Хидроелектрани |
Post Reply | Page <1234 28> |
Author | ||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #21 Posted: 29-Aug-2020 at 10:04 | |
Хидроцентралите мали, проблемите големи
Граѓански организации за заштита на животната средина алармираат за можно уништување на горниот тек на Маркова Река од изградба на мала хидроелектрана. Тие бараат државта да ги заштити водените ресурси на Македонија. Во новата владина програма се најавува забрана на нови мали хидроелектрани, но само во заштитените подрачја на земјата. Маркова Река е уште една од десетиците реки во Македонија на која е започната изградба на мала хидроелектрана, за што жители на главниот град Скопје и граѓански организации за заштита на животната средина велат дека е уште еден случај на „катастрофалното уништување на реките во државата.“ „Изградбата на овие проекти во недопрени и природни предели ја уништуваат геоморфологијата на рекитите, биодиверзитетот, природните вредности и екосистемските услуги кои овие предели ги овозможуваат за луѓето, како чист воздух и чиста вода за пиење. Во недостиг на инспекциска контрола и надзор, овие зафати стануваат чисти мини еколошки катастрофи низ земјата“, реагираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест.“ Маркова Река е долга 30 километри. Таа е десна притока на реката Вардар и тече јужно од главниот град Скопје. Изградбата на мали хидроелектрани на реката, ќе бидат уште неколку од околу 80 во целата земја кои веќе се пуштени во употреба. Во документ на Регулаторната комисија за енергетика објавен во јуни оваа година, се забележува дека три мали хидроелектрани на Маркова Река се стекнале со привремен статус на повластен производител на електрична енергија уште во 2016 година. Како производител на електрична енергија на Маркова Река е наведена фирмата ИНДИГО ХИДРО МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје. Забрана во заштитените подрачја? За реакциите на „Еко-свест“ и на граѓаните, РСЕ побара став од Владата и одговор дали ги зема предвид влијанијата врз реките и врз природата од изградбата на малите хидроелектрани, но до објавувањето на текстот не добивме повратен одговор. Во предлог програмата на новата Влада до 2024 година, која деновиве беше доставена во Собранието, во делот на Заштита на животната средина и зелен развој е наведено дека ќе биде воведена забрана за изградба на нови мали хидроелектрани во заштитените подрачја во земјата. До ова доаѓа откако во изминатите неколку години изградба на вакви проекти беше дозволено во националните паркови Маврово и Пелистер. Исто така во новата предлог-програма на Владата во делот за енергетика се вели дека Владата има „амбициозен план“ до 2024 година над 50 проценти од вкупната инсталирана електрична моќност во државата да биде од обновливи извори на енергија. Електричната енергија добиена од вода преку малите и микро хидроелектрични централи, според законската регулатива, се третира како обновлив извор на енергија, заедно со фотонапонските централи, ветeрните паркови и термоелектричните централи на биогас и биомаса. Овие проекти за обновливи извори на енергија се финансираат преку сметките за струја во форма на повластени тарифи, според Законот за енергетика, односно шест проценти од парите кои ги плаќаат граѓаните се наменети за субвенционирање на обновливи извори на енергија. РСЕ во јануари оваа година објави истражување чии податоци покажуваат дека сопствениците на малите хидроелектрани остваруваат милионски профити на сметка на граѓаните. Малите хидроцентрали во новата владина агенда до 2024 година се спомнуваат само еднаш, односно дека ќе бидат забранети во заштитените подрачја, а се наведува дека ќе се произведува чиста електрична енергија во земјата со новите фотоволтаични централи, каде се образложува дека со тоа ќе бидат намалени емисиите на јаглерод диоксид, но и дека ќе бидат изградени ветерни централи и оти ќе биде зголемена квотата за градба на нови биогасни електрани. Од „Еко-свест“ сметаат дека изградбата на малите хидроелектрани е „неразумна и неоправдана“, бидејќи, како што посочуваат, земјата во блиска иднина ќе се соочи со хидроелектрани на суви речни корита. „Владата мора да ги стави заштитата на водените ресурси и здравјето на граѓаните како висок приоритет во мерките за прилагодување на климатските промени и да ги запре сите градежни активности на издадените концесии за мали хидроелектрани во земјава кои би требало да се повлечат и да се направат нови проценки за нивниот потенцијал за електрична енергија согласно најновите податоци и најновите климатски услови“, велат од „Еко-свест.