build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 767778
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1541 Posted: 20-Oct-2020 at 06:46
ДАЛИ ЌЕ СЕ ВОСПОСТАВИ РЕД ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ?КАРАЏОСКИ ПРЕДЛАГА ДА ИМА КОНДУКТЕР ВО СЕКОЈ АВТОБУС



https://tv21.tv/mk/dali-ke-se-vospostavi-red-vo-javniot-prevoz-karadhoski-predlaga-da-ima-kondukter-vo-sekoj-avtobus/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1542 Posted: 21-Oct-2020 at 12:02
Приходите во слободен пад: ЈСП и приватните превозници возат на сметка на градскиот буџет (инфографик)



https://www.facebook.com/meta.mk.mk
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1078
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1543 Posted: 21-Oct-2020 at 18:51
А што направи најнеспособното претпријатие за патниците? Дали овозможи тие да се возат на нормален начин? Дали овозможи редовен возен ред?

Најпрвин, за време на најтешкиот период од пандемијата („прв бран“) возеа двосменски, со што по неколку часа во денот не ни имаше автобус.

После тоа возеа како за викенди, па луѓе се тискаа(т) во автобусите, па уште излегуваат со изјави дека нивниот систем не видел гужва.

ЈСП се едно идиотско претпријатие, па така јас целосно си се префрлив на точак, а во ова време и со електричниве тротинети, луѓево нека си бараат чаре и нека си се снајдат, само нека не влегуваат во ЈСП.

Идиотско претпријтие, идиотска градска власт, па сега уште да ги жалиме што биле во загуба и тоа со тон, како ние граѓаните сме виновни што не се возиме.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2387
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1544 Posted: 21-Oct-2020 at 22:15
Зошто не воведат регистрација за патување со автобус? Секој кој сака да се вози да се регистрира кога, на која линија, на која станица планира да се качи и да се симне. Регистрацијата би морала да биде одобрена, а приоритет би имале оние кои патуваат од поважни причини (работа>прошетка) и немаат друг избор за патување. Некои регистрации би важеле и 1 или 3 месеци.

На тој начин би се избегнале гужвите и секој на кого му треба автобус ќе може безбедно да се вози. Казната за неносење маска во јавен превоз да се зголеми на 100 евра, од кои 80 би припаднале на превозникот.

Дали некој знае колку бил ефикасен (и применлив) системот на регистрација во Холандија? Друга и полесна алтернатива е да ги пуштат сите автобуси во сообраќај и воведат кондуктер во секој од нив; сите казни од неносење маска да одат кај ЈСП, како и сиот поврзан данок (купување карти, возила, делови, доход на вработените, имот итн.) плус субвенции од Влада. Јес да ЈСП е лошо водено со децении, јес да има огромен пад во приходите и голем дел од автобусите голем дел од времето се празни, ама не може да кратат автобуси на цена на здравје. Којзнае како ќе беше да ги отвореа школите.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1545 Posted: 09-Nov-2020 at 18:08
1, 5 милиони денари за автобуски потстаници – транспортот го нема никаде, Арифи: Автобусите ќе стигнат за нова година



https://mk.tv21.tv/1-5-milioni-denari-za-avtobuski-potstanitsi-transportot-go-nema-nikade-arifi-avtobusite-ke-stignat-za-nova-godina/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1546 Posted: 11-Nov-2020 at 13:01
ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НАД 2 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

СП „Скопје“ доби над 2 милиони евра од Владата за покривање на загубите во работењето поради намалениот број на патници за време на пандемијата на ковид-19.

На вчерашната владина седница беше донесена одлука за одобрување средства во висна од 135 милиони денари од државниот буџет за 2020 година, како неповратна финансиска помош за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со коронавирусот во работењето на јавното сообраќајно претпријатие.

Од почетокот на пандемијата до сега за 62,5 отсто е намален бројот на патници во јавниот превоз во Скопје. Од март до септември во автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници се возеле 12.064.455 патници, а истиот период лани бројот бил 32.148.854. Поради намалениот број на патници загубата на претпријатието досега е околу 4 милиони евра.

