build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Мостови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мостови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 25262728>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 491
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 19-Jun-2023 at 22:50
Ајде бе... до сега во Јапонија 5 пати ќе го пуштеа за сообраќај. Па уште ни кажуваат после месец дена од кога изгорел мостот, демек требало цевки за парно да се менувале... што не им текна уште на почетокот. Него гледаат во секоја можна шанса кој да го лапне тендерот да го среди мостот, и да се изнакрадат пари. Средете го веќе еднаш и пуштете го за сообраќај, народот неможе да трпи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 20-Jun-2023 at 18:14
Мостот Беласица ќе остане затворен цело лето?



Нема надеж дека мостот Беласица ќе биде пуштен во сообраќај ова лето, вели за Сител директорот на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени. Рано е да се зборува за отворање, оти ќе бидат потребни уште неколку месеци само за истражување на теренот.

„До крајот на летото е оптимистичко време до кога би можеле сите тие операции за истражување да се завршат. За пуштање не верувам. Истрагите ќе покажат колкав е дефектот и оштетувањето. Да се предложи, да се направи проект за зајакнување, а тоа исто така е процес кој ќе трае неколку месеци“ – Грозде Алексовски, ИЗИКП

Првиот човек на тимот кој ја прави експертизата рече дека користеле дрон за да се испитаат каблите за преднапрегање. Снимки имале само странично поради жиците кај цевките за парно. Според Алексовски, сомнително е што на овој начин ќе се испитува силата што останала во каблите, бидејќи освен дрон, постојат и други начини.

„Да се пристапи и да се измерат овие фреквенции на каблите со посебни инструменти коишто ги немаме за жал во нашава држава, а ако институтот којшто е ангажиран ги набавил нека го кажат тоа во своите анализи, па ние како стручна јавност ќе се изјасниме. “ - Грозде Алексовски, ИЗИКП

Сепак, за да почнат какви било активности на мостот, најпрво треба да се извадат цевките. ЕСМ ги прашавме кога ќе почне отстранувањето и колку време ќе трае тој процес, но наместо конкретен одговор, добивме идентично соопштение како вчерашното:

„Во тек се подготвителните активности за отстранување на опожарениот топловод на мостот “Беласица” и ЕСМ Дистрибуција на топлина вложува максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок.“

Откако Арсовска во гостување на Сител рече дека мостот ќе биде пуштен неделава, од Град Скопје денеска не сакаа да ги коментираат изјавите на експертите. Велат ќе го чекаме извештајот.

Се уште не се знае ниту кој го запали мостот. Обвинителството отвори предмет, но сторителите засега не се фатени.

https://sitel.com.mk/mostot-belasica-kje-ostane-zatvoren-celo-leto
Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 20-Jun-2023 at 18:56
А да им текне у меѓувреме и улицата пред мостот да ја исправат!?

Edited by skopskodete - 20-Jun-2023 at 18:56
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 23-Jun-2023 at 12:27
ЗА ТИПОТ НА КАБЛИ ВГРАДЕНИ ВО МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ ПОСТОЈАТ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИ ЕКСПЕРТ ЗА МОСТОВИ СО ПРЕДНАПРЕГАЊЕ

Проектот не ми е познат во детали, но ако збориме за каблите за преднапрегање што се наоѓаат во мостот, постои технологија која овозможува да се испита нивната состојба. Ако каблите се надворешни, тогаш можеме директно да им пристапиме, а ако се внатрешни, има две различни технологии кои можат да се применат за нивно испитување. Значи, ако преднапрегањето е внатрешно, потребно е да се пристапи директно до каблите. За внатрешните кабли кои едноставно не се видливи постојат соодветни технологии за да се процени и испита нивната моментална состојба“, вели Ердоган кој е регионален директор на француската компанијата „Фресине“ специјализирана за конструкција на мостови со преднапрегање.