“ Додека граѓанските организации за заштита на животнтата средина се противат на овие проекти, дел експерти за енергетика, пак, сметаат дека доколку изостане производството на струја од малите хидроелектрани, таа количина на енергија ќе треба да биде увезена, бидејќи земјата увезува околу 30 проценти од потребите за електрична енергија. Исто така во новата предлог-програма на Владата во делот за енергетика се вели дека Владата има „амбициозен план“ до 2024 година над 50 проценти од вкупната инсталирана електрична моќност во државата да биде од обновливи извори на енергија. Електричната енергија добиена од вода преку малите и микро хидроелектрични централи, според законската регулатива, се третира како обновлив извор на енергија, заедно со фотонапонските централи, ветeрните паркови и термоелектричните централи на биогас и биомаса. Овие проекти за обновливи извори на енергија се финансираат преку сметките за струја во форма на повластени тарифи, според Законот за енергетика, односно шест проценти од парите кои ги плаќаат граѓаните се наменети за субвенционирање на обновливи извори на енергија. РСЕ во јануари оваа година објави истражување чии податоци покажуваат дека сопствениците на малите хидроелектрани остваруваат милионски профити на сметка на граѓаните. Малите хидроцентрали во новата владина агенда до 2024 година се спомнуваат само еднаш, односно дека ќе бидат забранети во заштитените подрачја, а се наведува дека ќе се произведува чиста електрична енергија во земјата со новите фотоволтаични централи, каде се образложува дека со тоа ќе бидат намалени емисиите на јаглерод диоксид, но и дека ќе бидат изградени ветерни централи и оти ќе биде зголемена квотата за градба на нови биогасни електрани. Од „Еко-свест“ сметаат дека изградбата на малите хидроелектрани е „неразумна и неоправдана“, бидејќи, како што посочуваат, земјата во блиска иднина ќе се соочи со хидроелектрани на суви речни корита. „Владата мора да ги стави заштитата на водените ресурси и здравјето на граѓаните како висок приоритет во мерките за прилагодување на климатските промени и да ги запре сите градежни активности на издадените концесии за мали хидроелектрани во земјава кои би требало да се повлечат и да се направат нови проценки за нивниот потенцијал за електрична енергија согласно најновите податоци и најновите климатски услови“, велат од „Еко-свест.“ Додека граѓанските организации за заштита на животнтата средина се противат на овие проекти, дел експерти за енергетика, пак, сметаат дека доколку изостане производството на струја од малите хидроелектрани, таа количина на енергија ќе треба да биде увезена, бидејќи земјата увезува околу 30 проценти од потребите за електрична енергија. Мала хидроелектрана „Теарце97„ во НП Маврово. Изградба на мала хидроелектрана на Крапска река на Јакупица која е Емералд подрачје https://www.slobodnaevropa.mk/a/30805723.html?fbclid=IwAR2XO3xZph9veIOpS12MAv6az1p5Ixd5Qx6OsF-VYqF2xoLa3pW1pe6Hu_0 |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #22 Posted: 25-Aug-2020 at 14:34 | |
Граѓаните и екологистите предупредуваат: Малите хидроцентрали ѝ се закануваат и на Маркова река
Да престане уништувањето на водените ресурси заради изградба на мали хидроцентрали, апелираат од невладината орханизација „Еко свест“. Тие реагираат на последниот случај на, како што велат, уништувањето на горниот тек на Маркова река, заради изградба на мала хидроелектрана, за што деновиве на социјалните медиуми реагираа и многу жители на Скопје. Екологистите се децидни дека Владата мора да ги запре сите градежни активности на издадените концесии и да направи нови проценки за нивниот потенцијал. „Еко-свест најстрого ги осудува последните случувања со катастрофалното уништување на реките во државава за изградба на мали хидроелектрани. Во услови кога последиците од климатските промени зачестуваат и се зголемуваат во интензитет, ние како земја во развој која нема финансиски средства да се справи со овие последици едноставно не можеме да си дозволиме да останеме без водените ресурси од кои зависиме за вода за пиење, вода за земјоделието и вода за одржување на скапоцени екосистеми“, вели Ана Чоловиќ- Лешоска од Еко-свест. На Маркова река постојат три концесии за мали хидроелектрани, кои беа доделени во 2015 година со вкупна инсталирана моќност од 1.752 киловат-часови. Во моментов е започната само една, во горниот тек на Маркова река, за која деновиве жителите на околните населени места реагираа до невладините организации. Велат дека заради градежните работи, коритото е целосно нарушено, а се плашат дека со продолжување на активностите на терен ќе биде полошо. „Градежните работи се одвиваат секој ден, околината на реката е целосно изменета, стариот селски пат за да ја издржи механизацијата е проширен, а за таа намена ископан е