Според бројот на валидации во месец март со јавен превоз се возеле 2.731.699 патници, а истиот месец во 2019 бројот бил 5.685.383. Најголем пад на бројот на патници има во април годинава и тоа за 88.5 отсто односно лани во април се автобус се возеле 5.237.154 патници, а годинава само 597.374. Големо намалување на бројот на патници има и во месеците мај, јуни, јули и август. Во септември во спроредба со другите месеци, најголем е бројот на граѓани кои користеле јавен превоз, но и таа бројка е за околу 50 отсто помала во споредба со истиот период лани.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vladata-mu-dade-nad-2-milioni-evra-na-jsp-skopje-za-pokrivane-na-zagubite-poradi-koronavirusot/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7441
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1547 Posted: 11-Nov-2020 at 20:15

што би рекле на трвитер, монти пајтон чоече... или В у к о ј е б и н а ...сеедно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1548 Posted: 06-Dec-2020 at 14:37
Потпишан договорот за градски автобуси за Тетово, се очекува да пристигнат за шест недели

Договор за набавка на пет автобуси кои ќе се користат за јавен превоз на граѓаните во општина Тетово е потпишан вчера, а, според договорот, автобусите треба да пристигнат во Тетово во рок од шест недели. Како добавувач е избрана компанијата „АутоМакедонија“ со седиште во Скопје, пишува Порталб.мк.

Една недела откако Министерството за финансии го одобри барањето на Општина Тетово за набавка на автобуси за јавен превоз, општинските власти во Тетово склучија договор со компанијата „АутоМакедонија“.

„Денес е потпишан договор со најповолниот понудувач избран во постапката за набавка. Според договорот, од денес тече крајниот рок од шест недели во кој економскиот оператор е должен да донесе 5 автобуси“, истакнаа од Општина Тетово.

Порталб.мк дознава дека автобусите кои чинеле вкупно 44 милиони денари се од моделот Isuzu CitiPort и изгледаат вака:



Неколку постојки се наоѓаат во најпрометните делови на градот, почнувајќи од влезот на градот, центарот (Основниот суд) до универзитетската улица.
Ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката Теута Арифи го даде во првиот мандат во Програмата за локални избори од 2013 година „Градиме заедно“, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година. Ова ветување на Арифи не е исполнето.

Од друга страна, Општина Тетово во септември годинава по втор пат го основа јавното сообраќајно претпријатие „Тетово Транспорт“, бидејќи првиот пат не беше ставено во функција, и поради законските рокови за функционирање автоматски престана да работи. На а последниот состанок на Советот на општината беше изгласан статутот на актуелното претпријатие.

https://meta.mk/potpishan-dogovorot-za-gradski-avtobusi-za-tetovo-se-ochekuva-da-pristignat-za-shest-nedeli/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1549 Posted: 20-Dec-2020 at 12:03
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4882
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1550 Posted: 20-Dec-2020 at 12:36
Сега уште да си купат камиони (како што имаа до пред 20 години) и да се престане со ненормалните тендери кои успеаја од обични голтари да направат олигарси во Битола.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1551 Posted: 20-Dec-2020 at 14:38
Скопскиот јавен превоз со преполовен број патници, да се мисли како да се врати довербата по ковид-19 [инфографик]



Ковид-19 пандемијата го преполови бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз. Во периодот јануари-септември 2020 година, со автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници се превезени 16,1 милиони патници, што е за 15.434.000 патници помалку во однос на идентичниот период лани, се вели во Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП-Скопје во периодот јануари-септември 2020 година. Опаѓањето на бројот на патници за 49 отсто кај скопскиот јавен превоз ги загрижи и експертите и граѓанските активисти.

Спроведената онлајн анкета на 1.615 испитаници од „НаТочак“ и „Одржливи иницијативи“ во текот на ноември 2020 година покажа дека од сите 462 испитаници што промениле превоз, мнозински 61,9 отсто тоа го направиле како страв од зараза. Притоа, граѓаните кои го промениле превозното средство, најчесто се одлучиле да користат велосипед (33,77 отсто), сопствен автомобил (24,98 отсто) и пешачење (23,59 отсто).

