build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 52535455>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1061 Posted: 22-Jul-2020 at 00:43
Тој термин и неговите изведенки сепак сепак ги означуваат нашата територија, јазик, народ и нашите одлики, со нашата сопствена историја, култура, и наследство, и употребата на тој термин не може да се поткопа, измени или да биде влијаена од Конечната спогодба. За неговото ставање на државна зграда сред центар и усогласеноста со Спогодбата може и треба да се правиме наудрени; освен ако не дојде Мицотакис со хилта, Македонија може да стои на државна зграда сред центар

Сепак не и на Портава зашто тој урбанистички чир и архитектонски испрдок кој го слави триумфот на Ж-измот врз здравиот разум, на ревизионизмот врз вистината, на послушноста врз професионалноста, на заробеништвото врз Републиката, на омразата врз соработката, треба да се сруши.

Истото важи и за многу други накази ширум Голем Ринг. Црвено (вкл. ги и сите споменици, галии, врби, прскалки, скулптурални композиции...) - рушење; портокалово - финансиска и арх-урб анализа, па рушење ако тоа не е негативно; жолто - детална фин и арх-урб анализа, па одлука; зелено - големи промени на фасадата. Сите останати објекти би биле обработени како дел од темелната реконструкција на Ринговите; оние изградени пред ВСВ и вредните по би добиле автентично реконструирана фасада, другите модерна.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1062 Posted: 22-Jul-2020 at 07:04
@user провокација беше за името, но над твојот капацитет е да разбереш дека тоа за голем дел од популацијата е проблем и дека не мора од месен комитет да е некој ако нема иста визија како тебе. Што е жално, бидејќи не си партиски бот.

Друго ми беше поентата, не ми се живее во држава во која цела година тема ќе биде рушење на портава, па уште пет години ќе слушаме како некој пак ќе ја гради итн.
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1063 Posted: 22-Jul-2020 at 09:26
Евентуално што може да се сруши е на мајка тереза чирот и една галија,толку од прилика,убаво би било 90% од спомениците да се разместат да се тргнат од плоштад ама и тоа е потфат од светот на бајките. Нит од горе ќе им биде одобрено да чепкаат нешто плус,нит па овие се противат,ко што може да се види само го надополнуваат проектот со 3 барок хотели после министерство за водовод.

Исто така да не ви кршам филм,ама очекувајте и шпански скали да се изградат,може не како "шпански скали" ама ќе си има објект и таму..


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15015
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1064 Posted: 22-Jul-2020 at 10:25
НаТочак“:Зошто ул. „Димитрије Чуповски“ не стана пешачка/велоспиедска зона со планот Мал ринг?

Свои забелешки на ДУП-от за Мал Ринг, има и движењето „НаТочак“. За планот за срцето на градот, како што наведуваат од „НаТочак“, важно е сообраќајното решение, од аспект на јавниот простор.
-На пример, зошто Димитрие Чуповски останува иста и покрај најавите на Град Скопје дека ќе биде само за пешаци/велосипеди и јавен превоз? Како планот ќе го демотивира користењето автомобил, а поттикне пешачењето, користењето велосипед и јавен превоз со ставање на нови катни и подземни гаражи во најстрог центар на Градот, па и под плоштад? Чија надлежност е тоа, на Општина Центар или Град Скопје, не знаеме. Битно што решението е уште поавтоцентрично од претходното. Како на овој начин ќе зачекориме во 21-ви век? Како ќе се бориме со климатските промени, топлотните острови, загадувањето, седечкиот начин на живот? Како ќе го направиме центарот пешачка зона ако од сите страни кон плоштадот или се поставени објекти или се спуштаат рампи за коли?! Како ќе се евакуираат луѓето од големи настани и како во тесниот простор меѓу рампите и објектите ќе се разминуваат пешаците и велосипедите? Па сега е веќе тесно!, реагираат од „НаТочак“.

Од иницијативата реагираат и дека ако се изградат сите планирани подземни улици и гаражи во центарот нема да може да порасне ниедна поголема крошна за сенка, што е демотивирачко и за пешачење и за возење велосипед.

-Што ќе се случува со кејот кој е окупиран со возила? Како ќе се поврзат долниот и горниот кеј за велосипеди и каде ќе минуваат клучните рути за велосипеди (не се разбира од овој план)?
Ако низ западниот и источниот дел од градот (Карпош и Аеродром, барем) имаме велосипедски патеки барем по главните булевари, центарот наместо да е местото каде најлесно ќе се помине со точак, а најтешко со автомобил, тој е хорор, црна дупка за велосипедското движење, а сега ќе се привлекуваат уште повеќе автомобили.Тоа мора да се промени! Пирамидата сообраќајна барем во центарот мора да се преврти!, сметаат од иницијативата.

