build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Надградба на ГТЦ
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на ГТЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334 67>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 15-Jun-2013 at 01:57
Па глеј, ти немораш да го браниш ГТЦ како објект и неговата естетска природа или ватевер...

Но можеш да застанеш против идејата овој објект да стане уште погрозно нешто и во исто време таа трансформација да чини како што се зезаме со Кловер мин 30 или повеќе милиони евра... Пари кои се наши, се твои, мои...

Ти немораш да застанеш во одбрана на ГТЦ, но мислам дека треба да застанеш во одбрана на своите интереси и интелектуално и лично достоинство како неодмилив и нераскинлив дел од развената свест на индивидуата за припадност и одговорност како влијателен фактор во општеството и неговото функционирање, нешто што секако паралелно се рефлектира на квалитетот на личниот живот и твоето место во заедницата. Секако тоа е поврзано и со можностите за лични приватни и/или професионални достигнувања.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 15-Jun-2013 at 02:11
Originally posted by FoSsiL

Да, потпиши ме! ама се предомисли поради тоа што требаше ЕМБР да се пише...



Еве ја одлично илустрирана суштинската причина, како дотуркавме дури до овде:









Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 15-Jun-2013 at 02:13
Очигледно организаториве на протестиве ќе треба да се договорат со МИ, ЦИА или слична странска тајна служба, ако сакаат да имаат добар протест, затоа што денес повеќе противници на барокнава трансформација на ГТЦ имаше во Тренд, Пелистер и околу фонтаната, отколку околу самиот трговски. Бев, видов и се разочарав. Зарем младинава толку заборави каков доживљај им беше кога нивните ги носеа во ГТЦ, кога плачеа за оригинал патики од Најк, кога јадеа пици у Жито Лукс на први кат, кога идеа у Кино Центар и сл. Не дека ми е толку за фасадата колку за спомените поврзани со овој трговски. Каде беа постарите кои искачале у Мусандра, каде беа актерите кои снимија неколку култни серии и филмови во тој објект, генерации за кои доживљај беа ескалаторите, "фраерите" кои се лепеа на излогот на Роџер или како и да се викаше... Да за домодернизирање на ГТЦ, ама барокна фасада-тоа само настранет ум може да го создаде.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 15-Jun-2013 at 02:49
Originally posted by FoSsiL

Па глеј, ти немораш да го браниш ГТЦ како објект и неговата естетска природа или ватевер...

Но можеш да застанеш против идејата овој објект да стане уште погрозно нешто и во исто време таа трансформација да чини како што се зезаме со Кловер мин 30 или повеќе милиони евра... Пари кои се наши, се твои, мои...

Ти немораш да застанеш во одбрана на ГТЦ, но мислам дека треба да застанеш во одбрана на своите интереси и интелектуално и лично достоинство како неодмилив и нераскинлив дел од развената свест на индивидуата за припадност и одговорност како влијателен фактор во општеството и неговото функционирање, нешто што секако паралелно се рефлектира на квалитетот на личниот живот и твоето место во заедницата. Секако тоа е поврзано и со можностите за лични приватни и/или професионални достигнувања.




Многу тенки причини за да искочам на плоштад да протестирам у сред сесија

Се зезам... ама стварно ќе биде полош после трансформацијата, и тука имаме проблем, јас претходно пробав да ја турнам расправата во друг правец ама не ми успеа. Бидејќи се се врти околу парите и некој решил да ги фрли у фасада оти не му дозволуваат на друго да ги троши, а притоа форсира некој браок/класицизам стил од времето на монархиите, дај да не дозволиме Чаушевски да проектира на две-натри склопени ругла низ градов, и тие што нешто разбираат нека се јават на конкурс, или нека биде меѓународен конкурсот, важно парите ќе отидат секако, а ние нема да добиеме ништо убаво, кога веќе се трошат парите дај да добиеме нешто убаво.


