build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на ГТЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 64656667>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1301 Posted: 05-Jun-2020 at 08:53
Originally posted by user8642

Една идеја што ми падна на памет како да се употреби последниот отворен спрат од ГТЦ, а притоа да решиме друг горлив проблем од Скопје.

"Глобализација" на ГТЦ.

Пренамена на последниот спрат во "зелен пазар". Сето тоа може да изгледа многу фино, модерно, спастрено. Тоа е ограничена површина и неможе да се прелева пазарот по тротоари и сокаци како што се случува на сегашната локација, над ГТЦ би му се знаела границата. Неатрактивниот трети спрат во ГТЦ може да ги аспорбира сите оние расфрлани дуќани околу сегашниот зелен пазар во пренаменети станови, гаражи, дивоградбичиња.

Всушност ГТЦ со години мачи мака да му најде содржина на третиот спрат кој никогаш не е заживеан. Го имаме и залудно изгубениот простор кровот на ГТЦ кој од изградбата стои така забатален. Кога ќе се спомне пазар кај нас одма ни доаѓаат слики познати на сите но сетете се само како може да изгледа фино тоа како на некои западно-европски градови на улични пазари во одредени денови.

Досега на некој начин "нападите" на ГТЦ со фасадата или со лифотот на некој начин направија некоја лажна претстава во обратна друга крајност и дека ГТЦ е некаква светиња во Скопје на која всушнсот не треба ништо да се прави, а не е така! ГТЦ не постои за да биде украс и "дострел на македонската архитектура", едноствано постои да биде трговски објект. Да го оставиме да биде така.

Со ова се отвора можноста да се расчисти цел тој дел на местото на стариот зелен пазар и да се изгради уште еден парк во центарот на Скопје.



Е, ова е веќе добра идеја (ти кометирав и кај префрлањето на Бит пазар). Зелено пазарче е чир во центарот на Скопје, негово префрлање на блиска и лесно достапна локација би било вистински погодок, а дефинитивно и ќе го заживее целиот ГТЦ кој моментално е во клиничка смрт.

Инаку, ако некогаш се случи тоа, заборави на парк на местото на пазарчето и биди сигурен дека тука ќе никне станбена зграда.

Edited by Џоле - 05-Jun-2020 at 08:54
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1302 Posted: 05-Jun-2020 at 12:15
Супер
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 494
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1303 Posted: 05-Jun-2020 at 12:53
Супер идеја.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 376
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #1304 Posted: 05-Jun-2020 at 15:41
Originally posted by Џоле


Инаку, ако некогаш се случи тоа, заборави на парк на местото на пазарчето и биди сигурен дека тука ќе никне станбена зграда.

Ако се случи тоа подобро и пазарот и кровот да си останат исти.
Инаку супер идеја, замислете парк наместо пазарот, Димитрија Чуповски пешачка улица со подземен премин на сегашниот пешачки, и модерен отворен пазар во ГТЦ.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1305 Posted: 08-Jun-2020 at 15:57


https://www.facebook.com/aerofoto.mk/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1306 Posted: 08-Jun-2020 at 22:43
Како естетски би се решило зелено пазарче на кровот? Ќе мора да се издигне некаква конструкција за кров и помошни простории што може да го наруши излгедот на ГТЦ.

Треба да се размисли и за пренамена на петте станбени згради во хотели и деловен простор. Двете што се внатре дефинитивно треба да станат деловни, двете крајни надвор во хотели, а таа во средина сеедно. Дури може да се размисли Град Скопје да се пресели тука, Советот да биде во кино Милениум, а Милениум да се пресели во комплексот што ќе се гради карши. Најавено беше поврзување со кровот на ГТЦ.

Се разбира треба и целосна обнова на зградите од 1958 и трговскиот од 1973; за првиве имаше небарокен предлог. Менаџментот треба да се стреми кон привлекување меѓународни ланци кои ги нема или се малку застапени кај нас (H&M, McDonald's, Zara...) и други содржини.