Во исто време, ги повикуваат граѓаните да се вклучат со коментари во јавната анкета што ја спроведува Општина Центар, со забелешка дека решението со Мал ринг не е конечно и може да претрпи промени.

https://mms.mk/156111/наточакзошто-ул-димитрије-чупов/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=наточакзошто-ул-димитрије-чупов
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15015
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1065 Posted: 22-Jul-2020 at 11:51
СИТЕ ДИСКУТИРААТ ЗА „СКОПЈЕ 2014“, А КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ПРИЈАВА СЕ ПРАВАТ МУТАВИ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕНТАР БОГДАНОВИЌ

Сите дискутираат за „Скопје 2014“, а кога ќе дојде време да се одлучи или преземе нешто, сите се прават мутави, рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на денешната јавна презентација на предлог-Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1. Изјавата на Богдановиќ следи откако вчера Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) побара од Општина Центар да го повлече и преработи Предлог-Деталниот урбанистички план, а во петокот тоа го побара и советничката од Центар Јана Белчева-Андреевска.

За денеска беа најавени две седници, заради запазување на мерките на заштита од ковид-19, една во 10, втора во 12 часот, а на првата седница, како што кажаа вработените од Општината пред медиумите и граѓаните, имаше само претставници од Собранието на државава и од БЕГ.

За терминот кога се прави јавната презентација преку Фејсбук реагираа и Белчева-Андреевска и од Плоштад Слобода. Советничката побара повлекување на планот за Мал Ринг затоа што е „ставен на јавна расправа сред лето, кога сите очи се вперени кон изборите и новата влада, и при здравствена криза“, а Плоштад Слобода објавија дека “Еден од главните механизми за изработка на плановите со кои се сместија дивоградбите од проектот на Никола Груевски за центарот на Скопје, беше спроведување на јавните презентации и расправи за плановите за време на летото, кога повеќето граѓани не се тука или избегнуваат движење и ангажман за време на горештините“.
Со новиот ревидиран Детален урбанистички план Мал ринг кој од 6 јули е на јавна анкета, спомениците и фонтаните на Александар Македонски, Филип Втори и други споменици дел од проектот „Скопје 2014“. Со измените на планот отстранети се сплавовите во Вардар и Шпанските скали, но останат е деловниот објект во склоп на овој проект, како и споменикот на Мајка Тереза и катната гаража кај Собранието. Од Општината велат дека споменикот на Мајка Тереза има активно одобрение за градба, а за Шпанските скали и катната гаража се водат судски постапки. Избришана е маркичката за катната гаража зад зградата на „Телеком“ на Плоштад Македонија.

„Причината поради која бараме да го повлечете предлог-планот е едноставна. Во планот се планирани истите објекти кои беа спорни и во претходниот криминален план со кој беше овозможена изградба на објектите од таканаречениот проект ‘Скопје 2014’“, реагираа вчера од Асоцијацијата на архитекти.

Презентирајќи го планот, Богдановиќ рече дека Општината има поднесено 29 судски пријави, и дека конкретно за Шпанските скали и катната гаража се водат судски постапки и какво било интервенирање во одобрението за градба ќе значи уништување на докази.

„Како ќе се решаваат споровите, така ќе го менуваме планот и на тие парцели ќе има зеленило“, рече Богдановиќ.

Архитектката Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ го праша градоначалникот зошто се брза со донесување на планот ако има 29 судски спорови и зошто не ги почека да се решат, а тој одговори дека се брза со планот оти ќе стапи во сила новиот Закон за урбанистичко планирање, според кој мораториум за градење нема да смее да трае повеќе од шест месеци.

„Еве на пример, зградата на МЕПСО или просторот зад Дом на АРМ. Ако не го донесеме сега планот, фасадата ќе може пак да се направи во барок. Каде има неизградени споменици, таму ќе има зеленило. Каде имало објекти за домување, таму ќе има објекти за култура“, рече Богдановиќ.

Тој се согласи со Раѓеновиќ-Јовановиќ, која е поранешна претседателка на ААМ, дека урбанизмот е државен проблем и конкретно за Споменикот на Мајка Тереза, мора да се направи некои тело кое ќе го реши спорот.

„За тој споменик сите зборат, и Влада и Министерство за култура и Министерство за транспорт и врски, а никој нема поднесено ни пријава ни покренале акција. Министерството за култура направи елаборат, ама тоа секој знае да го направи, што чини што не чини на тој објект. Во фиоки со години се чувале предмети, и откако кажав дали треба градоначалникот да се самозапали за некој да реагира, тогаш ме викнаа во Обвинителство, ајде да го отвориме тој предмет. Намерно го употребив тој збор оти сите седат, држат предмети во фиока, а никој не презема ништо. Знаете што стои во елаборатите, дека е прекршено е тоа, не требало така и слично. Сите знаеме тоа да го кажеме, ама никој не презема правни дејствија. Никој не поднел поништување на одредено решение. Може Министерството за култура да каже дека е спротивно направен во одредена постапка споменикот, да го поништи и со тоа паѓа и одобрението и можеме да го срушиме“, рече градоначалникот Богдановиќ.

Според него, во зависност од тоа какви ќе бидат анкетните листови, и што ќе достави комисијата од Општина, може да се организира уште некоја јавна расправа.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/site-diskutiraat-za-skopje-2014-a-koga-ke-dojde-vreme-za-prijava-se-pravat-mutavi-veli-gradonachalnikot-na-tsentar-bogdanovik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15015
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1066 Posted: 22-Jul-2020 at 12:06
Со предлог ДУП-от за Мал ринг зградите за домување се пренаменуваат за култура – нема галии и барокни фасади

Во делот од предложениот детален урбанистички план за Мал Ринг во Општина Центар што се презентира денеска секаде каде што имало неизградени споменици се бришат и на нивно место се предвидува зеленило. Секаде каде што имало згради со намена А2 за домување во претходниот план се пренанаменуваат за култура. Се што сметаме дека не треба да го оптоварува бројот на жители сега го пренаменуваме, односно го даваме на државните институции како објекти што ќе се занимаваат со култура, рече на презентацијата градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Општина Центар, како што истакна Богдановиќ, ќе интервенира во деловите од планот за катната гаража кај собраниската зграда, т.н шпански скали и споменикот Мајка Тереза, откако ќе завршат судските процеси. Тоа, како што вели, не значи дека општината се откажала од отстранување на спорните делови поврзани со проектот Скопје 2014. По завршување на споровите, граѓаните ќе одлучат што сакаат да има таму, јавни површини, плоштад…
За деловите од проектот „Скопје 2014“ има 29 постапки во обвинителството, а една е веќе донесена во корист на Општина Центар која по тој основ повратила 30 милиони денари.
-Сите постапки што ги преземавме во изминатиот период е повторно Општина Центар да го преземе управувањето на државното неизградено земјиште односно сите почнати постапки во Мал ринг поврзани со т.н проект „Скопје 2014“. Во изминатиот период се изнаслушав дека со овој план сакаме да легализираме делови од Скопје 2014, односно да го потврдиме. Проектот Скопје 2014 бил донесен и потврден со носењето на планот во 2012 односно со претходните планови. Со новиот предлог план што го предлага Општина Центар се прави спротивното. Почнува да се стопира и да се брише се она што не е започнато во зацртаниот проект Скопје 2014, рече Богдановиќ.

Појаснувајќи го новиот план, информира дека ќе нема можност да се продолжи планираното градење во продолжение на објектот Теранова каде што се изградени тремовите во претходниот план. Се отсрануваат и целосно насоките од планот во 2012 година за тоа како треба да изгледаат фасадите( барок, неокласицизам,….) и се остава на самите институции, приватни или државни, да направат фасада како што ќе предложат тие или да ја вратат постоечката. Ако остане планот од 2012 година, како што укажа Богдановиќ, и неодамна распаднатата фасада на зградата на енергетската компанија МЕПСО ќе мора да биде обновена во некој од предвидените стилови со планот од 2012 година.

Според Богдановиќ, доколку со предложениот план Општина Центар ја избрише парцелата за катната гаража кај Собранието поради тековниот судски спор за поништеното одобрение за градење општината во иднина ќе плаќа отштета со високи износи.

Потсети дека парцелата е продадена во 2014, а кога стапил на градоначалничката функција затекнал веќе издадено одобрение за градба. Најдени се правни механизми да се поништи одобрението за градба. Во тек се судски постапки со цел да ја потврдиме исправноста зошто сме донеле такво решение, бидејќи има рок на траење за земјиштето од кога до кога може да се издаде. Не смееме да го тргаме бидејќи секое евентуално бришење на веќе отворен судски спор значи дека утре тој што го откупил ќе дојде ќе бара отштетта и општината ќе плаќа милионски суми. Тоа не значи дека сме се откажале од ова парче, туку дека кога ќе заврши судскиот спор и ќе биде во корист така како што бараат сите, ќе можеме да го вратиме и тоа утре да биде парк, зеленило. Но, додека трае судскиот процес не смееме ништо да чепнеме, истакна Богдановиќ.

