build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тротоари

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 966
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 30-Jan-2020 at 17:53

Во наредниот тендер тоа

Види, целосно ок е и да нема, но да обезбедат поврзување на друг начин со патека која дури би имала и друга рута отколку самата улица.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 663
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 31-Jan-2020 at 10:32
Како замена може да направат добра спојка (пешачка + велосипедска) со кејот кај приклучокот за Бардовци, заедно со средување на кејот до Систина мостот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13088
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 09-Apr-2020 at 09:33
Во Прилеп...

За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 17-Apr-2020 at 17:53
Реконструкција на тротоарот и велосипедските патеки на Булевар Туристичка (Охрид)

Деновиве започнаа работни активности за реконструкција на тротоарот и велосипедските патеки на булеварот „Туристичка“ во потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „Даме Груев“.

Освен асфалтирање, поплочување и поставување на нови рабници, планирана е замена на стариот дрворед со нови соодветни садници. На местото на старите стебла ќе бидат засадени нови дрвја од видот Лириодендрон тулипифера.





https://ohrid.gov.mk/%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%be%d1%82%d0%be%d0%b0%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%b8-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%81%d0%b8/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6483
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 11-May-2020 at 11:32
ГРАД СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА ГО ОСЛОБОДИ ТРОТОАРОТ СПРОТИ ГЛАВНА ПОШТА ОД КОЛИ ОТИ СТАНАРИТЕ САКААТ ДА ИМААТ МЕСТО ЗА ПАРКИРАЊЕ



Станарите од зградите на булеварот ВМРО, спроти зградата на Пошта, не дозволуваат Град Скопје да го ослободи тротоарот од паркирани коли и да го уреди во пешачка зона оти немале кај да паркираат. Станарите велат дека не се против уредување на просторот, но сметаат дека треба да се обезбеди место и за паркинг. Тие предлагаат на овој дел да се воведе резидентно паркирање, при што ќе имало место и за пешачка и велосипедска патека.

Во моментов овој дел е постојано блокиран од возила бидејќи тука не се наплаќа паркирање.

Од Град Скопје велат дека ова не е прв случај да наидуваат на отпор кога ги ослободуваат тротоарите од паркирани возила.

„Некои станари сметаат дека паркингот е човеково право и дека градот е должен да обезбеди паркинг за секое возило што тие ќе го купат. Во конкретниот случај, го понудивме градскиот паркинг пред нивната зграда, кој е со ограничен капацитет, да биде наменет само за возилата на станарите, но за куќните совети тоа не е доволно. Би сакале да потсетиме дека од пред неколку години на само неколку стотини метри од нивната зграда се отворени две катни гаражи каде можат по разумни цени да ги паркираат своите возила“, велат од Град Скопје.

Од таму објаснуваат дека за уредување на овој дел добиле петиција од други станари од истата зграда кои бараат просторот да им биде прооден и ослободен од возила.

Град Скопје лани го ослободи од возила и го уреди тротоарот спроти соборниот храм Свети Климент Охридски па се до крстосницата кај ТЦ „Палома Бјанка“. На овој дел кој со години беше блокиран со паркирани возила бидејќи не се наплатуваше паркирање, сега поставени се столпчиња, а тротоарот е уреден во пешачка и велосипедска патека, поставени се клупи и засадено е зеленило.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-ne-mozhe-da-go-oslobodi-trotoarot-sproti-glavna-poshta-od-koli-oti-stanarite-sakaat-da-imaat-mesto-za-parkirane/
Back to Top
Vicks View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vicks Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 11-May-2020 at 14:12
Па и тие коли се единствено нешто со пари што го имаат купено, па затоа ќе кукаат. Пази дека пред 40 години плаќале по 100000+ DM за станови. Не е Центарот за секого, дефинитивно!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7347
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 12-May-2020 at 00:15
колку што знам, единствен блок во целиот тој регион се објектите на градски ѕид, а тие имаат огромен комплекс на гаражи под нив, наменети за тие станови
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 12-May-2020 at 13:11
Originally posted by zabegan

колку што знам, единствен блок во целиот тој регион се објектите на градски ѕид, а тие имаат огромен комплекс на гаражи под нив, наменети за тие станови

И еве зошто не се користат тие гаражи?
Вчера дојдов во Скопје после два месеци и иако нема толку сообраќај по улиците, буквално насекаде има коли, најчесто паркирани на несоодветни места.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7347
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 15-May-2020 at 00:11
Originally posted by FT

Originally posted by zabegan

колку што знам, единствен блок во целиот тој регион се објектите на градски ѕид, а тие имаат огромен комплекс на гаражи под нив, наменети за тие станови

И еве зошто не се користат тие гаражи?
Вчера дојдов во Скопје после два месеци и иако нема толку сообраќај по улиците, буквално насекаде има коли, најчесто паркирани на несоодветни места.
затоа што гаражите се изнајмуваат и се користат како подруми, многу често се продаваат како одделна квадратура од становите и никој не сака да ги купи како квадратура по цена на станот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6483
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 27-May-2020 at 09:16
Во Мичурин-ул.Симеон Кавракиров,тротоарите вдолж целата улица со години се вакви









https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6483
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 16-Jun-2020 at 12:13
ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА СКУПИ

Продолжуваат градежни активности на екипите на ЈП „Улици и патишта“ за изградба на тротоар на јужната страна на улицата Скупи, на потегот од бензинската пумпа на „Макоил“до крстосницата со улицата 10 која води кон Бардовци.