половина рид, од каде што се вадени камења и друг материјал. Околку градилиштето е уништена целата природа, некогаш, жителите и луѓето кои доаѓаа во викенд населбите, можеа да прошетаат до реката, сега сè е затрупано. Тешката механизација поминува точно покрај манастирот, се надевам дека со вибрациите нема да направат оштетувања“, вели Андреј Аврамов, кој живее во Маркова Сушица. Изградбата на овие проекти во недопрени и природни предели, со повеќе од познатата лоша градежна пракса, сметаат екологистите, ја уништуваат геоморфологијата на реките, биодиверзитетот, природните вредности и екосистемските услуги кои овие предели ги овозможуваат за луѓето како чист воздух или чиста вода за пиење. Во нeдостиг од инспекциска контрола и надзор, овие зафати стануваат чести мини еколошки катастрофи низ земјата. „Сметаме дека во вакви услови очигледно е дека изградба на мали хидроелектрани е неразумно и неоправдано бидејќи во блиска иднина ние ќе се соочиме со хидроелектрани на суви речни корита. Владата мора да ја стави заштитата на водените ресурси и здравјето на граѓаните како висок приоритет во мерките за прилагодување на климатските промени и да ги запре сите градежни активности на издадените концесии за мали хидроелектрани во земјава кои би требало да се повлечат и да се направат нови проценки за нивниот потенцијал за електрична енергија согласно најновите податоци и најновите климатски услови“, посочуваат од „Еко свест“. Според проценките за климатски екстреми во нашата земја направени за потребите на третиот извештај за климатски промени кој треба да го поднесеме до Рамковната конвенција за климатски промени, во периодот помеѓу 2016 и 2035 година, температурите во земјава ќе растат за еден Целзиусов степен годишно, а летните денови ќе се зголемуваат за 20 до 30 дена. Климата ќе биде потопла и посува со зголемен ризик од продолжени сушни периоди. „Оваа летна сезона сведочиме и на драстично повлекување на Преспанското езеро, како и пресушување на многу од реките во земјата, а земјоделците се соочени со потешкотии поради периоди на продолжена суша во услови на зреење на плодовите кога водата е најпотребна за да се добие производ со добар пласман. Последниот извештај на Обединетите нации за влијанието на климатските промени врз водените ресурси од март 2020 година укажува на проблем со сè позачестени и продолжени сушни периоди кои веќе предизвикуваат сериозен недостиг на вода во многу делови од светот. Според овој извештај дури 2,2 милијарди луѓе во светот денес немаат пристап до вода за пиење, а се очекува овој број забрзано да расте до 2050 година. ООН предупредува и дека продолжените сушни периоди ќе предизвикаат зголемување на болести, недостиг на храна и раселување на населението. Токму затоа се препорачува државите да ги приоретизираат водените ресурси во планирањето на сите политики“, предупредуваат екологистите. https://meta.mk/gragjanite-i-ekologistite-predupreduvaat-malite-hidroczentrali-ѝ-se-zakanuvaat-i-na-markova-reka/ |
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2019 |
Quote Reply #23 Posted: 23-Jul-2020 at 16:45 | |
Доста е веќе со овој фанатички пристап дека секоја интервенција во природата мора да се спречува радикално. Па неможе да се откажеме од хидроцентрали како едно од решенијата за енергија кое е сосема еколошко без штетни емисии,само за да можело некоја да се мие нозе у река и да гледал како пливале риби околу. Има многу други места погоре/подоле по реката за рекреација. Мислам дека се претерува малку.
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15045 |
Quote Reply #24 Posted: 23-Jul-2020 at 16:22 | |
Наводно на Маркова Река.
извор: https://twitter.com/Ref/status/1286297645011607554/photo/1 |
||
За сè има вторпат
|
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2019 |
Quote Reply #25 Posted: 23-Jul-2020 at 04:30 | |
Интересна мапа, на линков има за сите Балкански држави.
https://www.balkanrivers.net/sites/default/files/Hydropower%20dams%20in%20the%20Balkan230915_FINAL_EdUS.pdf |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #26 Posted: 04-Jul-2020 at 12:06 | |
Време е со закон да се забранат мали нови хидроцентрали, а постоечките да се отстранат.
Теарце осум дена без вода за пиење – мини хидроцентралите ги оставија жителите без решение
tv21.mk |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15045 |
Quote Reply #27 Posted: 22-Jun-2019 at 09:22 | |
Изградбата на браната во Маврово
|
||
За сè има вторпат
|
||
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply #28 Posted: 28-Nov-2017 at 02:20 | |
Денес налетав на интересен напис во Гардијан за големиот број хидроелектрани на балканот и нивното поклопување со заштитени природни паркови.