Ма јас мислам дека архитектите треба колективно да се фатат за раце и да се фрлат од карпите на Матка, зошто наместо да го искористат моментот кога се трошат пари у нивната сфера да остават трага и да се докажат тие протестираат?! Мислам дека народов има нешто катил у себе што секогаш го кочи...
Кога ќе му кажеш на пекарот меси ми 20 кифли со џем за роденден, он нема да те врати со аргумент: „Со крем е поубава, не ти правам со џем, ништо не разбираш, сега кога го имаме кремот, кога сите јадат крем, ти си решил да јадеш кифла со џем, не сакам да си го нарушувам своето пекарско достоинство, утре ќе викаат види го овој, му зинало шупчето за пари па и кифли со џем прави?!“ И вој решил да јаде кифла со џем, и ги меси сам кифлите, и добива нешто лошо, невкусно, ама се јаде. Позната ви е прикаската?

Мој став, СИТЕ што мислите дека сте подобри од Чаушевски, а ве има многу, јавете се на конкурс под условите кои се наведени (јавни/тајни) и се сомневам дека нема да го изберат најдоброто барок решение. Немој да ми лепите аргументи, види ги досегашниве конкурси, не ги гледам зошто до сега на конкурс губеа тие што не сакаа да месат кифли со џем, а не затоа што лошо ги месат истите.

Следни се можностите реално гледано:

1.) Да попуштат архитектите да се јават на конкурс и да имаме убав барокен ГТЦ
2.) Да не попуштат архитектите и да имаме ругло барок ГТЦ
3.) Да не попуштат архитектите и да го убедат народот да ја кутне власта и следната да ги поддржи во не менувањето на ГТЦ

Нешто што не е можно:
1.) Да попушти оваа власт и да не го менува ГТЦ
2.) Да не попуштат архитектите и да го убедат народот да ја кутне власта, АМА следната да го смени ликот на ГТЦ со тоа што нема да има стилски ограничувања во конкурсот( ова не е можно заради тоа што веќе излегоа да го бранат моменталниот ГТЦ, би било перверзија ако се јават после на конкурс)
Поздрав и лека ноќ

Edited by Bojan10 - 15-Jun-2013 at 03:12
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 15-Jun-2013 at 03:18

Борис Чипан за ГТЦ



СВЕТОЛ МОМЕНТ

 

 

   Ансамблот на Градскиот трговски центар во Скопје е архитектонско остварување кое непрекинато возбудува и тера на размислување. Тоа не е архитектура во смисла на наследените и се уште живи заблуди со кои не воспитувале кунстисторичарите. Проучувајќи ги ‘‘големите дела ‘‘ на антиката и ренесансата, не научија на погрешно – во архитектурата да гледаме декоративна површина, а не простор, да ја цениме естетичарски, а не социолошки. Нивна заслуга е што опшеството, рамнодушно го прифаќа секој прстор во кој може да се всели, а потоа ја фали или ја критикува неговата надворешност и со стручни рецензии на архитектите ја наградува архитектурата која ‘‘достигнала високо ниво на пластично обликување и значаен дострел во естетскиот израз‘‘.

 

....

 

Пет изолирани станбени деветокатници се опфатени со трикатниот организам на трговски, угостителски, производни, забавни и културни функции. Најпосле, и автомобилот е истеран во длабокото подземје. Овој огромен ансамбал се потпира од една страна на пешачкиот кеј покрај Вардар, а од друга страна на паркот. Просторот живее од утро до доцна навечер. Покрај купувањето, човекот се среќава со пријателите и муабети во мир на клупа или во кафуле. Предвечер е полно со младина која се уште не е заробена од автомобилот или телевизорот. Во паркот се слушаат детски гласови  и преку овој простор се прелеваат до кејовите. Обично изолираниот продавач или занаетчија има можност да се одмори од работата на масичка на тротоарот на соседната слаткарница. Во суштина овој асамбл претставува модерен еквивалент на сентименталниот и мил, но веќе исчезнат, живот во чаршијата. Единствено вака можат да се разберат поуките од традицијата - како обнова на просторот за вечните потреби на човекот, а не преку материјализираната форма.