„Многу (90 отсто) од оние кои споделениот автомобилски или јавниот превоз го замениле со сопствен автомобил, го направиле тоа поради страв од зараза. Може да се очекува дека овие лица ќе продолжат со новостекнатите транспортни навики и после кризата, а тоа долгорочно значи повеќе моторни возила на улиците на Скопје, односно поголеми сообраќајни гужви, повеќе емисии на јаглерод диоксид, зголемено негативно влијание кон климата, повеќе загаденост, и сите проблеми кои следуваат со овој тренд“, велат од „НаТочак“ во однос на спроведената анкета.

Професорот по јавен градски патнички превоз Никола Крстаноски од Техничкиот факултет во Битола вели дека токму јавниот превоз е еден од секторите кои се најтешко погодени од корона вирусот насекаде низ светот, со намалување на бројот на патници во распон од 50 до 90 отсто. Па така, јавниот превоз во Лион забележал намалување на бројот на превезени патници од 92 отсто, додека во Лондон оваа бројка годинава била помала за 90 отсто, вели Крстаноски. Градскиот превоз ја доживува истата судбина во Скопје како и во другите градови, но и тој смета дека од сега треба да се обмислат мерки што ќе ги стимулираат граѓаните да ја вратат довербата кон јавниот превоз по корона кризата.

Професорот Крстаноски напоменува дека треба да се работи на зголемување на квалитетот на услугата на градскиот превоз, која ќе биде проследена со политика за обесхрабрување на користењето автомобил.

„Главен недостаток кој треба да се реши и важен чекор кон подобрувањето на јавниот градски превоз во Скопје е воведување на нов, брз, високо капацитативен превоз (БРТ, ЛРТ, па да се размислува и за метро систем). Воведувањето на нов брз вид на градски превоз, повлекува и целосна реорганизација на мрежата на линии, што денес исто така е една од слабостите на јавниот градски превоз во Скопје, бидејќи постојната мрежа треба подобро да се прилагоди на урбаниот развој на градот и потребите за движење на граѓаните“, вели професорот Никола Крстаноски за „Мета.мк“.

Со овие мерки, заедно со веќе направениот напредок со примена на АВЛ системот и информациите за патниците од јавниот превоз во реално време, примената на наплата со интелегентни картички и најавата за купување на нови возила, тој очекува не само да се вратат патниците од пред пандемијата, туку и значајно да се зголеми бројот на патници во јавниот градски превоз во Скопје.

Од „НаТочак“ и „Одржливи иницијативи“ пак во заклучокот од анкетното истражување велат дека локалните и државните власти мора итно да делуваат и да го искористат намалениот моторен сообраќај во корона-кризата за похрабри мерки во јавниот простор. Корона-кризата е одлична можност да се воведат нови велосипедски ленти, да се ослободат тротоарите и да се донесат политики за јавниот простор кои ќе овозможат зголемено учество на велосипедот, за сите учесници во сообраќајот, без разлика на нивниот префериран начин на движење.

Статистичките податоци и пред корона кризата покажуваат дека во Скопје постоел тренд на намалување на користењето на јавниот превоз во период од минимум шест години наназад. Колку за потсетување, градските и приградските линии во 2014 година ги ползувале 57,2 милиони патници годишно, а постојните очекувања се дека до крајот на годинава скопскиот јавен превоз ќе превезе само околу 20 милиони патници на годишно ниво. За сметка на ова, бројот на регистрирани автомобили во главниот град низ годините расте.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 711
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1552 Posted: 20-Dec-2020 at 22:15
Originally posted by гитардемон

Сега уште да си купат камиони (како што имаа до пред 20 години) и да се престане со ненормалните тендери кои успеаја од обични голтари да направат олигарси во Битола.

Тешко, тоа е убав начина на индиректно партиско финансирање. И за тие претходно, и за овие.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1139
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1553 Posted: 29-Dec-2020 at 21:01
После откажување на линијата кон Струга, од 01.01.2021 Галеб Охрид ги укинуваТ и локалмите линии кон Трпејца/Свети Наум и с.Лакочереј.
После линиите кон селата во Дебарца и овие од локалните кои ги возат останаа уште Пештани (делумно) и Косел (заеднички со друг превозник - со Бале Турс) и Велгошти.

Дивите превозници веќе водат со голема разлика, со поддршка од Ковид 19.