Инженерската компанија „Фресине“, која има подружници во повеќе од 60 држави низ цел свет, е основана пред 80 години од Ежен Фресине, кој важи за пронаоѓач на преднапрегањето во градежништвото.

Тимот на професорот Михаил Гаревски немал пристап до централниот распон на мостот, па каблите за преднапрегање во тој дел биле испитани врз основа на снимка од дрон, за која тој кажа дека ја смета за релевантна. Снимката се правела само странично, бидејќи, како што минатата недела кажа Гаревски, под цевките за парно има жици и дронот не може да се движи таму.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска минатата недела во гостување на ТВ Сител рече дека ‘Беласица’ ќе се санира многу брзо и едноставно со козметичко рефреширање.

„На мостот ќе треба да се направи одредена санација која се однесува на козметичко рефреширање на она кое што е паднато во делот на бетонот. Во суштина нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста и тоа е она коешто е најважно за нас“, рече Арсовска.

Мостот „Беласица“ кај Железничката станица во Скопје е затворен за сообраќај повеќе од еден месец откако се запали во долниот дел ноќта помеѓу 10 и 11 мај и гореше четири часа, по што деканот на Градежен факултет, Горан Марковски, кажа дека би можел да биде вон функција најмалку една година.

Дека оштетувањата се сериозни, дополнително потврди и проектантот на мостот Вукан Њагуљ.

За експертските мислења градоначалничката изјави дека се „сериозна пропаганда и небулозни изјави“, откако претходно Градот обајви дека е „несериозно од декани, неименувани експерти како и неименувани ‘извори’ да се предизвикува паника кај граѓаните“.

„Тие изјави беа дадени од некаква си експертска јавност“, рече Арсовска на гостувањето во вестите на ТВ Сител минатата недела и тврдеше дека сите мостови коишто ги има во Град Скопје и се во нејзина надлежност редовно се одржуваат и дека „на некои од нив треба да се направи некоја козметичка санација меѓутоа, генерално се безбедни, сигурни за движење“.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/za-tipot-na-kabli-vgradeni-vo-mostot-belasitsa-postojat-tehnologii-za-ispituvane-na-sostojbata-veli-frantsuski-ekspert-za-mostovi-so-prednapregane/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 26-Jun-2023 at 17:09
НАРУШЕНА СТАБИЛНОСТА И НА МОСТОТ КАЈ СЕЛО УЛАНЦИ, ПОТРЕБНА Е ПРОЦЕНКА ОД СТРУЧНИ ЛИЦА



Мостот на реката Вардар кај селото Уланци, Градско е оштетен. Тоа е резултат на надојдената река и наносите кои се задржувале на столбовите изминатиот период кога имаше висок водостој, предупреди градоначалникот на Градско Киро Нацков.

Со механизација се чистеле наносите околу столбовите на мостот, но тие предизвикале штета.

„На почетокот на мостот еден од столбовите е напукнат. Освен за жителите на село Уланци, овој мост е врска и за имотите на населението кое преку реката одгледува земјоделски култури“, вели Нацков.

Проблемот бил со надоаѓање на Вардар кога големите дрва и гранки кои ги носи водата се заглавуваат помеѓу столбовите на мостот, со што се зголемува притисокот врз нив. Увид во состојбата на мостот изврши директорот на Центарот за управување кризи Стојанче Ангелов.

„Добро е, како што сторија други локални власти, и вие да најдете средства, за да може компетентни лица да извршат проценка на состојбата на мостот“, рече Ангелов.

Најблискиот мост е оддалечен десетици километри и се наоѓа кај село Ногаевци, поради што овој мост кај Уланци за локалното население е од големо значење.