Vallco Mall Redevelopment е интересен пример. Да му платиме на Вињоли и нека го воскресне ГТЦ и дизајнира комплексот од карши:

For architect Rafael Vinoly, Vallco project is a career-topper

Rafael Viñoly – one of the highest-profile architects in the world – can point to a laundry list of high-profile projects in some of the world’s premier cities.

But the Hills at Vallco, the redevelopment project slated for Cupertino’s famous-for-all-the-wrong-reasons “ghost mall,” will rank at the top.

(...)

The event comes ahead of a November vote in which the project’s sponsor, Sand Hill Property Co., is seeking to lock in approvals and beat back an opposition effort from a grassroots citizen’s group concerned about parking, traffic and school crowding. Their vision is to replace the dilapidated Vallco mall with a city center that’s been described as a larger and more modernist version of Santana Row.

The design is notable for its planned 30-acre green roof that hovers above 625,000 square feet of retail, 2 million square feet of office space and 800 residential units. The design, first revealed in August 2015, garnered international headlines for the ambitious design, which would be the largest vegetated roof in the world.

The project is a big one for Cupertino, which – despite its high-profile corporate tenant – is a profoundly suburban place where projects of three stories are considered ambitious and politically explosive.

(...)

bizjournals.com

Located adjacent to Apple’s new headquarters, The Hills at Vallco in the Silicon Valley community of Cupertino will revitalize the failing Vallco Shopping Mall into a vibrant, sustainable, walkable and safe new neighborhood with a mix of retail, dining, entertainment, recreation, offices, housing, open space, and public amenities.





brightworks.net

432 Park Avenue, Њујорк, од истиот автор

fieldcondition.com
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1307 Posted: 26-Aug-2020 at 15:32
Очајно му се потребни реставрација и ревитализација на ГТЦ. Стварно не е лоша идејата зелениот пазар да се пресели на кровот, така и вториот кат кој сега е речиси празен би живнал.

Зелениот кров е фин.










Edited by Staro Skopje - 26-Aug-2020 at 15:33
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1308 Posted: 26-Aug-2020 at 15:34










Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1309 Posted: 26-Aug-2020 at 15:48
Foster + Partners’ Aldar Central Market Adds a Vibrant Green Roof to Abu Dhabi (2011). Слично би можел да се реши кровот на зелениот пазар, а дрво да се употреби и за внатрешноста на ГТЦ и и фасадите на трговскиот и 5-те кули







inhabitat.com
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1310 Posted: 26-Aug-2020 at 17:08
Мислам дека никаква шминка нема да му помогне на гтц,после изградба на Ист Гејт,Дајмонд може слободно крст да му се стави и толку да биде. Гтц и сега е банкротиран,пола и повеке продавници се празни,млад човек можеш само на раминување да видиш,или во кафичите на кеј,толку.
Изеден е од времето гтц,срам е да одиш да седнеш или да купиш нешто од таму,квалитетот на робата е ала Шутка,дури и во тие продавници што треба да се по класа ко Шевењон,робата им е од пред X години,зошто никој не оди

Лошо е кај нас што една генерација луѓе,или нивните синчиња и ќеркички кои ги научиле да го поврзуваат гтц со "некое време" се сентиментално поврзани со објектов и ќе почнат да се трескаат од земја при секој обид да се направи било што со објектов,мислам дека ни градоначалници ни архитекти немаат појма што со гтц,еве што викаш дрво да се стави,тоа нема да му дојде исто ко лажен барок да му наставиш ?
Мене лично цеф ме заболе за гтц,што сакаат нека му прават,нека го политизираат нека глумат спасители и не знам што,ако сакаат нека го остават со глувците и мочките да скапе,само проблемот е што е апла во центарот на градот,и зафаќа премногу простор да стои таков грд,гломазен и нефункционален,впрочем ако се вика ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР,не треба да биде најголем,најмодерен,најубав,со најголемата понуда на брендови,ресторани... ??? Која е поентата да носиш ИСТ ГЕЈТОВИ ако на сите им е испод чест да одат да купат нешто во гтц пошто е срање прегазено од времето ?