Планот што денеска го презентираме и го работевме, нагласи, не значи дека сакаме да протуркаме нешто, туку напротив да отстрануваме дел по дел од проектот Скопје 2014. Само со еден план не може да се избрише целосно се што планираме и мора да се оди чекор по чекор.

Како што информираше, со планот од старт се бришат трите галии во река Вардар. Откако ќе бидат завршени правните постапки за раскинување на концесиите од страна на Град Скопје, ќе бидат отстранети што е овозможено и со новиот закон.

Евентуалното бришење сега на делот од планот за т.н. шпански скали, укажа Богдановиќ, може да се искористи да се побара пролонгирање на договорот и за барање отштета од општината.

-За шпанските скали затекнавме веќе продадено земјиште и правосилно одобрение, со правни механизми го поништивме одобрението, воторстепената комисија ни го потврди нашето решение, но Управен суд ни го врати на повторно разгледување. Се додека не ја добиеме правната битка тука ние не смееме да чепкаме затоа што само ќе направиме услуга ако го избришеме, ќе речат општина Центар го спречила. Има таков дел во договорот доколку институциите те попречат да имаш право на пролоногирање односно уште повеќе да ти трае договорот, а може и да плаќаш отштета, појасни Богдановиќ, дополнувајќи дека веќе има судска времена мерка дека не смее да се преземе ништо.

Доколку го оставиме овој план бидејќи имаше такви иницијативи од асоцијации, здруженија, поединци, останува стариот план. Иако е под мораториум тој план важи, дополни градоначалникот на Општина Центар.

Во тој контекст укажа дека со новиот Закон за градење, што треба да стапи во сила за брзо време има можност за суспензија на плановите од само шест месеци. Тоа, укажа, значи дека може да ни се случи да ни остане стариот план ако во тој рок не ги донесеме планираните измени.

-Приватните парцели што се продадени од државата имаат одреден рок и ние се трудиме максимално да го запазиме тој рок и согласно неговото истекување да преземеме одредени дејствија. Веќе се преземени активирања на банкарски гаранции, поднесени се 29 пријави до Основното јавно обвинителство. Конкретно за шпански скали се отворени обвинителни акти, дел од луѓето се наоѓаат таму каде што се наоаѓаат и не смееме да влијаеме на истрагата. Со секое бришење им правиме услуга на тие кои го цртале тоа. Ако го избришете тоа нема дело, завршена е работата и нема за што повеќе да се дискутира. Како што ќе ги добиваме судските спорови и како што ќе го враќаме земјиштето така ќе го менуваме после планот, нормално, како што ќе одлучат граѓаните, во зависност дали ќе сакаат парк, плоштад… За деловите што се споменуваат и што се спорни додека не заврши судската постапка и истражните дејствија не смееме да чепкаме и да менуваме, нагласи Богдановиќ.

За делот каде е планиран споменик на Мајка Тереза сакаат да биде проодна улица, но откако ќе се поништи одобрението за градба издадено од Министерството за транспорт и врски, која издава вакви дозволи за објкети од прва категорија. -Веќе е формирана целосно нова парцела и се почнати дејствија. Бидејќи конечено дојдовме до документацијата сметаме да пробаме преку правни механизми да го поништиме одобрението и тоа како што разговараме со Град Скопје да биде проодна улица. Сепак, додека не заврши процесот не смееме да чепкаме ништо, бидејќи ако го избришеме Министерство за транспорт, односно Министерство за култура може да ја тужи Општина Центар за нанесена штета. Тоа не значи дека ќе се откажеме од борбата да го отстраниме, но мора да го тераме преку правни механзими. Ако Скопје 2014 е легален криминал ние легално мора да се бориме да го размонтираме. Ако пробуваме тоа да го направиме на некој див начин, штетата ќе ја трпат сите, пред се, општина Центар, и ќе се случи да направиме услуга на некој кој веќе направил огромен криминал, смета Богдановиќ.

Наведувајќи примери, посочи дека за мостот Око е веќе завршена постапката и успеале да вратат 30 милиони денари во општина Центар. Со евентуалната завршница на 29 постапки во обвинителстото во корист на општината, како што посочи, првин ќе вратиме средства, а потоа и површини што сметам, пред се, се најважни за граѓаните да имаат слободен простор во срцето на градот.

На презентацијата за предлог деталниот урбанистички план беше соопштено и дека сите објекти кои се од јавен карактер, а претходно биле дефинирани како поголеми парцели сега се дефинирани како објект парцела. Тоа значи дека целата нивна околина е прилагодена да биде пристапна на сите граѓани. Наведувајќи пример Богдановиќ појасни дека во случај да се приватизира Македонска пошта со сегашните промени ќе се овозможи просторот околу нејзината зграда да биде јавна површина.