Мостот кај Уланци, преку Вардар е изграден во 1973 од Југословенската народна армија (ЈНА)

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/narushena-stabilnosta-i-na-mostot-kaj-selo-ulantsi-potrebna-e-protsenka-od-struchni-litsa/
Carpe diem
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 26-Jun-2023 at 17:32
Ovoj most mene mi izgleda kako "Ko to tamo peva"!
Zarem e mozno da postojat uste vakvi mostovi vo 21. vek!?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 28-Jun-2023 at 17:10
Експертизата за мостот Беласица е готова, Гаревски за ТВ 24: Потребна е мала санација



https://24.mk/details/ekspertizata-za-mostot-belasica-e-gotova-garevski-za-tv-24-potrebna-e-mala-sanacija
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 07-Jul-2023 at 12:19
АРСОВСКА НЕ КАЖУВА ШТО ЌЕ СЕ ПРАВИ СО МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“, ЗА КОЈ ЕКСПЕРТИТЕ АЛАРМИРААТ ДЕКА НЕ СЕ НАПРАВЕНИ СИТЕ ПОТРЕБНИ ИСПИТУВАЊА

Градоначалничката Данела Арсовска повеќе од еден месец ја нема во јавноста и не соопштува што ќе се прави со мостот „Беласица“, кој на 12 мај настрада во пожар, а беше еден од најпрометните во центарот на Скопје. Арсовска нарача експертиза за мостот од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени на професорот Михаил Гаревски и оттогаш не се појавила на прес-конференција, ниту дала информации за мостот кој трет месец е затворен за сообраќај.

Арсовска ја нема ниту да одговори на сомнежите на експертите за мостови и мостовски конструкции кои сметаат дека не се направени сите потребни испитувања и искажаа загриженост за начинот на кој се вршеа испитувањата.

Градоначалничката не дојде ни на седницата за советнички прашања минатата недела. Сама се слика и си пушта слики на својот фејсбук профил од посета на Сарај и менување асфалт на локални улици.

Гаревски минатата недела изјави дека ја предал нацрт верзијата од експертизата на Град Скопје и дека таа покажува оти мостот нема сериозни оштетување и потребна е лесна санација.

САКАМДАКАЖАМ.МК испрати прашања до кабинетот на Арсовска во врска со мостот „Беласица“ и понатамошните постапки кои ќе ги преземе Градот. Како и на сите досегашни поставени прашања, одговор не добивме, Арсовска како и цел мандат продолжува со игнорирање на медиумите, а исто се однесуваат и вработените во нејзиниот кабинет и лицето за односи со јавност поставено од неа, Кристина Депо.

Вчера, професорот и декан на Градежниот факултет Горан Марковски кажа дека на мостот треба да се направат детални анализи, а тоа не е сторено. Укажа дека е несериозно со снимки од дрон да се испитува дали каблите за преднапрегање се оштетени.

„Колку пожарот е подолготраен се формираат микро пукнатини кои не се видливи со голо око, а знаеме дека пожарот траел 4 часа. Не е гаранција ниту тоа дека ако не се менува бојата бетонот е добар. Каблите за преднапрегање на висока температура омлитавуваат, се издолжуваат и силата им опаѓа. Многу е важно да се утврди дали температира од над 200 степени стигнала до каблите. Несфатливо е да се прави испитување, а да не се допре до средното поле на мостот. Тоа е недозволиво за ваква експертиза. Постојат скелиња, но и машини кои овозможуваат пристап до средното поле, да се влезе до сандаците на мостот и да се земат соодветни примероци. Зошто не е влезено не ми е познато, несериозно е да се носат заклучоци врз база на снимки“, рече Марковски во своето излагање за тоа како треба да се вршат испитувањата на мостот.