Јас во тој потег:портата,ЕВН,чирот пред него,па гтц со кулите и холидеј ин,кејот,све би исчистил и би му дал на некој светски познат архитект да го среди тој простор,да има вистински кули,и градски трговски што ќе биде НАЈ,а не ова што е сега. Знам научна фантастика е муабетот,и уште многу декади ќе остане да си пропаѓа и да служи како пролаз.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1311 Posted: 26-Aug-2020 at 17:35
На ГТЦ му треба добра управа и силна финансиска инјекција, инаку само можеме да си фантазираме до утре сабајле. И, секако, привлекување квалитетни брендови и продавници, тие носат купувачи.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1312 Posted: 26-Aug-2020 at 18:04
ГТЦ има подобра локација од кој било друг трговски во градов, тоа што е празен е плод на катастрофален менаџмент. Во САД трговските умираат и биваат заменети со отворени outlet центри, кај нас релативно на куповната моќ работат добро, а 3 во моментов се градат. Треба малку поопширна дебата за македонската трговија, па да видиме каде и како треба да се инвестира.

Додека уште не е готов проектот за паркингот карши, државните органи треба да издејствуваат:
- неограничена висина за станбени, деловни и угостителски кули;
- пешачки коридор од влезот на ГТЦ до Железничка станица;
- парк и ноќни клубови;
- отсуство на трговски центар и поголеми комерцијални содржини.

На овој начин, просторот до ГТЦ би се пополнил со луѓе, а самиот ГТЦ ќе стане уште побитен коридор помеѓу плоштадот, паркингот-претворен-во-кули и железничката станица. Внатре треба да се отвори барем еден кафе бар на сите четири ката и неколку ресторани на последниот, а доколку има услови за тоа, во подрумот да има и ноќен клуб. На приземје и прв кат да се повикаат попопуларните брендови кои ги има во другите ТЦ, но и оние кои не се присутни во Македонија, а на втор да останат послабите продавници, за да има за секој по нешто. Сигурно има простор и за студентска читална. Со зелено пазарче на кров, ГТЦ и тоа како ќе живне.

Една од внатрешните кули да се пренамени во административна (по можност нешто со многу шалтери и проток на луѓе), другата во деловна, а предните три може да станат хотели, факултети, студентски домови... или пак да се дадат на саглам инвеститор кој ќе ги реставрира (по проект изработен од државата) и продаде/изнајми/користи за себе, а за возврат да им изгради станови на станарите. Со малку визија, би му се дало да гради 30-катници во Маџир и Ново Маало наместо сегашните голубарници, кои би биле доволни за сегашните станари од ГТЦ + многу нови (=профит).

Се разбира, нужна би била и целосна автентична реставрација и осветлување на објектот, нови лифтови, нови тоалети, поголем заеднички јавен простор (некој квази-амфитеатар каде би настапувале улични уметници), оживување на конгресниот центар (работи ли тој?)... Имајќи го предвид значењето на објектот, во финансирањето би се вклучиле Владата, Град Скопје и Општина Центар, а средствата би почнале да се враќаат со функционален ГТЦ.

Мало освежување и модернизирање на изгледот не е проблем, сѐ додека се почитува автентичноста на зградата. Еве идеја за кулите (која може значително да се подобри):
Originally posted by Џоле

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1313 Posted: 26-Aug-2020 at 20:06
Искрено да ти кажам ова на сликава ми изгледа поникакво од како што е сега во моментот(според мое око),а уште повеќе што нашите "барокизирања" и "модерниирања"
се покажуваат како траги-комични и се,се освен барок или вистински модерен изглед.

Мене муабетот ми е друг,еве да речеме хипотетички цел тој простор од паркингот карши гтц до ВЕРО се среди,под ова подразбирам издигнување на облакодери,итн итн се што треба да не редиме,потребно е асален проект за местото на кое се наоѓа сега гтц и "кулите",премногу простор зафаќаат итоа не само површински,туку и по местоположба е самоубиство за еден главен град вака да му биде искористен peak-от во најпрометното место.
Затоа викам дека крпења нема да му донесат којзнае што на гтц,објектот е стар дотраен и е демоде,колку и да звучи тоа сурово за некој,кафичите не може да се земат за репер затоа што и да фигурираат само како такви нив погледот од карши и тоа што се покрај река им гарантра промет и луѓе,затоа некакви рокади едната кула да стане хотел,или да добие гтц не знам каков бренд,ми изгледаат безполезни,едноставно старо е и грдо,да беше на друго место ајде де,ама вака на место кај што треба секој еден турист,да има желба да влезе во него да има на понуда од било што за која што би оставил пари тука,мора да се искористи подобро тој простор.Идеји,брендови,ноќни клубови ќе дојдат ако се има сериозен проект.

