и план, и не може на пример ГТЦ сопственикот да го продава планот или да направи или било кој друг копија на истиот објект со тој план без одобрение на авторите.

Само една институција во државава може да стави објект под заштита се друго е матење вода.

Од сите критики на Cloverstack се најиздржани и поткрепени на форумов.

Како може асоцијацијата на архитекти да се јавува само кога треба нешто да се критикува и тоа на крајно селски начин, а притоа да се нема една само критичност кон себе дека не нуди никакви визии за подобро Скопје. Со штанцање станбени згради, метропола и главен град не се прави. Требаат идеи како архитектурата може да придонесе кон развојот на економијата, повеќе пари и поубав живот.

Постмодерниот Скопје не ја постигна целта да го промовира градот како градот во кој милиони би дошле да го посетат и фрлат пари. За тоа и нема интерес за хотели, брендови и слично. Од друга страна градови како Прага, Будимпешта преку ноќ сите згради во стариот дел се претворија во хотели поради огромниот интерес.

Мој совет ААМ да придонесува креативно кон промовирање на градот и создава дела кој ќе ги полни турстичите магазини низ цел свет, се друго е у стилот две баби седат на тротоар и коментираат цел живот.




Edited by makonix - 05-Jun-2013 at 10:58
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 05-Jun-2013 at 11:49
Originally posted by makonix

Авторското право е само на планот, а објектот си е на инвеститорот и ако сака може и зоолошка со решетки да го направи


da se frlam u vardar ili?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 05-Jun-2013 at 11:52
ќе заринкаш или погодиш нешто... ништо од Вардар, барај си друга река...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 05-Jun-2013 at 12:10
аман веќе со тие авторски права и сопственост... не значи дека ако си сопственик на нешто, дека треба да го преправаш како ќе ти текне, особено ако има јавен карактер
правните системи на земјава не треба да дозволуваат се, државата ако беше здрава, ќе го заштитеше како културно наследство и сопственикот ќе беше многу ограничен во својата работа
ама тука проблемот е тоа што баш државата е таа која се обидува да го уништи градителското наследство, и не знам зошто сеуште има луѓе што се лажат дека главната одлука е на сопствениците
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 66>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.