И францускиот експерт за мостови Жулијан Ердоган минатата недела при посета на Скопје кажа дека не може да се испита состојбата на каблите за преднапрегање со снимки од дрон. Според него, за да се испита состојбата на внатрешните кабли за преднапрегање на мостови мора директно да им се пристапи и за тоа постојат специјални технологии.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/arsovska-ne-kazhuva-shto-ke-se-pravi-so-mostot-belasitsa-za-koj-ekspertite-alarmiraat-deka-ne-se-napraveni-site-potrebni-ispituvana/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 08-Jul-2023 at 17:31
06.07.2023

ФОТОВЕСТ: Не се почитува забраната за движење на мостот „Беласица“



Забраната за движење на мостот „Беласица“ не се почитува, судејќи според денешната фотографија на „Нова Македонија“ на која се забележуваат возила, како и пешаци кои поминуваат преку опожарениот мост.

Мостот кај нова железничка станица е затворен за сообраќај и за пешаци по пожарот што го зафати на 12 мај.


Надлежните институции во повеќе наврати досега апелираа до граѓаните да се почитува забраната за движење.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/fotovest-ne-se-pochituva-zabranata-za-dvizhenje-na-mostot-belasica/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 12-Jul-2023 at 17:00
Експертизата покажа дека нема сериозни оштетувања на мостот „Беласица“

    

-За да не бидам повеќе критикуван, направив повеќе испитувања со вадење на примероци од бетонот – кернови. Апаратот со ултразвук покажа дека нема никакви микро пукнатини на мостот. Направивме и тридимензионално геодетско-ласерско скенирање на 220 илјади точки на мостот, изјави Гаревски за весникот ВЕЧЕР



Нема сериозни оштетувања на мостот „Беласица“, покажала експертизата од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП), на чело со професорот Михаил Гаревски, која е на 156 страници, во неа учествувале 11 експерти, а веќе е предадена на Град Скопје.

– За да не бидам повеќе критикуван, направив повеќе испитувања со вадење на примероци од бетонот – кернови. Апаратот со ултразвук покажа дека нема никакви микро пукнатини на мостот. Направивме и тридимензионално геодетско – ласерско скенирање на 220 илјади точки на мостот – изјави Гаревски за весникот ВЕЧЕР.

Тој истакна дека за среќа, во Град Скопје прават и периодични оскултации (набљудувања) на мостот. Една била направена во 2020 година и последната која им била дадена како задача од ИСОГКП во 2023 година. Според нив, нема никакви разлики во деформациите на мостот.

– Тоа значи дека мостот не реагирал на температурните промени – дециден е Гаревски.

Тој забележува на тврдењата на деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, дека треба да се направат дополнителни истражувања.

– Многу е несериозно да се каже дека треба да се направат дополнителни истражувања, а воопшто да не се види експертизата. Друго, тој инсистираше на тоа дека мора да се влезе во сандаците на мостот. Нема што да се бара во сандаците, ако однадвор бетонот не попуштил. Тој тврдеше дека сандаците се високи три метри. Најмалиот сандак е 87 сантиметри и во него не може да влезе човек, а најголемиот, кој е првиот потпорен ѕид, е висок 158 сантиметри. Ние ендоскопски со жица со камера влеговме во првиот сандак кој е висок 158 сантиметри и направивме фотографии. Тие покажаа дека бетонот е беспрекорен, иако таму имаше најголеми оштетувања – тврди Гаревски.

Тој објасни дека бетонот на мостот е од марката 78, иако тој е проектиран за со марка 40.

– Во Скопје во ниту една зграда кога би се измерила цврстината на бетонот, нема да покаже дека е со марка 78 – дециден е Гаревски.

Друга негова забелешка на излагањата на Марковски е тоа што тој тврдел дека требало да се земат 14 кернови, според европски стандарди и тоа сите да бидат во непосредна близина.

– Ако тоа се направи, може да се урне мостот и уште повеќе ако е мала оддалеченост може да удриш на некој кабел. Никој не вади повеќе од 3 до 4 цилиндри/кернови. Тоа ти е како голема бор машина. Па ќе се изрешета мостот – вели Гаревски.

Тој додава дека извадиле 10 цилиндри од плочата во средина на мостот, кои ги испитале на преса. Гаревски смета и тоа дека не е сериозно од Марковски да дискутира за висината на температурата што ја развил пожарот, а да не се знае каква е изолацијата на цевката.

– Пожарот настанал како горење на изолацијата на цевката. Имаме седум страници во извештајот за изолацијата. Се работи за полиуретан. Ако имаме долу на пример 10 сантиметри полиуретан и го запалиме, тој гори во рок од 200 секунди и почнува пламен. Пламенот може да достигне висина и до 3 метри и тој развива температура од 820 степени Целзиусови. Но, на 60 до 80 сантиметри, колку што има од цевките до плочата, таму температурата не е повеќе од 200 степени Целзиусови. Така што, не е точно тврдењето на Марковски дека се развила температура до 1.000 степени Целзиусови – дециден е професорот.

Гаревски реагира и на тврдењата на деканот на Градежниот факултет,                     според кои тој рекол оти преку дрон биле испитани каблите.

– Јас реков дека дронот е употребен во недостапните места за да се процени визуелниот изглед на вертикалните ребра и најдовме откривање на обична мала арматура, само на едно место. Но, во ниту еден дел од мостот не се откриени каблите за пренапрегање, што е многу битно – тврди Гаревски.

Инаку, Гаревски информираше дека од ЕСМ веќе почнале да ги сечат и вадат цевките за парно од опожарениот мост.

– Според динамиката со која тоа го прават, сметам дека цевките релативно брзо ќе бидат извадени – потенцира Гаревски.   

https://www.vecer.press/експертизата-покажа-дека-нема-сериоз/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 19-Jul-2023 at 17:48
Нереализиран проект

Пешачки мост на река Вардар кај “Црква Пресвета Богородица”
Тип:
Јавни, Мостови, Консалтинг
Фаза
Конкурс
Локација:
Скопје, Македонија
Година:
2016
Површина:
1.056 sq.m.
Клиент:
Град Скопје

При проектирањето на мостот земени се во предвид и постоечките пешачки и велосипедски патеки во минор коритото каде е овозможено непрекинато движење и покрај поставеноста на мостот. Пристапот кон мостот е на исто ниво со постојните пешачки улици од двете страни, без примена на скали и рампи. Согласно површината за планирање утврдена со проектната програма, објектот зафаќа површина од 1056 m². Вкупната должина на мостот е 87,00 метри, а ширината 12,00 метри. Во склоп на идејното решение, направена е проценка на инвестиција на целиот објект.









https://urbansteel.com.mk
Carpe diem
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 567
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 19-Jul-2023 at 21:32
Сто пати подобро од тоа што добивме...Како и секогаш...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 20-Jul-2023 at 01:45
мостов кај црквата, еден мост каде што е сега таа колонадата и можеби еден многу мал лесен мост кај што е тој за панорамското тркало беа единствените мостови кои имаат смисла на цел тој потег... мостот за панорамското, мостот око и мостот на уметноста се дисфункционални, грди и убер лошо изведени урбанистички катастрофи
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 567
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 20-Jul-2023 at 17:00
Originally posted by zabegan

мостов кај црквата, еден мост каде што е сега таа колонадата и можеби еден многу мал лесен мост кај што е тој за панорамското тркало беа единствените мостови кои имаат смисла на цел тој потег... мостот за панорамското, мостот око и мостот на уметноста се дисфункционални, грди и убер лошо изведени урбанистички катастрофи


Како мостот око е дисфункционален? Па он е влез во зграда, има ли поголема функција од тоа? <3
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 22-Jul-2023 at 02:55
Originally posted by FT

Originally posted by zabegan

мостов кај црквата, еден мост каде што е сега таа колонадата и можеби еден многу мал лесен мост кај што е тој за панорамското тркало беа единствените мостови кои имаат смисла на цел тој потег... мостот за панорамското, мостот око и мостот на уметноста се дисфункционални, грди и убер лошо изведени урбанистички катастрофи


Како мостот око е дисфункционален? Па он е влез во зграда, има ли поголема функција од тоа? <3
да де, го ставиле таму откако им текнало дека од ѕидот на кејот до влезот на објектот има пола метар
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 23-Jul-2023 at 11:12
Проектантот на „Беласица“ : Не може со дрон да се заклучи дека каблите не се сериозно оштетени

Констатациите за оштетувања на конструкцијата на мостот „Беласица“ од пожарот коишто се однесуваат на состојбата на каблите за преднапрегање, а кои се донесени врз база на преглед на мостот со дрон и тоа на помалку загрозените делови на неговата конструкција, без сомнение не можат да бидат основ за носење заклучок дека каблите не се сериозно оштетени, вели проектантот на мостот, Вукан Њагуљ за МИА.

Њагуљ појаснува дека се неопходни испитувања на лице место и дополнителни пресметки.

Според него, улогата на средишната плоча на мостот за негово правилно функционирање во ниту еден случај не може да се смета за споредна.

-Напротив, со тоа што ги поврзува главните сандачести носачи во една целина таа значително ги намалува влијанијата во нив при несиметричното сообраќајно оптоварување. Ова може да се докаже со соодветна статичка пресметка, онака како што е направено и во Главниот проект, вели Њагуљ.

Мислењето дека мостот е во ред само затоа што во моментот стои и затоа што можеби би издржал некое пробно оптоварување, според Њагуљ, не е во согласност со основните особини на сите градежни материјали.   

-Тоа конкретно подразбира дека мостот не е сигурен доколку поради пожарот дошло до губиток на силата на преднапрегање и како последица на тоа до пораст на напрегањата на затегнување во бетонот преку границите дефинирани со проектот. Во такви околности мостот наизглед сигурно ќе стои се додека носивоста на бетонот на затегнување поради замор не се намали на ниво кое ќе овозможи појава на статички неконтролирани пукнатини што ќе доведе до загрозување на стабилноста на конструкцијата. Или грубо кажано – мора да се знае зошто мостот стои, појаснува Вукан.

Додава дека би сакал да го види извештајот како човек кој целиот работен век се занимава со мостови, особено како проектакт на мостот „Беласица“.

– За жал, немав прилика да го погледнам Извештајот, а како некој кој целиот свој работен век, па и повеќе, се занимава со мостови и особено како проектант на овој мост навистина би сакал да ја имам таа можност, вели Њагуљ, додавајќи дека поради тоа неговите заклучоци се креирани врз основа на информациите објавени во јавноста.

За потребата од подлабински истражувања алармираше и професорот Горан Марковски веднаш откако Институтот го достави Извештајот до Град Скопје. Марковски, инаку декан на Градежниот факултет при УКИМ во Скопје, имаше посочено дека подлабинско истражување ќе придонесе за намалување на ризикот и полесно предвидување на наредните чекори.

Њагуљ се согласува со тоа дека е потребно да се направи детална пресметка со која би се проценило што се случило со мостот.

-Ниту еден проектант на мост не може да остане рамнодушен кон своето дело. Затоа со внимание го следам развојот на настаните поврзани со проценката на степенот на неговото оштетување. Во тој контекст, со особен интерес ја проследив и снимката од излагањето на проф. Марковски. Како што предлага професорот Марковски, во процесот на дијагностика неопходно е да се спроведе ваква анализа со расположивите податоци за пожарот. Целта на оваа пресметка би била да се процени што се случувало со мостот, односно со неговите конструктивни материјали за време на пожарот. Дали евентуално некаде дошло до пречекорување на дозволените напрегања во материјалите, дали се појавиле пукнатини и во кои пресеци итн., изјави Њагуљ.

Во врска со отклонот на конструкцијата во средното поле, тој се согласува со заклучоците на професорот Марковски, но додава дека имајќи предвид оти каблите се инјектирани, има и други причини зошто како последица на пожарот не морало да дојде до зголемување на отклонот, односно до деформација надолу. Притоа, посочува дека сепак оваа претпоставка мора да се провери.

-Должината на делот на конструкцијата на која каблите во внатрешните ребра можеле да бидат изложени на критична температура е релативно мала. За 3 кабли (од вкупно 6) таа должина изнесува во просек околу 12 м (по 6 м мерено од средината на речниот распон на мостот). Притоа дебелината на заштитниот слој на 2 од 3-те кабли, гледано од средината на распонот, постапно се зголемува за да на крајот од наведената должина изнесува повеќе од 10 см што значи дека влијанието на температурата на таа должина постапно се намалува, потоа каблите кои се наоѓаат во надворешните ребра и во долната плоча на сандачестите носачи најверојатно не биле изложени на критична температура, вели тој.

Пукнатините кои можеле да се отворат поради нееднаквото загревање, според Њагуљ, најверојатно потполно се затвориле во текот на ладењето на конструкцијата, но, тоа, вели тој, не значи дека така ќе остане и при сообраќајно оптоварување на мостот.

Потенцира дека евентуалното непостоење на позитивен отклон, односно деформација надолу во моментот, не мора да значи дека нема настанати оштетувања во делот од каблите за преднапрегање.



Во врска со губитокот на силата на преднапрегање и состојбата на каблите, Њагуљ смета дека губењето на квалитетот на челикот за преднапрегање е од примарно значење, бидејќи како што појаснува, освен губитокот на активната сила на преднапрегање и последователниот пад на резервното напрегање на притисок во бетонот, доаѓа и до важно и неповратно намалување на коефициентот на сигурност на лом на конструкцијата.

-Може да се каже дека со ладење на челикот од кој што се произведени јажињата еден дел од силата на преднапрегање ќе биде обновен затоа што должината на каблите на загреаниот дел е генерално гледано непроменлива, секако ако не дошло до деградација на квалитетот на челикот и ако каблите можеле непречено да се вратат на првобитната должина. Доколку настанала деградација на квалитетот на челикот постои можност напрегањето во жиците од кои се составени јажињата да ја пречекориле границата на течење што значи дека сила во каблите сепак постои, но таа ќе биде помала, дециден е Њагуљ.

На прашањето дали е возможно да се утврди силата во каблите, проектантот вели дека каблите кои се наоѓаат во критичната зона на сандачестиот носач биле најмногу изложени во текот на пожарот. Според него, утврдувањето на интензитетот на постоечката сила на напрегање и степенот на евентуална губење на квалитетот на челикот од кој што се произведени јажињата се од примарно значење, особено за носење конечна одлука за потребата од санација на конструкцијата.

Додава дека методата со испитување на бетонските јадра може да се користи како помошна, пред сѐ заради намалување на бројот на местата на кои би се вршеле директни мерења на постоечката сила на преднапрегање, при што таа треба едновремено да биде „баждарена“ преку споредба со директните мерења.

Посочува дека е пожелно состојбата на каблите и постоечката сила на преднапрегање на одреден број места да се определат прво со индиректна постапка, а дури потоа со директна.

-Поради големата широчина на мостот и со самото тоа значителната несиметрија на главната лента на сообраќајното оптоварување во однос на неговата оска, обновувањето на оваа улога на средишната плоча во работата (функционирањето) на конструкцијата на мостот, со преземање на соодветни мерки за санација и евентуално зајакнување, треба да има посебно место во проектот за неговото возобновување, подвлекува Њагуљ.

Според него, покрај другото ќе биде потребна и замена на постоечката арматура.

Експертизата за опожарениот мост „Беласица“ ја направи приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени и таа е доставена до Град Скопје.

Директорот на Институтот, професор Михаил Гаревски тогаш рече дека од визуелната инспекција не е забележана изложеност на каблите за преднапрегање ниту на еден дел од мостот, туку дека тие се скриени со заштитниот слој на бетон.

Овој е основниот услов и затоа оштетувањата се мали. Но, иако оштетувањата се мали, сепак ќе треба да се изврши санација. Но, потребна е санација на плочата над примарните цевки за парно со торкретирање за да се врати заштитниот слој од бетон кој ја штити ребрастата арматура од корозија. Потребно е и да се врати паднатиот бетон на некои површини од долната плоча и вертикалните ребра на сандачестите носачи. За да може да се спроведе санацијата на мостот неопходно е да се извадат цевките за парно кои се наоѓаат под мостот, истакна Гаревски тогаш во изјава за МИА.

Минатата недела, од АД ЕСМ информираа дека се започнати теренските активности за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица”. Оттаму соопштија дека ќе вложат максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок.

Отстранувањето на топловодната инсталација, за проектантот на мостот Њагуљ, е добар почеток, но смета дека тоа требало да биде направено многу порано.

-Отстранувањето на топловодната инсталација секако е добар почеток затоа што е тоа неопходно за извршување на дополнителните испитувања на конструкцијата на лице место и за локална санација на нејзините делови. Штета што со тоа не се започна порано. За време на мојата посета на мостот на 25 мај, лично предложив со тие активности да се започне веднаш, независно од тоа какви работи на мостот ќе биде неопходно да се извршат, истакна проектантот.

Поминаа скоро три месеци откако на мостот „Беласица“ избувна пожар кој зафати површина од 2.000 м2. Оттогаш сообраќајот по мостот е забранет, а возилата и пешаците се пренасочуваат по околните улици со што се создава сообраќаен метеж во градот. Освен информацијата од АД ЕСМ дека е почнато отстранување на топловодната цевка, нема официјални информации за колку време би завршила санацијата и кога повторно мостот ќе биде пуштен во употреба.

https://nezavisen.mk/proektantot-na-belasica-ne-mozhe-so-dron-da-se-zakluchi-deka-kablite-ne-se-seriozno-oshteteni/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 09-Aug-2023 at 15:54
Почна санацијата под мостот „Беласица“: Кога ќе може да се вози по него?



Санацијата на мостот „Беласица“ по пожарот е почната. Камион, градежна механизација, работници работат под мостот. Таму се донесени и нови цевки, кои треба да се заменат со опожарените.

Работите ги изведува ЕСМ. Новите цевки, во согласност со одредени процени, треба да бидат поставени до крајот на месецот. Потоа ќе следува проверка и доколку е сѐ во ред – мостот ќе биде пуштен во употреба.

На мостот „Беласица“ нема посериозни оштетувања и затоа нема да биде потребно негово зајакнување, вели во интервју за „Макфакс“ професорот Михаил Гаревски од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Најоптимистички е дека мостот може да се пушти во употреба во септември.

Мостот е затворен за сообраќај веќе четврти месец. На почетокот имаше забрана и за пешаци за потоа да биде дозволено тие да поминуваат, но не и автомобили и тешки товарни возила.

https://skopjeinfo.mk/pochna-sanacijata-pod-mostot-belasica-koga-kje-mozhe-da-se-vozi-po-nego
Carpe diem
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2599
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 10-Aug-2023 at 23:21
Originally posted by stef4o

Нереализиран проект

Пешачки мост на река Вардар кај “Црква Пресвета Богородица”


Скроз непотребен, 300метра е од еден до друг постоечки мост.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 16-Aug-2023 at 16:53
ФОТОВЕСТ: Што се работи на мостот „Обединети нации“?







https://www.vecer.press/фотовест-што-се-работи-на-мостот-обе/
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 874
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 17-Aug-2023 at 00:25
Очигледно ништо

Само зијан прават овие "медиуми" кои имаат наслови кои содржат прашалници, капс лок, извичници..
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 25262728>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.