    Најзначајниот квалитет што го има овој ансамл е симбиозата на животот. Затоа нема фасада и затоа не може да се оценува врз основа на естетичарските заблуди. Тој неможе да се презентира во слика и дводимензионална репродукција. Наспроти архитектурата на форми, која сакаме да ја надминиме, тој инзвонредно ја илустрира архитектурата на животот.

 

ПОЛИТИКА, 22 мај 1976

"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 15-Jun-2013 at 03:25
Originally posted by Bojan10

Ма јас мислам дека архитектите треба колективно да се фатат за раце и да се фрлат од карпите на Матка, зошто наместо да го искористат моментот кога се трошат пари у нивната сфера да остават трага и да се докажат тие протестираат?!
Секако. Треба истото да го направи на пример и генерацијата на нашите дедовци и баби, кои наместо да го искористат периодот 1941-1945 кога било толку фино и лукративно да се биде колаборационист, мнозинството се нешто се противеле, некои дури и се бореле...



Originally posted by Bojan10


Кога ќе му кажеш на пекарот меси ми 20 кифли со џем за роденден, он нема да те врати со аргумент: „Со крем е поубава, не ти правам со џем

Супер. Урбаното планирање и архитектурата еве веќе ги ставивме на исто ниво со месење на кифли  Applause

Ама имаш дури уште поголема фалинка во резонирањето. Кога станува збор за приватна куќа, можеш (не е препорачливо, ама можеш) да си најдеш архитект-пекар како Чаушевски и да му кажеш дал да ти ја направи со џем или со крем, ама кога се работи за јавни простори, јавни згради и народни пари, тогаш има да се слушаат архитектите, оние вистинските, а не архитектите-пекари и политичарите кои им кажуваат што да нашкрабаат.


Edited by Cloverstack - 15-Jun-2013 at 03:32
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 15-Jun-2013 at 05:03
Би било добро ако сака/може некој од админстраторите/членовите да крене една добро оформена инцијатива за глобална петиција на интернет и социајлните мрежи па да можат повеќе луѓе да се потпишат на истата.

Change.org

Edited by shyes - 15-Jun-2013 at 07:16
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 15-Jun-2013 at 09:28
Kako mislis deka arhitektite ne moyele povekje od ova? Pa naprivija li proekt za asalno modernisticko osvezuvanje na GTC? Jas ne vidov nitu edno! KAKO STO VPRICEM I NE POSTOI ALTERNATIVA NA SK2014. Nema diskusija, samo mrza i gresenje slama. Treba da ima alternativa za da moze nesto da se smeni!!!

Izuzetno me nervira ova sto se pravi so GTC! Ama ima li barem edno resenie sto e ubavo? Ucestvuvase li nekoj so asalen proekt na konkursite? Ili samo poluimbecilot so barokot se javi? Ne e vinata samo do narodot Clover, tuku e i do tie sto mesto da visat na socijalnite mrezi, treba da sednat i da napravat proekt kakov sto dolikuva!!!
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 15-Jun-2013 at 10:14
Originally posted by ebivetre

Kako mislis deka arhitektite ne moyele povekje od ova? Pa naprivija li proekt za asalno modernisticko osvezuvanje na GTC? Jas ne vidov nitu edno! KAKO STO VPRICEM I NE POSTOI ALTERNATIVA NA SK2014. Nema diskusija, samo mrza i gresenje slama. Treba da ima alternativa za da moze nesto da se smeni!!!

Izuzetno me nervira ova sto se pravi so GTC! Ama ima li barem edno resenie sto e ubavo? Ucestvuvase li nekoj so asalen proekt na konkursite? Ili samo poluimbecilot so barokot se javi? Ne e vinata samo do narodot Clover, tuku e i do tie sto mesto da visat na socijalnite mrezi, treba da sednat i da napravat proekt kakov sto dolikuva!!!