Вкупната површина на ДУП Мал Ринг изнесува 37,39 хектари. Предвидени се 167 градежни парцели од коишто најголемиот дел се задржуваат во постојна состојба. Предвидени се дејствија само на18 парцели. Собирните улици коишто го опкружуваат планскиот опфат се целосно преземени од Генералниот урбанистички план.

-Во ГУП на Град Скопје дефинирана е мешовита намена за целиот плански опфат односно намена плус А, плус Б, домување, комерцијални дејности и јавни институции. Сите тие се застапени со одреден процент во рамки на планскиот опфат којшто е испочитуван со зададениот во ГУП-от. Целиот план предвидува вкупно 157.308 квадратни метри површина за домување што е под дозволеното од ГУП, што е 178.750 метри квадратни, беше соопштено на презентацијата.

Сите параметри што се предвидени со ГУП се испочитувани и во однос на задоволување на максимално дозволениот број жители, задоволување на инфраструктурните потреби и распределбата на намерата на земјиштето.

За сите градежни парцели предвиден е пристап од секундарна улична мрежа согласно правилникот за стандарди и урбанистичко планирање освен за неколку исклучоци и со претходен урбанистички план имале планиран пристап од примарна сообраќајна мрежа и се задржуваат со параметрите како што се во постојна состјба и со параметрите од претходниот урбанистички план.

Целото сообраќајно решение е предвидено така што не се дефинирани никаде улични профили на секундарната инфраструктура, туку е една режимска сообраќајна површина која што понатаму ќе биде предмет на разрешување со други проекти, режимски проекти, урбанистички проекти со коишто ќе се дефинира режимски пристап до сите проекти во внатрешноста.

-За целиот овој дел се направени заштитни конверзаторски основи и се потврдени дел од објектите коишто се под заштита. Целиот дел е поделен на три целини и целиот опфат Мал ринг   претставува контактна зона на објекти што се под заштита. Затоа дел од објектите имаат режим на заштита и на нив неможе никако да се интервенира и затоа се задржани во постојна состојба, појаснија надлежните од Општина Центар на презентацијата.

По презентацијата, што поради протоколите што се во сила поради пандемијата се одржува во два дела, ќе бидат рзгледани забелешките од доставените анктени листови, што треба да бидат внесени во предлог планот по што тој се носи од Советот на Општината. Асоцијацијата на архитекти на Македонија вчера побара повлекување и преработување на ДУП-от и отстранување од него на спорните делови од проектот „Скопје 2014“

https://tv21.tv/mk/so-predlog-dup-ot-za-mal-ring-zgradite-za-domuvane-se-prenamenuvaat-za-kultura-nema-galii-i-barokni-fasadi
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1067 Posted: 22-Jul-2020 at 14:31
Originally posted by <Fresno>

Премногу паушални и субјективни ставови изнесени како некој факт, а како капак па проблем е и што не било официјалното име напишано. Не мислам адвокат на портава да бидам бидејќи има доста проблематични точки, но веќе е симбол на градот и поврзана со неколку спортски успеси, така да како што кажав, рушење нема да донесе ништо добро во општествово.


Брат, какви спортски успеси? Четврто место на европско првенство не е спортски успех. Прво релјефите и фонтот се резил (искрено, срамни се, како третоодделенец да ги работел, што и не е далеку од вистината), а второ, локацијата - ем го опструира идниот тунел кој е горе-долу единственото решение за ефективно премостување на центарот на Скопје, ем е на едно тотално небитно место помеѓу две големи згради. Башка што е градена во едно друго време. Од збор до збор се сложувам со user8642, Грујо победил на битка и дојавал на коњ под портата? Нема никаква потреба да постои (освен да се кријат таксистите од дождот). Како јас да сум му го пишувал коментарот, попрецизно објаснато не можеше од неговото.


Ова е уште подобро срочено:
Originally posted by Staro Skopje


Тој урбанистички чир и архитектонски испрдок кој го слави триумфот на Ж-измот врз здравиот разум, на ревизионизмот врз вистината, на послушноста врз професионалноста, на заробеништвото врз Републиката, на омразата врз соработката, треба да се сруши.



Ако таа порта/капија е симболот на државава, сме си ебале мајката колку за ништо не чиниме. Има многу други нешта со кои треба да се гордеат нашите предци (архитекти), ама ниту едно од нив не е од 2011 па наваму, и не е излезено од дувлото на Вангел Божиновски.