Мора да се почне да се размислува во бизнис насока,ќе ги земам Дубаи ко пример,хотели,трговски и вселенски згради,да таму има пари за вложување ама и овде мора некогаш да се почне од негде,со космоси и гтц-ња туристи нема,ни од таму кај што сме тргнале да одиме,а уште помалку од исток каде што им е секојдневие...а најмногу би требало да почнеме да менуваме за нас самите,ама се нема свест за тоа сеуште.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 494
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1314 Posted: 26-Aug-2020 at 21:40
Добра е идејата со библиотека. Во еден таков случај ГТЦ би требало да се преименува во Градски центар - ГЦ. Да не биде фокусот на продавници туку да се направи голема читална/библиотека која би била бесплатна за користење од страна на студентите од УКИМ и на тој начин ГЦ да стане централно место за собирање на студентите. Дополнително, одлична би била таа идеја со ресторан на сите катови. Продавници само на прв кат каде што поминуваат луѓе. А и тоа на кровот да се направи пазар, исто така е супер. На ваков начин изгледот не би се променил премногу, но би бил функционален за денешно време.


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1315 Posted: 26-Aug-2020 at 22:07
Дали е возможно да се избушат дупки од сегашните скалила до кровот? Зашто сега единствена врска се скалите од зеленото плато на 2 кат (не го нарекувам зелен покрив зашто кровот е кат погоре).

Други варијанти би биле зелено пазарче да оди на втор кат, или пак вториот кат да се застакли и во него да има студентска читална и библиотека, некој креативен центар, канцеларии, ресторан...



Edited by Staro Skopje - 26-Aug-2020 at 22:51
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1316 Posted: 24-Sep-2020 at 06:41
Над 80 дуќани во ГТЦ затворени - се издаваат без кирија, сметките „изгор“, дел од нив паушални



https://tv21.tv/mk/nad-80-dukani-vo-gtts-zatvoreni-se-izdavaat-bez-kirija-smetkite-izgor-del-od-niv-paushalni/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 269
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1317 Posted: 24-Sep-2020 at 07:01
„Нема ништо без пари“ -епа нека скапе и нека се распадне сега целиот објект. Ако кога вакви олицетворенија на сето она што е лошо во државата ставаат на вакви позиции.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1318 Posted: 24-Sep-2020 at 09:58
Со ГТЦ се управува лошо веќе неколку децении, можам да замислам што ќе се случи по отворање на трговските центри кај Дајмонд и Скопје Ист Гејт

Приземјето никогаш нема да одумре, подрумот можеби ќе опстои поради маркетите, но првиот и вториот кат и сега зјаат празни, пола дуќани се веќе затворени.
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 664
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1319 Posted: 24-Sep-2020 at 12:05
Слична судбина ги чека сите бутици и маалски продавници по населбите...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6821
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1320 Posted: 24-Sep-2020 at 12:18
Сите тие бутици и маалски дуќани се осудени на пропаст штом почнаа да никнуваат првите молови низ градот а сега тоа само се повеќе и повеќе доаѓа до израз бидејќи почнаа молови да никнуваат на многу места па така овие другиве ќе мора да стават клуч на врата...пустелија се и Мавровка,Скопјанка,Бисер каде освен по некоја кафетерија и бурекџилница друго ништо неможе да опстои.Изградбата на Ист Гејт и Дајмонд значително ќе ги загрози и Капитол и Рамстор за другиве да не коментирам,незнам каква понуда ќе даде молот во рамки на Скај Сити комплексот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 64656667>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.