Ако се осврна малку да ја прочиташ нишкава ќе ги видеше и двата конкурса и кој се пријавил на нив ,првиот беше поништен со изговор дека само едно решение се пријавило и не било законски (иако истото решение беше избрано и беше модерно)  , а знаеме дека доста конкурси завршија само со едно пријавено решение и ниеден конкурс не беше поништен , во вториот конкурс се пријавија две решенија (едното од првиот конкурс и ова „Барокново“) и беше избрано второто, а во меѓувреме беше сменета комисијата (со претпоставка дека се сменети поради тоа што јавно кажаа дека нема да подржат барок за ГТЦ). И во двата конкурса беше исто, решенијата не беа обелоденети јавно туку се се одвиваше зад затворени врати ,а решението кое беше избрано последно „протече“ во јавност од немај каде.
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #630 Posted: 15-Jun-2013 at 10:21
Daci, zarem go smetas prvoto resenie za asalno? Moze da e podobro od cudovo od barok, no toa ne go pravi ubavo. Stvarno ne mi e jasno kako e mozno, za objekt od tolkavo znacenje, so tolkavi dimenzii vo centarot na glavniot grad da ima samo dve sugavi resenija!!!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2465
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #631 Posted: 15-Jun-2013 at 12:14
Бев, се потпишав*, ги ислушав обраќањата**, се фанав на оро***.
Искрено, со оглед на ситуацијата, очекував многу помала посетеност, се плашев дека ќе биде како пред 4-5 години на плоштад. Така да и оваа бројка од 2000 (мислам дека немаше ни толку) не е за занемарување.
Е сега, кај се другите?
Неколку причини, без некој редослед:

1. Неинформираност за настанот - фејсбук и повремено појавување на вести/весници не е доволно.
1.1 Неинформираност за ШТО е настанот - еве ги тука и на форумов, 30 страни изнапишани, уште некои не знаат која беше/е целта на протестот (да се сочува ликот на ГТЦ, а не запуштената состојба во која се наоѓа).
2. Страв - од контрапротести и тепачки
3. Страв - од губење на работното место и слични последици
4. Индиферентност - ова мислам дека е главна причина. Едноставно на луѓето не им е гајле, ама баш за ништо. Ај бе ќе трошам петочно попладне за ГТЦ, ме заболе стојко. Има серија, фудбал, тв-хороскоп, на тренинг сум, на фризер сум, одам за Охрид/Пефкохори (ќе стигнам вечер, ама утре денот го имам цел) и сл.
5. Апатија - џабе е шо и да правиш, шо наумиле то ќе прават.
6. Времето - богами, фатално е во лето малку дожд да те освежи.

Чаре?


*) Се запишуваше Име Презиме и број на лична карта (и своерачен потпис по желба) а не ЕМБГ како што некој тука коментираше.
**) Многу паметни и добро аргументирани мисли, ставови и факти. Слабо беше озвучувањето, едно време бев од страната кај ЕВН/Лумикс, скоро ништо не се слушаше.
***) Како идеја ми беше смешно, ама уствари излезе ок.

_____________________

Неколку фотки (од мобилен за жал, стресни неколку дена и изумив да ја земам сериозната машина со мене)











и убавицата



Edited by fichot - 16-Jun-2013 at 09:43
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #632 Posted: 15-Jun-2013 at 13:05
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by Bojan10

Ма јас мислам дека архитектите треба колективно да се
фатат за раце и да се фрлат од карпите на Матка, зошто наместо да го
искористат моментот кога се трошат пари у нивната сфера да остават трага
и да се докажат тие протестираат?!
Секако. Треба истото да го направи на пример и генерацијата на нашите дедовци и баби, кои наместо да го искористат периодот 1941-1945 кога било толку фино и лукративно да се биде колаборационист, мнозинството се нешто се противеле, некои дури и се бореле...
Originally posted by Bojan10

Кога ќе му кажеш на пекарот меси ми 20 кифли со џем за роденден, он нема да те врати со аргумент: „Со крем е поубава, не ти правам со џем
Супер. Урбаното планирање и архитектурата еве веќе ги ставивме на исто ниво со месење на кифли  ApplauseАма имаш дури уште поголема фалинка во резонирањето. Кога станува збор за приватна куќа, можеш (не е препорачливо, ама можеш) да си најдеш архитект-пекар како Чаушевски и да му кажеш дал да ти ја направи со џем или со крем, ама кога се работи за јавни простори, јавни згради и народни пари, тогаш има да се слушаат архитектите, оние вистинските, а не архитектите-пекари и политичарите кои им кажуваат што да нашкрабаат.