И во тој напис откирив следниов линк кој не знам дали е постиран претходно тука, а каде се обележани сите постоечки, во изградба и планирани хидроелектрани како во Македонија така и во соседството. http://balkanrivers.net/en/map Оваа карта дава добар преглед на состојбата бо Македонија. Инаку ова е написот од Гардијан: https://www.theguardian.com/environment/2017/nov/27/balkan-hydropower-projects-soar-by-300-putting-wildlife-at-risk-research-shows Edited by mirakuliks - 28-Nov-2017 at 02:21 |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15045 |
Quote Reply #29 Posted: 13-May-2017 at 19:19 | |
Од твитер профилот на холандскиот амбасадор - изложбениот центар „Матка“ на ЕВН. Според мене, одличен потег, зашто таму може да се носат организирани групи ученици и слично, со што и образовниот систем би станал поинтересен.
|
||
За сè има вторпат
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15045 |
Quote Reply #30 Posted: 08-Feb-2017 at 10:35 | |
За сè има вторпат
|
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #31 Posted: 04-May-2016 at 22:02 | |
Во груби бројки, пример за хидроцентралата на Тресонечка Река, инвестиција од 2,1 милион евра со инсталиран капацитет од 1,8 мегават часови.
|
||
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 874 |
Quote Reply #32 Posted: 04-May-2016 at 20:36 | |
Има ли некој инфо колку може да кошта изградба на ваква хидроцентрала и колку струја произведува?
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15045 |
Quote Reply #33 Posted: 13-Mar-2016 at 10:44 | |
За сè има вторпат
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #34 Posted: 14-Jan-2016 at 20:15 | |
ТЕЦ „Неготино“ покасно ќе ја споменам во нишката за термоелектрани. И не е само оваа термоелектрана, туку и најавената и неисполнета гасификација на преостанатите два енергетски капацитети, од кои ТЕЦ „Осломеј“ особено кубури со јаглен за производство на електрична енергија. |
||
Dexter26
Senior Member Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
Quote Reply #35 Posted: 14-Jan-2016 at 20:12 | |
Додај ја и ТЕЦ Неготино, која дреме исклучена со години, а модернизацијата за да работи и на гас ќе си чека со години, ако не и децении. Ама затоа види како убаво пастирот го разубавува просторот низ Скопјево по цена од над половина милијарда евра, пари кои можеа да се потрошат за... колку модернизации на ТЕЦ Неготино, РЕК Битола, изградба на Вардарска долина и останати енергетски проекти ? Edited by Dexter26 - 14-Jan-2016 at 20:13 |
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #36 Posted: 14-Jan-2016 at 17:15 | |
Затоа што полесно е да се прават мини проектчиња и да се увезува струја
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #37 Posted: 14-Jan-2016 at 10:54 | |
Смеј се ти Кинг, ама треба да дадеме тука еден глобален пресек на сите оние капитални проекти што се ветени, а неисполнети од оваа влада: Кај хидроелектраните ќе ги споменам „Чебрен“ и „Галиште“, ќе го додадам проектот Вардарска долина, ќе го надополнам со проектите „Бошков мост“ и „Луково поле“. За секој од овие капитални инвестиции постоеја конкретни рокови за реализација од владата и ниту еден од нив не е исполнет! |
||
King
Senior Member Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
Quote Reply #38 Posted: 14-Jan-2016 at 01:55 | |
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #39 Posted: 13-Jan-2016 at 17:40 | |
Ајдееее, пак лажење...
|
||
MartinX
Newbiе Joined: 11-Jan-2016 Online Status: Offline Posts: 10 |
Quote Reply #40 Posted: 13-Jan-2016 at 16:55 | |
Италијанската компанија „Кондоте“ е заинтересирана за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, објави министерот за економија Беким Незири. Владата веќе осум години се обидува да најде инвеститор за проектот вреден 650 милиони евра. Иако имаше и странски компании кои поднесоа понуди, за сега сите тендери пропаднаа. Од „Кондоте“, која во моментов гради четири мали хидроелектрани во земјава, најавуваат дека повеќе детали за евентуално вклучување во проектот ќе соопштат во наредните неколку месеци. - Многу сме задоволни и благодарни за рамката што ја креираше Владата на Македонија за странските инвеститори во земјата. Сакам да потврдам дека нашата компанија е многу заинтересирана да инвестира повеќе капитал во вашата земја, Дучо Асталди, генерален директор на „Кондоте“ Според податоците на Агенцијата за енергетика, во Македонија до крајот на 2015 година струја произведувале 58 мали хидроелектрани. Тоа се само 15 отсто од вкупно 400, кои ги најави Владата. Главна придобивка од хидроелектраните е што електричната енергија се произведува од обновливи извори и е со пониска цена. - Да ја земеме конкретно Германија, која во минатото даваше многу средства во поддржување на малите хидроелектрани, а сега разликата во цената на струјата е два пати помала во споредба со балканските земји. Таму се плаќа по 25 евра, а тука помеѓу 45 и 50 евра, Беким Незири, министер за економија Министерството за животна средина пред еден месец објави оглас за давање поде концесија на 30 локации за изградба на мали хидроцентрали, а според најавите, за две недели ќе има лицитација за уште 40 локации. http://telma.com.mk/vesti/italijanci-zainteresirani-za-chebren-i-galishte |
||
Post Reply | Page <1234 28> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |