build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мостови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 19202122>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 814
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 26-May-2016 at 07:11
Ова се мене ми делува како да гледам Monty Python
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 03-Jul-2016 at 20:35
За сè има вторпат
Back to Top
MartinX View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote MartinX Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 08-Jul-2016 at 09:34
Ќе се гради уште еден мост преку Вардар во Центар

Градските власти допрва ќе одлучуваат како ќе изгледа новиот пешачки мост преку Вардар што ќе ги спојува „Дрводекор“ и плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“.

„Некои од операторите кои подигнале тендерска документација од страницата на Бирото за јавни набавки побарале продолжување на рокот, со цел подобро да се подготви документацијата за изработка на идејното решение. Рокот е продолжен до 28 јули“, изјавија од Град Скопје.

Трајановски и посочи дека мостот е неопходен заради новоизградениот плоштад кај црквата, за граѓаните да имаат уште една алтернатива како да стасаат до неа.

Во урбанистичкиот план е напомнато дека маркичката е за пешачки мост со придружни содржини. Тие содржини, како што велат од Градот, генерално се инфраструктурните елементи на мостот (осветлување, одводнување, електрична и други инсталации, евентуално позиции за урбана опрема, клупи, канти).

Авторот на избраното идејно решение ќе добие награда од 100.000 денари, додека второнаградениот труд ќе добие 70.000 денари. Вредноста на третата награда изнесува 50.000 денари. Градските власти планираат и да откупат два труда. За нив ќе се издвојат по 10.000 денари.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 08-Jul-2016 at 15:19
Заврши декорација во гостивар (од општина гостивар)

 
 
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 24-Jul-2016 at 14:15
1.


2.


3.


Edited by jyvation - 24-Jul-2016 at 14:15
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 28-Jul-2016 at 14:55

не знаев дека парискиот сведок колабирал, веројатно добро решение би било да имаат сајли ко ограда, а кои независно од мостот би биле затегнати по столбови самци на краевите од истиот, мислам сајли има на тој љубовниот во Љубљана но како дел од самата елиптична ограда ... патем оние катанци кои ги прибира градот кај нас не е лошо да ги стопува одвреме навреме во некоја лубовна скулптура и тоа топтан како тенеке подзаварени во некој меш жица можеби топка

https://en.wikipedia.org/wiki/Pont_des_Arts#cite_ref-7

21.07.2016 - Љубовните катанци се отстрануваат по потреба

Катанци со иницијали на вљубени закачени на ограда од мост е светски тренд на романтичарите. Ги викаат мостови на љубовта. Дури и во Скопје се закачуваат ваквите љубовни катанци, и тоа на мостот „Мајка Тереза“. Откако го закачуваат катанецот, вљубените го фрлаат клучот во реката под мостот. Овој тренд во Европа почна во раните години на 21 век. Во нашата метропола романтичарите ја заклучуваат својата љубов приближно од пред четири години.

- Минатата година се шетавме низ градот со пријатели од Италија. Додека го минувавме мостот кај МАНУ, тие забележаа дека на оградата има закачено љубовни катанци. Ни споменаа дека тие веќе ставиле вакви катанци во Париз и во германскиот град Келн. Беа доста возбудени што имаат шанса да остават заклучен катанец од нивната љубов и во Скопје, а нѐ натераа и ние да ставиме - ни раскажа Катерина Стојановска, од населбата Дебар маало.

Таа заедно со нејзиното момче и вљубениот пар туристи од Италија минатата година оставија заклучени катанци за да сведочат за нивната љубов. Стојановска смета дека туристите уживаат да оставаат и дел од себе во местата каде што патуваат, особено што станува збор за љубовни траги.



Градските власти немаат против ова поставување на љубовни катанци на оградата на мостот, меѓутоа нивните екипи ја следат состојбата. Во случај да дојде до оптоварување или оштетување, катанците се отстрануваат.

- Градот Скопје и Јавното претпријатие „Улици и патишта“ се грижат за мостот од аспект на статичност и безбедноста за учесниците за севкупниот сообраќај, кој се одвива преку мостот. Што се однесува до тоа дали може ставањето да преставува некаква нова туристичка или каква било друга атракција, Скопје веќе изобилува со толку многу знаменитости што реално преставуваат голем туритички предизвик, како за домашните, така и за странските посетители - велат од градот.
Од скопското Јавно претпријатие „Улици и патишта“ истакнаа дека нивните екипи редовно ја набљудуваат оповареноста на оградата на мостот.