На оваа локација досега немало тротоар и со неговата изведба Скопје ќе добие уште една безбедна пешачка површина за сите наши граѓани.

Новиот тротоар ќе биде долг 500 метри, широк два метра и покриен со асфалт на површина од вкупно 1.000 квадратни метри.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6483
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 20-Jun-2020 at 11:40
ОД ЈУЛИ ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ЗА ПЕШАЦИ

Општина Центар од наредниот месец ќе почне со реконструкција на улицата Орце Николов, со што тротоарите ќе се ослободат од возила и ќе се изведе пешачка и велосипедска патека. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека наредната недела треба да се одржи електронската аукција за избор на фирма изведувач, по што ќе стартува реализацијата на овој проект кој го најави уште лани во февруари.

„За да не се затвори целосно улицата, реконструкцијата ќе се одвива во три фази. Прво ќе се работи на потегот од булеварот Климент Охридски до улица Ленинова, потоа до Општина Центар и на крај до улицата Рузвелтова. Со овој проект ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните“, вели Богдановиќ.

Според проектот ќе се реконструира коловозот со површина од 9.330 метри квадрати. На селектирани локации ќе се изврши подигнување на улицата, односно ќе бидат поставени пет подигнати премини кои ќе служат како легнати полицајци и ќе придонесат кон нормализирање на брзината на движење на возилата. На крстосницата со улицата Аминта Трети (Ленинова) ќе се изведе кружен тек. Ќе се воведе паралелно паркирање на ниво на улицата со џебови за паркирање. Во проектирање на улицата водено е сметка за сите дрвја, да не се отстрани ниту едно, а меѓу нив да се организира паркирањето. Коловозната лента ќе се намали на 6 метри, а за сметка на намалувањето ќе се изведат велосипедски патеки во должина од 2.400 метри и пешачки патеки од 2.200 метри.

Според сегашното решение, на улицата има 180 паркинг места, а со новото ќе се намалат на 80. За да овозможи паркинг на жителите предвидена е изградба на монтажна катна гаража на просторот меѓу бараките на Општината и Министерството за одбрана.

Богдановиќ најавува дека годинава ќе се реконструираат и улиците Мирослав Крлежа и Ленинова. Улицата Мирослав Крлежа кај Министерството за култура ќе стане пешачка зона.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-juli-trotoarite-na-ulitsata-ortse-nikolov-vo-skopje-ke-se-osloboduvaat-za-peshatsi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6483
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 23-Jun-2020 at 09:46
Тротоарот на ул.Коста Новаковиќ во Аеродром,подолу кон поликлиниката воопшто и нема тротоар поради новоотворените градилишта на Дабар и Саник





https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6483
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 06-Aug-2020 at 14:38
Во Мичурин кај Блок Кафе



https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7347
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 06-Aug-2020 at 20:10
нашиот стар пријател, криво нареедниот бекатон
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13088
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 10-Aug-2020 at 13:02




https://twitter.com/tweetoptimistka/status/1292530424103804929/photo/1
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6483
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 10-Aug-2020 at 15:06
Во Автокоманда,делот каде прават доградби и надградби и со камиони се качуваат по тротоарите





https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6483
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 10-Aug-2020 at 15:14
По ул.Прашка во Тафталиџе(од твитер)



Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4731
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 10-Aug-2020 at 15:16
Во ред е да се паркираат на коловоз, поарно отколку на тротоар. Чаре? Едносмерни улици, со десната лента за паркирање, и пошироки тротоари со дрвја и клупи, а и велосипедски патеки ако има место. Во иднина купците на станови ќе се секираат дали има подземни гаражи, и инвеститорите ќе мора да ги градат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 207
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 10-Aug-2020 at 15:35
Тоа е и единствен начин да се ослободат тротоарите, сите улици во и околу ваквите (од скоро) густо населени населби да станат еднонасочни, со простор за паркирање на самиот коловоз. Иако и тоа не е крајно ефективно решение, што се гледа и од сликата горе од ул. „Прашка“ која веќе е еднонасочна, сепак е чекор во вистинска насока. Следен чекор би бил на тротоарите да се постават столпчиња или високи рабници.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.