Ma odlicno, bravo, sporeduvas okupacija so investicija vo arhitektura, i potcenuvas tudja profesija zemena samo kako metafora...
Nie kiflite ocigledno ke gi jademe so dzem, i toa nevkusni...

Ne gledam deka nekoj so puski vo race se odmetna i otide vo planina da kroi plan za nasilno urivanje na okupacijava sto ni redi kvazi barok, i sto go skvernavi gtc, ili pa ti gledas?! Smesen protest od mal broj luge malce starci koi ne sakaat nisto vo zivotot da im se menuva, malce arhitekti koi ne znaat da izmenadziraat so situacijata povolna po niv (nekoj ti dava pari te plakja da rabotis, ti ne sakas),i sekako malce braniteli na dostoinstvoto...
Od katillakot si patime, ma samo napred, ima izbori,ako kaj Tito rabotele samo tie sto se genijalni arhitekti, i go napravile GTC neverojatno dobar vakov kakov sto e, sega neka se kandidira nekoj so ideja da ne se cepka GTC, neka si pobedi na izbori i cista rabota...

Vprocem kakov i da go napravat (i da ne go cepkat) toj sto razmisluva pozitivno ke si zivee ubavo, toj sto sekogas ide kontra i e katil, katil ke si otide nezadovolen od svetov... Mene GTC ne mi e ubav, ama kako koga proadjam pokraj ruzna zenska i ne i obrakjam vnimanie, taka proadjam niz GTC da dojdam do plostad,isto kako da ne sum pominal niz nego i cao...

Da ne se razbereme samo pogresno, jas sum apsolutno protiv resenieto na Causevski, zosto ke go napravat beter, ama sum za menuvanje, koga veke nekoj resil da go menuva, daj da go napravime poubav, povtorno, ako mislite deka znaete podobro od Causevski, i daj Boze da znaete, inicirajte nov konkurs i prijavete se.

Maksimum od od ovaa situacija ke iskocime kako pobednici ako napravat poubavo resenie za GTC otkolku toa na Causevski, a ke iskocime gubitnici realni ako go realiraat proektot, a sepak vo sebe ke bidete zadovolni sto ste go slusale i branele svojot razum drzejki se za race okolu GTC.

I nemoj da mi pravis analogija pak, ako ne pocnale da se borat protiv Germancite zaradi nivnata jacina, ne bi gi izbrkale, ne vikam ne, slobodno probajte, na kraj pak ke bideme gubitnici site, strasna para ke se potrosi i na nisto nema da lici.
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #633 Posted: 15-Jun-2013 at 14:36
Da bevme hrabar narod kako Turcite do sega ke imavme drzava , normalna mislam ...
Za eden park graganite napravija vojna, a naste ovci spijat ...
ako ako, neza dzaabe e kazano : Dodeka ima ovci ke ima i volna
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7441
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #634 Posted: 15-Jun-2013 at 14:48
Originally posted by daci92

Originally posted by ebivetre

Kako mislis deka arhitektite ne moyele povekje od ova? Pa naprivija li proekt za asalno modernisticko osvezuvanje na GTC? Jas ne vidov nitu edno! KAKO STO VPRICEM I NE POSTOI ALTERNATIVA NA SK2014. Nema diskusija, samo mrza i gresenje slama. Treba da ima alternativa za da moze nesto da se smeni!!!

Izuzetno me nervira ova sto se pravi so GTC! Ama ima li barem edno resenie sto e ubavo? Ucestvuvase li nekoj so asalen proekt na konkursite? Ili samo poluimbecilot so barokot se javi? Ne e vinata samo do narodot Clover, tuku e i do tie sto mesto da visat na socijalnite mrezi, treba da sednat i da napravat proekt kakov sto dolikuva!!!

Ако се осврна малку да ја прочиташ нишкава ќе ги видеше и двата конкурса и кој се пријавил на нив ,првиот беше поништен со изговор дека само едно решение се пријавило и не било законски (иако истото решение беше избрано и беше модерно)  , а знаеме дека доста конкурси завршија само со едно пријавено решение и ниеден конкурс не беше поништен , во вториот конкурс се пријавија две решенија (едното од првиот конкурс и ова „Барокново“) и беше избрано второто, а во меѓувреме беше сменета комисијата (со претпоставка дека се сменети поради тоа што јавно кажаа дека нема да подржат барок за ГТЦ). И во двата конкурса беше исто, решенијата не беа обелоденети јавно туку се се одвиваше зад затворени врати ,а решението кое беше избрано последно „протече“ во јавност од немај каде.
сума сумарум, конкурсиве постојат само колку да се каже дека процедурата е легитимна, а се работи за однапред нарачана и испланирана работа
дури и комисии се менуваат за таа цел
не знам зошто сеуште има луѓе што веруваат дека се се решава по некој замислен демократски пат


Edited by zabegan - 15-Jun-2013 at 14:49
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 397
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #635 Posted: 15-Jun-2013 at 15:07
Originally posted by milena

Da bevme hrabar narod kako Turcite do sega ke imavme drzava , normalna mislam ...
Za eden park graganite napravija vojna, a naste ovci spijat ...
ako ako, neza dzaabe e kazano : Dodeka ima ovci ke ima i volna

Spored mene situacijata tamu i tuka e potpolno ista. Se protestira zaradi park a ustvari pozadinata e uzasnata sostojba vo zemjata(nastrana ekonomijata). I ovde ako nekogas se krene tolkav protest(sto nema nikogas)pricinata nema da bide samo park ili trgovski.
*se izvjnuvam za latinicata.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #636 Posted: 15-Jun-2013 at 15:57
Протестот вчера

DSCF4652 by FOSM, on Flickr[/IMG]

DSCF4608 by FOSM, on Flickr[/IMG]

DSCF4591 by FOSM, on Flickr[/IMG]

DSCF4572 by FOSM, on Flickr[/IMG]

DSCF4532 by FOSM, on Flickr[/IMG]
За сè има вторпат
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #637 Posted: 15-Jun-2013 at 15:59
Добро, а излезе бројка колку потписи се собрани?

Моја проценка би била околу 4000 потписи... Дали сум во право, или грешам?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #638 Posted: 15-Jun-2013 at 16:21
Originally posted by Cloverstack

Од она што го пишав претходно можеш да заклучиш дека апсолутно не ги амнестирам ниту архитектите гледано генерално како фела, ниту ААМ како организација. Голем дел од вината за тоа како дотуркавме до оваа ситуација (или барем голем дел од вината зошто сето тоа помина прилично глатко), лежи кај нив. Но факт е дека сега сме таму каде што сме. Секако дека многу доцнат, но еве сега сепак заземаат ставови и прават некакви активности какви што би се очекувале од нив. Јас лично не гледам што повеќе може да направи Даница Павловска или некој друг архитект или ААМ како организација. Сега веќе не е до архитектите или до ААМ, сега е веќе до народот.

Во секој случај, можеби нешто ми промакнува... Значи еве кажи, што на пример очекуваш од ААМ или од архитектите генерално земено? Што треба да направат во оваа ситуација во која сме сега? Какви се тие иницијативи што би допреле до оние до кои што треба?


Кловер, не почнаа да прават некакви активности туку направија активност. Доколку тоа се претвори во активности секако и јас ќе го променам ставот и ќе ми се разблажи скепсата. Од она што можев да го погледнам на медиумите бидејќи вчера пред се оправдано не пристуствував (бев на пат), можам да речам дека сум пријатно изненаден од масовноста но и од реториката, ако ги земам во предвид нашите многу ниски стандарди за граѓански активизам,  јавно искажување ставови, разбирање за демократијата итн. Особено ми остави впечаток Елизабета Аврамовска иако проследив многу малку детали на ТВ и можеби имало и посилни моменти.