Edited by гитардемон - 22-Jul-2020 at 14:36
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1068 Posted: 22-Jul-2020 at 14:38
Neka stignat oni do gradba na tunel pa Kapijata site zaedno ke ja srusime. Inace ne gledam nikakva korist osven nekoi sitni dusi so ke zadovolat od politicki aspekt vo rusenjeto. Za mene toa znaci povtorno frlanje pari na toj 1 kvadraten kilometar, povtorno skelinja, bageri, protesti i kontra protesti. Mislam deka si imame po prioritetni raboti da zavrsime vo gradov pa da dojdeme da se zanimavame pak so fasadi spomenici i kapii triumfalni. Inace tunelot kolku sto znam treba da pominuva pokraj kejot na vardar i da izleze kaj kompleks banki a delot okolu triumfalna i pred sobranie da bide peshachka zona.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1069 Posted: 22-Jul-2020 at 15:54
Originally posted by MKDSTRUGA

Neka stignat oni do gradba na tunel pa Kapijata site zaedno ke ja srusime. Inace ne gledam nikakva korist osven nekoi sitni dusi so ke zadovolat od politicki aspekt vo rusenjeto. Za mene toa znaci povtorno frlanje pari na toj 1 kvadraten kilometar, povtorno skelinja, bageri, protesti i kontra protesti. Mislam deka si imame po prioritetni raboti da zavrsime vo gradov pa da dojdeme da se zanimavame pak so fasadi spomenici i kapii triumfalni. Inace tunelot kolku sto znam treba da pominuva pokraj kejot na vardar i da izleze kaj kompleks banki a delot okolu triumfalna i pred sobranie da bide peshachka zona.

Да, тунелот треба да поминува од банките до Илинденска, покрај Вардар.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1070 Posted: 22-Jul-2020 at 18:55

ГУП-от беше променет кога решија да ја вметнат „Триумфалната“. Оригиналниот план 50 години уназад не беше таков.

Edited by гитардемон - 22-Jul-2020 at 19:07
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1071 Posted: 22-Jul-2020 at 19:25
Приоритетен тунел е бул. КЈ Питу-Партизанска (не Илинденска). Во ГУП-от е впишан и тунел од бул. 11 Октомври кој треба да се спои со првиов и почнува баш кај Триумфална.

Околу барањето на НаТочак, Рекорд треба да стане пешачка зона (со ленти за јавен превоз), но никако пред да се пушти во употреба булеварот под Лимак (со сите придружни спојки), не се изнајде ново решение за Даме Груев, не се отвори мостот кај Саем и нема сериозен напредок во намерата за изградба на тунел под Плоштад. Инаку ќе колабира градов.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1072 Posted: 22-Jul-2020 at 19:56
Originally posted by <Fresno>

Премногу паушални и субјективни ставови изнесени како некој факт, а како капак па проблем е и што не било официјалното име напишано. Не мислам адвокат на портава да бидам бидејќи има доста проблематични точки, но веќе е симбол на градот и поврзана со неколку спортски успеси, така да како што кажав, рушење нема да донесе ништо добро во општествово.
не може симбол на градот да е нешто што постои 10 години и нема никаква архитектонско-уметничка вредност, што како што рекоа и други членови, испрдок на моментална нестабилна политичка ситуација
може симбол на градот да е Камениот мост, што е стар многу стотици години, центар е на цел град и дал придонес на неговиот развој во текот на целата негова историја

човекот ти даде еден куп аргументи зошто на 90% граѓани на градов не би им било гајле дали портава ќе постои или не, како и зошто претставува проблем, ама ок, не е валидно тоа, валидно е исфорсираното славење на спортски настани...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1073 Posted: 22-Jul-2020 at 20:37

Не навлагам во одбрана на објектов, бидејќи со добар дел од негативните работи што ги изнесе user се слагам. Тоа не го менува фактот дека имаше и субјективни ставови што не се никаков аргумент, исто како и во твојот пост. Значи тоа може само твое мислење да биде и ништо страшно, не мора како некава апсолутна вистина да го претставувате. Во историски расправи па уште помалку ми се навлага.

„90% граѓани на градов“, „исфорсирано славење“ се твои лични перцепции. Или ова на гитар за значајноста на успесите. Небитно, многу луѓе ги памтат тие настани како нешто позитивно. Дека е симбол не мора одма на нож да се дочекува, симбол може и негативен да е, како за кого. Симбол е и Милениумскиот крст, знаеме кога беше изграден.

Не ми се допаѓа концепт на рушење и еве, бидејќи повторно сте ја пропуштиле поентата „не ми се живее во држава во која цела година тема ќе биде рушење на портава, па уште пет години ќе слушаме како некој пак ќе ја гради итн.".
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1074 Posted: 22-Jul-2020 at 22:21
Originally posted by Staro Skopje

Приоритетен тунел е бул. КЈ Питу-Партизанска (не Илинденска). Во ГУП-от е впишан и тунел од бул. 11 Октомври кој треба да се спои со првиов и почнува баш кај Триумфална.