Edited by Тркало - 29-Dec-2020 at 21:02
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8216
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1554 Posted: 06-Jan-2021 at 14:04
Порталб: За 9 дена Тетово треба да има пет градски автобуси, aко не ги донесат ќе има казни

Остануваат девет дена од крајниот рок кога петте автобуси за јавен превоз треба да пристигнат во Тетово. Претседателот на Советот на општината, Беким Мемети, за „Порталб.мк“ изјави дека автобусите ќе пристигнат на време бидејќи во спротивно, ќе има казни за соодветната компанија.

„Рокот од датумот на потпишување на договорот до датумот на испорака на автобусите е шест недели, тие сè уште не поминале, но верувам дека компанијата што го доби тендерот ќе ги донесе на време затоа што ако не ги донесе тогаш има казна”, рече Мемети.

Според претседателот на советот, цената за патување ќе биде 20 денари. Сепак, ова не е официјално бидејќи документот со нови цени треба да го изгласа општинскиот совет, по предлог на ЈП „Тетово Транспорт“, каде директор е Фејсал Беадини.

Беадини за „Порталб.мк“ потврди дека ценовникот е подготвен, сепак, тој не може да биде објавен, бидејќи сè уште не е официјализиран, односно не е изгласан пред општинскиот совет.

Потсетуваме, на 4 декември беше потпишан договор помеѓу општина Тетово и компанијата „Аутомакедонија“ за набавка на пет автобуси кои ќе се користат за јавен превоз. „Порталб.мк“ дознава дека овие автобуси кои чинеле вкупно 44 милиони денари се од моделот „Isuzu Citiport“.

Неколку автобуски постројки се наоѓаат во најпрометните делови на градот, почнувајќи од влезот на градот, центарот (Основниот суд) до универзитетската улица.

Ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде во првиот мандат во Програмата за локални избори од 2013 година „Градиме заедно“, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година. Ова ветување на Арифи не е исполнето.

Од друга страна, Општина Тетово во септември годинава по втор пат го основа јавното сообраќајно претпријатие „Тетово Транспорт“, бидејќи првото не беше ставено во функција и поради законски рокови за функционирање, истото автоматски престана да работи, а на последниот состанок на Советот на општината беше изгласан статут.

https://meta.mk/portalb-za-9-dena-tetovo-treba-da-ima-pet-gradski-avtobusi-ako-ne-gi-donesat-kje-ima-kazni/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1555 Posted: 13-Jan-2021 at 22:33

Малку статистика за Скопје

Three companies currently operate buses on all routes in the City:



- JSP - a public transport operator wholly owned by the City, which provides 73 per cent of urban transport services (42 urban bus routes) and 71 per cent of suburban bus routes (49 bus routes). JSP currently has only an agreement on the provision of subsidies.

The bus fleet inventory is composed of 401 bus of which 319 are operational. The average age of the fleet is 15 years but over 20 per cent is older than 27 years.



- Mak Express and Sloboda Prevoz – two associations of several private operators running on urban and suburban line networks, which provide the remaining 27 per cent of urban transport services (7 routes) and 29 per cent of suburban bus routes (9 bus routes).

Mak Express operates on 5 lines with 41 vehicles and Sloboda Prevoz covering 11 lines on which it runs 71 vehicles. The activities of those two private operators are regulated by 5-year contracts with the City (based on number of kilometers ridden with no specific service quality requirement) signed in 2015.

https://www.ebrd.com/work-with-us/projects/psd/51752.html

Edited by Cloverstack - 13-Jan-2021 at 22:34
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #1556 Posted: Yesterday at 21:10
Како е можно просечната старост на ЈСП да е повеќе од 15 години. Па нели 300 беа кинеските, 80тина украински и плус новите манови. Најстари се украинските и се од ~2010. Толку ли многу има оперативни постари автобуси што го паѓаат просекот?
112 вкупно автобуси од приватните превозници, или 20тина проценти од вкупната флота на јавниот транспорт (овие сигурно имаат просечна старост поголема од ЈСП). Која е реалната потреба од нив? Не е ли подобро ЈСП да е монопол?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1557 Posted: Yesterday at 21:36

Бројот на кинески е 200.

Повеќе пати ја менуваа бројката што ќе се нарачувала, мислам почнаа од 50, па најавите едно време отидоа до 300, ама на крај се набавија 200 (+2 панорамски).
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 767778

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.608 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.