- Ги следиме сите мостови и огради на Скопје, исто и мостот каде што се поставени љубовните катанци во случај да пречат на конструкцијата на оградата, катанците се отстрануваат. Истите пред извесен период беа отстранети - велат од ЈП „Улици и патишта“.

Оттаму информираа дека претходно уште еднаш се случила ваква интервенција, но не ги отстрануваат сите катанци.
Оваа традиција на љубовни катанци своите корени ги има во Србија, за време на Првата светска војна. Легендата вели дека една локална наставничка со име Нада, која била од Врњачка Бања, се заљубила во српски офицер со име Реља. Откако си се ветиле еден на друг, Реља поради воените обврски заминал во Грција, каде што се заљубил во друга жена. Како последица на тоа, Реља и Нада ја прекинале свршувачката, по што Нада никогаш не закрепнала и, за жал, починала. Љубовната приказна на Нада била причина и мотив младите девојки од Врњачка Бања да ја заштитат својата љубов со тоа што ги запишувале своите имиња и имињата на нивните љубови на катанци, и истите ги закачувале на Мостот на љубовта, каде што Нада и Реља се сретнале.

Во останатиот дел од Европа, љубовните катанци се појавиле во 2000 година. Еден од најпознатите мостови, кој брои илјадници катанци, е Мостот на уметноста во Париз, кој, за жал, падна поради тежината на катанците.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Љубовните-катанци-се-отстрануваат-по-потреба&id=45d1ad84-fb52-48b1-b1eb-2f2a7f283865



Edited by beTon - 28-Jul-2016 at 15:00
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 25-Aug-2016 at 12:02
Кина. Најголемиот стаклен мост на светот, 400 м. Архитектонско чудо. Цена $3.4 милиони.

МК, Скопје. Мост Око, 200 м. Цена €3.4 милиони.

http://www.bbc.com/news/world-asia-china-37127725
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 25-Aug-2016 at 12:25
Ако немате твитер или ако не читате time.mk, тука е Џоле наш, ќе ви ги сервира најсвежите твитер информации и трендови.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 25-Aug-2016 at 17:14
Ајде да вратам со иста мера - ако не сте од штаб или не читате Вечер, тука е Навигатор наш, ќе ви ја одбрани владата со килави контра-аргументи.

Edited by Џоле - 25-Aug-2016 at 17:15
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 25-Aug-2016 at 17:26
А шо врска има time.mk со твитер? time.mk е агрегатор на вести и содржи новини од мнозинството медиуми и портали, без разлика за кои медиуми се работи, чиста електронска база на вести без пристрасност.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1605
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 25-Aug-2016 at 17:39
Originally posted by hcitrS

А шо врска има time.mk со твитер? time.mk е агрегатор на вести и содржи новини од мнозинството медиуми и портали, без разлика за кои медиуми се работи, чиста електронска база на вести без пристрасност.


па не е баш „чиста“ база, напрај еден преглед во ударните термини од денот кога по статистика најмногу се чита на нет, па ќе видиш што е во шпицот најфорсирано.
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 25-Aug-2016 at 18:11

Тоа што најмногу се чита?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 25-Aug-2016 at 18:21
Originally posted by hcitrS

А шо врска има time.mk со твитер? time.mk е агрегатор на вести и содржи новини од мнозинството медиуми и портали, без разлика за кои медиуми се работи, чиста електронска база на вести без пристрасност.
Мислев на секција со најпопуларни твитови на time.mk.

Инаку држи вода коментарот на ОМ, затоа што е многу лесно и едноставно да се подесат преференциите на агрегаторот и со тоа да се фаворизираат одередни медиуми и директно да се моделира јавното мислење. Самиот агрегатор ти дава опција за пероснализирање и подесување на медиумите и вестите што сакаш или не сакаш да ги читаш. Еве денес имаше многу добар пример: вест за поставување на камен темелник на рудник во Валандово. Имаше 40тина поврзани вести и сите освен една вест известуваа за настанот. Едната вест, објавена на Плус Инфо беше за незадоволството на дел од граѓаните на Валандово заради еколошките аспекти на проектот. Откако се објави, цел ден стоеше како главна вест поврзана со темата. А притоа не беше последно објавена. Можеш да го објасниш тоа? Освен тоа, сопственик на time.mk е Игор Трајковски. Прошетај му малку по профилот на твитер или прочитај му некое скорешно интервју, ќе разбереш што сакам да кажам.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 25-Aug-2016 at 18:54
build.mk не боли толку, ама болиии Телма, Слободен печат, Фокус, time.mk, тоа ептен боли, бидејќи без тоа нема консолидирана диктатура!
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1605
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 25-Aug-2016 at 19:22
Originally posted by гитардемон


Тоа што најмногу се чита?


или тоа што ќе се „наложи“ - најмногу да се чита
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2365
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 25-Aug-2016 at 19:22
Originally posted by Navigator

Ако немате твитер или ако не читате time.mk, тука е Џоле наш, ќе ви ги сервира најсвежите твитер информации и трендови.


Што од тоа што го напиша Џоле не е точно. Дај образложи!

Во врска со мостов (долг 400, широк 6 и висок 300 метри; може да прими 600 луѓе одеднаш и нуди банџи и зиплајн):

http://www.chinahighlights.com/zhangjiajie/attraction/zhangjiajie-glass-bridge.htm

За слична цена, што нуди мостот „Око“? Прашина во очи?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 26-Aug-2016 at 13:34
Па ако доволно се стегниме може и Атна да тврдиме дека е македонската престолнина. На толку канализациски шахти македнското новинарство како курир, либертас, телеграф, сител, или (ми е гнас и називот да го пишам) недајбоже мактел, на тиме.мк маани му најдовте. Дај ве молам.
Добро речено, ти дава опција за персонализирање. Да, ти дава опција. Додека кај мнозинството шахти немаш опција. Т.е. свесно си бираш да бидиш теле кое ќе пие од шахта.
Ако агрегаторот тиме.мк успеавте да го обвините за „намерно моделирање со јавното мислење“, во условите кои владеат со објективноста на информирањето во МК, тогаш јас немам коментари појќе. Со среќа во живото.

п.с. твитовите се обични глупости, за забава или нервирање, не знам зошто ги рангирате ко вест.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 08-Sep-2016 at 17:40
За сè има вторпат
Back to Top
ciseaux View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ciseaux Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 08-Sep-2016 at 21:29

Слично велешко Мало мовче
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 10-Oct-2016 at 08:11
ОБНОВА НА МОСТОТ НА КАЗАЗИТЕ ВО ТЕТОВО

Тетово - По нешто повеќе од 40 години се обновува мостот на Казазите на реката Пена во Тетово. Овој мост се наоѓаше во непосредна близина на Историскиот архив, бил изграден во 16 век и претставуваше споменик на културата од османлискиот период. Во 1979 година наносите на реката Пена сериозно го загрозија градот, а мостот на Казазите претставуваше вистинска брана за се' што носеше реката пренесувајќи ги водите и тињата по улиците на Тетово. Од тие причини, мостот беше срушен, а на негово место беше подигнат друг, од метална конструкција, наменет само за пешаци.

Сега на металниот мост започнаа работи на негово демонтирање. Целта е да се изгради мост како оној што пред околу пет века го граделе Кзазите. Новиот мост треба да биде изграден за период од четири месеци и да овозможи полесен и побрз проток на автомобили на овој дел од градот. Проектиран е со ширина од 10,5 метри од кои шест метри ќе биде коловоз. Инвеститор на изградбата е Општина Тетово, а вредноста на проектот изнесува околу 1,5 милиони евра.

Новиот мост ќе се гради со бетонска конструкција во модерен стил, но со запазување на стандардите и оригиналноста. Претходниот, што беше срушен имаше форма на лак, а беше граден од бигор. Сличен на него кој се' уште опстојува е мостот кај болницата во Тетово, а во тој стил беше и мост на Пена кај Горна Чаршија, но и тој сега е поинаков. За обновата на овој мост и на некогашната саат-џамија пред десетина години интерес пројавија министерствата за култура на Македонија и на Турција. Меѓутоа, во овој период не дојде до реализација на идејата, така што се' остана на Општина Тетово.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=EDBD55E4747D1646B2FA8835095642C9
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 19202122>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.