Околу барањето на НаТочак, Рекорд треба да стане пешачка зона (со ленти за јавен превоз), но никако пред да се пушти во употреба булеварот под Лимак (со сите придружни спојки), не се изнајде ново решение за Даме Груев, не се отвори мостот кај Саем и нема сериозен напредок во намерата за изградба на тунел под Плоштад. Инаку ќе колабира градов.

Во однос на тоа тунелот од банките да завршува кај Партизанска, а не Илинденска, мислам дека за тоа треба се смени ГУП-от.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1075 Posted: 22-Jul-2020 at 22:51
Догодина се менува ГУП-от.

Еве го тој од 2011:
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1076 Posted: 22-Jul-2020 at 23:10
Originally posted by <Fresno>


Не навлагам во одбрана на објектов, бидејќи со добар дел од негативните работи што ги изнесе user се слагам. Тоа не го менува фактот дека имаше и субјективни ставови што не се никаков аргумент, исто како и во твојот пост. Значи тоа може само твое мислење да биде и ништо страшно, не мора како некава апсолутна вистина да го претставувате. Во историски расправи па уште помалку ми се навлага.

„90% граѓани на градов“, „исфорсирано славење“ се твои лични перцепции. Или ова на гитар за значајноста на успесите. Небитно, многу луѓе ги памтат тие настани како нешто позитивно. Дека е симбол не мора одма на нож да се дочекува, симбол може и негативен да е, како за кого. Симбол е и Милениумскиот крст, знаеме кога беше изграден.

Не ми се допаѓа концепт на рушење и еве, бидејќи повторно сте ја пропуштиле поентата „не ми се живее во држава во која цела година тема ќе биде рушење на портава, па уште пет години ќе слушаме како некој пак ќе ја гради итн.".
па баш и не звучеше како да се согласуваш со user во поголема мера (моја лична перцепција, хехе )

тоа со крстот ти е класично оправдување на една негативност со друга, па дури и крстот барем се потрудил да има каков-таков концепт, за разлика од портава... труди се колку сакаш да тврдиш дека тоа е мое лично мислење, ама длабоко во себе сигурно знаеш дека портава постои само поради искомплексираност на база на пониска вредност, кратко кажано, зошто во други градови има, а кај нас не, и уште од старт завршена е таа дискусија за вредности

доколку рушење на портава треба да направи простор за подобра урбанизација, организација и општ развој на просторот, тогаш нема апсолутно никаков аргумент дека треба да остане, било да е на архитектонска, урбанистичка, или културна основа, иако може ти звучи така, ова не е говор на омраза према портата... еве да речеме и дека 90% од народов ја обожава портава и ја носи во срце, тоа не значи дека има вредност поратата, туку дека народот е во длабоки заблуди... сто пати е дискутирано ва на теми на Ск2014 и веќе и ние сме уморни од тоа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1077 Posted: 23-Jul-2020 at 00:02
Originally posted by zabegan

Originally posted by <Fresno>


Не навлагам во одбрана на објектов, бидејќи со добар дел од негативните работи што ги изнесе user се слагам. Тоа не го менува фактот дека имаше и субјективни ставови што не се никаков аргумент, исто како и во твојот пост. Значи тоа може само твое мислење да биде и ништо страшно, не мора како некава апсолутна вистина да го претставувате. Во историски расправи па уште помалку ми се навлага.

„90% граѓани на градов“, „исфорсирано славење“ се твои лични перцепции. Или ова на гитар за значајноста на успесите. Небитно, многу луѓе ги памтат тие настани како нешто позитивно. Дека е симбол не мора одма на нож да се дочекува, симбол може и негативен да е, како за кого. Симбол е и Милениумскиот крст, знаеме кога беше изграден.