Но, протести не се прават од петок до петок. Уште да воведат пауза за годишни одмори. Ако нешто навистина толку тежи, протестите се секојдневни и истрајни. Видете ги на пример Веритас. Настрана тоа што се работи за партиски војници, нивната дисциплина и истрајност за нешто во што тие веруваат (макар тоа било и бесплатен сендвич) е за почит. Тоа е тој досаден германски фудбал кој веќе со години успешно го растура наводното и самопрогласено „аргентинско танго“ олицетворено во распеани скопјани, имитации на Џими Хендрикс или некакви гушкања.

Некои коментари во нишкава веќе наведоа кое е решението. За мене тоа е единствено минимум Таксим (инаку Ердоган наводно ретерираше и ги одложи корекциите на Гези). Често го користам холокаустот како метафора за она што му се случува на архитектонското наследство на Скопје. Само ќе ти кажам дека доколку советските војници се собереа да го „гушкаат Аушвиц“ и да му свират на гитара на Рудолф Хес денеска работите ќе беа многу различни.

Иако прстот го посочувам кон ААМ и компанија, овој пост е и критика кон самиот себе и кон поширокото граѓанско општество кое се води според постулатите кои веќе таксативно ги нареди fichot. Но сепак, ако малку излеземе од тешките метафори и се вратиме во реалноста каде што работите сепак не се така драматични и сепак сето ова се прекршува врз нивната професија мислам дека најмалку што може да очекуваме е тие да бидат лидерите и катализаторите а ние како граѓани и општество да го подржиме нивното експертско мислење и став. Како информатичар, ако утре владата прогласи дека персоналниот компјутер е комуњарски и нема душа и поведе проект за абакус во секое школо за да се вратиме кон корените, секако нема да очекувам некој друг да ја води таа битка за мене.
Back to Top
Razbirash View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Dec-2012
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Razbirash Quote  Post ReplyReply #639 Posted: 15-Jun-2013 at 16:27
Koga slusnav deka Raspeani Skopjani bile na protestot,znam veke kolku e saat,oni se pod renta na odredeni partii i ambasadi,popoznati kako profesionalni protestanti.Ne velam deka site prisutni bile poradi svoi licni pricini,da ne kazam za sendvic i sokce,ko sto bese so crkvata,ama pogolemiot del sigurno.Pa lugje bre Talibanci ni ubija 5 mladi dushi,nikoj so prst da mrdne,a sega se rastrevozile za banalni raboti vo sporedba so ona so ni se slucuva vo realnosta.Zatoa ko so kaza Bojan 10 vo MK jok na protesti
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #640 Posted: 15-Jun-2013 at 18:35
Originally posted by ebivetre

Daci, zarem go smetas prvoto resenie za asalno? Moze da e podobro od cudovo od barok, no toa ne go pravi ubavo. Stvarno ne mi e jasno kako e mozno, za objekt od tolkavo znacenje, so tolkavi dimenzii vo centarot na glavniot grad da ima samo dve sugavi resenija!!!

Немам увид во решението за да кажам дали е асално ,но сигурно е многу поасално од ова што ни се нуди сега да го прифатиме.
Е тоа е поентата но апатијата која владее во државава е преголема ...

Originally posted by zabegan

сума сумарум, конкурсиве постојат само колку да се каже дека процедурата е легитимна, а се работи за однапред нарачана и испланирана работа
дури и комисии се менуваат за таа цел
не знам зошто сеуште има луѓе што веруваат дека се се решава по некој замислен демократски пат

Се согласувам...

@fichot
јас кога поминав околу 16-17 часот земаа ЕМБР , гарантирам бидејќи јас се потпишував.


Edited by daci92 - 15-Jun-2013 at 18:39
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334 67>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.438 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.