Не ми се допаѓа концепт на рушење и еве, бидејќи повторно сте ја пропуштиле поентата „не ми се живее во држава во која цела година тема ќе биде рушење на портава, па уште пет години ќе слушаме како некој пак ќе ја гради итн.".
па баш и не звучеше како да се согласуваш со user во поголема мера (моја лична перцепција, хехе )

тоа со крстот ти е класично оправдување на една негативност со друга, па дури и крстот барем се потрудил да има каков-таков концепт, за разлика од портава... труди се колку сакаш да тврдиш дека тоа е мое лично мислење, ама длабоко во себе сигурно знаеш дека портава постои само поради искомплексираност на база на пониска вредност, кратко кажано, зошто во други градови има, а кај нас не, и уште од старт завршена е таа дискусија за вредности

доколку рушење на портава треба да направи простор за подобра урбанизација, организација и општ развој на просторот, тогаш нема апсолутно никаков аргумент дека треба да остане, било да е на архитектонска, урбанистичка, или културна основа, иако може ти звучи така, ова не е говор на омраза према портата... еве да речеме и дека 90% од народов ја обожава портава и ја носи во срце, тоа не значи дека има вредност поратата, туку дека народот е во длабоки заблуди... сто пати е дискутирано ва на теми на Ск2014 и веќе и ние сме уморни од тоа

Сите дискусии, и какви и да се резултатите од тие дискусии, не го менуваат фактот дека градот има стотици и стотици поприоритетни работи од тоа, во овој момент.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1078 Posted: 23-Jul-2020 at 00:23
Originally posted by user8642



...За релјефите да не почнувам, од првиот кај што на некаков си Mac-C-Church Font кој се користи само уште на менија за кафани со воденичарско тркало во амбиент, е напишан зборот МАКЕДОНИЈА ...


Хахах, ова ти е многу добро, треба да се забрани тој фонтот беден ,

Се слагам и со останатите твои аргументи, ама не се слагам дека треба да се руши. Прво - кошта премногу, ако има опција рушење на триумфална vs водовод во Драгоманце - го бирам второто. Второ, исто битно со првото, ќе разбуди многу лоши страсти таков потег, сосема непотребно. Единствено под најхитно би ги отстранил пластичната тенда над неа, и секако да се дислоцираат седнатите чичковци до неа. Е токму тие комплетно го затвораат просторот, ѝ одземаат каков било обид на портата да се истканува (не дека има нешто да истканува, ама барем формално да биди самостојна, минимум од некаква компзиција да се запази). Според мене тие двајцата на фотелји се најсевернокорејскиот елемент во градот, тага.

А триумфалната, сакале или не си има добиено некоја симболика со настани. Прво спортските, па и Шарената револуција, шлакањето од младите со боја и навечер миењто од пензионерките, некако ја „припитоми“ во мои очи. Патем, не знам дали нешто сум јас грешка или никој друг не се сеќава, ама триумфалната е подигната за 20-годишнината од независноста. Посакуваната историско-триумфална симболика трбаше да ја добие баш со првата и единствена воена парада во Македонија, макар шо за тој 8ми септември 2011 само до пола беше триумфалната (што можеби било и најдобра можна симболика за нашата државност - и по 20 годни независнот ни до пола не сме биле со независноста )

Грда си е и грда ќе си остани. Сепак, се надевам дека во некоја идна попогодона општествено-економска прилика на среден план, ќе се појави можност за нејзино рушење, реобмислување или дислоцирање.


п.с. Преспанскиот договор не важи ретроактивно, т.е. не вика дека мора сите книги издадени од '45 наваму да ги препечатиме оти Македонија стоело таму. Написот не претставува никакава институција државна, нити „краде хеленска историја“.

Edited by hcitrS - 23-Jul-2020 at 00:28
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1767
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1079 Posted: 23-Jul-2020 at 03:44


Разговор на глуви. На архитектот Пановски му било испод част да иде на јавна дебата, требало посебна покана само за архитекти, игорнирирајќи го комплетно правниот тек на работите. Глупости. Градоначалникот делува крајно партиски и му е побитно да стрпа некој политички противник у затвор отколку што му е битно да се оправат глупостите низ Мал Ринг. Зборат навидум на исти јазик, во суштина различен. И нема разбирање. Немало да се уништуваат објекти за да не се уништеле судските докази против политичките противници, објектите биле судски докази. Жално.

Edited by user8642 - 23-Jul-2020 at 04:02
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1080 Posted: 23-Jul-2020 at 16:21
воопшто не се согласувам дека рушење на опструирачки објекти од Ск2014 е нешто прескапо, и ова е единствено нешто што се сервира како аргумент покрај некоја минорна политичка потресеност што ќе се заборави за многу кратко време...

факт е дека дури и тие објекти од проектот што имаат смисла, се далеку поскапи да се одржуваат и на нив да се изведат еден куп интервенции за да опстојуваат и воопшто функционираат, отколку да им се рокне по некој динамит и хилта

разберете дека не е се реваншизам, и не мора во се да се меша политика, едноставно овие објекти ќе ни сметаат и подобро е да се решат што поскоро, отколку да „влезат во срцата на народот“ па да се вадат дека имаат каква-таква вредност, приказна што ќе ја гледаме по 100-ти пат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 52535455>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.711 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.